КАФЕ ПАУЗА

Tag: екстракт

  • Екстра ледено кафе

    Екстра ледено кафе

    Ледено кафенце, мелем за душа…Екстра ледено кафеПотребни состојки:

    rnrn

      rn011

    • 150 мл ледено инстант кафе
    • rn011

    • 50 мл топла вода
    • rn011

    • 50 мл млеко
    • rn011

    • 4 коцки кршен мраз
    • rn011

    • екстракт од ванила
    • rn011

    • 2 лажички шеќер
    • rn

    rnНачин  на подготовка: Во топлата вода сипете ги шеќерот и неколкуте капки екстракт од ванила и оставете ја смесата во фрижидер да се олади. Чашата во која ќе го подготвувате кафето ставете ја во замрзнувачот 15 минути за и таа убаво да се олади. Откако ќе се олади чашата, ставете ги во неа коцките мраз и кафето, а одозгора посипете со млекото, ладната вода со шеќер и екстракт од ванила.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Домашен екстракт од кафе

    Домашен екстракт од кафе

    Љубители на кафето, ова е рецептот за вас. Богат и интензивен вкус на екстракт од кафе, кој може да го искористите во безброј рецепти за кафе и десерти. Лесно се подготвува, а негова примена секогаш ќе се најде.Домашен екстракт од кафеПотребно е:rn

      rn011

    • 500 г шеќер
    • rn011

    • 250 мл јако сварено еспресо
    • rn

    rnПодготовка: Земете големо тенџере со дебело дно, загрејте го на средна температура и ставете шеќер во еден слој. Како шеќерот ќе се топи, така ставајте по малку од остатокот за да добиете карамел. Кога ќе ставите половина од шеќерот, промешајте го со дрвена лажица, па потоа пак ставајте додека да го потрошите целиот. Продолжете да го готвите карамелот додека да добие темно кафена боја.rnrnПочнете да ставете по две лажици од свареното кафе. Бидете внимателни затоа што карамелот ќе почне да прска, ќе се стврдне и ќе се згрутчи. Но, таков е процесот кога се работи со карамел. Ставајте по две лажици кафе додека да го потрошите целото, а за тоа време, карамелот ќе се растопи пак и ќе се соедини со кафето. Кога целата течност ќе биде соединета, претурете ја во тегли, цврсто затворете ги и оставете ги на дневна температура да стојат една до две недели пред да почнете да ја употребувате.rnrnПотоа останува да си направите кафе и да го интензивирате неговиот вкус додавајќи малку од сирупот. Но, тој одлично оди и врз салата од свежо овошје, сладолед, суви колачи и палачинки, шејкови и други напитоци. Па, пробувајте. Опциите се безбројни.rnrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.