Познатата гоџи бобинка која потекнува од Азија содржи дел од најхранливите и најздравите состојки кои со години се користат за различни медицински цели. Светските здравствени експерти ја нарекуваат „суперхрана“, бидејќи содржи материи кои ретко кој друг производ ги содржи. Но, главната карактеристика на гоџи бобинките е начинот на кој тие влијаат против стареењето. Во продолжение прочитајте дел од причините зошто ова овошје е важно за одржување здрава и еластична кожа.rnrn
rnrn1. Минерали. Гоџи бобинките содржат 11 од сите 22 есенцијални природи минерали, вклучувајќи калциум, калиум, железо, цинк и селен. Иако секој од нив врши различни функции во кожата, сите тие помагаат во одбраната од штетните ефекти на слободните радикали, а многу од нив го поттикнуваат производството на колаген и еластин, овозможувајќи кожата да остане затегната и флексибилна. Освен тоа, повеќето од минералите кои ги содржат гоџи бобинките се од суштинско значење за способноста на кожата да се регенерира и исцели.rnrn2. Аминокиселини. Тие се, во својата суштина, пептиди кои помагаат во пополнувањето на ситните брчки, помагаат кожата да биде мазна и нежна и го изедначуваат тенот и бојата. Освен тоа, тие помагаат и во хидратацијата на кожата и не предизвикуваат иритации.rnrn3. Витамин Ц. Гоџи бобинките содржат високо ниво на витамин Ц кој, помеѓу другото, е познат и по тоа што го подобрува производството на колаген, го забрзува зараснувањето на раните и ја штити кожата од оштетувањата предизвикани од делувањето на токсините. Витаминот Ц помага и во избелувањето на старечките пеги и дамките настанати како последица од штетното делување на сонцето.rnrn4. Каротеноиди. Тоа се флавоноиди како што е бетакаротенот, зеоксантинот, лутеинот, ликопенот, критоксантинот и ксантофилот. Тие ја штитат кожата од штетните УВ зраци, а познати се и по тоа што помагаат таа да го одржи својот природен, здрав сјај.rnrn5. Полисахариди. Овие компоненти имаат антиоксидансни својства и помагаат кожата да ја задржи и зголеми хидратацијата. Познати се и под називот „состојки за регенерација на кожата“, помагаат во намалувањето на воспаленијата и ја штитат еластичноста на кожата.rnrn
rnrnКога сите наведени својства ќе се спојат, се добива еден силен состав кој делува на повеќе различни нивоа против стареењето. Повеќето синтетички и хемиски состојки помагаат најчесто само кај една работа, максимум две. Од друга страна, гоџи бобинките се природни и даваат неколку корисни ефекти одеднаш, а со оглед на тоа што се наоѓаат во својот природен облик, имаат тенденција подобро и поефикасно да реагираат со кожата, давајќи побрзи и потрајни резултати. Гоџи бобинките можете да ги пронајдете во повеќето продавници за здрава храна или да нарачате органска козметичка крема направена од ова овошје. Во двата случаи ќе бидете повеќе од задоволни од резултатите.
Tag: еластичност
-

Најефикасен природен лек: Гоџи бобинки за еластична, здрава и младолика кожа
-

По одот, откријте која жена ужива во сексот
Оргазмот опушта разни мускули, го подига нивото на менталното здравје и ослободува од стрес. Студија спроведена во Белгија, покажала дека начинот на којшто жената оди, покажува дали е таа задоволна од нејзиниот сексуален живот.rnrn
rnrnПосле сексуалниот однос, луѓето се многу полетни. Жените кои редовно доживуваат вагинален оргазам ги нишаат колковите додека чекорат, покажало истражувањето. Овие жени се движат поживо, пофлексибилно, чекорот им е подолг и подобра им е подвижноста на карлицата.rnrn„Дури и обичен набљудувач, може да воочи дека некоја жена имала вагинален оргазам, според тоа колку одот ѝ е енергичен, опуштен и слободен. Според тоа можете да заклучите колку е таа задоволна од нејзиниот сексуален живот“ – тврдат истражувачите од белгискиот универзитет.
rnИстражувањето опфатило здрави и сексуално активни жени, од кои половина во минатото доживувале честопати оргазми, а останатите жени доживувале ретко или скоро никогаш.rnrnСексолозите со 80-процентна прецизност погодувале кои жени повеќе пати биле задоволувани во кревет.rnrnРазликата во одот била забележана само кај жените кои доживеале вагинални, но не и клиторални оргазми.rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Несекојдневниот календар на еластичната Русинка Злата
Којзнае колку би ни било интересно и практично да можевме да си ги префрламе стапалата преку рамена додека читаме книга за да ги одмориме рацете или да го превиткаме ’рбетот под прав агол за убаво да се истегнеме секогаш кога имаме болки во грбот. „Гумената“ Русинка Злата покажува дека може многу повеќе од тоа, позирајќи на 12 несекојдневни и секси начини, за нејзиниот календар за 2012 година.
Злата не само што е неверојатно флексибилна и може да го витка телото како ù душа сака, таа очигледно може да работи и некоја друга работа паралелно, на пример да готви со една нога префрлена преку главата. 🙂
Оваа Русинка, која сега живее во Германија, а чие вистинско име е Julia Gunthel, го открила нејзиниот талент кога имала само четири години и уште од таа возраст можела да го витка телото наопаку. Чуден пресврт во нејзината кариера е тоа што таа во ноември оваа година, го освоила Гинисовиот светски рекорд за најбрзо дупнување три балони со грб, кое таа го извела за само 12 секунди.
Русокосата акробатка која е висока 175 сантиметри, а тешка 54 килограми, поголемиот дел од денот го поминува вежбајќи и подготвувајќи се за шоута ширум светот на кои таа настапува. Една од омилените пози на поранешната гимнастичарка е онаа кога го витка долниот дел од телото наназад, формирајќи совршен агол од 90 степени, при што виртуелно изгледа како да е пресечена на пола бидејќи за нас, обичните смртници, е невозможно да си ги качиме стапалата на глава.
Но, талентот на оваа дваесет и петгодишна девојка не завршува овде. Таа исто така, умее да го свитка целото тело за да влезе во кутија со големина од 50 сантиметри квадратни.rn. rn„Правењето на овие пози е сосема природна работа за мене. Понекогаш може да ми стане малку неудобно, доколку морам за време на фотосесиите подолго да останам во некоја поза. Но, мислам дека таквото чувство е идентично како кај секој човек кој подолго време седи во една иста положба и му се вкочануваат мускулите. Јас не држам некои посебни диети, но морам да тренирам многу напорно за да ги одржувам моите мускули во добра форма и да бидам што е можно пофлексибилна.“ – вели Злата
rn
Покрај тоа што напорно вежба, Злата сепак има и многу ретка медицинска состојба која ги прави нејзините мускулни жили екстремно еластични, а тоа ù оди во прилог на нејзината професија.
Поради нејзините невообичаени способности, таа кога била малечка, искусила љубомора од другите девојчиња.rn. rn„Во Русија, да се биде флексибилен е многу добра работа бидејќи сите ја обожаваат гимнастиката. Но, на некои девојчиња не им се допадна колку мене ме бива за оваа професија.“ – објаснува таа
rnОвој календар можете да го нарачате онлајн на нејзиниот веб-сајт за 17.90 евра, плус патни трошоци.rnrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.