КАФЕ ПАУЗА

Tag: феномен

  • 8 фасцинантни сончеви феномени кои не изгледаат реално

    8 фасцинантни сончеви феномени кои не изгледаат реално

    Крајот на пролетта е период исполнет со многу сончеви денови и ведро сино небо. Меѓутоа, дали сте знаеле дека нашето сонце создава трикови кои можат да нè измамат? Оптичките илузии на небото ретко се појавуваат, но кога тоа се случува, имаат навистина драматичен ефект и не може да не бидат забележани. Ова се неколку такви сончеви појави фатени на камера од страна на фотографи кои патуваат низ светот…rn

    1. Сончев ореол

    rnОреолот е всушност ледено виножито со таа разлика што светлината се одбива од ледените кристали, а не од капките вода.rnrn8 фасцинантни сончеви феномени кои не изгледаат реалноrnrnТаков сончев ореол неодамна се има појавено во Русија.rnrn8 фасцинантни сончеви феномени кои не изгледаат реалноrn

    2. Сончево куче

    rnКласичниот феномен сончево куче, уште познат и како пархелион, подразбира појава на три „сонца“ одеднаш. Ова исто така е еден вид сончев ореол и тоа од најчестите. Сонцето изгледа како да има два „двојника“ на растојание од 22 степена и отприлика на иста висина.rnrn8 фасцинантни сончеви феномени кои не изгледаат реалноrn

    3. Колона на светлината

    rnКолоната на светлината се појавува кога сончевата светлина се рефлектира од најситните честички мраз во воздухот кои личат на шестоаголни ледени чинии. Таква колона се има појавено во Западна Вирџинија.rnrn8 фасцинантни сончеви феномени кои не изгледаат реалноrn

    4. Прекршен спектар

    rnПрекршениот спектар понекогаш може да се види на планините кога има магла. Овој феномен се случува кога гледате на страната спротивна од сонцето која обично е зафатена од сјајот на виножитото.rnrn8 фасцинантни сончеви феномени кои не изгледаат реалноrn

    5. Северна светлина

    rnОваа светлина се создава кога сончевиот ветар се спојува со Земјиното магнетно поле, и таа не се појавува единствено на Северниот и Јужниот пол. Познати се случаи кога северната светлина била забележана и во Грција.rnrn8 фасцинантни сончеви феномени кои не изгледаат реалноrn

    6. Зелен блиц

    rnЗелениот блиц се појавува со првите зраци во мугрите или со последната светлина пред да се стемни. Не само што е тешко да се начека, туку може да биде и опасен за видот. Покрај тоа, за да се види мора да бидат исполнети следниве услови: Отворен хоризонт, чист воздух и небо без облаци. Така на пример, фотографот го „видел“ овој зелен блесок единствено кога ги прегледувал фотографиите што ги имал направено дента.rnrn8 фасцинантни сончеви феномени кои не изгледаат реалноrn

    7. Огнено виножито

    rnОва е ретка атмосферска појава исто така позната како „кружно хоризонтална крива линија“. Се појавува кога хоризонталните сончеви зраци на изгрејсонцето или зајдисонцето се рефлектираат во хоризонталните ледени честички на облаците. Таков феномен бил забележан на небото во Вашингтон во 2006 година.rnrn8 фасцинантни сончеви феномени кои не изгледаат реалноrn

    8. Сончева еклипса

    rnСончевата еклипса, односно затемнувањето на сонцето, може да се забележи само кога има млада Месечина, а се јавува кога Месечината поминува меѓу Сонцето и Земјата и делумно или целосно го блокира Сонцето.rnrn8 фасцинантни сончеви феномени кои не изгледаат реалноrnrnИсто така, постојат повеќе фотографии од сончевата еклипса на земјата под дрвјата кога нејзината светлина пробива низ малиот простор помеѓу листовите. Сликата е направена со помош на ефектот „опскура“ на фотоапаратот.rnrn8 фасцинантни сончеви феномени кои не изгледаат реално

  • Зошто авионите оставаат бели траги на небото?

    Зошто авионите оставаат бели траги на небото?

