КАФЕ ПАУЗА

Tag: емоционална интелигенција

  • Како да ја развиете емоционалната интелигенција преку секојдневни навики?

    Како да ја развиете емоционалната интелигенција преку секојдневни навики?

    Најверојатно едно од првите прашања кое ќе ви падне на ум зошто е неопходна емоционалната интелигенција кога станува за нормален психофизизчки развој кај поединецот. Таа е особено важна затоа што секој од нас сака да воспостави контрола врз сопствениот живот, а тоа е возможно доколку научи како да ги контролира мислите, однесувањата и чувствата.rnrnКако да ја развиете емоционалната интелигенција преку секојдневни навики?rnrnНајважни од сите овие три се чувствата бидејќи токму тие ги поттикнуваат вашите мисли и однесувања. Всушност, околу 80% од вашите одлуки и постапки се јавуваат како резултат на вашите емоции. Сепак, важно е да се знае дека чувствата се најтешки за контролирање бидејќи најмалку можете да влијаете врз нив. Затоа е значајна емоционалната интелигенција која претставува способност преку која ќе бидете свесни, но и ќе управувате со вашите емоции.rn

    1. Воздржете се од моментално прикажување на емоциите

    rnДали некогаш сте реагирале избрзано за време на напната ситуација за веднаш потоа да се покаете? Дали жалите за нешто што сте кажале без да размислите за последиците? Постои начин како да се справите со овие импулсивни реакции, без разлика дали ви се случуваат постојано или одвреме-навреме. Доволно е да го направите нашиот едноставен трик: следниот пат пред да направите некаква избрзана постапка, доволно е да изброите до 10 за да му дозволите на умот да ја процесира одлуката. На овој начин ќе покажете дека сте во состојба совршено да ги контролирате своите емоции.rn

    2. Водете дневник

    rnЗапишувањето на мислите и чувствата може да придонесе за развој на емоционалната интелигенција. Преку дневникот можете исто така да ја промовирате креативноста и самосвесноста. Нека тоа ви премине во секојдневна навика, без разлика дали ќе ѝ се посветите наутро или навечер. Процесот на пишување сам по себе ќе ве поттикне да размислувате како се чувствувате во тој даден момент, како сте се чувствувале во текот на денот и како воопшто се справувате со вашите емоции.rn

    3. Препознајте ги когнитивните предрасуди

    rnЧестопати, вашите емоции можат да ве одведат во погрешна насока како резултат на когнитивните предрасуди. Станува збор за опасни грешки при проценувањето на дадена ситуација што можат да ве натераат да донесете лоши одлуки како во професионалниот така и во личниот живот. Обидете се да ги надминете ваквите предрасуди така што ќе им пристапите од сосема поинаков агол.rn

    4. Размислете за вашиот однос кон другите

    rnЗа полесно управување со вашата емоционална состојба, анализирајте ги секојдневно вашите емоции при комуникацијата со другите. Направете пауза и размислете што можете да научите за себе за време на овие интеракции. Секако, не заборавајте дека е важно да се воздржите од моменталното покажување емоции, особено додека не научите добро да се контролирате.rn

    5. Развијте ја способноста за активно слушање

    rnМногумина слушаат без всушност да слушаат за она што се зборува. Таквата ситуација е сосема вообичаена, особено за време на расправии, кога луѓето заземаат борбен став и го поминуваат времето барајќи одговор во својот ум, наместо навистина да го слушаат соговорникот. Вештината за слушање и емоционалната интелигенција се клучни за решавање конфликти. Кога разговарате со другите, слушајте активно за да се осигурите дека добро го разбирате она за што се дискутира.rnrnОткако ги прочитавте нашите совети за развој на емоционалната интелигенција, можеби ќе сакате да направите и едноставен тест што ќе ви открие колку е висока вашата емоционална интелигенција.rnrnИзвор: lifehack.org

  • Доколку ги правите овие 10 нешта, вие имате големо срце и висока емоционална интелигенција

    Доколку ги правите овие 10 нешта, вие имате големо срце и висока емоционална интелигенција

    Да се има големо срце може да биде подарок, но и проклетство. Вие сте љубезни со оние околу вас, особено со вашето семејство и пријателите. Позитивно размислувате и навистина уживате во животот. Но, има луѓе кои можат да го искористат вашето добро срце за свои злодела. За среќа, вашиот поглед кон животот и високата емоционална интелигенција го спречува тоа.rnrnДоколку ги правите овие 10 нешта, вие имате големо срце и висока емоционална интелигенцијаrnrnСпоред Psychology Today, луѓето со висока емоционална интелигенција се свесни за своите емоции и знаат да управуваат со нив. Контролата над емоциите е клучна за успешни и здрави релации со другите.rnrnЗа жал, не е секој емоционално интелигентен. Во продолжение прочитајте ги знаците кои покажуваат дека имате високо развиена емоционална интелигенција и големо срце.rn

