Човечкиот мозок произведува од 12.000 до 50.000 мисли во текот на денот. Тоа самото по себе е неверојатно! Но, сè уште не знаеме што сè е способен нашиот мозок да направи. Во продолжение ви претставуваме неколку интересни психолошки факти кои откриваат особини што можеби и вие ќе ги препознаете кај себе.rnrn
rn
1. Заборавеноста е знак за висока интелигенција
rnДобрата меморија изгледа дека е една од нашите најсилни и најпозитивни одлики. Но, научниците потврдиле дека заборавањето е исто толку важно како и запомнувањето. Лошата меморија е всушност механизам за ослободување место за порелевантни информации и овозможување мозокот да не троши место и енергија.rn
2. Одбивањето може да се доживее како физичка болка
rnНеврологијата открила дека одбивањето боли исто како физичка болка. Реакцијата за емоционалната и физичката болка се многу слични, и во двата случаи се ослободува истата природна хемиска реакција.rn
3. Црвено-зелена и сино-жолта – бои кои постојат, но ние не можеме да ги видиме
rnЦрвено-зелена боја постои и не е кафена или она што може да се види кога би ги измешале овие две нијанси. Исто така, жолтеникаво-сината не е зелена. Доколку се обидете да ги замислете овие бои, можеби нема да можете затоа што немате појдовна основа во вашиот мозок. Но, тие навистина постојат и се наречени „забранети бои“. Ние едноставно не можеме да ги видиме и тоа е нормално поради особеностите на човечкото перципирање на боите.rn
4. Стабилноста ги гасне вашите мозочни центри за учење
rnАко се жалите дека вашиот живот е нестабилен, треба да знаете дека тие услови ви помагаат да се подобрите како личност. И тоа е одлично! Научниците потврдија дека ако не сте надвор од вашата удобна зона, вие не учите.rn
5. Можете да запомните околу 3-4 работи одеднаш
rnВоопшто не изненадува фактот што ги забораваме дури и важните работи кои треба да ги направиме кога имаме голема листа на задачи. Ние сме способни да запомниме само 4 нешта одеднаш. И тоа е научно докажано!rn
6. 85% од тоа што сме загрижени дека ќе се случи всушност никогаш не се случува
rnНаучниците докажале дека мислите кои се негативни и само си ги замислуваме, скоро никогаш не се остваруваат. Во едно истражување, луѓето требале да ги запишат нивните грижи за подолг временски период. По проверката, околу 85% од нештата за кои субјектите биле загрижени никогаш не се случиле.rn
7. Колку сме посреќни, толку помалку спиење ни е потребно
rnКолку сте посреќни, толку помалку сон ви треба за да функционирате нормално секојдневно. Изгледа тагата ја зголемува потребата за подолго спиење, додека пак, среќата функционира на спротивен начин.rn
8. Силните емоции можат да создадат лажни сеќавања
rnНашата меморија е многу покршлива отколку што мислиме. Ние сме многу подложни на грешки и некои сугестии можат да активираат лажни сеќавања. Во еден експеримент, 25% од сите испитаници биле наведени да веруваат во лажно сеќавање дека како деца еднаш биле изгубени во трговски центар.rn
9. Вашите фобии можат да бидат сеќавања пренесени низ гените од вашите предци
rnСеќавањата и некои фобии можат да бидат пренесени од една генерација на друга низ генетски промени. Ако не знаете или немате ниту една причина поради која би се плашеле од пливање, тоа можеби било пренесено од вашите предци.rn
10. Луѓето се поискрени кога се уморни
rnКога сте физички уморни вие не сте внимателни со вашите зборови. Ова е нормално и исто така е причина зошто луѓето признаваат многу работи во текот на ноќните разговори. Исто така на луѓето полесно им е да лажат во попладневните часови затоа што тогаш имаат повеќе контрола. Доколку сакате да зачувате тајна, подобро е да немате долги ноќни разговори со вашите пријатели.rn
11. Трошењето пари за другите ве прави посреќни
rnТрошењето пари е исто толку важно колку и нивното заработување, но посебно важно е трошењето пари за другите. Тоа може да има позитивно влијание на вашата среќа отколку трошењето за себеси. Секако, не би смееле потполно да заборавиме на самите нас, а да се грижиме само за другите.rn
12. Луѓето помеѓу 18 и 33 години се најмногу под стрес
rnСпоред истражувачите, луѓето се најмногу под стрес од 18-тата до 33-тата година од животот. После 33-тата година нивото на стрес почнува да се намалува. Жените исто така изјавуваат дека доживуваат повеќе стрес од мажите.rn
13. Тие што лажат подобро се подобри во откривање лаги
rnПсихолошките и невролошките теории укажуваат дека оној што може да лаже совршено е исто толку добар и во откривањето на лагите. Тајната на овие луѓе е во нивната способност да мислат за тоа што некој други можеби размислува.rn