    Сигурно како малечки сте обожавале да гледате како поминува авион на небото кој остава една долга, бела трага зад себе и да си посакате желба. Но, сте се запрашале ли некогаш како тие траги се формираат и од што всушност се состојат? Во продолжение прочитајте како науката за воздухопловството го објаснува овој интересен феномен.rnrnЗошто авионите оставаат бели траги на небото?rnrnОдговорот на прашањето се наоѓа во книгата „Cockpit Confidential: Everything You Need to Know About Air Travel“ (Доверливи информации за пилотската кабина: Сѐ што треба да знаете за воздушниот сообраќај) напишана од еден од најискусните авионски пилоти – Патрик Смит.rnrn„Трагите се формираат кога влажните издувни гасови кондензираат во ледени кристали во ладниот воздух од погорните нивоа. Нешто слично на чадот кој излегува кога ќе се издишите во зима. Трагите всушност можат да се наречат облаци. Испарената вода, колку и да звучи чудно, е биолошки продукт од согорувањето во моторите, од каде што потекнува влажноста. Дали ќе се формира една трага зависи од височината и амбиентската атмосферска ‘шминка’ – температурата и она што се нарекува воден притисок“, пишува Патрик.rnrnТокму на овој начин се формираат трагите кои кондензираат и потоа се прошируваат во бели облаци составени од ситни кристали на мраз.

  • Редок природен феномен: Големиот кањон исполнет со бела густа магла

    Редок природен феномен: Големиот кањон исполнет со бела густа магла

    Последниот викенд од ноември, 2013, луѓето имаа можност да набљудуваат еден од ретките природни феномени во Големиот Кањон кој се случува еднаш на секои 10 години. Целиот кањон бил преплавен со магла, а она што е навистина интересно е дека небото над него било чисто и без облаци.rnrnРека од магла го преплави Големиот КањонrnrnОвој феномен е познат како „инверзија на температурата“ при што топлиот воздух се однесува како капак и го затвора студениот воздух близу до земјата, притоа заробувајќи ја маглата во внатрешноста на кањонот. Според Националниот сервис за време, температурата на атмосферата е најсклона кон инверзија за време на зимата, кога долгите ноќи му овозможуваат на воздухот кој се наоѓа поблиску до површината на земјата да стане невообичаено студен.rnrnРека од магла го преплави Големиот КањонrnrnЧуварот на паркот, Ерин Виттејкер, која направила поголем дел од овие фотографии изјавила за „Daily Mail“ дека инверзии во температурата можат да се случат еднаш до два пати годишно, но тие најчесто исполнуваат само одредени области од кањонот. Да го видите целиот кањон исполнет е нешто што се случува еднаш во една декада. Погледнете ги и останатите фотографии…rnrnРека од магла го преплави Големиот Кањон Река од магла го преплави Големиот Кањон Река од магла го преплави Големиот Кањон Река од магла го преплави Големиот Кањон Река од магла го преплави Големиот Кањон Река од магла го преплави Големиот Кањон Река од магла го преплави Големиот Кањон Река од магла го преплави Големиот Кањон Река од магла го преплави Големиот Кањон Река од магла го преплави Големиот Кањон
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Погледнете ја неверојатната сенка на планината Реинер

