КАФЕ ПАУЗА

Tag: елеганција

  • Оскари, 2014: Фустаните во кои блескаа познатите на црвениот тепих

    Оскари, 2014: Фустаните во кои блескаа познатите на црвениот тепих

    Одржувањето на Оскарите е најгламурозниот холивудски настан во годината. Тогаш имаме можност да видиме стотици прекрасни фустани во различни стилови зад кои стојат големите дизајнерски имиња како Диор, Прада, Армани, Версаче и други. Тешко е да се направи селекција на најдобрите од толку многу гламур, елеганција и софистицираност, но како некои од најубавите фустани ги издвојуваме овие.rnrn

    Шарлиз Терон, Диор
    Шарлиз Терон, Диор
    rnrn
    Џенифер Лоренс, Диор
    Џенифер Лоренс, Диор
    rnrn
    Ејми Адамс, Гучи
    Ејми Адамс, Гучи
    rnrn
    Лупита Нјонго
    Лупита Нјонго, Прада
    rnrn
    Кејт Хадсон, Версаче
    Кејт Хадсон, Версаче
    rnrn
    Кејт Бланшет, Армани
    rnrnПогледнете ги и останатите фустани кои блескаа на црвениот оскаровски тепих оваа година.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Кожни ракавици со машнички за елегантен и шик изглед

    Кожни ракавици со машнички за елегантен и шик изглед

    Ракавиците се основен зимски аксесоар. Низ годините, како што модата еволуираше, така добивавме можност да избираме сè покарактеристични и повпечатливи модели кои многу можат да влијаат на впечатокот кој секоја жена го остава додека чекори по градските улици.rnrnКожни ракавици со машнички за елегантен и шик изгледrnrnОмилени за многумина се ракавиците со машнички, па денес ви нудиме селекција од неколку одлични модели кои се модерни и штосни. Машничките даваат елеганција која ја потенцира женственоста, но во зависност од големината, формата и позицијата, можат да изгледаат и многу младешки и шик. rnrnКожни ракавици со машнички за елегантен и шик изгледrnrnИнспирирајте се од моделите во галеријата и побарајте нешто слично во локалните продавници или на интернет, но бидејќи кожните ракавици може да бидат доста скапи, не заборавајте дека сега е ера на „направи сам“ креациите. Ако веќе имате постар модел, со малку интервенции, можете да му дадете нов изглед на стариот пар.rnrn


    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Стилско досие: Лабина Митевска – уметност проткаена со елеганција

    Стилско досие: Лабина Митевска – уметност проткаена со елеганција

    Основач на продуцентската куќа „Sisters and brother Mitevski“ и директорка на фестивалот „Браќа Манаки“, Лабина е вистинска дама која ја обележува македонската кинематографија. Од страна на македонските списанија избрана е за жена на годината во 2003. Иако доста млада, Лабина досега остави зад себе доста импресивни улоги, меѓу кои во филмовите: „Пред дождот“, „Како убив светец“, „Дете на војната“, „Јас сум од Титов Велес“ и други.Стилско досие: Лабина Митевска – уметност проткаена со елеганцијаОвој пат, покрај нејзината беспрекорна глума, влијанието кое го има и енергијата која ја пренесува на сцена, решивме да го анализираме нејзиниот моден стил.rnrnВо него преовладува црната боја, најчесто во комбинација со изразени аксесоари и обувки кои разбиваат монотонија. Нејзините комбинации на еднобојни фустани со потпетици во жолта боја на пример, се секогаш добитни. Што се однесува до накитот, претпочита големи и впечатливи парчиња. Во зависност од настанот и пригодата, знае да изгледа како вистинска модна икона. Би ја окарактеризирале со авангарден стил, елегантност и ексцентричност. Што и да облече не се раководи по бледи модни трендови туку остава свој посебен белег.rnrnНи помалку ни повеќе, вистинска уметничка дама која располага со женственост и елеганција.Стилско досие: Лабина Митевска – уметност проткаена со елеганција Стилско досие: Лабина Митевска – уметност проткаена со елеганција Стилско досие: Лабина Митевска – уметност проткаена со елеганција Стилско досие: Лабина Митевска – уметност проткаена со елеганција Стилско досие: Лабина Митевска – уметност проткаена со елеганција Стилско досие: Лабина Митевска – уметност проткаена со елеганција Стилско досие: Лабина Митевска – уметност проткаена со елеганција Стилско досие: Лабина Митевска – уметност проткаена со елеганција Стилско досие: Лабина Митевска – уметност проткаена со елеганција Стилско досие: Лабина Митевска – уметност проткаена со елеганција Стилско досие: Лабина Митевска – уметност проткаена со елеганција Стилско досие: Лабина Митевска – уметност проткаена со елеганција Стилско досие: Лабина Митевска – уметност проткаена со елеганција Стилско досие: Лабина Митевска – уметност проткаена со елеганција
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Книга: „Елеганцијата на ежот“ – Мириел Барбери

