КАФЕ ПАУЗА

Tag: Европа

  • 5 шармантни европски градови кои вредат да се посетат оваа пролет

    5 шармантни европски градови кои вредат да се посетат оваа пролет

    Можеби државите на Балканот и во Јужна Европа не се наоѓаат на светските топ листи за туристички дестинации, но она што е сигурно е дека постојат навистина прекрасни градови кои вредат да бидат посетени.rnrnПет шармантни градови во регионот кои вреди да ги посетите оваа пролетrnrnЗатоа, оваа пролет заборавете на Париз, Прага, Рим и Барселона и целете кон поблиски и со сигурност поевтини места.rn

    1. Блед, Словенија

    rnГрадот Блед, заедно со езерото, е идеален избор за оние кои сакаат да уживаат во уникатна и живописна природа. Езерото има прекрасна сина боја, а убавина додава и опкружувањето со дел од планинскиот венец од Алпите. Поради тоа, Блед е и чест избор на љубителите на планината. Во близина се наоѓа и езерото Бохињ, кое исто така вреди да се посети.rnrnПет шармантни градови во регионот кои вреди да ги посетите оваа пролетrn

    2. Брашов, Романија

    rnВо овој град има многу дворци, меѓу кои се наоѓа и Бран, каде што живеел грофот Дракула. Градот нуди одличен спој на историја и историски локалитети и модерни кафулиња и ресторани, што ќе ви овозможат многу удобен престој.rnrnПет шармантни градови во регионот кои вреди да ги посетите оваа пролетrn

    3. Јајце, Босна и Херцеговина

    rnПрекрасен град сместен на водопадите на реката Врбас. Јајце е дом на многу градби од античките времиња, на тврдини од средниот век и на мистериозната катакомба по која градот е препознатлив. Во близина се наоѓа и единствената готска црква во Босна и Херцеговина.rnrnПет шармантни градови во регионот кои вреди да ги посетите оваа пролетrn

    4. Котор, Црна Гора

    rnКотор излегува на Јадранското Море и нуди сосема поинаков пролетен и летен одмор. Со самото влегување во градот може да се види и да се почувствува богатата историја, но и духот на модерното време. Исто така, нуди можност и за полесни планинарски тури, а прекрасен е и за оние кои сакаат само да пешачат и да уживаат.rnrnПет шармантни градови во регионот кои вреди да ги посетите оваа пролетrn

    5. Охрид, Македонија

    rnЗа нашиот бисер може многу да се пишува, но тоа никогаш нема да биде доволно за да се опише неговата убавина. Тука е сместено најстарото езеро во Европа, многу хотели, кампови, одморалишта, но и неизоставните културно-историски знаменитости.rnrnПет шармантни градови во регионот кои вреди да ги посетите оваа пролетrnrnСекако, на оваа листа може да влезат уште многу одлични места, како што се туристичките места на Јадранското море, Струга, Мостар… Што се однесува до најубавата плажа во Европа, оваа велшка убавица навистина ќе ви го одземе здивот!

  • 4 европски града што се најубави за посета во месец март

    4 европски града што се најубави за посета во месец март

    Доколку веќе размислувате за пролетен одмор што ќе ви помогне да си ги наполните батериите, да запознаете нови култури и да откриете рајски дестинации што ќе ви го разбудат авантуристичкиот дух, тогаш имаме одлична листа за вас! Погледнете ги следниве 4 европски градови што се најубави за време на пролетните месеци, особено во март, и ќе посакате уште веднаш да ги спакувате вашите куфери!rn

    1. Севилја, Шпанија

    rn(1) 4-evropski-grada-shto-se-najubavi-za-poseta-vo-mesec-mart-www.kafepauza.mkrnrnПријатна клима, шпански фолклор, богато мени и прекрасна архитектура – не постои никаков сомнеж зошто овој град се нарекува небрусениот дијамант на Европа. Според легендите Севилја е основана од страна на грчкиот митолошки херој Херакле, а денес е трговското средиште на јужна Шпанија, универзитетски град и средиште на епархијата. Додека се шетате низ градот ќе имате можност да уживате во различни архитектски стилови, започнувајќи од сјајни споменици на арапската уметност, сè до дел од најпознатите примери на горската уметност, меѓу кои е и величествената катедрала. Не можете да не се чувствувате прекрасно на улиците на овој град, особено за време на пролетта.rn

