КАФЕ ПАУЗА

Tag: феномен

  • Фотографии и снимки од транзитот на Венера кои ќе ве остават без зборови

    Фотографии и снимки од транзитот на Венера кои ќе ве остават без зборови

    Помина и последната можност за овој век за набљудување на еден прекрасен астрономски настан. На 5-6 јуни, 2012 (во зависност од вашата локација), Венера на само еден ден беше видлива со голо око од Земјата. Набљудувачите можеа да ја забележат како мала црна точка која поминува пред Сонцето.Фотографии и снимки од транзитот на Венера кои ќе ве остават без зборовиТранзитите на Венера се многу ретки, тие се појавуваат на неколку стотици години. Од 2000 година п.н.е, па сè до денес имало вкупно 53 од кои по појавата на првиот телескоп во 1608 година, само 6 биле набљудувани од страна на луѓето. Овие ретки фасцинантни настани се случуваат во парови, од кои овој пат првиот транзит беше на 8 јуни 2004. Следната можност ќе биде дури на 10-11 декември, 2117 година.Фотографии и снимки од транзитот на Венера кои ќе ве остават без зборовиФотографии и снимки од транзитот на Венера кои ќе ве остават без зборовиЏеремаја Хорокс и Вилијам Крабтри, двајца млади астрономи од Англија ги евидентирале првите опсервации на транзитот во 1639 година. Во 1769 година, група на научници ги употребиле сите записи низ светот за овој настан за да ја искалкулираат оддалеченоста на Земјата од Сонцето и на тој начин ја утврдиле точната големина на сончевиот систем.Фотографии и снимки од транзитот на Венера кои ќе ве остават без зборовиФотографии и снимки од транзитот на Венера кои ќе ве остават без зборови rn
    rn

    „Низ историјата, астрономите на многу креативен начин ги употребувале овие случајности на природата како можности за учење на нешто ново за универзумот,“ вели научничката Натали Батала. Овој пат, научниците транзитот го употребиле за откривање на планети надвор од нашиот сончев систем.

    rnФотографии и снимки од транзитот на Венера кои ќе ве остават без зборовиФотографии и снимки од транзитот на Венера кои ќе ве остават без зборови„Solar Dynamics Observatory“ – летало наменето за истражување на Сонцето, стои позади оваа низа на фотографии кои се снимени на неколку бранови должини, од екстремна ултравиолетова светлина до мал дел од видливиот спектар.Фотографии и снимки од транзитот на Венера кои ќе ве остават без зборовиФотографии и снимки од транзитот на Венера кои ќе ве остават без зборовиФотографии и снимки од транзитот на Венера кои ќе ве остават без зборовиДоколку не успеавте да го проследите овој настан, погледнете го и ова видео кое ќе ви долови мал дел од специфичноста и уникатноста на кратката „прошетка“ на Венера по нашето небо…rn


    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Спектакуларни фотографии од затемнувања на сонцето низ светот

    Спектакуларни фотографии од затемнувања на сонцето низ светот

    И покрај тоа што се случува секоја година, затемнувањето на сонцето продолжува да биде еден од највозбудливите природни феномени за луѓето низ светот. Со секоја помината година креативноста на фотографите се зголемува и постојано настануваат сè поинтересни и поуникатни фотогорафии. Еве еден мал дел од таа колекција:rnrn

    Спектакуларни фотографии од затемнувања на сонцето низ светот
    Пекинг – 15 јануари 2010
    rnrn
    Спектакуларни фотографии од затемнувања на сонцето низ светот
    Бангкок – 15 јануари 2010
    rnrn
    Спектакуларни фотографии од затемнувања на сонцето низ светот
    Реката Тансуи, северен Тајван – 15 јануари 2010
    rnrn
    Спектакуларни фотографии од затемнувања на сонцето низ светот
    Прага – 4 јануари 2011
    rnrn
    Спектакуларни фотографии од затемнувања на сонцето низ светот
    Атина – 29 март 2006
    rnrn
    Спектакуларни фотографии од затемнувања на сонцето низ светот
    Зенгзоу, Хенанска Провинција – 15 јануари 2010
    rnrn
    Спектакуларни фотографии од затемнувања на сонцето низ светот
    Будимпешта – 4 јануари 2011
    rnrn
    Спектакуларни фотографии од затемнувања на сонцето низ светот
    Прага – 4 јануари 2011
    rnrn
    Спектакуларни фотографии од затемнувања на сонцето низ светот
    Гиватаим, Израел – 4 јануари 2011
    rnrn
    Спектакуларни фотографии од затемнувања на сонцето низ светот
    Токио – 22 јули 2009

