КАФЕ ПАУЗА

Tag: факти

  • 30 интересни факти за планетата Земја што ќе ве остават без здив

    30 интересни факти за планетата Земја што ќе ве остават без здив

    Дали знаевте дека секоја секунда се раѓаат по четири бебиња во светот и дека океаните кријат речиси 200.000 различни вируси? Со повеќе од 200 земји и повеќе од 7,5 милијарди луѓе, оваа планета е навистина уникатно место. Овие 33 факти за нашата планета ќе ве остават без здив.rnrn30 интересни факти за планетата Земја што ќе ве остават без здивrnrn1. Целото светско население би можело да живее во Лос Анџелес.rnrn2. Најлутата чили пиперка на светот може да ве убие.rnrn3. Франција е најпосетуваната земја во светот.rnrn4. Најгусто населениот остров е голем колку две фудбалски игралишта и се наоѓа во Колумбија.rnrn5. Канарските Острови го добиле името по кучиња. Ислас Канаријас значи остров на кучиња.rnrn6. Три држави во светот не го користат метричкиот систем – Либерија, Мјанмар и САД.rnrn7. Секоја секунда се раѓаат по четири бебиња во светот.rnrn8. Најниската температура досега измерена во светот е -97,7 °С на Антарктикот за време на истражувањето помеѓу 2004 и 2016 година.rnrn9. Озонската обвивка ќе биде целосно обновена за 50 години.rnrn10. Постојат 4 квадрилиони бактерии на планетата Земја.rnrn11. Луѓето кои живеат моментално на Земјата претставуваат само околу 7% од вкупниот број луѓе што некогаш живееле на планетата.rnrn12. Мухамед е најчестото машко име во светот. Го носат околу 150 милиони мажи, благодарение на исламската традиција да го дадат ова име на првиот машки наследник.rnrn13. Во Африка и во Азија живее 90% од руралното население во светот.rnrn14. Најскапата монета на светот била продадена за 7 милиони долари (американска златна монета од 1933 година во вредност од 20 долари, која никогаш не влегла во масовна употреба).rnrn15. Јужен Судан е најмладата земја во светот, а својата независност ја стекнала во 2011 година.rnrn16. Повеќе од 52% од светската популација е под 30-годишна возраст.rnrn17. Луѓето постари од 60 години сочинуваат околу 12,3% од светската популација.rnrn18. Постојат повеќе од 24 различни временски зони во светот.rnrn19. Шведска е земја со најмногу острови во светот, има дури 221.800 острови.rnrn20. Дури 43 земји во светот сè уште имаат кралско семејство.rnrn21. Сите панди што постојат во светот потекнуваат од Кина.rnrn22. Канада поседува дури 9% од светските шуми.rnrn23. Црвенокосата келеа е најчестата птица во светот.rnrn24. Најмногу луѓе во светот зборуваат мандарински кинески, кој е мајчин јазик на 950 милиони луѓе.rnrn25. Точно 41 земја во светот го признаваат знаковниот јазик како официјален.rnrn26. Фејсбук има повеќе корисници отколку што Соединетите американски држави, Кина и Бразил имаат жители.rnrn27. Ако се соберат сите мравки во светот, тие ќе бидат тешки колку и сите луѓе во светот.rnrn28. Постојат речиси 200.000 различни видови вируси во океаните.rnrn29. Токио е најголемиот град во светот, со 37 милиони жители.rnrn30. Во просек, секоја секунда умираат по две лица во светот.rnrnПрочитајте ги и овие 14 апсурдни факти што најверојатно не сте ги знаеле.

  • Факти за Бијонсе кои сигурно не сте ги знаеле

    Факти за Бијонсе кои сигурно не сте ги знаеле

    Бијонсе e обожавателка на еден британски супермодел, има Гинисов рекорд и уште неколку факти кои сигурно не сте ги знаеле.rn

    1. Има мешано потекло

    rnТаткото на Бијонсе е со афроамериканско потекло и е роден во Тексас. Нејзината мајка е родена исто така во Тексас, но има африканско, американско, ирско и француско потекло.rnrnФакти за Бијонсе кои сигурно не сте ги знаелеrn

    2. Таа е голема обожавателка на Битлси

    rnКога била мала во нејзиното училиште ја изведувала песната „Imagine” од Џон Ленон , па дури добила и награда за овој настап.rn

