КАФЕ ПАУЗА

Tag: Европа

  • Најтоплите места на Земјата

    Најтоплите места на Земјата

    Во потрагата по спас од летните горештини во Македонија, внимавајте да не завршите на некоја од следните дестинации: :)rn

    1. Азија

    rnСо измерени 70,7 степени Целзиусови, пустината Лут во Иран е најжешкото место во светот. Толку е жешко, што ни бактериите не можат да виреат. Во едно од истражувањата, на овие температури било оставено отворено стерилизирано млеко, кое и по неколку дена не било расипано. После ова Лут е прогласена за абиотска зона. Пустината е опкружена со планини и е дом на најголемата песочна пирамида во светот.rnrnУлтражешко азиско лето има и градот Тират (Tirat Tzvi) во Израел, каде живата во термометрите се искачува до 53,7° С.rnrnНајтоплите места на Земјатаrn

    2. Африка

    rnНајвисоката температура на континетот е регистрирана во градот Ел Азизија, Либија. Таму на 13 септември 1922 година се измерени 57,8 степени Целзиусови.rnrnНајтоплите места на Земјатаrn

    3. Северна Америка

    rnДолината на смртта пак, го држи рекордот за највисока температура во западната хемисфера. На 10 јули 1913 година, таму се измерени 56,7° C, малку под највисоките температури во Либија. Долината на смртта е дел од пустината Мохаве во Источна Калифорнија, САД. Таа е позната како едно од најниските, најсувите и најжешките места во Северна Америка.rnrnНајтоплите места на Земјатаrn

    4. Австралија

    rnОвде летата се навистина жешки и достигнуваат температури до 47° C. Но, оваа граница е драстично надмината во 2003 година, во државата Квинсленд, кога биле измерени 68,9° C. Меѓу најжешките места на континетот е и грaтчето Однадата во Јужна Австралија. Таму на 2 јануари 1960 година, живата во термометрите се искачила на 50,7° C.rnrnНајтоплите места на Земјатаrn

    5. Европа

    rnОбидете се да прошетате во центарот на Севиља, Шпанија, напладне во месец јули и ќе дознаете што значи да се живее во најжешкото место во Европа. Таму во летниот период температурите несомнено се искачуваат до 40° C, со исклучок на 4 август 1881 година, кога во градот е регистриран најтоплиот ден на континентот, со измерени 50° C.rnrnНајтоплите места на Земјата

  • 10 причини да гледате ЕУРО 2012

    10 причини да гледате ЕУРО 2012

    Иако знаете дека нема каде да побегнете од Европското првенство во фудбал, еве ви десет причини кои и без тоа нема да ви дадат да се одлепите од телевизорот.10 причини да гледате ЕУРО 2012rn

    1. ЕУРО 2012 е празник

    rnСекое големо фудбалско натпреварување е празник затоа што фудбалот е религија за многумина. Однесувањето на многу навивачи зависи од правилата на фер плејот, па сè до перформансите на нивниот тим. Тие преферираат за фудбал да разговараат со свои „истомисленици“ и се спремни да тргнат во „света војна“ (со зборови) со противниците. Сепак, сега е време за празнување и за славење на добрите страни на своите миленици.rn
    rn

    2. Поле за културен натпревар меѓу народите

    rnЛуѓето веќе не заминуваат во војна за да ја докажуваат силата на својата нација, туку наоѓаат мирни начини за да ја постигнат таквата цел. Веројатно тоа е една од главните причини заради која толку многу луѓе еуфорично следат што ќе се случува на турнирот. На теренот Шпанците и Португалците играат технички дотерано, брзо и со многу страст, Германците никогаш не се даваат, Италијанците играат бавно, а Балканците во момент на инспирација можат против секого. Вистинска борба на различни менталитети.rn
    rn