    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Зоната на тишината – мексиканскиот Бермудски триаголник

    Зоната на тишината – мексиканскиот Бермудски триаголник

    Кога часовникот ќе запре, моторот од вашиот автомобил ќе стане безвучен и радиото ќе се изгаси или ќе почне да емитува чудна фреквенција, тогаш мора да сте во „Зоната на тишината“, во Северно Мексико. Таму, небото е светло сино и секогаш ведро, а почвата, на која дури и кактусите едвај виреат, е црвено-жолтеникава. Сончевата светлина е за 30% посилна отколку во останатите делови на земјата, феномен кој досега никој не може да го објасни. Целата оваа егзотична слика е опкружена со ниски виолетови и портокалови планини. Во текот на ноќта пак, на небото треперат разнобојни кругови, кои потоа се спојуваат во огнени топки и исчезнуваат. Зоната на тишината - мексиканскиот Бермудски триаголникОва чудно место со неверојатно широко и силно магнетно поле, се наоѓа на границата на три мексикански држави: Дуранго, Чивава и Коауила. Најблиску до пустината е градот Себалос, односно на растојание од околу 50 километри. Меѓу другото, на иста географска широчина се наоѓаат Бермудскиот триаголник, египетските пирамиди, будистичките храмови во Тибет, а според некои научници, длабоко под водата спие и таинствената Атлантида.rnrnМетеорските дождови се секојдневие, а поради ултравиолетовото зрачење може да наидете на двоглави гуштери, малформирани пустински желки и отровни змии, кои ги има во изобилие. Можат да се видат дури и пурпурни кактуси. Очевидци тврдат дека во зоната на тишината од небото паѓаат метеорити, кои содржат древни кристали, постари и од самиот сончев систем. Пронајден е метеорит со кристална структура, кој е седум милијарди години постар од сончевиот систем.Зоната на тишината - мексиканскиот Бермудски триаголник Изненадувачки е тоа што луѓето ја населувале долината уште од праисторијата, градејќи мали населени места околу малкуте оази. Уште во древните текстови се опишани бројни случаи на паѓање жешки камења и ѕвезди од небото, но внимание на сето тоа се обрнува дури во 30-тите години на 20-от век, кога пилотот Франциско Сарабиjа прелетувал над областа. Во тој момент, радиото престанало да свири, а инструментите во авионот почнале неконтролирано да работат… Областа станува извор и на други проблеми, кога во 70-тите години Американците ги истрелуваат првите ракети „Атина“, кои драстично го менуваат курсот, се упатуваат кон мексиканската пустина и се забиваат во песокот.rnrnЖителите тврдат и дека чести посетители на ова место се НЛО. Д-р Сантјаго Гарсија кој го посветил својот живот на проучувањето на „Зоната на тишината“, претпоставува дека светлечките чинии се всушност роботи-разузнавачи кои тука ги тестира американската војска. Постои мислење дека во оваа област има огромни резерви на железна руда и дека таа е причина за потиснување на електромагнетните бранови. Докажано е и дека планинските карпи околу пустината, содржат значително количество ураниум. За да го проучуваат мистериозното место, неговите необични форми на живот и паранормални феномени, Мексиканците изградиле цело научно гратче со лабораторија…rnrnПогледнете го и овој кус документарец за мистериозната област и за чудните случки во неа.rn


    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Златен водопад

    Златен водопад

    Едно од најфасцинантните места во светот е златниот водопад „Коњска опашка“ (Horsetail Falls), лоциран во националниот парк Јосемити во Калифорнија. Паѓа на источната страна од природно извајаната вертикална карпа Ел Капитен и вака изгледа само еднаш годишно, во зима или рано напролет. Силното сонце кое полека заоѓа, во еден момент фрла совршена златна светлина врз водопадот, заради која кристално чистата вода започнува да наликува на вулканска лава. Вистинска вонземска убавина, која за жал трае само две недели во годината.rnrnЗлатен водопадЗлатен водопадrnrn„Огнената“ вода паѓа од околу 600 метри височина, а најдобро се набљудува и фотографира, ако застанете на една мала и чиста лединка, која се наоѓа источно од Ел Капитен. Лединката е во близина на едно излетничко место, на северната страна од патот што води до долината Јосемити.rnrnКако што полека заоѓа сонцето, така и силно златната боја на водопадот полека избледува, сè додека целосно не исчезне…rnrnЗлатен водопадЗлатен водопадЗлатен водопадrnrnВо овој редок природен феномен уживајте и преку следното видео, направено пред две години.rnrn

