КАФЕ ПАУЗА

Tag: Европа

  • 15-те најубави новогодишни и божиќни пазари низ Европа

    15-те најубави новогодишни и божиќни пазари низ Европа

    Ако се прашувате дали времето пред Нова година и Божиќ е најубавото време од годината, доволно е само да ги разгледате европските божиќни пазари. Сериозно, лицето ќе ви се осветли, срцето ќе ви се стопли, па можеби и веднаш ќе почнете да барате авионски летови.rnrn(15)-15-najubavi-bozhikjni-pazari-niz-evropa-kafepauza.mkrnrnОд 445 години стариот маркет во Стразбур, Франција до шармантната земја на чудата во Базел, Швајцарија и Вал д’Аоста, Италија, низ Европа постои пазар за секого. Пробајте од најпрефинетите колачи додека пиете топло чоколадо, купете од локалните рачно изработени украси или возете се на карусел додека чекате средба со Дедо Мраз.rnrnПогледнете некои од европските божиќни пазари кои го заслужуваат вашето време. Некои се историски познати места кои одамна сте сакале да ги посетите, а другите можеби ќе ве изненадат, но се исто така прекрасни, иако помалку познати.rn

    1. Франкфурт, Германија

    rnrnrnЕден од најпознатите и најголемите пазари во Германија е Франкфуртскиот божиќен пазар, лоциран на плоштадот Сент Пол, кој ќе ве освои со својот шарм.rn

    2. Виена, Австрија

    rnrnrnБожиќните пазари се вообичаени за австрискиот главен град и се лоцирани на многу значајни места како пред Градското собрание или пред популарната палата Белведере. Маркетите се полни со штандови со костени и топло чоколадо, како и многу рачно изработени предмети кои претставуваат совршени подароци за празниците.rn

    3. Салзбург, Австрија

    rnrnrnРачно изработените декорации, вкусните колачи и прекрасното опкружување го прават божиќниот пазар во Салзбург еден од најпознатите во Европа.rn

    4. Милано, Италија

    rnrnrnВо текот на празниците се поставуваат божиќни пазари низ целиот град кои се преполни со локални прехранбени богатства и подароци за сите на вашата листа.rn

    5. Вал д’Аоста, Италија

    rnrnrnТрадиционалното божиќно село Аоста, наречено „Зелен божиќен пазар“ изгледа како магично место од бајките бидејќи организаторите го претвораат античкиот римски театар во алпско село. Тука ќе најдете рачно изработени украси и разни слатки колку што ви сака душата.rnrn

  • Најдобрите 5 европски дестинации за дочек на новата година

    Најдобрите 5 европски дестинации за дочек на новата година

    Спас во последен момент! Погледнете ги најдобрите дестинации за дочек на новата година доколку во овој момент сте одлучиле да ги пакувате вашите куфери. Новата година е на само неколку дена од нас, па доколку сакате да ја дочекате во друг град, погледнете ги следниве 5 дестинации каде без сомнение би си поминале најдобро.rnrnНајдобрите 5 европски дестинации за дочек на новата годинаrn

    1. Амстердам

    rnВо Холандија, новата година се дочекува со шампањ, крофни со јаболка и грозје, како и многу огномети кои го осветлуваат небото на полноќ. По доаѓањето на новата година, голем број луѓе ги преплавуваат улиците, но и баровите од кои поголемиот дел се отвораат токму на полноќ.rn

    2. Барселона

    rnТипично во шпански стил, новогодишната прослава во Барселона почнува подоцна одошто би очекувале. Тие имаат традиција на полноќ да изедат 12 зрна грозје, а потоа да почнат вистински да се забавуваат. Вие можете да посетите кафуле или бар, па дури и некоја од локалните плажи за незаборавно искуство. Зарем има подобар начин да ја дочекате новата година од изгрејсонце на плажа?rn

