КАФЕ ПАУЗА

Tag: екологија

  • Филм: Ветена земја (Promised Land)

    Филм: Ветена земја (Promised Land)

    Дали сè си има своја цена?rnrnФилм: Ветена земја (Promised Land)Режија: Гас Ван СантrnrnУлоги: Мет Дејмон, Френсис МекДорманд, Хал Холбрук, Џон КрасинскиrnrnВреметраење: 106 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 4 јануари 2013rnrnЖанр: драмаrnrnНаша оценка: 8/10rnrnВаша оценка: [ratings]rn

    rnДосега можеби сте чуле за „Ветена земја“, но ако тоа не е случај виновен е само слабиот маркетинг кој беше опструиран од компаниите кои се бават со експлоатација на природен гас кои не сакале широка публика да го види филмот. Иако пред снимањето беше најавуван како потенцијален голем хит, уште пред да се појави се соочи со невидена антикампања поддржана од енергетскиот сектор во САД. Тие излегоа со предупредување до публиката дека овој филм „непотребно ќе ја зголеми загриженоста околу хидрауличното разбивање“, спорен метод на експлоатација на природен гас кој го применуваат некои компании, а кој носи големи еколошки и здравствени ризици.Филм: Ветена земја (Promised Land)Стив Батлер (Мет Дејмон) воопшто не се сомнева во хидрауличното разбивање. Тој потекнува од мало гратче во рурална Америка многу слично на она во кое треба да ја изврши задачата со колешката Сју Томасон (Френсис МекДорманд), каде што се пратени од големата компанија Глобал за да ги убедат локалните жители да го продадат своето земјиште на компанијата која сака тука да експлоатира природен гас.Филм: Ветена земја (Promised Land)Гратчето полека пропаѓа во неможност економски да се издигне, луѓето стануваат сè посиромашни, а тој е убеден дека оди таму за да им донесе милиони кои ќе им го сменат животот. Кога оди од врата на врата кажувајќи им ги примамливите бројки на локалните жители се чини дека ја има најлесната задача на светот. Така ќе биде сè додека на еден граѓански собир професор од средното училиште не го покрене прашањето за еколошките последици од процесот на ископувањето, по што ќе решат прашањето да го стават на гласање после три недели. Филм: Ветена земја (Promised Land)Тоа делува само како мала сопка за Стив и Сју, но станува сериозен проблем кога ќе се појави Дастин (Џон Красински), млад еко-активист кој израснал на фарма која денес не постои затоа што ископувањата на Глобал довеле до еколошка катастрофа која убила сè наоколу. Тогаш следуваат тешкотиите за нив, а таа драма ја следиме низ призма на Стив, кој поради своето потекло сочувствува со локалното население и прави сè за да го убеди дека продажба на нивните имоти е оној економски пресврт кој беспомошно го очекуваат од животот, но во исто време мора да се бори со агилниот еко-активист, чии докази делуваат несоборливо. Филм: Ветена земја (Promised Land)Тоа што дејството е дадено низ перспективата на главниот лик веројатно го скратува задоволството да се доживее поголема драма низ самото дејство. Сепак, и такво какво што е, сигурно ќе биде доволно за да ве држи заинтересирани пред екранот, и самите прашувајќи се која од двете опции е подобра: отстранувањето на секаков еколошки и здравствен ризик или парите кои ги носат толку посакуваните промени на подобро. Поради тоа „Ветена земја“ е филм кој заслужува внимание и кој со голема веројатност по завршувањето ќе ве остави да размислувате за прашањата кои ги третира. Филм: Ветена земја (Promised Land)rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Електричен велосипед од Ауди

    Електричен велосипед од Ауди

    Електричниот велосипед се разликува од обичниот по електромоторот којшто по желба на велосипедистот може да се стави во погон за да го движи велосипедот. Тие не се многу популарни поради фактот што личат на некакви слаби мотори или на возило за оние кои ги мрзи да ги вртат педалите, но со овој модел на Ауди таквата репутација може да се смени.Електричен велосипед од АудиЕлектричен велосипед од АудиЕ-моделот на Ауди се одликува со преубав дизајн, лесен рам изработен од карбонски влакна и можност начинот на возење да се менува преку смартфон прикачен на воланот. Велосипедистот може да избере помеѓу пет различни модови на возење: од искористување само на енергијата што ја создава преку вртење на педалите, преку помош во вртењето од електромоторот, па сè до употреба исклучиво на електричната енергија.Електричен велосипед од АудиЕлектричен велосипед од АудиЕлектричен велосипед од АудиОвој велосипед е наменет пред сè за екстремни спортови, односно за изведување трикови со него, па затоа во неговата изработка биле вклучени и спортисти. Едно возење со ова Ауди ќе изгледа како на видеото подолу.rn


    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Излог со артистички чашки за кафе кои лебдат во воздухот

