Доколку планирате патување низ Европа ова лето, треба да ја погледнете листата со најисплатливи градови за посетување, која ја направи Британската пошта. Според неа, Вилниус во Литванија е прогласен за град со најдобри вредности за мини одмор, ако ги земеме предвид цените и она што градот може да го понуди за посета.rnrn
rnrnИзвештајот ги споредува просечните цени што туристите ќе треба да ги платат за 12 видови содржини, за одмор во 48 европски дестинации. Понудата вклучува разни пијалаци, вечерен оброк за двајца со вино, сместување со две ѕвездички за двајца возрасни, градски разглед и градски превоз.rnrnВо главниот град на Литванија, вкупниот трошок за сето ова изнесува 165,24 евра. Сместувањето е, исто така, меѓу најевтините, поточно 78,51 евра за две ноќевања. Белград е на второто место, со вкупен трошок од 193 евра, Варшава се најде на третото место со 180 евра, а Краков, најевтиниот град минатата година, падна на 13. место на листата, со трошок од околу 225 евра.rnrnОд останатите земји, исплатливо би било да ги посетите и Истанбул, Букурешт, Порто, Рига, Братислава, Москва и Прага бидејќи тие ги држат останатите седум позиции на листата на топ 10 најисплатливи градови во Европа.rnrnПрочитајте и за тоа кои европски дестинации се идеални за патување со воз.
Tag: Европа
-

Дознајте кои се најисплатливите градови за одмор во Европа
-

10-те најевтини европски градови за викенд патување
Британското списание Пост Офис неодамна ја објави листата од најевтините Европски градови за викенд посета. Критериумите според кои експертите ја направиле оваа листа биле типичните трошоци – од пица и вечера за двајца со вино, до сместување во хотел со три ѕвезди и превоз.rnrn
rnrnПогледнете ја листата на најевтините градови за 2019 година за викенд посета. Ако сакате малку да избегате од вашиот град, тогаш без сомнение на овие десет места би си прошле одлично и би заштедиле многу повеќе пари од посетата на дестинациите каде што вообичаено одите.rnrn1. Вилнусrnrn2. Белградrnrn3. Варшаваrnrn4. Истанбулrnrn5. Букурештrnrn6. Портоrnrn7. Ригаrnrn8. Братиславаrnrn9. Москваrnrn10. ПрагаrnrnВо однос на претходната година, Вилнус, Варшава, Москва и прага овој пат се поевтини, додека пак, Венеција и Амстердам се значително поскапи. Љубителите на пивото треба да го земат предвид фактот дека пивото во Прага е десетина пати поевтино од тоа во Осло. А кој е најскапиот град според оваа листа? Рејкјавик!rnrnДознајте и како да организирате поволно патување од соништата. -

Половина милион луѓе ги одбраа најдобрите европски дестинации
Според гласовите на повеќе од половина милион луѓе на изборот на веб-сајтот European Best Destinations, Будимпешта е најдобрата европска дестинација. Престолнината на Унгарија е прекрасен град, а неговото архитектонско и историско наследство е навистина богато. Овој град нуди неспоредлива комбинација од култура, гастрономија, термални извори и историско наследство. Будимпешта не е само најдобрата европска дестинација, туку е и еден од најубавите и најбезбедните градови во светот.rn
„Будимпешта ја нуди елеганцијата на Париз, архитектонското наследство на Виена и нежниот начин на живот на Стокхолм“, пишува на веб-сајтот.
rnЕве како изгледа целата листа:rn
1. Будимпешта, Унгарија
rn
rn2. Брага, Португалија
rn
rn3. Монте Изола, Италија
rn
rn4. Мец, Франција
rn
rn5. Познан, Полска
rn
rn6. Малага, Шпанија
rn
rn7. Женева, Швајцарија
rn
rn8. Цавтат, Хрватска
rn
rn9. Братислава, Словачка
rn
rn10. Сен Максим, Франција
rn
rnrnПогледнете и кои се најдобрите европски дестинации за Денот на вљубените. -