    2. Хамбург, Германија

    rn(2) 4-evropski-grada-shto-se-najubavi-za-poseta-vo-mesec-mart-www.kafepauza.mkrnrnХамбург е познат и како Венеција на северот, најмногу поради бројот на мостови што ги содржи. Тој исто така е и втор град по број на жители во цела Германија. Освен што ќе уживате во прошетката низ каналите што се простираат низ целиот град, вниманието ќе ви биде одвлечено и од пазарот за риби, центарот за шопинг што е составен од згради со црвени цигли, улицата на црвените фенери… на кратко, не постои ниту еден здодевен дел на овој град!rn

    3. Антверпен, Белгија

    rn(3) 4-evropski-grada-shto-se-najubavi-za-poseta-vo-mesec-mart-www.kafepauza.mkrnrnОвој град има богата историја, како и второто по големина пристаниште во цела Европа. Антверпен има прекрасна архитектура што датира од 16-от и 17-от век, па затоа е и одличен избор за љубителите на историјата. Тој е и светската престолнина на дијамантите, каде што се наоѓа и Музејот на дијаманти што е првата и најважна локација за туристите.rn

    4. Матера, Италија

    rn(4) 4-evropski-grada-shto-se-najubavi-za-poseta-vo-mesec-mart-www.kafepauza.mkrnrnСместен на врвот од две брда, Матера е еден од најубавите градови во Италија. Овој древен град од камења има бројни прекрасни градби од коишто нема да можете да го оттргнете погледот. Ако решите да го посетите, сигурни сме дека ќе се изгубите во убавината и ќе откриете едно од ретките рајски дестинации на планетата Земја од кое нема да ви се заминува.rnrnВи се оди некаде подалеку? Погледнете ги и овие 6 прекрасни места каде што можете да отпатувате оваа пролет!

  • Отворена нова продавница на ЕВРОПА во Skopje City Mall

    Отворена нова продавница на ЕВРОПА во Skopje City Mall

    Овој викенд, во Skopje City Mall се одржа сладок настан што привлече многу љубители на производите на „Фабриката за задоволства“, АД ЕВРОПА. Повод за настанот беше отворањето на новата специјализирана продавница во рамки на најголемиот трговски центар во Македонија.rnrnОтворена нова продавница на ЕВРОПА во Skopje City MallrnrnГолем број насмеани лица ја посетија новата продавница на ЕВРОПА, лоцирана на приземјето на Skopje City Mall и се засладија со производите од #ФабрикатаЗаЗадоволства. За секој посетител имаше сладок подарок подготвен од вештите раце на мајсторите од фабриката, а по повод отворањето во текот на целиот викенд дел од производите од широката палета на ЕВРОПА беа достапни по намалени цени.rnrnОтворена нова продавница на ЕВРОПА во Skopje City MallrnrnЗа прекрасната атмосфера на отворањето, придонесоа посетителите од сите возрасти, што е показател дека во производите на ЕВРОПА уживаат сите генерации.rnrnОтворена нова продавница на ЕВРОПА во Skopje City MallrnrnЕВРОПА е една од најстарите кондиторски компании на Балканот, позната по својот квалитет и производи со кои израснаа голем број генерации. Со производство започнува во 1882 како занаетчиска работилница за производство на локум и бонбони, за со текот на годините да го прошири своето производство со чоколади, крем банани, вафли, рум штангли и голем број други слатки задоволства, станувајќи еден од најпознатите и најомилени македонски брендови.rnrnОтворена нова продавница на ЕВРОПА во Skopje City MallrnrnСледејќи ги модерните трендови, Европа постојано го надградува своето производство и воведува новитети во линијата, па така изминатиот период беа претставени неколку нови производи како што се детската линија на вафли и млечни чоколади „MiNi“, чоколатцата со ментол Minti, како и чоколатцата „Brixx“. Љубителите на чоколади единствено во специјализираните продавници на ЕВРОПА можат да купат ексклузивни темни чоколади од 150, 400 и 1.200 грама.rnrnОтворена нова продавница на ЕВРОПА во Skopje City MallrnrnПосетете ја новата продавница во Skopje City Mall – приземје и откријте ја слатката страна на животот.rnrnОтворена нова продавница на ЕВРОПА во Skopje City Mall

