Моцарт, Бах, Хендел, Вивалди, Чајковски… се познати како најголеми музички генијалци, па дури и ден-денес се краде од нивните дела. Напишале илјадници опери, валцери, полонези и ако мислите дека не знаете ниту една песна од некој од нив, голема е веројатноста дека се лажете. Тие дела се буквално насекаде околу нас. Но и тие, покрај сè, биле само луѓе. Имале љубовници, нереални стравови, комплицирани карактери и околу нивните биографии се врзани чудни и интересни приказни.rnrn
Јохан Себастијан Бах е германски композитор и органист кој творел во периодот на барокот. Toj е меѓу најплодните од сите големи композитори – за 65 години направил околу 1.200 музички дела и 20 деца. Марија Барбара му е прва жена и втора братучетка истовремено. Се претпоставува дека добар дел од делата на Бах се всушност напишани од неговата втора жена Ана Магдалена, која притоа нашла време да му роди и 13 деца. Форензичарска реконструкција на лицето на Бах покажала дека тој имал огромна брада и подбрадок, а на големата глава кратка седа коса.rnrnГеорг Фридрих Хендл ја напишал операта „Александар“, а неговата композиција „Сарабанда“ е клучна тема во филмот „Бери Линдон“ на Стенли Кјубрик. Пред да умре го изгубил видот од катаракт или народски кажано „старечко перде“.rnrnАнтонио Вивалди е венецијански композитор,
виртуоз на виолина и свештеник. Антонио е често италијанско име и означува „првороден“, што е комплетно во контекст со ситуацијата во семејството Вивалди – барокниот музичар бил најстар од деветте деца. Бил вообразен и арогантен. Вивалди тврдел дека тој може да искомпонира концертот побргу отколку што е потребно да се ископира. Најпознато дело му е „Четири годишни времиња“ или во оригинал Le quattro stagioni – исто како и популарниот тип на пица. Го викале Црвениот свештеник затоа што косата му била исклучително црвена. Од еден до два отсто од популацијата има таква боја на косата. Друштво во групата црвенокоси му прават и Ленин, Черчил, Клеопатра, Марк Твен.rnrn
rnrnВолфганг Амадеус Моцарт, австриски композитор и истовремено еден од најпознатите композитори на класична музика. Умрел на 35 години, а постојат повеќе теории околу неговата смрт меѓу која и тоа дека го отрул својот колега Антоние Салиери. Сепак, ова е најверојатно невистинито затоа што симптомите не се совпаѓале со труењето. А Салиери длабоко погоден од обвинувањата подоцна доживеал нервен слом.rnrn
Ричард Вагнер е германски композитор, диригент, кој творел во периодот на романтизмот. Ја напишал најдолгата опера во светот, која трае повеќе од 18 часа. Бил познат антисемитист и омилен композитор на Хитлер. Покрај Вагнер, на плејлистата на нацистичкиот диктатор се и Бетовен, Моцарт и Антон Брукнер. Втората жена на Вагнер е ќерката на Франц Лист. Американците се венчаваат со музиката на Вагнер и со неговото дело „Свадбениот марш“.rnrnПетар Илич Чајковски е руски композитор од периодот на романтизмот. Пред комплетно да се посвети на музиката, работел како службеник во министерство за правда. Ги напишал делата „Лебедово езеро“, „Оревокршачка“ и „Заспаната убавица“. Се смета дека имал хомосексуални тенденции. Една од шпекулациите околу негова смрт е дека се отрул со арсеник.
