КАФЕ ПАУЗА

Tag: феномен

  • 7 неверојатни природни феномени

    7 неверојатни природни феномени

    Природата ни дава единствени пејзажи кои се уживање за нашите сетила, но понекогаш знае да нè изненади со чудни феномени кои не можат целосно да се објаснат. Некои од нив имаат научна основа, но други се тотално мистериозни. Тоа ја прави самата природа толку уникатна и прекрасна. Ние ги издвоивме 7-те најневеројатни феномени кои се случуваат низ светот.rnrn7 неверојатни природни феномениrn

    1. Вечната бура во Венецуела

    rnМистериозната молња Кататумбо е уникатен природен феномен во светот. Се наоѓа на устието на реката Какатумбо и езерото Маракаибо. Овој феномен се состои од големи облаци од молња кои формираат голем електричен лак висок 5 километри. Ова се случува да трае 140-160 ноќи во една година, 10 часа во една ноќ и да удираат громови по 280 пати во еден час.rnrnОваа, скоро постојана бура, се случува врз мочуриштето на реката каде таа се слива во езерото и испарува. Се смета дека овој дел е најголем генератор на озон судејќи по атмосферското празнење и големата фреквенција. Оваа појава се користела и за навигација на бродовите векови наназад. Судирот на ветрови кои доаѓаат од Андите ги предизвикуваат молњите, а тоа е резултат на електричните празнења на јонизирачките гасови, посебно метан, кој потекнува од разградувањето на органските материи во мочуруштето.rnrnЛокалните еколози прават напори да го воведат овој регион под закрила на UNESCO, бидејќи сметаат дека оваа област може многу да помогне во заштита на озонската обвивка.rnrn7 неверојатни природни феномениrn

    2.  Дожд од риби во Хондурас

    rnОваа интересна појава се случува во малото гратче Јоро во периодот меѓу мај и јули. Сведоци на оваа појава се жителите на овој град каде според нив најпрво се создава голем, густ, црн облак проследен со громотевици и дожд кој трае 2-3 часа. По престанување на врнежите, огромен број риби се наоѓаат на земјата. Како стигнуваат таму сè уште не се знае точно. Луѓето си ги носат рибите дома и ги готват. Во таа чест, од 1998 година, се организира фестивал на дождот од риби кој е несомнено интересен да се посети.rnrn7 неверојатни природни феномениrn

    3. Козите на Мароко

    rnКози на дрвја се наоѓаат главно во Мароко. Тие се качуваат по нив за да им ги јадат плодовите на дрвјата Агран кои се слични на маслинките. Локалните фармери ги следат козите како се движат кон дрвјата, се качуваат по нив и ги јадат нивните плодови. Но, тие не ги следат козите само затоа што е невообичаено да се видат качени на дрво. Козите ги јадат само плодовите на овие дрвја додека семките ги плукаат бидејќи не можат да ги преработат. Па, тие семки потоа ги собираат фармерите бидејќи од нив се добива аграново масло кое се користи во кулинарството и козметиката.rnrnСобирањето на овие семиња се одвива векови наназад, но денес ова дрво полека изчезнува поради пречестата берба, како резултат на што генерациите не се обновуваат. Но, исто така проблем се и големиот број кози кои ги соголуваат дрвјата од нивните плодови. Многу организации прават напори да се зачува ова дрво и овој реон го прогласија за заштитена биосфера каде е забрането пасење на козите.rnrn7 неверојатни природни феномениrn

    4. Црвениот дожд во Керала, Индија

    rnОваа појава за првпат била забележана од 15 јули до 23 септември во индиската држава Керала. Поројните дождови кои паѓале имале црвена боја слична на крвта. Исто така биле забележани и жолти, зелени и црни дождови. Првично се мислело дека дождот бил обоен како резултат на распукување на метеор, но подоцна во истражувањата нарачани од владата на Индија, се утврдило дека дождовите биле обоени од спорите на некои копнени алги кои живеат во тоа подрачје.rnrnВо 2006 година, овие црвени дождови го свртеа вниманието на јавноста по откритието дека во нивната структура се наоѓаат вонземски клетки (истражување спроведено од Годфри Луис од универзитетот Махатма Ганди во Котајам). Сепак, на крајот, било утврдено дека тие честички се изотопи на јаглерод и азот.rnrn7 неверојатни природни феномениrn