  • 9-те најморничави дестинации во Европа

    9-те најморничави дестинации во Европа

    Иако Европа не е единственото место со долга и богата историја, сепак може да се каже дека нејзината историја е најморничава. Многу луѓе патуваат низ Европа поради природните убавини и целото културно наследство кое го има, но ако сакате малку поинакво искуство, погледнете ги најчудните и најморничавите места кои се кријат на нашиот континент.rn

    1. Куќата на коски во Халштат, Австрија

    rn(1)9-te-najmornichavi-destinacii-vo-evropa-kafepauza.mkrnrnОвој мал град е сместен помеѓу стрмни ридови и огромно езеро, па затоа и нема место за градски гробишта. До доцниот 19-ти век единствен начин да се стигне до градот било со чамец. Пред околу 900 години, жителите на градот почнале да ги откопуваат мртвите тела на секои 10 до 15 години, и да ги преместуваат во „куќата на коските“. Оваа гробница се наоѓа во капелата Свети Михаил и денес е достапна за туристи. Овде можете да видите околу 600 скелети од мажи, жени и деца наредени по ѕидовите. Черепите се украсени со листови или цветови, и на нив е напишано името на починатиот.rn

    2. Катакомбите Капучин во Палермо, Италија

    rn(2)9-te-najmornichavi-destinacii-vo-evropa-kafepauza.mkrnrnСицилијанскиот град на смртта е дом на 8.000 трупови, вклучувајќи и 1.200 мумии. На почетокот ова било гробница за следбениците на свештеничкиот ред Капучин, но процесот кој се користел за зачувување на труповите ги привлекол припадниците на „локалната елита“. Се користеле техники на сушење и балсамирање, па денес можете да најдете илјадници „жители“ облечени во најубавата облека кои датираат од 16-тиот до 20-тиот век.rn

    3. Црквата на духови, Чешка

    rn(3)9-te-najmornichavi-destinacii-vo-evropa-kafepauza.mkrnrnЛокалниот уметник, Јакоб Хадрава, ѝ дал нов живот на црквата Свети Ѓорги која се срушила во 1960-тите. Тој ја исполнил внатрешноста на црквата со морничави фигури кои наликуваат на духови, а некои од нив ги опремил и со светилки кои го прават нивниот изглед уште пострашен.rn

    4. Шумата Хоија Бакиу, Романија

    rn(4)9-te-najmornichavi-destinacii-vo-evropa-kafepauza.mkrnrnУште кога ќе ги слушнете прекарите „Бермудскиот триаголник на Романија“ и „Најопседната шума во светот“ ќе ви стане јасно дека овде има добра приказна. Шумата е позната по секакви приказни поврзани со натприродното – од НЛО, па сè до чудни исчезнувања. И сето ова се случува на површина од 3 километри квадратни. Неодамна еден турист од Нов Зеланд загинал во шумата откако допрел соголена електрична жица. Шумата исто така има и круг на кој не може да расте ништо.rn

    5. Врвот на крстовите, Литванија

    rn(5)9-te-najmornichavi-destinacii-vo-evropa-kafepauza.mkrnrnКатолиците од Литванија доаѓале на овој рид и подигнувале крстови уште од 1830-тите, и претставувале вистинска закана за руската православна црква и советскиот комунизам во 19-тиот и 20-тиот век. И покрај ова, дестинацијата постои и денес и се смета дека овде има околу 100.000 крстови. Ова место е толку познато што во 1993 година папата Јован Павле Втори бил во посета.rn

    6. Замокот Единбург, Шкотска

    rn(6)9-te-najmornichavi-destinacii-vo-evropa-kafepauza.mkrnrnМногу луѓе ќе ви кажат дека Единбург е најопседнатиот град во Европа. Ако ова е точно, овој замок од 12-ти век е центар на сите натприродни случувања. Се верува дека ходниците и занданите на овој замок се полни со духовите на затвореници и музичари кои живееле овде.rn

    7. Кортихо Хурадо, Шпанија

    rn(7)9-te-najmornichavi-destinacii-vo-evropa-kafepauza.mkrnrnПриказната за оваа куќа која била изградена од богато семејство во 19-тиот век има навистина морничав дел. Се смета дека куќата е опседната поради гласините кои кружат за нејзините први сопственици. Семејството киднапирало млади жени и тинејџерки кои биле мачени и ги убивани. Денес туристите кои го посетуваат местото тврдат дека слушале чудни и ужасни звуци и гласови.rn