    1. Не се плашите да ги искажете своите емоции

    rnКога чувствувате нешто во вашето срце, никогаш не го прикривате. Вие си дозволувате да се опуштите да му ја покажете на светот војната што се случува во вашата глава, раните на душата кои полека заздравуваат и болката во која се губите по неуспешната врска.rnrnЛуѓето ве предупредуваат дека сте премногу отворени, но сепак им дозволувате на сите да ги прочитаат зборовите кои произлегуваат од вас. Вие им овозможувате на луѓето да ве запознаат, да ги разберат вашите емоции и да се поврзат со вас на подлабоко ниво.rn

    2. Имате кревко срце

    rnВашето срце не е подготвено да биде освоено од секого. Вие тоа им го дозволувате само на луѓето кои ги сакате и малкуте пријатели во кои верувате. Никогаш не се двоумите да го ставите срцето во нивните дланки, бидејќи сте уверени дека е на безбедно место.rnrnНо, кога некој случајно ќе го испушти, целиот твој свет исчезнува. Повредени сте и тешко ви е да заздравите и продолжите понатаму. Тешко ви е да ги вратите скршените парчиња од срцето во целина.rn

    3. Вие го цените искуството повеќе од материјалните нешта

    rnПовеќе сте возбудени од можноста да искусите нови нешта отколку да стекнете нови материјални нешта. Знаете дека најдобрите чувства потекнуваат од добрите спомени, а не од од вашиот имот.rnrnЗа вас, вредноста не е дефинирана со тоа колку пари има некој во џебот, туку колку искуство има во неговото срце. И секогаш ќе бидете некој кој избира да го исполни срцето на другиот со радост.rn

    4. Вие се вљубувате во карактерот на личноста

    rnВие сте еден од оние луѓе кои веруваат дека физичките убавини исчезнуваат, но внатрешната убавина живее вечно. Вие не сте импресионирани од нечиј убав изглед.rnrnОна што прави забрзување на работата на вашето срце е кога некој на нежен начин постапува со луѓето, кога зборовите кои ги кажува се искрени и личноста е посветена на своите страсти во животот.rn

    5. Вие сте љубезни

    rnПомагањето на другите луѓе ви дава чувство на исполнетост. Секогаш се обидувате да му го разубавите денот некому со вашата најслатка, најголема насмевка. Вие одвојувате време да се дружите со луѓето кои се чувствуваат осамено.rnrnВие им пренесувате на луѓето позитивна енергија и самодоверба кога ќе забележите дека минуваат низ тежок период. Сакате да им помогнете да се чувствуваат подобро затоа што знаете како е да ги надминувате проблемите во животот без поддршка од никого.rn

    6. Се грижите за светот

    rnПосакувате да бидете доволно моќни да направите промена. Посакувате да имате влијание да ги замолите луѓето да им помогнат на оние кои се во темнина во моментов. Посакувате да направите нешто затоа што ви е тешко да спиете мирно во текот на ноќта, знаејќи дека некои луѓе на оваа планета немаат удобни кревети за да ги одморат нивните уморни души.rn

    7. Ја сакате уметноста

    rnВашето срце се стоплува секогаш кога наидувате на нешто што е креативно направено. Вие сте инспирирани и полни со енергија од уметниците кои имаат незапирлива страст за она што го прават. Имате чувство на припадност кога сте со нив затоа кај вас постои нешто што тие лесно можат да разберат и да се поврзат.rn

    8. Сакате да се приврзувате кон места

    rnМоже да се заљубите во одредено место веднаш штом вашата нога стапне на него. Вие веќе ја чувствувате магијата во моментот кога го вдишувате воздухот што ве опкружува, веќе се чувствувате како дома дури и кога сè уште не сте распакувани.rnrnПрисуството во поинаква средина ве возбудува и ви помага да обновите сè што сте научиле во животот досега.rn

    9. Вие сте емотивно осетливи

    rnПонекогаш луѓето не сфаќаат како врз вас влијаат нивните зборови и постапки. Понекогаш забораваат дека вам ви е тешко да ги избришете сите спомени кои сте ги создавале заедно со нив.rnrnТолку многу вложувате во врските со луѓето, така што кога ќе ве остават навистина ви е тешко да започнете самостојно сè од почеток. Тешко ви е да продолжите да живеете знаејќи дека тие не се повеќе дел од вашиот свет.rn

    10. Ги забележувате најмалите детали

    rnПронаоѓате среќа во чувствата кои ви ги предизвикуваат доцните попладневни сончеви зраци на вашата кожа, кога ги гледате децата кои посегнуваат по раката на нивните родители, кога слушате како некој упатува нежни зборови кон својата вистинска љубов.rnrnЗабележувате ситни важни нешта што другите луѓе не успеваат да ги видат, тоа е така бидејќи вие сте тип на човек кој сака да направи пауза и да одвои време да вреднува сè околу себе. Светот не успева да ве изненади секогаш.rnrnМожеби сакате да прочитате и дека вашите негативни емоции не се проблем што треба да го решите.