    5. Најдолгиот морски бран во Бразил

    rnДва пати годишно, во текот на февруари и март, водата од реката Амазон се завива во Атлантскиот Океан со што се генерира најдолгиот бран. Тој се појавува на устието на реката и се нарекува „Pororoca“. Брановите се високи околу 3,6 метри и траат околу половина час. Името „Pororoca“ потекнува од јазикот на домородното население Tupi што значи „голема деструктивна бучава“. Овој бран може да се слушне 30 минути пред неговото појавување и кога ќе се судри со копното може да уништи дрвја, животни и локални населби.rnrnОваа појава е многу интересна за сурферите. Од 1990 година па навака се одржува „São Domingos do Capim“ – шампионат во сурфање. На овие натпреварувања рекордот го има поставено бразилецот Пикурута Салазар. Тој сурфал 37 минути и поминал 12,5 километри. Сонот на секој сурфер е да јава бран што никогаш не завршува.rnrn7 неверојатни природни феномениrn

    6. Црното сонце во Данска

    rnВо текот на пролетта, на околу половина час пред зајдисонце, јата од милиони сколовранци се собираат во неверојатни формации и го покриваат целото небо. Овој феномен се нарекува Црно Сонце и може да се проследи во Западна Данска од март до април. Тој предел е дом на огромен број сколовранци кои мигрираат од југ.rnrn7 неверојатни природни феномениrn

    7. Огнено виножито

    rnАтмосферскиот феномен познат како „Пламенот на виножитото“, се појавува кога Сонцето е високо над небото т.е. повисоко од 58° од хоризонтот и неговата светлина поминува високо низ облаците кои имаат шестоаголна плоча од кристали. Сончевата светлина навлегува во вертикалната страна на кристалната плоча и се прекршува, расејувајќи се во убави и прекрасни бои. Кога кристалната плоча во облаците ќе се усогласи, се добива брилијантен спектар на бои кој потсетува на виножитото. Ова огнено виножито е фатено во северниот дел на Ајдахо, расположено на околу 100 метри квадратни на небото.rnrn7 неверојатни природни феномениrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Мостот на љубовта и љубовните катанци во Келн

    Мостот на љубовта и љубовните катанци во Келн

    Во градот Келн, Германија се наоѓа познатиот мост „Hohenzollernbruecke“, чија ограда е преплавена со илјадници катанци. Феноменот наречен „Љубовни катанци“, за кој многумина веруваат дека почнал од Италија, претставува нов вид вандализам за искажување љубов, преку кој младите заклучуваат катанец на оградата од мост, на порта или на друго јавно место, за тој да ја симболизира вечната љубов на парот. Нормално, на катанецот се напишани нивните две имиња.Мостот на љубовта и љубовните катанци во КелнСпоред неколку извори, вакви места на кои се прикачуваат катанци постојат подолго време, но нема точна информација од каде започнало сето ова. Во Европа, љубовните катанци започнаа да се појавуваат на почетокот на овој милениум. Најпрво тие се појавија во Рим, на мостот „Ponte Milvio“, но тоа е благодарение на книгата „I Want You“ од италијанскиот автор Федерико Моча, за кој потоа се направи и филмска адаптација.Мостот на љубовта и љубовните катанци во КелнПред некоја година, властите во Германија се заканиле дека ќе ги отстранат катанците од мостот, но сепак на крајот попуштиле под притисокот од граѓаните.Мостот на љубовта и љубовните катанци во КелнСличен мост постои и во соседна Србија во местото Врањачка Бања, каде што се тврди дека љубовните катанци започнале да се прикачуваат уште од Првата Светска војна. Приказната вели дека имало некоја учителка по име Нада, од Врањачка Бања, која се заљубила во српскиот офицер Реља. Откако се вериле, тој заминал во војна во Грција. Таму после извесно време запознал некоја жена од островот Крф, во која се заљубил и ја раскинал веридбата со Нада. Таа никогаш не се опоравила од ова и по извесно време починала како резултат на неостварената љубов. После тоа, младите девојки од ова гратче, сакајќи да си ги заштитат своите љубени, почнале да ги запишуваат нивните имиња на катанци и истите ги заклучувале на мостот каде што Нада и Реља порано често се сретнувале. Мостот на љубовта и љубовните катанци во КелнМостот на љубовта и љубовните катанци во КелнМостот на љубовта и љубовните катанци во Келнrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 10 природни феномени на Земјата