    8. Костурница Седлец, Чешка

    rn(8)9-te-najmornichavi-destinacii-vo-evropa-kafepauza.mkrnrnОваа костурница се наоѓа во подрумот на готската Коскена црква во Чешка. Овде се наоѓаат коските на речиси 50.000 луѓе кои умреле во 14-тиот и 15-тиот век поради црната чума. Коските се наредени по ѕидовите и таванот и привлекуваат 200.000 туристи секоја година. Интересно е што оваа црква е под заштита на УНЕСКО.rn

    9. Замокот Бран во Трансилванија, Романија

    rn(9)9-te-najmornichavi-destinacii-vo-evropa-kafepauza.mkrnrnАко прашате кој било модерен турист, ќе ви каже дека ова е замокот на Дракула. Сепак, ова не е единственото нешто што го прави морничав. Овде се наоѓала тврдина изградена во 1212 година, која била уништена од војската на Џингис Кан. Градбата која постои и денес е изградена во доцните 1300-ти. Познато е дека Брам Стокер, авторот на Дракула, го нема посетено замокот, но многумина веруваат дека инспирацијата ја добил кога видел слика од него во една книга. Овој факт го прави замокот навистина уникатно делче од историјата.rnrnПогледнете и кои се најдобрите дестинации во Европа за дегустација на вино.

  • Најубавата плажа во Европа: Луѓето даваат сѐ што имаат за да ја посетат!

    Најубавата плажа во Европа: Луѓето даваат сѐ што имаат за да ја посетат!

    За голем број луѓе овој податок бил големо изненадување, ако се земат предвид плажите на Јадранско Море, во Шпанија и на грчките острови, но оваа велшка убавица навистина ќе ви го одземе здивот.rnrnНајубавата плажа во Европа: Луѓето даваат сѐ што имаат за да ја посетат!rnrnСтанува збор за плажата позната под името Росили Беј (Rhossili Bay) која се наоѓа на полуостровот Гауер и е единствената европска плажа која се нашла помеѓу 10-те најубави плажи во светот според изборот на веб-сајтот Suitcase Magazine. Имено, оваа плажа во Велика Британија, која не е баш позната како туристичка дестинација за летен одмор, е прогласена за најдобра европска плажа.rnrnНајубавата плажа во Европа: Луѓето даваат сѐ што имаат за да ја посетат!rnrnПлажата Росили Беј е опишана како место со неверојатни природни убавини. Она што ја прави посебна се песочните дини и ритчиња, па затоа воопшто не е чудно тоа што многу Британци ја одбираат за одмор и уживање во морските радости.rnrnНајубавата плажа во Европа: Луѓето даваат сѐ што имаат за да ја посетат!rn

    „Убавините на оваа плажа не се ништо ново за нас, но пресреќни сме што имаме плажа со светски глас во близина“, изјавил Роберт Френсис-Дејвис од туристичката заедница во Велс.

    rnНајубавата плажа во Европа: Луѓето даваат сѐ што имаат за да ја посетат!rnrnПлажата станала позната во 2012 година кога се појавиле слики од неа на отворањето на Олимписките игри во Лондон.rnrnНајубавата плажа во Европа: Луѓето даваат сѐ што имаат за да ја посетат!rnrnВо продолжение дознајте која е најубавата плажа во светот.

  • 10-те најевтини дестинации во Европа за викенд патување

    10-те најевтини дестинации во Европа за викенд патување

    Ако барате евтина дестинација во Европа за кратко викенд патување, сте дошле на вистинското место. Погледнете ги 10-те најдобри места каде што ќе поминете одлично со малку пари.rn

    1. Палма, Мајорка

    rn(1)10-te-najevtini-destinavii-vo-evropa-za-vikend-patuvanje-kafepauza.mkrnrnЦена за викенд за двајца: 230 евраrnrnПросечна цена во хотел за две ноќи за двајца: 120 евраrnrnПросечна цена за музеј: 0 евраrnrnПросечна цена за кафе: 3 евраrnrnПросечна цена за чаша вино: 3,66 евраrnrnПросечна цена за оброк за двајца: 50 евраrn