  • 6 начини на кои зрелите жени се справуваат со токсичните луѓе

    6 начини на кои зрелите жени се справуваат со токсичните луѓе

    За да станете успешни, потребна ви е емоционална интелигенција, a eмоционалната интелигенција ви нуди долгорочна стабилност. Сепак, многу често среќавате тешки и токсични личности кои се спротивставуваат на логиката и ја предизвикуваат вашата животна сила. Таквите луѓе ви предизвикуваат стрес и негативно расположение, а еве како емоционално интелигентните жени се справуваат со нив.rnrn6 начини на кои зрелите жени се справуваат со токсичните луѓеrn

    1. Воспоставуваат граници

    rnВие не можете да им угодувате на сите или да ги исполните сите очекувања.rnrnОткако ќе го разберете и ќе го прифатите ова, ќе се ослободите од еден куп грижи, од несигурноста, од желбата за докажување и од грижата на совестa.rnrnЕмоционално интелигентните жени се издигнуваат над хаотичните ситуации и одржуваат дистанца со тешките луѓе.rn

    2. Се фокусираат на решенијата

    rnНаместо да се фокусираат на проблемите предизвикани од токсичните луѓе, тие се фокусираат на активностите што можат да ги подобрат околностите.rn

    3. Тие не забораваат

    rnНекои велат дека искуствата се најдобрите учители, а емоционално интелигентните жени го знаат тоа.rnrnТие знаат дека претходниот проблем со тешка личност обично раѓа нов проблем.rnrnДури и кога треба да ѝ дадат втора шанса на таквата личност, тие ќе се обидат да се заштитат себеси вооружени со знаењето што го стекнале од претходното искуство.rn

    4. Го прекинуваат негативниот разговор

    rnТешките луѓе се полни со негативност и со критики. Интелигентните жени одбиваат да го слушаат тоа и избегнуваат да се мешаат во разговори што создаваат напнатост и што стимулираат негативни емоции.rnrnТаквите разговори буквално ја трошат вашата енергија, ве вознемируваат и вие нема да ја постигнете вашата цел. Никогаш веќе не паѓајте во таа стапица!rn

    5. Тие се фокусирани на својата среќа

    rnЗрелите жени се среќни и сакаат да останат такви во она што го прават.rnrnТие ги извлекуваат задоволството и среќата однатре, а не од надворешни извори (како што се мислењата на другите луѓе).rn

    6. Се дружат со истомисленици за да имаат поддршка

    rnСоочувањето со тешки луѓе кога сте сами можеби не е најдоброто решение.rnrnЕмоционално интелигентните жени имаат поддршка од луѓето што ги почитуваат и што секогаш се тука за нив.rnrnПрочитајте кои 5 знаци покажуваат дека всушност вие сте токсичниот пријател.

  • Развијте ги овие 10 карактеристики за да станете личност што сите ќе ја сакаат

    Развијте ги овие 10 карактеристики за да станете личност што сите ќе ја сакаат

    Повеќето луѓе мислат дека личностите што сите ги сакаат се родени под среќна ѕвезда и дека се симпатични на прв поглед благодарение на својата природа. Но, тоа не е точно. Овие личности имаат некои особини што другите ги немаат, од кои едниот дел се развиени за време на воспитувањето во детството, а другиот дел е изграден самостојно стремејќи се да бидат најдобрата верзија од себе.rnrnРазвијте ги овие 10 карактеристики за да станете личност што сите ќе ја сакаатrnrnКвалитетите како што се пристапноста, позитивноста и умереноста се одлики на луѓето кои имаат висока емоционална интелигенција, но вие исто така можете да станете омилени во друштвото ако поработите на себе. Ако ги развиете овие карактеристики, ќе бидете во групата луѓе што сите ги сакаат и ќе ја подобрите вашата емоционална интелигенција.rn

    1. Бидете искрени

    rnИскреноста е најважната особина што ви е потребна за луѓето да имаат добро мислење за вас. Никој не сака лажговци. Луѓето се потпираат на искрени личности затоа што знаат дека може да им веруваат. Тешко е да верувате некому ако не знаете кога ја кажува вистината, а кога не. Искрените луѓе знаат кои се, имаат самодоверба да се чувствуваат добро во својата кожа и да ги искажат своите мислења.rn

    2. Поставувајте промислени прашања

    rnНајголемата грешка што ја прават луѓето кога слушаат некого додека зборува е тоа што тие се фокусираат на она што ќе го кажат потоа или како ќе влијае на нив тоа што го кажува личноста, така што често не го слушаат вистинското значење на она што е кажано. Тоа може лесно да го избегнете со поставување прашања. Луѓето сакаат да знаат дека некој ги слуша, така што прашањата што ги поставувате се знак дека ве интересира нивната приказна. Ќе бидете изненадени колку ќе го ценат тоа што знаете да слушате.rn

    3. Не осудувајте

    rnОслободете се од предрасудите ако сакате луѓето да ве сакаат. Така ќе бидете попристапни и поинтересни. Никој не сака да разговара со личност која веќе има негативно мислење за некого врз основа на предрасудите што не сака да ги промени.rn

