КАФЕ ПАУЗА

Tag: емоционална интелигенција

  • 7 квалитети кои ги поседуваат луѓето со висока емоционална интелигенција

    7 квалитети кои ги поседуваат луѓето со висока емоционална интелигенција

    Луѓето со висока емоционална интелигенција знаат како да го направат светот подобро место за живеење. Тие го даваат својот максимум за секој ден да биде поубав, подобар и поуспешен од претходниот. Емоционалната интелигенција игра огромна улога во светот на успехот, а истражувањата во таа област покажале дека е навистина така.rnrn(1)-7-kvaliteti-na-lugjeto-so-visoka-emocionalna-inteligencija-kafepauza.mkrnrnДаниел Голман е доктор по науки, писател и истражувач во областа на лидерството. Познат по неговиот бестселер „Емоционална интелигенција: Зошто таа може да е поважна од коефициентот на интелигенција?“, Голман објаснува како и зошто никогаш нема вистински да успеете во животот доколку не ги поседувате особините на личност со висока емоционална интелигенција. Неговата работа се состои во истражувања поврзани со тоа што ги прави луѓето успешни, а тие истражувања дале резултат дека токму емоционалната интелигенција го носи човекот чекор поблиску до совршенство и до неверојатен успех.rnrnПостојат многу дефиниции кои го опишуваат концептот на емоционална интелигенција, но во глобала таа претставува способност на луѓето да ги идентификуваат своите и туѓите емоции, да ги искористат и насочат тие емоции кон продуктивно извршување на некоја задача и успешно да ги изменаџираат и исконтролираат своите, но и емоциите на другите луѓе. Според Голман, овие особини се клучни во светот на успехот и без нив е невозможно да изградите успешен професионален живот.rnrnСледниве 7 квалитети се оние по кои луѓето со висока емоционална интелигенција се разликуваат од останатите.rn

    1. Се приспособуваат на промени

    rnПромената е нешто кое никогаш не ги плашело. Светот постојано се менува, а тие по природа се лесно приспособливи на промени. Свесни се дека е невозможно работите да останат во иста состојба долго време, па токму затоа не им е потребно многу време да ги разберат и прифатат промените кои постојано се случуваат наоколу.rn

    2. Самосвесни се

    rnЛуѓето со висока емоционална интелигенција се познаваат себеси доста добро. Знаат кои се и што сакаат, кои се нивните позитивни и негативни страни, знаат да препознаат кога не се во право и кога треба да се повлечат. Свесни се за сето она кое сѐ уште имаат да го научат и се подготвени и отворени за постојано надградување на себеси.rn

    3. Емпатични се

    rnСочувствувањето со другите луѓе е една од нивните најизразени карактеристики. Тие се способни да се поврзат со другите и да разберат што им се случува и како тие се чувствуваат во врска со тоа. Оваа ретка особина има неверојатно позитивно влијание во нивниот приватен, но и професионален живот.rn

    4. Не се перфекционисти

    rnСовршенство не постои и луѓето со висока емоционална интелигенција го знаат тоа. Никогаш не очекуваат дека нешто ќе се заврши перфектно добро бидејќи се свесни дека тоа е невозможно. Иако се многу амбициозни по природа, знаат како да се помират со сите недостатоци и пречки на патот и што е најважно – секогаш учат од грешките.rn

    5. Балансираат

    rnТоа што се свесни за себе и знаат кои се и што се, повлекува дека се доста зрели и способни да ја препознаат важноста која ја носи со себе потребата од балансирање на приватниот и професионалниот живот. Тие се хранат добро, си дозволуваат добро да се одморат и имаат интереси и надвор од нивната работа. Но сето тоа добро го координираат и не дозволуваат приватниот да го надвладее професионалниот живот и обратно.rn