    3. Името Дестинис Чајлд доаѓа од пасус од книгата на пророкот Исаија

    rnМајката на Бијонсе го предложила ова има кога името Дестини било зафатено.rnrnФакти за Бијонсе кои сигурно не сте ги знаелеrn

    4. Таа имала само една врска пред да го запознае Џеј Зи

    rnТаа вели дека кога имала 13 години го имала своето прво момче до нејзините 17 години. Иако била многу млада и не живеела со нејзиното момче, таа секогаш била верна и позрела од останатите. Ова и било првото искуство со момчиња, а од тогаш таа била само со Џеј Зи.rnrnФакти за Бијонсе кои сигурно не сте ги знаелеrn

    5. Бијонсе има Гинисов рекорд

    rnКога ја објави бременоста, таа ја заработи титулата Гинисов рекорд за најмногу твитови (8.868) во секунда.rn

    6. Таа e обожавател на еден британски супермодел

    rnБијонсе е обожавателка на Кејт Мос – британскиот супермодел.rnrnФакти за Бијонсе кои сигурно не сте ги знаелеrn

    7. Постои мува именувана по неа

    rnОва е чудно, но навистина постои!rnrnМожеби ќе ве интересира и како изгледаат славните личности на нивните профили на Инстаграм, а како во реалниот живот?

  • Факти за најсреќните земји во светот што сигурно не сте ги знаеле досега

    Факти за најсреќните земји во светот што сигурно не сте ги знаеле досега

    Тешко е да се зборува за среќата додека светот се наоѓа во една неизвесна ситуација. Сепак, годишниот извештај на Обединетите нации во кој има информации колку среќно се чувствуваат припадниците на светските нации, беше објавен и оваа година, со осврт на тоа колку природното, социјалното и урбаното опкружување влијаат врз субјективното чувство на среќа. Погледнете кои се најсреќните држави во светот и откријте неколку интересни факти за секоја од нив.rnrnФакти за најсреќните земји во светот што сигурно не сте ги знаеле досегаrn

    1. Финска – земја со најмногу дрвја во Европа

    rnНајсреќната земја во светот има повеќе области под шуми од која било друга европска земја и е 11-та во светот по бројот на дрвја на квадратен километар. Повеќе од 73% од дрвјата се даб, ела и бреза. Патем, најзелената земја во светот е Суринам, со дури 95% од територијата под шуми.rn

    2. Данска – мистичен архипелаг со 37 збора за магла

    rnФарските Острови се архипелаг од 18 поголеми острови помеѓу Северниот Атлантик и Норвешкото Море. Тие се составна територија на Данска, со висок степен на автономија. Жителите на овие острови имаат 37 зборови во својот речник кои опишуваат магла, од зборовите „mjorkabelti“ (долга тенка обвивка од магла) и „toppamjorki“ (магла на планинските врвови) до „kavamjorki“ (снежна магла). „Pollamjorki“ e ниска густа магла над морето која влегува во заливот, додека небото горе е јасно.rn

    3. Швајцарија – земја на исклучителни луѓе

    rnСреќата изгледа влијае на развивањето добри идеи и на продуктивноста на населението. Швајцарија, која е на третото место на оваа листа, има дури 28 добитници на Нобелова награда. Иако ова е шокантен број, светскиот рекорд го држи Света Луција. Дури и Алберт Ајнштајн, иако е роден во Германија, студирал во Цирих и ја развил теоријата на релативност во Берн.rn

    4. Исланд – живот без комарци

    rnИсланд е едно од само двете места на светот каде што нема комарци. Можеби тоа е една од причините зошто Исланѓаните се толку среќни. Другото место каде што не постојат комарци е Антарктикот.rn

    5. Норвешка – пингвинот е витез и полковник во кралската гарда

    rnКога во 1913 година се отворила зоолошката градина во Единбург, Норвешка на градот му го подарила првиот кралски пингвин. За време на посетата на Шкотска во 1961 година, членовите на гардата на норвешкиот крал се заинтересирале за тоа „норвешко наследство“ и еден од пингвините го именувале Нилс Олав. Тој бил прогласен за почесен поручник и станал маскота на кралската гарда.rnrnЗа време на секоја следна посета на норвешката кралска гарда во Шкотска, пингвинот бил унапредуван, сè до неговата смрт, а потоа бил избран неговиот наследник, кој стигнал до рангот на полковник. Потоа, во 2008 година, кралот Харалд V од Норвешка го прогласил пингвинот за витез. Денес, по многубројните унапредувања, маскотата на норвешката гарда е бригадирот Нилс Олав III, кому му беа подигнати почесни статуи во Единбург и во Осло.rn