    4. Не барајте внимание

    rnПовеќето луѓе не сакаат да бидат во друштво на личности кои очајно сакаат да бидат во центарот на вниманието. Вие не треба да бидете екстроверт за да им се допаднете на луѓето, доволно е да бидете пријателски настроени и внимателни. Ако сте дружељубиви, самоуверени и концизни, ќе забележите колку повеќе ве почитуваат луѓето отколку ако сте самобендисани. Ако некој ве пофали за нешто, насочете го вниманието кон сите оние што ви помогнале да постигнете успех затоа што луѓето сакаат да знаат дека и нивниот труд е значаен.rn

    5. Бидете доследни

    rnКога луѓето разговараат со некого, тие сакаат да знаат со кого имаат работа и каков одговор може да очекуваат. За да бидете доследни, треба да им покажете на луѓето дека дури и кога го менувате расположението, не го менувате своето однесување кон другите.rn

    6. Користете позитивен говор на телото

    rnБидете свесни за вашите гестови, за изразите на лицето и за висината на тонот додека разговарате. Ако сте ентузијасти, ако не ги прекрстувате рацете, ако одржувате контакт со очите и ако сте свртени кон личноста со којашто разговарате, ќе бидете посакуван соговорник. Имајте на ум дека поважно е како ќе кажете нешто отколку што ќе кажете.rn

    7. Оставете добар прв впечаток

    rnЗа ова може да ви помогне позитивниот говор на телото. Истражувањата покажуваат дека луѓето одлучуваат дали ќе им се допаднете или не уште во првите седум секунди од запознавањето. Потоа, остатокот од разговорот се одвива во сенка на првиот впечаток. Поради тоа, треба да бидете сигурни дека имате цврст став, дека се ракувате цврсто и дека стоите исправено пред соговорникот.rn

    8. Обраќање на луѓето со нивното име

    rnИмето е еден од основните делови на нашиот идентитет и луѓето сакаат кога им се обраќате со нивното име. Оние што им се допаѓаат на повеќето луѓе, го знаат сечие име и го користат секогаш кога ќе се сретнат со таа личност. Истражувањата покажуваат дека луѓето се чувствуваат почитувано ако оној со кого разговараат го користи нивното име за време на разговорот.rn

    9. Смејте се

    rnАко се смеете додека разговарате со луѓето, тие ќе ви вратат во иста мера и по разговорот ќе чувствувате дека сте оставиле пријатен впечаток.rn

    10. Одржувајте рамнотежа помеѓу страста и забавата

    rnЛуѓето се наклонети кон страсни личности, но тие може да бидат сфатени и како премногу сериозни. Поради тоа е важно да одржувате рамнотежа помеѓу вашата страст и можноста да се опуштите и да се забавувате. На работа бидете сериозни, но пријателски настроени. Луѓето кои се популарни во друштвото избегнуваат озборувања и се концентрираат на важни разговори со своите колеги.rnrnПрочитајте кои навики ќе ви помогнат да имате подобра самодисциплина.

  • Откријте дали сте емоционално поинтелигентни од другите преку овие шест прашања

    Откријте дали сте емоционално поинтелигентни од другите преку овие шест прашања

    Светскиот економски форум неодамна открил дека емоционалната интелигенција е една од најпосакуваните особини за личен и професионален развој. Големите светски компании обрнуваат сѐ поголемо внимание на емоционалната интелигенција на луѓето кои ги вработуваат бидејќи сметаат дека тоа влијае врз успешниот развој на нивните компании. Се смета дека луѓето со поголема емоционална интелигенција подобро работат со другите, склони се кон иновациите и се отворени за нови идеи.rnrnОткријте дали сте емоционално поинтелигентни од другите преку овие шест прашањаrnrnЛуѓето со висока емоционална интелигенција се способни да се контролираат себеси и знаат како да останат мирни и позитивни во тешки ситуации. Ви нудиме шест прашања со кои може да откриете дали сте поинтелигентни од другите кога станува збор за емоциите. Одговорете со да или не.rnrn1. Дали сте често свесни за своите чувства и зошто така се чувствувате?rnrn2. Дали сте свесни на своите лични силни страни, но и за ограничувањата?rnrn3. Дали сте способни добро да управувате со своите лоши емоции и дали можете брзо да се смирите доколку почувствувате такви емоции?rnrn4. Дали имате способност да разбирате и сочувствувате со другите?rnrn5. Дали избирате секој ден да живеете позитивно?rnrn6. Дали сте задоволни со себе, со тоа што сте?rnrnЕдноставно е, колку повеќе позитивни одговори имате, толку сте емоционално поинтелигентни. Доколку на сите прашања одговоривте со „да“ тогаш имате неверојатно високо ниво на емоционална интелигенција. На тоа треба да бидете горди бидејќи ве красат многу особини. Ова се некои од тие особини.rn

    Самосвест и управување со чувствата

    rnЕмоционално интелигентните луѓе ги препознаваат своите емоции и се свесни како со тоа влијаат на околината. Добро ги контролираат своите чувства, и склони се на анализирање на причините и последиците на случувањата.rn

    Способност за донесување добри одлуки

    rnЗнаат добро да ги анализираат сопствените постапки, па дури и ги предвидуваат последиците од работите кои не се случиле. Затоа се добар материјал за лидерски позиции во компании.rn

