КАФЕ ПАУЗА

Tag: елегантен

  • 3 шик комбинации со едноставен фустан на преклоп

    3 шик комбинации со едноставен фустан на преклоп

    Едноставните еднобојни фустани се нешто што секоја девојка треба да го има бидејќи лесно се комбинираат во секаков изглед и за секоја пригода. Бидејќи фустанот е едноставен, акцент се става на аксесоарите чиј избор зависи од пригодата и ефектот кој сакате да го постигнете. Со правилен избор на аксесоари, ова навидум едноставно парче облека кое може да го најдете по многу ниски цени, ќе стане дел од вашиот луксузен, женствен и елегантен изглед.rn

    Комбинација #1

    rnЗа опуштен и секојдневен изглед, искомбинирајте го фустанот со ниски сандали со впечатлива боја, како на пример тиркизна која секогаш е добредојдена во лето. Одберете впечатлив накит како долго ланче со детаљ во различна боја, како и практична чанта со долг ремен која може да ја носите и преку рамо. Сјаевите за усни во нежни розови нијанси се секогаш добредојдени во вакви пригоди.rnrn1-3-shik-kombinacii-so-ednostaven-fustan-na-preklop-www.kafepauza.mkrn

    Комбинација # 2

    rnЗа поелегантен шмек, одберете високи сандали со ремче на глуждот и шик торбичка со монисти. Кога станува збор за накит, неколку нежни миди прстени се одлични во оваа комбинација, а за посебен ефект одберете потемна и впечатлива нијанса на лак за нокти. Овој изглед е совршен за љубовни состаноци, па не заборавајте да обрнете внимание на шминката. Со неколку земјени, неутрални нијанси, создадете ефект на зачадени очи и заведувајте со поглед.rnrn0-3-shik-kombinacii-so-ednostaven-fustan-na-preklop-www.kafepauza.mk_ copyrn

    Комбинација # 3

    rnЗа покласичен изглед одберете чанта во корална боја која привлекува внимание, ниски оксфордки, како и накит со летен шмек како обетки во форма на морска ѕвезда.rnrn3-3-shik-kombinacii-so-ednostaven-fustan-na-preklop-www.kafepauza.mkrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Во елегантно уредениот дом на една канадска дизајнеркa

    Во елегантно уредениот дом на една канадска дизајнеркa

    Секојдневно сме сведоци на работата на голем број брилијантни архитекти и дизајнери, кои создаваат импресивни места за живеење. Но, ретко размислуваме како ли изгледаат нивните домови. Па, затоа ви го претставуваме животниот простор на дизајнерката Сузан Дровер, кој таа го нарекува свој „имагинариум“.rnrnВо елегантно уредениот дом на една канадска дизајнеркаrnrnКуќата се наоѓа во Њуфаундленд, Канада. Домот на Сузан е едноставен, а елегантен. Зрачи со топлина и е како створен за уживање. Всушност, токму онака како што треба да изгледа еден вистински дом. Чистината на белата боја, напати е разиграна со нијанси на виолетово. Кујната, трпезаријата и дневната се поврзани, што пак просторот го прави визуелно поширок и поотворен. Каминот и делот со дрвена изработка, даваат дополнителна топлина и чувство на удобност. Во продолжение погледнете ги фотографиите. Се надеваме дека овој животен простор нема да ги разочара вашите замисли за тоа како треба да изгледа домот на еден дизајнер за ентериер.rnrn


    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Секси концепт за новата Тојота

    Секси концепт за новата Тојота

    Многупати досега од „Тојота“ нè имаат изненадено со некое од нивните примамливи возила, па така и овој пат тие одлично си ја имаат завршено својата работа. Концептот за новиот модел „Toyota FT-86 II“ е истовремено елегантен, агресивен и секси, а по малку посетува и на „бетмобилот“. Секси концепт за новата ТојотаСè уште во јавноста се немаат прочуено детали за перформансите кои ќе ги поседува ова возило, па сликите се само колку да се одржат љубителите возбудени. Се очекува возилото да биде претставено во текот на 2012 година. Секси концепт за новата ТојотаСекси концепт за новата ТојотаСекси концепт за новата ТојотаСекси концепт за новата ТојотаСекси концепт за новата Тојота
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.