    Книга: „Елеганцијата на ежот“ – Мириел Барбери

    Роман за извештаченоста на интелектуалните клишеа кој ги возвишува тивките победи на ненаметливите…rnrnКнига: „Елеганцијата на ежот“ – Мириел БарбериВо светот на богаташките снобови, едно девојче не може да го најде своето место, а жена во години одбира да не се истакнува повеќе од својата улога како домарка. Мириел Барбери е новелист и професор по филозофија, па сосем очекувано станува збор за филозофско дело кое на ненаметлив начин ќе ви пренесе многу теории и размислувања за животот. rnrnРоманот примарно се концентрира на животот и однесувањето на богатите семејства од елитните квартови на Париз. Со иронија и критицизам, авторката ќе ги одгатне своите видувања кон овој сталеж и извештаченоста на нивната интелигенција како и глупавите клишеа за нивната култура.rnrn


    rn

    Доделуваме 2 книги во соработка со Издавачкиот центар ТРИ

    rnrnrn


    rnrnМеѓу другите жители во луксузните апартмани на една париска улица, живеат двата главни протагонисти во овој роман, навидум толку различни но со по некои заеднички особини. Рене е 54-годишна домарка на зградата која веќе 27 години се грижи за беспрекорниот ред во живеалиштето на семејствата од високата класа на француското општество.rnrnПалома е 12-годишшно девојче кое не може да го најде своето место во зграда полна снобови кои не си гледаат подалеку од носот. Зборувајќи искрено, на Палома буквално ѝ се гади од нејзиниот татко-парламентарец и мајка ѝ која мисли дека ја открива својата интелигенција постојано цитирајќи паметни мисли и која ги смирува своите нерви полнејќи се со апчиња за мирен сон. Секако, тука е и постарата сестра на Палома, која нема ни култура ни почитување, располага со сосем погрешни и плитки сфаќања за животот а иронијата е во тоа што се спрема да студира на угледен колеџ за каде ѝ е врачена стипендија.rnrnРене, опишувајќи се себеси како сиромашна и грда жена со прекумерна тежина, е многу повеќе од обична домарка, само што не им дозволува на плитките незаинтересирани умови да ја дознаат вистината за неа. Рене всушност е самоук експерт, го чита Толстој, разни дела на познати филозофи, има истанчен вкус за уметноста од XVII век како и за јапонската култура. Рене ја маскира својата интелигенција прикажувајќи се како неука домарка. Таа е осамена вдовица со само една вистинска пријателка, Португалката Мануела за која вели дека располага со вроден осет за буржоаско однесување и дека и покрај тоа што е слугинка, таа прилега на дама и поседува беспрекорни манири.rnrnРене се води според теоријата дека за сиромашна и непривлечна домарка, високиот интелект е проклетство и нема воопшто значење. Поучена од несреќен случај во нејзиното семејство знае да си стои на место и да не се вплеткува во свет каде не припаѓа.rnrnСè се менува кога јапонскиот бизнисмен Озу ќе се всели на 4-тиот кат во зградата. Тој и Палома се единствените кои вистински умеат да погледнат под маската на Рене и да ја насетат скриената префинетост на жена која навидум е само куќна помошничка. Според Палома, Рене поседува елеганција на еж однадвор накострешена со боцки, а однатре крие вистинска префинетост.rnrnРене и Палома со сигурност имаат една заедничка особина, и двете го прикриваат својот интелект. Палома како 12-годишно девојче поседува вистинска можност за длабоко размислување и толкување на нештата, но не сака да се експонира. Неа ѝ пречат извештаченоста и амбициозноста на богатите кругови, па често знае да побегне од сè криејќи се на безбедно. Палома, која ги презира богаташките кругови е презаситена од животот и иако е на многу рана возраст не може да му најде смисла на своето постоење. Тоа ја втурнува во меланхолично и безволно расположение што ја тера да донесе одлука – да се убие на денот на својот 13-ти роденден.rnrnКорицата дава впечаток на роман кој нема цел ни идеја и кој е ужасно здодевен, но напротив. Романот ќе ве внесе во главите на две навидум спротивни личности и ќе ви помогне да го разберете нивното размислување, воедно збогатувајќи ве со по некоја мудрост.Олајн саем на книгатаКако и двете протагонисти ќе си помогнат една на друга? Дали Рене конечно ќе се ослободи од стегите на буржоаскиот живот и надмените погледи на извештачените припадници на високата класа? Ќе пронајде ли некој кој умее вистински да погледне во нејзината душа? Дали Палома конечно ќе ја разбере убавината на животот кој вреди да се живее во непрестајна потрага на тоа секогаш во никогаш?rnrn
    Книжарница ТРИ, ГТЦ, I кат
    тел: 02/3238-722
    knizarnica@kniga.com.mk
    rnrnЗа да учествувате во наградната игра треба да оставите коментар, да го твитнете постот или да го пинувате на Пинтерест, користејќи го хаштагот #СакамКнигаОдТРИ и вашето име и презиме (ако не може да се прочита точно од вашиот профил). Имате време до вторник, 22 октомври 2013. rnrnДобитниците ќе бидат објавени на профилите на Кафе пауза на Фејсбук, на Твитер и на Пинтерест, а наградите ќе можете да си ги подигнете со документ за лична идентификација во книжарницата ТРИ.rnrn

