КАФЕ ПАУЗА

Tag: екстремно

  • За најхрабрите авантуристи и зависници од адреналин: 10 луди тури што се екстремно опасни

    За најхрабрите авантуристи и зависници од адреналин: 10 луди тури што се екстремно опасни

    Секоја година, илјадници луѓе патуваат низ светот и закажуваат тури што нудат возбудливи и застрашувачки искуства, многу често несвесни за опасностите со кои се соочуваат. Кога помислуваме на водени тури, најчесто помислуваме на забава и информативно искуство. Но она што повеќето од нас не го ни помислуваат е ситуација опасна по живот. Постојат многу луди туристички компании кои нудат навистина уникатни искуства, а ова се некои од поопасните.rn

    1. Екскурзија во исклучената зона на Чернобил

    rn10 луди тури што се екстремно опасниrnrnЕдна од најголемите и најпознатите нуклеарни катастрофи се случи во Нуклеарната станица Чернобил лоцирана во северна Украина, на 26-ти април 1986-та година. Денес исклучената зона на Чернобил е одлично место за туристите да почувствуваат како би изгледал светот по апокалипса. Но, овој регион не е безбеден и не се знае колку долго ќе биде опасно. Со текот на времето, нивото на радијација се намалило доволно за да се дозволат неколку водени тури.rnrnСепак, има многу забранети активности како пушење, јадење или пиење на отворено. Исто така не смеете да ги допирате зградите, растенијата и дрвата. И потребно е да носите облека која покрива што е можно повеќе од вашето тело.rn

    2. Тури со молњи

    rn10 луди тури што се екстремно опасниrnrnМолњите се едни од најубавите нешта што може да ни ги покаже природата. Но молњите што ги гледаме ние се речиси ништо во споредба со оние во Венецуела. Местото каде што реката Кататумбо се влева во езерото Маракаибо се смета за главен град на молњите и за дом на вечната бура. Овде можете да најдете тури што ќе ве однесат да ги посетите локалните села, на ноќно сафари и најважно – ќе ги видите молњите .rnrnОваа тура ве носи во срцето на настанот – градот Маракабио има и над 1.000 молњи во еден час. Сепак, ова не е единствениот феномен што ќе го најдете овде. Жителите се запознаени со урагани и торнада. Бурите се силни и можат да ја променат насоката во помалку од минута.rn

    3. Торнадо тури

    rn10 луди тури што се екстремно опасниrnrnТорнадо Алеј, или Улицата на торнадата се наоѓа во центарот на САД и е именувана по честите торнада кои се формираат од сувиот воздух од Канада кој се судира со влажниот воздух од Мексико.rnrnОвие тури ги носат патниците на патување што ќе го помнат цел живот, но ова не доаѓа без ризик. Поради зголемената заинтересираност, повеќе од дузина компании нудат тури и е зголемен бројот на возила на патот. Ова ги става патниците во опасни ситуации што ги загрижуваат и властите и експертите за безбедност.rn

    4. Лава тури

    rn10 луди тури што се екстремно опасниrnrnДа гледате снимка од лава е навистина неверојатно, но замислете да ја гледате одблиску како паѓа во водата. На Хаваи постојат лава тури со брод кои ве носат доволно блиску за да ја почувствувате топлината на лавата. Но и овде постои опасност.rnrnОчигледно е дека лавата е опасна, а да бидете во брод кога нештата ќе тргнат во лоша насока не е идеалното сценарио. Во јули оваа година поради експлозија, дел од лавата завршила врз бродот и повредила 23 туристи.rn

    5. Тури во воени зони

    rn10 луди тури што се екстремно опасниrnrnВо овие тури авантуристите можат од прва рака да сведочат на ефектите на војната, вклучувајќи и акција во живо и експлозии. Турите се одржуваат насекаде низ светот, вклучувајќи ги Ирак, Мексико и Африка. Постои компанија со име War Zone Tours која направила екскурзии низ 50 разни држави откога е формирана во 1993-та година.rnrnСите тури се планирани според вашите желби и ги водат тренирани професионалци за безбедност. Имајте на ум дека во овој случај ќе треба да се посетуваат места на кои не се препорачува да патувате.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn

  • 9 екстремно опасни локации каде што и ден денес живеат луѓе

    9 екстремно опасни локации каде што и ден денес живеат луѓе

    Земјата е нашиот дом и понекогаш ни изгледа како секој дел од неа да е подобен за живот. Сепак, надвор од удобните домови кои сме ги создале постојат и некои многу неудобни места. Овие 9 локации се навистина екстремни и иако изгледаат опасно, некои луѓе успеале да ги претворат во свој дом.rn

    1. Кастелфолит де ла Рока, Шпанија

    rn(1)9-ekstremni-lokacii-kade-shto-sepak-zhiveat-lugje-kafepauza.mkrnrnОва мало село е лоцирано на камен кој настанал пред илјадници години од лава. Ридот на кој е сместено селото е висок 50 метри и се протега на должина од 1 километар. Популацијата во ова село е околу 1.000 жители.rn

    2. Висечкиот манастир, Кина

    rn(2)9-ekstremni-lokacii-kade-shto-sepak-zhiveat-lugje-kafepauza.mkrnrnВо овој манастир има олтари од будизмот, таоизмот и конфучизмот. Многу од ходниците се направени долж стрмните карпи кои се како ѕид. Од 1982 година манастирот е заштитен како национален споменик на Кина.rn

    3. Замокот Лихтенштајн, Германија

    rn(3)9-ekstremni-lokacii-kade-shto-sepak-zhiveat-lugje-kafepauza.mkrnrnОвој замок се наоѓа на висина од 817 метри. Веднаш до него се наоѓаат урнатини од средновековна тврдина која била изградена помеѓу 1150 и 1200 година, а уништена во доцниот 14-ти век. Замокот е граден од 1840 до 1842 година и во него има колекција од историски оружја и оклопи. Тој е отворен и за посетители.rn

    4. Манастирите Метеори, Грција

    rn(4)9-ekstremni-lokacii-kade-shto-sepak-zhiveat-lugje-kafepauza.mkrnrnСтрмните карпи на кои се сместени манастирите ги заштитувале од напади. Низ историјата имало 22 или 24 манастири. Многу од нив денес се урнатини и сега постојат само 6, од кои 4 се манастири за мажи и 2 за калуѓерки.rnrnПродолжува на следната страница…rn

  • Видео од кое ќе ви се пресечат нозете: адреналински паркур во прво лице

    Видео од кое ќе ви се пресечат нозете: адреналински паркур во прво лице

    Ова фантастично видео е снимено од страна на фанатикот Нил Коинтет.rnrnВидео од кое ќе ви се пресечат нозете: адреналински паркур во прво лицеrnrnВо него ќе имате можност да погледнете паркур во прво лице и да се ставите во кожата на Нил. Видео кое со сигурност ќе ви го зголеми нивото на адреналин и од кое ќе ви се пресечат нозете.rn

    rn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Најзабавната и најоткачена лизгалка на базен

    Најзабавната и најоткачена лизгалка на базен

    Оваа стрмна лизгалка се наоѓа на базенот во кампот „Ohio Dreams Action Sports“ во Охајо, САД и претставува најоткаченото место за забава и луди скокови во базен. Може не е најекстремна, но со сигурност е многу забавна што може да се види од ова интересно видео. Најзабавната и најоткачена лизгалка на базенКомпилацијата со нивните најинтересни скокови е поддржана со одлична музика, а во видеото може да се забележи дека младите луѓе одлично се забавуваат покрај убавиот базен.rn


    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 10 екстремни пустелии

    10 екстремни пустелии

    Некои точки на Земјата се толку пусти и изолирани, што прашање е дали воопшто човек треба да размислува да отпатува до нив…rn
    rn

    Конкордија, Пакистан

    rnНе постои лесен пат до Конкордија. Името го добила од европските истражувачи на кои местото им личело на Швајцарските Алпи. Сместена длабоко во планините во северниот дел на Пакистан, Конкордија располага со таква смиреност и дивост која оддава впечаток дека таму некаде е крајот на светот. Ако некогаш решите да стигнете до таму, спремете се да пешачите цели десет дена.10 екстремни пустелииrn

