Истражувањата покажаа дека повеќето луѓе не ги следат препорачаните безбедносни мерки за спречување струен удар и опасност од пожар, а овие проблеми најчесто се поврзани со слаба електрична инсталација и недостаток на мониторинг. За среќа, некои видливи знаци може да ви помогнат да го откриете проблемот пред работите да излезат од контрола.rn
1. Електричните приклучоци се топли на допир
rn
rnrnНекои уреди се загреваат додека се користат, но ако се загрее и самиот излез, тоа не е добар знак. Кога приклучокот е тенок, преку него мора да помине повеќе струја за да стигне до апаратот, а таа зголемена моќност се претвора во потрошена топлина и на тој начин го загрева приклучокот. Ако некогаш ви се случи тоа, веднаш извадете ги жиците од електричниот приклучок и не враќајте ги назад додека не го поправите.rn
2. Светилките трепкаат без очигледна причина
rn
rnrnТрепкањето на светилките може да биде знак на слаба електрична врска. За да го откриете проблемот, проверете колку светилки трепкаат. Ако најдете само едно лошо осветлување, проблемот треба да биде во жиците. Но, ако има повеќе светилки што трепкаат, проблемот може да биде во струјното коло.rn
3. Електричните приклучоци не се прицврстени на ѕидот
rn
rnrnОсвен што изгледа лошо, неприцврстениот приклучок може да биде многу опасен. Ако не е доволно затегнат, може да предизвика искри, кратки споеви, а може да претставува и опасност од пожар.rn
4. Има стаорци низ куќата
rn
rnrnИ покрај нивната мала големина, стаорците можат да бидат застрашувачки за многу луѓе. Ако се грижите за вашата електрична инсталација, имате причина да бидете исплашени. Овие мали глодари можат да ги гризат жиците, а тоа може да предизвика струен удар.rn
5. Жиците се направени од алуминиум
rn
rnrnВо минатото, алуминиумот се користел во многу електрични инсталации, веројатно поради недостаток на бакар во средината на 60-тите години. Но, едно истражување спроведено во САД покажа дека овој вид инсталација претставува опасност од пожар за многу домови. Оксидацијата на алуминиумот може да доведе до прегревање кога жицата е поврзана со електричниот приклучок. Поради тоа, вишокот струја може да доведе до пожар.rn
6. Се шири мирис на изгорено низ куќата
rn
rnrnБез разлика дали сте загрижени за струјното коло или за колачињата во рерната, мирисот на изгорено обично е лош знак. Жиците не треба да се загреваат до тој степен што може да го стопат пластичниот капак, но ако се случи тоа, веднаш мора да го пронајдете изворот на тој мирис за да спречите пожар.rnrnПрочитајте што треба да знаете за ракувањето со електричните уреди.


rnrnВо Маврициус постојат 4 компании за шеќер кои генерираат околу 60% од електричната енергија на островот. Сите си имаат своја термална електрана. Кога е сезона на берење на шеќерната трска, тие создаваат енергија од нуспроизводот наречен „багаси“ – сув материјал направен од остатоците од смелените шеќерни трски. Во останатиот дел од годината користат јаглен.rnrnСигурно се прашувате како функционира целиот процес.rn
rn
rnrnУште поневеројатно е тоа што се користи дури и јаглеродниот диоксид кој се произведува во текот на согорувањето. Тие го собираат и го користат за правење газирани пијалаци.rnrnСе надеваме дека иновацијата на Маврициус ќе ја прифатат и другите региони, вклучувајќи ја и Македонија. Иднината на нашата планета лежи во паметното користење на ресурсите, баш како што се случува на овој остров. Потребно е да најдеме начин да ги користиме сите делови од сè, со цел да ја вратиме рамнотежата во природата.rnrnДознајте и 
rnrnСекое дрво е високо од 8 до 10 метри и има 63 аеролистови. Дури и кога ветрот е навистина бавен, и без разлика од каде и да дува, листовите можат да соберат доволно енергија и да ја претворат во електрична. Некои ветрови се навистина бавни и обичните ветерници воопшто не ги регистрираат.rnrn
rnrnЖером се надева дека еден ден неговиот изум ќе биде поставен во дворовите на многу куќи и урбани градини. Секое дрво има капацитет од 4,1 kW и може да осветли пат со должина до 450 метри. Исто така може да произведе и до 80% од електричната енергија што ја користи едно семејство, ако не го вбројувате греењето. Во дрвото има и центрифугална кочница што го штити дрвото на силни ветрови. Дрвата можат да се користат над 12 години.rnrn
rnrnБез сомнение е важно одржливото собирање енергија во градовите каде што живеат голем број луѓе. Но, моментално едно дрво чини околу 30.000 евра, па од компанијата се обидуваат да направат поевтини продукти користејќи ги помалите растенија за инспирација.
rn

