КАФЕ ПАУЗА

Tag: факти

  • 10 интересни факти за костените

    10 интересни факти за костените

    Костените често се составен дел од нашата празнична трпеза, особено за Бадник, а тоа е сигурно поврзано со неговата симболика.rnrn10 интересни факти за костенитеrnrnВо продолжение прочитајте 10 сознанија за овој вкусен призвод, кои сигурно ќе ве натераат да си купите костени и да уживате во нивниот неверојатен вкус.rn

      rn 011

    1. Костените се одгледуваат повеќе од 4.000 години.
    2. rn 011

    3. За Христијаните, костенот ја симболизира чистотата.
    4. rn 011

    5. Во Турција и делови од Европа и Азија, костенот ги заменил житарките бидејќи е богат извор на јаглехидрати.
    6. rn 011

    7. Во Јапонија, Италија и Франција, костенот традиционално се смета за храна на сиромашните.
    8. rn 011

    9. Костенот е единствениот јаткаст производ што содржи витамин Ц (100 г костени обезбедуваат 40% од дневните потреби од овој витамин).
    10. rn 011

    11. Во Јапонија костенот е симбол на мајсторијата и моќта и традиционално се консумира за Нова година.
    12. rn 011

    13. Костенот е популарен во Кина, Кореја, Југоисточна Азија, Турција и некои други европски земји.
    14. rn 011

    15. Кина произведува двојно повеќе костени од својот најголем конкурент, Турција.
    16. rn 011

    17. Најголемото и најстарото костеново дрво расте во Сицилија на планината Етна. Старо е помеѓу 2.000 и 4.000 години, а неговиот дијаметар изнесува скоро 58 метри.
    18. rn 011

    19. Просечниот животен век на костенот е помеѓу 200 и 800 години.
    20. rn

    rnМожеби сакате да ги дознаете и 7-те митови што ве тераат да се откажете од омилената храна.

  • Осум славни историски моменти што всушност не се случиле

    Осум славни историски моменти што всушност не се случиле

    Можеби сте ги прифатиле овие историски случувања како факти, но тие всушност не се целосно точни или се предимензионирани.rn

    1. Нерон не свирел на виолина додека Рим горел

    rnОсум славни историски моменти што всушност не се случилеrnrnОвој римски император од првиот век сигурно не е невин за пожарот кој го зафатил Рим, но тој дефинитивно не музицирал додека градот горел. Историчарите тврдат дека тој дури и не бил во Рим кога започнал пожарот. Според историските податоци тој тогаш бил во Антиум, место кое било околу 50 км оддалечено од градот. Од друга страна, во антички Рим немало такво нешто како виолина. Нерон бил музичар (и наводно сакал да свири на инструмент сличен на харфа наречен китара), но сигурно не свирел инструмент што се појавил дури во 11 век. Еден римски историчар тврди дека, во тој момент, тој можеби го опевал легендарниот пад на Троја, но нема извештаи кои би го потврдиле овој факт.rn

    2. Стаорците не ја рашириле чумата

    rnОсум славни историски моменти што всушност не се случилеrnrnНекои неодамнешни студии откриваат дека стаорците всушност не биле причината поради која во XIV век се раширила чумата во Европа. Истражувачи од Универзитетот во Осло се позанимавале со прашањето за ширењето на оваа смртоносна пандемија и откриле дека има поголема веројатност причинители на брзото ширење да биле паразитите кои пренесуваат болести, а вирееле и меѓу луѓето. Според нив, тезата дека вошки го предизвикале проширувањето на болеста е поверојатен.rn

    3. Ниња, Пинта и Санта Марија всушност не се имињата на бродовите на Кристофер Колумбо

    rnОсум славни историски моменти што всушност не се случилеrnrnЕдинствениот точен факт кој го имале историчарите бил дека тој отпловил на своето историско патување во 1492 година. Сепак тој не ја „открил“ Америка, затоа што таму веќе живееле луѓе и тоа со векови. И тој не бил првиот европски истражувач кој допловил до Северна Америка. Викинзите уште во X век допловиле на канадско копно. Дури и толку споменуваните имиња на бродовите не се точни. Точно е името само на еден, бидејќи во тоа време бродовите биле именувани според светци.rn