    Руб ал-Хали, Саудиска Арабија

    rnРуб ал-Хали во Саудиска Арабија е најголемата песочна површина на планетата. Западните истражувачи ја нарекле Дом на тишината, а има и зошто. Зафаќа површина отприлика колку Франција и Бенелукс заедно, има дини високи и по 300 метри, а сето тоа „живее“ во неверојатна тишина.10 екстремни пустелииrn

    ‘Ртот Јорк, Австралија

    rnНајсеверната точка во Австралија претставува и крајот на светот за жителите на овој континент. ‘Ртот е оддалечен повеќе од 1.000 километри од најблискиот град, така што патувањето до таму подразбира неколкудневно возење по тежок пат по кој се среќаваат само крокодили. На крајот, наградата за долгиот пат е еден карпест предел и ништо друго.10 екстремни пустелииrn

    Катинирпак, Канада

    rnАко се прашувавте што има во оние предели на Канада каде што нема големи градови, одговорот е национални паркови во кои има само голи планини и поларни мечки. Катинирпак е најекстремниот од нив. Го зафаќа најсевервниот дел од Канада.10 екстремни пустелииrn

    Северниот Пол

    rnМразот на Северниот пол останува на листата од најекстремни пустелии на Земјата барем уште неколку години додека се стопи целосно. Под големите слоеви мраз нема земја, па оние малку санти мраз кои пловат по Северниот Леден Океан се голем предизвик и за најголемите авантуристи.10 екстремни пустелииrn

    Островот Робинзон Крусо, Чиле

    rnВо осумнаесеттиот век на овој остров бил оставен еден морнар кој овде поминал сам четири години од животот, а подоцна бил инспирација за Даниел Дефо да го напише истоимениот роман. Денес островот е населен со околу 500 жители, а поради „блискоста“ со Јужна Америка од 670 километри, не го посетуваат повеќе од 100 луѓе годишно.10 екстремни пустелииrn

    Невадо Мисми, Перу

    rnНевадо Мисми е пустелија која се наѓа на планина висока 5.597 метри, на оддалеченост од 700 километри од Лима. Сепак, некому му било важно да стигне до таму затоа што на крајот тука е пронајден изворот на Амазон.10 екстремни пустелииrn

    Островот Олхон, Русија

    rnОлхон е остров на средината од Бајкалското Езеро, инаку најдлабокото во светот. И самото езеро кое се наоѓа во сибирскиот регион е доволно осамено, па не изненадува што неговиот остров е толку изолиран.10 екстремни пустелииrn

    Камчатка, Русија

    rnЛетот од Москва до Камчатка на Далечниот Исток трае неверојатни 11 часа, што всушност е најдолгиот домашен лет во светот. Овој полуостров е толку изолиран од развиениот дел на Русија што се наоѓа поблиску до Лос Анџелес отколку до Москва.10 екстремни пустелииrn

    Замокот Скоти, САД

    rnНа почетокот на дваесеттиот век чикашкиот магнат Алберт Џонсон верувал дека ќе најде злато во Долината на смртта во Калифорнија и затоа го изградил овој замок на сред пусина. Денес таму не живее никој.10 екстремни пустелии
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 7 екстремни пива кои ќе сакате да ги пробате

    7 екстремни пива кои ќе сакате да ги пробате

    За разлика од вообичаениот вкус на пиво, кој несомнено предизвикува уживање, потребна е извесна храброст да ги нарачате овие пива. Тие содржат многу поголем процент на алкохол, но имаат и поспецифичен вкус.rn

    Brauerei Schloss Eggenberg Samichlaus Bier

    rnСо 14% алкохол, ова е едно од најблагите пива во светот. Се произведува во Австрија, каде што се чека да отстои 10 месеци колку што трае процесот на добивање сладок вкус.rnrn7 екстремни пива кои ќе сакате да ги пробатеrn

    Goose Island Bourbon County Stout

    rnОвој чикашки бренд не е премногу јак со своите 14% алкохол, но неговите вкусови го прават екстремен пример. Откако ќе се произведе, отстојува во стари дабови буриња во кои порано имало бурбон. На крај, добива вкус на изгорен даб, ванила, карамела и чоколадо.rnrn7 екстремни пива кои ќе сакате да ги пробатеrn