5-те најдобри европски дестинации за Денот на вљубените
Сигурно веќе сте размислувале како можете да го зачините месецот на љубовта и да направите нешто поразлично. Доколку вашата девојка или сопруга суптилно ви кажала дека сака посебно изненадување за овој Ден на вљубените, најдоброто нешто што можете да ѝ го подарите е патување. Доколку не можете да се одлучите за дестинација, овие предлози се совршени за прославување на Денот на вљубените.rn
1. Париз
rn
rnrnНе треба да ве чуди што Париз е еден од главните дестинации за романтична посета. Познат и како градот на љубовта, Париз навистина има посебна убавина и шарм. Погледот на градот е заштитен од УНЕСКО и не смеат да се прават згради повисоки од 6 ката. Низ целиот град ќе најдете бројни романтични ресторани, многу калдрми, продавници со секакви интересни работи, фантастични галерии, музеи, споменици… Едноставно, овој град нуди премногу.rn2. Талин
rn
rnrnГлавниот град на Естонија, покрај тоа што е еден од најнапредните во Европа, нуди и единствено доживување на средновековната култура. Стариот Град ги задржал шармот и стилот од минатото, па сигурно ќе уживате додека шетате низ него. Доколку сакате и романтична вечера во средновековен стил, има многу ресторани во самиот центар на градот што ќе ви го овозможат токму тоа.rn3. Фиренца
rn
rnrnИако секое место во Италија си има посебен шарм, за Денот на вљубените може да се издвои Фиренца. Доколку сте љубители на уметноста, ова е совршената дестинација за вас. Шетањето низ градот е како шетање низ најголемата галерија во светот.rn4. Амстердам
rn
rnrnОвој град е одлична дестинација за сите вљубени. Местата што треба да ги видите ќе направат да се чувствувате фантастично. Често Амстердам е споредуван со Венеција поради многубројните канали, а најромантичното нешто што можете да го направите е возење со брод.rn5. Келн
rn
rnrnЕден од најстарите градови во Германија звучи навистина примамливо за посета. Ова е четвртиот по големина град во Германија и овде ќе ја најдете неверојатната Келнска катедрала која е трета по височина во светот. Исто така можете да пловите по реката Рајна и да уживате во зајдисонцето. Уште подобро е што во овој регион има многу дворци и замоци кои се како излезени од бајка и ќе ви ја направат посетата уште поневеројатна.rnrnПогледнете ги и дестинациите што би требало да ги ставите на вашата листа за патување за 2019-та година. -

Причина повеќе да подаруваш
Овие празници Европа и Сковин ти даваат причина повеќе да подаруваш!
rn
rnrnОд денес започнува голема наградна игра во која сите кои споделуваат слатки задоволства и вино со саканите ги чекаат супер изненадувања. Наградната игра ќе трае до 20ти јануари, а само дел од наградите се Jeep Renegade, iPhone XR и пакети подароци од Европа и Сковин.rnrnВо наградната игра можеш да се вклучиш доколку купиш производи на Европа или Сковин во износ над 300 денари од продажните салони на Европа, Сковин, Wine & Chocolate и маркетите во кои се достапни овие производи.rnrnСè што е потребно да направиш е да испратиш СМС со бројот на фискалната сметка на која се купени производите и време на купување, на телефонскиот број 149 491, Пример, СМС пораката би требало да гласи: #0096 11:14.rnrnМожеш да добиеш Jeep Renegade, iPhone XR-и, Canon фото апарат, електричен скутер и други бројни награди!rnrnДознај повеќе на facebook.com/ADEvropa и facebook.com/SkovinVinarija.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=eZUhWJ8qeQE&feature=youtu.be -