    6. Холандија – највисоките луѓе во светот

    rnХоландскиот стручњак Бен Коутс објаснил зошто Холанѓаните се толку високи: „Бидејќи населението во Холанија се зголемувало во 17-тиот и во 18-тиот век, а климата се покажала како одлична за одгледување крави. Во овој период започнала зголемената потрошувачка на млеко и сирење, а колку повеќе консумирале млеко и млечни производи, толку луѓето биле повисоки“.rnrnПодатоците велат дека просечниот Холанѓанец бил висок околу 164 цм на почетокот на 19-тиот век, што не се разликувало од европскиот просек во тој период. Денес, во просек мажите се високи 182,5 цм, а жените 168,72 цм.rnrnПрочитајте зошто Британците возат на левата страна и уште 10 нормални работи во некои земји што ги збунуваат странците.

  • Застрашувачки, но вистинити: 10 факти што ќе посакате да не ги знаевте

    Застрашувачки, но вистинити: 10 факти што ќе посакате да не ги знаевте

    Постојат многу факти што сè уште не ги знаете, но кога ќе ги прочитате овие факти, ќе посакате никогаш да не ги дознаевте.rnrnЗастрашувачки, но вистинити: 10 факти што ќе посакате да не ги знаевтеrn

    1. Во моментов, 25-50 сериски убијци се шетаат низ САД

    rnСе проценува дека во САД постојат околу 25-50 сериски убијци кои се активни секоја година.rn

    2. Ќе поминете покрај 36 убијци во текот на животот

    rnВо просек, ќе поминете покрај 36 убијци во животот. Надевајте се дека следниот пат кога ќе поминете покрај убиец, тој ќе рече: „Не, не оној, изгледа премногу добро“.rn

    3. Дрвената врата е сè што ве дели од сите убијци во светот

    rnВратата што ве одделува од сите убијци во светот е само неколку центиметри дрво и единствената пречка за некој што е решен да ве убие во вашиот дом.rn

    4. Три дена без храна ќе ве претворат во убиец

    rnВашата просечна личност ја делат само 9 оброци од тоа да стане насилен лудак.rn

    5. Најверојатно имате рак во моментов

    rnРакот е исклучително чест и најверојатно и вие го имате моментов. Единствените работи поради кои сè уште не е фатален се вашиот имунолошки систем и друг рак. Така е: ракот може да добие друг рак што го убива.rn

    6. Пандемиите доаѓаат во бранови

    rnМногу пандемии доаѓаат во бранови, а повеќе луѓе умреа во вториот бран на шпанскиот грип отколку во првиот бран.rn

    7. Јајцата од пијавица можат да се изведат во вас

    rnЈајцата од пијавица се толку мали што не можете да ги видите. Можете да проголтате стотици јајца додека сте во некоја вода. Дури и ако не ги проголтате, тие можат да влезат во вашите очи, уши и во вашиот нос. Тие ќе се изведат во вас и ќе се хранат од вас.rn

    8. Ќе бидете заборавени засекогаш

    rnЕден ден, една личност ќе се сети на вас за последен пат. Од тој ден натаму, никој веќе нема да се сеќава на вас.rn

    9. Се приближува топлинската смрт на универзумот

    rnЦелата енергија ќе се претвори во топлинска енергија и сè ќе престане да постои. Тоа не може да го спречи никој и нема бегање од тоа. Енергијата од секоја ѕвезда ќе се претвори во топлина, ќе се шири и ќе стане неупотреблива. Очигледно, личноста која ја открило топлинската смрт на универзумот не можела да го прифати тоа и се самоубила.rn

    10. Или сме целосно сами во универзумот или не сме

    rnНа ова ќе се сеќавате многу често: „Или сме целосно сами во овој универзум или не сме“.rnrnПрочитајте ги и овие 14 апсурдни факти што најверојатно не сте ги знаеле.