    rnrnПокрај овој „позлатен“ сезонски водопад, кој се јавува како одраз на сонцето, Јосемити нуди и безброј други убавини. Веќе имавте прилика најдобрите сцени од националниот парк да ги видите во ова кусо видео, кое неодамна го објавивме.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Флуоресцентни океански бранови

    Флуоресцентни океански бранови

    Калифорниските плажи блеснаа во сино флуоресцентно светло. Верувајте, не се работи за никаков трик, туку за уште еден природен феномен, кој според биолозите, најверојатно се должи на големата црвена плима и на цутот на алгите. Станува збор за микроорганизми, кои емитираат светлина како одговор на стресот, кој пак, им го предизвикува секое придвижување на водата.rnrnШто значи, при нејзиното бранување во текот на ноќта, како резултат на морските струи, бродовите, чамците или ноќните пливачи и сурфери, микроорганизмите светнуваат во фосфорно сина боја. Биолозите уверуваат дека тие се безопасни и не можат да му наштетат на човекот и на подводниот свет.rnrnФлуоресцентни океански бранови
    rn

    „Организмите кои ја формираат црвената плима се всушност ситни едноклеточни растенија, фитопланктони. Како и останатите терестријални организми и тие трагаат по светлина и хранливи материи. Преку ноќ, продуцираат сина светлина, но дење, цутот на алгите предизвикува црвеникав ефект врз водата, затоа и се нарекува црвена плима и осека. Многу е веројатно дека ù претходи некој вид инјекција од хранливи материи во горниот слој на океанот. Веруваме дека се работи за комплицирана комбинација на физика, биологија и хемија, но во моментот не располагаме со доволно докази за да кажеме кој механизам конкретно е одговорен за ваквиот феномен“, вели д-р Питер Френкс од Институтот за океанографија.

    rnФлуоресцентни океански брановиrnrnБројот на овие микроорганизми се зголемува во текот на ноќта, така што, кога брановите удираат во брегот, тие се населуваат и во песокот. При вечерните прошетки по плажите, зад секоја стапка се јавува флуоресцентен блесок.rnrnПокрај фасцинантната глетка, оваа природна појава е проследена и со релативно лоша смрдеа на гнило. Но, ако успеете да ја игнорирате, овој феномен, вашето ноќно пливање, сурфање или веслање со чамец, ќе го направи незаборавно. rnrnФлуоресцентни океански брановиrnrnПреку следните видеа, погледнете како локалните жители и туристите уживааат во овој природен феномен. Ако некогаш ја посетите Калифорнија, можеби и вие ќе ја имате истата среќа. Во меѓувреме, во овие преубави глетки уживајте пред вашите монитори.rn

    rn

    rnrnОваа несекојдневна појава за првпат е регистрирана во 1901 година, на плажите околу Сан Диего, Калифорнија. Црвената плима е непредвидлива, исто како и временските услови, коментираат експертите. Ако наеднаш задува силен ветер, таа може да се повлече за ден или два, бидејќи микроорганизмите се чувствителни на турбуленции, а често се мета и на бактериите кои живеат во водата.rnrnЦрвената плима, која се јавува во останатите делови од светот, е опасна по здравјето на човекот и кобна за подводниот свет. Таа го намалува нивото на кислород во водата и продуцира отрови.rnrnВаква слична појава имавме можност да видиме и во езерото Гипсланд во Австралија.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Неверојатна снежна бајка од фотографии

