КАФЕ ПАУЗА

Tag: електричен

  • Електричен велосипед од Ауди

    Електричен велосипед од Ауди

    Електричниот велосипед се разликува од обичниот по електромоторот којшто по желба на велосипедистот може да се стави во погон за да го движи велосипедот. Тие не се многу популарни поради фактот што личат на некакви слаби мотори или на возило за оние кои ги мрзи да ги вртат педалите, но со овој модел на Ауди таквата репутација може да се смени.Електричен велосипед од АудиЕлектричен велосипед од АудиЕ-моделот на Ауди се одликува со преубав дизајн, лесен рам изработен од карбонски влакна и можност начинот на возење да се менува преку смартфон прикачен на воланот. Велосипедистот може да избере помеѓу пет различни модови на возење: од искористување само на енергијата што ја создава преку вртење на педалите, преку помош во вртењето од електромоторот, па сè до употреба исклучиво на електричната енергија.Електричен велосипед од АудиЕлектричен велосипед од АудиЕлектричен велосипед од АудиОвој велосипед е наменет пред сè за екстремни спортови, односно за изведување трикови со него, па затоа во неговата изработка биле вклучени и спортисти. Едно возење со ова Ауди ќе изгледа како на видеото подолу.rn


    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Композитор го компонира звукот на електричните модели на Ауди

    Композитор го компонира звукот на електричните модели на Ауди

    Моторите на електричните модели е-трон на Ауди се извонредно тивки. Додека се во погон, едвај се слушаат само гумите и удирањето на воздухот во стаклото. Тие се одлични за животната средина, но на пешаците кои имаат проблеми со видот и во движењето се потпираат на својот слух, им претставуваат проблем. Затоа компанијата реши да создаде звук којшто ќе го интегрира во автомобилите со цел да го реши овој проблем.Композитор го компонира звукот на електричните модели на АудиЗа таа цел бил ангажиран композиторот Рудолф Халбмаер. За да го создаде звукот кој му недостасува на Аудито, тој користел звуци од разни делови на автомобилот, од кои подоцна направил микс. Новосоздадениот звук, наречен Audi e-sound, ќе може да се слушне преку звучник инсталиран под хаубата на Аудито. Новокомпонираниот звук можете да го слушнете на следното видео, заедно со процесот на неговото создавање.

    rnrn


    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • „Solowheel“ – електричен велосипед на едно тркало

    „Solowheel“ – електричен велосипед на едно тркало

    Фирмата Inventist е пронаоѓачот на ова мобилно превозно средство наречено „Solowheel“. Самобалансирачкиот електричен велосипед на едно тркало, е придвижуван од литиум-јонска батерија од 1000 вати. Целосно наполнета (полнењето одзема 45 минути), „Solowheel“ може да издржи 2 саати возење. Интересното е што батеријата се полни и кога го возите тркалото по надолница. Максималната брзина којашто може да ја постигне е 20 километри на час.rn„Solowheel“ - електричен велосипед на едно тркалоrn

    rnТркалото тежи 9,1 килограм и се состои од само неколку додатни елементи на страните за давање правец, па после патувањето лесно можете да го ставите во торба или во ранец, за да продолжите кон дестинацијата кон која сте се упатиле. „Solowheel“ на пазарот можете да го најдете за цена од околу 1.500 американски долари.rn„Solowheel“ - електричен велосипед на едно тркало„Solowheel“ - електричен велосипед на едно тркало„Solowheel“ - електричен велосипед на едно тркало„Solowheel“ - електричен велосипед на едно тркало