    3. За инает на европските политичари

    rnИако беше поканет, францускиот претседател Франсоа Оланд најави дека нема да оди на Европското првенство поради расизмот на стадионите во Полска и Украина. Навистина, во овие две земји и на стадионите низ цел свет се случуваат одвратни расистички испади на навивачите, но Оланд и некои други европски политичари се обидуваат преку овој настан да направат политички притисок врз двете земји. Гледајте ЕУРО 2012, барем за инает на овие политичари.10 причини да гледате ЕУРО 2012rn

    4. Ќе има драма

    rnОние коишто редовно гледаат фудбал можат да ви набројат по неколку натпревари во кои за малку ќе доживееле инфаркт. Фудбалот нуди неверојатна драма, придружена со многу емоции, која кулминира кон крајот на натпреварот, а потоа останува само да се прераскажува.rn
    rn

    5. Навивачите

    rnВо отсуство на Африканците и Јужноамериканците можеби нема да биде толку шарено на трибините како што обично е на светските првенства, но Европа сè уште е микс на различни култури кој се рефлектира и на трибините. И на ова првенство ќе се нагледаме интересно „дотерани“ навивачи и интересни навивачки кореографии.rn
    rn

    6. Зозулица – украинската вувузела

    rnУкраинците имаат замена за африканската вувузела, онаа направа за дување со непријатен звук кој се слушаше за време на Светското првенство пред две години. Нивниот инструмент се вика зозулица, во минатото ја користеле повеќето словенски народи, а има далеку попријатен звук од вувузелата.10 причини да гледате ЕУРО 2012rn

    7. Животните кои ќе ги прогнозираат победниците

    rnОктоподот Пол не е повеќе жив, но Полјаците и Украинците веќе имаат кандидати кои ќе го продолжат неговото дело. Слоницата Чита од Полска и едно прасе од Украина чие име не се открива се двете „видовити“ животни кои ќе се борат за светска слава користејќи ја својата „дарба“ да го предвидат победникот на секој натпревар. Се разбира, покрај нив се појавија уште еден куп животни кои „знаат“ кој ќе биде шампион, но само овие двајца имаат статус на „официјални прогнозери“.rn
    rn

    8. Мајсторите на играта

    rnТука ќе бидат собрани најдобрите фудбалери од цела Европа. Овие луѓе знаат да прават спектакуларни работи со топката кои предизвикуваат восхит дури и кај оние кои не се љубители на овој спорт.rn
    rn

    9. Фудбалерите за понежниот пол

    rnНа ЕУРО 2012 ќе се појават вкупно 368 фудбалери, па девојките кои не следат фудбал имаат голем избор да најдат некој кој им се допаѓа и редовно да навиваат за него.rn
    rn

    10. Убав повод за дружење

    rnГледањето фудбал во друштво веќе стана ритуал во светот и кај нас, па ако сакате да се видите со некого додека трае шампионатот, еве еден убав повод. Можете да одите во кое било кафуле или ресторан, или пак да набавите грицки и пијачки и да соберете друштво дома. Ако ги избегнете оние кои „знаат“ кој натпревар е наместен, ја имате најубавата причина да следите натпревар од најубавата игра на светот.10 причини да гледате ЕУРО 2012
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Шармот на малите европски градови

    Шармот на малите европски градови

    Метрополите се познати и привлечни токму заради својата големина и раскош. За разлика од нив, малите гратчиња поседуваат топлина и мир карактеристични само за нив. Со еден збор, тие имаат душа.rnrnВи ги претставуваме најубавите мали градови во Европа, кои нема да ве остават рамнодушни.rn

    Салцбург, Австрија (Salzburg)

    rnВпечатливата архитектура во стилот на барокот е тоа што го прави ова место уникатно и интересно. Градот во кој има 3 универзитети, секоја година привлекува студенти од цела Европа. Салцбург е родното место на познатиот композитор Моцарт, што е причина плус да се посети ова гратче.rnrnШармот на малите европски градовиrn

