КАФЕ ПАУЗА

Tag: емотивец

  • Најцврстите љубовни врски се оние во кои едниот партнер е логичар, а другиот емотивец

    Најцврстите љубовни врски се оние во кои едниот партнер е логичар, а другиот емотивец

    Различни луѓе реагираат различно во иста ситуација. Ова посебно се однесува кога треба да се соочиме со некои тешкотии во нашиот професионален и приватен живот. Се верува дека љубовните двојки во кои и двајцата партнери размислуваат и се однесуваат на различен начин, полесно ги надминуваат пречките во животот и остануваат заедно подолго време за разлика од оние кои се слични.rnrnДали ова е вистина? Ако е, зошто е тоа така? Луѓето се непредвидливи. Може колку сакате да се обидувате да ги разберете, да погодувате како се чувствуваат, да размислувате како можете да им помогнете, и пак на крајот ќе погрешите. Се чини дека ниту еден човек да не е постојан во своето однесување. Но, секој поединец мора да донесува одлуки врз основа на нешто, нели?rnrnНајцврстите љубовни врски се оние во кои едниот партнер е логичар, а другиот емотивецrnrnЛуѓето може да се поделат во две категории…rnrnЛогичари: Оние кои донесуваат одлуки врз основа на логичната и објективната вистина, откако внимателно ги согледале сите позитивни и негативни работи.rnrnЕмотивци: Оние кои донесуваат одлуки врз основа на нивните чувства и интуиција, и кои размислуваат како тие ќе влијаат на самите нив и на нивните блиски.rnrnПоентата е дека најсреќните љубовни парови се оние кои вклучуваат логичар и емотивец. Секако дека не постои совршена двојка и секој треба самиот да си одлучи со кого ќе биде во врска. Двајца логичари и двајца емотивци би можеле да живеат заедно среќно до крајот на животот. Зошто да не? Меѓутоа, на логичарот полесно му е да живее и да се сложува со емотивецот, токму поради тоа што и двајцата се многу различни. Секој од нив ќе има различен пристап кон истиот проблем, со што автоматски се зголемува можноста за решавање на истиот. Да ја согледаме оваа констатација преку примери…rn

    Логичарите ги земаат предвид фактите, а емотивците чувствата

    rnНа почетокот од врската, логичарот ќе направи проценка на сите факти: Социјалниот статус, финансиските можности, неговото слободното време и дали воопшто му е потребна врска во моментот.rnrnЕмотивецот прави проценка на неговите чувства. Дури и целата објективна реалност да е против врската, емотивците се подготвени да направат сè за да бидат среќни во љубовта. Повеќето врски почнуваат токму благодарение на емотивците!rn

    Логичарите ги забележуваат надворешните знаци дека нешто не е во ред, а емотивците едноставно го чувствуваат тоа

    rnЛогичарите сфаќаат дека врската не оди баш најдобро кога ќе видат цврст доказ за тоа, како на пример кога ќе го видат партнерот како флертува со некој друг или кога ќе видат дека добива пораки од типот „Кога ќе те видам? Те бакнувам“.rnrnЕмотивците ги забележуваат промените во говорот на телото и тонот на гласот. Тие едноставно чувствуваат дека нешто не е во ред, без да имаат каков било доказ. Емотивецот е првиот кој ќе каже гласно дека има проблем во врската.rnrnНајцврстите љубовни врски се оние во кои едниот партнер е логичар, а другиот емотивецrn

    Логичарите прво ги гледаат лошите работи, а емотивците добрите

    rnСекој пар ќе мора да се соочи со некои тешкотии порано или подоцна. Меѓутоа, ако и двајцата партнери ги гледаат само лошите работи, тогаш нема што понатаму да се дискутира.rnrnКога логичарот се откажал и почнал да го гледа само негативното во врската, чувството зема замав и почнува да ги бара позитивните работи, причините зошто тие мора да останат заедно.rnrnКога во врската едниот е логичар, а другиот емотивец, има големи шанси дека нивната врска ќе ја истрае кризата. Кога сè уште не дошло до директен конфликт, емотивецот ќе остане до неговиот сакан по секоја цена.rn

    За логичарите конфликтот е нешто природно, за емотивците тоа е крај на светот

    rnЛогичарите признаваат дека конфликтот е проблем кој треба да се реши. Но, емотивецот секоја караница ја доживува како катастрофа. Тие ќе страдаат и ќе се плашат сè додека повторно не се воспостави хармонија. Според нив, таа мора да биде воспоставена по секоја цена.rnrnЛогичарите ги решаваат конфликтите, а емотивците гледаат да избегаат од нив. Ако дојде до караница, логичарите се тие кои ќе го вратат мирот во врската.rn