    6. Љубопитни се

    rnЛуѓето со висока емоционална интелигенција имаат вродено чувство за љубопитност и желба за учење нови работи. Тие никогаш не осудуваат, па нивната љубопитност може да се карактеризира како желба за ширење на видиците и откривање на нови можности. Тие често поставуваат прашања и се интересираат за луѓето и нештата околу нив, а се секогаш отворени за предлози и решенија различни од нивните.rn

    7. Благодарни се

    rnСекој ден носи со себе нешто за кое луѓето треба да се благодарни, а луѓето со висока емоционална интелигенција го знаат тоа. Наместо да се заморуваат со мисли од типот на чашата е полупразна/полуполна, тие одлучуваат да се чувствуваат добро и убаво. Уживаат во животот и не дозволуваат никакво токсично размислување да им го расипе тоа.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Психолошки тест: Емоционална интелигенција

    Психолошки тест: Емоционална интелигенција

    Овој психолошки тест е составен од страна на Радмила Ѓокиќ. За да откриете нешто повеќе за вашата емоционална интелигенција, земете лист и пенкало и одговорете на секое од следниве тврдења со избирање на еден од наведените одговори кои го изразуваат вашиот степен на согласување или несогласување со тврдењето. Не размислувајте премногу долго за значењето на тврдењата, работете брзо и обидете се да одговорите што е можно попрецизно. Овој тест нема неточни одговори и многу е важно искрено да одговарате. Има четири можни одговори на секое од тврдењата: 1 – Сосема точно, 2 – Воглавно точно, 3 – Воглавно неточно, 4 – Сосема неточно. Кога ќе бидете подготвени, почнете…rnrnПсихолошки тест: Емоционална интелигенцијаrnrn1. Често се чувствувам тажно, паѓам во нерасположение без да знам зошто.rnrn2. Во состојба сум да се опуштам и потполно да го контролирам сопствениот животrnrn3. Вo кино лесно се смеам или плачам и уживам во тоа.rnrn4. Често ми пречат емоциите во секојдневниот живот.rnrn5. Кога сум бесен/на кршам предмети или напаѓам луѓе.rnrn6. Лесно откривам кога некој ме лаже.rnrn7. Знам да уживам во мали животни задоволства.rnrn8. Емоциите можат да ме направат физички болен/болна.rnrn9. Моите симпатии и антипатии се непроменливи, имам потреба да го променам мислењето за луѓето.rnrn10. Кога нешто ме нервира, можам брзо да се смирам.rnrn11. Кога јавно говорам не чувствувам никакви физички знаци на трема (тресење на рацете, затреперување на гласот…)rnrn12. Патам од синдромот „жолта минута“, односно ако ме нервира нешто, долго не зборувам ништо, а потоа наеднаш ќе експлодирам.rnrn13. Често сум нерасположен/а.rnrn14. Ако некој ми прави проблем, можам лесно да зборувам со него за тоа.rnrn15. Како дете често бев каприциозен/на.rnrn16. Им се допаѓам на луѓето и тоа ме прави популарен/на.rnrn17. Користам интуиција во своите односи со другите луѓе, односно на некој начин „ги чувствувам“ добрите луѓе.rnrn18. Лесно се обвинувам себеси.rnrn19. Луѓето ми се доверуваат самоиницијативно.rnrn20. Често под влијание на емоциите работам спротивно на своите интереси.rnrn21. Кога сум лошо расположена/а ги бркам сите луѓе од соба.rnrn22. Тешко прифаќам дури и оправдана критика.rnrn23. Имам чувство за дипломатија.rnrn24. Имам потреба да се изразам со уметноста (сликање, музика…) за да чувствувам задоволство од животот.rnrn25. Кога сум возбуден од некоја добра вест, имам проблем со сонот.rnrn26. Многу работам, дури и во моето слободно време.rnrn27. Често се молам или медитирам.rnrn28. Често имам проблем да кажам „те сакам“.rnrn29. Често одам во природа.rnrn30. Во детството моите родители немаа слух за моите емоции.rnrn31. Можам долго да бидам лут/а на личноста која ми направила лошо.rnrn32. Водам сметка за квалитетот на живеењето.rnrn33. Прифаќам дека не може да се знае сè, да се разбира сè, да се прифати сè, ниту кај мене, ниту кај другите.rnrn34. Ако сум тажен/а се обидувам да го подигнам моралот наместо да се повлечам.rnrn35. Кога предложувам нешто во група, внимателно ме слушаат.rnrn36. Тешко ми е вештачки да покажам задоволство и лажни емоции како што често може да се види во телевизиските емисии.rnrn37. Повеќе сакам да читам романи отколку есеи.rnrn38. Кога се сеќавам на убави спомени, повторно доживувам силни емоции.rnrn39. Потребно ми е време да сфатам дека сум изнервиран/а.rnrn40. Способен/на сум да ги сослушам и разберам своите соговорници, дури и кога не се сложувам со нив.rnrn41. Понекогаш не можам да ги разберам своите реакции.rnrn42. При донесување одлуки имам голема доверба во својата интуиција.rn