    10 природни феномени на Земјата

    Нашата планета има многу чудни и прекрасни места кои ја имаат моќта да инспирираат и да зачудуваат. Тие нè потсетуваат дека дури и во оваа ера на технолошки чуда, во природата сè уште постојат неверојатни места за откривање. Ова се само 10 од многуте кои ги има на Земјата.rn

    1. Памуккале, Турција

    rnПрекрасните балконски базени на Памуккале, иако се познато место за луѓето од нашите краишта, сепак претставуваат помалку познато чудо за останатиот свет. Пред неколку илјадници години, земјотресите, кои се честа појава во Турција, создале фрактури во земјата преку кои моќни топли извори богати со калциум карбонат избиле на површината. Како што водата испарувала, варовитиот материјал кондензирал и таложел слоеви над слоеви од травертин, притоа создавајќи ѕидови. Буквално „Памуккале“ значи тврдина од памук, а над него Римјаните изградиле град и го нарекле Хиераполис (Светиот град). Тие биле првите кои го откриле местото и лековитите моќи на млечно белата вода.rnrn10 природни феномени на земјатаrn

    2. Моераки, Нов Зеланд

    rnОвие големи, тркалезни камења со вонземски изглед се наоѓаат на плажата Коекохе, која пак е дел од брегот Отаго на Јужниот новозеландски остров. „Камењата Моераки“ првично биле создадени на дното од морето, преку наталожување слоеви околу јадро, на ист начин како што бисер се формира околу честичка од песок. Некои од карпите тежат по неколку тони и се широки по три метри.rnrn10 природни феномени на земјатаrn

    3. Деветте пекола од Бепу, Јапонија

    rnГрадот Бепу, се наоѓа на островот Кјушу, вториот најголем „производител“ на геотермална вода во светот. Во истата област се наоѓаат „Деветте пекола“, таканаречените базени кои меѓусебно се разликуваат по своите карактеристики и бои, благодарение на различните минерали во нив. Овие базени се многу популарна туристичка атракција во Јапонија, но сепак ретко кој ги знае надвор од земјата. За жал, како и за многу други неверојатни природни чуда, областа околу нив стана премногу комерцијализирана и „невкусна“.rnrn10 природни феномени на земјатаrn

    4. Големата сина морска дупка во Белизе

    rnГолемата сина морска дупка во Белизе е една од најимпресивните природни убавини во светот. Таа е со дијаметар од 300 метри и е длабока околу 150, а најверојатно се создала поради наглото покачување на нивото на водата пред околу 65.000 години. Нуркачите известуваат дека дупката е преполна со разновиден животински свет, а дел од него сè уште е непознат за науката и го има само овде.rnrn10 природни феномени на земјатаrn

    5. Вратата на пеколот, Туркменистан

    rnВо близина на селото Дарваза, кое е лоцирано во пустината Каракум во Туркменистан, во 1971 година, тим на истражувачи од Советскиот Сојуз пробушиле голема комора полна со природен гас. Кровот на јамата пропаднал, оставајќи кратер длабок 25 метри со дијаметар од околу 60-70 метри. Наскоро станало евидентно дека природниот гас сè уште излегувал низ кратерот од подлабоки извори, па приказната оди дотаму дека била донесена одлука да се запали гасот и да не се ризикува тој да се прошири или да доведе до локално труење. Според повеќе извори, оттогаш огнот постојано гори, а локалното население местото го нарекло „Портата на пеколот“. Сепак, други лица, по неколку разговори со локални водачи од регионот, тврдат дека станува збор за неверојатен природен феномен.rnrn10  природни феномени на земјатаrn