    Логичарите ги решаваат проблемите, а емотивците чекаат на нив да го направат тоа

    rnДоколку логичарите препознаат дека има проблем, тие почнуваат да дејствуваат за да го решат. Веднаш купуваат цвеќиња, чоколади или даваат комплименти.rnrnЕмотивците не се ни обидуваат да преземат нешто додека не помине тоа ужасно чувство на страв и болка еднаш засекогаш. Токму затоа секогаш има некој кој дава подароци и некој кој ги добива.rn

    Логичарите сакаат да доминираат, емотивците имаат потреба да бидат сакани

    rnЛогичарите веднаш прифаќаат одговорност, тие немаат проблем со тоа и се чувствуваат изгубени кога немаат контрола во врската.rnrnЕмотивците, пак, го прифаќаат тоа без проблем и подеднакво се чувствуваат изгубени ако не ја добиваат грижата и вниманието што им требаат. Совет за логичарите: Ако забележите дека партнерот делува вознемирено, гушкајте го почесто.rnrnНајцврстите љубовни врски се оние во кои едниот партнер е логичар, а другиот емотивецrn

    Логичарите сакаат да разберат зошто нешто се случува, емотивците сакаат да разберат зошто тоа им се случува баш ним

    rnКога ќе дојде до конфликт, логичарите се стремат да дојдат до коренот на проблемот. Тие сакаат да разберат што точно тргнало наопаку во нивната врска. Дали нивниот партнер направил нешто? Или, пак, тие сè уште се соочуваат со последиците од претходната врска?rnrnЕмотивците размислуваат што не е во ред со нив. Тие сакаат да дознаат што направиле за да го оддалечат партнерот од себе, и најважно им е да разберат каде лежи нивната грешка во целата ситуација.rnrnЛогичарите ќе се обидат да имаат конструктивен разговор иако тоа би можело да доведе до раскинување, додека емотивците едноставно ќе седат и ќе размислуваат за себе.rn

    Логичарите ја бараат вистината, емотивците можат да прогледаат низ прсти ако тоа е потребно

    rnЛогичарите се секогаш искрени и со другите и со самите себеси. Ако сфатат дека погрешиле, ќе го признаат тоа без двоумење.rnrnЕмотивците не сакаат секогаш да ја знаат вистината. Понекогаш тие повеќе претпочитаат бели лаги, а и тие самите се подготвени да подлажуваат за да ја одржат врската стабилна.rnrnСè на сè, кога двајца логичари ќе решат дека подобро е да не бидат заедно, а двајца емотивци ќе се испокараат, логичарот и емотивецот ќе ги соберат остатоците и повторно ќе ги состават во една нераскинлива целина. Најважна е способноста на парот да ги преживее кризните периоди во врската, а двојката со различен начин на размислување и однесување има поголеми шанси да ги преброди истите.

  • Како да знаете дека тој би бил добар татко?

    Како да знаете дека тој би бил добар татко?

    Конечно помислувате дека сте го нашле вистинскиот. Тој е речиси совршен, сè што некогаш сте посакувале. Ќе дојде со вас во вегетаријански ресторан иако би убил за голем хамбургер, или ќе ве чека со часови пред бутици додека завршите со шопингот. Проблем? Се замислувате во иднина со него, но не сте сигурни како би се снашол во улогата на татко.rnrnКако да знаете дека тој би бил добар татко?rnrnПостои разлика помеѓу грижлив и посветен татко и друг кој не е толку грижлив и емоционално отворен со своите деца. Модерниот, грижлив маж знае дека единствената негова работа не е да го „носи лебот дома“ и да биде емоционално недостапен во остатокот од денот. Грижливиот татко ќе оди на родителски средби, ќе ги чува децата и нема да пропушти ниеден натпревар или претстава. Тој е оној кој ќе го исклучи телевизорот за време на ручек, бидејќи знае дека тоа е време за семејството.rnrnГо бараме невозможното? Не баш. Такви мажи постојат. Еве како да знаете дека и вашето момче е еден од нив.rn

    До кој степен ѝ е посветен на работата?

    rnМожеби градењето на неговата кариера го исцрпува и му одзема многу време. Разбирливо е некогаш едноставно да нема време за многу работи. Но дали е таков постојано? Дали постојано ја носи работата со себе и по завршувањето на работното време? За да биде грижлив татко, присутен за своите деца, тој мора да развие способност обврските едноставно да ги остава на работа, а слободното време да му го посветува на семејството.rn

    Колку е инволвиран во вашиот живот?

    rnРечиси секогаш ви нуди помош? Знае што ви се случува, какви проблеми имате во моментов? Маж кој ќе ве однесе на лекар, ќе ви ја смени гумата од автомобилот, кој е заинтересиран за случувањата во вашиот живот и активно инволвиран во истиот, има потенцијал да биде одличен татко. Тој ќе биде исто така, дури и повеќе грижлив и внимателен кон своите деца. Ќе се труди да биде инволвиран и ќе знае што се случува, а нема да се однесува како странец.rnrnКако да знаете дека тој би бил добар татко?rn