    Доколку завршивте со сите прашања, побарајте ги нивните поени во следниве табели, а потоа во однос на вашиот резултат откријте дали имате висока, просечна или ниска емоционална интелигенција…

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    Број на прашање 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 21
    Сосема точно 1 4 4 1 1 4 4 1 1 4 4 1 1 4 1 4 4 1 4 1 1
    Воглавно точно 2 3 3 2 2 3 3 2 2 3 3 2 2 3 2 3 3 2 3 2 2
    Воглавно неточно 3 2 2 3 3 2 2 3 3 2 2 3 3 2 3 2 2 3 2 3 3
    Сосема неточно 4 1 1 4 4 1 1 4 4 1 1 4 4 1 4 1 1 4 1 4 4

    rn rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    Број на прашањеrn 22 23 24 25 26 27 28 29 30 31 32 33 34 35 36 37 38 39 40 41 42
    Сосема точно 1rn 4 4 1 1 4 1 4 1 1 4 4 4 4 4 4 4 1 4 1 4
    Воглавно точно 2 3 3 2 2 3 2 3 2 2 3 3 3 3 3 3 3 2 3 2 3
    Воглавно неточно 3 2 2 3 3 2 3 2 3 3 2 2 2 2 2 2 2 3 2 3 2
    Сосема неточно 4 1 1 4 4 1 4 1 4 4 1 1 1 1 1 1 1 4 1 4 1

    rn

    rn

    Резултати

    rn

  • Како и зошто да ја подобрите емоционалната комуникација?

    Како и зошто да ја подобрите емоционалната комуникација?