    Мостар, Босна и Херцеговина (Mostar)

    rnМостар е најзначајниот град во Босна и Херцеговина. Изграден покрај реката Неретва, плени со старите градби кои потекнуваат од времето на Отоманската Империја. Најзначаен симбол на градот е Стариот Мост, по што е и именуван.rnrnШармот на малите европски градовиrn

    Хвар, Хрватска (Hvar)

    rnХвар е пристаниште во Хрватска. Опкружен со ѕидини во италијански стил изградени во 13 век, Хвар е познато туристичко место за летување.rnrnШармот на малите европски градовиrn

    Пореч, Хрватска (Poreč)

    rnНајзначаен белег на градот е Базиликата Еуфразиан од 6 век, која е заштитена од УНЕСКО од 1997 година. Ова гратче, кое е старо скоро 2.000 години, шармира со својата смиреност и уникатност.rnrnШармот на малите европски градовиrn

    Чешки Крумлов, Р. Чешка (Český Krumlov)

    rnОва интересно гратче кое се наоѓа во јужниот дел на Р. Чешка, е значајно по својата единствена архитектура и грандиозниот замок, кој по големина е втор веднаш после замокот Хратчани во Прага, главниот град на Р. Чешка.rnrnШармот на малите европски градовиrn

    Карлови Вари, Р. Чешка (Karlovy Vary)

    rnГрадот на „кралските бањи“, е познат по многубројните минерални жешки извори, кои често се посетувани од славните личности. Овде се одржува и еден од најстарите, а воедно и најреномираните филмски фестивали во Европа.rnrnШармот на малите европски градовиrn

    Јорк, Англија (York)

    rnЈорк спаѓа во т.н. заѕидани градови, околу кој се изградени ѕидини кои го заштитувале градот во минатото. Ова место има богато културно наследство и претставува центар на значајни политички настани кои се одвивале во минатото.rnrnШармот на малите европски градовиrn

    Колмар, Франција (Colmar)

    rnОва француско гратче со градби кои наликуваат како да се од бајките, е основано во 9 век. Многубројните музеи се карактеристичен белег на градот, од кои најпознат е музејот Унтерлинден.rnrnШармот на малите европски градовиrn

    Мајсен, Германија (Meissen)

    rnГрадот Мајсен се наоѓа во источна Германија и е познат како „центар на Саксонија“. Ова место вреди да се посети за да се види прекрасната катедрала Мајсен изградена во готски стил, порцеланот кој се произведува овде, како и замокот Albrechtsburg.rnrnШармот на малите европски градовиrn

    Кордоба, Шпанија

    rnКордоба се наоѓа во јужна Шпанија, Андалузија. За време на средниот век, овој град бил престолнина на исламскиот калифат и еден од најголемите градови во светот. Веднаш ќе ве маѓепса со импресивните архитектонски зданија, за кои вреди да се посети.rnrnШармот на малите европски градови
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Патот на кафето околу светот

    Патот на кафето околу светот

    Автор: Александра ЧакаровскаrnrnЗа првпат, неговото височество-кафето, се појавува во Етиопија. Легендата вели дека човекот со име Калди, еден ден забележал како неговите кози после јадењето зрна од една грмушка се однесувале чудно. Од љубопитство, ги пробал и самиот и забележал дека добил поголема енергија. Веста за овошјето што дава сила, брзо се проширила низ регионот. Калуѓерите, за да останат подолго будни за време на молитвите, биле први кои смислиле начин како овошјето да го пренесуваат на поголеми далечини. Го цеделе сокот од овошјето, потоа го јаделе, а исцедената течност ја пиеле.Патот на кафето околу светотrn

    Кафето ја напушта Африка

    rnКафето од Африка било пренесено на Арапскиот Полуостров и за првпат било одгледувано во денешен Јемен. Од Јемен, потоа стигнало во Турција, каде за првпат самите зрна кафе биле печени на отворен оган. Потоа, испечените зрна се кршеле, се вареле во вода и се создавал напиток кој наликувал на денешното кафе.Патот на кафето околу светотrn