    3. Берлин

    rnБерлинците имаат посебна страст кога се работи за петарди и ракети кои често ги лансираат од сопствените прозорци и тераси. Токму оваа навика го прави Берлин живописен за време на новогодишната ноќ. Многумина во Берлин ја дочекуваат новата година на отворено со цел да можат да уживаат во огнометот ширум градот.rn

    4. Будимпешта

    rnАтмосферата во Будимпешта за време на најлудата вечер во годината е навистина жива. Голем број луѓе се собираат на главните плоштади со цел да ја дочекаат новата година. Кога часовникот ќе покаже полноќ, нивната химна започнува да свири и насекаде се точи шампањ, се прават здравици, луѓето се бакнуваат и потоа уживаат во огнометот.rn

    5. Истанбул

    rnНа кое друго место во светот би можеле да ја дочекате новата година на два континента… истовремено? Без разлика дали прославувате на европската или азиската страна, вие ќе си поминете феноменално. Илјадници луѓе ги преплавуваат улиците на Истанбул каде постојаното свирење на возачите дополнително ја зголемува празничната атмосфера.

  • Топ 10 дестинации во Европа за дегустација на вино

    Топ 10 дестинации во Европа за дегустација на вино

    Историјата на европските вина датира од 8-6 век пред нашата ера, кога луѓето почнале да ги култивираат маслинките и виновата лоза. Виното се сметало за пијалак на елитата во античка Грција, а потоа во римската доба станало популарно и достапно за сите.rnrn1-top-10-destinacii-vo-evropa-za-degustacija-na-vino-kafepauza.mkrn

    1. Бургундија, Франција

    rnНа 100 км од Париз се наоѓа винскиот реон Бургундија. Плантажите се мали, па затоа и производството е помало. Пределот изобилува со преубави пејзажи и мали средновековни цркви. Црвеното вино го прават од грозјето пино ноар, а белото од шардоне.rn

    2. Тоскана, Италија

    rnДревните Етрурци ги откриле здравствените придобивки од виното и маслиновото масло уште пред илјада години. Тоскана е голема област која зафаќа многу реони со вино и различни климатски услови. Постои само една заедничка работа за сите реони, а тоа се добрите сорти на грозје. Најубавите италијански винови лози се наоѓаат помеѓу ридови. Она што задолжително треба да се посети во овој регион е светски познатото вино – Санти.rn

    3. Ла Риоја, Шпанија

    rnШпанија е трет произведувач на вино во светот. Покрај високиот ранг на високо престижни вина, Шпанија има и одлична кујна и културно богатство. Ова подрачје се наоѓа во централно-северниот дел на Шпанија до реката Ебро и се одликува со добра и убава архитектура, прекрасен народ, гастрономија и природна убавина.rn

    4. Долината Мозел, Германија

    rnМозел е еден од 13-те официјални региони за производство на вино во Германија и водечка кога станува збор за интернационалниот углед. Околу 60% од вината кои се прават овде се бели. Најдобрите мозелски вина се и најдобрите вина во светот. Ризлин и Мулер–Тургау се вина со богат мирис и се прилично елегантни. Покрај дегустацијата на вино, во Мозел можете да возите со велосипед по кејот на реката, да пловите, да шетате низ старите камени градови и дворци.rn

    5. Долината Доуро, Португалија

    rnОваа земја е прочуена по црвените вина од висока класа, а најмногу по вината Порт. Доуро е еден од најдивите региони кој изобилува со планини и брда кои се наоѓаат по текот на истоимената река. Таа е заштитена од УНЕСКО. Овде можете да ги посетите дворците, да крстарите по реката и да ги пробате прочуените специјалитети и наградуваните вина.rn

    6. Австрија

    rnОваа земја прави вина од светска класа, а причината за тоа што не се толку прочуени е што домашниот пазар ги купува најдобрите шишиња. Австрија има природни убавини, а Виена е град кој не смеете да го пропуштите.rn