    6. Санциншан, Кина

    rnСанциншан е релативно мал национален парк во близина на градот Шанжао. Но тоа што е мал по големина, само го прави голем по убавина. Националниот парк е прогласен за седмо светско наследство во Кина и е познат по неговата сценична атрактивност. Клучот за мистиката на ова место е комбинацијата од извонредни гранитни столбови и карпи, заедно со сезонските климатски варијации кои често создаваат магла и маркантни зајдисонца. Оние кои го посетиле ова место велат дека им создава неверојатно чувство, кое го опишуваат како мир и спокојство. Овој ефект е подобрен благодарение на бројните водопади, природни базени и извори.rnrn10 природни феномени на земјатаrn

    7. Окото на Африка, Мавританија

    rnОд вселената, оваа мистериозна вдлабнатина во пустината Сахара во Мавританија, навистина наликува на човечко око. Според една од теориите, окото се создало откако метеор паднал на земјата, додека други веруваат дека тоа претставува трага од подземна нуклеарна експлозија. Сепак, според огромниот дијаметар тоа би значело детонација со огромен опсег. Моментално не постои земја во светот што поседува оружје кое може да направи ни одблизу толкава детонација.rnrn10 природни феномени на земјатаrn

    8. Островот Сокотра, Јемен

    rnОвој волшебен и не толку познат остров, Сокотра се наоѓа во близина на брегот на Јемен во Блискиот Исток. Изолиран од остатокот од светот, неговите растенија еволуирале во толку многу бизарни облици и форми, што не им се познати на другите краишта на Земјата. Едно од најпознатите е дрвото „Крвта на змејот“ чиј сок може да се употреби за создавање кристали кои можат да се користат како боја или како афродизијак. Островот пополека почнува да станува познат за остатокот од светот и може да прерасне во одлично место за еко-туризам, сè додека неговите посетители не прават штети.rnrn10 природни феномени на земјатаrn

    9. Тркачката патека, САД

    rnЛоцирани во една од најбезживотните места на светот, во Долината на смртта, Калифорнија, чудните и необјасниви „Камења кои пловат“ се вистински феномен. Еднаш, во текот на годината, во сувото езеро се случува да паднат зимските дождови и површината наеднаш станува лизгава и каллива. За време на овој период, карпите и камењата почнуваат да се движат, оставајќи зад себе видливи траги. Иако научниците веруваат дека за ова придонесуваат и силните ветрови, некои од карпите ненадејно го менуваат правецот и вртат совршени прави агли, изместувајќи се од нивната претходна патека. Сите докази потврдуваат дека тука не станува збор за некаква измама, но сепак овие движења никогаш не биле фатени на снимка.rnrn10 природни феномени на земјатаrn

    10. Лас Канадас, Тенерифе

    rnНа врвот на планината Теиде, се наоѓа еден од најголемите островски вулкани во светот Лас Канадас. Кратерот, кој има пречник од 16 километри е како слика од пеколот. Стрмните ѕидови кои се формирале кога „котелот“ престанал да врие, формираат голема сува површина со вонземски изглед. Во околината се изградени патишта и обзерватории, што е чудно за оваа „ничија земја“ каде постои заспан, но сепак сè уште огромен активен вулкан, кој одвреме навреме ја затресува земјата. Од масата на вулканот е создаден Тенерифе, еден од Канарските острови.rnrn10 природни феномени на земјатаrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Мистеријата зад феноменот дежаву