14. Потребни се само 4 минути за да се сфатиме дека некој ни се допаѓа и да се заљубиме
rnПотребни се помеѓу 90 секунди и 4 минути за да одлучиме дали некој нè привлекува. Но, тоа не е поврзано со разговарањето. Ние тоа го дознавме преку говорот на телото и тонот на гласот. Само 7% е преку тоа што го изговараме.rn
15. До 90% од луѓето страдаат од фантомски симптом на вибрирање
rn9 од 10 луѓе го имаат овој синдром. Тие мислат дека нивниот мобилен телефон им вибрира во џебот, а всушност ништо не се случува.rn
16. Колку повеќе избори имате, толку е помалку веројатно дека ќе направите избор
rnОва се нарекува „Парадокс на изборот“. Експертите објаснуваат дека доколку мноштвото избори се зголемува, почнуваат да се појавуваат негативни аспекти. Се мисли дека слободата на изборот нè парализира.rn
17. Чоколадото може да ве направи посреќни од вљубувањето
rnНаучниците изјавуваат дека еден ред чоколадо ги поттикнува сензациите кои носат повеќе задоволство отколку слушањето на вашата омилена музика, добивање лото или вљубување. Доказите кои го докажале ова се содржани во детекторите кои ги следеле промените на активноста во површината на мозокот.rnrnДали овие факти се доволно занимливи? Во колку од нив можете да се пронајдете? Прочитајте ги и овие корисни психолошки факти кои секојдневно ги гледаме, но не ги забележуваме.rn
Автор: Наталија Наумовска



rnrn
rnrnНаполеон ја одобрил изградбата на споменикот во 1806-та година, две години откако се прогласил за „Император на Французите“. Пред неговото крунисување, тој бил активен во француските политички и воени афери. По успехот од Француската револуција во 1799-та година, тој презел контрола над Франција и започнал голем број војни кои станале познати како Наполеонови војни.rnrnЗа да ги почести оние кои се бореле и умреле во овие битки, тој ја предложил изградбата на портата. Како што било очекувано, овој проект одзел многу време. Портата била завршена во 1836-та година, 15 години по смртта на Наполеон.rn
rnrnКога го замислувал споменикот, Наполеон барал инспирација во древен Рим. Архитектот на портата, Жан Франсоа Шалгрин бил инспириран од Портата на Тит, структура од 1-виот век изградена во чест на римскиот император Тит.rnrnСо висина од 50 метри, Триумфалната порта е многу повисока од онаа на Тит. Покрај тоа, нејзиниот дизајн е покомплициран од древната инспирација. На основата има четири скулптурни групи – Влегувањето на Наполеон, Заминувањето на волонтерите, Освојувањето на Александрија и Битката кај Аустерлиц. На врвот на споменикот има 30 штитови изгравирани со листа од големите француски победи, додека во внатрешните ѕидови има имиња на 660 луѓе, вклучувајќи и 558 генерали.rn
rnrnТриумфалната порта му дава почит и на еден маж кој се борел во Првата светска војна. За разлика од останатите луѓе, неговото име го нема на споменикот. Имено, неговиот идентитет е целосно непознат.rnrnПод портата се наоѓа Гробницата на неименуваниот војник. Тој бил погребан во 1920-та година. Со цел да се симболизира француската почит кон непознатиот војник и сите кои се бореле и умреле во двете светски војни, на врвот од гробот има вечен пламен. Горејќи од 1923-та година, овој оган ја осветлува важноста од почитувањето на анонимните борци.rn
rnrnКога Наполеон ја замислувал градбата, имал идеја и за локацијата – западниот крај на познатата улица Шанзелизе. Овде се среќаваат неколку асфалтирани патишта, кои формираат ѕвезда. Поради ова, местото по некое време било наречено Place de l’Ètoile (Плоштад на ѕвездата).rnrnВо средината на 19-тиот век, оваа ѕвезда била одново дизајнирана од Наполеон III, како дел од неговиот проект за реконструкција на Париз. Новото место ја задржало историската форма, но наместо мали патишта, од плоштадот „излегуваат“ 12 нови авении. Во 1970-та година, плоштадот бил преименуван во Шарл де Гол во чест на починатиот претседател на Франција.rn
rnrnВо 1989-та година била изградена уште една порта на Шанзелизе. Овој споменик е модерен осврт на традиционалната порта – и со дизајнот и си симболиката.rnrnСо висина од 109 метри, оваа структура во форма на коцка на некој начин ја рефлектира Триумфалната порта. Она што го разликува споменикот од неокласичниот „близнак“ е намерата зад неговата изградба. Наместо да се фокусира на француските воени победи, оваа модерна порта ја слави разновидноста на Франција и претставува „прозорец кон светот“ и е „место каде што луѓето од разни позадини и култури можат да се среќаваат“ – идеален модел за модерна Франција.rnrnПрочитајте ја и 