    7. Бордо, Франција

    rnБурниот бизнис со извоз на вина започнал во средината на 12 век и продолжува до ден-денес. Бордо се наоѓа на брегот на Атлантскиот океан и ужива во поморска клима. Дом е на веќе прочуените црвени вина како што се Сент Емилион, Медок и Померол.rn

    8. Кефалонија, Грција

    rnПланинскиот остров Кефалонија е познат како најважниот остров на коj се прават грчките вина од „новиот стил“. Виното отсекогаш било важен дел од културата и датира од древната доба. Единственоста на грчките вина е во тоа што имаат посебен вкус кој доаѓа од домашната врста на грозје, а имаат 300 различни врсти.rn

    9. Унгарија

    rnОваа мала источноевропска земја го произведува светски познатото вино – Токај Азу. Постојат суви Токај Азу вина кои во последниве 10 години стануваат вистински хит. Овој регион се наоѓа во северноисточниот дел на земјата и до него лесно може да се дојде преку Будимпешта. Годишниот празник на виното се одржува во замкот Буда во главниот град и е одлична локација за дегустација на вина.rn

    10. Валдепенас, Шпанија

    rnВалдепенас се наоѓа јужно од Кастиља ла Манча во централна Шпанија. Тоа е мало подрачје каде се одгледува винова лоза и се прави вино. Оваа област е позната по добрите вина кои се многу ценети во Шпанија.

  • 12 најромантични мали градови во Европа

    12 најромантични мали градови во Европа

    Дали имате желба да побегнете од сообраќајниот метеж, вревата и обврските во вашиот град? Овие 12 места низ Европа гарантираат мирен и романтичен одмор за вас и вашиот партнер. Доколку не можете да го напуштите вашиот град сега, избегајте од него макар за миг.rnrn12 најромантични мали градови во ЕвропаrnrnОтворете ја галеријата и тргнете на романтична прошетка низ Европа.rnrn

  • 10 убави, но потценети градови во Европа

    10 убави, но потценети градови во Европа

    Ретки се оние кои не сакаат да шетаат и да го видат светот. А кога останатиот дел кој сака конечно ќе се одлучи да оди, најчеста дестинација се добро познатите светски метрополи како Париз, Рим, Барселона и многу други. Сепак, светот крие многу места кои можеби не се толку познати, но вреди да се посетат и видат. Па доколку се одлучите да ги спакувате куферите и да фатите пат под нозе, следниве неколку дестинации дефинитивно треба да се најдат на вашиот список.rn

    1. Бијариц, Франција

    rnЛоциран во Бискејскиот Залив, Бијариц е доста популарен кога станува збор за сурферите. Во овој град, секоја година се одржува познатиот Сурферски фестивал кој привлекува сурфери и туристи од целиот свет.rnrn1-10-ubavi-no-potceneti-gradovi-vo-evropa-kafepauza.mkrn

    2. Порто, Португалија

    rnГрад со долга традиција и историја во областа на музиката, уметноста и спортот, домаќин на фудбалскиот клуб Порто и познат по многуте фестивали кои се одржуваат во него (на пр. Свети Џон на крајот на јуни). Единствено доколку го посетите ќе сфатите зошто токму овој град бил главен културолошки центар на Европа во 2001 година.rnrn2-10-ubavi-no-potceneti-gradovi-vo-evropa-kafepauza.mkrn

    3. Ферара, Италија

    rnОпколен со антички ѕидини долги повеќе од 9 километри, овој град може да се пофали со преубави палати кои датираат уште од 14-тиот и 15-тиот век, неверојатни катедрали и фантастични улици кои ќе ве маѓепсаат. Како дом на познати писатели, артисти и музичари, дефинитивно треба да се најде на вашата листа.rnrn3-10-ubavi-no-potceneti-gradovi-vo-evropa-kafepauza.mkrn

