КАФЕ ПАУЗА

Tag: енергетски пијалак

  • 9 факти за кафето кои секој љубител треба да ги знае

    9 факти за кафето кои секој љубител треба да ги знае

    За многумина, кафето е еликсир на животот и го претставува сечиј почеток на денот. Доколку и вие спаѓате во оваа група луѓе, тогаш прочитајте ги овие интересни факти за вашиот омилен пијалак без кој сме сигурни дека не можете да си го замислите вашиот живот.rnrn9 факти за кафето кои секој љубител треба да ги знаеrn

    1. Ниеден енергетски пијалак нема толку кофеин како шолјата кафе

    rnНекои од најјаките енергетски пијалаци содржат околу 150 милиграми кофеин, што е скоро дупло помалку од големите шолји јако кафе.rn

    2. Лесно е да се стане зависен од кофеин

    rnАко секојдневно внесувате 150 милиграми кофеин во организмот, многу е возможно да станете зависни од него. Кога често уживате во кафето, а потоа одеднаш престанете да го консумирате, можете да искусите симптоми како недостаток на енергија, раздразливост и главоболки.rn

    3. Кафето може многу брзо да ве разбуди

    rnДоволни се само 10 минути за кофеинот да почне да делува во вашиот организам.rn

    4. Зрната кафе воопшто не се зрна

    rnОд технички аспект, зрната кафе се всушност плодови.rn

    5. Првата веб камера е направена благодарение на кафето

    rnМожеби ви звучи чудно, но во 1991 година на Универзитетот Кембриџ во Англија на луѓето им здодеало да шетаат лево-десно со цел да видат дали бокалот за кафе е полн или празен. Така, им дошла идеја и направиле веб камера која го снимала бокалот. Можеби треба да сме му благодарни на кафето за Скајп.rn

    6. САД трошат најмногу кафе годишно

    rnАмериканците консумираат премногу кафе. Истражувањата покажуваат дека тие пијат и до 400 милиони шолји кафе дневно. На годишно ниво тоа е 146 милијарди шолји кафе.rn

    7. Кафето најдобро разбудува од 90:00 до 11:30 часот

    rnТоа е така затоа што хормонот кортизол, кој го претставува часовникот на нашиот организам, стапува во хемиска реакција со кофеинот. Ако го пиете кафето рано наутро кога нивото на кортизол е високо, може да дојде до спротивен ефект и од тоа ќе ви се пие уште повеќе кафе.rn

    8. Јохан Себастијан Бах напишал цела кантата за девојката која била зависна од кафе

    rnrn

    9. Зошто кафето има подобар мирис отколку вкус?

    rnНаучниците тврдат дека тоа е така поради тоа што имаме две сетила за мирис: мирисот кој го чувствуваме од околината и мирисот кој го чувствуваме кога кафето е во нашата усна празнина. Кафето има подобар мирис кога го мирисаме додека го пиеме, бидејќи кога ни е во устата нашите рецептори за вкус го уништуваат тој мирис.

  • НИКОГАШ не пијте алкохол во комбинација со енергетски пијалак!

    НИКОГАШ не пијте алкохол во комбинација со енергетски пијалак!

    Можеби оваа комбинација ви изгледа како добра идеја. Сте решиле да излезете уморни, по напорен ден на работа, па со цел да се забавувате и танцувате подолго време порачувате и енергетски пијалак покрај алкохолот. Но, дали знаете како оваа комбинација од кофеин и алкохол влијае врз вас?rnrnНИКОГАШ не пијте алкохол во комбинација со енергетски пијалак!rnrnСама по себе, комбинацијата е опасна бидејќи постои ризик од неверојатни 600% за прескокнување во отчукувањата на срцето. Уште поголема опасност се крие и во илузијата дека вие сте многу потрезни отколку што навистина сте.rnrnЛуѓето кои мешаат енергетски пијалаци со алкохол редовно имаат субјективен впечаток дека не се многу пијани, за разлика од луѓето кои имаат консумирано иста количина на алкохол. Чувството на умор е знак дека треба да престанеме да пиеме, но енергетските пијалаци целосно го отстрануваат, па токму затоа во овој случај ние би пиеле многу повеќе мислејќи дека алкохолот не допира до нас.rnrnПоради оваа илузија на трезност, поголемиот број од шоферите би решиле да седнат позади волан, бидејќи веруваат дека се во состојба да возат. Токму оваа ситуација често доведува до трагични последици.rnrnПогледнете го следново видео кое ќе ви ги открие сите причини поради кои би требало да избегнувате да мешате алкохол со кофеин…rnrnrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 7 знаци дека сте зависни од кофеин

    7 знаци дека сте зависни од кофеин

    Многумина сметаат дека кофеинот е безболен начин да се внесе дополнителна енергија во организмот за да се завршат секојдневните обврски. За жал, доколку тоа излезе од контрола може да дојде до зависност од кофеин. Ако се прашувате дали спаѓате во групата на зависници, следните седум знаци ќе ви го дадат одговорот.7 знаци дека сте зависни од кофеинrn

