КАФЕ ПАУЗА

Tag: филмови

  • Најстрашните ликови од големото платно

    Најстрашните ликови од големото платно

    Ако обожавате да гледате хорори, сигурно имате омилен лик кој влева страв во коски. На списокот на најстрашни ликови се најдоа луѓе, но и животни како Годзила, Т-рекс, големата бела ајкула…rn

    Годзила

    rnОва суштество беше предизвикано од луѓето со помош на атомска бомба, па така радиоактивниот диносаурус се упати кон Јапонија. Но, Годзила имаше и добри карактеристики. Го спасуваше светот не само од лошите Земјани, туку и од вонземјаните. Овој лик за првпат се појави на филмското платно како Гојира во 1954 година, кога на островот Бикини биле вршени атомски експерименти.rnrnНајстрашните ликови од големото платноrn

    Големата бела ајкула

    rnГолемата бела ајкула е вистински ѕвер кој живее во океанот и јаде човечко месо. За првпат се појавила во филм на Стивен Спилберг од 1975 година. Највпечатлива е сцената во која ајкулата напаѓа и јаде една девојка, што предизвикува страв и паника во малото гратче кое егзистира од туризам. За жал, телевизиите одамна не го емитуваат овој филмски серијал.rnrnНајстрашните ликови од големото платноrn

    Кинг Конг

    rnИако денес изгледа сосема нормално, па дури и по малку смешно, ликот на Кинг Конг претставувал олицетворение на страв пред 80 години. Кинг Конг се прослави најмногу благодарение на трагичниот крај и безвремената приказна и така стана лик од книгите, стриповите, театарот и видеоигрите.rnrnНајстрашните ликови од големото платноrn

    Т-рекс

    rnТираносаурусот Рекс е всушност диносаурус месојадец од праисторијата. Овој лик со огромна глава и остри заби е производ на генетскиот и компјутерскиот инженеринг во филмот „Паркот Јура“ на Стивен Спилберг од 1993 година.rnrnНајстрашните ликови од големото платноrn

    Врколак

    rnВрколаците со генерации наназад предизвикуваат страв, посебно за време на полната месечина. Истовремено, ја зголемуваат и продажбата на сребрениот куршум, како единствено оружје кое е појако од овие суштества. Првиот филм во кој врколакот бил главен лик се појавил во 1941 година. Тоа бил филмот „Човекот волк“.rnrnНајстрашните ликови од големото платноrn

    Франкенштајн

    rnПрвото претставување на Франкенштајн се случило во 1931 година, во истоимениот црно-бел филм. Ликот на Франкенштајн е создаден од Мери Шели во романот „Франкенштајн или модерниот Прометеј“ од 1818 година. Со тоа, Шели се смета за основач на жанрот научна фантастика.rnrnНајстрашните ликови од големото платноrn

    Ханибал Лектор

    rnИако Ханибал Лектор е сериски убиец и канибал, тој истовремено е и брилијантен психијатар. Не може да не се спомене неговото легендарно појавување во 1991 година во филмот „Кога јагнињата ќе стивнат“, каде што покрај Ентони Хопкинс, и Џоди Фостер се претстави во одлично издание.rnrnНајстрашните ликови од големото платноrn

    Фреди Кругер

    rnМногумина го сметаат Фреди Кругер за погрда варијанта на Едвард со рацете-ножици, која демнее како ноќна мора. Помеѓу омилените жртви на овој лик се тинејџерите од предградијата кои ги убива на спиење. Фреди за првпат се појави во 1984 година во филмот „Кошмар на улицата на брестовите“.rnrnНајстрашните ликови од големото платноrn

    Мајкл Маерс

    rnНе може да се замисли Ноќ на вештерките без Мајкл Маерс. Тој е 10-годишно ментално нестабилно и молчаливо дете кое ќе биде сместено во лудница откако ќе изврши семеен масакр, од кој ќе се извлече само неговата помала сестра. Во лудницата ќе започне да изработува маски за Ноќта на вештерките кои нема да сака да ги тргне од лицето. Мајкл Маерс за првпат се појави во филмот на Џон Карпентер, „Ноќ на вештерките“, во 1978 година.rnrnНајстрашните ликови од големото платноrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Интересни факти за филмовите

    Интересни факти за филмовите

    Дали знаевте зошто сериите уште се нарекуваат „сапуници“ и кој е најгледаниот сериски филм? Интересни факти за филмовитеrn

      rn011

    • Во оригиналната верзија, чевличката на Пепелашка не била направена од стакло, туку од крзно.
    • rn011

    • Мапет шоуто било забрането во Саудиска Арабија затоа што еден од ликовите бил свиња.
    • rn011