    Dogfish Head Worldwide Stout

    rnНаводно „откачената количина јачмен“ употребена во производство на ова пиво му дава несекојдневен сладок финиш кој го скокотка грлото после голтката.rnrn7 екстремни пива кои ќе сакате да ги пробатеrn

    Samuel Adams Utopias

    rnСемјуел Адамс произведува само 10.000 шишиња од по 750 мл годишно и ги продава по неверојатни 200 долари за шише. Многумина сметаат дека тоа е превисока цена за пиво кое се меша со јаворов сируп, макар ги содржел и оние 27% алкохол.rnrn7 екстремни пива кои ќе сакате да ги пробатеrn

    Dogfish Head 120-Minute IPA

    rnАко можете да ја издржите неговата горчина, тогаш можете да си нарачате едно вакво пиво. Неговите 18% алкохол се 4 пати повеќе одошто кај вообичаеното пиво, но поради начинот на производство е 15 пати погорчливо од вашето омилено пиво.rnrn7 екстремни пива кои ќе сакате да ги пробатеrn

    North Coast Old Stock Ale Cellar Reserve 2009

    rnМалата калифорниска пиварница Норт Коуст ставила од пивото Олд Сток Ејл во буриња во кои порано имало бурбон и добила пиво со мек вкус кое лесно се пие. Во вкусот се чувствуваат траги од бурбон, лешници и кафеав шеќер.rnrn7 екстремни пива кои ќе сакате да ги пробатеrn

    Nøgne Ø Dark Horizon (2nd edition)

    rnНугну е норвешко пиво правено според руски рецепт и е вистински предизвик за секој пивски ентузијаст. Во неговиот вкус се чувствуваат различни зачини кои му даваат аура на мистериозност. Содржи 17,5% алкохол.rnrn7 екстремни пива кои ќе сакате да ги пробатеrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Екстремни временски услови ширум светот

    Екстремни временски услови ширум светот

    Неверојатни фотографии од екстремни временски услови кои се случуваат ширум светот…rnrn

    Екстремни временски услови ширум светот
    Хаваи: Жешка лава истекува во морето
    rnrn
    Екстремни временски услови ширум светот
    Мисисипи: Насип ја штити куќата од поплава
    rnrn
    Екстремни временски услови ширум светот
    Канзас: Торнадо високо повеќе од 45 метри
    rnrn
    Екстремни временски услови ширум светот
    Небраска: „Млечни облаци“ кои носат невреме
    rnrn
    Екстремни временски услови ширум светот
    Швајцарија: Мраз ги зафатил езерото, дрвјата и автомобилите
    rnrn
    Екстремни временски услови ширум светот
    Аризона: Молњи за време на летните монсуни
    rnrn
    Екстремни временски услови ширум светот
    Феникс: Бура од прашина која ја намалила видливоста на нула
    rnrn
    Екстремни временски услови ширум светот
    Ајова: Живописна магла во близина на локалното езеро
    rnrn
    Екстремни временски услови ширум светот
    Намибија: Пустинска област формирана од сол
    rnrn
    Екстремни временски услови ширум светот
    Небраска: Геомагнетна бура која предизвикува аурора
    rnrn
    Екстремни временски услови ширум светот
    Јапонија: Експлозивна ерупција на вулканот Сакурајима

    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Екстремно спортски автомобил од Италија