rnrnРодена од пената на водите во Кипар, постојат неколку приказни за потеклото на Афродита. Според Хесиод, таа се родила од морската пена која се создала откако Крон ги фрлил гениталиите на Уран во морето. Но според Хомер, Афродита е ќерка на Зевс и Диона. Без разлика како настанала во светот на грчката митологија, божицата на љубовта и убавината е најпозната по нејзиниот неверојатен изглед. Истовремено, таа е моќно бесмртно битие кое може да ја раздвижи романсата помеѓу боговите и смртниците. Во продолжение прочитајте ги најубавите факти за Афродита што можеби не сте ги знаеле.rn

rnrnХоливуд има големо влијание врз прославувањето на егзорцизмот во поп културата, со филмовите кои наводно се направени според вистински приказни. Како резултат, во 1970-тите имало пораст на изведени егзорцизми за речиси 50%. Во продолжение погледнете неколку интересни факти за егзорцизмот што веројатно не сте ги знаеле.rnrn
rnrnЕдно социјално истражување го проучувало феноменот на озборување и покажало дека секој ден, минуваме по еден час во оваа активност. Покрај ова откритие, истражувањето срушило и многу митови за озборувањето во кои повеќето од нас веруваат.rnrnВо научна смисла, озборувањето се дефинира како разговор за личност која не е присутна. Овој разговор може да биде позитивен, негативен или неутрален.rnrnНаучниците од американскиот Универзитет Риверсајд го проучувале истражувањето и откриле навистина интересни работи.rnrnВо истражувањето, за озборување се сметал и разговорот за јавните ликови, а токму ова го зголемува дневното количество на озборување во нашиот живот. Според ова, 14% од сите разговори во текот на денот се всушност озборувања.rnrnКога станува збор за видот на озборување, 3/4 од разговорите биле неутрални, но имало многу повеќе негативни отколку позитивни озборувања.rnrnЖените и социјалните луѓе озборувале најмногу, но само кога станувало збор за неутралните озборувања. Кога станува збор за негативните, и мажите и жените озборувале подеднакво.rnrnКога станува збор за социјалниот статус на озборувањето, тоа е исто застапено во сите социјални слоеви. Од ова можеме да заклучиме дека озборувањето навистина е сеприсутно.rnrnПогледнете и кои се 
rnrnКако млад вајар, Микеланџело им го привлекол вниманието на неколку важни патрони така што го претставил негово дело како антиквитет од древна Грција. Кога имал само 19 години, тој ја направил сега изгубената скулптура „Заспаниот Купидон“, а потоа работел со член од моќното семејство Медичи за да ја направи скулптурата како антиквитет. Младиот уметник дури и ја закопал мермерната скулптура за да изгледа старо и истрошено.rnrnИако ова му помогнало да ја продаде скулптурата поскапо, истовремено му го привлекло вниманието на важен колекционер. За време на италијанската ренесанса, копирањето класични уметнички дела не било нешто лошо, туку покажување талент. Па кога кардинал Рафаело Риарио ја купил скулптурата и ја открил измамата, не бил разочаран. Наместо тоа, тој го поканил Микеланџело во Рим да работи за него. Токму оваа покана ја лансирала кариерата на уметникот.rn
rnrnМикеланџело не бил само вајар, сликар и архитект, тој бил и признат поет кој напишал стотици сонети и мадригали. Напишани во форма на писмо, неговите поеми често биле адресирани до пријатели и содржеле теми за љубовта, и кон мажите и кон жените. Всушност, поради хомоеротската природа на дел од поезијата, половите биле заменети кога во 17-тиот век неговите дела биле постхумно објавени. Подоцнежните преводи на англиски ги имале оригиналните заменки, а поемите биле навистина популарни во Викторијанската ера.rn
rnrnСкулптурата „Давид“, ремек-дело со висина од 5 метри, стана симбол на италијанската ренесанса. Направен за да го краси врвот на главната црква во Фиренца, огромните пропорции на фигурата го привлекуваат сечие внимание од далечина. Но работењето со мермер не била лесна работа бидејќи материјалот бил скап, а истовремено се кршел лесно доколку уметникот не бил искусен. Мермерот искористен за „Давид“ си има своја интересна приказна.rnrnПарчето било крстено „Џинот“ поради неговата големина и оригинално го купил друг уметник кој требало да направи скулптура за црквата. Поради непознати причини, уметникот едвај почнал и никогаш не ја завршил скулптурата, па мермерот останал во дворот на црквата. Цели 40 години, парчето мермер стоело во дворот, кога од црквата одлучиле дека било штета да стои така. Иако многу уметници, вклучувајќи го и да Винчи, го разгледувале мермерот, токму Микеланџело ја имал честа да го добие. Тогаш имал 26 години.rnrnПродолжува на