    4. Никогаш не паднало јаболко врз главата на Њутн

    rnОсум славни историски моменти што всушност не се случилеrnrnПриказната дека славниот математичар имал откровение за гравитацијата откако му паднало јаболко врз главата е најверојатно „разубавување“ на она што навистина се случило. Првата приказна за јаболкото се појавила во биографијата за Њутн, напишана од неговиот пријател Вилијам Штукели во 1792 година. Во неа тој вели дека идејата за гравитација му паднала на ум на научникот гледајќи како паѓа јаболко, додека седел и размислувал. Историчарите сметаат дека можеби видел како паѓа јаболко, а потоа размислувал зошто се случило тоа, но во ниту еден запис за животот на Њутн не се вели дека му паднало јаболко врз глава.rn

    5. Таканаречените вештерки не биле спалени на клада во Салем

    rnОсум славни историски моменти што всушност не се случилеrnrnНема факти кои го потврдуваат овој настан од XV век. Познати се случаи на каменување до смрт или бесење поради наводно вештерство, но немало спалувања, барем не во Салем. Ваквите наводи се поттикнати од хистеријата против т.н. вештерки која во тој период ја зафатила Европа. Сепак, многу жени во периодот од XV до XVIII век биле изгорени поради бавење со магија. Понекогаш вистината ја победува фикцијата.rn

    6. Бенџамин Френклин не ја открил струјата

    rnОсум славни историски моменти што всушност не се случилеrnrnТој во 1752 год. само ја објавил тезата во која го објаснува својот експеримент. Но, нејзиното постоење веќе било факт за научниците. Ниту тој самиот не потврдил дека дошол до ова откритие туку само го објаснил успешниот експеримент кој го извел.rn

    7. Марија Антоанета не рекла „Нека јадат колачи“

    rnОсум славни историски моменти што всушност не се случилеrnrnКонтроверзната француска кралица никогаш не рекла вакво нешто. Уште претходно луѓе од кралскиот двор живеејќи во декаденција велеле дека сиромашните треба да јадат деликатеси кои не можат да си ги дозволат.rnrnРепликата „Qu’ils mangent de la brioche“ на француски се појавила првпат во биографијата за „великата принцеза“ од Жан Жак Русо во 1767 год.rn

    8. Винсент Ван Гог не си го пресекол увото

    rnОсум славни историски моменти што всушност не се случилеrnrnБарем не целото. Уметникот само го пресекол долниот дел од неговото уво, а причините зошто го направил тоа не се познати. Во тој период тој пател од тешка депресија, па некои историчари тврдат дека тоа го направил по кавга со неговиот колега и соперник Пол Гоген. Но, други велат дека тој го пресекол своето уво откако дознал дека неговиот брат (кој го финансирал неговото творештво) се верил. Едно е сигурно, тој не си ја исекол целата ушна школка, како што се тврди.rnrnМожеби сакате да прочитате и за единствениот историски феномен со кој десет дена од историјата биле избришани.

  • 15 неверојатни факти за животните што може да ги споделите со пријателите

    15 неверојатни факти за животните што може да ги споделите со пријателите

    Кога не ви е денот, секогаш можете да се разведрите со пребарување на интересни видеа со мачки на Интернет. За сите оние на кои мачките не им се омилени, има и содржини со други „крзнени топчиња“, а ние сме тука да ви го разубавиме денот со овие неверојатни факти токму за нив.rn

    1. Мачките не нè сметаат за луѓе. Тие мислат дека сме еднакви на нив, како да сме само други мачки

    rn15 неверојатни факти за животните што може да ги споделите со пријателитеrnrnПреку галењето со главата тие всушност нè поздравуваат како да сме друг припадник од нивниот вид. Ова значи дека според нив, ние сме најголемиот, најгрдиот и најтрапавиот припадник на нивното семејство, но тие нè прифаќаат и нè сакаат такви какви што сме. :)rn

    2. Видрите меѓусебно се држат за раце додека спијат за да не се оддалечат

    rn15 неверојатни факти за животните што може да ги споделите со пријателитеrnrnПонекогаш тие спијат на овој начин и во големи групи со цел да не бидат раздвоени кога минуваат низ бурни води.rn