    Екстремно спортски автомобил од Италија

    Бертоне Нучио е фантастичен спортски автомобил конструиран по повод прославата на стогодишниот јубилеј на автомобилската дизајнерска куќа Бертоне. Моделот го носи името на дизајнерот Нучио, којшто успеал некогаш малата компанија да ја издигне во една од најголемите и најдобрите во светот.Екстремно спортски автомобил од ИталијаЕкстремно спортски автомобил од ИталијаПо 15.000 часови напорна работа, Бертоне Нучио се претвори во екстремен спортски автомобил кој носи една карактеристика вградена во сите претходни модели на Бертоне – моторот којшто е сместен на задниот дел од автомобилот. Тој доаѓа од Ферари и со своите 480 коњски сили нуди извонредно спортско автомобилско доживување. Оној што ќе сака да го поседува единствениот примерок од овој модел ќе мора од џебот да извади некаде помеѓу два и три милиони евра.Екстремно спортски автомобил од ИталијаЕкстремно спортски автомобил од ИталијаЕкстремно спортски автомобил од ИталијаЕкстремно спортски автомобил од ИталијаЕкстремно спортски автомобил од ИталијаЕкстремно спортски автомобил од ИталијаЕкстремно спортски автомобил од ИталијаЕкстремно спортски автомобил од ИталијаЕкстремно спортски автомобил од ИталијаЕкстремно спортски автомобил од ИталијаЕкстремно спортски автомобил од ИталијаЕкстремно спортски автомобил од Италија
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 10-те најекстремни спортови во светот

    10-те најекстремни спортови во светот

    Автор: Ивана ДимитровскаrnrnДали сте се запрашале зошто луѓето воопшто се одлучуваат за екстремни спортови? Екстремните спортови можат да бидат прилично опасни и ризични по здравјето на учесниците, а неретко завршуваат и со фатални последици. Некои велат дека тоа е единствениот начин на кој можат да го покачат нивото на адреналин, да се одвојат од останатите, да демонстрираат решителност, одлучност и храброст или едноставно да направат нешто различно и поинакво.rn

    1. Volcano boarding (Сурфање на вулкан)

    rnБордањето по снег веќе не е во мода. Спуштање по активен вулкан на специјално дизајнирани дрвени бордови со брзина не поголема од 80 км/ч е вистинскиот предизвик. Илјадници љубители на овој спорт се искачуваат на подножјата од планината Сиро Негро во Централна Америка, каде се наоѓаат едни од најубавите вулкански стази за бордање. Оние кои пробале сведочат за неверојатниот адреналински шок кој се јавува кога треба да се помине вулкански наклон од 41 степен во своите најстрмни делови, на релативно млад вулкан кој досега еруптирал преку 20 пати, последен пат во 1999 година. Со своите почетоци во 2005-та година овој тип спорт привлекол повеќе од 10.000 бордери.rnrn10-те најекстремни спортови во светотrn

    2. Train surfing (Сурфање на воз)

    rnПред сè, станува збор за илегален спорт кој е популаризиран во 80-тите години во Германија, кој опфаќа искачување и сурфање на воз во движење од надворешната страна. Опасноста во спортот, освен можноста да се падне, е и во потенцијалните пречки на патот: тунели, кабли и слично. Иако подземните железници со години водат против-кампања, сурфањето по возови се практикува на големо во Африка и во Индија. Професионалците во овој спорт ги докажуваат своите способности на најбрзите возови во Германија, InterCityExpress. Овие возови постигнуваат максимална брзина од 280 км/ч.rnrn10-те најекстремни спортови во светотrn

    3. Crocodile bungee (Банџи-скокање над вода со крокодили)

    rnЗа оние за кои висината не е доволен предизвик постои алтернативен вид банџи-скокање и тоа скокање во води полни со крокодили. Ова дополнително зачинување кое го вовеле Австралијците дефинитивно остава без здив, а какво е чувството… за тоа сведочат само најхрабрите (најлудите) авантуристи!rnrn10-те најекстремни спортови во светотrn

    4. Slacklining (Екстремно одење по јаже)

    rnНајкратката дефиниција за овој екстремен спорт би била: одење по затегнато јаже на голема висина. Впрочем, јажето воопшто и не е затегнато, а најчесто и се прилагодува според тежината на изведувачот. Целиот концепт е во вештината на одржување телесен баланс во стресни околности: неверојатни висини и отстранување на заштитните придржувачи. Моменталниот рекорд според Гинисовата книга го постигнал Кристијан Шу, преминувајќи процеп на Норвешки фјорд во Кјеранг на висина од 1.000 м, висина еквивалентна на 3 Ајфелови кули.rnrn10-те најекстремни спортови во светотrn