    Погледнете ја неверојатната сенка на планината Реинер

    Сите објекти, мали или големи создаваат сенка, а тука спаѓаат и планините. Но, еден специфичен врв на планина се однесува на карактеристичен начин. Тој не прави сенки на земјата, туку нагоре во облаците. Како е ова возможно?Погледнете ја неверојатната сенка на планината РеинерПланината Реинир е масивен вулкански врв кој се наоѓа на 87 километри југоисточно од Вашингтон, САД а височината на нејзиниот врв изнесува 4.392 метри. Не постојат други планини со таква височина во околината, па токму поради тоа Реинир е најиздигнатата планина во цела Америка. rnrnВо денови кога небото е чисто, врвот доминира во југоисточниот хоризонт и може да се види од далечина од Портланд, Орегон, Викторија и Британска Колумбија. Но, во облачните утра кога облакот е на одредена височина, при изгревот, сонцето го осветлува врвот на планината одоздола и притоа фрла долга сенка на долната страна од облакот.Погледнете ја неверојатната сенка на планината РеинерОва се случува само во текот на есента и зимата кога сонцето изгрева подалеку на југ и е во определена положба при која планината Реинир ги блокира првите зраци од утринската светлина. Погледнете ги фотографиите на различни фотографи, кои совршено го уловиле овој фантастичен природен феномен.Погледнете ја неверојатната сенка на планината Реинер Погледнете ја неверојатната сенка на планината Реинер Погледнете ја неверојатната сенка на планината Реинер Погледнете ја неверојатната сенка на планината Реинер Погледнете ја неверојатната сенка на планината Реинер Погледнете ја неверојатната сенка на планината Реинер Погледнете ја неверојатната сенка на планината Реинер
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Спектакуларното двојно виножито фотографирано ширум светот

    Спектакуларното двојно виножито фотографирано ширум светот

    За голем број фотографи, правењето фотографија со двојно виножито е навистина редок и неочекуван подарок. Не само што треба да бидете на вистинското место во вистинското време, туку потребно е да го имате и вашиот фотоапарат на дофат, за да не го пропуштите колоритното шоу приредено од природата.rnrn

    Спектакуларното двојно виножито фотографирано ширум светот
    Аризона
    rnrnПри двојното виножито, два паралелни лака од разнобојна светлина се појавуваат истовремено на небото. Вториот свод кој е сместен над првиот има обратен распоред на боите. Тоа значи дека наместо да се распоредени црвената, портокаловата, жолтата, зелената, сината, индиго-бојата па виолетовата, на вториот лак боите започнуваат од виолетовата и продолжуваат со индиго-боја, сина, зелена, жолта, портокалова па црвена.rnrn
    Спектакуларното двојно виножито фотографирано ширум светот
    Њу Мексико
    rnrn
    Спектакуларното двојно виножито фотографирано ширум светот
    Исланд
    rnrnСпоред американскиот Национален центар за атмосферско истражување, овој природен феномен се случува во моментот кога дел од зракот светлина кој влегува во капка дожд ќе се рефлектира по втор пат во капката, пред да излезе од неа. Тогаш, го гледаме и второто виножито. Горниот лак е поблед од првиот бидејќи повеќе светлина се губи низ две рефлексии, отколку во една, а воедно и бидејќи самото виножито е распослано на поголема небесна површина.rnrn
    Спектакуларното двојно виножито фотографирано ширум светот
    Канада
    rnrn
    Спектакуларното двојно виножито фотографирано ширум светот
    Норвешка
    rnrn
    Спектакуларното двојно виножито фотографирано ширум светот
    Шкотска
    rnrnУште поредок феномен е кога две виножита се раздвојуваат од една заедничка точка. Во овој случај, боите на второто виножито не се распоредени по обратен редослед, туку двете виножита имаат ист распоред на бои.rnrn
    Спектакуларното двојно виножито фотографирано ширум светот
    Илионис
    rnrn
    Спектакуларното двојно виножито фотографирано ширум светот
    Бугарија
    rnrn
    Спектакуларното двојно виножито фотографирано ширум светот
    Франција
    rnrnПогледнете ги и останатите прекрасни фотографии од двојни виножита, уловени на различни локации ширум светот.rnrn
    Спектакуларното двојно виножито фотографирано ширум светот
    Ирска
    rnrn
    Спектакуларното двојно виножито фотографирано ширум светот
    Африка
    rnrn
    Спектакуларното двојно виножито фотографирано ширум светот
    Калифорнија
    rnrn
    Спектакуларното двојно виножито фотографирано ширум светот
    Англија
    rnrn
    Спектакуларното двојно виножито фотографирано ширум светот
    Колорадо
    rnrn
    Спектакуларното двојно виножито фотографирано ширум светот
    Алјаска
    rnrn
    Спектакуларното двојно виножито фотографирано ширум светот
    Њујорк
    rnrn
    Спектакуларното двојно виножито фотографирано ширум светот
    Швајцарија
    rnrn
    Спектакуларното двојно виножито фотографирано ширум светот
    Мичиген
    rnrn
    Спектакуларното двојно виножито фотографирано ширум светот
    Намибија
    rnrn
    Спектакуларното двојно виножито фотографирано ширум светот
    Аргентина
    rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како изгледа крајот на виножитото?

