Тој или мрази или сака, или е опсесивно заинтересиран или потполно игнорира. За него важи правилото „Или сѐ или ништо“. Шекспировиот Хамлет рекол „Да се биде или не“ и тој сигурно бил Скорпија во хороскоп, бидејќи сите Скорпии секојдневно ја преживуваат својата верзија на Хамлет. Нивниот живот е исполнет со драми, трагични елементи и секоја нивна одлука има две спротивставени можни последици: Сѐ или ништо.rnrn
rnrnСкорпијата е воден знак кој владее со средината на есента. Скорпиите се интензивни, одлучни, храбри, истрајни, мистериозни, љубопитни и санодливи. Со него владеат планетите Марс и Плутон. Иако со Скорпиите се поврзуваат некои негативни поими како што се смрт, страв, уништување, пропаѓање и крај, тие сепак се претставници на преродбата, односно смрт на старото и почеток на новото. Скорпиите се толку тврдоглави што нема да се откажат тогаш кога ќе треба, туку тогаш кога тие ќе сакаат.rnrnСкорпијата е екстремен хороскопски знак во секоја смисла на зборот. Многумина се прашуваат дали воопшто им требаат Скорпиите во нивна близина. И покрај нивните негативни страни, припадниците на овој хороскопски знак се многу лојални. Тие никогаш нема да ви забијат нож во грб и никогаш нема да ве остават на цедило. Тие секогаш ќе ви помагаат да се извлечете од кризните ситуации. Кога станува збор за меѓучовечките односи, за Скорпиите нема средина. Или ќе бидат подготвени да стават рака во оган за вас или ќе се преправаат дека не постоите.rnrnБидете внимателни, бидејќи Скорпиите се големи злопамтила. Ако се скарате поради нешто, тие ќе ги запалат сите мостови и ќе прекинат секаков вид комуникација. Ќе ви треба многу време да ја поправите грешка, дури и да станува збор за нешто банално и несериозно. Доколку сте направиле поголема грешка, најдобро е сами да се „закопате“, бидејќи Скорпиите се многу одмаздољубиви. Тие ќе чекаат да заборавите на вашата грешка и токму тогаш кога ќе помислите дека сте сигурни, тие ќе ви ја сервираат нивната одмазда.rnrnСе верува дека Скорпиите се бесчувствителни и ладни како мраз на емотивен план. Иако повеќето Скорпии навистина се ладнокрвни, тоа не значи дека емоциите не им се развиени. Нивните емоции се многу длабоки, но мошне добро знаат да ги кријат. Скорпиите се како нуклеарни реактори: Тие содржат голема количина на енергија и стабилни се под притисок, но до одредени граници. Ако го преминете нивниот праг на толеранција, бегајте што е можно подалеку, бидејќи ве очекува вистинска нуклеарна експлозија. Покрај тоа, тие се неверојатно сензуални и привлечни, па затоа ќе можат да ве заведат и уништат истовремено. Нивната енергија, волја и примарен инстинкт доминираат со нивните емоции и интелигенција.rnrnШто се однесува до материјалните работи, Скорпиите сакаат да имаат многу пари. Тие најчесто управуваат со туѓите финансии и стануваат банкари. Во зависност од нивната финансиска ситуација, Скорпиите ќе се однесуваат или како просјаци или како милионери.rnrnСпоред астромедицината, најважните органи на Скорпијата се уринарниот тракт, репродуктивните органи, ендокрините жлезди и носната коска. Нивни заштитни бои се црна, бордо и кафеава. Скорпиите исто така се одлични во областа на психијатријата, продирањето во несвесното, окултните науки, јогата и слично.rnrnСкорпиите од прва декада владеат со отровите и стануваат хемичари, фармацевти, патолози, анестезиолози и гробари.rnrnСкорпиите од втора декада ја претставуваат тајната служба и стануваат истражувачи на теории на заговори, контролори на летови, контролори на финансии и слично.rnrnСкорпиите од трета декада се лојални луѓе кои стануваат доктори, психијатри, гинеколози и управители на фирми.rnrnОд сето ова може да се заклучи дека Скорпиите или ќе ги мразите или ќе ги сакате, но едно е сигурно, а тоа е дека нема да можете да им останете рамнодушни.rnrnВо продолжение, дознајте кој хороскопски знак е неодоливо привлечен.
Tag: екстремен
-

Или сѐ или ништо: Дознајте кој е најекстремниот хороскопски знак
-

Тест: Каков тип љубовник сте?