    3. Популацијата на тигрите е во пораст

    rn15 неверојатни факти за животните што може да ги споделите со пријателитеrnrnОва е апсолутен позитивен факт на денот.rn

    4. Кога се раѓа малечко слонче, слониците од стадото свират со сурлите за да го најават или прослават раѓањето

    rn15 неверојатни факти за животните што може да ги споделите со пријателитеrnrnСлоновите доживотно остануваат во блиски „семејни“ групи составени најчесто од слоници (машките слонови најчесто ги напуштаат групите и се здружуваат со други осамени слонови). Па така, слониците се најчесто присутни кога се раѓа мало слонче.rn

    5. Кучињата киваат додека си играат со вас за да ви покажат дека немаат намера да ве повредат

    rn15 неверојатни факти за животните што може да ги споделите со пријателитеrnrnДали ова го прави и вашето куче?rn

    6. Кравите имаат најдобри пријатели и се посреќни кога се со нив

    rn15 неверојатни факти за животните што може да ги споделите со пријателитеrnrnНаучниците од универзитетот во Нортамптон откриле дека кога кравите се заедно со други крави со кои имаат некаква социјална поврзаност, пулсот им е понизок и се порелаксирани.rn

    7. Пандите повеќе не се сметаат за загрозен вид

    rn15 неверојатни факти за животните што може да ги споделите со пријателитеrnrnДа се биде згрижувач на панда е една од најплатените професии во Кина.rn

    8. Видрите како мали си наоѓаат камче  и го чуваат цел живот

    rn15 неверојатни факти за животните што може да ги споделите со пријателитеrnrnТие го чуваат камчето во наборот од нивната пазува, како во џепче.rnrnОстанатите интересни факти продолжуваат на следната страница…rnrn

  • 12 факти за мистериозниот Антарктик што сигурно не сте ги знаеле

    12 факти за мистериозниот Антарктик што сигурно не сте ги знаеле

    Од сите континенти, Антарктикот е дефинитивно најмистериозен, па поради тоа и најинтересен. Тоа е последниот откриен континент и единствениот кој никогаш немал своја човечка популација, односно луѓе што живеат таму. Антарктикот крие многу изненадување, а ние ви ги откриваме 12-те најинтересни кои сигурно не сте ги чуле досега.rnrnrnrn1. Чиле и Аргентина имаат свои мали градови на Антарктикот – Вила Лас Естрелјас и База Есперанса.rnrn2. Многу земји имаа свој аеродром на Антарктикот, а за пистите користат лед и снег.rnrn3. За Нова година, традиционално се одржува концертот „Icestock“ во местото што е познато како Станица Мекмурдо.rnrn4. По реткиот концерт одржан во 2013 година на Антарктикот, Металика станал првиот бенд што свирел на сите седум континенти.rnrnrnrn5. Истражувачкиот центар Мекмудро има своја куглана од 1961 година.rnrn6. Постои антарктички леден маратон, кој го обожаваат љубителите на трчањето и снегот.rnrn7. Постои и натпревар познат како Полар Планџ, во кој луѓето се бањаат во ледените води на Антарктикот.rnrn8. Можете да се пријавите и за набљудување китови, што се смета за еден од најинтересните активности на Антарктикот.rnrnrnrn9. Научниците често нуркаат по водите на Антарктикот, со цел да истражуваат. Истата можност им е достапна и на туристите.rnrn10. На Антарктикот поларната светлина позната како Аурора Аустралис е честа појава.rnrn11. Хорор филмот „Јужно од разумот“ (South of Sanity) е првиот кој во целост бил снимен на Антарктикот.rnrn12. Антарктикот е едно од најдобрите места за наоѓање метеорити, бидејќи сувата и ладна клима помага тие да бидат совршено зачувани.rnrn

  • Изненадувачки факти за обични нешта поради кои ќе се почувствувате како да сте од друга планета

    Изненадувачки факти за обични нешта поради кои ќе се почувствувате како да сте од друга планета