    • Во серијата „Симпсонови“, Хомер, Марџ, Лиса и Маги ги добиле имињата според мајката, таткото и двете сестри на творецот на оваа серија.
    • rn011

    • Душко Долгоушко за првпат се појавил во 1935 година. Тогаш се викал Среќниот Зајак.
    • rn

    rnИнтересни факти за филмовитеrn

      rn011

    • Дизниленд за првпат бил отворен во 1955 година.
    • rn011

    • Во периодот помеѓу 1931 и 1969 година, Волт Дизни освоил 35 Оскари.
    • rn011

    • Првиот долгометражен цртан филм кој излегол од студиото на Дизни бил „Снежана и седумте џуџиња“ (1937 година).
    • rn011

    • Мики Маус во Италија е познат како Тополино.
    • rn

    rnИнтересни факти за филмовитеrn

      rn011

    • Бендот „Дјуран Дјуран“ го добил своето име според астронаутот во филмот на Џејн Фонда од 1968 година, „Барбарела“.
    • rn011

    • Песната „Среќен роденден“ била првата песна изведена во вселената од страна на екипажот на Аполо 9, на 8 март 1969 година.
    • rn011

    • Мајката на актерката Мелани Грифит, Типи Хендрен, се прослави играјќи ја главната улога во филмот на Алфред Хичкок, „Птици“.
    • rn011

    • Во филмот на Хичкок, „Психо“, наместо крв бил користен чоколаден сируп. Фамозната сцена со тушот трае 45 секунди, а била снимана 7 дена.
    • rn011

    • Најчестата историска личност портретирана во филмовите е ликот на Наполеон Бонапарта, за кој се снимени 194 филма. По него следуваат Исус Христос со 152 и Абрахам Линколн со 137 филма.
    • rn011

    • Најдолгиот говор за доделувањето на Оскарите траел 5 минути и 30 секунди. Го држел Грир Гарсон за филмот од 1942 „Госпоѓа Минивер“.
    • rn011

    • Првата холивудска актерка која добила 1 милион долари за една слика била Елизабет Тејлор за сликата на Клеопатра.
    • rn

    rnИнтересни факти за филмовитеrn

      rn011

    • Сериите познати како „сапунски опери“ или „сапуници“ биле наречени така затоа што биле наменети за рекламирање сапун во вид на прашок.
    • rn011

    • Најпопуларната телевизиска серија е „Чувари на плажата“.
    • rn011

    • Првобитно, Кортни Кокс била предвидена да го глуми ликот на Рејчел во серијата „Пријатели“, но откако го прочитала сценариото, таа сама побарала да ја глуми Моника.
    • rn011

    • Освен „Пријатели“, други можни наслови за оваа серија биле „Пријатели како нас“, „Шест како еден“ и „Преку ходникот“.
    • rn011

    • Пред да започне снимањето на „Пријатели“, било предвидено централниот настан да биде љубовта меѓу Џои и Моника.
    • rn011

    • Гантер, келнерот од кафулето Central Perk, немал име сè до средината на втората сезона.
    • rn011

    • Најавната шпица во која актерите танцуваат во фонтаната била снимена во 4 часот наутро.
    • rn011

    • Последната епизода на „Пријатели“ била снимена на 6 мај 2004 година.
    • rn

    rnИнтересни факти за филмовитеrn

      rn011

    • Првиот филмски бакнеж се случил помеѓу Меј Ирвин и Џон Ројс во 1896 година, во филмот „Вдовицата Џоунс“.
    • rn011

    • Кинг Конг“ е единствениот филм кој добил продолжение истата година (1933), кога првпат се нашол на репертоарот на светските кино-сали. Продолжението на „Кинг Конг“ се вика „Синот на Конг“.
    • rn011

    • Филмот „Убава жена“ е снимен според операта „Травијата“ во која проститутка се вљубува во богат човек.
    • rn011

    • Во филмот „Убиј го Бил“, Ума Турман носи жолт костум ист како оној на Брус Ли во филмот „Игра на смртта“.
    • rn011

    • За потребите на „Убиј го Бил“ биле потрошени 65.000 долари за мечеви.
    • rn011

    • Сценариото на овој филм било пишувано 6 години, пред да биде поделено на два дела.
    • rn

    rnИнтересни факти за филмовите
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Филмови во кои можете да уживате овој продолжен викенд