    4. Бруж, Белгија

    rnКога станува збор за Белгија, убавината на овој град е засенета од онаа на Антверп и Брисел. Но, по излегувањето на филмот „Во Бруж“ во 2008 година, овој град е сè почеста дестинација овие денови. Тоа воопшто не е зачудувачки кога ќе се земат предвид средновековната архитектура и многубројните канали низ градот поради кој го нарекуваат Венеција на северот.rnrn4-10-ubavi-no-potceneti-gradovi-vo-evropa-kafepauza.mkrn

    5. Хајделберг, Германија

    rnОвој живописен град е лоциран во долината на Олденвалдските Планини и на брегот на реката Некар. Негова најголема знаменитост е замокот Хајделберг, а е познат и по убавиот стар град, универзитетот и историските цркви низ него.rnrn5-10-ubavi-no-potceneti-gradovi-vo-evropa-kafepauza.mkrn

    6. Инсбрук, Австрија

    rnСо сигурност, овој град треба да се најде на вашиот список за шетање низ Европа и тоа меѓу првите неколку. Уникатен по тоа што два пати бил домаќин на Зимските олимписки игри, Инсбрук привлекува со многуте патеки за зимски и летни спортови, како скијање, планинарење и планински велосипедизам.rnrn6-10-ubavi-no-potceneti-gradovi-vo-evropa-kafepauza.mkrn

    7. Брашов, Романија

    rnГрад-мост до едни од најубавите замоци во Романија, Пелеш и замокот на Дракула. Шармантен и тивок, во овој град ќе ве освојат топлината на луѓето кои живеат таму, нивната гостопримливост и љубезност.rnrn7-10-ubavi-no-potceneti-gradovi-vo-evropa-kafepauza.mkrn

    8. Утрехт, Холандија

    rnИако Амстердам е првиот град кој би помислиле да го посетите во Холандија, доколку прашате некој кој веќе ја посетил оваа држава сигурно ќе ве упати накај Утрехт. Изграден околу канал, Утрехт е претежно студентски град кој е избор на студенти од целиот свет. Покрај ова, градот е со интересен историски карактер, а преубавите улички низ него ќе освојат секого.rnrn8-10-ubavi-no-potceneti-gradovi-vo-evropa-kafepauza.mkrn

    9. Бибари, Англија

    rnОва мало гратче може да биде одлична викенд дестинација доколку сакате да се одморите, да дишете малку свеж воздух и целосно да се предадете на природата. Шармантно и едноставно, исполнето со зеленило – не би сакале да го пропуштите.rnrn9-10-ubavi-no-potceneti-gradovi-vo-evropa-kafepauza.mkrn

    10. Дрезден, Германија

    rnРуиниран за време на Втората светска војна, градот е изграден од почеток во елегантен барокен стил кој освојува и шармира. Универзитети, музеи, пивски градини и убавина како на слика. Дрезден сигурно ќе ги исполни сите ваши очекувања.rnrn10-10-ubavi-no-potceneti-gradovi-vo-evropa-kafepauza.mk

  • Фотографии на кои плажите се претворени во апстрактна уметност

    Фотографии на кои плажите се претворени во апстрактна уметност

    „Aerial Views Adria“ е колекција од разнобојни фотографии направени од песочните брегови во Европа, кои ги трансформираат плажите во апстрактна уметност. Од многу голема височина, германскиот фотограф Бернард Ланг документирал бескрајни редови од чадори и лежалки на плажите во Италија. Преку неговиот објектив, тој успеал да ја сними симетричноста на малите разнобојни чадори, нивните силни сенки, удобните лежалки и големиот број посетители кои уживаат во летото.rn
    rn

    „Пораката која сакам да ја пренесам е да го покажам влијанието на луѓето врз природната околина“, објаснува Ланг. „Од друга страна пак, погледот од високо ни открива дека ние сме само мали суштества, кои не се толку важни колку што мислат дека се.“

    rnФотографии во кои плажите се претворени во апстрактна уметностrnrn

    rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Зошто да научите германски?