7 средновековни знаменитости во Европа што можете да ги посетите и денес
Средниот век опфаќа поголем дел од историјата на уметноста на Европа. Започнувајќи со падот на Римската империја во петтиот век и завршувајќи со почетокот на Ренесансата, овој период опфаќал околу 1.000 години.rnrnВо овој период архитектите, уметниците и другите артисти ги оформиле градовите и заедниците кои ни се познати денес. Додека многу од средновековните ремек-дела се изгубени, некои стојат исправено и денес и служат како прозорец што ни овозможува да погледнеме кон минатото. Погледнете ги средновековните знаменитости ширум Европа што можете да ги видите и денес.rn
1. Мон Сен Мишел
rn
rnrnМон Сен Мишел е остров лоциран во близина на брегот на Нормандија. Оваа уникатна заедница има неверојатна историја и е основна во 6-тиот век. Оригинално именуван Мон Том, островот станал познат како Мон Сен Мишел кога еден бискуп го осветил со мала црква, откако имал визија од архангел Михаил. Векови подоцна биле додадени две големи градби што го трансформирале островот во она што можеме да го видиме денес. Опатијата била изградена во 966-та година, а ѕидот во 13-тиот век.rnrnВклучувајќи елементи и од романтизмот и од готиката, опатијата е совршен пример за француската архитектура во Средниот век. Ѕидот одлично покажува како изгледале многуте тврдини подигнати во средновековна Европа.rnrnОстровот е заштитен од УНЕСКО од 1979-та година. Секоја година, 2,5 милиони посетители влегуваат во ѕидините и го истражуваат неверојатниот остров.rn2. Плоштадот Свети Марко во Венеција
rn
rnrnБез сомнение, Венеција е град кој наликува на бајка. Една од најпознатите знаменитости во градот е Piazza San Marco, или плоштадот Свети Марко.rnrnИзграден во 9-тиот век, на почетокот на плоштадот имало само мала капела. До 1092-ра година местото било проширено и биле додадени градби како базиликата на Свети Марко, црква и камбанарија. Базиликата е најпрепознатливата знаменитост од средниот век. Денес плоштадот останува религиски, политички и социјален центар на Венеција, како и голема туристичка атракција.rn3. Каналите во Бриж
rn
rnrnКако Венеција, и Бриж во Белгија е поврзан со канали. „Украсени“ со калдрми, жални врби и шармантни колиби, овие канали се симбол на бајковитиот град.rnrnКаналите во Бриж биле изградени во 1128-ма година. Познати како „артериите“ на градот, тие имале важна улога во развојот на градот во Средниот век, бидејќи нуделе ретка и директна конекција со Северното Море. Оваа врска ја отворила можноста за интернационална размена и го ставила Бриж на мапите.rnrnИако улогата на каналите е променета со текот на времето, нивниот изглед воглавно е ист. Па тие се одличен приказ за средновековна Белгија.rn4. Сен Шапел
rn
rnrnВо Средниот век во Париз била изградена Сен Шапел, односно Света капела. Наречена и „бисер на готскиот стил“, оваа неверојатна црква ја прикажува естетиката на француската архитектура од 13-тиот век.rnrnЛуј IХ ја изградил црквата во 1248-ма година. На почетокот била наменета за чување реликвии и во неа се наоѓале некои од најскапоцените артефакти на католиците. Иако реликвиите биле преместени во Нотр Дам во 1804-та година, капелата останала позната по неверојатните слики на прозорците кои прикажуваат дури 1.113 сцени од Библијата.rnrnДенес ова свето место привлекува секакви посетители – од верници, до љубители на уметноста.rn5. Богородичната црква
rn
rnrnБогородичната црква во Париз е едно од најпознатите средновековни чуда. Познатата црква е славена поради иновативниот дизајн, импресивните скулптури и високата кула.rnrnЦрквата е направена во чест на Марија, мајката на Исус, па оттаму нејзиното име што во превод од француски значи „Нашата дама“. Иако изградбата започнала во 1160-тите, црквата била завршена дури 200 години подоцна. Оттогаш градбата постојано еволуира. Замена на прозорците, чистење на фасадата и додавање на гарголите се само некои од промените.rn6. Астрономскиот часовник во Прага
rn
rnrnСтарото собрание во Прага е едно од нејзините најпосетени знаменитости. На врвот на градбата се наоѓа познатиот Астрономски часовник што ја краси фасадата.rnrnОвој неверојатен часовник бил усовршуван со текот на времето. Механичкиот часовник и астрономскиот бројач (направа што ја следи моменталната положба на сонцето и месечината) биле инсталирани во 1410-та година. Во 1490-та година, бил додаден и календарски бројач. Во 1600-тите, часовникот бил украсен со дрвени скулптури.rnrnБлагодарение на редовните поправки и одржување, часовникот работи и денес. Ова го прави најстариот астрономски часовник кој сè уште е во функција.rn7. Катедралата Вестминстер
rn
rnrnКатедрала Вестминстер има многу намени. Покрај тоа што е една од најважните цркви во Англија, овде се погребани и британските монарси, а има и цело богатство од слики, цртано стакло, материјали и други артефакти.rnrnВестминстер била изградена во 10-тиот век. Но, структурата што може да се види денес воглавно била изградена во 13-тиот век, под власта на кралот Хенри III. Оттогаш и ентериерот и екстериерот на готската катедрала ја задржале средновековната магија, правејќи ја катедралата една од најпосетените знаменитости.rnrnПокрај тоа што е отворена за туристи, Вестминстер привлекува и верници и сè уште има црковна служба 7 дена од неделата.rnrnПогледнете ги и дестинациите во Европа кои се идеални за патување со воз. -

Дознајте кои се најевтините градови во Европа
Една Интернет платформа за брзо закажување билети за автобуски и железнички транспорт направила листа од најевтините градови во Европа. Нашиот главен град, Скопје, го заземал првото место како најевтин град на целиот континент.rnrn
rnrnНа второ место се наоѓа Приштина, Косово, а веднаш по него е Подгорица, Црна Гора.rnrn
rnrnНа деветто место се наоѓа Белград, Србија и ја дели позицијата со главниот град на Романија, Букурешт.rnrn
rnrnЛистата е направена според просечната цена на одредени производи и услугите во секој град како возење еден километар со такси, половина литар домашно пиво, шолја капучино, влезници за музеи, ноќевање во хотел за една личност и карти за јавен превоз во еден правец.rnrnДали знаете кои се најевтините градови во светот? -