    Мистеријата зад феноменот дежаву

    Ви се случило ли да се најдете во друштво на вашите пријатели, разговарајќи на одредена актуелна тема, а за момент да почувствувате дека веќе сте биле таму, сте го правеле истиот муабет, на истиот начин во идентична околина? Ако сте доживеале ваква или слична состојба, тогаш вие спаѓате во оние 70% од луѓето кои во текот на својот живот искусуваат дежаву.rnrnМистеријата зад феноменот дежавуrnrnСамиот термин дежаву доаѓа од францускиот јазик (оригинално: „déjà vu“) што во превод значи „веќе видено“. Оваа состојба се опишува како грозоморно чувство на нешто познато, предизвикано од нешто што мислиме дека порано сме го доживеале, иако свесно знаеме дека тоа не е така. Ваквото чувство трае 10-20 секунди и потоа исчезнува ненадејно исто како што се појавило.rnrnНаучниците имаат голем проблем да откријат зошто се случуваат ваквите состојби кај луѓето бидејќи тие доаѓаат неочекувано и не можат вештачки да бидат предизвикани. Сите што имаат искусено дежаву, велат дека тоа е чувство, кое им дошло од никаде и дека не траело многу долго. Па, дури и со најнапредните техники за скенирање на мозокот и други истражувачки методи, научниците и понатаму се мачат да го објаснат овој феномен.rnrnМистеријата зад феноменот дежавуrn

    Што со сигурност знаеме за состојбата дежаву?

    rn1) Епилептичарите често доживуваат интензивно чувство на веќе видени ситуации непосредно пред да добијат напад. Поради ова, научниците шпекулираа дека причината за дежаву е неправилното електрично празнење на мозокот што може да предизвика создавање на погрешна претстава за сеќавањата. Со оглед на тоа дека и луѓе без здравствени проблеми доживуваат дежаву, ова објаснување не ја исцрпува мистеријата во целост.rnrn2) Дежаву најчесто доживуваат луѓето на возраст помеѓу 15 и 25 години, но може да се искуси на секоја возраст, а честотата варира од човек до човек.rnrn3) Чувството на веќе видео е дефинитивно чудно и грозоморно. Не е нешто од типот: „Еј, го имам видено ова порано!“ или „Го имам правено ова!“ Чувството е необично и по малку непријатно бидејќи знаете дека сте ја направиле токму истата работа на истиот начин, но од некои необјасниви причини не можете да се сетите на тоа. Самото чувство не е негативно, но не е ниту баш пријатно.rnrnДруга теорија која го објаснува овој феномен е дека нашите мозоци мешаат ситуации од сегашноста со нешто што сме доживеале во нашите соништа и фантазии. Докажано е дека линијата помеѓу реалноста и она што ни е во мислите е многу тенка. На пример, можете да си замислувате дека изведувате мечкин скок во сала за вежбање и да се почувствувате како навистина да сте го извежбале. Ова е и научно потврдено. Според ова, лесно се изведува заклучокот дека дежаву-то може да биде резултат на нешто слично што сме го доживеале во сништата. Но, ако еднаш сте доживеале дежаву, веројатно нема да ви биде верно ова објаснување.rnrnНекои психијатри го припишуваат чувството на неусогласеноста во мозокот што предизвикува грешење на минатото и сегашноста. Многу парапсихолози веруваат дека доживувањето на ваквата состојба е поврзана со искуства од минатите животи.rnrnШвајцарскиот научник Артур Функхаузер, пак, разликува различни искуства при состојба на дежаву, на пример, веќе видено, веќе доживеано и сл.rnrnКако и да е, чувството кога доживувате дежаву е необично и интересно. Се надеваме дека спаѓате во оние 70% бидејќи дефинитивно, состојбата на дежаву е нешто поразлично од секое друго човечко искуство. Истражувањата на темата продолжуваат.rnrnЖамеву(jamais vu) е состојба која е спротивна од состојбата на дежаву. Таа подразбира непријатно чувство на доживување некоја ситуација за првпат, и покрај рационалното сфаќање дека ситуацијата е порано искусена. Личноста моментално не препознава некој збор, место или нешто друго што таа вообичаено го знае.rnrnОвие две состојби често се ставаат во иста група со уште една, прескву (presque vu) или состојба на скоро видено. Ова претставува феномен на неможност за враќање на некој збор од меморијата во комбинација со парцијално присетување и чувство дека враќањето од меморија неизбежно ќе се случи. Народски при оваа состојба често велиме дека нешто ни е на врв на јазик.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.