Секој човек љубовта ја доживува и покажува на различен начин. Некои луѓе се многу страсни, на некои им е неопходно внимание, а некои пак сакаат мирна и сталожена врска. Партнерите со исти или слични желби и потреби во принцип функционираат одлично, додека оние кај кои има голема разлика во љубовното однесување и карактер можат да се чувствуваат разочарано и збунето. Стручњаците тврдат дека ако го откриете сопствениот љубовен стил, тоа ќе ви помогне полесно да го препознаете вашиот идеален партнер, со кој ќе имате долга и хармонична врска.rnrn
rnПресметување бодови
rnЗа да откриете на кој тип љубовник сте најслични, одберете ги одговорите кои најдобро ве опишуваат, а потоа погледнете која боја сте ја заокружиле најмногу. Ако ги прочитате сите профили, можете да откриете каков љубовник е и вашиот сегашен партнер.rnrn
1. Повеќе ви пречи:
rn
- rn011
- Црвена: некои телесни карактеристики, како што се големи уши или орловски нос
- Виолетова: кога некој очекува постојана обврска
rn011
rn
rnrn
2. После раскинување најчесто:
rn
- rn011
- Жолта: останувате во пријателски односи
- Темно црвена: лути сте и вознемирени
rn011
rn
rnrn
3. Ако сте незадоволни од врската, најчесто:
rn
- rn011
- Зелена: ја прекинувате бидејќи нема перспектива
- Розова: останувате во неа затоа што сте му потребни на партнерот
rn011
rn
rnrn
4. На забава сте и се воодушевувате од некого што првпат го гледате. Ќе помислите:
rn
- rn011
- Црвена: заљубен/а сум
- Жолта: сакам да разберам нешто повеќе за неа/него
rn011
rn
rnrn
5. После првиот состанок вие:
rn
- rn011
- Темно црвена: ја анализирате целата вечер, прашувајќи се што навистина мисли таа личност за вас
- Зелена: проценувате колку сте компатибилни и дали вреди повторно да го/ја видите
rn011
rn
rnrn
6. Луѓето што ве познаваат би ве опишале како:
rn
- rn011
- Виолетова: личност со слободен дух
- Розова: великодушна личност
rn011
rn
rnrn
7. Кога сте слободни, вашиот статус на Фејсбук гласи:
rn
- rn011
- Жолта: не одбирате никаков статус, бидејќи кога немате партнер сте 100% посветени на вашите пријатели
- Зелена: го одбирате статусот „сингл“, за да им дадете до знаење на потенцијалните партнери, кои ви се пријатели.
rn011
rn
rnrn
8. Вашиот партнер е излезен, доцна е не одговара на вашиот телефонски повик. Вие ќе помислите:
rn
- rn011
- Темно црвена: сигурно прави нешто што не би смеел
- Розова: се надевам дека му е забавно
rn011
rn
rnrn
9. Повеќе сте наклонети кон:
rn
- rn011
- Зелена: еден соодветен партнер
- Виолетова: многу забавни средби
rn011
rn
rnrn
10. Додека сте заљубени се чувствувате:
rn
- rn011
- Црвено: занесено – љубовта е вистинско блаженство
- Темно црвено: вознемирено – ќе потрае ли оваа убавина?
rn011
rn
rnrn
11. Тајната на долга и успешна врска е:
rn
- rn011
- Жолта: заеднички труд околу врската и заедничка забава
- Розова: партнерот е секогаш на прво место
rn011
rn
rnrn
12. Некој пријател ви вели дека познава личност која совршено би ви одговарала. Вашата реакција е:
rn
- rn011
- Црвена: како изгледа
- Зелена: што работи
rn011
rn
rnrn
13. Додека сте во врска си мислите:
rn
- rn011
- Виолетова: Нормално е секој да си има свои тајни, нели?!
- Жолта: Немам што да сокријам
rn011
rn
rnrn
14. Љубовта е:
rn
- rn011
- Црвена: разгорена страст
- Розова: безусловна
rn011
rn
rnrn
15. Повеќе ви одговара партнер кој:
rn
- rn011
- Виолетова: ви ја разгорува фантазијата
- Темно црвена: ве смирува вас и вашите сомнежи
rn011
rn
rnrn
Резултати:
rnrnЦрвена: Страстен љубовник
rnrnЗа вас љубовта е возбудлива, искрена, дива, длабока и потполна и ништо друго не би било доволно. Вие најчесто имате свој тип на личност и кога ќе ја пронајдете се предавате целосно, и психички и телесно. Најмногу ви одговара партнер со иста страст како вашата, а најмалку мирен и сталожен љубовник.rnrnВиолетова: Љубовник за забава
rnrnНеверојатно шармантни, досетливи и секогаш подготвени за шега, љубовта ја сфаќате и доживувате како игра без обврски. Уживате во љубовните задоволства, но исчезнувате кога ќе ги снема. Партнери кои сакаат цврста и постојана врска не ви одговараат. Најдобра комбинација за вас е лежерен љубовник, подготвен за забава.rnrnЖолта: Мирен и сталожен љубовник
rnrnЉубовта за вас е како патување, нежно и пријатно, без брзање, драматизирање и испади. Вашата љубов е мирна, а врската пријатна и стабилна. Страсни и екстремни љубовници не се партнери кои ви одговараат, но вие можете смирувачки да делувате на нив.rnrnТемно црвена: Екстремен љубовник
rnrnЉубовната врска ви е се во животот, но и причина за душевни страдања. Постојано се плашите дека нешто ќе тргне наопаку, наместо да уживате во врската. Неопходно ви е внимание и наклонетост од партнерот. Вам ви одговараат страсни и безусловни љубовници, а не ви одговараат љубовници за забава.rnrnЗелена: Љубовник „оценувач“
rnrnНајважна ви е компатибилноста. Партнерот мора да има исто образовно ниво, иста религија, добра професија, приходи, слични интереси и духовитост. Најмногу ви одговара љубовник оценувач.rnrnРозова: Безусловен љубовник
rnrnБезусловната љубов за вас е пријатна должност, која со задоволство ја извршувате. Толку сте среќни кога сте заљубени, па најчесто многу повеќе давате, а многу малку барате. Љубовник „оценувач“ може да ја искористи вашата особина да не барате многу. Вам ви одговараат безусловен љубовник или мирен сталожен љубовник.