    Борба со стресот

    rnЗнаат како да се опуштат, бидејќи се свесни колку е тоа важно за квалитетен живот. Низ годините сфатиле како стресот влијае врз нив, и не сакаат тој да има контрола врз нивниот секојдневен живот.rn

    Сочувствување

    rnМногу добро знаат како се чувствуваат другите и зошто е тоа така. Го вреднуваат туѓото мислење и не мислат дека тие се секогаш во право или дека се најпаметни на светот.rn

    Самооткривање

    rnДобро знаат дека е потребно да се биде отворен кон другите, без предрасуди. Точно знаат кога и како треба да се зборува за чувствата и добро го проценуваат туѓото однесување.rn

    Прифаќање и преземање одговорност

    rnСвесни се за своите недостатоци, но и за своите вештини. Свесни се за својот успех и за што се способни, и од друга страна често признаваат дека грешат и преземаат одговорност.rn

    Самодоверба

    rnЗрачат со самодоверба, не се грижат што другите зборуваат за нив, иако секогаш ги слушаат критиките. Знаат да се извинат кога е потребно, и не се воопшто пасивни.rn

    Знаат кога да водат, а кога да следат

    rnТие константно ги набљудуваат другите луѓе и нивните потези. Ако заклучат дека нивното водење ќе биде корисно, тоа ќе го направат. Но, ако видат дека е некој подобар во нешто, без проблем ќе го следат.rn

    Добра комуникација

    rnСо разбирање разговараат за чувствата и со загриженост ги слушаат другите луѓе. Но ако заклучат дека соговорникот има лоши намери, тогаш се тргаат од него. Таквите ситуации ги сметаат за губење време и позитивна енергија.rn

    Подготвени се за компромис

    rnИ во приватниот и во професионалниот живот. Тоа е бидејќи се свесни за другите луѓе -нивните чувства, таленти, потреби итн.rnrnСледно, прочитајте што е најважното нешто за градење цврста емоционална интелигенција?

  • 5 практични начини за зголемување на емоционалната интелигенција

    5 практични начини за зголемување на емоционалната интелигенција

    Емоционалната интелигенција е популарен термин често употребуван во разговорите за успешна комуникација и одржување на долготрајни и здрави социјални односи. Развивањето на ваквата интелигенција е важно доколку сакате да имате успешна социјализација, подобро да ги разбирате другите и себеси, како и да бидете полни со емпатија. Таа претставува способност да се биде свесен за своите емоции како и нивно регулирање, а присутната емпатичност значи дека сте свесни за емоциите и реакциите на луѓето околу вас. За среќа постојат неколку практични начини со кои можете да го подигнете нивото на емоционалната интелигенција уште денес. Со тоа ќе станете уште посвесни и ќе ги подобрите односите со другите. Прочитајте ги во продолжение советите што ги даваат психолозите за прагматичното зголемување на овој вид интелигенција.rnrnrn

    1. Кога ќе се почувствувате лошо не го занемарувајте тоа

    rnПонекогаш се случуваат неубави работи како што се раскинување на врска или напорен состанок на работа, па кога ќе појдете дома и сте преплавени со чувства се обидувате да си го одвлечете вниманието со нешто друго. Не ги замрзнувајте емоциите бидејќи на тој начин ја исцрпувате емоционалната интелигенција. Постојат многубројни начини за да ги занемарат емоциите. Посегнувањето по лекови или алкохол, гледањето телевизија, социјалните медиуми и храната за да ги заобиколите сопствените емоции може да биде навика од која тешко се одвикнува. Кога ќе добиете импулсивен порив да посегнете по некој од овие механизми за ослободување на стрес, прашајте се себеси зошто сакате да избегате од емоциите што се во вас. Откако еднаш ќе ја сфатите причината, признајте ја и после тоа донесете одлука како ќе се чувствувате.rn

    2. Водете дневник

    rnСекојдневното пишување записи е еден вид форма на проникнување во себеси и одлична алатка за да ја стимулирате сопствената свесност, но индиректно и емоционалната интелигенција. Предлог теми на кои може да пишувате:rn

      rn 011

    • Кои лекции ги научив?
    • rn 011

    • Кој беше мојот денешен предизвик?
    • rn 011

    • Колку растев денес?
    • rn 011

    • Што научив за себе денес?
    • rn 011

    • Што научив за другите денес?
    • rn

    rn

    3. Правете емоционални проверки

    rnПериодично проверете го вашето емоционално доживување. Наместете го алармот во текот на денот и проверете ги своите емоции. Прашајте се: „Што чувствувам?“ Станете љубопитни за вашите чувства и прашајте се: „Која е причината за овие чувства?“ Развивајте ја љубопитноста за вашите емоционални доживувања и почнете да правите разлика помеѓу вашите мисли и емоции.rn