    Не ретко се случува многу повеќе да научите за некоја личност според нејзините движења, погледот или начинот на кој стои, гримасите на лицето и многу други карактеристики кои не вклучуваат зборување. Некогаш дури, доволно е да поминеш со некого само 5 минути и веднаш да знаеш многу работи за него, а кои воопшто ги нема спомнато. Некогаш може да си со некој со години, а да не знаеш кој е и што е. Способноста да препознаете нечии чувства и на некој начин да предвидите нечие однесување може многу да влијае на вашиот живот и начинот на кој вие ќе реагирате на случувањата околу вас. Ова има големо влијание врз љубовниот и деловниот живот, врз врските со пријателите и семејството и однесувањето кон сите останати луѓе.rnrn(2)-kako-i-zoshto-da-ja-podobrite-emocionalnata-komunikacija-kafepauza.mkrnrnПрофесорот по маркетинг на Државниот универзитет во Охајо, Блер Кидвел и неговиот колега, професор Џонатан Хасфорд од Универзитетот во Невада имаат спроведено истражување поврзано со оваа тема. Центар на ова истражување биле продавачи и купувачи, а целта била да видат како нивото на емоционална интелигенција влијае на успехот во продажбата. Резултатите покажале дека кога двете страни се со исто ниво на емоционална интелигенција, ќе постои обострана доверба, продажбата ќе се оствари и двете страни ќе заминат задоволни од комуникацијата. Кога нивото на емоционална интелигенција е ниско и кај продавачот и купувачот, тогаш ни продажбата ќе се оствари ниту, пак, тие ќе бидат задоволни од начинот на интеракција. Ако купувачот има повисоко ниво на емоционална интелигенција од продавачот, тој сигурно ќе добие претстава дека продавачот само сака да ја оствари продажбата и ништо повеќе, па ќе одолее на она кое воопшто не му е потребно. Купувачите како овие можат да се воздржат од купување на работи кои воопшто не им се потребни, ќе го купат само она по кое дошле и нема да ги интересира ништо повеќе.rnrnКога станува збор за препознавање на чувствата на партнерот, работите се малку покомплицирани во смисла на тоа дека постои начин и голема веројатност да ги повредите неговите/нејзините чувства. Доколку со партнерот сте добри во читање на меѓусебните желби и размислувања, а најмногу чувства, тогаш вашата врска најверојатно тече во многу синхронизиран тек. Во спротивно, голема е веројатноста дека често доаѓа до расправии бидејќи знаеме слепо да се водиме по онаа изрека Ако навистина ме сакаш, тогаш треба да знаеш што мислам и да препознаеш како се чувствувам .rnrn(1)-kako-i-zoshto-da-ja-podobrite-emocionalnata-komunikacija-kafepauza.mkrnrnБидејќи согласно со горенаведените примери може да согледаме дека емоционалната интелигенција е доста важна во постојаното секојдневно комуницирање, може да се заклучи дека вреди да се работи на подигнување на нивото на осетливост. Според методите кои професорите Кидвел и Хасфорд ги изложиле во својата статија, постојат четири поконкретни области на кои најмногу влијаат методите за надградување на емоционалната интелигенција.rn

    1. Согледување на емоциите

    rnЧесто тежнееме кон погрешно перципирање на она што е пред нас. Уште почесто знаеме да ги помешаме нашите чувства за туѓи и со тоа да предизвикаме некакви проблеми. Способноста точно да можете да регистрирате како некој се чувствува е нешто што не се случува туку така, а колку повеќе сте свесни за емоциите околу вас и во вас, толку полесно ќе можете да ги раздвоите вашите од туѓите, свесно да избегнувате ситуации поради кои би се чувствувале лошо и би умееле да останете мирни и сталожени дури и кога сè околу вас е сосема спротивното.rn

    2. Прифаќање на емоциите

    rnКолку побрзо ги прифатите чувствата, толку побрзо ќе може да се сконцентрирате на согледување на тоа што предизвикало да се чувствувате така и како да го решите проблемот. Ќе можете побрзо да донесете одлуки кои нема да бидат базирани на моменталните чувства, туку инспирирани од нив и соединети со цел да бидат корисни. Лоцирањето на емоциите, идентификувањето што претставуваат и од каде потекнуваат и тоа со што поголема брзина ќе ве доведе до ситуација каде многу лесно и едноставно ќе може да ги изменаџирате. Оваа стратегија помага во секој аспект од животот и ќе ви заштеди многу инаку изгубено време.rn

    3. Разбирање на емоциите

    rnАко успеете да го разберете она што го чувствувате, во иднина ќе може на некој начин да предвидите како би се чувствувале во дадена ситуација. Согласно ќе може да избегнете незгодни ситуации и да се поштедите себеси од несакани лоши чувства. Уште повеќе, со оглед на фактот дека емоциите се сѐ само не постојани и константни, со сфаќање на истите ќе може да ги насочите и смирите. Луѓето со високо ниво на емоционална интелигенција, предвидувајќи ги своите чувства, успеваат да донесат попаметни одлуки и многу побрзо, така што крајниот резултат да биде во нивна корист. Ова се однесува и на љубовниот живот, доколку станете свесни дека вашата среќа не зависи од и само од вашиот партнер, ќе спречите големо разочарување поради непостоењето на личност која ќе ги исполни вашите очекувања.rn

