Дизајнирана од Ong & Ong, оваа куќа во Сингапур претставува многу добар пример за минимализам и за модерното во денешниот свет на архитектурата. Иако е неверојатно современа и модерна, таа е сепак во баланс со едноставноста на природата околу неа. Куќата се базира на концепт за создавање отворен простор, исполнет со многу светлина, а сепак доволно приватен за да биде пријатен за живеење. Првиот спрат е направен од фино исполирани ѕидови коишто водат директно до базенот.
Базенот, заедно со градината, ја дели куќата на два дела и со тоа ја прави одлично место за релаксација и дружење со најблиските пријатели или семејството. Вториот спрат пак, комплетно е резервиран за големата спална која преминува во работна соба и за бањата. Ентериерот е направен во минималистички стил со скриени ТВ и музички елементи.












Tag: екстериер
-

Модерна и минималистичка куќа
-

Неверојатна куќа покрај езеро
Ова е куќа во која бегате од реалниот свет за целонеделна забава… куќа во која се будите и му се јавувате на шефот дека сте болни и дека не можете да дојдете на работа денес… бидејќи куќава е толку прекрасна што ги откажувате сите планови само за да потонете во неверојатно пријатниот софа бокс и така да останете цел ден и тоа само вие и избрана група на пријатели, шише Pinot Grigio и можеби некоја добра книга. Дизајниран од John Robert Nilsson Architects, овој дом е искачен погоре од неговата дрвена и природна околина, како некој светилник на модерниот и современ свет на архитектурата.
Базенот којшто дава чувство дека е бесконечен поради тоа што претекува од едната страна, претставува вистински спој на модерната архитектура и природата онаква какво што е. Ентериерот е минималистички, мирен и јасен. Големи прозорци од подот до кровот ја приближуваат надворешната природа. Овој дом е толку комплетен што се вселувате без ништо и ги оставате сите полни кутии од стариот дом позади вас. Искрено, би се вселиле и би си направиле сопствен дом само во прекрасниот софа бокс во дворот. 🙂