  • 8 факти за вашето тело кои укажуваат на тоа дека ќе живеете подолго

    8 факти за вашето тело кои укажуваат на тоа дека ќе живеете подолго

    Здравите навики не се единствената работа што може да ви го зголеми животниот век, но постојат некои знаци што може да укажат на тоа дека ќе живеете долг живот. На пример, можеби имате крупно тело и јадете многу, но доколку немате масти на стомакот, тоа може да биде голем бонус на патот кон долг живот.rnrnПогледнете што друго може да сигнализира дека имате уште долги години пред вас.rn

    1. Изгледате помладо

    rn9 факти за вашето тело кои укажуваат на тоа дека ќе живеете подолгоrnrnИнтересна студија била спроведена од научници од Данска. Тие од 2001 до 2013 година набљудувале 187 пара близнаци. На крајот, забележале дека близнакот кој изгледал помладо, имал подолг животен век.rn

    2. Вие сте жена

    rn9 факти за вашето тело кои укажуваат на тоа дека ќе живеете подолгоrnrnНаучниците сугерираат дека жените генерално живеат подолго од мажите од 6 до 8 години. Ова можеби произлегува како резултат на биолошката предност на жените, но и поради разликите во однесувањето помеѓу мажите и жените.rn

    3. Го родивте првото дете по 33-тата година од животот

    rn9 факти за вашето тело кои укажуваат на тоа дека ќе живеете подолгоrnrnНекои истражувачи донеле заклучок дека доколку добиете дете по 33-годишна возраст, можеби ќе живеете подолго. Тие го поврзуваат тоа со репродуктивниот систем на жената. Доколку тој старее бавно, побавно ќе старее и остатокот од телото.rn

    4. Индексот на вашата телесна маса е помеѓу 18,5 и 25

    rn9 факти за вашето тело кои укажуваат на тоа дека ќе живеете подолгоrnrnЕдна студија открива дека дебелината може да го направи вашиот животен век пократок. Научниците, исто така, велат дека нормалниот индекс на телесна маса е помеѓу 18,5 и 25. Ова е препорачаниот број кој може да ве одржи поздрави. Индексот на прекумерна тежина е помеѓу 25 и 30, додека пак обезноста има индекс помеѓу 30 и 35.rn

    Како да пресметате индекс на телесна маса?

    rnИндекс на телесна маса е формула која ги користи параметрите за тежина и висина при проценка на телесна маст. Се дели тежината на личноста изразена во килограми со нивната висина изразена во метри квадратни. Таа лесно може да се пресмета на Интернет.rn

    5. Немате масти околу стомакот

    rnrnrnМаснотиите околу стомакот, дури и кај луѓе кои немаат прекумерна тежина, би можеле да бидат причина за срцеви заболувања кои влијаат на тоа колку долго ќе живеете. Оваа сугестија е дадена од истражувачи кои следеле пациенти од 2000 до 2016 година. Според нив, маснотиите околу стомакот се поопасни од дебелината. Тие забележале дека мускулите се како метаболички магацин и помагаат да се намали нивото на шеќер во крвта.rn

    6. Спиете доволно

    rn8 факти за вашето тело кои укажуваат на тоа дека ќе живеете подолгоrnrnВреметраењето на сонот е важно според некои истражувања. Спиењето помалку од 5-7 часа во текот на ноќта може да го намали вашиот животен век за 12%. Експертите препорачуваат различно траење на сонот за секоја возрасна група:rn

      rn 011

    • Адолесценти (18-25 години) 7-9 часа
    • rn 011

    • Возрасни (26-64) 7-9 часа
    • rn 011

    • Постари возрасни ( 65+) 7-8 часа
    • rn

    rn

    7. Десничари сте

    rn8 факти за вашето тело кои укажуваат на тоа дека ќе живеете подолгоrnrnОва не е 100% докажано, но сепак, некои студии забележале дека луѓето кои почесто ја користат десната рака имаат тенденција да живеат подолго.rn

    8. Вие сте висока жена

    rn8 факти за вашето тело кои укажуваат на тоа дека ќе живеете подолгоrnrnИнтересно е, но постои научни студии кои велат дека високите жени имаат поголема веројатност да доживеат 90 годишна возраст. Но, висината на мажите не е поврзана со долговечноста. За мажите, вежбањето подолго од 60 минути на ден е клуч за здрав и подолг живот.rnrnМожеби сакате да ги прочитате и 11-те правила за нега на телото што не треба да ги игнорирате.