    Излог со артистички чашки за кафе кои лебдат во воздухот

    Употребени чашки од кафе, секоја со различен цртеж на својата надворешна површина, лебдат во воздух на излогот во изложбениот простор за уметност во областа Флатирон во Менхетн, Њујорк. Таму ќе останат до крајот на годината, а најзаслужен виновник за ова уникатно уметничко дело е Гвинет Лич.Излог со артистички чашки за кафе кои лебдат во воздухотИдејата е на мобилната телеком компанија Спринт, која ја има поставено галеријата со цел да ја покаже својата посветеност на животната средина и на балансирањето помеѓу развојот на технологијата и зелените иницијативи.Излог со артистички чашки за кафе кои лебдат во воздухотНо, Гвинет Лич, заедно со сите нејзини посетители, секој работен ден седи по 3 часа на столчето и им наоѓа нова креативна употреба на веќе употребените хартиени чашки за кафе. Оваа изложба е многу повеќе од обична уметност. Таа истовремено претставува  инсталација и перформанс, при што публиката се јавува и во улога на создавач на делото. Самата инсталација пак, постојано добива нова форма и нови креативни елементи, ширејќи се во просторот и заземајќи нови „слободни“ правци.Излог со артистички чашки за кафе кои лебдат во воздухотИзлог со артистички чашки за кафе кои лебдат во воздухотЦелата работа Гвинет ја документира на нејзиниот блог, каде голем дел од фотографиите ù ги имаат испратено учесниците-набљудувачи на изложбата.Излог со артистички чашки за кафе кои лебдат во воздухотПроектот има едноставна порака дека секојдневните предмети имаат повеќекратна употреба и треба да се реупотребуваат. Резултатот од сево ова е шарена и жива, но сепак смирувачка атмосфера во најбрзиот дел од градот.Излог со артистички чашки за кафе кои лебдат во воздухотИзлог со артистички чашки за кафе кои лебдат во воздухотИзлог со артистички чашки за кафе кои лебдат во воздухотИзлог со артистички чашки за кафе кои лебдат во воздухотИзлог со артистички чашки за кафе кои лебдат во воздухотИзлог со артистички чашки за кафе кои лебдат во воздухотИзлог со артистички чашки за кафе кои лебдат во воздухотИзлог со артистички чашки за кафе кои лебдат во воздухотrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Феноменална еколошка куќа

    Феноменална еколошка куќа

    Роберт Харви Ошаѕ е модерен архитект кој дефинитивно го разбира зачетокот на живеењето еколошки живот. Трендовите во модерната архитектура треба да имаат заедничка цел, а тоа е еколошкиот стил. Денешната технологија може многу да ни помогне и е способна да понуди решенија кои ќе ѝ помогнат на природата.Феноменална еколошка куќаРоберт имал за задача проект, во кој екологијата била задолжителна. Потребни му биле 7 години за да го заврши овој проект во 2004 година, но на крајот резултатот бил фантастичен, уникатен дизајн, магичен ентериер и неверојатни еколошки идеи.Феноменална еколошка куќаФеноменална еколошка куќаПриродата е вклопена во дизајнот на оваа куќа, преовладувајќи во секое ќоше од неа, притоа давајќи ѝ свежина и инспиративен дух да се живее еколошки.Феноменална еколошка куќаФеноменална еколошка куќаФеноменална еколошка куќаФеноменална еколошка куќаФеноменална еколошка куќаФеноменална еколошка куќа
    rnrnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Стани подобра личност, со едноставно фрлање на коцките

    Стани подобра личност, со едноставно фрлање на коцките

    Наместо да мислите дека живеете во себичен свет, во кој единствено можете да си верувате себеси, ослободете го духот и почнете да анализирате што би можеле да направите за да бидете попозитивни и посреќни. Човекот не може да се чувствува исполнето ако нема околу себе искрени луѓе, кои вистински го сакаат и почитуваат. Сите ние имаме чувства, желби, соништа… Тоа значи дека само доколку соработуваме заеднички, можеме да го направиме светот подобро место за живеење. Се прашувате како? Еве еден несекојдневен предлог.rnrnСтани подобра личност, со едноставно фрлање на коцкитеrnrn„Коцки за промени“ е навистина уникатен концепт направен од страна на холандската дизајнерска куќа Криејтив хироус, кој има за цел да го промени однесувањето на луѓето на еден весел начин – со едноставно фрлање на коцките. Засега се измислени три типа на коцки, на кои има по шест симпатични икони што прикажуваат што да направите во текот на денот за да се чувствувате хармонично, урамнотежено и исполнето. Секојдневното фрлање на коцките, ќе ве стимулира да направите мали промени во секојдневната рутина, кои можат да резултираат со изненадувачки позитивен ефект.rn

    1. Коцка за љубезност

    rn Стани подобра личност, со едноставно фрлање на коцкитеrn

    2. Коцка за здравје

    rn Стани подобра личност, со едноставно фрлање на коцките rn

    3. Коцка за еколошка свесност

    rn Стани подобра личност, со едноставно фрлање на коцките rnrnКонцептот за жал, сè уште не е на продажба бидејќи дизајнерите бараат партнерство за производство на заровите. Доколку мислите дека ваквиот начин на негување на психичката состојба е одличен избор за вас, можете да ја оставите вашата имејл адреса на официјалниот веб сајт, за да добиете известување кога заровите ќе бидат ставени на продажба. До тогаш, вкулчете ја вашата креативност и рачно изработете нешто слично, кое секој ден ќе ви го покачува степенот на задоволство од сопствениот живот.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.