    Кафето пристигнува во Европа

    rnНа Европскиот континент, кафето е донесено од страна на Венецијанските трговци. Католичката црква веднаш остро се спротивставила на кафето, нарекувајќи го „пијалак на ѓаволот“. Но, за сечие изненадување, папата како голем уживател на магичната напивка, го благословил кафето, прогласувајќи го за вистински Христијански напиток. Набргу потоа кафето бргу се раширило низ Европа, а кафулињата постанале центри на интелектуална размена. Многу големи умови пиеле кафе за да ја поттикнат својата креативност.Патот на кафето околу светотrn

    Кафето патува во Америка

    rn

    На почетокот на 18 век, кафето пристигнува и во Америка. Американците можат да му заблагодарат на францускиот капетан кој пренел едно растение кафе преку Атлантикот. Токму ова единствено растение, посадено на Карипскиот остров Мартиник, е претходник на преку 19 милиони дрвја кафе, посадени на островот во наредните 50 години. Како омилена напивка, кафето во Америка е прогласено за национален пијалак.Патот на кафето околу светот

    rnrn

    Кафето во 21 век

    rnДенес кафето е огромна глобална индустрија која вработува над 20 милиони луѓе. Со преку испиени 400 милијарди чаши секоја година, кафето е најпопуларен пијалак во светот. Ако само може да замислите, во Бразил преку 5 милиони луѓе се вработени во одгледување и берење на повеќе од 3 милијарди кафе-растенија. Продажбата на висококвалитетни кафиња достигна ниво од неколку милијарди долари годишно и се зголемува значително секоја година.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Зошто Прага се нарекува „златниот град на Чешка“?

    Зошто Прага се нарекува „златниот град на Чешка“?

    Магична, мистична, прекрасна се само дел од атрибутите кои Прага, главната престолнина на Република Чешка, со сигурност ги заслужува. Сместена во срцето на Европа, плени со својата специфична архитектонска традиција, а воедно претставува и значајна раскрсница на која се среќаваат уметници и научници од целиот свет. Како популарна туристичка дестинација, Прага со гордост го зазема шестото место на најпосетувани европски градови.rnrnЗошто Прага се нарекува „златниот град на Чешка“?rnrnПрага можете да ја сретнете под различни синоними: Градот со 100-те врвови, Срцето на Европа, Мајка на градовите. Но, дали сте знаеле дека овој град е познат и како Златна Прага?rnrnЗошто Прага се нарекува „златниот град на Чешка“?Зошто Прага се нарекува „златниот град на Чешка“?rnrnЕдна теорија поврзана со името Златна Прага, вели дека овој епитет ѝ е додаден за време на владеењето на чешкиот крал Чарлс IV, кога кулите на Прашкиот Замок биле покриени со злато.rnrnЗошто Прага се нарекува „златниот град на Чешка“?Зошто Прага се нарекува „златниот град на Чешка“?rnrnДруга теорија за Златна Прага е поврзана со владеењето на Рудолф II, кој ангажирал алхемичари за да ги претворат обичните метали во златни.rnrnЗошто Прага се нарекува „златниот град на Чешка“?Зошто Прага се нарекува „златниот град на Чешка“?
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Првиот клуб на „Плејбој“ во Европа