    Како изгледа крајот на виножитото?

    Виножитото е оптички и метеоролошки феномен кој се создава при прекршување на светлината низ водените капки во атмосферата на Земјата, резултирајќи со спектар од светлина кој се појавува на небото.rnrnКако изгледа крајот на виножитотоrnrnВиножитото не се наоѓа на специфична оддалеченост, туку настанува од кои било водени капки кои се гледаат под одреден агол во однос на сончевите зраци. Поради тоа, виножитото не е објект и не може физички да се пристапи до него. Невозможно е набљудувачот да види виножито од кој било друг агол освен од 42 степени во насока која е спротивна на сонцето. Дури и кога вие гледате виножито над некој друг набљудувач, тој ќе гледа друго виножито, подалеку од него, под истиот агол како и вие.rnrnНајчесто забележуваните бои на виножитото, секогаш по ист редослед се: црвена, портокалова, жолта, зелена, сина, индиго и виолетова. Во оваа серија од фотографии можете да го забележите мистериозниот крај (или почеток) на виножитото. Ако го тргнеме на страна верувањето дека на неговиот крај постои грне злато, визуелно гледано – ова е навистина интересен феномен.rnrnКако изгледа крајот на виножитото Како изгледа крајот на виножитото Како изгледа крајот на виножитото Како изгледа крајот на виножитото Како изгледа крајот на виножитото Како изгледа крајот на виножитото Како изгледа крајот на виножитото Како изгледа крајот на виножитото Како изгледа крајот на виножитото Како изгледа крајот на виножитото Како изгледа крајот на виножитото Како изгледа крајот на виножитото Како изгледа крајот на виножитото Како изгледа крајот на виножитотоrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Најдобрите фотографии од Супермесечината во 2013-та година

    Најдобрите фотографии од Супермесечината во 2013-та година

    На 23 јуни 2013 година, во точно 3 часот и 32 минути по полноќ, полната Месечината беше најблиску до Земјата во текот на оваа година и на ноќното небо изгледаше многу поголема од вообичаено. Астрономите овој вид полна Месечина ја нарекуваат перигеј полна Месечина. Зборот перигеј ја означува најблиската точка на Месечината до Земјата во текот на еден месец. Нејзиниот нареден близок помин ќе биде на 10 август 2014 година. Погледнете дел од најубавите и најинтересните фотографии направени од овогодишната Супермесечина.Најдобрите фотографии од Супермесечината во 2013-та година Најдобрите фотографии од Супермесечината во 2013-та година Најдобрите фотографии од Супермесечината во 2013-та година Најдобрите фотографии од Супермесечината во 2013-та година Најдобрите фотографии од Супермесечината во 2013-та година Најдобрите фотографии од Супермесечината во 2013-та година Најдобрите фотографии од Супермесечината во 2013-та година Најдобрите фотографии од Супермесечината во 2013-та година Најдобрите фотографии од Супермесечината во 2013-та година Најдобрите фотографии од Супермесечината во 2013-та година
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Неверојатен феномен: замрзнати меури во езеро