    4. Практикувајте уважување на туѓите емоции

    rnНаучете да ги уважувате емоциите на другите луѓе бидејќи тоа значи дека сте способни да идентификувате што чувствува личноста и зошто тоа чувство има смисла врз основа на тоа низ што поминува индивидуата чиишто чувства се обидувате да ги разберете.rnrnКога комуницираме и уважуваме тогаш навистина ги разбираме емоционалните доживувања на другите. Не мора секогаш да се согласувате со нечија емоција за да сфатите зошто таа се појавила. Постои разлика помеѓу „Разбирам како се чувствуваш“, „И јас се чувствував исто кога бев отпуштен“ и „Можам да претпоставам колку си се чувствувал збунет затоа што твојот шеф никогаш не те предупреди за однесувањето“.rn

    5. За време на разговорот обидете се да го копирате однесување на соговорникот

    rnКога разговарате со некого повторете го тоа што сте го слушнале. Често мислите дека некого сте го слушнале, но не сте го разбрале. Со повторување со свои зборови на она што некој ќе ви го каже можете да му ставите до знаење дека слушате и сакате да разберете убаво. Колку повеќе вежбате за идентификување на туѓите емоции и правите проверки дали сте во право, толку подобри ќе бидете во тоа.rnrnОткако ќе ги практикувате овие 5 методи, можете да продолжите со работење на вашата емоционална интелигенција и да навлезете во нејзините длабочини со практикување на медитација или со посета на достапни тераписки сеанси. Кога еднаш ќе почнете да ја проширувате својата свесност, ќе забележите дека полесно ја идентификувате емоционалната интелигенција кај другите. Развивањето на овој вид интелигенција истовремено претставува убав, сложен, но и ранлив процес.rnrnПрочитајте ги и овие корисни совети за подобрување на емоционалната интелигенција.

  • Како функционираат емоционално интелигентните личности?

    Како функционираат емоционално интелигентните личности?

    Постојат некои работи кои интелигентните личности не ги прават, а тие во принцип се игнорирање и потиснување на емоциите. Но, постојат и работи кои прават, по кои можете да ги препознаете, како на пример, нивното однесување кон другите, а и кон самите себе.rnrnКако функционираат емоционално - интелигентните личности?rn

    Премногу се самосвесни

    rnОва не значи дека тие целосно се свесни за своите чувства и дека знаат како тие влијаат, не само на нив, туку и на другите луѓе. Тие не дозволуваат да влезат во ефект и никогаш не ги игнорираат своите чувства – не реагираат непромислено и безобѕирно, иако одлуките ги донесуваат со разумот, а не со срцето. Нивното срце и понатаму е мудро и дава одговори на ситуации без да навлезе во стапицата на гневот или драмата и патетиката.rn

    Ги вреднуваат чувствата на другите

    rnЕмоционално интелигентните личности се многу сочувствителни, но тоа не значи дека лесно се сожалуваат кон некој, туку тие разбираат како некој се чувствува и според тоа го прилагодуваат своето однесување. Освен тоа, кога некој забележува дека другата личност ја разбира и почитува, веднаш станува прибран и спремен за соработка.rn

    Тие управуваат со своите чувства

    rnБидејќи се свесни за своите чувства, тие можат да ги контролираат доколку се несоодветни во некоја ситуација или можат да им наштетат. Исто така, тие забележуваат кога некој се обидува да манипулира со нив или да им наметне чувство на вина и не дозволуваат никој да управува со нивните чувства.rn

    Не се чувствуваат како жртви

    rnБидејќи свесно ги контролираат своите чувства, тие никогаш не ги обвинуваат другите доколку се чувствуваат лошо, тие ги прифаќаат и се носат со одговорностите за своите чувства, акции и својот живот. Помеѓу емоционално интелигентните личности, нема да пронајдете личност која постојано се жали, која ги тормози своите пријатели со своите проблеми (секогаш истите) и кои се незадоволни со својот живот.rn

    Реални се и скромни

    rnНа овие личности не им претставува проблем да бидат скромни. Тие се самосвесни, се чувствуваат добро во своја кожа, ги познаваат своите вредности и маани и немаат никаква желба да се докажуваат, фалат или пак да триумфираат над некого – не запаѓаат во замката на егото, и нивната скромност е вистинска. Умеат да ги прифатат пофалбите кои ги заслужуваат и се радуваат на сопствениот успех, исто како што умеат да се радуваат на туѓиот успех и да даваат комплименти.rn

    Прават баланс меѓу својот внатрешен и надворешен свет

    rnТие знаат дека нивниот внатрешен свет и внатрешната реалност може да ги доведе до нездрава длабочина – ја знаат замката на сопствената реалност и затоа постојано одржуваат баланс помеѓу она што го чувствуваат и она што се случува околу нив. Тие се во состојба да останат реални и да препознаат кога стануваат нереални.rn

    Секогаш ги интересира причината

    rnНикој не се однесува лошо затоа што се чувствува добро – нив ги интересира причината, па затоа истражуваат, размислуваат и се обидуваат да се разберат себеси и другите. Бидејќи кога разбираат зошто се чувствуваат на некој начин во одреден момент, тогаш можат подобро да го контролираат своето однесување и да ги решат проблемите онаму каде што настанале.rn