    4. Управување со емоциите

    rnУправувањето со емоциите е можеби најтешката работа која треба да ја совладате кога станува збор за вашата личност. Ова особено доаѓа до израз кога се соочуваме со силни емоции поврзани со личност која ни е блиска, која сме ја изгубиле или нешто што ни е многу важно. Самoконтролата е основна доколку сакаме да спречиме избувнување или донесување погрешни одлуки само поради тоа што се чувствуваме лошо. Ова овозможува да се справиме полесно со секојдневни ситуации во животот и особено да пребродиме многу полесно работи кои не можеме да ги смениме. Како последен, но најтежок чекор во изградување на личност со високо ниво на емоционална интелигенција, ова ни овозможува со висока веројатност да дојдеме до она што го сакаме и да успееме во она што ќе го замислиме.rnrn(3)-kako-i-zoshto-da-ja-podobrite-emocionalnata-komunikacija-kafepauza.mkrnrnКолку повеќе ги разбирате емоциите и препознавате како останатите околу вас се чувствуваат, толку полесно ќе можете од секоја ситуација да го извлечете максимумот, што укажува на добра емоционална комуникација. На овој начин, ќе влијаете секоја врска која ја имате оформено или ја оформувате да биде најдобра што може, не губејќи време на непотребни кавги, сплетки, пречки и проблеми. Вие ќе се чувствувате убаво, а и луѓето околу вас ќе се чувствуваат убаво. Сѐ што треба за да го започнете процесот на свестување околу емоциите е волја.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Високата емоционална интелигенција води кон поголема заработка

    Високата емоционална интелигенција води кон поголема заработка

    Сигурно многумина ви рекле дека не треба да им дозволувате на вашите емоции да застанат помеѓу вас и вашата работа. Сигурно исто така сте чуле и дека треба да ја држите вашата емоционална страна за дома, бидејќи единствениот начин да успеете во животот е доколку сте силни и тврдокорни. И бидејќи толку често сте ги слушале овие совети, сигурно никогаш не сте се сомневале во нив. Но, време е да почнете. Една нова студија сугерира дека токму спротивното е вистина, односно доколку имате добро око за емоциите на вашите колеги, вие ќе заработите многу повеќе пари.rnrnВисоката емоционална интелигенција води кон поголема заработкаrnrn rn

    „И покрај тоа што соработката со вработените и справувањето со луѓето често вклучува читање на нивните емоции и одредување на нивното расположение, не сите се добри во тоа. Читањето на емоциите на другите луѓе е исто како учењето други јазици или атлетика – некои луѓе се добри во тоа, додека други едноставно не сè“, вели д-р Жерард Бликл.

    rnИстражувачите од Универзитетот Бон во Германија им покажале на група испитаници серија од гласовни снимки и фотографии и побарале од нив да ги идентификуваат емоциите кои биле изразени на нив. Во просек, испитаниците успевале да ја идентификуваат соодветната емоција во 77% од случаите. Оние кои постигнале над 80% биле сметани за „добри“, а оние кои постигнале над 90% биле сметани за „навистина добри“ во читањето емоции кај другите луѓе.rnrnОткако задачата за препознавање на емоциите била завршена, истражувачите побарале од супервизорите и соработниците на испитаниците да дадат проценка за нивната перформанса на работа. Тие откриле дека оние кои постигнале повисок скор на задачата се сметаат за личности со повисоки социјални и политички способности од оние кои добиле пониски резултати. Но, она што е најневеројатно е дека нивната заработка била значително повисока од останатите.rnrnКолку навистина се точни овие резултати? Д-р Бликл вели:rn
    rn