  • Нарцис: 7 карактеристики на нежниот цвет посилен од снегот

    Нарцис: 7 карактеристики на нежниот цвет посилен од снегот

    Денот на нарцисот во многу земји традиционално е посветен на заболените од карцином. Постојат многу други интересни нешта поврзани со цветот што симболизира нов живот и надеж.rnrnНарцис: 7 карактеристики на нежниот цвет посилен од снеготrnrn1. Нарцисот е цвет од родот нарциси. Постојат 2 теории за потеклото на името. Според првата теорија, нарцисот е именуван по грчкиот збор нарко (затруен, зашеметен) затоа што цветот содржи супстанција која има наркотичен ефект. Друга популарна теорија е дека овој цвет го носи името на Нарцис од грчката митологија, млад човек кој се вљубил во сопствениот лик гледајќи во неговиот одраз на површината од водата.rnrnНарцис: 7 карактеристики на нежниот цвет посилен од снеготrnrn2. Нарциот е многу отпорен цвет. Веднаш штом пролетта ќе се најави, тој брзо се појавува. Го сака сонцето, но не сака многу вода.rnrnНарцис: 7 карактеристики на нежниот цвет посилен од снеготrnrn3. Според едно старо верување, за среќа треба секогаш да се дарува букет нарциси, а дарувањето на само еден цвет треба да се избегнува затоа што носи несреќа.rnrnНарцис: 7 карактеристики на нежниот цвет посилен од снеготrnrn4. Постојат околу 30 оригинални подвидови на нарциси, а дури 13.000 хибриди создадени од човекот. Нарцисите се обично жолти или бели, но меѓу новите хибридни видови има и портокалови и со розова боја.rnrnНарцис: 7 карактеристики на нежниот цвет посилен од снеготrnrn5. Цветот на нарцисот не треба да се консумира бидејќи содржи токсични материи. Тоа е одбранбен механизам кој предизвикува животните да го заобиколат. Поради овие состојки не е препорачливо да ги чувате нарцисите долго во вазна, бидејќи тоа ќе ви наштети. Можете да ставите само нарциси во вазна во првите 24 часа за да го намалите ефектот на нивните отровните состојки, а потоа да додадете и други видови цвеќиња во вазната.rnrnНарцис: 7 карактеристики на нежниот цвет посилен од снеготrnrn6. Нарцисот содржи и лековити материи. Тие се користеле како лек против болки во античката медицина. Ефектот на нарцисот во превенцијата и третманот на Алцхајмеровата болест и карциномот е тестиран со децении. Екстрактот од нарцис се користи и во козметиката, на пример, во лосионите за чистење на чувствителна кожа.rnrnНарцис: 7 карактеристики на нежниот цвет посилен од снеготrnrn7. Во Велика Британија, нарцисот е симбол на 10-годишнината од бракот.rnrnНарцис: 7 карактеристики на нежниот цвет посилен од снеготrnrnНарцис: 7 карактеристики на нежниот цвет посилен од снеготrnrnНарцис: 7 карактеристики на нежниот цвет посилен од снеготrnrnНарцис: 7 карактеристики на нежниот цвет посилен од снеготrnrnМожеби сакате да прочитате и дека секој цвет има некое значење, некој е добро да го подарите, но некој треба да го избегнувате за подарок, бидејќи велат дека носи тага.

  • 7 скриени извори на кофеин

    7 скриени извори на кофеин

    Кофеинот е застапен во многу други производи, не само во вашето кафе. Дознајте ги скриените извори на кофеин, почнувајќи од протеинските чоколади до житарките.rnrn8 скриени извори на кофеинrn

    Што треба да знаете за кофеинот?