    1. Чувствувате дека ви фали нешто додека не внесете кофеин

    rnЗависниците од кофеин сметаат дека тој им е неопходен за добро да функционираат и чувствуваат дека им фали сè додека не го внесат во организмот. Брзаат да се напијат кафе или енергетски пијалак пред да ги стигне вознемиреноста или главоболката, иако реално нема причина за тоа да се случи.rn
    rn

    2. Кофеинот ви дава сила

    rnКофеинот можеби ви дава чувство дека со него сте посилни, поконцентрирани и поенергични. Ако верувате дека без кофеин вашите перформанси ќе се намалат, веројатно станува збор за зависност.rn
    rn

    3. Ви помага да го намалите апетитот

    rnЗависниците често го злоупотребуваат кофеинот за да го намалат апетитот, да добијат чувство на ситост, па дури и да прескокнат цели оброци.rn
    rn

    4. Верувате дека ви помага да се расположите

    rnАко сте зависни од кофеинот ќе имате илузија дека тоа ви помага да се расположите, па дури и подобро и поквалитетно да разговарате. Тоа ќе ве натера да се напиете кафе секогаш кога ќе почувствувате дека треба да го унапредите вашиот социјален живот.7 знаци дека сте зависни од кофеинrn

    5. Верувате дека ви ги зголемува физичките способности

    rnСметате дека кофеинот ќе ви помогне да вежбате подобро и подолго и ќе ги подигне вашите атлетски перформанси.rn
    rn

    6. Верувате дека ги намалува физичките способности и ве прави немирни

    rnЗависноста од кофеин нема секогаш позитивни индикации. Понекогаш зависниците сметаат дека една шолја кафе или друг напиток во одредена ситуација ќе им ги намали физичките можности или ќе ги вознемири.rn
    rn

    7. Не ви дава да заспиете

    rnВистина е дека кофеинот може да ви помогне да се расоните и да ве спречи да заспиете, но тоа нема еднаков ефект на сечиј организам. Кога тоа нема ефект на организмот на зависникот, а тој сè уште верува во тоа, многу е веројатно дека се работи за некој кому кофеинот му станал навика.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Колку кофеин има во популарните пијалаци?

    Колку кофеин има во популарните пијалаци?

    За повеќето возрасни луѓе со добро здравје, внесувањето 200 до 300 милиграми кофеин дневно, што е еднакво на две до четири шолји кафе, не е штетно по здравјето. Напротив, умерените количини кафе можат да го подобрат вашето целокупно здравје. Тоа ја намалува главоболката и болката во мускулите, ја подобрува краткотрајната меморија, го крева крвниот притисок, го намалува ризикот од рак на кожа и дојка, се бори против целулитот, дури се користи и како состојка во препаратите за нега и убавина… Но, преголемата консумација на кофеин може да има и негативни последици како несоница, нервоза, тегоби во стомакот, неуморност, брзо чукање на срцето и тресење на снагата.rnrnКолку кофеин има во популарните пијалаци?rnrnАмериканската администрација за храна и лекови го регулира внесувањето кофеин во газираните пијалаци. Лимитот е 71 милиграм кофеин во 350 милилитри газиран пијалак. Енергетските пијалаци многу го прекршуваат овој лимит, откако масовно го заземаа пазарот на пијалаците. Многу брендови содржат и многу поголеми количини кофеин во една лименка, за кои купувачот не е ни свесен. Затоа, доколку кофеинот ви создава некакви проблеми, посетете ги официјалните веб-сајтови на пијалаците кои честопати ги консумирате за да проверите колку кофеин содржат. Плус, имајте на ум дека ваквите пијалаци содржат многу „празни“ калории и вештачки засладувачи, кои доведуваат до покачена телесна тежина. rnrnПогледнете колкави количини кофеин се кријат во популарните пијалаци.rnrn

      rn011

    • Во 250 мл инстант кафе има од 27 до 137 милиграми кофеин.
    • rn

    rnКолку кофеин има во популарните пијалаци?rn

      rn011

    • Во 30 мл еспресо има 30 до 90 милиграми кофеин.
    • rn011

    • Во 250 мл безкофеинско кафе има од 3 до 12 милиграми кофеин.
    • rn011

    • Во 250 мл Кока-кола има 23 милиграми кофеин.
    • rn011

    • Во 250 мл диетална Кока-кола има 31 милиграми кофеин.
    • rn011

    • Во 250 мл Кока-кола зиро има 23 милиграми кофеин.
    • rn

    rnКолку кофеин има во популарните пијалаци?rn

      rn011

    • Во 250 мл Пепси има 25 милиграми кофеин.
    • rn011

    • Во 250 мл диетално Пепси има 24 милиграми кофеин.
    • rn011

    • Во 250 мл чај има од 40 до 120 милиграми кофеин.
    • rn

    rnКолку кофеин има во популарните пијалаци?rn

      rn011

    • Во лименка Ред бул од 250 мл, има 80 милиграми кофеин.
    • rn011

    • Во 250 мл топло чоколадо има 3 до 13 милиграми кофеин.
    • rn

    rnКолку кофеин има во популарните пијалаци?
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.