  • Префинетата колекција на Ели Сааб за есен 2013

    Префинетата колекција на Ели Сааб за есен 2013

    Автор: Сања СтојковскаrnrnСааб претпочита да го привлече вниманието и да расплени со  раскош, не со дизајнерските форми на колекцијата, туку со везовите и украсите. Па така, за колекцијата есен 2013, тој повторно посвети внимание на тие детали, вклучувајќи камења како рубинот, смарагдот и сафирот.rnrnПреовладуваат црвената, кремастата, сината, темно зелената и бледо розовата боја. Секое парче од оваа колекција носи посебен шарм. Невестинскиот фустан што вообичаено се прикажува на крајот од ревиите, е само дополнување и совршен финиш за една прекрасна изведба на Сааб. Ќе ве оставиме да уживате во фотографиите и самите да го почувствувате гламурот на оваа префинета колекција. Префинетата колекција на Ели Сааб за есен 2013 Префинетата колекција на Ели Сааб за есен 2013 Префинетата колекција на Ели Сааб за есен 2013 Префинетата колекција на Ели Сааб за есен 2013 Префинетата колекција на Ели Сааб за есен 2013 Префинетата колекција на Ели Сааб за есен 2013 Префинетата колекција на Ели Сааб за есен 2013 Префинетата колекција на Ели Сааб за есен 2013 Префинетата колекција на Ели Сааб за есен 2013 Префинетата колекција на Ели Сааб за есен 2013 Префинетата колекција на Ели Сааб за есен 2013 Префинетата колекција на Ели Сааб за есен 2013 Префинетата колекција на Ели Сааб за есен 2013 Префинетата колекција на Ели Сааб за есен 2013 Префинетата колекција на Ели Сааб за есен 2013 Префинетата колекција на Ели Сааб за есен 2013Галеријата продолжува на втората страница. rn