    Неверојатна снежна бајка од фотографии

    Автор: Ивана ГрујоскаrnrnНа северната хемисфера, зимата е доста неверојатен природен феномен, таа е ладна и ветровита, влажна и облачна. Нема ништо привлечно во тоа, но факт е дека ова годишно време е убаво за секој кој навистина може да го почувствува. Снежната зима добро влијае посевите, на човечката душа, на птиците и на многу други работи.Неверојатна снежна бајка од фотографииБелата зима е дел од неверојатниот циклус на природата. Оние коишто можат да го извлечат максимумот од нејзината убавина се секако децата и фотографите. Има ли потреба да објаснуваме зошто децата сакаат снег и зима? Сето тоа санкање, уметничко лизгање, подароци за празниците… Од друга страна, фотографите ја сакаат зимата, бидејќи тогаш тие можат да создадат навистина неверојатни ремек-дела, какви што се овие 20 фотографии кои раскажуваат прекрасна снежна бајка.Неверојатна снежна бајка од фотографииНеверојатна снежна бајка од фотографииНеверојатна снежна бајка од фотографииНеверојатна снежна бајка од фотографииНеверојатна снежна бајка од фотографииНеверојатна снежна бајка од фотографииНеверојатна снежна бајка од фотографииНеверојатна снежна бајка од фотографииНеверојатна снежна бајка од фотографииНеверојатна снежна бајка од фотографииНеверојатна снежна бајка од фотографииНеверојатна снежна бајка од фотографииНеверојатна снежна бајка од фотографииНеверојатна снежна бајка од фотографииНеверојатна снежна бајка од фотографииНеверојатна снежна бајка од фотографииНеверојатна снежна бајка од фотографииНеверојатна снежна бајка од фотографииНеверојатна снежна бајка од фотографииНеверојатна снежна бајка од фотографии
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Плажа која изгледа како огромно капучино

    Плажа која изгледа како огромно капучино

    Пиејќи го вашето омилено кафе, можете да ги гледате прекрасните фотографии од овој навистина необичен феномен. Сигурно се прашувате за каква плажа со изглед на капучино станува збор? Плажа каде се служат бесплатни капучино кафиња? Или пак можеби плажа декорирана во бојата на капучиното? Сепак, не станува збор за никаква човечка креација. Овојпат природата си поиграла со океанските бранови и создала неверојатна, а воедно и прекрасна „капучино“ плажа.rnrnПлажа која изгледа како огромно капучиноrnrnСе работи за исклучително несекојдневен феномен што неодамна повторно ги изненади жителите на Кејптаун во Јужна Африка. Во предградието, брановите од океанот во еден момент изгледале како пена од кафе, а самиот океан наликувал на голема шолја капучино. Оваа ретка и необична појава е позната уште како „морска пена“ или дури „плажарска пена“.rnrnПлажа која изгледа како огромно капучиноПлажа која изгледа како огромно капучиноrnrnСпоред експертите, извонредните кафе-меурчиња настанале како резултат на распаѓањето и разградувањето на морските алги, мртвите риби и планктоните (ситни организми) кои лебдат на површината на водата. Моќните водни струи биле причина за формирањето на малите меурчиња, кои заедно го предизвикале овој навистина редок феномен.rnrnПлажа која изгледа како огромно капучиноПлажа која изгледа како огромно капучиноrnrnТие објаснуваат дека кога брзината на ветрот е поголема од шест метри во секунда, тогаш енергијата пренесена од ветерот во водата е пропорционално повисока и силата позната како „површински напон на водата“, не е доволна да ги држи заедно молекулите на површината. Тогаш, водата се „крши“ на мали капки и се формира бела пена што наликува на пена од кафе.rnrnПлажа која изгледа како огромно капучиноПлажа која изгледа како огромно капучиноrnrnТаканаречената „капучино“ бура, ја изненадила Африка и во 2008 година, за потоа после четири години да се појави повторно. Погледнете и снимка од оваа несекојдневна појава.rnrnПлажа која изгледа како огромно капучиноПлажа која изгледа како огромно капучино
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Феноменот сина месечина