    Зошто да научите германски?

    Доколку размислувате да почнете со учење на нов јазик, тогаш германскиот е вистинскиот избор за вас. И додека не е толку романтичен како францускиот и шармантен како италијанскиот, овој јазик сепак има свои други огромни предности. На пример, германскиот јазик е најзастапениот јазик во Европската унија, каде што според мерењата во 2007-ма, го применувале 19% од Европејците. Германскиот е јазик кој го зборуваат над 120 милиони луѓе во светот, но ова не е единствената причина што би ве натерала да го научите. Погледнете ги и следниве интересни факти, што ќе ве натераат да го засакате германскиот уште веднаш.rnrn(0) zoshto-da-uchite-germanski-kafepauza.mkrnrn1. Германскиот јазик е официјален јазик на Германија, Швајцарија, Австрија, Луксембург и Лихтенштајн.rnrn2. Германскиот јазик е третиот најизучуван јазик во светот.rnrn3. Едни од најголемите литературни и филозофски дела се напишани токму на германски. Гете, Кафка, Хесе, Фројд, Ниче, Маркс се само дел од значајните авторски имиња.rnrn4. Германија се наоѓа на првото место според нивото на извоз во светот.rnrn5. Исто така, Германија е и најмоќната сила што стои зад Европската унија.rnrn6. Има повеќе од 1.100 компании во земјите каде што се зборува германски, кои имаат субвенции во САД. Овие компании вкупно бројат 700.000 работни места во САД.rnrn(1) zoshto-da-uchite-germanski-kafepauza.mkrnrn7. Германскиот е вториот најупотребуван јазик во науката. Секако, тоа е јазикот на Ајнштајн, но и на многу други современи научници.rnrn8. Германија е третата најсилна економија во светот.rnrn9. Класичната музика не би била тоа што е денес без делата на познатите Бах, Моцарт, Бетовен, Штраус, Вагнер, Брамс, кои го зборувале германскиот јазик.rnrn10. Германскиот е вториот најупотребуван јазик во научните публикации.rnrn(2) zoshto-da-uchite-germanski-kafepauza.mkrnrn11. Доколку сте заинтересирани лесно ќе најдете многу интернет материјали кои ќе ви помогнат при учењето на јазикот.rnrn12. Доменот „.de“ е втор по популарност во светот и сигурно ќе наидете на многу германски сајтови каде ќе можете да ги подобрите и проширите стекнатите вештини.rnrn13. Доколку добро го познавате англискиот јазик, германскиот и нема да ви биде многу тежок за учење. Дури 40 % од зборовите се слични со нивните англиски парови.rnrn14. Изучувањето на германскиот ќе ви го подобри англискиот.rnrn15. Германците трошат многу на патувања. Па, бидете сигурни дека каде и да одите ќе најдете некој со кој ќе можете да зборувате и да го покажете наученото на дело.rnrnИ за крај, отворете овде и уште веднаш посветете се на учењето на германскиот јазик. Среќно!rnrnАко ве интересираат јазиците, погледнете ги и причините зошто да научите шпански.

  • Најубавите и најздравите градови во Европа

    Најубавите и најздравите градови во Европа

    Лондон, Париз, Рим, Амстердам, Барселона… Сите овие европски градови се интересни и полни со многу историја и култура, но кога станува збор за прекрасни места кои изобилуваат со природни пејзажи кои ќе ве освежат и инспирираат, наредниве 5 се оние кои се едноставно незаменливи.rn

    1. Езерото Сан Круа, Франција

    rnНајубавите и најздравите градови во ЕвропаrnrnСеверниот дел од Франција изобилува со туристи кои уживаат во убавините на Азурниот Брег, но доколку сакате малку помирно место, кое е опколено со природни убавини, насочете се северно од Сен Тропе, кон прекрасното тиркизно езеро Сан Круа. Доколку сте фан на водни активности како пливање, едрење, возење на кајак и слично, ова место ќе биде совршено за вас.rn