  • Кралски хотел со поглед кон Ајфеловата кула

    Кралски хотел со поглед кон Ајфеловата кула

    Како што ќе пристигнете во хотелот „Shangri-La Hotel“ во Париз, веднаш ќе се почувствувате кралски и тоа не само поради неговата елегантна фасада и гламурозен внатрешен дизајн, туку бидејќи тој е бившиот дом на принцот Роналд Бонапарта, внук на Наполеон Бонапарта.rnКралски хотел со поглед кон Ајфеловата кула Кралски хотел со поглед кон Ајфеловата кулаВнимателниот персонал и дискретното пријавување во хотелот, веднаш ќе направат и вие да го почувствувате кралскиот третман. Воедно, погледот од вашата соба кон Ајфеловата кула и кон реката Сена, тотално ќе ве вџашат. Старовремската елеганција на собата, вкусно уредена од рацете на професионалци, совршено го отсликува градот кој лежи под неа.rnКралски хотел со поглед кон Ајфеловата кула Кралски хотел со поглед кон Ајфеловата кулаХотелот располага со 101 соба и 36 апартмани и сите се различно дизајнирани. Ентериерот нуди пријатна хармонија од текстури и бои и неверојатна удобност. Секоја соба има мермерна бања со загреан под, када и туш низ кој водата паѓа како дожд и двојно лавабо над кое има рамен екран, интегриран во големо огледало. Повеќето од собите имаат големи прозорци кои овозможуваат убав влез на природна светлина, а дел од нив имаат и поглед кон Ајфеловата кула директно од кадата. Во секоја соба има козметички производи од линијата „BVLGARI White Tea“.rnКралски хотел со поглед кон Ајфеловата кула Кралски хотел со поглед кон Ајфеловата кула Кралски хотел со поглед кон Ајфеловата кула Кралски хотел со поглед кон Ајфеловата кула Кралски хотел со поглед кон Ајфеловата кула Кралски хотел со поглед кон Ајфеловата кула Кралски хотел со поглед кон Ајфеловата кула (12) kralski hotel so pogled kon ajfelovata kula-www.kafepauza.mk (13) kralski hotel so pogled kon ajfelovata kula-www.kafepauza.mk (14) kralski hotel so pogled kon ajfelovata kula-www.kafepauza.mk (15) kralski hotel so pogled kon ajfelovata kula-www.kafepauza.mk (16) kralski hotel so pogled kon ajfelovata kula-www.kafepauza.mk (17) kralski hotel so pogled kon ajfelovata kula-www.kafepauza.mk (18) kralski hotel so pogled kon ajfelovata kula-www.kafepauza.mk (19) kralski hotel so pogled kon ajfelovata kula-www.kafepauza.mk (20) kralski hotel so pogled kon ajfelovata kula-www.kafepauza.mk (21) kralski hotel so pogled kon ajfelovata kula-www.kafepauza.mk
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Книга: „Рингишпил“ – Јелена Бачиќ Алимпиќ