    2. Атина, Грција

    rn(2)10-te-najevtini-destinavii-vo-evropa-za-vikend-patuvanje-kafepauza.mkrnrnЦена за викенд за двајца: 225 евраrnrnПросечна цена во хотел за две ноќи за двајца: 95 евраrnrnПросечна цена за музеј: 5,23 евраrnrnПросечна цена за кафе: 2,30 евраrnrnПросечна цена за чаша вино: 4,70 евраrnrnПросечна цена за оброк за двајца: 46 евраrn

    3. Прага, Чешка

    rn(3)10-te-najevtini-destinavii-vo-evropa-za-vikend-patuvanje-kafepauza.mkrnrnЦена за викенд за двајца: 215 евраrnrnПросечна цена во хотел за две ноќи за двајца: 91 евроrnrnПросечна цена за музеј: 6,11 евраrnrnПросечна цена за кафе: 2 евраrnrnПросечна цена за чаша вино: 2,78 евраrnrnПросечна цена за оброк за двајца: 50 евраrn

    4. Лисабон, Португалија

    rn(4)10-te-najevtini-destinavii-vo-evropa-za-vikend-patuvanje-kafepauza.mkrnrnЦена за викенд за двајца: 191 евроrnrnПросечна цена во хотел за две ноќи за двајца: 77,88 евраrnrnПросечна цена за музеј: 5,50 евраrnrnПросечна цена за кафе: 1,77 евраrnrnПросечна цена за чаша вино: 3 евраrnrnПросечна цена за оброк за двајца: 57 евраrn

    5. Краков, Полска

    rn(5)10-te-najevtini-destinavii-vo-evropa-za-vikend-patuvanje-kafepauza.mkrnrnЦена за викенд за двајца: 189 евраrnrnПросечна цена во хотел за две ноќи за двајца: 85 евраrnrnПросечна цена за музеј: 5,30 евраrnrnПросечна цена за кафе: 1,77 евраrnrnПросечна цена за чаша вино: 3 евраrnrnПросечна цена за оброк за двајца: 57 евраrnrnПродолжува на следната страница…rn

  • Прогласен е јазикот со најпривлечен акцент во Европа: Можете да погодите за кој станува збор?

    Прогласен е јазикот со најпривлечен акцент во Европа: Можете да погодите за кој станува збор?

    Пред еден месец, било спроведено истражување од страна на The Independent со цел да се открие кој е најпривлечниот европски акцент. Биле интервјуирани повеќе од 1.000 луѓе, конкуренцијата била голема, но резултатите покажале дека сепак италијанскиот акцент е најубав според точно 25% од испитаниците. Сосема очекувано!rnrnПрогласен е јазикот со најпривлечен акцент во Европа: Можете да погодите за кој станува збор?rn

    Како звучи италијанскиот акцент?

    rnИталијанскиот акцент е многу романтичен. Веројатно и вам ви доаѓа прво тој збор на памет кога ќе помислите на овој јазик. Можеби поради италијанските филмови и музика, се согласувате?rnrnОсвен тоа, италијанскиот акцент е лесно разбирлив. Италијанците ги нагласуваат согласките кога зборуваат англиски и други странски јазици. Тие ги изоструваат гласовите многу повеќе одошто е потребно. Италијанците исто така се препознатливи по тоа што додаваат самогласка на крајот од секој збор што завршува на согласка. Доколку не го зборувате италијанскиот јазик, ова можеби ви звучи чудно, но токму тоа го прави нивниот говор многу појасен.rnrnИталијанскиот акцент е музикален и забавен. Италијанците зборуваат на сладок и по малку детски начин. Нивниот говор е лесно препознатлив, бидејќи тие го задржуваат италијанскиот ритам без разлика на кој јазик зборуваат. Секој збор што ќе излезе од нивната уста е поетичен! Можеби Данте е виновен за ова, којзнае?!rn

    Кои се другите убави европски акценти?

    rnНа италијанскиот јазик најголема конкуренција му бил јазикот познат како „јазикот на љубовта“, односно францускиот кој добил 23% од гласовите. Ирскиот, шпанскиот и шведскиот акцент исто така се нашле во првите 5 европски јазици со најпривлечен акцент.rnrnАко сакате повеќе да му се доближите на италијанскиот јазик, научете некои од познатите гестови на Италијанците, кои се неизбежен дел од нивниот говор, со помош на овие згодни машки модели на Долче и Габана.rnrn

  • Како да патувате низ Европа со ограничен буџет?