    Феноменот сина месечина

    Автор: Бојана МандевскаrnrnПостојат многу легенди за месечината. Една од помистериозните е легендата за сината месечина. Сината месечина е спомената во многу книги и песни. Со години се поставува прашањето дали тоа е легенда или природен феномен. rnrnСина месечинаrnrnНајчесто користеното објаснување за појавата на сината месечина е појавата на втора полна месечина во еден календарски месец. За да може да се случи феноменот сина месечина, треба првата полна месечина да се појави во првите денови од месецот, за втората да може да се појави кон крајот на месецот. Најчесто периодот помеѓу појавувањето на првата и втората полна месечина во еден тековен месец е 29 дена. Или пак, тоа може да биде четвртата полна месечина која се појавува во еден квартал кој вообичаено има три полни месечини. Некои години имаат појава на една екстра полна месечина, 13 наместо 12. Токму таа тринаесеттата месечина е наречена сина месечина. Водејќи се по календарот за сина месечина, таа треба да се појави на 21 август 2013 и 21 мај 2016 година.rnrnСина месечинаrnrnНиз вековите, сината месечина станала дел од фолклорот на одредени народи. Воедно, појавувањето на сината месечина кај некои народи предизвикувала страв, додека пак други ја сметале за редок поволен период. Тие верувале дека правењето одредени обреди (за чистење на душата и подобрување на личната благосостојба со помош на месечевата светлина) ќе го намали лошото влијание на сината месечина или ќе го зголеми позитивното влијание. rnrnСина месечинаrnrnЗа сината месечина кај старите народи постоеле многу приказни кои вклучувале волци, месечево лудило, па постоела дури и приказна дека месечината е направена од сирење. Еден од попознатите обреди е бањањето предмети на месечева светлина, на сина  месечина, за да се собере позитивната енергија која таа ја испуштала. Се собирале шишиња, камења, свеќи, кристали и се ставале на прозорците од домовите, во дворовите, сегде каде што допирала месечевата светлина, да преноќат и да ја соберат месечевата енергија.rnrnСина месечинаrnrnВо денешно време терминот „сина месечина“ се употребува за да се објасни редок случај, ретка појава.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Луѓе кои се под голем стрес пишуваат СМС и имејл пораки во сон

    Луѓе кои се под голем стрес пишуваат СМС и имејл пораки во сон

    Оваа појава се јавува поради големиот стрес на кој се изложени сонувачите во текот на денот, а бидејќи се постојано во контакт со некого, тие не можат да ја препознаат разликата.Луѓе кои се под голем стрес пишуваат СМС и имејл пораки во сонСтресот предизвикува редок феномен во однесувањето, а тоа е пишување и испраќање СМС-пораки за време на спиењето, а за тоа овие луѓе не се свесни воопшто. Луѓето кои испраќаат пораки додека спијат, најчесто имаат многу работа и обврски во будна состојба, па тоа ги оптоварува и во сон. Тие и во сон мислат дека треба да бидат секогаш спремни. Австралискиот стручњак за спиење д-р Дејвид Канингтон од центарот за нарушувања во спиењето од Мелбурн, тврди дека поради постојаното примање и испраќање пораки и мејлови, овие луѓе тешко разликуваат јаве од сон.rnrnИспраќањето СМС-пораки во сон е нов феномен, додека праќањето мејл е воочено уште во 2008 година и е почеста појава, но и поопасна бидејќи мејл најчесто се испраќа на колеги и шефови.rnrnДоктор Канингтон објаснува дека имаат пациентка која пишува и испраќа мејл додека цврсто спие, а потоа не се сеќава на ништо кога ќе се разбуди. Такви случаи има сè повеќе, вели тој, а тоа може да биде многу штетно за тие луѓе и нивната околина, бидејќи мејл можете да испратите на колегите од работа и да ја доведете својата кариера во прашање, додека СМС најверојатно ќе им испратите на пријателите и семејството.rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Седумгодишно девојче плаче камени солзи

    Седумгодишно девојче плаче камени солзи

    Индиските доктори веќе со денови се обидуваат да откријат зошто седумгодишното девојче Kura Nitya, кое живее во село во близина на Хајдерабад, главниот град на индиската сојузна држава Андра Прадеш, плаче камени солзи. Камчиња ù излегуваат од десното око последните петнаесетина дена. Во еден ден таа исплачува од 15 до 25 камчиња.Седумгодишно девојче плаче камени солзиНејзините родители побарале помош од неколку офталмолози, но никој сè уште не открил од што е предизвикан овој феномен. Нејзиниот дедо Gopal Reddy вели дека на почетокот мислеле дека се работи за божја моќ, па се молеле на Бога тоа да престане.rnrnМалечката Kura Nitya објаснува дека нејзиното десно око отекува непосредно пред да почнат да се тркалаат камчиња од него. Офталмологот Kalyan Chakaravarthy вели дека девојчето медицински е сосема здраво и дека не постои никакво логично објаснување зошто ù се случува тоа.rnrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.