    2. Скаген, Данска

    rnНајубавите и најздравите градови во ЕвропаrnrnДоколку Скандинавија е на вашата листа за посета и доколку барате прекрасни места кои не се толку популарни, тогаш ви го препорачуваме градот Скаген. Ова мало рибарско гратче, кое е прекрасен рај за фотографите се наоѓа на најсеверната точка од Данска. Спектакуларниот брег и огромните песочни дини ќе направат да се чувствувате живо, енергично и поздраво од кога било претходно.rn

    3. Чинкве Тере, Италија

    rnНајубавите и најздравите градови во ЕвропаrnrnСите љубители на пешачењето и природните пејзажи мора да го посетат ова неверојатно место. Направете пауза од гужвата во Рим, Фиренца и Миланo и упатете се кон тивкото и мирно „ Чинкве Тере. Покрај природните пејзажи, тука можете да уживате и во прекрасно подготвената паста, џелато и други видови вкусна и традиционална италијанска храна.rn

    4. Анси, Франција

    rnНајубавите и најздравите градови во ЕвропаrnrnОвој град е можеби најпрекрасната и најздравата туристичка дестинација во Франција, како и една од најдобро чуваните тајни во земјата. Анси е град со средна големина во кој се наоѓа најбистрото и најчисто езеро во Европа, а самите Алпи се на само еден чекор оддалеченост. Ова место е познато и како „главниот град на спортот“. Не само што можете да ги најдете сите видови водни и планински спортови, туку и пејзажите кои ве опколуваат се толку неверојатни и инспиративни што дури и самите Французи постојано се вчудовидуваат од оваа природна убавина.rn

    5. Лејк дистрикт – Англија

    rnНајубавите и најздравите градови во ЕвропаrnrnСо својата локација во северно-западна Англија, оваа област е одлично место за одмор од брзиот Лондон. Доколку некогаш сте на пат кон главниот град, направете мала пауза во Националниот Парк Лејк дитрикт и уживајте во неверојатните пејзажи кои се дел од него. Езерата, шумите и планините кои се наоѓаат во овој предел едноставно ќе ве остават без зборови, а чистиот воздух ќе ве наполни со енергија и здравје.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Прекрасна визуелизација на авионските летови од и кон Европа

    Прекрасна визуелизација на авионските летови од и кон Европа

    Ова двеминутно видео е изработено од страна на компанијата за авијатички менаџмент НАТС, а на многу сликовит начин прикажува како изгледаат сите летови кои почнуваат или завршуваат во Европа во текот на 24 часа во еден летен ден. Секој авион е претставен со една сина точка со мало опавче, а ги има во неверојатна бројка од околу 300.000. Најголем дел од нив тргнуваат или завршуваат во Лондон, а потоа и Париз, Милано или Амстердам.rnrnrn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Бизарни закони за возачи ширум светот

    Бизарни закони за возачи ширум светот

    Во светот постојат многу чудни закони за возачи. Интернационалната бродска компанија за транспорт Barrington Freight составила листа со закони кои ќе ве насмеат, изненадат или шокираат.rnrnБизарни закони за возачи ширум светотrn

    ЕВРОПА

    rn

    Данска

    rnСите дански возачи мораат да ѕирнат под автомобилот пред да седнат на возачкото седиште. Тоа треба да го прават за да проверат дали има човек одоздола.rn

    Кипар

    rnЈадењето или пиењето е сосема недозволиво во Кипар додека возите автомобил. Забрането е дури да се пие и вода додека се вози.rnrnБизарни закони за возачи ширум светотrn

    Луксембург

    rnВо Луксембург сите возила мораат да имаат бришачи за шофершајбна, дури и ако немаат шофершајбна.rn