    Како да патувате низ Европа со ограничен буџет?

    Летото е период кога луѓето најмногу патуваат. Времето е убаво и топло, не ви е потребна многу облека, што значи со вас ќе носите мал багаж и можностите се неограничени. Можеби летово планиравте да го организирате вашето незаборавно патување низ Европа, но не стоите баш најдобро на финансиски план. Но, за ваша среќа, постојат голем број начини да патувате низ Европа со малку пари. Ви нудиме 5 совети како со мал буџет да си го остварите сонот и да ги видите прекрасните градови на најстариот континент.rnrn(1) Пропатувајте ја Европа за малку париrn

    1. Возете се во автобуси

    rnЕвропските дестинации во последно време се поврзани со голем избор на авионски летови од нискобуџетни компании, но проблемот е што во овој период од годината сите евтини летови се одамна резервирани. Европските метрополи и прекрасните места кои сакате да ги видите не се многу оддалечени, бидејќи сепак Европа не е територијално огромна. Поради тоа, зошто не размислите за автобусите како ваше превозно средство? rnrnДенес се користат нови, климатизирани автобуси во кои има и пристап до интернет, поради што патот ќе ви биде пријатен. Можеби ќе трае некој час подолго, но не заборавајте на прекрасните пејзажи кои ќе ви останат врежани како убави спомени од тоа патување. Исто така, патувањето со ова превозно средство е повеќе пати поевтино од авион, а патувајќи неколку часа подолго значи дека ќе заштедите на соба која не ви е потребна за ноќта, бидејќи ќе преспиете возејќи се во автобус.rn

    2. Одете на исток

    rnЛондон, Париз, Рим, Барселона… Ова се градовите кои се на листата на сите туристи, особено оние кои доаѓаат од другите континенти. Но, престојот во овие прекрасни метрополи воопшто не е евтин, особено во летниот период. Доколку имате доволно пари, можете да изберете еден или два од овие града, а остатокот од вашето патување да го резервирате за истокот. Источниот дел на Европа, исто како и западниот, има неверојатни места, кои ќе ве изненадат со својата архитектура, култура, храна, пијалаци и дружељубивост на народот. Нема да се разочарате доколку на вашата мапа ги заокружите Будимпешта, Варшава, Краков, главните градови на балканските држави…rn

    3. Отклучете го телефонот

    rnКога се оди на вакви патувања, каде што за многу кратко време се менуваат различни држави и се преминуваат многу граници, особено треба да се внимава на телефоните. Многу често се случува луѓето кога ќе се вратат дома да ги пречека сметка со вртоглави бројки за телефонските разговори. Затоа отклучете си го телефонот и во државите каде што планирате да останете подолго време набавете си СИМ картички или распрашајте се на кој начин можете да добиете една унифицирана картичка за сите европски држави, со цел да го избегнете оној момент кога ќе сфатите дека телефонската сметка ве чини повеќе од двонеделното патување низ Европа.rn

    4. Поделете ги трошоците за сместување

    rnНајскапиот дел од секое патување е сместувањето. Најлесен и наједноставен начин е да ги поделите трошоците. Доколку се одлучите на пат да заминете сами, тогаш размислете дали во некои од местата кои сакате да ги посетите или пак во нивна близина имате некој близок пријател или роднина кои би ве примил на една, две ноќи. Или можете да побарате некој пријател кој исто како вас сака да прошета, па сите трошоци ќе ги делите на пола. rnrnСепак, ако не најдете партнер за патувањето од соништата, тогаш наједноставно решение ви е хостел. Таму за помалку пари ќе можете да преспиете во соба која ќе ја делите со повеќе луѓе, кои размислуваат слично како вас. Иако во големите градови лесно се наоѓа ваков тип на сместување, сепак пред да резервирате место, направете едно мало „истражување“ за хостелот и критиките што ги добил од луѓето кои престојувале таму пред вас.rn

    5. Јадете евтино, јадете локално

    rnПо сместувањето, храната е втора на листата според цената којашто треба да ја платите. Кога патувате на ваков начин, избегнувајте ги рестораните и пазарувајте си храна во големите супер маркети. Лебот, овошјето и зеленчукот се релативно евтини, особено ако купувате од локално производство. Доколку одлучите да јадете во рестораните, потрудете се тоа да биде околу пладне, кога е време за ручек. Во тој период повеќето ресторани нудат специјални цени, кои се прифатливи за речиси сечиј буџет.