rnrnИгор Стравински е руски композитор кој има и своја ѕвезда на холивудската патека на славните. Барајте ја на 6340 Холивуд булевар. Бил низок и не многу привлечен човек, но успеал во кревет да однесе многу жени меѓу кои и модната икона Коко Шанел.rnrnСписанието „Тајм“ го избра за еден од 100-те највлијателни луѓе на минатиот век, заедно со Опра Винфри, Стивен Спилберг, Арета Френклин, Винстон Черчил… И Коко Шанел е на истата листа. Постхумно доби и „Греми“ за животно дело. Стравински бил и познат хипохондрик. Откако на еден од неговите синови му било извадено слепото црево, Стравински го направил истиот зафат и на себе.rnrn
Фредерик Шопен е полски композитор и пијанист. На седум години ги искомпонирал првите две полонези, а веќе на 10 години професорот по пијано му кажал дека нема на што повеќе да го научи. Имал исклучително добра смисла за хумор. Одреден период носел брада само на една страна од лицето. Умрел на само 39 години, а погребан е на гробиштата „Пер Лажез“ во Париз каде што се и Џим Морисон, Оскар Вајлд и Едит Пјаф. Најмногу го ужасувала помислата дека може да биде закопан жив.rnrnКарл Орф е германски композитор кој творел во 20 век. Неговото најпознато дело „Кармина бурана“ е искористена во филмови, на пример, во хоророт „Деца на пченките“ и во „Родени убијци“. Се женел четири пари, а го опишуваат како вечен адолесцент – себичен и неодговорен.rnrn
rnrnЏорџ Гершвин е американски композитор кој во своите дела правел фузија на модерни жанрови со класика. Во Македонија неговото најпознато дело често го преведуваат како „Рапсодија во сино“, но поправилен превод на името е „Тажна рапсодија“. Весникот „Гардијан“ проценува дека Гершвин е најбогатиот композитор во историјата на музиката. Сите пари ги наследила мајка му.rnrnЈохан Штраус е австриски композитор кој бил познат како „крал на валцерите“. Негово најпознато дело е „На убавиот син Дунав“. Композиторот бил инспирација за режисерот Алфред Хичког, за Волт Дизни, а се јавува како спореден лик и во делото „Мајсторот и маргарита“ на Михаил Булгаков.rnrnrnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn


Сакате да ја дознаете тајната на вашата сосетка која има прекрасни цвеќиња во својот двор, но секогаш кога ќе ја прашате во што се состои нејзиниот успех, таа само учтиво ви се насмевнува. Утре, насмевнете и се и вие неа.
Земете го талогот од вашето утринско кафе и пропрскајте го земјиштето во коренот на вашите растенија. Ова ќе ги оттргне полжавите од џвакање на вашата градина.
Како надоврзување на претходното, комбинацијата од кафе и шеќер може да им помогне и на растенијата кои се чуваат во саксија, во домашни услови.
Доколку ги нахраните вашите цвеќиња со оваа смеса и секако, доколку редовно ги наводнувате, можете да им ја вратите живоста и бојата, откако свенале и пожолтеле за време на зимата.
Можеби уживате да бидете заглавени во кујната и да подготвувате интересни јадења за домашните и за вашите пријатели. Доколку тие немаат ништо против, не избегнувајте ги кромидот и лукот само заради тоа што подоцна ќе мирисате на нив.rnrnПосле готвењето постапете вака: најпрво потопете ги рацете во топла вода. Потоа, ставете течен сапун на едната рака и врз него ставете сол или подобро, талог од кафе. Тријте ги рацете една од друга една минута, а потоа плакнете ги врз мијалникот од не`рѓосувачки челик. Ако миризбата е сè уште тука, можеби ќе треба да се обидете уште еднаш.rnrnНе мора цел ден да ја носите кујната со вас, ослободете се од неа веднаш по готвењето. Ако го употребите овој трик, ќе забележите дека рацете ќе ви омекнат како кадифе.