4 дестинации во Европа кои се идеални за патување со воз
Поради својата близина, Европа ни нуди прекрасни дестинации за патување со сите превозни средства. Ова можат да ви го потврдат сите туристи и авантуристи чија мисија е да истражат што поголем дел од овој континент. Но, и покрај тоа што можеме да одбираме превозно средство, сепак многумина од нас без размислување би се одлучиле на воз. Постои нешто магично во патувањето со воз, особено за оние што сакаат да го впијат секој пејзаж од патот. Па, ако размислувате да отпатувате некаде летово, со воз, тогаш ви ги препорачуваме следниве дестинации…rnrn
rn1. Јунгфраујох, Швајцарија
rnПокрај вкусните сирења и магичните чоколади, Швајцарците имаат една од најдобро развиените железници во Европа и не дозволуваат дури ни нешто толку безначајно како огромна планина да ѝ застане на патот на локомотивата. Ова мало место со тешко изговорливо име има железничка станица на највисоката точка во цела Европа. Патниците ќе поминат низ планините Ејгер, Јунграу и Монч пред да влезат во тунел на надморска висина од 3454 метри каде што ќе бидат наградени со неверојатен поглед кон Бернскиот Оберленд. На ова место има снег дури и за време на летото.rnrn
rn2. Мадрид, Шпанија
rnАко сакате да посетите позелена дестинација, тогаш ви ја предложуваме железничката станува во Аточ во Мадрид. Вие ќе можете да уживате уште пред да излезете од железничката станица бидејќи во неа затворена ботаничка градина со зелени палми и бујни садници. Од главниот шпански град можете да фатите воз и за Севилја или Кордоба со цел да уживате во неверојатната архитектура и цветните улици.rnrn
rn3. Москва, Русија
rnАко сакате епска авантура, тогаш зошто да не ја започнете во овој енергичен град? Транс-сибирската железница е една од најпознатите низ светот па затоа и треба да се најде на врвот на вашата листа доколку сте љубители на патувањето со воз. Исто така, со мозаиците и бронзените скулптури, станиците во Москва повеќе личат на музеи отколку на транзитна мрежа па ќе бидете воодушевени и од нивниот дизајн.rnrn
rn4. Венеција, Италија
rnНишто не е полуксузно од возење со воз на рутата Венеција Симплон – Ориент Експрес. Ова патување ќе ве врати во погламурозно време кога возењето со воз ги преплавило фантазиите и срцата на сите оние среќници што имале можност да се возат во овие вагони. По ова незаборавно искуство, прошетајте низ магичниот град каде што ќе ве чекаат неверојатни изненадувања на секој агол.rnrn

