Велигденските празнувања се на чекор од нас. Како секоја пролет досега, така и оваа ќе ни донесе слободно време кое можеме да го посветиме на семејството и на многуте традиционални обичаи на кои најмногу се радуваат дечињата. Затоа ви предлагаме убаво да ги осмислите слободните активности со нив. Со малку фантазија и многу љубов, вработете ги вредните рачиња и од кујната направете вистинска работилница од која не само што ќе произлезат неверојатни дела туку и ќе поминете квалитетно и незаборавно дружење со вашите најмили.rnrn
rnrnПокрај празничното фарбање на велигденските јајца, работилницата можете да ја засладите со декорирање на нешто многу вкусно. Готовата мешавина за подготовка на мафини од Fantasia е толку едноставна што и самите дечиња ќе се снајдат и ќе можат да ги подготват за печење. Инаку Fantasia е линија на полуготови мешавини за подготовка на десерти, произведена од македонската компанија за кондиторски производи Макпрогрес и овозможува брза и лесна подготовка на мафини, колачи, палачинки, вафли и крекери, како и широка палета на додатоци за декорирање на десерти и додатоци за печење.rnrnНо, најинтересниот дел доаѓа со декорирањето на тема Велигден. Ви предлагаме фантазијата да им ја препуштите исклучиво на децата, па дури и по цена на малку повеќе извалкани кујнски елементи и чинии. А за овој дел од работата Фантазија има подготвено посебна линија на производи наменети токму за декорирање составена од фондан во три бои (сина, бела и розова), какао капки, шарени трошки и лушпи за декорација.rnrnЗа да ве поттикнеме вас но и малите прстиња, во продолжение ви предлагаме неколку интересни тематски декорации.rnrn[column col=”1/3″]
[/column]rn[column col=”1/3″]
[/column]rn[column col=”1/3″]
[/column]rnrn
Tag: Fantasia
-

Велигденските празници се ближат, Фантазија ви предлага забавни активности со вашите најмали
-

За сите ние што не знаеме да правиме палачинки
Веројатно не постои некој што не сака палачинки. Тоа слатко тенко тесто што неодоливо нѐ потсетува на детството и на топлината на домот во кој ни ги подготвувале нашите мајки, тетки и баби.rnrn
rnrnА кога ќе пораснеме ги јадеме сѐ поретко. Знаете зошто?! Затоа што е проклето тешко да се направат!rnrnНавидум наједноставниот домашен десерт е извор на фрустрации на многу луѓе, од момчињата што сакаат да ги изненадат своите девојки, до мајки и баби што сакаат да ги израдуваат дечињата… Сигурно и вие барем еднаш сте биле на работ да го фрлите тавчето низ прозорец по безбројните неуспешни обиди да ја погодите смесата и конечно да извадите барем една добра, округла и непрепечена палачинка.rnrn
rnrnИ знаете што?! Мнозинство сме, и не се срамиме да признаеме! Навистина повеќето од нас не знаат да направат палачинки и затоа оваа вест е радост за сите нас – македонскиот бренд „Фантазија“ ни нуди генијални полуготови смеси за палачинки и вафли со кои практично не можете да направите утка. Нема хаос во кујната, нема „повеќе млеко требаше изгледа“, нема гладни усти и разочарани лица.rnrnА, толку се вкусни…rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=GsxM_jJ8ys4rnrnБуквално сѐ што ви треба е еден сад, едно јајце и едно добро тавче. Техниката со текот на времето ќе ја совладате, сега кога смесата е доведена до совршенство.rnrnЖивотот е малку попразен без вкусни палачинки, зошто да го живеете така?! Изненадете ги саканите, направете им неочекуван појадок или вечера, па зошто да не и ручек со превкусни палачинки, и бројте ги насмевките кои ќе ги добиете.rnrnПалачинките од Фантазија се секогаш радост!rnrn
rnrn -

Вечерно дружење со омилената серија и омилените солени мафини!
Има ли подобро нешто од вечер помината во домашен амбиент со нов филм или нова епизода од омилената серија?! Ако немате листа со филмски наслови што ја дополнувате со препораки од пријателите, би можеле да ви го олесниме изборот со неколку тематски предлози.rnrn
rnrnМожете, на пример, да одберете филм со вашиот омилен актер, актерка или режисер, едноставно впишувајќи го името на познатиот филмски сајт IMDB каде се содржани сите филмови од кариерата на тој лик. Или организирајте вечер на Оскари, па бирајте само филмови кои добиле Оскар за најдобар филм низ годините. Интересна опција за избор се филмови што обработуваат теми поврзани со историски настани, базирани на вистинити приказни, биографии или едноставно филмови со зборот што во насловот го содржат зборот – љубов.rnrnНо, што би била филмска вечер без солени грицки?! Кога веќе ви помогнавме околу изборот на филмот, дозволете ни да ви препорачаме и вкусна и здрава замена за популарната, но нездрава занимација пред ТВ. Да ги замените нездравите грицки со вистинска солена закуска, по ваш вкус.rnrn
rnrnВи предлагаме пица мафини Фантазија. Потребни ви се неколку состојки и само триесетина минути за подготовка, а резултатот е вкусен оброк за целото семејство.rnrnНа следниов линк може да погледнете видео со целата подготовка на мафините.rnrnАко не ви се погоди филмот, барем бидете сигурни дека сте си го погодиле вкусот.