    Како деца поставуваме многу прашања. Всушност, нашата љубопитност не престанува во ниеден миг, па затоа родителите, наставниците и другите блиски често се изморуваат од смислување одговори. Секако, на некои прашања е и тешко да се даде одговор.rnrnНо, како возрасни имаме премногу големи работи за размислување, па љубопитноста за малите нешта останува потисната во мозокот. Ве предизвикуваме одново да ја разбудите и да се запрашате за некои воопшто неважни секојдневни работи, кои сепак толку ќе ве изненадат што ќе се почувствувате како штотуку да сте дошле од друга планета.rn

    1. Ефектот на црвени очи на фотографиите е предизвикан од крвта што циркулира во позадината на очите.

    rnИзненадувачки факти за обични нешта поради кои ќе се почувствувате како да сте од друга планетаrn

    2. Вашето стапало и вашата подлактица имаат иста должина.

    rnИзненадувачки факти за обични нешта поради кои ќе се почувствувате како да сте од друга планетаrn

    3. 15% од воздухот што го дишеме во метро станиците се состои од човечка кожа.

    rnИзненадувачки факти за обични нешта поради кои ќе се почувствувате како да сте од друга планетаrn

    4. Чоколадото ја содржи истата хемикалија што мозокот ја продуцира кога се заљубуваме.

    rnИзненадувачки факти за обични нешта поради кои ќе се почувствувате како да сте од друга планетаrn

    5. Постои генетска мутација која ја има половина од светската популација што предизвикува прокељот да има многу горчлив вкус.

    rnИзненадувачки факти за обични нешта поради кои ќе се почувствувате како да сте од друга планетаrn

    6. Дизајнерот на актуелното знаме на САД имал 17 години кога го креирал како дел од училиштен проект. Добил 4– за задачата.

    rnИзненадувачки факти за обични нешта поради кои ќе се почувствувате како да сте од друга планетаrn

    7. Рокот на употреба на пластичните шишиња со вода се однесува на шишето, а не на водата што е внатре.

    rnИзненадувачки факти за обични нешта поради кои ќе се почувствувате како да сте од друга планетаrn

    8. Кога би го продале секој орган и хемикалија во вашето тело би заработиле 45 милиони американски долари.

    rnИзненадувачки факти за обични нешта поради кои ќе се почувствувате како да сте од друга планетаrn

    9. Ако маж направи тест за бременост и излезе позитивен, неверојатно има рак на тестисите.

    rnИзненадувачки факти за обични нешта поради кои ќе се почувствувате како да сте од друга планетаrn

    10. Кога вашиот миленик лежи на мешето со задните нозе испружени раширени позади, тој се обидува да се излади.

    rnИзненадувачки факти за обични нешта поради кои ќе се почувствувате како да сте од друга планетаrnrnПродолжува на следната страница…rnrn