  • Надреалистички човечки скулптури во првиот подводен музеј во Европа

    Надреалистички човечки скулптури во првиот подводен музеј во Европа

    14 метри под Атлантскиот океан се наоѓа неверојатниот „Museo Atlantico“, односно првиот подводен музеј на модерна уметност во Европа каде артистот Џејсон ДеКаирес Тејлор ја создал првата серија скулптури кои стојат на океанското дно. Џејсон е познат по тоа што неговата работа често ги отсликува денешните општествени проблеми, па така овој негов проект ја опишува актуелната ситуација со бегалците.rnrnНадреалистички човечки скулптури во првиот подводен музеј во ЕвропаrnrnМузејот се наоѓа на островот Ланзарот и опфаќа две одделни, надреалистички скулптурни инсталации кои изгледаат како да застанале во времето. Во првата инсталација, наречена „Рубикон“, група од 35 луѓе полека чекорат кон една капија. Овие фигури непрекинато се движат кон непознатото и го претставуваат местото и моментот од кои нема враќање. Втората инсталација на Џејсон, насловена „Сплавот на Лампедуза“, ја претставува моменталната хуманитарна криза во Сирија. Морничаво реални, фигурите се претставени како чекаат помош и спас на брод.rnrnНадреалистички човечки скулптури во првиот подводен музеј во Европаrn

    „Делата не се наменети како меморијал за многуте луѓе кои ги загубија своите животи, туку како суров потсетник на колективната одговорност на нашата глобална заедница“, вели Џејсон.

    rnТој црпи инспирација од историјата на уметноста која ја зема и како основа за неговата работа, посочувајќи на уметничките дела на францускиот сликар Теодор Жерико, поконкретно на неговата позната слика „Сплавот Медуза“.rnrn

  • Најдобрите европски градови за студирање

    Најдобрите европски градови за студирање

    Овие прекрасни европски градови кријат одлични универзитети кои ве чекаат токму вас. Доколку планирате да студирате во странство, тогаш без сомнение би требало да размислите за следниве неколку градови каде што ќе запознаете нови луѓе и различни култури. Тие не само што се најдобриот избор за студирање, туку се и идеални за живот за студентите. Погледнете за кои станува збор…rn

    Краков (Полска)

    rn(1) Најдобрите европски градови за студирањеrnrnЦентарот на културниот живот на Полска веќе долго време привлекува студенти од целиот свет поради квалитетот на универзитетите, како и поради богатиот ноќен живот. Во Краков се наоѓа и вториот најстар универзитет во Европа, Јагиелонски, кој датира од 14-от век.rn

    Хајделберг (Германија)

    rn(2) Најдобрите европски градови за студирањеrnrnОвој универзитетски град во 2014 година бил прогласен од страна на Унеско како град на литературата и токму затоа се претворил во идеален за љубителите на книгата и студентите на книжевноста. Оние кои студираат уметност и архитектура ќе бидат одушевени од неговите историски градби.rn

    Болоња (Италија)

    rn(3) Најдобрите европски градови за студирањеrnrnУниверзитетот во Болоња е најстариот во Европа, па токму затоа и овој град е еден од најголемите студентски центри. Во моментов таму студираат над 100.000 млади луѓе, што претставува четвртина од целата популација. Од друга страна пак, традициите и културното богатство привлекуваат и многу туристи.rn

    Упсала (Шведска)

    rn(4) Најдобрите европски градови за студирањеrnrnОвој град во Шведска се наоѓа на околу 70 километри од Стокхолм, и секоја година е нов дом на голем број студенти кои доаѓаат од околу 17 различни земји. Како важен универзитетски центар, тука се негуваат традиции од повеќе векови, како и систем на студирање кој веќе 600 години е непроменет.rn

    Оксфорд (Англија)

    rn(5) Најдобрите европски градови за студирањеrnrnОксфордскиот универзитет е најпознатиот универзитетски центар во светот. Тој се состои од 30 колеџи и придружни згради, а тоа што е специфично за него е фактот што нема централна универзитетска зграда. Бројните пабови и големиот број студенти го збогатуваат добро познатиот ноќен живот кој дополнително привлекува нови млади момци и девојки.