    Русија

    rnВо Русија можете да си заработите казна доколку возите валкан автомобил.rnrnБизарни закони за возачи ширум светотrn

    Германија

    rnВо Германија е нелегално да останете без гориво на автострадата Autobahn.rn

    Шпанија

    rn

      rn011

    • Во Шпанија морате да чувате резервни очила за гледање во автомобилот, дури и ако во моментот носите еден пар на себе.
    • rn011

    • Исто така, во некои шпански градови, колите мора да се паркираат на страната од патот крај куќите кои имаат непарен број, во непарните денови од месецот.
    • rn

    rn

    Франција

    rnВозачите на сите моторни возила во Франција мораат со себе да носат апарат за алкотест. Доколку не му го покажете на „џандарот“ кога ќе ве сопре, ќе ви пише казна од 11 евра.rnrnБизарни закони за возачи ширум светотrn

    СВЕТ

    rn

    Јапонија

    rnДоколку испрскате пешак со дождовна вода додека поминувате со автомобилот крај него, ќе заработите казна од околу 47 евра.rn

    Сингапур

    rnВо Сингапур противзаконски е возачите да им се приближат на пешаците на растојание помало од 50 метри.rn

    САД

    rn

    Алабама

    rnВо Алабама е нелегално на возачот да му бидат врзани очите со крпа, додека управува со автомобилот.rnrnБизарни закони за возачи ширум светотrn

    Алјаска

    rnВо Алјаска е нелегално да заврзете куче на покривот од вашиот автомобил.rn

    Калифорнија

    rn

      rn011

    • Во Калифорнија е нелегално човек да рипне од автомобил, кој се движи со брзина од 100 км/ч.
    • rn011

    • Во Сан Франциско е нелегално да ја полирате или да ја сушите вашата кола со носена долна облека.
    • rn011

    • На женските возачи во Калифорнија им е забрането да возат доколку на себе имаат облечено роба.
    • rn011

    • Во Калифорнија и Тенеси е забрането да пукате во животни од вашиот автомобил, освен ако тоа животно не е кит.
    • rn

    rnБизарни закони за возачи ширум светотrn

    Џорџија

    rnВо Маријета, Џорџија е забрането да плукате од автомобил или автобус во движење, но океј е ако го правите тоа од камион.rn

    Илиноис

    rnВо Еванстон, Илионис незаконски е да се преслечувате во автомобил со спуштени завеси, освен во случај на пожар.rn

    Масачусетс

    rnВо Масачусетс ќе ви пишат казна доколку возите горила седната на задното седиште од автомобилот.rnrnБизарни закони за возачи ширум светотrn

    Минесота

    rnНелегално е да ги поминете границите на државата, доколку одите или возите со патка качена на вашата глава.rn

    Невада

    rnВо Невада е нелегално да јавате камила на патот.rn

    Мичиген

    rnДоколку ви се расипе колата во Мичиген, имајте предвид дека читањето весник на сред улица, е нелегално.rn

    Охајо

    rnВластите ќе ви пишат казна доколку возите околу градскиот плоштад, повеќе од 100 пати едноподруго.rn

    Оклахома

    rnСе смета за нелегална постапка, доколку читате стрип додека возите автомобил.rn

    Колорадо

    rnВо Денвер, Колорадо е нелегално да се вози црн автомобил во недела.rnrnБизарни закони за возачи ширум светотrn

    Мисури

    rnВластите во Мисури го направија нелегално свирењето со свирка упатено кон другите возачи на патот.rn

    Пенсилванија

    rnДоколку навечер се возите по селски патишта, на секоја помината милја морате да застанете за да испукате пиротехничка ракета, за да му сигнализирате на добитокот за вашето пристигнување.rn

    Њу Џерси

    rnВо Њу Џерси не е дозволено да му се муртите на полицаец.rn

    Флорида

    rnКазната за удирање пешак со автомобил во Сарасота, Флорида изнесува бизарни 57 евра.