    Неверојатен феномен: замрзнати меури во езеро

    Вештачкото езеро Абрахам кое се наоѓа во западна Алберта, Канада, било создадено во 1972 година, со конструкција на брана на реката Саскачеван. Ова езеро е дом на еден редок феномен т.н. „замрзнати меури“, кој го направи езерото популарно меѓу туристите и фотографите.rnrnНеверојатен феномен: замрзнати меури во езероНеверојатен феномен: замрзнати меури во езероrnrnРастенијата кои се наоѓаат на дното од езерското корито го испуштаат гасот метан, којшто се замрзнува веднаш кога ќе дојде во допир со многу постудена водена површина и меурите постепено сѐ повеќе се размножуваат, како што времето станува сѐ постудено, во текот на зимската сезона.rnrnНеверојатен феномен: замрзнати меури во езероНеверојатен феномен: замрзнати меури во езероrnrnОние кои биле покрај ова езеро, велат дека нема да ве остави рамнодушни, бидејќи тоа не е покриено со снег како другите замрзнати езера. Под дебелата замрзната „стаклена“ површина ќе можете да ги видите сите пукнатини, ќе го видите темното езерско дно и ќе ги чуете длабоките подводни звуци на кршење и пукање на мразот кои доаѓаат одоздола. Чувството да се гази врз ова езеро во зимскиот период, мора да е навистина незаборавно, нели?! 🙂 rnrnНеверојатен феномен: замрзнати меури во езероНеверојатен феномен: замрзнати меури во езероНеверојатен феномен: замрзнати меури во езероНеверојатен феномен: замрзнати меури во езероНеверојатен феномен: замрзнати меури во езероНеверојатен феномен: замрзнати меури во езероНеверојатен феномен: замрзнати меури во езероНеверојатен феномен: замрзнати меури во езероНеверојатен феномен: замрзнати меури во езероНеверојатен феномен: замрзнати меури во езеро
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Феноменот ореол околу месечината

    Феноменот ореол околу месечината

    Постојат многу интересни феномени поврзани со боите на месечината од кои најмногу се издвојува феноменот сина месечина. Но, дали некогаш сте забележале огромен прстен од светлина околу неа? Всушност ако го погледнете подобро, може дури и да ви наликува на виножито кое кружи околу месечината. Што е тоа што се случува во атмосферата кое го предизвикува овој несекојдневен ореол на ноќното небо?Феноменот ореол околу месечинатаПрстенот околу месечината настанува од прекршувањето на месечевата светлина (која всушност е сончева светлина) низ ледените кристали кои се наоѓаат во горната атмосфера. Овие ледени кристали имаат шестаголна форма, па затоа секогаш ја прекршуваат светлината под ист агол. Секако, атмосферата е преполна со кристали и прекршувањето на месечевата светлина се одбива во сите насоки. Но, во еден момент може да се случи голем дел од неа да биде директно насочена кон вашите очи. И бидејќи не сте во можност да ја видите целата светлина, пред вас се формира прстен околу месечината.Феноменот ореол околу месечинатаАко ореолот ви наликува на виножито, вие всушност гледате различни бои кои се прекршуваат при незначително поразличен агол. Месечевиот ореол секогаш ќе биде со иста големина, околу 22 степени на небото. Полната месечина опфаќа простор од околу пола степен, па според тоа ореолот би се протегал на простор кој е 44 пати поголем од неа. Ова се случува бидејќи кристалите го искривуваат оригиналниот пат на светлината под агол од 22 степени.Феноменот ореол околу месечинатаФеноменот ореол околу месечинатаФеноменот ореол околу месечинатаФеноменот ореол околу месечината
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Необични формации на облаци