    Се спротивставуваат само онаму каде што е потребно

    rnЕмоционално интелигентните луѓе ги бираат своите битки и не се впуштаат во конфликти без причина. Помеѓу нив нема личност која обожува да збесне и да се расправа. Но, кога се впуштаат во расправија, остануваат реални, разумни, коректни и чувствителни, за да не ја преминат границата и да не кажат или направат нешто што би ги деградирало или повредило другите.rn

    Умеат да одбијат

    rnУметноста на одбивањето е лекција која можеме да ја научиме од емоционално интелигентните личности. Ваквите личности умеат да одбијат предлог или понуда која не им одговара, на начин на којшто нема никој да навредат и да направат да се чувствува лошо.rnrnДознајте и дали имате висока емоционална интелигенција со одговарање на овие прашања.

  • Што е емоционалната интелигенција и зошто е важна?

    Што е емоционалната интелигенција и зошто е важна?

    Не е секогаш лесно да бидете на истата страница со вашиот партнер. Можеби не можете да најдете продуктивен начин на решавање на проблемите, или постојано заглавувате во истата мрежа конфликти.rnrnШто е емоционалната интелигенција и зошто е важна?rnrnФакт е дека имањето емоционална интелигенција може да направи голема разлика кога станува збор за здрава и среќна врска.rnrnЕмоционалната интелигенција можете да ја гледате како покомплексен начин на дефинирање на зрелоста, бидејќи е поврзана и со вашите и со емоциите на другите. Според психотерапевтот Џефри Рубин, емоционалната интелигенција е лична свесност.rn

    „Во допир сте со вашите чувства и можете да влијаете на вашиот партнер“, изјавил Џефри.

    rnНа пример, повеќето деца се озлогласени дека им недостасува емоционалниот развој што е потребен за целосно да ги разберат нивните чувства, и како реагирањето на тие чувства може да влијае на некој друг. Важно е да бидете свесни дека вашите чувства и постапки можат да имаат влијание на некој друг, бидејќи на тој начин ќе ги спречите непотребните конфликти во врската.rnrnСпоред Џефри, друг аспект на емоционалната интелигенција е да бидете способни да се справите со неизбежните конфликти на зрел начин. Ова е од особена важност бидејќи порано или подоцна, се појавуваат проблеми во секоја врска.rn

    „Искрено ги искажувате несогласувањата и емоционалната болка без да го напаѓате вашиот партнер. Ги цените неговите чувства и перспектива и заедно работите за да најдете решение што ќе ги почитува потребите и на двајцата.“

    rnСред расправата лесно е да обвинувате некој друг за вашите емоции. И иако е вистина дека некои од постапките на другата личност можеби влијаат на начинот на којшто се чувствувате, ако сте фокусирани само на вашите чувства голема е веројатноста дека не ја знаете вашата улога во конфликтот.rnrnПреземањето одговорност за вашите емоции исто така има улога во емоционалната интелигенција. Расправањето со некој без емоционална интелигенција може да биде навистина фрустрирачко. Често воопшто не се наоѓа решение на проблемот бидејќи целиот разговор се врти кон него и неговите потреби. Голема е веројатноста да бидете обвинети дека настанатиот проблем е ваша вина. Со ова целосно се запоставуваат емоциите на другата личност.rnrnЗа среќа, ако сметате дека вашата емоционална интелигенција не е доволно развиена, секогаш постои начин да се подобрите. Не заборавајте да кажувате „се чувствувам“ наместо „ти направи да се чувствувам“. Обидете се да бидете посвесни за тоа како им влијаете на другите со вашите реакции. Препознајте ги чувствата на другите наместо да размислувате само за вашите и веќе сте на добар пат да ја подобрите вашата емоционална интелигенција.rnrnИако може да биде тешко да бидеме искрени во врска со нештата што ни се потребни за развој, тоа може да направи огромна разлика во квалитетот на врските во нашите животи.rnrnПробајте го и овој тест што ќе ви покаже колкава е вашата емоционална интелигенција.

  • Ако потврдно одговорите на кое било од овие прашања, имате висока емоционална интелигенција

    Ако потврдно одговорите на кое било од овие прашања, имате висока емоционална интелигенција