Ако пак практикувате да јадете некој од овие зеленчуци, добро размислете како ќе постапите пред да излезете на кафе со пријателите или колегите. Најдобро е да не јадете кромид или лук пред излегување, но ублажување на лошата миризба ќе направите со шолја кафе. Доколку не ви е грозно, земете една лажичка неприготвено кафе и џвакајте го некое време во устата. Други природни отстранувачи на лошата миризба од кромид и лук се магдоносот и лимонот.rnrnСо оглед на шансите, подобро е да не успеете да ги избркате вампирите отколку да ги избркате пријателите :).rnrn 
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
Без разлика дали сте се запрашале или не, ова се 8 факти во врска со фустанот од месо на Лејди Гага кои даваат одговор на неколку логични прашања:rnrn
Еве неколку интересни факти, на кои најверојатно не сте наишле.rnrn1. Најбрзиот модел на Ламборгини, со пријавена брзина од 370 км/ч, е Ле Манс верзијата на моделот Мурчелаго R-GT. Најбрзиот модел на Ламборгини направен за улично возење е Мурчелаго LP640 со пријавена брзина од 340 км/ч. Двата модела се со V12 мотор, со повеќе од 6000 кубика.rnrn
2. Ламборгини на почетокот опстојувал како самостоен производител, но во 1978 компанијата банкротирала и била купена од Крајслер. Од 1998 година, па сѐ до денеска, Ламборгини е во сопственост на германската компанија
4. Моделите Каунтач, Диабло и Мурчелаго имаат крилни врати, (можат да се ротираат нагоре и странично) само Гаљардото нема. Диаблото и Каунтачот повеќе не се произведуваат, па така Мурчелагото е единствениот модел кој се произведува со препознатливите крилни врати.rnrn

5. Не постои Ламборгини со мотор послаб од V8, а повеќето од нив се произведени со мотор V12.
rnrn
rnrnВозможно е да успеете да качите крава по скали, но не е возможно да ја симнете надоле.rnrn
rnrnЖелките можат да дишат со задникот.rnrn
rnrn99% од такси возилата во Њујорк превезуваат неодамна пристигнати имигранти.rnrn
rnrnСлонот е единственото животно кое не може да скока, a има 4 колена.rnrn
rnrnЖените трепкаат речиси двојно повеќе од мажите.rnrn
rnrnПолжавот може да спие цели 3 години.rnrn
rnrnЕлектричната столица ја измислил забар.rnrn
rnrnЗапалката за цигари била измислена пред кибритот.rnrn
rnrnГолемината на очите останува иста во текот на целиот живот, од самото раѓање. Затоа пак, ушите и носот никогаш не престануваат да растат.rnrn
rnrnПроцентот на луѓе кои сонувале во црно-бела слика, значително се намалил со појавата на телевизорите во боја.rnrn
rnrnИзградбата на бродот Титаник чинела седум милиони долари, а правењето филм за него чинелo двесте милиони долари.rnrn
rnrnЗвукот кој го слушаме кога ќе приближиме школка до нашето уво не се бранови од океан, туку циркулирањето на крвта низ вените во увото.rnrn
rnrnФизички е неизводливо човек да си го лизне лакотот, чест на исклучоците.rnrn
rnrnРечиси секој кој го чита ова ќе проба да си го лизне лактот :)rnrnГо прочитавте 
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn rnrn
rnrnЛуѓето кои пишуваат со десна рака најчесто ја џвакаат храната на десна страна, а леваците џвакаат на лева.rnrn
rnrnВозможно е да не плачете додека лупите кромид, доколку истовремено џвакате и мастика.rnrn
rnrnСокот од боровинки ја зајакнува меморијата.rnrn
rnrnЗеницата на окото се проширува за 45% кога гледаме во нешто кое ни се допаѓа.rnrn
rnrnДецата на шест годишна возраст се смеат просечно по 300 пати на ден, а возрасните само 13 пати.rnrn
rnrnЛуѓето и делфините се единствени суштества кои имаат секс за задоволство.rnrn
rnrnМорските ѕвезди немаат мозокrnrn
rnrnПовеќе калории се убиваат во текот на спиењето, одошто при гледањето телевизија.rnrn
rnrnПрв производ кој имал бар код се мастиките Вриглис.rnrn
rnrnВенера е единствената планета која ротира во насока на стрелките на часовникот.rnrn
rnrnКонсумирањето јаболко наутро има поголем ефект во освестувањето од кафето.rnrn
rnrnПрашината во вашиот дом во најголем дел се создава од мртвите ткива на кожата.rnrn
rnrnСите досегашни американски претседатели носеле очила за гледање, само некои од нив не сакале да бидат видени со нив во јавност.rnrn
rnrnВолт Дизни се плашел од глувци.rnrn
rnrnПрочитајте го и