-

10 идеи за летен одмор покрај најубавите европски езера
Летото е дел од годината кога сите посакуваме да поминеме барем 7 дена покрај вода, а има и зошто е тоа така. Животот покрај езеро или море изгледа доста побезгрижен отколку низ улиците на големите градови. Европа располага со голем број езера покрај кои секој турист може да ужива и да го пронајде својот внатрешен мир. Едно од најпопуларните езера на континентот се наоѓа во нашата држава. Погледнете каде сè може да одморите ова лето и изберете ја дестинацијата која најмногу ви одговара:rn
1. Езерото Комо во Италија
rn
rnrnИталијанските езера се одличен избор за да се запознае Европа. Езерото Комо важи за едно од најфотогеничните, а својата популарност ја задржало уште од дамнешните римски времиња, па сè до денеска.rn2. Езерото Гарда во Италија
rn
rnrnОва е најголемото глечерско езеро во Италија, а прекрасниот видик го надополнува и планинскиот венец на Доломитите. Освен што е популарно меѓу оние кои сакаат одмор покрај езеро, го обожаваат и велосипедистите кои возат долж брегот.rn3. Езерото Маџоре во Италија
rn
rnrnОва езеро се протега меѓу Италија и Швајцарија, а било инспирација и за популарниот Ернест Хемингвеј. Според туристите, вистинската магија на езерото може да се почувствува најмногу од швајцарската страна.rn4. Женевското Езеро во Швајцарија
rn
rnrnШвајцарија е земја богата со повеќе езера, а Женевското го дели и со Франција. Иако природата е прекрасна, локалните жители ретко го користат неговиот потенцијал за одмор и релаксација.rn5. Езерото Луцерн во Швајцарија
rn
rnrnОва езеро се наоѓа на околу 50 километри јужно од Цирих и може да се стигне и со специјалните железнички линии. Луцерн со целата своја површина припаѓа само на Швајцарија.rn6. Бледското Езеро во Словенија
rn
rnrnБледското Езеро е еден од најубавите бисери на Словенија. Во центарот на езерото се наоѓа црква, а природата наоколу придонесува глетката да изгледа како да е излезена од разгледница.rn7. Езерото Саима во Финска
rn
rnrnОва е едно од илјадниците езера на територија на Финска, која уште е позната и како „земјата на илјада езера“. Опкружено е со прекрасна зелена шума, а одличен избор е и за летен и за зимски одмор.rn8. Скадарското Езеро во Црна Гора и Албанија
rn
rnrnОва езеро се наоѓа на границата помеѓу Црна Гора и Албанија и е дом на многу ендемични видови животни и растенија. Туристите тука можат да уживаат во својот одмор, но и да се посветат на кајакарење.rn9. Езерото Врана во Хрватска
rn
rnrnИако Хрватска е најпозната по брегот на Јадранското Море, езерото Врана е една исто така позната дестинација која е оддалечена од познатите плажи. Се наоѓа на околу 30 километри југоисточно од Задар, а туристите можат да се сончаат и капат исто како и на морскиот брег.rn10. Охридско Езеро во Македонија
rn
rnrnНајголемиот дел од Охридското Езеро се наоѓа на територијата на Македонија, каде се сместени и најубавите туристички капацитети на самиот брег. Најпознати градови се Охрид и Струга, кои сè повеќе го привлекуваат вниманието на туристите од Европа.rnrnДознајте и кое е најчистото езеро во светот. -

8 неверојатни острови во Европа за кои повеќето туристи не знаат
Фиренца и Париз се убави, но Европа крие и многу други прекрасни дестинации. Ако барате романтично патување кое не вклучува милиони туристи, имајте ги на ум следниве острови.rn
1. Понца, Италија
rn
rnrnПосетете го неверојатниот вулкански остров во Тиренското Море. Иако има многу јахти на пристаништето, ова место секогаш е опуштено и мирно. Тиркизната вода и прекрасните храна и вино ќе направат да се чувствувате неверојатно.rn2. Бел-Ил-ен-Мер, Франција
rn
rnrnСамото име „Убав остров во морето“ кажува доволно. Ова место е познато по своите недопрени плажи, куќите со пастелни бои и неверојатната морска храна. Овде има премногу активности, од сурфање до пловење со брод, а можете и само да уживате во неверојатниот пејзаж.rn3. Гринда, Шведска
rn
rnrnНиту едно патување до скандинавскиот главен град не е целосно без крстарење околу архипелагот на Стокхолм. Иако овде има илјадници острови кои можете да ги видите, Гринда е најдостапен. На островот се забранети автомобилите, но има многу песочни плажи, патеки за пешачење и вистински рустикален шарм.rn4. Хидра, Грција
rn
rnrnАвтомобилите и моторите се забранети на овој остров, па багажот ќе го пренесувате со магариња. Овде ќе најдете прекрасни плажи со камчиња, калдрми, бели куќи и голем број кафетерии и барови.rn5. Тексел, Холандија
rn
rnrnОвој остров изобилува со велосипедски патеки кои ќе ве однесат низ прекрасните села, разнобојните полиња со лалиња, националниот парк и неверојатен светилник. Можете да ги посетите и многуте музеи, како и единствената пивара на островот.rn6. Стромболи, Италија
rn
rnrnОва неверојатно место се наоѓа северно од Сицилија, но имајте на ум дека тукашниот вулкан е активен. Можете да го поминете денот релаксирајќи се на плажите со црн песок, да уживате во природата и во природните „огномети“ од вулканот.rn7. Колонсеј, Шкотска
rn
rnrnАко барате мир и тишина, ова е местото за вас. Островот е мал и до него можете да стигнете пеш или со велосипед. Можете да ги истражите прекрасните ридови, да уживате во прекрасната флора и да ги гледате козите и фоките.rn8. Азорски Острови, Португалија
rn
rnrnНавистина е тешко да изберете омилен остров од оваа група. Можеби најдобриот е Сао Мигуел. Бидејќи е навистина далечен, овде има малку туристи. Геотермалните базени, ѕвездите и неверојатните пејзажи ќе бидат само за вас. Не заборавајте да ги гледате и китовите и делфините.rnrnПогледнете ги и овие предлози за патување со најдобрата пријателка.