    Необични формации на облаци

    Небото отсекогаш било константен извор на фасцинација за луѓето. Облаците се само еден дел од зачудувачките случувања кои можат да бидат забележани во текот на денот. Тие се појавуваат во различни големини, облици и бои и нивното создавање било проучувано од страна на метеоролозите со векови. rnrnЛентикуларните облаци се едни од овие необични формации. Тие настануваат на многу големи височини најчесто околу планини, во области каде што има стабилна влажност на воздухот.rnrnНеобични формации на облациНеобични формации на облациrnrnОблаците „undulatus asperatus“ или накратко, асператус се формации кои биле предложени како посебна категорија во 2009 година. Во буквален превод името на овие облаци значи вознемирени или нервозни. И покрај тоа што на прв поглед изгледаат темно и како да се дел од бура во формирање, всушност тие многу брзо исчезнуваат.rnrnНеобични формации на облациНеобични формации на облациrnrnМногу интересен феномен на вечерното небо се и ноктилусентните (ноќни) облаци. Тие се одликуваат со многу светли и силни поларни слоеви наречени мезосферични облаци во горната атмосфера, кои се видливи само за време на најтемните летни ноќи. Тие се издвојуваат од останатите бидејќи се составени од кристали од воден лед. Името на овие облаци во буквален превод значи вечерно сјаење на латински.rnrnНеобични формации на облациrnrnОблаците со голема дупка во средината, исто така познати и како облаци со дупка од удар или облаци со канали се формираат во ситуации кога температурата на водата е под степенот на мрзнење, но таа сè уште не замрзнала затоа што има недостаток од ледени нуклеациски честички. Кога еден дел од водата ќе почне да замрзнува, започнува еден вид домино ефект предизвикувајќи испарување на водата во одредени делови и оставајќи дупка позади себе во облаците.rnrnНеобични формации на облациrnrnОблаците Маматус се уникатна формација, при што се појавуваат мали облачиња под големиот облак. Во превод „mammatus“ на латински значи „града“ и тие го добиле своето име по несекојдневната сличност со женските гради.rnrnНеобични формации на облациНеобични формации на облациrnrnБрановидните облаци се создаваат од внатрешните бранови на атмосферата. Овие формации на облаци можат да настанат во области каде што има стабилен проток на воздухот околу повисоки површини како планинските предели.rnrnНеобични формации на облациНеобични формации на облациrnrnЕдни од најинтересните формации на облаци, воедно и најуникатните се иридисцентните облаци. Станува збор за многу редок феномен, кој на некој начин наликува на виножито каде што се забележуваат силни пастелни бои околу облаците. Тие настануваат со дифракција на мали водени капки ледени кристали кои индивидуално ја распрскуваат светлината. Иридисцентноста најчесто се појавува во близина на сонцето, но најдобро се забележуваат само доколку сонцето е скриено позади дрвја или згради.rnrnНеобични формации на облациrnrnКружните облаци се ниски, хоризонтални и цилиндрични формации. Дури и кога има други „обични“ облаци на небото, тие се целосно одделени од нив. Интересно е што кружните облаци изгледаат како да се тркалаат по небото додека се движат.rnrnНеобични формации на облациНеобични формации на облациrnrnОблаците во форма на полици се ниски хоризонтални облаци кои малку наликуваат на кружните, но за разлика од нив тие се споени до базичниот облак, кој најчесто е бура со грмотевици. Оние кои ги забележале овие облаци велат дека многу им наликувале на огромен ѕид на небото.rnrnНеобични формации на облациНеобични формации на облациrnrnОгнените облаци се густи формации кои се поврзуваат со оган или вулканска активност. Тие по состав се многу слични на облаците од бурите со грмотевици, а настануваат со интензивно загревање на воздухот од површината.rnrnНеобични формации на облациrnrnОдредена група облаци наречени актиноформ можат да заземат многу исклучителна форма. Тие се простираат и до 300 километри на небото, а од вселената наликуваат на лист од дрво. Понекогаш формираат и „возови“ кои се и до 6 пати поголеми од „обичен“ облак, но сепак успеваат да го задржат својот карактеристичен идентитет.rnrnНеобични формации на облациrnrnПоларните стратосферични облаци се наоѓаат во зимската поларна стратосфера на височини помеѓу 15.000 и 20.000 метри. Тие обично се формираат во озонските дупки, и со помош на хемиските реакции при кои се продуцира активен хлор го намалуваат озонското уништување.rnrnНеобични формации на облациrnrnОблаците во форма на капа/шал се мали и хоризонтални и се наоѓаат над одредени облаци така што изгледаат како нивна обвивка. Тие најчесто се и индикатори на невреме и можат да бидат забележани само од високите слоеви на атмосферата.rnrnНеобични формации на облациrnrnОблаците наречени утринска гордост се редок метеоролошки феномен кој може да биде забележан на различни локации околу светот. Овие формации на облаците можат да бидат и до 1.000 километри долги, со висини до 2 километри и најчесто се наоѓаат на околу 100-200 метри над земјата. Обично се формира само еден ваков облак, но понекогаш може да се забележат и до 8 паралелни формации.rnrnНеобични формации на облациrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.