  • 23 интересни факти за кучињата што е убаво да се знаат

    23 интересни факти за кучињата што е убаво да се знаат

    Кучињата се најверните пријатели на луѓето. Тоа се покажало во многу наврати, а што знаеме ние за нив? Знаеме дека се одлични чувари на домот, одлично друштво и лек за осаменост, помагаат за опуштање и ослободување од стрес… Што друго вреди да се знае за нив освен што се верни, сакани и мудри? Прочитајте ги во продолжение следните интересни факти за нив.rnrnrnrn1. Вилицата на просечно куче има до 90 килограми притисок, но некои видови раси имаат и појак стисок, достигнувајќи и до 200 килограми!rnrn2. Кучињата имаат 2 пати повеќе мускули за движење отколку луѓето! Користејќи ги овие мускули тие изразуваат преку 100 емоции што ги прави човечкото лице. Оваа извонредна дарба им овозможува да слушаат звуци 4 пати подобро од луѓето.rnrn3. Можат да лоцираат извор на внатрешен звук во 6 стотинки од секундата употребувајќи ги ушите како радар.rnrn4. Можат да разберат до 250 зборови и гестикулации.rnrn5. Се потат само на перничињата од шепите, но се ладат единствено со помош на вода.rnrn6. Отпечатоците од нивните носови се единствени како човечкиот отпечаток на прстите.rnrn7. Кучињата од расата Мопс, поради нивната специфична кратка структура на черепот, многу лесно прегоруваат и страдаат од необичен проблем – испаѓање на очите од очните јаболка.rnrn8. Тие имаат 319 коски што е 112 пати повеќе отколку што имаат луѓето.rnrn9. Кучешката опашка има свој јазик. Кога кучето мавта со својата опашка надесно тоа значи дека е среќно, кога мавта налево – тоа е исплашено! Ниското мавтање е синоним за фактот дека е несигурно, додека брзото движење на опашот проследено со проширени зеници може да укажува на агресија.rnrn10. Можат да направат 10 различни звуци. За споредба, мачките можат речиси 100.rnrn11. Влажноста на носот е од големо значење за кучињата. Благодарение на нејзе можат да одредат од каде доаѓа миризбата. Колку подолг нос имаат, толку е поефикасен нивниот систем за ладење.rnrn12. Басењ е единствената кучешка раса која не лае.rnrn13. Пред да заспијат се вртат на креветот. Најверојатно поради фактот дека во природата оваа инстинктивна акција симболизира криење во висока трева.rnrn14. Еден пар и нивното потомство во само 6 години можат да создадат неверојатни 66.000 нови крзнени топчиња.rnrn15. На некои кучиња дневно им растат и до 30 метри нови влакна!rnrn16. Кучињата Штенци се раѓаат слепи и глуви.rnrn17. Нивниот мирис од 10.000 до 100.000 пати е почувствителен од човечкиот.rnrn18. Чешкиот териер е најретката кучешка раса на светот, во моментот постојат само 350 од нив.rnrn19. Благодарение на специјалната мембрана што се нарекува рефлексивна, кучињата можат да гледаат и во мрак.rnrn20. Нормалната температура на кучињата е помеѓу 37,5 и 39 степени Целзиусови.rnrn21. Стапката на отчукување на нивното срце варира помеѓу 60-120 отчукувања во минута.rnrn22. Тие не можат да се почувствуваат виновни, но можат да се чувствуваат лошо поради бесот на нивниот стопан.rnrn23. Тие не го разликуваат концептот на добро и лошо – ја проценуваат ситуацијата врз основа на нивната безбедност.rn

    Погледнете ги најдобрите фотографии со кучиња за 2019 година.

  • 13 фантастични факти за бебињата родени во август

    13 фантастични факти за бебињата родени во август

    Месецот во кој сте родени може да влијае на некои ваши особини. Доколку вие или вашето дете сте родени во август, сигурно ќе ве интересираат следниве факти. Прочитајте повеќе во продолжение.rnrnrn

    1. Полни се со самодоверба, силни се и организирани

    rnБебињата родени во август според хороскопот се или Лав или Девица и постојат многу убави работи поради кои тие се така посебни. Според астролозите, Лавовите се самоуверени и многу силни, и физички и ментално. Освен тоа, многу се сакани и харизматични. Девиците имаат исто толку убави особини. Тие се многу организирани, прецизни и ориентирани. Самоуверени, интелигентни и практични, Девиците се харизматични како Лавовите, но имаат „потивка“ харизма.rn

    2. Многу познати личности се родени во август

    rnАвгуст е изгледа популарен месец за раѓање, а за тоа зборува фактот дека многу славни личности се родени токму тогаш. Блејк Лајвли, Ана Кендрик, Мила Кунис, Џенифер Лоренс и Деми Ловато се само некои од нив.rn

    3. Имаат лидерски способности

    rnНемојте да бидете изненадени ако вашиот шеф е роден во август. Луѓето што го слават нивниот роденден овој месец секогаш се на врвот. Тие се природни водачи, а тоа е благодарение на нивната харизма и самодоверба.rn

    4. Поретко страдаат од ментални болести

    rnСтудиите покажале дека луѓето родени во зимскиот период имаат поголеми шанси да заболат од различни ментални болести вклучувајќи депресија и шизофренија. Научниците не се целосно сигурни зошто е тоа така, но претпоставуваат дека најголем виновник е витаминот Д кој го има помалку во зимскиот период, а е од големо значење во најраната возраст.rn