    Филмови во кои можете да уживате овој продолжен викенд

    Доколку не заминувате некаде за овој продолжен викенд, тогаш сигурно оваа куса листа со интересни филмчиња одлично ќе ви дојде. За секого по нешто, филмови кои се за сечиј вкус и кои можат да се гледаат во поголемо друштво. Па така, спремете огромна количина пуканки и опуштете се со овие интересни приказни.Филмови во кои можете да уживате овој продолжен викендrn

    Човек на работ (Man on a Ledge)

    rnФилмови во кои можете да уживате овој продолжен викендГодина: 2012rnrnАктери: Сем Ворингтон, Елизабет Бенкс, Џејми Бел…rnrnЖанр: трилер, криминалистикаrnrnНаша оценка: 7rnrnКратка приказна: Поранешен полицаец се заканува дека ќе рипне од еден хотел во Менхетен, бидејќи е лажно осуден за кражба која не ја извршил. Полицискиот психолог Лидија Мерсер е повикана да го разубеди да не го стори тоа, не знаејќи дека зад неговата закана за скок од високата зграда се развива уште една точно синхронизирана акција.rn

    rn
    rn

    Безбедно засолниште (Safe House)

    rnФилмови во кои можете да уживате овој продолжен викендГодина: 2012rnrnАктери: Дензел Вашингтон, Рајан Рејнолдс, Роберт Патрик…rnrnЖанр: акцијаrnrnНаша оценка: 8rnrnКратка приказна: На младиот агент на ЦИА, Мет Вестон, му е доделена задачата да го држи под надзор еден злосторник сместен во безбедно засолниште. Кога засолништето ќе биде нападнато, негова задача ќе биде да се погрижи „гостинот“ да остане жив и здрав.rn

    rn
    rn

    Кражба на кулата (Тower Heist)

    rnФилмови во кои можете да уживате овој продолжен викендГодина: 2011rnrnАктери: Еди Марфи, Бен Стилер, Кејси Афлек…rnrnЖанр: акција, комедија, кримиrnrnНаша оценка: 7rnrnКратка содржина: Кога една група од работници кои навистина добро си ја вршат својата работа, ќе дознае дека се жртви на измамите на нивниот богат работодавец, бизнисменот Понѕи, тие прават план како да ја ограбат неговата висока резиденција. Навистина интересна приказна.rn

    rn
    rn

    Ова значи војна (This means war)

    rnФилмови во кои можете да уживате овој продолжен викендГодина: 2012rnrnАктери: Рис Витерспун, Крис Пајн, Том ХардиrnrnЖанр: акција, комедија, романсаrnrnНаша оценка: 8rnrnКратка содржина: Два агенти на ЦИА, кои воедно се најдобри пријатели се наоѓаат во незгодна ситуација, откако ќе дознаат дека излегуваат со иста девојка, која им се допаѓа и на обајцата. Тие се сложуваат дека ќе ја остават таа да одлучи со кого ќе остане, но „тајно“  да си ги саботираат романтичните состаноци еден на друг. Супер филмче кое ќе ве насмее.rn


    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Работи од детството кои никогаш нема да се заборават

    Работи од детството кои никогаш нема да се заборават

    Детството е период во кој живееме безгрижно и слободно. Време во кое сме искрени, нема лаги и интриги и со останатите деца имаме искрен однос. Како растеме, така добиваме слика за реалноста која нè менува и на која секогаш се прилагодуваме.rnrnСепак детството е период кој никогаш не се заборава и на кој вечно се навраќаме, сеќавајќи се на сите работи кои сме ги правеле тогаш. Ова се еден мал дел од работите кои сигурно ги паметат оние кои биле деца во 80-тите и 90-тите, а доколку е така, тогаш сигурно имале убаво детство.rnrn