    5. B.A.S.E. jumping (Скокање од згради, мостови, антени и карпи)

    rnОвој тип спорт е всушност скокање со падобран, но на некое поопасно ниво. Разликата е во тоа што скоковите започнуваат од фиксни објекти, како и кај параглајдерството, но со затворен падобран. Акронимот B.A.S.E. е кратенка од четирите објекти кои најчесто се користат како потенцијални стартни позиции: згради, антени, мостови, карпести рабови. Опасноста на спортот лежи во недостигот на време да се отвори падобранот по скокот.rnrn10-те најекстремни спортови во светотrn

    6. Limbo skating (Поминување под автомобили со ролшуи)

    rnЗа многумина речиси невозможно, овој тип лизгање под коли е последното лудило во Индија. Сам по себе спортот бара флексибилност, физичка спремност и способност за гимнастички баланс. Неофицијалниот светски рекордер е Аникет Чиндак, индиското чудо од дете, кое досега прошло под 57 коли.rnrn10-те најекстремни спортови во светотrn

    7. Heli skiing (Скијање по скок од хеликоптер)

    rnОвој пред сè скап спорт, вклучува амбициозен обид за скијање по стрмни и непристапни терени до кои може да се стигне само со хеликоптерски превоз. Освен скијањето, дури и самиот хеликоптерски превоз може да биде опасен. Френк Велс, поранешен претседател на корпорацијата Волт Дизни, загинал во хеликоптерска несреќа при обид за хели-скијање.rnrn10-те најекстремни спортови во светотrn

    8. Cave Diving (Нуркање во пештера)

    rnЗамислете да се најдете на повеќе од 30 м длабочина во мрачна, ладна и длабока подводна пештера. Нуркачите мора да се добро обучени и спремни за ваков вид експедиција, но и покрај тоа постојат низа опасности кои прават овој спорт да се вброи на листата најекстремни. Можно е да се остане без кислород, да се згреши патеката или да се биде изеден од некое чудно пештерско суштество. Според статистичките извештаи преку 500 нуркачи имаат загинато од првото пештерско подводно спуштање во 1960 година па навака. За љубителите на овој спорт, но и за оние кои сакаат да пробаат, подводните пештери во Матка се доволен предизвик.rnrn10-те најекстремни спортови во светотrn

    9. BirdMen (Луѓе-птици)

    rnСо специјална опрема: летечки костим и контрола на движењата, луѓето навистина можат да летаат! Брзината која може да се постигне се движи 220 – 240 км/ч. Популарна локација за ваков вид спуст е долината Ромсдал во Норвешка.rnrn10-те најекстремни спортови во светотrn

    10. Skydiving (Слободен пад од авион)

    rnЕкстремен спорт за сите оние кои се заситиле од „едноставното“ спуштање со прикачен падобран, па одат еден чекор погоре: фрлање од авион без прикачен падобран, за потоа, во текот на паѓањето друг падобранџија да им обезбеди безбеден начин за слетување. Велат дека наједноставен начин да се совлада стравот од висина е доколку се фрлите свесно од целосно функционален и исправен авион. Добар дел од падобраните имаат и висински самоактивирачки систем, односно во случај да заборавите да го ослободите, сам ќе ја заврши работата на одредена висина од земјата, но тоа се разбира, само доколку го имате со вас. Во спротивно довербата во вашиот партнер е единствената сигурна работа која ќе ве спушти на тврдо тло.rnrn10-те најекстремни спортови во светот
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Екстремно кампување на карпи

    Екстремно кампување на карпи

    Ако сте зависници од адреналин, ова може да биде вашиот следен предизвик. Ставете се во кожата на овие алпинисти и размислете дали и вие би го сториле истото. Би го замениле ли класичното кампување на планините, каде цврсто стоите на земја, со екстремно и лебдечко? Би можеле ли да се опуштите и да читате книга на овие височини или пак, да преспиете во вакви услови?rnrnЕкстремно кампување на карпиЕкстремно кампување на карпиЕкстремно кампување на карпиЕкстремно кампување на карпиЕкстремно кампување на карпиЕкстремно кампување на карпиЕкстремно кампување на карпиЕкстремно кампување на карпиЕкстремно кампување на карпиЕкстремно кампување на карпиЕкстремно кампување на карпиЕкстремно кампување на карпиЕкстремно кампување на карпиЕкстремно кампување на карпи
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.