    Книга: „Рингишпил“ – Јелена Бачиќ Алимпиќ

    „Нејзините движења се поелегантни и посуптилни од секоја нота. А нејзиното тело е синоним за страст и убавина. Елеганцијата, лирското изразување, емоциите и грациозноста се соединуваат во едно име: Ана Балит“.rnrnКнига: „Рингишпил“ – Јелена Бачиќ АлимпиќВи претставувам книга која ќе ве трогне, буквално ќе ве помести од место, ќе ве натера да се соживеете со животот на една од најголемите балерини на сите времиња, примабалерината Ана Балит. Доколку веќе сте ја прочитале, сигурно и вие, исто како јас, пробувате да ги складирате сите спомени од оваа книга за ни еден момент од животот на грандиозната Ана да не ви се излизне од сеќавањата. Доколку, пак, не сте ја прочитале, сигурно сте чуле еден куп позитивни препораки. Ве предупредувам, ако сте во потрага по негативна критика за оваа книга, со мојава рецензија нема да го задоволам вашето барање. Напротив, можам само да ве убедам што поскоро да посвоите еден примерок за вашата домашна библиотека.rnrnМајката на Ана Балит станува свесна дека нејзиното малечко девојче не е родено за да игра во калта на селскиот имот, туку за да ги освојува светските балетски сцени. Ленка го препознава талентот со кој Ана е дарувана, како и нејзиното интересирање за класичната музика. Бидејќи таткото на Ана, Стеван, никогаш не би дозволил таа да си замине од салашот, пред да зазори новиот ден во далечната 1938, Ана Балит водена од храбрата рака на нејзината мајка, тајно го напушта родното место и ита кон иднината.rnrnНа моменти Ленка чувствува грижа на совест бидејќи ќерка си ја одвоила од нејзиниот татко и од шарениот рингишпил на баба ѝ Дара, дека нејзиното безгрижно детство го претворила во амбициозни часови во балетското студио на поранешната примабалерина Клара, во Белград. Но со тек на време, Ана потврдува дека вербата која Ленка ја имала во ќерка си не била залудна. Таа заминува да живее во Москва и работи во познатиот „Бољшој театар“ каде секојдневно мами воздишки кај својата публика и ги освојува срцата на сите вистински љубители на уметноста.Книга: „Рингишпил“ – Јелена Бачиќ АлимпиќАна Балит за брзо станува прочуено име и почитувана примабалерина. Како воопшто да не ја допира земјата, таа со своите елегантни движења ја раскажува својата животна приказна, ги пренесува своите чувства и емоции, ги изразува болката, тагата, загубата, но пред сè големата и никогаш непреболена љубов кон Сергеј Павлович.rnrnЦелата приказна е раскажана низ спомени и слики на старата и болна Ана Балит, која во болничката соба со бели ѕидови, своите бадемести очи ги насочила кон таванот и спокојно пред да го напушти овој свет сака да си спомне за нејзиниот животен пат. Приказната на некој начин е интимна исповед за животот на балерината. Животот воопшто не ја штедел, па затоа на нејзиното убаво лице се испишани загубата и чувството на непребол. Иако успешна и богата, во животот на Ана постојано се редат несреќи и загуби. Лежејќи во студената болничка соба која мириса на смрт, Ана сè уште не може да си прости за ужасната и кобна одлука од нејзината младост…rnrnОваа книга ја читав со солзи во очите и со постојано чувство дека ми лазат морници по телото. Не ви препорачувам само да ја прочитате, туку и да ја купите, да ја имате во својот дом и да ја почитате повеќе од еднаш. Како што ми прелетуваа страниците под прсти, јас станував дел од животот на Ана Балит, ја гледав како се вози на рингишпилот, како расте во прекрасна млада жена со густа коса и јадри бадемести очи, како ја доживува својата прва љубов, како ја освојува публиката и игра како да ќе нема утре, како се враќа во Белград… го слушав нејзиниот елегантен од по калдрмата обложена со есенско лисје и со опоен мирис на слатко од дуњи. Топло ви препорачувам да станете дел од оваа приказна и да го научите главното што авторката сака да ни го пренесе, дека животот е како голем разигран рингишпил, кој без разлика колку и да се врти, секогаш ќе се врати на појдовната точка…rnrnОваа книга е потпишана од српска авторка, и не дека сакам да звучам строго или осудувачки, но време беше некој да ми го промени мислењето за српскиот јазик и култура, кој низ годините сè повеќе го поврзував со плитки и глупави турбо фолк стихови од кои ти доаѓа да сакаш да си наштетиш себеси. Ова го прочитав на корицата од книгата, но сега можам и да го потврдам, да, Ана Балит го заслужува местото покрај Ана Каренина.rn
    rn

    „Налик на сјаен, блескотен рингишпил со божилачни бои, облеан од сонцето, се менуваа годишните времиња на нејзиниот живот, боите се разлеваа како налудничави трепети на четката по сликарското платно, а живите слики, зборовите, погледите и настаните се прелеваа во една слика, слика на весел рингишпил во подножјето на ридот, во еден салаш, под гранките на стариот костен. Музиката го исполнуваше просторот околу него, чудесна, прекрасна, истовремено нежна и очајна. Наместо коњчето со украсните реси, патиките, филџаните за чај и аутата, очите на Ана грчевито ги впиваа сите лица од нејзината приказна…“


    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Прекрасниот „Range Rover Sport“ – луксуз, елеганција и удобност

