Ако погледнеме во колекциите на дизајнерите, скоро целиот круг на бои е застапен оваа сезона, не исклучувајќи ги секогаш присутните – белата и црната. Стандардно, есента носи малку потемни нијанси, но овој пат и по некоја светла, која ќе ја разбие монотонијата и во најтмурните денови.rnrn
rnrnЕве кои бои се најзастапени во колекциите на модните дизајнери и како тие најдобро се комбинираат.rn
Алуминиумска сива
rnОд најсветла до најтемна, оваа футуристичка боја е комплексно-неутрална и е најпопуларната за сезонава.rnrn
rn
Нијанси на сина (морнарска и кобалт)
rnМорнарско-сината е класична боја која секогаш е во тренд. Комбинирајте ја со бела за беверменски изглед.rnrnСветлата кобалт сина има дискретна зелена поднијанса и претставува варијација на традиционалната кобалт сина.rnrn
rn
Црвена (аурора и сангрија)
rnОвие нијанси даваат гламур и свечен изглед.rnrnАурората е портокалово-црвена нијанса, која претставува класична есенска боја која дава доза живост меѓу останатите потемни бои.rnrnСангрија е убава нијанса на шумско овошје која побудува чувство на гламурозни авантури и далечни дестинации.rnrn
rn
Блескава орхидеја и бежова магла
rnЗа доза женственост – овие бои лесно се комбинираат меѓусебно, но одлично изгледаат и самостојно во комбинации од глава до пети.rnrnБлескавата орхидеја добро се комбинира со сини и сиви нијанси.rnrnБежовата магла е романтична и елегантна светловиолетова нијанса која дава женственост и добро се комбинира со сангрија и блескава орхидеја.rnrn
rn
Коњак кафена кафеава боја и нијанси на беж
rnОвие две бои даваат суптилна елеганција.rnrnКоњакот е најпопуларна нијанса на кафена за оваа есен. Ова е многу топла боја која многу едноставно се комбинира со останатите нијанси во палетата.rnrn
rn
Чемпрес зелена
rnКласична, но силна есенска зелена нијанса. Освежувачка боја која лесно се комбинира со беж, жолта, аурора црвена и коњак боја.rnrn
rn
Замаглено жолта
rnНајсветла за сезонава, создава рамнотежа помеѓу останатите темни бои од есенската палета.rnrn
rn
Класичните црна и бела
rnСекогаш во мода, било во посебни комбинации од глава до пети или во меѓусебен спој.rnrn
rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на
Кафе пауза. Следете нè
на Твитер или пак станете фанови на
нашата страница на Фејсбук.