    Работи од детството кои никогаш нема да се заборават
    Албуми со самолепливи сликички
    rnrn
    Работи од детството кои никогаш нема да се заборават
    Детска пошта
    rnrn
    Работи од детството кои никогаш нема да се заборават
    Одлични детски филмови (Сам дома, Бетовен, Ричи Рич)
    rnrn
    Работи од детството кои никогаш нема да се заборават
    Забавни сериски филмови
    rnrn
    Работи од детството кои никогаш нема да се заборават
    Интересни цртани филмови
    rnrn
    Работи од детството кои никогаш нема да се заборават
    Култни видеоигри
    rnrn
    Работи од детството кои никогаш нема да се заборават
    Џамлии
    rnrn
    Работи од детството кои никогаш нема да се заборават
    Тетрис
    rnrn
    Работи од детството кои никогаш нема да се заборават
    Не лути се човече
    rnrn
    Работи од детството кои никогаш нема да се заборават
    Првата конзола Нинтендо (Nintendo Entertainment System)
    rnrn
    Работи од детството кои никогаш нема да се заборават
    Чипи-чан
    rnrn
    Работи од детството кои никогаш нема да се заборават
    Пластични зелени војничиња
    rnrn
    Работи од детството кои никогаш нема да се заборават
    Аудио касети
    rnrn
    Работи од детството кои никогаш нема да се заборават
    Патики што светкаат
    rnrn
    Работи од детството кои никогаш нема да се заборават
    Карти Меџик и Покемон
    rnrn
    Работи од детството кои никогаш нема да се заборават
    Маички „Bad+Mad“
    rnrn
    Работи од детството кои никогаш нема да се заборават
    Циркусот Медрано
    rnrn
    Работи од детството кои никогаш нема да се заборават
    Крадење од црешата на комшијата
    rnrn
    Работи од детството кои никогаш нема да се заборават
    Бонбони Пез
    rnrn
    Работи од детството кои никогаш нема да се заборават
    Играње Плочка
    rnrn
    Работи од детството кои никогаш нема да се заборават
    Кофичка, гребло, сито и лопатка за на плажа
    rnrn
    Работи од детството кои никогаш нема да се заборават
    Виткање на книгите во украсна хартија на почеток на школската година
    rnrn
    Работи од детството кои никогаш нема да се заборават
    Дување балони од сјај

  • Клише филмски постери

    Клише филмски постери

    Кирби Фергусон има снимено неколку кратки документарци под наслов „Everything is a remix“ (Сè е ремикс), во кои тој објаснува дека секоја новосоздадена работа е под силно влијание на некоја претходно создадена. Нема потреба тоа многу да се истражува, бидејќи доволно е да ги погледнеме само официјалните постери на светски познатите филмови.Клише филмски постериФранцускиот блогер Кристофер Куртис направил неколку монтажи од постери за филмови кои имаат иста или многу слична тематика.rnrn

    Клише филмски постери
    Човек свртен со грб
    rnrn
    Клише филмски постери
    Жена облечена во црвено
    rnrn
    Клише филмски постери
    Грб со грб
    rnrn
    Клише филмски постери
    Меѓу нозе
    rnrn
    Клише филмски постери
    Во постела
    rnrn
    Клише филмски постери
    Око
    rnrn
    Клише филмски постери
    Син постер со животни
    rnrn
    Клише филмски постери
    Црно-бел постер за акционен филм со црвено-жолт истакнат детаљ
    rnrn
    Клише филмски постери
    Трчање по улица
    rnrn
    Клише филмски постери
    Лице направено од други објекти и слики
    rnrn
    Клише филмски постери
    Правдата е слепа
    rnrn
    Клише филмски постери
    Доминантни големи букви пред човечко лице
    rnrn
    Клише филмски постери
    Големи лица над мали луѓе на плажа
    rnrn
    Клише филмски постери
    На клупа
    rnrn
    Клише филмски постери
    Рефлексија од очила

    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Кога почетокот би бил крај во филмовите…

    Кога почетокот би бил крај во филмовите…

    Сте се запрашале ли некогаш, како би изгледало кога би го свртеле дејството во филмот и од неговиот крај би направиле почеток? Кога би ги премотувале наназад, многу од филмовите би добиле среќни завршетоци. Еве неколку примери:rnrn1. Ако го гледате филмот „Ајкула“ од крајот кон почетокот, приказната е неверојатно позитивна. Голема бела ајкула спасува луѓе, фрлајќи ги од морските длабочини на површината на водата, сè додека не се отвори преубавата плажа полна со туристи.Кога почетокот би бил крај во филмовите...2. Кога почетокот и крајот би ги смениле своите места во „Лице со лузна“, тогаш режисерот би ви раскажал една необична приказна за скромен мафијаш. Во неа тој се откажува од кокаинот и од криминалот за да го следи сопствениот сон, а тоа е да стане човек кој мие садови и кој сака да заработи доволно пари за да ја посети Куба…Кога почетокот би бил крај во филмовите...3. Ако на овој начин го гледате „127 часа“, филмот ќе се претвори во тажна приказна со среќен крај. Хендикепиран човек, ќе најде рака во пустината, ќе ја прикачи и ќе ужива во убавините на Националниот парк во Јута…Кога почетокот би бил крај во филмовите...4. Во „Матрикс“, Нео се изморува од борбата и употребата на неговите супермоќи. Го ослободува сето кунг-фу знаење од неговиот мозок, по што ù се приклучува на матрицата и започнува нов живот како г-дин Андерсон.Кога почетокот би бил крај во филмовите...5. Ако наназад го гледате „Фајт клаб“, филмот зборува за човек кој од лудак во улична банда, се претвора во продуктивен член на општеството…Кога почетокот би бил крај во филмовите...6. Ако пак, од крајот кон почетокот го гледате „Рамбо“, ќе запознаете човек со необична исцелителна моќ. Тој наместо да ги убива, ги лечи луѓето со неговите магични куршуми.Кога почетокот би бил крај во филмовите...7. И трагедијата „Титаник“ се претвора во приказна со среќен крај. Станува збор за огромен брод кој се издигнува од длабочините на океанот, а чија цел е да спаси илјадници луѓе кои се дават во водата. Ги извлекува и ги враќа назад во Саутхемптон.Кога почетокот би бил крај во филмовите...8. „Годзила“ би била приказна за гигантски гуштер кој помага во реконструкцијата на уништен град, после која со популарниот „месечев од“ се враќа назад во океанот…Кога почетокот би бил крај во филмовите...9. „Карате кид“ е шампион во карате, кој се претвора во мирно и кревко момче, кое го задеваат во училиште и кое на крајот се враќа дома во Џерси.Кога почетокот би бил крај во филмовите...10. „Убава жена“ – тука би се изместиле моралните вредности. Ричард Гир од нормална жена ќе создаде проститутка… 🙂Кога почетокот би бил крај во филмовите...
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Чекирајте се на вашите омилени серии, филмови, книги…