    Прекрасниот „Range Rover Sport“ – луксуз, елеганција и удобност

    Пред неколку месеци на шоуто за автомобили во Њујорк за 2013 година, беше промовиран фантастичниот нов модел на „Range Rover“, наречен „Sport“. И овој, како и сите други модели нуди луксуз, елеганција, удобност и брзина.Прекрасниот „Range Rover Sport“ – луксуз, елеганција и удобност Прекрасниот „Range Rover Sport“ – луксуз, елеганција и удобност Прекрасниот „Range Rover Sport“ – луксуз, елеганција и удобностЦените за овој модел се движат од 63.500 до 93.300 американски долари, зависно од тоа за кој тип ќе се одлучите. „Range Rover Sport“ е малку поголем од претходниот модел „Evoque“, а помал од моделот „Vogue“. Направен е на алуминиумска платформа, што го прави полесен, поекономичен и поагилен.Прекрасниот „Range Rover Sport“ – луксуз, елеганција и удобност Прекрасниот „Range Rover Sport“ – луксуз, елеганција и удобност Прекрасниот „Range Rover Sport“ – луксуз, елеганција и удобност Прекрасниот „Range Rover Sport“ – луксуз, елеганција и удобност Прекрасниот „Range Rover Sport“ – луксуз, елеганција и удобност Прекрасниот „Range Rover Sport“ – луксуз, елеганција и удобност Прекрасниот „Range Rover Sport“ – луксуз, елеганција и удобност Прекрасниот „Range Rover Sport“ – луксуз, елеганција и удобност Прекрасниот „Range Rover Sport“ – луксуз, елеганција и удобност Прекрасниот „Range Rover Sport“ – луксуз, елеганција и удобност Прекрасниот „Range Rover Sport“ – луксуз, елеганција и удобност Прекрасниот „Range Rover Sport“ – луксуз, елеганција и удобност
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Елегантна вила за луксузен одмор во Хрватска

    Елегантна вила за луксузен одмор во Хрватска

    Распослана на 330 метри квадратни, вилата „Golden Rays Villa 3“ е прекрасно луксузно прибежиште во Примоштен, Хрватска. Таа има три раскошни спални, три бањи и фантастичен ентериер. Импресионира со модерната елеганција и чистиот стил, а оној што ќе престојува тука, со сигурност ќе посака повторно да дојде.rnrnЕлегантна вила за луксузен одмор во ХрватскаrnrnПогледот од вилата ќе ви го одземе здивот, па затоа е одличен избор за романтично бегство. Сместен е на едно ритче во близина на јадранското крајбрежје, а опколен е со прекрасна природа.rnrnЕлегантна вила за луксузен одмор во Хрватска Елегантна вила за луксузен одмор во Хрватска Елегантна вила за луксузен одмор во Хрватска Елегантна вила за луксузен одмор во Хрватска Елегантна вила за луксузен одмор во Хрватска Елегантна вила за луксузен одмор во Хрватска Елегантна вила за луксузен одмор во Хрватска Елегантна вила за луксузен одмор во Хрватска Елегантна вила за луксузен одмор во Хрватска Елегантна вила за луксузен одмор во Хрватска Елегантна вила за луксузен одмор во Хрватска Елегантна вила за луксузен одмор во Хрватска Елегантна вила за луксузен одмор во Хрватска Елегантна вила за луксузен одмор во Хрватска Елегантна вила за луксузен одмор во Хрватска Елегантна вила за луксузен одмор во Хрватска Елегантна вила за луксузен одмор во Хрватска Елегантна вила за луксузен одмор во Хрватска Елегантна вила за луксузен одмор во Хрватска Елегантна вила за луксузен одмор во Хрватска Елегантна вила за луксузен одмор во Хрватскаrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Елегантен модел на патики од Адидас

    Елегантен модел на патики од Адидас

    Без разлика дали ви се допаѓа црната, белата или црвената верзија од моделот на патики „Adidas SLVR Cupsole High“, со која било од нив нема да направите грешка. Направени се од мека кожа, а нивниот изглед е фузија од класичен и спортски стил. Инспирирани се од старите патики за кошарка, но се наменети за елегантни момци. Високи патики, за момци со „висок“ стил на облекување. Ви се допаѓаат?Елегантен модел на патики од Адидас Елегантен модел на патики од Адидас Елегантен модел на патики од Адидас Елегантен модел на патики од Адидас Елегантен модел на патики од Адидас Елегантен модел на патики од Адидас Елегантен модел на патики од Адидас Елегантен модел на патики од Адидас Елегантен модел на патики од Адидас Елегантен модел на патики од Адидас Елегантен модел на патики од Адидас
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.