    rnДоколку пиете кафе по 17 часот постои веројатност да бидете нервозни и вознемирени во текот на  ноќта. Кафето, чајот и газираните пијалаци се очигледен извори на кофеин. Но, дали знаевте дека и протеинското чоколадо содржи кофеин?rnrnПостојат многу неочекувани и скриени извори на кофеин во храната и пијалоците со кои можеби не сте запознати. Важно е да сте свесни за сите извори на кофеин. Препораки на докторите се дека возрасните не треба да внесуваат повеќе од 400 милграми кофеин на ден.rnrnДокторите велат дека некои луѓе можат да имаат несакани реакции при консумирање на поголема количина кофеин. Може да имаат проблеми со спиењето, вознемиреност или дијареа.rnrnБремените жени треба да бидат многу повнимателни при внесувањето на кофеин. Тие треба да внесуваат помалку од 200 милиграми дневно.rnrnСподелуваме со вас 8 скриени извори на кофеин, со цел да ја следите количината на кофеин која ја внесувате на дневно ниво.rn

    1. Протеински чоколади

    rnЗвучи неверојатно оваа храна да содржи кофеин, нели? Сепак тоа не треба да ве изненадува, особено ако чоколадата е со вкус на кафе. Некој од нив содржат дури 55 милиграми кофеин. Овој кофеин потекнува од мешавина од екстракт од кафе, какао и хербалниот екстракт. Некои протеински чоколади содржат многу помалку кофеин. Тие не содржат кафе, но имаат за цел да обезбедат енергија преку екстрактот од зрно кафе кои го содржат. Оваа состојка содржи 4 милиграми кофеин. Иако ова не е многу, избегнувајте внесување на енергетски чоколади пред спиење, советуваат докторите.rn

    2. Комбуха

    rnЛогично е комбухата, која е базирана на чај, да содржи кофеин. Комбуха се подготвува од црн или зелен чај, а овие чаеви природно содржат кофеин. Просечната комбуха содржи околу 45 милиграми кофеин. Комбухата е позната по придобивките за здравјето на цревата, но многу луѓе не се информирани дека популарниот пијалак содржи кофеин колку една шолја зелен чај.rn

    3. Чоколадни десерти

    rn8 скриени извори на кофеинrnrnДа, чоколадото содржи кофеин. Кофеинот природно е содржан во зрната какао. Кога зрното какао се меле за да се направи чоколадо, таа смеса содржи путер од какао и цврсти какао делови. Едно темно чоколадо обезбедува околу 20 милиграми кофеин. Иако темното чоколадо има повеќе здравствени придобивки од другите видови чоколада, можеби подобро е да внесувате млечно чоколадо ( кое содржи само 6 милиграми кофеин) или бело чоколадо (со помалку од 2 милиграми кофеин) доколку се обидувате да ја намалите дневната количина на внес на кофеин. Кофеинот се наоѓа само во цврстите материи од какао, но не и во какао путерот кој го содржи белото чоколадо.rnrnДесертите подготвени со чоколадо или со какао во прав содржат кофеин. Тука е вклучен и чоколадниот пудинг. Колку е потемна бојата на пудингот, толку повеќе кофеин тоа содржи, бидејќи има повеќе какао во прав.rn

    4. Безкофеинско кафе

    rnЛуѓето се изненадени кога дознаваат дека безкофеинското кафе содржи кофеин.Бескофеинското кафе содржи кофеин бидејќи методите кои се користат да се извлече кофеинот од зрното кафе не се целосно ефикасни и сепак останува дел од кофеинот.  Содржината на кофеин во ова кафе е променлива. На пример, некој кафиња имаат 25 милиграми кофеин.rn

    5. Сладолед

    rn8 скриени извори на кофеинrnrnОвој популарен десерт може да содржи кофеин. Сладоледот со чоколадо и кафе, може да содржи кофеин затоа што е направен од состојки што содржат кофеин. Некои производители на сладолед наведуваат дека нивото на кофеин во сладоледот (порција 2/3 чаша) или парчињата чоколадо во сладоледот содржат околу 35 милиграми кофеин.rnrnСладоледот со вкус на кафе не е единствениот вкус на сладолед кој содржи кофеин. И другите вкусови што содржат чоколадо и какао, исто така, содржат кофеин. Сладоледот со чоколадо содржи помалку кофеин од сладоледот со кафе, сепак со претварањето на чоколадото во сладолед, односно додавањето на млеко, павлака и шеќер, се намалува содржината на кофеин.rn

    6. Енергетски пијалаци

    rnРечиси сите енергетски пијалаци содржат кофеин. Во лименка енергетски пијалак има 70 милиграми кофеин. Ова дефинитивно може да изненади некој кој редовно пие вакви напитоци. Кофеинот се добива од екстракт од овошје, кафе и екстракт од бел чај. Тоа е еднакво на шолја кафе.rn

    7. Житарки

    rn8 скриени извори на кофеинrnrnЛогично е житарките со вкус на чоколадо да содржи и кофеин. Иако брендовите не ја наведуваат количината на кофеин што ја внесувате преку 1 порција, количината на кофеин е висока. Житарките што содржат кофеин се барани од луѓе кои сакаат да обезбедат енергетско засилување но не им се допаѓа вкусот на кафето.rnrnМожеби сакате да дознаете и дали кафето и чоколадото ја зголемуваат интелигенцијата? Што откриваат новите истражувања?rn

  • Сè што треба да знаете за ПМ-10 честичките: Зошто хируршките маски не нè заштитуваат од загадениот воздух?

    Сè што треба да знаете за ПМ-10 честичките: Зошто хируршките маски не нè заштитуваат од загадениот воздух?

    Не е новост дека воздухот е загаден во повеќе градови и еден од показателите е високата концентрација на ПМ-10 честичките.rnrnСè што треба да знаете за ПМ-10 честичките: Зошто хируршките маски не нè заштитуваат од загадениот воздух?rnrnИздвојуваме 6 работи што треба да ги знаете за овој загадувач:rn

    1. Големина на ПМ-10 честичките

    rnПМ-10 честичките се именувани според нивната големина – тие имаат помалку од 10 микрометри. За споредба, човечкото влакно од коса е широко околу 100 микрометри. Додека поголемите честички се спречени на патот до нашиот респираторен систем, на пример во носот, овие честички продираат дури до белите дробови.rn

    2. Состав на честичките

    rnПМ-10 честичките можат да бидат со различен состав, заедничка им е само големината. Тие се мешавина од чад, саѓи, прашина и киселини со тешки метали.rn

    3. Квалитет на воздухот

    rnКога концентрацијата на овие честички во воздухот е помеѓу 0 и 20 микрограми на метар кубен, ние велиме дека квалитетот на воздухот е одличен и добар е додека не надмине 40 микрограми. До 50 микрограми е прифатлив, а доколку се надмине 50 можеме да кажеме дека воздухот е загаден. Ако концентрацијата на честички е над 100 микрограми, што често се случува кај нас, велиме дека воздухот е многу загаден.rn

    4. Здравствени проблеми

    rnДолга е листата на здравствени проблеми што може да бидат предизвикани од вдишување ПМ-10 честички. Може да се појави навлегување на отровни материи во крвта, алергиски реакции, бактериски и габични инфекции, фиброза, респираторни проблеми…rn

    5. Хируршката маска не помага

    rnХируршката маска не е корисна во борбата против ПМ-10 честичките, а корисни се нано маските. Но, нано маските кај нас не се во продажба.rn

    6. Извори на загадување

    rnПостојат бројни извори од кои се појавуваат овие честички – од термоцентралите до автомобилите. Секако, тука се и природните извори, како шумските пожари, па дури и пудрата за лице може да биде еден од загадувачите.rnrnМожеби сакате да прочитате и што се случува со вашето тело кога дишете загаден воздух?

  • 14 апсурдни факти што најверојатно не сте ги знаеле

    14 апсурдни факти што најверојатно не сте ги знаеле

    Кратенката „ОК“ не е случаен израз и има потекло што ќе ве изненади, а местото каде што фламингото ги свиткува нозете не е колено. Продолжете да читате за да откриете некои апсурдни факти што може да ве шокираат.rn

    1. Јајцата од колибри се со големина на зрно грав

    rn14 апсурдни факти што најверојатно не сте ги знаелеrn

    2. Воздухот за време на кивањето патува со брзина од 160 километри на час и во тој момент се ослободуваат 100.000 микроби во воздухот

    rn14 апсурдни факти што најверојатно не сте ги знаелеrn

    3. Фламингото ги свиткува нозете на глуждот, а не на коленото

    rn14 апсурдни факти што најверојатно не сте ги знаелеrn

    4. Вашиот тоалет е седумпати почист од вашиот телефон

    rn14 апсурдни факти што најверојатно не сте ги знаелеrn

    5. Делфините се довикуваат едни со други со имиња

    rn14 апсурдни факти што најверојатно не сте ги знаелеrn

    6. Научниците не се точно сигурни зошто проѕеваме, но тоа може да помогне во регулирањето на телесната температура

    rn14 апсурдни факти што најверојатно не сте ги знаелеrn

    7. „ОК“ потекнува од погрешното пишување на изразот „all correct“

    rn14 апсурдни факти што најверојатно не сте ги знаелеrnrnПродолжува на следната страница…rnrn