    5. Одлично се согласуваат со своите августовски пријатели

    rnСонцето владее со Лавовите, додека Меркур владее со Девиците и тие имаат одлична комуникација и координација. Тоа е навистина добар баланс кога ќе се спојат Лавовите и Девиците, односно не е чудно што многу парови ги има во оваа комбинација хороскопски знаци.rn

    6. Нивниот цвет на раѓање е гладиола

    rnДали знаевте дека за секој месец на раѓање постои одреден цвет? За августовските бебиња тоа е гладиола за која се верува дека претставува сила и морален интегритет. Скриената порака на овој цвет е љубов на прв поглед. Тоа воопшто не треба да биде чудно ако се земе предвид самата структура на цветот која стои исправено и гордо, баш како човекот кој во своите раце носи меч!rn

    7. Најмалку се согласуваат со Водолија и Риби

    rnБебињата родени во август се многу дружељубиви, но Лавот најмалку е компатибилен со Водолијата, а Девицата е некомпатибилна со Рибите.rn

    8. Најверојатно се зачнати во ноември

    rnОвие бебиња главно се зачнати во текот на ноември.rn

    9. Тие се паметни (но, тврдоглави) деца

    rnКарактеристиките кои ги поседуваат Лавовите и Девиците се покажуваат уште од најрана возраст. Тие се многу паметни. Дури и како бебиња имаат тенденција да бидат многу напредни во однос на нивните врсници. Со комбинација на интелигенција и силен пристап на животот, августовските деца се незапирливи. Родителите на Лавовите и Девиците мора да бидат подготвени не само да ги учат нивните деца туку и самите тие да научат нешто од нив.rn

    10. Може да имаат проблеми на училиште

    rnПонекогаш имаат и недостатоци. Во истражување што го спровел еден институт за финансиски студии, експертите откриле дека поради тоа што многумина деца завршуваат како најмлади во нивните одделенија, тие можат да бидат во неповолна положба поради споредбата со постарите врсници. Сепак, многу славни и влијателни личности родени во август завршиле училиште и сосема добро се снаоѓаат во животот.rn

    11. Сакаат да се во центарот на внимание

    rnПроверете дали вашиот омилен пејач или актер е роден во август бидејќи нема сомнеж дека луѓето родени во претпоследниот летен месец ги обожаваат светлечките рефлектори. Повеќето уметници се родени во знакот Лав – актери, музичари, водители, сите тие имаат една заедничка карактеристика – харизма!rn

    12. Тие се добри предавачи

    rnЛавовите и Девиците се одлични предавачи, во и вон училницата. Без оглед со која професија се занимаваат луѓето родени во август одлично го пренесуваат своето знаење, а тоа е благодарение на нивниот вроден авторитет.rn

    13. Нивниот кристал е хризолит

    rnХризолитот е зелен скапоцен камен кој претставува веселба и голема креативност. На оние што го носат ќе им подари пред сè добро здравје, богатство и радост. Заштитува од зло и овозможува успешност во извршување на обврските. Освен здравје, носи и љубов.rnrnМора да ги знаете и овие 25 факти за Близнаците во вашиот живот.