    Емоционалната интелигенција е многу популарна тема и таа е еден од најпотребните квалитети за една личност да се развива на лично и професионално поле. Кога е во прашање работното место, работниците, кои покрај ментална, покажуваат и емоционална интелигенција, се многу попродуктивни при завршување на своите обврски, но и исто така се и попријатни колеги.rnrnАко потврдно одговорите на кое било од овие прашања, емотивно сте поинтелигентни од што мислитеrnrnЕмоционално интелигентната личност умее да биде одличен член на тим, лесно споделува идеи и е отворена за идеите на другите. Исто така, доколку работата е поврзана со директни услуги за клиенти, овие личности покажуваат поголем успех во исполнување на задачите, а лесно прифаќаат и промени. Од друга страна пак, прифаќаат критика и ја користат на конструктивен начин, додека истовремено и сочувствуваат и сакаат да им помогнат на колегите кои поради некоја причина не можат ефикасно да ја завршат задачата. Се грижат за репутацијата на тимот и го подобруваат моралниот впечаток.rnrnЛичноста која има висок коефициент на емоционална интелигенција полесно се спријателува и е поотворена кон колегите, а во исто време ги запазува и сите крајни рокови, така што нејзината работа нема потреба од микроменаџирање. Таа, едноставно, знае да даде приоритет на вистинската задача, во вистинскиот момент. Најважна карактеристика е што секогаш ќе најде начин да се мотивира себеси, да ги зголемува амбициите разумно, да презема иницијатива и да ги зграпчува можностите.rnrnАко потврдно одговорите на кое било од овие прашања, емотивно сте поинтелигентни од што мислитеrnrnСо помош на овие осум прашања, откријте дали и вие поседувате висока емоционална интелигенција. Доволно е да одговорите потврдно барем на едно од нив.rnrn1. Дали вообичаено сте свесни за своите чувства и зошто нешто чувствувате?rnrn2. Дали сте свесни за своите ограничувања, но и за силните страни?rnrn3. Дали успевате да се справите добро со своите емоции?rnrn4. Дали лесно прифаќате промени?rnrn5. Дали сте фокусирани на своите главни цели, но и на секој чекор кој ќе ве одведе дотаму?rnrn6. Дали сочувствувате со луѓето со кои комуницирате и го разбирате нивниот начин на доживување на нештата?rnrn7. Дали сте способни да водите преговори кон задоволителен договор?rnrn8. Дали умеете ефективно да ја искористите својата способност за да насочите конструктивно нечие однесување?rnrnПрочитајте ги и овие 5 совети за подобрување на емоционалната интелигенција.

  • 5 совети за подобрување на емоционалната интелигенција

    5 совети за подобрување на емоционалната интелигенција

    Емоционалната интелигенција ја дефинира нашата способност да ги разбереме своите чувства и да управуваме со нив, но и да се снајдеме со чувствата на луѓето околу нас. Според психолозите, многу е важна за односите со блиските, но и на професионален план. Доколку сакаме да се развиваме на емотивен план, добро е да се знае и дека овој вид интелигенција може да се надградува и унапредува, особено со следење на следниве совети…rnrn5 совети за подобрување на емоционалната интелигенцијаrn

    1. Подобрете ја својата способност за издржување негативни емоции

    rnНие сме она што го мислиме и чувствуваме, па токму затоа најважен аспект на емоционалната интелигенција е мудрото контролирање на негативните емоции. Секоја личност треба да знае како да не им дозволи да го преполнат и да влијаат на разумното расудување. Можно ли е да ги промениме своите емоции во врска со некои случки или ситуации? Секако, но само доколку го промениме и мислењето за таа ситуација.rn

    2. Потрудете се да останете присебни дури и под притисок

    rnСтресовите се секојдневна појава и влијаат на сите нас, па затоа потребно е да се применува некоја техника за контрола на импулсивноста. На пример, најстар совет во ваков случај е броењето до 10, со цел да избегнете да кажете нешто непромислено. Обидете се да не реагирате ниту премногу офанзивно, ниту пак да се повлекувате и депримирате. Кога наеднаш сте преплавени од многу емоции и не сте во состојба да ги разграничите, обидете се да се смирите, поминете неколку минути на сонце или во природа и веќе по кратко време ќе знаете како да си ја олесните новонастанатата ситуација.rn

    3. Научете да ги читате сигналите

    rnЛуѓето кои поседуваат висока емоционална интелигенција имаат и напредна способност за толкување на емотивните, физичките и вербалните изрази, а со тоа се и подобри во комуникацијата. Не носете заклучок врз основа на првиот впечаток. Проширете ги своите перспективи, за да бидете подобар „читател“ на социјалните сигнали. Добро е да бидете отворени и искрени, па ако нечии сигнали не ги разбирате, прашајте ја личноста зошто се однесува така, па донесете заклучок врз основа на одговорот, но и на однесувањето и говорот на телото.rnrn5 совети за подобрување на емоционалната интелигенцијаrn

    4. Научете да изразувате и негативни емоции

    rnСекоја личност треба да постави граници и да научи да каже „не“ кога со нешто не се согласува. Вашите приоритети се најважни за вас, па затоа и другите треба да знаат како се чувствувате во дадена ситуација. Запомнете само дека не смеете да настапите со обвинувачки став, туку со опис на тоа како ситуацијата влијаела на вас.rn

    5. Научете да изразувате емоции во блиските односи

    rnНежностите и изразувањето блискост се вештини кои треба да се учат и совладаат. Не е доволно само да кажувате убави зборови, туку и од вашата боја на гласот, погледот и насмевката да се читаат чувствата кои ги негувате кон некого. Бидете поддршка за оние кои се повредени, израдувајте ги пријателите со ситни подароци или подгответе оброк за вашето семејство. Покажете им на сите кои ви значат дека сакате вашиот однос да биде уште поблизок.rnrnПроверете и дали погрешно ги толкувате вашите емоции.