    Првиот клуб на „Плејбој“ во Европа

    Првиот клуб на „Плејбој“ е отворен во Чикаго 1960 година, а набргу потоа нови клубови биле отворени и во Њујорк, Њу Орлеанс, Лос Анџелес, Канзас Сити и на други места. Слични вакви места се отворија насекаде, дури и во Јамајка. Клубовите имаа коктел-барови, каде што зајачиците од Плејбој служеле храна и пијалак и имале настапи во живо. Да поседувате членска картичка за во клубовите на „Плејбој“ значело дека имате одреден статус во општеството, иако само 21% од луѓето кои ги поседувале картичките, ги користеле. Со цена од само 25 долари за годишна членарина, Плејбој заработувал огромни пари. Ова бил првиот чекор за создавање на царството.rnПрвиот клуб на „Плебој“ во ЕвропаПрвиот клуб во Лондон бил отворен во 1965 година, по легализирањето на коцкањето во Велика Британија. Овој клуб е првиот кој се отворил на тло на Европа. Девојки од Англија, биле носени до САД за да бидат обучени како Плејбој зајачици, келнерки и крупиерки, за отварањето на овој клуб. Се верува дека сопственикот на магазинот, Хју Хефнер, бил инспириран да отвори клубови за коцкање и пиење, во кои служат девојки облечени во кадифе, откако ги посетил клубовите од ланецот „Gaslight“ во Чикаго.rnПрвиот клуб на „Плебој“ во ЕвропаПрвиот клуб на „Плебој“ во ЕвропаКлубот во Лондон, наскоро почнале често да го посетуваат славните и богатите, меѓу кои бил и Френк Синатра. Францускиот актер Жан-Пол Белмондо, Бонд-девојката Урсула Андерс и американскиот актер Џејмс Гарнер уживале да јадат во лондонскиот „Плејбој“ клуб. Во овој клуб Вуди Ален има настапувано во живо.rnПрвиот клуб на „Плебој“ во ЕвропаПрвиот клуб на „Плебој“ во ЕвропаПрвиот клуб на „Плебој“ во ЕвропаПрвиот клуб на „Плебој“ во ЕвропаВо 1972 година, неколку од зајачиците во клубот го снимиле и албумот насловен „Распеани зајачици“ (Singing Bunnies). Клубот се затворил во 1981 година, откако не му била продолжена лиценцата за коцкарницата. Клубот повторно ќе се отвори оваа сабота, 30 години по неговото затворање. Новите зајачици повторно беа пратени на интензивно обучување кое траеше 11 недели, а нивните облеки, кои беа специјално дизајнирани за секоја од нив, се карактеризираат со помодерн стил.Првиот клуб на „Плебој“ во ЕвропаПрвиот клуб на „Плебој“ во ЕвропаПрвиот клуб на „Плебој“ во Европа———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук

  • Шарени мастики

    Шарени мастики

    За многумина од нас тоа е само една мастика на тротоарот, фрлена од несовесен човек. Но за Бен Вилосн, тоа е инспирација за творење.Шарени мастикиШарени мастикиБен поминува повеќе часови барајќи мастика залепена на тротоар и потоа, употребувајќи шарени бои, црта на таквата леплива површина.Шарени мастикиПрво, ја загрева мастиката со летламба и потоа ја лакира за да се стврдне. Употребува специјални акрилни бои со кои ги креира своите уметнички дела. Автор е на повеќе од 10.000 шарени и уметнички мастики кои не се поголеми од оригиналната големина на гумата за џвакање. Негови дела има во Велика Британија и во делови од Европа.Шарени мастикиВилсон со оваа уметност почнал да се занимава пред неколку години сакајќи да си го разубави соседството во Мусвел Хил, Северен Лондон и така почнал да создава шарени плочници низ Велика Британија.Шарени мастики
    rn

    „Најпрво почнав да цртам обични слики – сè што ќе ми дојдеше во главата. Но, по некое време луѓето од мене почнаа да бараат да цртам конкретни работи“.

    rnШарени мастикиБен вели дека најчудната работа што ја нацртал е реченицата „Ќе се омажиш ли за мене?“ на парче мастика пред продавница за чевли во која сакала да купува девојката. На крајот, таа се согласила на понудата.rn
    rn

    „Цртањето врз мастики за џвакање некако, ме ослободува. Да цртав по ѕидови и директно на плочници, ќе ме казнеа според законот“.

    rnШарени мастикиБен го уапсија од градската полиција во Лондон заради сомнителни криминални дела. За среќа, случајот беше отфрлен само неколку месеци подоцна и тој го избегна кривичното гонење.Шарени мастикиШарени мастикиШарени мастикиШарени мастикиШарени мастикиШарени мастикиШарени мастики
    rnrnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn