КАФЕ ПАУЗА

Tag: Европа

  • Европски спот за песната „Круг“ на Дон и Андреј од ДНК

    Европски спот за песната „Круг“ на Дон и Андреј од ДНК

    Спотот за песната „Круг“ на бизнисменот Дон и Андреј од ДНК, кој е снимен низ Европските метрополи Виена, Париз, Милано и Венеција од денес имаме можност да го гледаме на медиумите. Интересната видео репортажа за нивната заедничка песна „Круг“ е зачинета и со прекрасни кадри од Сани Бич, каде што се појавува и актуелната Мис на Македонија, прекрасната Симона Станковска.rnrnrn
    rnrn

    „Спакувавме едно интересно несекојдневно видео со кадри од Виенската Опера, Ајфеловата кула, Миланското Дуомо и плоштадот Св. Марко во Венеција, кои ги посетивме со Андреј и екипата на 2С Продукција којашто го работеше спотот. Се надевам дека спотот, а и самата песна ќе ѝ се допаднат на публиката затоа што носи искрена порака во себе. Почетокот на текстот ја искажува скриената желба на многу луѓе за материјални вредности, но во последните стихови се објаснува дека вистинската вредност не е во парите и славата туку во духовните вредности како љубовта и среќата“ – изјавува Дон.

    rnrnКомплетниот текст со моќната порака на „Круг“ го напиша самиот Дон, а композиторот Лазар Цветкоски ги направи музиката, аранжманот и продукцијата на песната.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Филм: Извештај за Европа (Europa Report)

    Филм: Извештај за Европа (Europa Report)

    Задолжителен филм за искрените љубители на научна фантастика

    rnrnФилм: Извештај за Европа (Europa Report)Режија: Себастијан КордероrnrnУлоги: Шарлто Копли, Михаел Никвист, Анамарија МаринкаrnrnВреметраење: 90 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 27 јуни 2013rnrnЖанр: научно-фантастичен трилерrnrnНаша оценка: 9/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrnrnrnТешко дека досега сте слушнале за овој филм, уште потешко е да се очекува дека сте го изгледале. Ваквиот тип научно-фантастични трилери едноставно не го добиваат заслуженото внимание поради тоа што содржат алтернативни елементи и тивко им го отстапуваат своето место на надуените блокбастери кои на разни површни начини го покриваат недостатокот на квалитетна содржина. А оние од типот на „Извештај за Европа“ и тоа како вреди да се изгледаат.rnrnФилм: Извештај за Европа (Europa Report)rnrnВо него нема ниту акција нашминкана со бројни визуелни ефекти, ниту клише приказна, ниту во главните улоги се маж и жена кои потајно копнеат еден по друг. Тоа е нискобуџетен филм кој наликува на документарците за мисиите на НАСА, наоружан е со главно анонимни актери, неколку спектакуларни вселенски пејзажи и многу наука. Токму последното е она што му дава тежина и го прави занимлив.rnrnФилм: Извештај за Европа (Europa Report)rnrnГо раскажува измисленото прво патување на астронаути на Европа, сателитот на Јупитер за кој се верува дека може да содржи ресурси за живот. Ја следи мисијата од почеток до крај, одблизу прикажувајќи го секојдневието на астронаутите таму длабоко во вселената. Ликовите се многу реални. Не се херои туку личат на нормални луѓе кои отишле таму да си ја завршат работата за која се пратени. Но, тоа не го прави дејствието здодевно, туку напротив, совршено ја доловува нивната страст да го истражуваат непознатото и да стигнат таму каде што никој друг порано не бил.rnrnФилм: Извештај за Европа (Europa Report)rnrnЌе се соочат со многу препреки во нивното патување. По само шест месеци ќе ја загубат можноста да контактираат со Земјата, ќе се соочуваат и со други дефекти и разни опасности по животот. Токму тие моменти даваат слика за нивната посветеност во извршувањето на мисијата. Не им е толку важен сопствениот живот колку што копнеат да откријат дали на Европа има можност за живот.rnrnФилм: Извештај за Европа (Europa Report)rnrn„Извештај за Европа“ ја става науката во прв план. Тоа го прави задолжителен за сите оние кои уживаат да читаат и да слушаат за истражувањата на вселената, но веројатно не и за оние кои бараат некаква акција во замислени светови некаде далеку од Земјата. Ова е по малку бавен филм во кој најмногу ќе уживаат оние кои сакаат бегство во вселената, кое истовремено изгледа реалистично.rnrnФилм: Извештај за Европа (Europa Report)
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Европската географија според Американците

    Европската географија според Американците

    Во обид да го провери нивното познавање на географијата на Европа, веб-магазинот Buzzfeed побарал од неколку Американци да ги внесат имињата на државите на празна мапа. Одговорите покажуваат основни непознавања за тоа која земја каде се наоѓа, но истовремено на виделина исфрлаат еден показател за политичката реалност. Тие многу подобро ја познаваат Западна Европа отколку нејзиниот централен и источен дел. Сите знаат каде се Велика Британија, Франција, Шпанија и Италија, но немаат доволен увид за положбата на земјите од поранешниот Источен блок и оние од Балканскиот Полуостров.rnrnКако и да е, одговорите се навистина смешни.rnrnЕвропската географија според Американците Европската географија според Американците Европската географија според Американците Европската географија според Американците Европската географија според Американците Европската географија според Американците Европската географија според Американците Европската географија според Американците Европската географија според Американците Европската географија според Американците Европската географија според Американците Европската географија според Американците Европската географија според Американците Европската географија според Американците Европската географија според Американците Европската географија според Американците Европската географија според Американците Европската географија според Американците Европската географија според Американците Европската географија според Американците Европската географија според Американците Европската географија според Американците
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • ТВ серија: Поминувајќи граници (Crossing Lines)

    ТВ серија: Поминувајќи граници (Crossing Lines)

    Специјална единица за криминал истражува сериски злосторства насекаде низ границите ширум ЕвропаrnrnТВ серија: Поминувајќи граници (Crossing Lines)Главни улоги: Вилијам Фичнер, Доналд Сатерленд, Марк Лавуан, Габриела Песион, Том Влашиха, Мун Дејли, Ричард ФладrnrnЖанр: акција, криминалистика, драмаrnrnКреатор: Едвард Ален БернероrnrnПремиера: 14 јуни 2013rnrnБрој на сезони: 1 (во тек)rnrnВреметраење: 43 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnНаша оценка: 8rnrnВаша оценка: [ratings]rn

    rnСекоја криминална серија опфаќа злосторства од градот или државата во која е сместено дејството на настаните. Но, овој пат станува збор за тим кој се состои од членови на полиција од неколку различни држави. rnrnВодачот на овој тим е мајорот Луи Даниел (Марк Лавуан) од француската полиција. Инспекторката Сиена Прајд (Џеневив О’Рајли) е специјалист за испитување од Скотланд Јард. Истражувачот Себастијан Бергер (Том Влашиха) е гениј за технологија од полицијата во Берлин, Германија. Наредникот Ева Виторија (Габриела Песион) работи во областа на антимафијата и е специјалист за тајни и скриени операции. Детективот Томи Мековел (Ричард Флад) е експерт за оружје и тактика од полицијата во Северна Ирска. Детективката-наредник Ан Мари Сан (Мун Дејли) е криминален аналитичар и специјалист за трговија со луѓе. И тука е и инспекторот Мајкл Дорн (Доналд Сатерленд) кој работи во Интернационалниот суд за криминал.ТВ серија: Поминувајќи граници (Crossing Lines)Како и секоја добра приказна, така и оваа започнува со прекрасна млада жена, полна со живот. Но, за несреќа, оваа приказна започнува и со крајот на животот на таа жена, со нејзиното убиство. Во тоа време Карл Хикмен (Вилијам Фичнер) бил западнат во очајна ситуација. Тој многу пати помислувал и да се откаже, но она што го одржувало во живот биле гневот и морфиумот. Хикмен никогаш не би поверувал дека токму тоа убиство на таа жена која била пронајдена во парк во Париз целосно ќе го промени неговиот живот.ТВ серија: Поминувајќи граници (Crossing Lines) ТВ серија: Поминувајќи граници (Crossing Lines)Луи решава да побара помош за овој случај од Карл кој работел за полицијата во Њујорк, но бил отпуштен откако на еден случај добил куршум во десната дланка и ја изгубил способноста за нејзино користење. Со други зборови, по повредата тој веќе не можел да пишува извештаи, ниту пак да држи пиштол и големи се шансите дека ќе биде на тешки лекови до крајот на неговиот живот. Но, сепак тоа не ги загрозило неговите неверојатни способности за дедукција поради кои и Луи го бара за убиствата на девојки во неколку различни држави низ Европа.ТВ серија: Поминувајќи граници (Crossing Lines) ТВ серија: Поминувајќи граници (Crossing Lines)Доколку сте љубител на криминални ТВ серии, оваа приказна дефинитивно ќе ве одушеви. Различните карактери од кои се состои тимот се одлично освежување од монотноста која може да се забележи во сериите од овој жанр во последниве неколку години. Ви ветуваме дека нема да се разочарате доколку ѝ дадете шанса на „Поминувајќи граници“.ТВ серија: Поминувајќи граници (Crossing Lines) ТВ серија: Поминувајќи граници (Crossing Lines)
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Кој европски народ е најубаво облечен?

    Кој европски народ е најубаво облечен?

    Порталот „Zoover“ направил истражување во кое учествувале 12.000 туристи од 20 европски држави, а прашањето било кој европски народ најубаво се облекува.Кој европски народ е најубаво облечен?Според резултатите, најубаво облечени се Италијанците за кои се изјасниле дури 35% од испитаниците. Второто место им припаднало на Французите, додека третото на Швеѓаните.rnrnПомеѓу оние со најмалку стил во Европа се наоѓаат Грците, Германците и Британците, а убедливо најлошо облечени се Полјаците.rnrnИстражувањето покажало дека секој испитаник смета дека неговата земја е најдобро облечена, а потоа својот втор глас го дава за Италијанците.rnrnНа прашањето кој е најлошиот стил на облекување, дури 65% од машките испитаници одговориле дека комбинацијата од сандали и чорапи е најлоша, додека 20% рекле дека би забраниле подебелите луѓе да носат мали костими за капење. Кај женските испитанички, 40% одговориле дека не сакаат тесни хеланки, а 20% дека мразат широка облека.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Видео кое ќе ве инспирира да прошетате низ Европа

    Видео кое ќе ве инспирира да прошетате низ Европа

    23-годишниот видеограф Лук Шепард неодамна објави неверојатно добро тајмлапс видео, за чија изработка заминал со неговиот пријател на едно епско патување. Служејќи се со 90-дневна Еурали карта, овие двајца прошетале низ 36 градови, во 21 европска држава, со цел да ги фотографираат најголемите европски архитектонски ремек-дела во денешницата. На крајот, Шепард имал направено 20.000 фотографии, од кои потоа селектирал дел, за да го направи фантастичното тајмлапс видео насловено „Nightvision“.rn

    rnОвој проект ќе останел само желба, без поддржувачите на платформата за финансирање креативни проекти Kickstarter, кои му помогнале на Лук да собере 19.000 долари. Неговиот краен производ е видео со должина од 4 минути, во кое секоја секунда е сочинета од 25 фотографии.Видео кое ќе ве инспирира да прошетате низ Европа Видео кое ќе ве инспирира да прошетате низ ЕвропаИнтересно е тоа што сите фотографии се направени навечер, при што совршено се истакнуваат контурите кои ги создал човекот, во овие восхитувачки европски ремек-дела. Истите прават да се почувствуваме инспирирано и желни за незаборавно патување низ Европа, нели?!Видео кое ќе ве инспирира да прошетате низ Европа Видео кое ќе ве инспирира да прошетате низ Европа Видео кое ќе ве инспирира да прошетате низ Европа
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Здраво Европа!

    Здраво Европа!

    Тројца млади момци од Белгија дошле до една многу интересна идеја – да ја поврзат цела Европа. Тоа сакаат да го сторат со тоа што ќе постават големи екрани 6 на 2 метри, во централните места на главните градови на државите низ Европа. Постојано, два екрани во два различни градови ќе бидат поврзани. Па така, доколку стоите пред едниот екран, ќе имате можност да го видите и чуете оној којшто стои пред другиот екран, како тој или таа реално да стои пред вас. На секои 30 минути екранот ќе се менува, па така секој од нас ќе има можност постојано да „посетува“ различни држави и да се запознава со различни култури.Здраво Европа!Ваквата технологија ќе понуди безброј можности за комуникација и забава помеѓу народите. Членовите на тимот, Senne Dehandschutter, Majd Khalifeh и Mathias Brouns, дури веруваат дека со ваквите екрани со камери ќе биде олеснето комуницирањето помеѓу членовите на Европскиот Парламент, без да се прават трошоци. Почнувате да размислувате на можностите? Замислете, ќе имаме прилика да пиеме кафе со цела Европа!rnrnМомците сѐ уште собираат лајкови и твитови од Цела Европа, со цел да можат да убедат голем спонзор да донира пари за нивниот креативен проект т.н. „Hello Europe“. Да стискаме палци да успеат и да ни стават еден екран и на скопскиот плоштад. Слушнете ги сите нивни идеи во видеото:rn


    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Со какви играчки си играат дечињата ширум светот?

    Со какви играчки си играат дечињата ширум светот?

    Италијанскиот фотограф Габриеле Галимберти обожава да патува околу светот, во потрага по некоја нова авантура, добра приказна и интересни луѓе. За неговиот последен проект насловен „Toy Stories“ тој потрошил 18 месеци фотографирајќи деца од разни делови од светот, со нивните омилени играчки.rnrn

    Со какви играчки си играат дечињата ширум светот?
    Чива – Мекинчи, Малави
    rnrn
    Со какви играчки си играат дечињата ширум светот?
    Жаклин – Манила, Филипини
    rnrnТој не очекувал да открие нешто што веќе не го знаеме: На таа возраст, сите деца се прилично исти. Тие сакаат само да си играат.“ Но, начинот на кој си играат, очигледно се разликува од земја до земја. Галимберти открил дека децата во побогатите држави се попосесивни кон нивните играчки и не дозволуваат некој друг да им ги допре. Во сиромашните држави, некои деца имале само 2-3 играчки, но не им претставувало проблем ако некој друг им ги користи. Така, во Африка децата најмногу си играле надвор, со нивните другарчиња.rnrn
    Со какви играчки си играат дечињата ширум светот?
    Тангавитси – Кикорок, Кенија
    rnrnНо, сепак постојат и голем број сличности помеѓу децата, во однос на улогата која ја имаат играчките во нивните животни. Така, едно 6-годишно момче од Тексас и 4-годишно девојче од Малави си играат со исти играчки – пластични диносауруси, за кои обајцата сметаат дека ги штитат од опасностите коишто ги чекаат во ноќите.rnrn
    Со какви играчки си играат дечињата ширум светот?
    Јулија – Тирана, Албанија
    rnrnВоедно, интересно е тоа дека играчките честопати го рефлектираат и родното место на децата. Момчето од рурално Мексико обожава камиони, бидејќи секојдневно ги гледа како поминуваат низ неговото село, кога се движат накај шеќерната плантажа во близина. Дете од Летонија, сака да си игра со минијатурни колички бидејќи неговата мајка возела такси, додека пак едно девојче, ќерка на италијански фармер, има цел асортиман од пластично гребло, мотика и лопата.rnrn
    Со какви играчки си играат дечињата ширум светот?
    Орли – Браунсвил, Тексас
    rnrnРаботејќи за овој проект, Галимберти научил и многу работи за родителите на децата. Така, родителите од средниот Исток и Азија ги терале нивните деца да се фотографираат, без разлика што тие биле на почетокот нервозни или вознемирени. Од друга страна, родителите од Јужна Америка биле многу релаксирани и му рекле на фотографот дека може да си ја работи работата како сака, сѐ додека нивните деца немаат ништо против тоа.rnrn
    Со какви играчки си играат дечињата ширум светот?
    Ботел – Маун, Боцвана
    rnrn
    Со какви играчки си играат дечињата ширум светот?
    Ли Ја Чен – Шенјанг, Кина
    rnrn
    Со какви играчки си играат дечињата ширум светот?
    Алесија – Кастиљон Фиорентино, Италија
    rnrn
    Со какви играчки си играат дечињата ширум светот?
    Енеа – Болдер, Колорадо
    rnrn
    Со какви играчки си играат дечињата ширум светот?
    Абел – Нопалтепек, Мексико
    rnrn
    Со какви играчки си играат дечињата ширум светот?
    Лукас – Сиднеј, Австралија
    rnrn
    Со какви играчки си играат дечињата ширум светот?
    Наја – Манагва, Никарагва
    rnrn
    Со какви играчки си играат дечињата ширум светот?
    Ралф – Рига, Летонија
    rnrn
    Со какви играчки си играат дечињата ширум светот?
    Арафа и Аиша – Бубубу, Занзибар
    rnrn
    Со какви играчки си играат дечињата ширум светот?
    Тајра – Стокхолм, Шведска
    rnrn
    Со какви играчки си играат дечињата ширум светот?
    Мауди – Калулуши, Замбија

    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • 10 европски замоци во кои можете да престојувате

    10 европски замоци во кои можете да престојувате

    Ако сакате да се почувствувате како дел од кралско семејство додека сте на одмор, морате да ги имате предвид овие десет прекрасни европски замоци кои денес се пренаменети во хотели.rn

    Торнбури, Англија

    rnИзграден во десеттиот век, овој замок бил меѓу омилените престојувалишта на членовите на британското кралско семејство. Има 25 луксузни соби, ресторан и просторија за венчавки, а можете да отседнете во собата што некогаш ја користеле кралот Хенри VIII и Ен Болејн.rnrn10 европски замоци во кои можете да престојуватеrn

    Абиглен, Ирска

    rnЗамокот е изграден во 1832, а во меѓувреме служел и како сиропиталиште. Во шеесеттите бил повторно отворен, овој пат како хотел. Таму најдобри се вторниците, кога менијата во ресторанот се напишани на галски јазик и се служат само традиционални ирски јадења, баш како во минатото.rnrn10 европски замоци во кои можете да престојуватеrn

    Хорнберг, Германија

    rnОвој витешки замок од единаесеттиот век е отворен од 1953 година. Нудат т.н. витешки оброк, односно храна за 20-120 луѓе според традиционални германски рецепти од средниот век, музика и жонглери. Фешта баш како од пред 500 години.rnrn10 европски замоци во кои можете да престојуватеrn

    Кастел Брандо, Италија

    rnНеверојатно е што овој 2000 години стар замок денес сè уште е во употреба. Покрај соби за престој во него има и музеј.rnrn10 европски замоци во кои можете да престојуватеrn

    Ешфорд, Ирска

    rnОвој замок датира од 1228 година, а во 1939 година бил претворен во хотел. Во него престојувале многу славни личности, како Бред Пит, Џон Ленон, Роналд Реган, Џорџ Харисон, Џон Вејн и други.rnrn10 европски замоци во кои можете да престојуватеrn

    Парадор де Кардона, Шпанија

    rnПреубав замок во близината на Барселона кој е изграден во осмиот век, а издржал и голем број војни. Ако престојувате таму, би било убаво да ја избегнете собата со број 712, затоа што се верува дека е опседната од духови.rnrn10 европски замоци во кои можете да престојуватеrn

    Хазлвуд, Англија

    rnСе претпоставува дека замокот Хазлвуд е изграден уште во единаесеттиот век. За време на владеењето на кралот Хенри VIII служел како прибежиште за гонетите католички свештеници, а од 1997 има својство на хотел. Меѓу другото, за време на престојот во замокот можете да земете и часови по готвење.rnrn10 европски замоци во кои можете да престојуватеrn

    Шато де Кастел Новел, Франција

    rnОвој замок се наоѓа во централниот дел на Франција. Датира од тринаесеттиот век, а во негова близина се достапни многу активности, како кајакарење, голф и риболов.rnrn10 европски замоци во кои можете да престојуватеrn

    Кастело де Обидос, Португалија

    rnКастело де Обидос е изграден во дванаесеттиот век на западниот брег на Португалија. Гратчето Обидос е заштитен од УНЕСКО, а самиот замок е избран како едно од Седумте португалски чуда.rnrn10 европски замоци во кои можете да престојуватеrn

    Гатри, Шкотска

    rnЗамокот Гатри е изграден во петнаесеттиот век како кула во која имало соби за живеење, а бил напуштен неколку години подоцна кога близу до него била изградена куќа. Веќе со векови двата објекти се поврзани и сочинуваат прекрасен замок. Интересно е тоа што за него се поврзува и приказна дека е опседнат од духови, но тоа не ги спречува гостите да престојуваат во него.rnrn10 европски замоци во кои можете да престојуватеrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • На што ви личат европските држави?

    На што ви личат европските држави?

    На пример, Норвешка некому наликува на сперматозоид, Украина на магаре, Франција на був… Сето тоа е спакувано во креативни и урнебесно смешни илустрации, на чие чело е Македонија. 🙂  Погледнете ги:rnrn

    На што ви личат европските држави?
    Македонија
    rnrn
    На што ви личат европските држави?
    Романија
    rnrn
    На што ви личат европските држави?
    Хрватска
    rnrn
    На што ви личат европските држави?
    Италија
    rnrn
    На што ви личат европските држави?
    Русија
    rnrn
    На што ви личат европските држави?
    Кипар
    rnrn
    На што ви личат европските држави?
    Франција
    rnrn
    На што ви личат европските држави?
    Србија
    rnrn
    На што ви личат европските држави?
    Грција
    rnrn
    На што ви личат европските држави?
    Германија
    rnrn
    На што ви личат европските држави?
    Обединетото Кралство
    rnrn
    На што ви личат европските држави?
    Украина
    rnrn
    На што ви личат европските држави?
    Бугарија
    rnrn
    На што ви личат европските држави?
    Албанија
    rnrn
    На што ви личат европските држави?
    Норвешка

    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.