    Чекирајте се на вашите омилени серии, филмови, книги…

    Автор: Александар Ниневскиrnrn„Гет Глу“ е социјална мрежа која ви овозможува да се чекирате на вашите омилени серии, филмови, книги, музика или едноставно да споделите на која тема размислувате во моментот. Како и кај сите останати социјални мрежи, на насловната страница ви се прикажуваат активностите од вашите пријатели. Од тука можете да се чекирате и да го споделите тоа и со вашите пријатели на Фејсбук и со вашите следачи на Твитер. Исто така постојат апликации за Андроид и Ајфон за полесно и побрзо чекирање.Чекирајте се на вашите омилени серии, филмови, книги...Она што ја издвојува оваа социјална мрежа од Фејсбук, Твитер, Форсквер и од другите на неа слични сервиси, е нејзината голема соработка со филмските и телевизиските студија. Преку овој сајт имате можност да добиете специјални попусти за купување дивидија, музички албуми или за што било друго од официјалните продавници наменети за обожавателите. Врз база на тоа што гледате и што сакате, апликацијата ви генерира предлози за нови серии или филмови кои би можеле да ви се допаднат.Чекирајте се на вашите омилени серии, филмови, книги...Можеби најзабавен момент се стикерите. Тие може да ги добиете на најразлични начини како кликнување лајк на одреден број серии, филмови…, чекирање на одредена серија или филм, чекирање во одредено време и слично. Доколку освоите одреден број стикери, тие ќе ви бидат испратени на домашна адреса.rnrnЕдна од предностите на оваа мрежа е тоа што можете да видите што мислат останатите фанови за серијата која моментално ја гледате и на која сте се чекирале. Можете да дискутирате со нив на пример за тоа дали ви се допаднала последната епизода или што мислите дека ќе се случи во наредната.rn


    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Луди 70-ти: каде се тие сега?

    Луди 70-ти: каде се тие сега?

    Автор: Моника ТрајковскаrnrnПодгответе се за флешбек од TВ-серијата „Луди 70-ти“. Поминаа 6 години откако го напуштивме подрумот на Форман и сега кога веќе се расчисти чадот кој мирисаше чудно, можеме да забележиме дека некои од глумците станаа големи ѕвезди.Луди 70ти - Каде се тие сега?rn

    Тофер Грејс (Ерик Форман)

    rnВистинското име на овој глумец било Кристофер, но бидејќи не сакал да го викаат Крис, го променил во Тофер. Тој во серијата „Луди 70-ти“ го глумеше тинејџерот Ерик кој никогаш не доаѓаше до израз. Тофер ја напушти последната сезона од ТВ-серијата за да се обиде да успее на големото платно и ја доби улогата на негативецот Веном во третиот дел од Спајдермен. Тој успеа во своите намери да стане филмска ѕвезда и стана дел од филмови како „П.С.“, „Предатори“ и „Одведи ме дома вечерва“.Луди 70ти - Каде се тие сега?rn

    Лаура Препон (Дона Пинчиоти)

    rnЛаура ја имаше улогата на Дона, најголемата машкуданка, која воедно му беше сосетка и девојка на Ерик. Веднаш по завршувањето на шоуто, таа ја доби главната улога во ТВ-серијата „Патот октомври“. Таа гостуваше и во неколку многу познати серии како „Касл“ и „Како ја запознав мајка ви“. На почетокот од оваа година Лаура конечно им се врати на своите корени со улогата на младата Челси Хендлер во серијата „Таму ли си Челси“.Луди 70ти - Каде се тие сега?rn

    Дени Мастерсон (Стивен Хајд)

    rnДени со својата „луда“ фризура и наочари типични за 70-те ја имаше улогата на саркастичниот Хајд, најдобриот пријател на Ерик. Денес тој е професионален диџеј, сопственик на голем број ресторани (од кои неколку дели со Кучер и Валдерама) и одржува славни покер-настани. Но и покрај сè, тој сепак наоѓа време и за глумење, појавувајќи се како гостин во „Надеж која расте“ и „Белиот ремен“. Ова лето, тој ќе ја има главната улога во комедијата „Мажи на работа“. Дури изгледа и како конечно да ја „скротил“ својата фризура.Луди 70ти - Каде се тие сега?rn

    Ештон Кучер (Мајкл Келсо)

    rnКога започна снимањето на шоуто, тој беше само непознат тин-модел. Кучер совршено ја долови улогата на симпатичниот и не баш интелигентен, Келсо. По завршувањето на серијата тој беше во брак со Деми Мур и има снимено неколку незаборавни филмови како „Што се случува во Вегас“ и „Убијци“. И кога сите помислија дека неговата кариера расте со неверојатна брзина, тој ја доби улогата во познатата серијата „Два и пол мажи“ како замена за Чарли Шин, која според многумина го врати неколку чекори наназад.Луди 70ти - Каде се тие сега?rn

    Мила Кунис (Џеки Буркхарт)

    rnЗа време на аудицијата за шоуто од 70-те, Мила лажела дека има 18 години само за да може да учествува. Таа ја добила улогата и неколку недели пред почетокот на снимањето признала дека има само 15 години, но тоа воопшто не влијаеше врз нејзиниот понатамошен успех. Мила брзо се прилагоди на улогата како доминантната девојка на Келсо, Џеки. По завршувањето на снимањето таа го позајмува својот глас во „Семејниот човек“, и потоа започнува да гради цврста филмска кариера со улогите во филмови како „Заборавајќи ја Сара Маршал“ и „Книгата на Илај“. Но, благодарение на улогата во „Црниот Лебед“ од 2010, конечно се забележа нејзиниот сериозен талент за глумење и денес таа е на листата на најталентирани актерки во светот.Луди 70ти - Каде се тие сега?rn

    Вилмер Валдерама (Фез)

    rnНеобичниот студент од странство, Фез (за кој ни ден денес не се знае од која држава потекнува), Вилмер постојано измамуваше насмевка кај публиката со добро познатите етнички стереотипи. Во еден период тој беше познат по врските со старлети како Линдзи Лохан и Деми Ловато, но овој месец се очекува голем успех од него, бидејќи игра улога како детектив во серијата „Буден“.Луди 70ти - Каде се тие сега?rn

    Куртвуд Смит (Реџиналд „Ред“ Форман)

    rnДа глуми улога на злобен лик, не беше ништо ново за Смит, кога ја прифати оваа на намуртениот татко на Ерик, Ред. Тој се проби со филмовите „Здружението на мртвите поети“ и „Робокап“, но улогата на Ред ја покажа комичната страна на овој глумец и оттогаш тој продолжува да работи со овој жанр во филмови како „Најлошата недела“. Исто така се појави во „Болница за деца“ и во комедијата за ЦИА „Хаос“.Луди 70ти - Каде се тие сега?rn

    Дебра Џо Руп (Кити Форман)

    rnСекогаш насмеаната Дебра беше во центарот на вниманието како слатката и секогаш загрижена мајка на Ерик, Кити. Нејзината природна разиграност помагаше при балансирање на сериозноста и строгоста на Ред. Дебра имаше уште една слична улога во серијата „Подобро со тебе“ која траеше само една сезона, но сите сме сигурни дека таа во брзо време повторно ќе се врати на ТВ екраните.Луди 70ти - Каде се тие сега?rn

    Дон Старк (Боб Пинциоти)

    rnДон како таткото на Дона, започна во шоуто заедно со неговата прекрасна жена, Миџ (Тања Робертс) покрај него. По завршувањето на снимањето, тој остана доследен на својата улога со неколку гостувања во серии како „Закон и ред: ЛА“ и „Мелиса и Џои“. Наредниов месец тој конечно ќе стане дел од големото платно во научно-фантастичната авантура „Џон Картер“.Луди 70ти - Каде се тие сега?rn