  • 20 интересни факти за Мерлин Монро

    20 интересни факти за Мерлин Монро

    Помина повеќе од половина век од мистериозната смрт на актерката Мерлин Монро, жена која стана вистинска легенда и стандард за убавина и сексуалност.rnrnСепак, секој факт од нејзината биографија и секоја ретка фотографија на убавицата сè уште предизвикува јавен интерес! Прочитајте ги 20-те интересни детали од животот на главната русокоса од 20 век за кои можеби не сте знаеле.rnrn20 интересни факти за Мерлин Монроrnrn1. Речиси целото богатство на Мерлин Монро по нејзината смрт му припаднало на блискиот пријател на дивата Ли Стразберг.rnrn2. Оваа најпозната русокоса од дваесеттиот век сакала да чита! Нејзината лична библиотека имала над 400 книги. Актерката се чувствувала инфериорно затоа што не завршила училиште, па се трудела да ги надополни знаењата.rnrn3. И покрај нејзините облини, Мерлин јадела многу малку. Другите актерки постојано забележувале дека таа може да го помине денот само со една чаша сок од портокал.rnrn4. Првата верзија од нејзиниот псевдоним бил Џин Адер, но легендарната русокоса во последен момент одлучила да го избере именувањето Мерлин Монро.rnrn5. Мерлин била првата жена на насловната страница на магазинот Плејбој!rnrn6. Имало дури 11 обиди за посвојување на малата Норма Џин, но секојпат посвоителите ја враќале во сиропиталиштето.rnrn7. Во последните три години од животот Мерлин имала вештачки „парафински“ гради (силиконските импланти не биле достапни во тоа време). А на почетокот од нејзината кариера, пластичните хирурзи ги коригирале и формата на нејзината брада и носот.rnrn8. Кога филмска ѕвезда сакала да помине незабележано на улиците од градот, таа носела темна перика и позирала како Зелда Зорк.rnrn9. Според извештаите на очевидци, Монро честопати била збунета, понекогаш заборавајќи некои зборови. Само за една сцена со актерката, биле снимени од 20 до 40 кадри.rnrn10. IQ-то на легендарната актерка било 168. Оваа бројка е многу повисока од просечната. Сепак, стереотипната слика за „глупавата русокоса“ ја прогонувала цел живот.rnrn11. И покрај песната „Diamonds are the girl’s best friend“, самата Мерлин била рамнодушна кон скапиот накит, а нејзината колекција била многу скромна.rnrn12. Монро сакала да готви, а нејзините пријатели велеле дека актерката е одлична готвачка.rnrn13. Мерлин имала своја продуцентска компанија, Marilyn Monroe Productions (која, за жал, создала само еден филм – „Принцот и танчарот“ (1957). Монро била една од првите жени во историјата што основала своја продуцентска компанија.rnrn14. Мерлин се преобратила во Јудаизам за да се омажи за својот трет сопруг Артур Милер.rnrn15. Иако се заљубувала во грди мажи, сè уште се чувствувала инфериорно.rnrn16. Кога била дете таа постојано била силувана од згрижувачот во семејството Монро.rnrn17. Мерлин цел живот сонувала да создаде семејство и да стане мајка. Таа била голем љубител на децата. Обидот да има дете со Артур Милер завршил со абортус.rnrn18. Монро пелтечела, но со упорност ја надминала оваа маана.rnrn19. За погребот на Мерлин бил избран бледо зелен фустан од „Pucci“.rnrn20. Мерлин Монро имала последна желба која сакала да ѝ ја исполни Џо Димаџио. Таа побарала од бејзбол играчот, тој секоја недела да носи цвеќе на нејзиниот гроб, во случај актерката прерано да почине. Десетина црвени рози секоја недела биле поставувани на гробот на Мерлин, цели 20 години.rnrnМожеби сакате да прочитате и за неверојатниот живот на пејачката Едит Пјаф кој не се среќава ниту во романите.