    „Бидејќи бевме во можност да ги исклучиме сите алтернативни објаснувања за овие резултати (на пример, полот, годините, тренингот, позицијата), овие податоци имаат цврста основа. Дури и по контролата на сите варијабли, ефектите од способноста за препознавање на емоциите има големо влијание врз заработката.“

    rnВсушност ако добро размислите, ова откритие има логика. Оние кои можат да ги читаат другите луѓе секогаш знаат да им го кажат вистинското нешто. Оваа способност прави тие да бидат повеќе ценети и поради тоа има поголеми шанси да добијат побрзо унапредување или зголемување на платата. Токму затоа кога сте на работа, не се фокусирајте само на вашите работни задачи туку обрнете внимание и на вашите соработници. Ќе ви се исплати.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 15 знаци кои покажуваат дека сте емоционално интелигентни

    15 знаци кои покажуваат дека сте емоционално интелигентни

     rn

    „Ако внимателно се погледнете самите, во себе ќе ги видите и сите останати.“

    rnЕмоционално интелигентните личности не дозволуваат чувствата да надвладеат со нив туку тие управуваат со сопствените емоции. Ова се 15 карактеристики на емоционално интелигентните луѓе кои ќе ви помогнат да откриете колкава е вашата емоционална интелигенција.rnrn15 знаци кои покажуваат дека сте емоционално интелигентниrn

    1. Внимателно го набљудуваат однесувањето на луѓето

    rnЕмоционално интелигентните луѓе се просто фасцинирани од туѓото однесување. Тие обрнуваат внимание на јазикот на телото, дијалектот, начинот на говор како и навиките и верувањата според кои другите функционираат во животот. Со други зборови тие ги набљудуваат луѓето откривајќи по што секоја индивидуа е препознатлива и што ја прави посебна.rn

    2. Не даваат наредби туку поставуваат пример

    rnТаквите личности не зборуваат напразно туку своите зборови умеат да ги поткрепат со дела. Нема да дозволат да ја следат колоната давајќи наредби туку ќе одат напред поставувајќи пример за другите.rn

    3. Си ги знаат слабите како и силните страни

    rnЕмоционално интелигентните луѓе се свесни и за своите предности но и за своите недостатоци. Сепак со своето однесување ќе ги истакнат предностите и ќе ги маскираат мааните.rn

    4. Се помириле со минатото

    rnЗнаат дека промените и успесите се случуваат во сегашноста и баш затоа живеат токму во неа, оставајќи го минатото зад себе. Она што поминало не може да се промени, но може да се влијае на она што допрва доаѓа.rnrn15 знаци кои покажуваат дека сте емоционално интелигентниrn

    5. Не се преоптоваруваат со иднината

    rnЖивотот е авантура, а не строго подготвено сценарио. Оние со емоционална интелигенција знаат дека не треба да се преоптоваруваат со иднината, особено со оние работи кои се надвор од нивната контрола и не зависат од нив.rn

    6. Активно се вклучени во својот живот

    rnТие не преживуваат и не чекаат подобри времиња, напротив тие живеат во сегашниот момент. Што е она што можете да го направите сега? Што можете да промените, како можете да се унапредите и да се издигнете на повисоко ниво? Денот секако дека ќе мине, но работата е да го обележите како ден во кој сте создале нешто.rn

    7. Тие се искусни слушатели

    rnЗнаат да ве ислушаат и прават разлика меѓу слушање и вистинско разбирање на зборовите. Во нивно друштво луѓето чувствуваат дека е безбедно да зборуваат и дека не зборуваат напразно.rnrn15 знаци кои покажуваат дека сте емоционално интелигентниrn

    8. Свесни се од што резултираат нивните мисли и постапки

    rnЕмоционално интелигентните луѓе се како детективи кои умешно ја пребаруваат околината, бараат знаци и траги и знаат кој е коренот на нивниот проблем. Знаат зошто се вознемирени и зошто се чувствуваат така како што се чувствуваат, но најважно од сè знаат што да преземат за да ја подобрат ситуацијата.rn

    9. Имаат одлични комуникациски способности

    rnТие без проблем разговараат со непознати и умешно дискутираат со оние кои се различни од нив. Не осудуваат предвреме и им даваат шанса на луѓето без разлика на нивниот пол, раса или политичка определеност.rn