    Дали има пријатели кои веќе имаат деца?

    rnКако реагира во присуство на деца? Како се однесува со децата на своите пријатели? Како реагира на приказните кои родителите ги раскажуваат за своите деца? Дали неговите реакции се, Леле па тие немаат никаков социјален живот, или Одвај чекам и јас да имам едно? Останува самите вие да си дадете одговор на овие прашања.rn

    Каков е неговиот однос со татко му?

    rnКаков е или каков бил неговиот однос со татко му? Дали кон него чувствувал стравопочит, дали често бил изреволтиран и бесен на својот татко, за што најмногу имале несогласувања? Голема е веројатноста дека проблемите кои ги имал со својот татко ќе ги пренесе и на своите деца. Односот кој го имал со татко му, со сигурност ќе влијае на неговиот однос како родител. Доколку има неразрешени проблеми со својот татко, помогнете му да им стави крај, за да не ги пренесе и на децата кои во иднина би ги имале.rnrnКако да знаете дека тој би бил добар татко?rn

    Како се справува со неочекувани моменти и промени?

    rnКако се однесува која ќе дојде до ненадејна промена на планот, кога ќе се случи нешто неочекувано? Дали реагира бурно и нервозно или смирено се труди да ја поправи ситуацијата? Улогата на родител носи многу неочекувани моменти и ситуации. Преку одредени ситуации во сегашноста, ќе знаете како тој би се справил со нив.rnrnНикој со сигурност не може да каже колку добар родител би бил. Тоа е нешто што мора да се искуси. Најчесто луѓето покажуваат една целосно поинаква страна откако бебето ќе се роди. Но постојат многу показатели во сегашноста според кои ќе имате претстава колку тој би бил успешен во улогата на татко, колку би бил заинтересиран и инволвиран во целиот процес на одгледување на децата.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 7 типови пријатели кои треба да ги имате во вашето друштво

    7 типови пријатели кои треба да ги имате во вашето друштво

    Пријателството нема цена и секому му е потребно. Вистинскиот пријател секогаш е тука за вас, без разлика на околностите и знае да ви се најде и во добро и во лошо. Иако пријателството е природна работа и несвесно го одбираме кругот на пријатели, сепак важно е од нив да добивате соодветно на тоа што го вложувате. Ова се неколкуте категории пријатели кои би требало да ги имате во вашето друштво.rnrn7 типови на пријатели кои треба да ги имате во вашето друштвоrn

    1. Слушател

    rnИма периоди кога навистина ви треба некој да ве ислуша, па затоа ќе ви биде потребен човек пред кој ќе можете да го испуштите вентилот и да кажете сè што ви лежи на душа. Ваквиот тип пријател секогаш ќе ве дослуша до крај без разлика на сè. Знаејќи дека можете да се потпрете на некого за ваквите работи, се чувствувате безбедно и го зајакнувате пријателството.rn

    2. Комедијант

    rnОвој тип човек воопшто не треба да се објаснува. И во времињата кога сте весели, но и кога сте тажни или депресивни, смеењето секогаш е најдобриот лек. Ваквиот тип пријател во вашето друштво секогаш ќе го подига расположението и со него секогаш ќе градите незаборавни спомени.rn

    3. Поттикнувач

    rnПоттикнувачот е човек кој секогаш ќе ви ја покажува светлината, дури и во оние најтемните денови. И во најлошата ситуација, тие секогаш знаат да ви истакнат една добра работа која таа ја носи, а вам не би ви паднала на ум.rnrn7 типови на пријатели кои треба да ги имате во вашето друштвоrn

    4. Потсетувач

    rnОвој тип пријател секогаш знае да се наврати на некоја добра случка од минатото и да го развие муабетот, притоа потсетувајќи ги сите на убави моменти. Во комбинација со комедијантот, тие знаат да направат вистинско шоу за оние луди моменти од минатото.rn

    5. Реалист

    rnСекогаш е добро во друштвото да се има еден ваков човек, кој е стабилен и спуштен на земја. Тој знае како да изреагира во секоја ситуација и да не ви даде лажна надеж. Ова не значи дека тој човек е песимист, меѓутоа вистината секому му е добредојдена.rn

    6. Емотивец

    rnПонекогаш на сите ни доаѓа чувство дека во секој момент ќе експлодираме. Во ваквите времиња, потребен ни е пријател кој ќе ни укаже дека е во ред да бидеме лути и бесни, па дури и да заплачеме. Овој тип пријател, секогаш знае да го најде начинот да ги изнуди вашите вистински чувства.rnrn7 типови на пријатели кои треба да ги имате во вашето друштвоrn

    7. Одговорен пријател

    rnОвој човек е многу важен и фундаментален за вистинското пријателство. Овој тип луѓе секогаш знаат како да нè предизвикаат да го дадеме најдоброто од себе. Тие умеат да ги постават најтешките прашања и да нè направат подобри личности.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.