    Лиса Робин Кели (Лори Форман)

    rnПриказната за глумицата која ја имаше улогата на постарата промискуитетна сестра на Ерик, Лори е малку тажна. Таа беше отпуштена од шоуто поради злоупотреба на алкохол и дрога. Во 2005 година го има снимено единствениот свој краток филм наречен „Ланец на исхрана: страшна Холивудска приказна“. Во 2010 година таа е уапсена поради возење во алкохолизирана состојба и сè уште нема никаква најава дека повторно ќе се врати на глумата.Луди 70ти - Каде се тие сега?
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Интересни и смешни факти за „Оскарите“

    Интересни и смешни факти за „Оскарите“

    Во пресрет на доделувањето на „Оскарите“, прочитајте неколку интересни факти за статуетката…Интересни и смешни факти за „Оскарите“1. Златната статуетка всушност не е златна, туку е позлатена. Таа е изработена од 93% калај, 5% антимон и 2% бакар. За време на Втората светска војна, оскаровските статуетки биле правени од гипс, бидејќи тогаш тоа било најевтино решение.rnrn2. Статуетката е формално позната како „Оскар на заслуги“. Името го добила откако библиотекарката на Академијата за филмска уметност и науки, Маргарет Херик, изјавила дека многу ù личи на нејзиниот чичко Оскар. Претходно постоеле предлози таа да се нарекува „Железен човек“, „Статуетка на заслуги“ или „Златен трофеј“.rnrn3. Добитниците на Оскар не можат да заработат од статуетката. Пред да ја добијат тие мора да потпишат договор, според кој ако сакаат да ја продадат најпрво мора да ù ја понудат на Академијата по цена од еден долар. Целта е статуетките да не завршуваат во рацете на богатите приватни колекционери. Ако пак, победникот одбие да го потпише договорот, Академијата го задржува трофејот.rnrn4. Марлон Брандо ја одбил оваа награда, но не заради договорот, туку заради лошиот третман на Индијанците во филмската индустрија. Тој добил признание за најдобар актер за улогата во „Кум“, но воопшто не се појавил на доделувањето. Ја испратил Сашин Литлфедер облечена како Апачи, да им ја соопшти ваквата негова одлука и да им го каже образложението. Подоцна било откриено дека таа е всушност актерка од мексиканско потекло и дека се вика Марија Круз.rnrn5. Само три филмови во историјата на доделувањето на Оскарите го освоиле овој трофеј во петте главни категории. Тие се: „Тоа се случи една ноќ“ (It Happened One Night), „Лет над кукавичјото гнездо“ (One Flew Over the Cuckoo’s Nest) и „Кога јагнињата ќе стивнат“ (The Silence of the Lambs).rnrn6. Во 1939 година, Волт Дизни добил почесен Оскар за „Снежана и седумте џуџиња“. Еден класичен, со нормална големина и седум минијатурни статуетки.rnrn7. Единствениот добитник на статуетката, кој го носи нејзиното име е композиторот и текстописец Оскар Хамерштајн. Тој добил две признанија. Првото во 1941 година, за најдобра оригинална тема за песната „The Last Time I Saw Paris“ од филмот „Lady Be Good“ и второто во 1945 година, за „It Might as Well Be Spring“ во „State Fair“.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Топ 10 работи за коишто луѓето повеќе не плаќаат

    Топ 10 работи за коишто луѓето повеќе не плаќаат

    Интернетот е дел од нашите животи. Со негова помош доаѓа до раѓање и изумирање на многу нешта. Клучниот збор кој во последно време многу често се поврзува со интернетот е „бесплатно“. Па, како би можеле да се заработат пари од бесплатни работи? Останува на компаниите сами да си откријат начин (како на пример рекламирањето, кое е број еден во таа област), додека пак за останатите – еве неколку работи кои можат да се најдат на интернет бесплатно.rnrnТоп 10 работи за коишто луѓето повеќе не плаќаатrn

    1. Меѓуградски разговори

    rn„Да операторе, поврзете ме со Токио. Да, ги прифаќам трошоците.“ Овие зборови се поретко се случуваат по појавата на интернетот. Комуникацијата е бесплатна активност преку социјалните алатки како Ем-ес-ен, имејл, Фејсбук, Скајп… Скајп им дозволува на корисниците и да се јавуваат бесплатно преку услуга, за која исто така не се наплаќа, која дури и Си-ен-ен ја користи за разговор со новинари кои се јавуваат во живо од локацијата каде што снимаат. Покрај говорните повици овие социјални програми ни овозможуваат и видеоповици.rnrnТоп 10 работи за коишто луѓето повеќе не плаќаатrn

