КАФЕ ПАУЗА

Tag: Етиопија

  • Интересни факти за необична земја чија година трае 13 месеци

    Интересни факти за необична земја чија година трае 13 месеци

    Ретко кој од нас знае нешто повеќе за Етиопија. Единствено што знаеме е како се наоѓа во Источна Африка, а оние што сакаат спорт веројатно ќе се сетат на легендарниот спортист Хаиле Гебрселаси. Сепак, имајќи предвид дека таму живеат повеќе од 100 милиони луѓе, би било убаво да знаете малку повеќе.rnrnИнтересни факти за необична земја чија година трае 13 месециrn

    Календар од 13 месеци

    rnЗа разлика од стандардниот, „западен“ начин на броење време, Етиопија доцни седум години и осум месеци и пред неколку дена таму се славеше влегувањето во 2014 година. Причината за ова е различното сметање на раѓањето на Исус, така што новата година таму започнува на 11 септември, а престапната следниот ден. Првите 12 месеци имаат 30 дена, додека 13-тиот месец брои 5 или 6 дена.rn

    Единствената неколонизирана африканска земја

    rnЛокалните жители секогаш се фалат со овој факт и никогаш нема да пропуштат да истакнат дека тие се единствената земја што никогаш не била колонизирана. Точно е дека во 1935 година Италијанците ја окупирале земјата речиси 6 години, но храбрите Етиопјани никогаш не престанале да даваат отпор и не им ја препуштиле власта на Италијанците.rn

    Родното место на Растафаријанското движење

    rnМислевте дека тоа е Јамајка? Па, сте погрешиле. Вистина е дека Растафаријанското движење значително се развило во Јамајка и дека растафаријанизмот и денес е „најсилен“ таму, но потекнува од Етиопија, славејќи го императорот Хајле Селасие како реинкарнација на бог.rn

    Првата шолја кафе

    rnЗа она во што сите ние уживаме да го пиеме и без кое тешко можеме да замислиме ден, треба да им се заблагодариме на Етиопијаните.rn

    Најстарите луѓе во светот

    rnМногу археолози го делат мислењето дека етиопскиот регион Афар е местото од каде што започнала нашата човечка приказна. Во споменатиот регион, во 1972 година бил откриен скелет наречен Луси, чија старост се проценува на повеќе од 3 милиони години.rnrnПогледнете неколку европски градови испреплетени со канали.

  • Заблагодарете им на козите за кафето

    Заблагодарете им на козите за кафето

    Автор: Мирослава СимоновскаrnrnКој би помислил дека козите се виновни за пронаоѓањето на вкусот што секое утро го буди светот?Заблагодарете им на козите за кафетоСпоред една распространета легенда, уште во 9-от век, едно козјо стадо во Етиопија, во местото Кафа, привлечено од жар црвената боја на плодовите, се доближило до грмушките кафе вкусувајќи го задоволството што ги расонува пилотите и доставувачите на пица.Заблагодарете им на козите за кафетоОвчарот што го чувал стадото, откако го забележал возбуденото однесување кај животните, ги однел плодовите во некој манастир кај група познати монаси. Тие ги свариле чудните „бобинки“ и го испиле напитокот, веднаш чувствувајќи ја возбудливата сензација. Од Етиопија, кафето се ширело до Египет и Јемен и до 15-от век стигнало до Персија, Турција и северниот дел од Африка.Заблагодарете им на козите за кафетоДенес, Бразил е лидер во извозот на кафе, а годишното производство е 110-120 милиони кесички. Магијата на ова „црно злато“, го обиколува светот со 50 билиони шолји, сварени во кафулињата и домовите. Секако, изворниот вкус ја задржува својата свежина поради тоа што зрнцата се чуваат во речиси вакуумска амбалажа и на ладно место.Заблагодарете им на козите за кафетоЗаблагодарете им на козите за кафетоКафето, после нафтата, е втор најизвезуван производ. По сé изгледа, козите „имаат нос“ за бизнис, нели?Заблагодарете им на козите за кафетоrnrn