  • Интересни факти за Мртвото Море што сигурно не сте ги чуле досега

    Интересни факти за Мртвото Море што сигурно не сте ги чуле досега

    Мртво Море, Морето на смртта и Лотово Море се само дел од имињата за соленото езеро помеѓу Јордан и Израел, кое може да се пофали со соленост од 33 проценти. Тоа е едно од најинтересните езера во светот. Мирната, густа вода ги привлекува луѓето веќе илјадници години. Ако и вие го обожавате Мртвото море, тогаш прочитајте ги следниве неколку интересни факти кои сигурно не сте ги знаеле досега.rnrnrnrn1. Мртвото Море е најголемата светска депресија. Ова солено езеро се наоѓа на 400 метри под површината на светското море, на Блискиот Исток, меѓу државите Јордан и Израел, со длабочина околу 400 метри.rnrn2. Поради пустинската клима која преовладува, со температура од 40 степени Целзиусови во летниот период доаѓа до испарување, па нивото на Мртвото Море не расте. Од друга страна, дождовите се многу ретки во оваа област.rnrn3. Соленоста изнесува околу 33 проценти. За споредба, Средоземното Море има 3 проценти соленост. Сепак, Мртвото Море не е најсоленото езеро на светот. Посолено од него е Асалското езеро, во источна Африка (35 проценти) и езерото Дон Жуан, на Антарктикот (40 проценти соленост).rnrn4. Поради високиот процент на соленост, услови за живот речиси и да нема. Во овие води можат да преживеат само ретки микроорганизми, како анаеробените бактерии.rnrn5. Солта и минералната вода имаат позитивно дејство на здравјето на човекот. Затоа и воопшто не е чудо што уште во времето на Херод, го посетувале луѓе заболени од псоријаза и други кожни болести, како и болести на коските како остеопороза и артритис.rnrn6. Поради големиот процент на соленост, водата е многу густа што го оневозможува пливањето и никој не може да потоне. Сепак, тоа не значи дека ова место не е опасно. Службата за спасување редовно ги предупредува туристите да не пијат вода од ова езеро, бидејќи консумирањето поголема количина може да доведе до нарушување на рамнотежата на електролитите во организмот и да предизвика оштетување на работата на некои органи. Во Мртвото Море е забрането нуркање и скокање, со цел да се избегне контакт на солта со очите.rnrn7. Многумина тврдат дека ова езеро е лековит рај, а неговата кал се користи во многу производи за убавина. Лековитата кал од Мртвото Море ја користеле и старите Египќани за мумифицирање на мумиите.rnrnПогледнете ги и овие 8 места во светот коишто можат да ја подобрат вашата физичка и ментална добросостојба.rn

    Автор: Ана Патриклиева

  • 11 интересни и чудни факти за книгите што ќе ве зачудат

    11 интересни и чудни факти за книгите што ќе ве зачудат

    Нема ништо подобро од друштвото на добра книга. Книгите имаат моќ и ви даваат привремено бегство од вашиот живот. Во принцип, тие се магија. Страсните читачи имаат долга историја со книгите која обично започнува уште во матката или веднаш по раѓањето, благодарение на родителите и нивната желба да ви го збогатат мозокот. Затоа воопшто не изненадува тоа што сте најсреќни кога читате книга.rnrnrnrnИако можеби сте пристрасен читач и знаете многу во врска со книгите што сте ги прочитале, постојат шанси да не знаете сè за книгите. Изненадувачки, постојат голем број помалку познати факти за книгите кои се доста интересни. Бидејќи очигледно сакате да читате и да учите нови работи, ние одлучивме да ви претставиме некои од најинтересните факти за книги кои ќе го зголемат вашето знаење.rn

    1. Постојат над 129 милиони книги

    rnНеверојатни 129.864.880 книги биле издадени до 2010 година, според Гугл. Бројката сега е очигледно многу повисока. Следниот пат кога ќе помислите „Оф, не можам да пронајдам добра книга“, знајте дека имате поголем избор одошто сте мислеле.rn

    2. Најскапата книга била продадена за 30,8 милиони долари

    rnСтанува збор за „Лестерски кодекс“ (Codex Leicester) од Леонардо Да Винчи, купена од страна на Бил Гејтс. Не грижете се, тој сигурно си ги вратил парите за само еден час.rn

    3. Постои збор за љубовта кон мирисањето стари книги

    rnМиризба на стари книги, арома од прашина и многу историја. Библиосомија е зборот по кој сте биле во потрга целиот живот.rn

    4. Најдолгата испечатена реченица имала 823 зборови

    rnСигурно се прашувате како е можно, но ова е легитимна реченица која се наоѓа во „Клетници“ (Les Misérables) од Виктор Хуго, според Барн и Нобл.rn

    5. Во минатото, имињата на авторите не се печателе на корицата од нивните книги

    rnКориците на првите испечатени книги се сметале за уметнички дела. Тие биле исполнети со цртежи, кожа, дури и злато, па немало место за името на самиот автор.rn

    6. Првата книга која е напишаа на машина за пишување била „Авантурите на Том Соер“ (The Adventures of Tom Sawyer) од Марк Твен

    rnМарк сигурно имал многу мастило и трпение.rn

    7. Претседателот Теодор Рузвелт читал по една книга на ден

    rnЕ, ова го нарекуваме посветеност на читање.rn

    8. Најчитаните 3 книги во светот се…

    rnБиблијата, „Цитати од претседателот Мао Це Тунг“ (Quotations from Chairman Mao Tse-tung) и „Хари Потер“ (Harry Potter).rn