Тоа е возможно со приколката „






rn

Е-моделот на Ауди се одликува со преубав дизајн, лесен рам изработен од карбонски влакна и можност начинот на возење да се менува преку смартфон прикачен на воланот. Велосипедистот може да избере помеѓу пет различни модови на возење: од искористување само на енергијата што ја создава преку вртење на педалите, преку помош во вртењето од електромоторот, па сè до употреба исклучиво на електричната енергија.

Овој велосипед е наменет пред сè за екстремни спортови, односно за изведување трикови со него, па затоа во неговата изработка биле вклучени и спортисти. Едно возење со ова Ауди ќе изгледа како на видеото подолу.rn
Сѐ што треба да направите е да го насочите далечинското кон една мала црна плоча која се наоѓа на ѕидот и откако ќе го приклучите, ќе светнат три зелени сијалички, означувајќи дека плочката се полни. Сите електрични апарати се само на неколку метри од оваа плочка и не се поврзани со контакт, туку токму оваа плоча ја пренасочува струјата кон нив.rnrnДиректор на компанијата е Ерик Гилер, кој силно верува и се надева дека со ова ќе ја започне револуцијата во електрониката, заменувајќи ги безжичните системи, т.е. оние кои работат со батерии, со такви кои ќе испраќаат електрична енергија преку воздух, а воедно ќе бидат и безбедни, како за средината, така и за живите суштества околу нив. Од „
Иако овој изум изгледа како да е еден од оние на новиот век, идејата за безжично предавање на електрична енергија и не е толку нова. Имено, Никола Тесла ја демонстрирал во поинаква форма уште пред 100 години и денес има многу електрични уреди кои се полнат со помош на индуктивно електрично коло, т.е. работат на батерии кои, за жал, имаат потреба од физички допир со колото (како најосновен пример можеме да ги земеме безжичните телефони и лаптопите) и тоа не е многу удобно.
Индуктивното полнење кое го предлага Гилер, работи со префрлување на напонот во навој кој генерира магнетно поле, кое создава друг електричен напон во ист таков навој кој се наоѓа во другиот уред. Ако двата навои се оддалечат еден од друг, ефективноста на предавањето на енергија веднаш опаѓа, па за да го зголемат растојанието, преку кое енергијата би се предавала ефективно, „WiTricity“ ги подесуваат навоите да работат на специфична фреквенција, која би гарантирала мала загуба на електрична енергија за секој од уредите. rnrnРастојанието, сепак, зависи од размерот на навојот, ако двата навои се мали, како што е случајот кај мобилните телефони, двата навои мораат да се наоѓаат на растојание од неколку сантиметри. Но, „WiTricity“ демонстрирале прототипови со поголеми навои кои можат да предаваат струја на растојание од еден метар. Гилер исто така ја споменува можноста сигналот да биде засилен преку навои, кои тој ги нарекува рипитери, притоа демонстрирајќи како навоите, инсталирани под делови од килимот, дозволуваат струјата да поминува од плочката до кое и да е место во собата.
rn

Тврдат дека се пречувствителни на електромагнетната радијација, која е предизвикана од безжичните сигнали и дека пештерските услови биле нивниот единствен излез. Радијацијата им предизвикувала изгореници по телото и силни неподносливи главоболки. За да се се спасат од зрачењето, тие претходно спиеле во изолирани селски полиња, во багажниот простор од автомобилите, во подземни ресторани. Но, на крајот завршиле во пештерата.





rnrn