КАФЕ ПАУЗА

Tag: етно

  • Живописен етно двор во Босна и Херцеговина каде што ќе заборавите на сите проблеми

    Живописен етно двор во Босна и Херцеговина каде што ќе заборавите на сите проблеми

    Верувале или не, во 2020 година сè уште постои место каде официјално нема „никакво нервирање“. Сместено е во прекрасна природа и во минатото. Денес ве носиме во етно дворот Машковац во Босна и Херцеговина.rnrnЖивописен етно двор во Босна и Херцеговина каде што ќе заборавите на сите проблемиrnrnНа влезот ве пречекува натписот „Забрането нервирање“, наредба што не е тешко да се следи. Улиците на селото водат помеѓу старите традиционални босански куќи, а една улица наречена Занатска ве води низ куќите-работилници каде што можете да видите како некогаш се правеле прибор за домаќинство или украси направени од дрво и ќерамика. Целото село е преполно со детали и е толку живописно што не знаете каде прво да свртите глава. Буквално има илјадници вредни историски спомени и предмети што некогаш биле користени во домаќинствата, од времето на Отоманската империја до поранешна Југославија, како што се ракотворби изработени од бакар и сребро или разни везови направени рачно од домаќинки.rnrnЖивописен етно двор во Босна и Херцеговина каде што ќе заборавите на сите проблемиrnrnНеодамна, тие добија нова атракција: изградија куќа во босански етно стил на камен на реката. Целата куќа беше именувана како Луди камен, па дури и за време на повисокиот водостој реката не ја однесе. Без разлика дали е среќата што ги придружува лудите или едноставно вештите мајстори – веќе не е важно. Куќата и каменот станаа хит особено кај младенците и свршениците кои го слават денот тука.rnrnНо, ајде да дознаеме што се готви тука. Една од куќите е ресторан со прекрасен ентериер и уште попримамлива кујна. Таму нудат традиционални босански јадења, сите зачинети со добра атмосфера и звуци на хармоника. Десертот оди на крајот, а тука имаат многу вкусни лижавчиња од кои ќе сакате да си земете и за дома.rnrnАко се најдете во Босна и Херцеговина, некаде во близина на Тузла, не заборавајте да застанете тука. Но, ајде да не зборуваме многу, туку само погледнете ги фотографиите и проценете сами.rnrnЖивописен етно двор во Босна и Херцеговина каде што ќе заборавите на сите проблемиrnrnЖивописен етно двор во Босна и Херцеговина каде што ќе заборавите на сите проблемиrnrnЖивописен етно двор во Босна и Херцеговина каде што ќе заборавите на сите проблемиrnrnМожеби ќе сакате да ѕирнете во празничната атмосфера на францускиот град Колмар.

  • Интервју со бендот „Melissa Macedonia“

    Интервју со бендот „Melissa Macedonia“

    Автор: Ивана ГрујоскаrnrnИнтервју со „Melissa Macedonia“Бенд: Melissa MacedoniarnrnОснован: јануари, 2010rnrnСостав: Никола Пејоски  (вокал и гитара), Љупчо Стефаноски (бас гитара и придружен вокал), Зоран Стефаноски (тапани) и Емилијан Пејоски (гитара)rnrnТип музика: метал со примеси на гранџ, прогресив и етноrnrnИздадени албуми: „Stairs to the Universe“rn
    rn


    „Melissa“ е метал бенд кој веќе две години постои на македонската андерграунд сцена. Тие започнуваат како трио, бидејќи првиот состав на бендот го сочинуваат Никола Пејоски, Љупчо Стефаноски и Бојан Јованоски на тапани. Како трио тие имаат издадено еден албум кој го носи насловот „Stairs to the Universe“. Албумот е снимен за само 9 дена во студиото на Евгениј Каревски – Гени во Скопје и пуштен е во продажба во декември, 2010 година.rnrnНа бендот во мај, 2011 му се приклучува нов член – Емилијан Пејоски, а од јануари оваа година имаат и нов тапанар – Зоран Стефаноски. Новата постава на „Melissa“ работи на нивниот нов албум, кој треба да почне да се снима во април, а да излезе негде кон крајот на оваа година. Интересно е да се напомене дека финалната верзија на бендот ја сочинуваат двајца браќа и двајца братучеди. Разговаравме со фронтменот на бендот Никола – Нино.rnrnrn


    rn
    rn

    rnИнтервју со „Melissa Macedonia“rnrnЖенско име, а моќен метал бенд. Како дојдовте до идеја за името на бендот?rnrnИдејата за името на бендот е моја, сакав да е женско име, универзално и моќно. „Melissa“ на латински и на грчки значи пчела, а во логото на нашиот бенд е вметната мала пчеличка како заштитен знак.rnrnКолку често правите проби?rnrnПробите на бендот зависат од обврските, како и да е, знаеме да засвириме и по 3-4 часа дневно.Интервју со „Melissa Macedonia“rn

    rnДа ни издвоите некој поважен, можеби и омилен настап. И каде може да ве чујат вашите фановиrnrnНовата „четворка“ сè уште нема јавни настапи, бидејќи главно сме сконцентрирани на новите песни. Од досегашните настапи на триото би ги издвоил настапите на „Аларм“ (Alternative Stage) во Љубаништа, Охрид,  „Калефест“, Кичево, свирките во „Дом на млади“ во Штип, како и клубските настапи во „КОД Кафе“ во Битола, „Апореа“, Прилеп и низ многуте кичевски клубови.rnrnОдбравте да пеете на англиски јазик. Зошто?rnrnНе знам точно и јас зошто текстовите ми се на англиски, изгледа имав еден долг период кога размислував на англиски, па најверојатно ми останало од тогаш. Англискиот е пофлексибилен и секој во светов ќе може да разбере што сакаш да пренесеш, каква порака носиш. Текстовите се апстрактни и носат искрена порака.Интервју со „Melissa Macedonia“Како се дружите надвор од музиката? Имате ли некоја стандардна кафе шема?rnrnНадвор од музиката, се дружиме на кафе, по свирки и слично. Некоја редовна кафе шема немаме, сè е со претходен договор и според можностите.rnrnДали би направиле екстремна промена на стилот на музиката, ако некој ви понуди многу пари?rnrnНе, мислам дека никогаш нема да направиме промена на музичкиот стил. Тоа сме ние и тоа излегува од нас.rn

    rnИнтервју со „Melissa Macedonia“За крај, имате ли некое мото кон кое се придржувате?rnrn„Melissa“ е постојано во потрага по вистината.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.