    9. Луѓето од Исланд читаат повеќе од кој било друг

    rnМожеби има врска со времето или едноставно се научени да ги сакаат книгите. Како и да е, Исланд води во читањето!rn

    10. „Алиса во земјата на чудата“ (Alice in Wonderland) е базирана на вистинско 10-годишно девојче

    rnНејзиното име било Алиса Лидел и нејзината фамилија била блиска со авторот Луис Карол. За време на едно нивно патување, таа побарала од Луис да ѝ раскаже приказна и вака настанала Алиса во земјата на чудата.rn

    11. Неписменоста сè уште е голем проблем во светот

    rnЕден од пет возрасни во светот не знае да чита или пишува. Најголем процент на неписменост е забележано во Јужна и Западна Азија, како и во делови од пустината Сахара во Африка.rn

    Автор: Ана Патриклиева

  • Што сè имаме оставено на месечината?

    Што сè имаме оставено на месечината?

    Во јули, 1968 година, Нил Армсторнг и Баз Олдрин оставија печат во историјата, како првите луѓе кои стапнале на површината на месечината. Пред да заврши мисијата на Аполо во 1972 година, беа направени уште 5 успешни мисии до месечината. Да не ги заборавиме и неуспешните летови по првото урнување на Луна 2 на површината на месечината во 1959 година. Како и да е, досега имаме испратено околу 500.000 килограми човечки артефакти до нашиот природен сателит. Па да видиме, што точно оставивме таму зад нас?rnrnrnrnНекои од работите се прилично очигледни. Повеќе од 70 вселенски возила останаа на месечината од едноставна причина – тие се премногу тешки и не вредат да бидат вратени. Овие возила ја сочинуваат поголемата маса од објектите оставени на месечината.rnrnДел од работите кои се оставени се отпад од патувањето на астронаутите, како обвивки од храна, влажни марамчиња и околу 100 пакети човечка урина и столица.rnrnАстронаутите на Аполо фрлале алати и телевизиска опрема која повеќе не им била потребна. Тие се ослободувале од тежината на нивното возило, за да направат повеќе место за примероците земени од површината на месечината. Како замена за тоа што го оставиле, мисионерите на Аполо успеале да донесат 850 килограми камења и почва од месечината.rnrnБиле поставени и шест Американски знамиња, кои најверојатно избледеле досега, како и фотографијата на Чарлс Дук со неговото семејство, што тој самиот ја оставил таму. Постојат и две топчиња за голф таму некаде, по обидот на Алан Шепард, да ги зароби во ниската гравитација.rnrnМодулот Аполо 11 е сè уште таму, означен со плоча на која пишува: „Луѓето од планетата Земја, први стапнаа овде на месечината, во јули 1969 година. Доаѓаме во мир за целото човештво.“ Пораката го покажува триумфот на слетување на месечината за човештвото како целина и покрај војната помеѓу Американските држави и Советскиот Сојуз, која всушност ја поттикна трката за „освојувањето“ на нашиот природен сателит. Во истиот дух, астронаутите оставиле и два медала, кои им биле доделени на покојните советски космонаути Јуриј Гагарин и Владимир Комаров, пионери во вселената кои загинале во трагични несреќи.rnrnГагарин и Комаров не се последните луѓе кои биле овековечени на месечината. Во 1998 година, пепелта на астрологот Гене Шумекер била испратена таму, и потоа расфрлана низ месечевата прашина.rnrnОтпечатокот на човечкото стапало, остави траги на месечевата површина на повеќе начини. Една од најпознатите фотографии од месечината е на Баз Олдрин со неговиот отпечаток. Со буквално никаква атмосфера (нема ветер да ја еродира почвата), тој отпечаток најверојатно сè уште стои таму. Со понатамошните мисии на НАСА до месечината, предвидени за 2024 година, луѓето со сигурност ќе остават уште повеќе отпечатоци.rn

    Автор: Ана Патриклиева