    10. Се водат според правилата на етиката

    rnИмаат свои принципи и етички се однесуваат на работното место, во односи со други личности како и во љубовните врски. Секако ќе постојат личности кои нема да им се допаднат, но секогаш ќе бидат водени од нивниот морален компас.rn

    11. Желни се да пружат помош

    rnУмеат да сочувствуваат и да се стават во нечија позиција. Тие чувствуваат потреба да им помогнат на луѓето и да им излезат во пресрет онолку колку што можат.rnrn15 знаци кои покажуваат дека сте емоционално интелигентниrn

    12. Умеат да ги читаат луѓето

    rnСвесни се дека секогаш има многу повеќе од самиот збор. Начинот на кој луѓето зборуваат, тонот, движењата, погледите и гестикулациите испраќаат безброј пораки. Емоционалната интелигенција подразбира декодирање на многу скриени знаци.rn

    13. Цврсто се посветуваат на зацртаната цел

    rnНе си изгубил сè додека не се откажеш. Тие се свесни дека ќе доживеат по некој пад или негативна критика, но секогаш решително ќе се исправат повторно тргајќи кон зацртаната цел.rn

    14. Самите себе се мотивираат

    rnСекогаш тргнуваат од себеси и нивните цели и интереси. Функционираат на принципот на себемотивација бидејќи знаат што им треба и што е најдобро за нив.rn

    15. Умеат да речат „не“

    rnЗнаат дека во животот мора да поставиш граници и принципи и тогаш кога навистина не им оди во прилог способни се да одбијат понуда или барање.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Емоционална интелигенција – клуч за успешен живот

    Емоционална интелигенција – клуч за успешен живот

    Емоционална интелигенција е способност да ги контролирате и употребувате вашите емоции во конструктивни и продуктивни цели. Таа е основа за да бидете одличен лидер и да градите успешни врски со луѓето околу вас. Емоционалната интелигенција е вашата способност ефикасно да комуницирате, потпирајќи се на сопствената интуиција, притоа инспирирајќи ги другите на начин што нема да „излегувате од колосек“ кога ќе се вознемирите во текот на некоја напната ситуација, туку ќе реагирате пристојно. Емоционална интелигенција - клуч за успешен животЗа да имате некаква корист од вашата емоционална интелигенција, мора да бидете самосвесни. Во општество фокусирано на политиката, големината на месечните приходи, бројот на продадени производи во вашата фирма или зголемување на цената на основните прехранбени продукти, самосвеста не е главен приоритет во животот на луѓето, што е погрешно. Подобро е да ви стане приоритет број 1, пред да почне да ве чини пари или да им наштети на врските кои секојдневно ги градите со другите.Емоционална интелигенција - клуч за успешен животЗошто е толку важно да поседувате емоционална интелигенција? Едноставно кажано – бидејќи ја потхранува вашата самодоверба. Сигурноста во себе ја зголемува вашата самосвест да живеете живот кој има значење и да сте способни да постигнувате цели, кои ќе му дадат уште поголема вредност. Па, доколку сметате дека вашите реакции во одредени ситуации се очигледно неефикасни и не ве исполнуваат, тогаш обидете се да ја подобрите вашата емоционална интелигенција, на ист начин како што ги градите другите ваши вештини, преку учење и вежбање.rn.rn

    Како да ја подобрите вашата емоционална интелигенција?