    2. Веб-адреси

    rnРечиси сите нови музички групи функционираат преку Мајспејс, бесплатно место на кое можат да се објават распоредите на турнеите, да се слушаат нивните песни и да се поврзат со обожавателите. Тоа е најекономичниот и најефективниот начин да се прошири нивната музика. Другиот начин на кој може многу брзо да се рашири бизнис од кој било вид се фан-страниците, групите и индивидуалните профили на Фејсбук. Нема подобар начин на поврзување со јавноста од оној кој самата таа го користи.rnrnТоп 10 работи за коишто луѓето повеќе не плаќаатrn

    3. Вести

    rnУште една индустрија која полека оди во надолна линија се весниците. Телевизијата им го зададе првиот удар, но интернетот дефинитивно моментално има најголема предност во овој „натпревар“. Зошто некој би платил да чита нешто до коешто би можело да се дојде бесплатно и во кое било време?rnrnТоп 10 работи за коишто луѓето повеќе не плаќаатrn

    4. Состаноци

    rnНаоѓањето девојка/момче за состанок е исто толку лесно колку и наоѓањето „жешко“ име на Фејсбук. Одењето на состанок е исто толку лесно колку и гледањето телевизија. Трудот и кавалерството не се одлика на помладите генерации. Денешните запознавања се базираат на разговор преку чет и разгледување на интересите на личноста на нејзиниот профил, додека пак излегувањата во ресторан или во кино се својствени само на оние кои се официјално во врска.rnrnТоп 10 работи за коишто луѓето повеќе не плаќаатrn

    5. Софтвер

    rnВиндоус, програми, игри – интернетот е главниот извор за бесплатна набавка на овие работи. Почнувајќи од Напстер и Казаа, па сè до најефективните торенти денес, се појавуваа различни програми и игри за кои на луѓето едноставно не им се даваат пари. И покрај секојдневните адаптирања на комапаниите, сепак хакерите наоѓаат начин да ги заобиколат нивните надградби.rnrnТоп 10 работи за коишто луѓето повеќе не плаќаатrn

    6. Општи информации

    rnСе сеќавате ли на времето кога онлајн енциклопедиите како Енкарта дозволуваа бесплатно читање само на воведот од статијата? За целосен влез беше потребно плаќање на месечна членарина исто како и во библиотеките, каде што се плаќаше за изнајмување на секоја книга. Денес доволно е да го напишеме она што нè интересира во некој онлајн-пребарувач и пред нас ќе се појават илјадници сајтови кои дозволуваат бесплатно прегледување и користење на нивните содржини.rnrnТоп 10 работи за коишто луѓето повеќе не плаќаатrn

    7. Забава за возрасни

    rnНикој повеќе не крие списанија за возрасни во нивните фиоки за чорапи, ниту пак некој оди во дивидитека со ранец и темни наочари за да изнајми филм за возрасна публика. Целосни филмови со добар квалитет кои можат бесплатно да се гледаат се широко распространети на интернет и се одалечени на само едно Гугл-пребарување од нас.rnrnТоп 10 работи за коишто луѓето повеќе не плаќаатrn

    8. Телевизиски емисии и серии

    rnНекои едвај легални веб-сајтови (најчесто преку Mегавидео) овозможуваат која било телевизиска емисија или серија да се гледа веднаш по нејзиното емитување и без реклами (секако и без потребата да се плати сметката за услугите на ТВ операторите). За да се адаптираат на овие услови, некои ТВ оператори им дозволуваат на своите корисници пропуштените епизоди да ги гледаат онлајн, без да наплаќаат за тоа.rnrnТоп 10 работи за коишто луѓето повеќе не плаќаатrn

    9. Филмови

    rnМногу веб-сајтови дозволуваат бесплатно онлајн-гледање или симнување филмови со многу добар квалитет. Со поврзување на телевизорот на интернет, на само неколку минути од нас се сите досега снимени филмови со вклучен превод на јазик по наш избор. Секако, дома имаме и поголема удобност отколку во кино салите.rnrnТоп 10 работи за коишто луѓето повеќе не плаќаатrn

    10. Музика

    rnНајголемо влијание интернетот има врз музичката индустрија. Музичката пиратерија постои повеќе од една декада и со помош на торентите, таа е еден вид невидлив криминал, но имајќи предвид колку е лесно да се „украде“ музика, кој би платил за неа? Дури, Јутјуб на пример, во соработка со Ријл плеер ни овозможува и бесплатно симнување на видео спотовите на песните.rnrnТоп 10 работи за коишто луѓето повеќе не плаќаат
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.