    rn

      rn011

    • Прво, идентификувајте ја вашата емоција во моментот додека ја чувствувате или кратко после тоа и именувајте ја (пр. гнев, фрустрација, задоволство, страв, тага, осаменост, љубов, конфузија итн.)
    • rn

    rn

      rn011

    • Потоа размислете кој фактор ја предизвикал таквата емоција. Можеби некој спомен од минатото, конфликтот кој го имавте со вашиот колега, страв дека лошо сте изгледале во некоја ситуација и др.
    • rn

    rn

      rn011

    • Откако ќе ја идентификувате вашата емоција и нејзината заднина, прифатете ја како дел од вашиот емоционален раст и развој. Дали сметате дека другите ве доживуваат како избувлива, егоцентрична, нечувствителна личност…?
    • rn

    rn

      rn011

    • Именуваната емоција и тоа што ја предизвикало споделете ја со некоја личност. Признавањето на емоцијата која ја носите во вас, може да вклучува и извинување, објаснување, давање комплимент и слично, на луѓето кои сметате дека се некако засегнати од истата.
    • rn

    rn

    .rnКако емоционалната интелигенција може да ја подобри тимската работа?

    rnДоколку сте способни да ги идентификувате и контролирате вашите емоции со помош на практично вежбање, тогаш ќе бидете подготвени и да ги искористите тие вештини во вашиот тим, кога има некаков проблем или кога е неопходна промена во работењето. Оние луѓе кои секојдневно работат на исти задачи со нивните колеги, мораат да изградат „мостови на толеранција“, за разумно да се справат со различните гледишта на секоја индивидуа. Емоционална интелигенција - клуч за успешен животСочувственоста не значи и согласување со нешто, туку значи дека сте обѕирни за чувствата на другите луѓе, а тоа е основно нешто за постоење ефикасност во тимската работа. Доколку со ништо не се согласувате, ќе запаѓате во ситуации во кои вие и вашиот соговорник постојано ќе носите „заштитен штит“, бранејќи го вашиот став и начин на размислување. Доколку ниту еден не попушти, муабетот ќе прерасне во неконструктивна дискусија и негативизам, кој ќе се прошири како зараза низ останатите луѓе во тимот. Еве во кој правец треба да ги насочувате вашите мисли:rn

      rn011

    • Запрашајте се себеси во кој дел од преговорите морате да бидете попустливи, со цел вашиот тим ефикасно да работи.
    • rn

    rn

      rn011

    • Бидете љубопитни и сочувствени во однос на гледиштата на вашите колеги кон одредени работи. Поставувајте прашања.
    • rn

    rn

      rn011

    • Употребете ги претходните чекори од погоре, за да ги сфатите чувствата и однесувањето на другите луѓе. Гласно кажете што сте сфатиле дека е нивниот начин на гледање на работите. Почесто употребувајте реченици кои започнуваат со „јас“, наместо со „ти“.
    • rn

    rn

      rn011

    • Дадете сугестија за тоа како конфликтот кој го имате може да биде решен со помош на поголема сочувственост од страна на сите инволвирани индивидуи.
    • rn

    rnЕмоционална интелигенција - клуч за успешен животПример за користење на вашата емоционална интелигенција на работното местоrnrnПретстојниот состанок за договарање на буџетот, очекувате да помине лошо, бидејќи се чувствувате непочитувано од страна на вашите колеги. Ослободете си го умот од таа контрапродуктивна претпоставка и имајте отворен пристап со вашите колеги. На состанокот бидете љубопитни и прашајте ги присутните дали имаат предлози за тоа како вие можете да придонесете кон остварување на нивните цели. Потенцирајте дека сфаќате дека сите се плашат од тоа буџетот да не биде одобрен. Потоа презентирајте им го вашиот план, притоа додавајќи на него дел од сугестиите на вашите колеги. Потоа, заблагодарете им се за соработката. Можеби не се согласувате со нивното мислење, но тие со сигурност ќе го ценат начинот на кој сте се справиле со себе во таа ситуација.rnrnДа се има емоционална интелигенција значи да бидете способни да ги „прочитате“ и разберете чувствата на другите луѓе, како и да дознаете што е она што ги мотивира. Разбирањето на вашите и туѓите емоции е основен и неопходен чекор на патот кон реализирање на вашите амбиции и цели, во бизнис светот и во вашите лични односи со другите луѓе.rnrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук