КАФЕ ПАУЗА

Tag: ефективно

  • Пронајден е нов ефективен начин на ослободување од стресот

    Пронајден е нов ефективен начин на ослободување од стресот

    Психолозите отсекогаш велеле дека кога партнерите спијат прегрнати, тоа е знак на топла и емотивна љубовна врска. Се чини дека спиењето на тој начин е исто така добро и за вашето здравје.rnrnПронајден е нов ефективен начин на ослободување од стресотrnrnСпоред едно истражување спроведено на Универзитетот во Питсбург, спиењето во прегратките на вашиот сакан го намалува нивото на кортизол, односно хормонот кој предизвикува стрес во крвта. Ова е веројатно последица од чувството на апсолутна сигурност кое го добиваат луѓето кои спијат на овој начин. Од друга страна, пак, зголеменото ниво на кортизол може да доведе до срцеви заболувања, депресија и намалување на имуниот систем.rnrnНаучниците исто така откриле дека ваквото спиење му помага на телото да произведе окситоцин, „љубовниот хормон“, кој е одговорен за емоционалната приврзаност. Овој хормон го стимулира имуниот систем и може дури и да ја подобри работата на дигестивниот систем.rnrnОва се дефинитивно одлични причини зошто би требало да заспивате во прегратките на вашата сакана личност секоја вечер. Токму затоа љубовта не е само пријатно чувство, туку носи и голем број здравствени придобивки.

  • 10 карактеристики на добрите соговорници

    10 карактеристики на добрите соговорници

    Без разлика дали станува збор за вашата кариера или склопување пријателства, умешноста да се води добар и издржан разговор е многу важна на секое поле во животот. Ова се дел од карактеристиките на добрите соговорници кои ќе ви помогнат да остварувате поефективна комуникација во иднина, а со тоа да бидете поуспешни.rnrn10 карактеристики на добрите соговорнициrn

    1. Умеат вистински да слушаат

    rn

    „Имаме две уши и една уста и треба да ги користиме пропорционално.“ – Сузан Каин

    rnОние кои се добри соговорници не учествуваат во комуникација во која само едниот зборува а другиот слуша, која е поентата на таквиот разговор? Способноста да се ислуша внимателно соговорникот е умешност што не секој ја поседува. Со внимателното апсорбирање на туѓите зборови имате поголема способност соодветно да вратите на она што другиот ви го кажал, а со тоа да бидете подобри соговорници.rnrnНе почнувајте да зборувате додека вашиот соговорник сè уште се изјаснува бидејќи ќе изгубите фокус на кажаното и ќе создадете впечаток на себична личност која само сака да го искаже сопственото мислење. Луѓето кои се умешни во комуникацијата со други луѓе точно знаат кога е време да зборуваат а кога да слушаат.rn

    2. Ја препознаваат ситуацијата во која се наоѓаат

    rnЛуѓето се различни и не можете секому да му се обраќате исто. Исто како што не можете да остварувате еден тип комуникација во секоја ситуација. Постојат личности на различни функции, како и ситуации кои од вас бараат да бидете поформални или неформални. Прво и основно, мора да ја препознаете и да ја оцените ситуацијата во која се наоѓате. Без многу притисок, само проценете го нивото на формалност кое би требало да го постигнете. Дали треба да го персирате вашиот соговорник или не? Каков тип шеги се дозволени? Дали треба да бидете посмирени или да покажете возбуда? Никогаш не занемарувајте ја проценката на ситуацијата во која се наоѓате, макар тоа и да биде краток разговор со продавачот во маалската продавница.rn

    3. Сочувствуваат со соговорникот

    rnГо разбираат или барем се обидуваат да го разберат соговорникот. Ако сакате да бидете умешни во остварувањето комуникација со луѓето мора да научите да ги почитувате оние кои се различни од вас. Луѓето можат многу лесно да го насетат вашиот презир или вашата надменост. Без разлика со кого разговарате, нека биде и мало дете, покажете почит и сочувство. Покажете дека разбирате како се чувствува и дека го сфаќате она што сака да ви го каже. Не движете го разговорот во насока само да го кажете вашето мислење туку вистински да пробате да бидете во нечија кожа макар на една минута.rn

    4. Го поедноставуваат комплицираното

    rnЗамислете како наставникот по физика на седмоодделенци им ја објаснува лекцијата со речник соодветен за некој семинар. Како би се чувствувале доколку сте еден од учениците? Луѓето кои употребуваат комплициран јазик се многу очигледни во нивната намера – пробуваат да звучат паметно. Но, вистински паметните ќе ги поедностават работите правејќи ги пригодни за сечии уши. Не значи дека го потценувате соговорникот, едноставно се држите подалеку од комплицираното, а со тоа и од можноста да бидете погрешно разбрани.rn

    5. Присутни се за време на разговорот

    rnЛесно се забележува кога вашиот соговорник лута со мислите и само физички е присутен, и тоа е навредливо. Доколку сте одлучиле некому да му посветите дел од вашето време тогаш целосно бидете присутни. Покажете дека сте отворени за разговор и инволвирајте се во разговорот. Не лутајте со мислите, не шарајте со очите и внимавајте на сите невербални знаци кои покажуваат дека ви е здодевно или дека не слушате внимателно.rnrn10 карактеристики на добрите соговорнициrn

    6. Имаат самодоверба

    rnДобриот комуникатор знае што зборува и го кажува она што го мисли гласно и јасно. Тенка е линијата меѓу самодовербата и самобендисаноста, но самодовербата е клучна за остварување добра комуникација. Доколку сакате да бидете чуени, разбрани и сфатени сериозно од страна на вашите соговорници, мора да зрачите со самодоверба. Стојте исправени, чувствувајте се удобно во сопствената кожа и бидете сигурни во она што го зборувате.rn

    7. Јасно ја излагаат својата поента

    rnВо ред е да почнете со кежуал разговор за да го разбиете мразот, но не пропуштајте да стигнете до сржта. Бидете директни, дури и ако ви е непријатно. Доколку вртите околу цело време, нема да го постигнете саканиот резултат, а постои голема шанса да бидете погрешно разбрани. Отворено кажете што мислите, што барате, какви предлози имате.rn

    8. Ги елиминираат нештата кои им ја одземаат концентрацијата

    rnДобриот соговорник не погледнува во часовникот постојано, ниту го чепка телефонот а уште помалку се фокусира на луѓето од соседната маса. Во некои пригоди дури е најдобро да го исклучите телефонот.rn

    9. Поставуваат прашања

    rnПрашања се поставуваат од две причини: да покажете дека го слушате соговорникот и воедно сте заинтересирани за темата на разговор и за да добиете повеќе информации. Прашајте доколку имате некакви нејаснотии околу темата или пак доколку сакате да развиете дискусија.rn

    10. Препознаваат невербални знаци

    rnОбрнете внимание на невербалните знаци на вашите соговорници. Со помош на јазикот на телото може да препознаете нервоза, несигурност, недоверба, здодевност и сл., а со тоа да го прилагодите разговорот на вашата „публика“ за сите да се чувствуваат подобро.

  • Зошто е корисно повеќе да се слуша отколку да се зборува?

    Зошто е корисно повеќе да се слуша отколку да се зборува?

    Комуникациските техники се од есенцијална важност. Но не е важно само себеизразувањето туку и слушањето на соговорникот. Благословени сме со моќта да зборуваме, но и со можноста да слушаме.rnrnИако ја имаме способноста да искажуваме емоции и мислења, вистината е дека колку повеќе зборуваме толку помалку сме во можност вистински да комуницираме.rnrnЗошто е корисно повеќе да се слуша отколку да се зборува?rnrn

    Размислете пред да кажете што било

    rnЧесто ја отвораме устата без точен план за она што сакаме да го кажеме, како и за тоа каков ефект ќе има врз слушателот/публиката. Доколку зборуваме инстинктивно и неподготвени, некогаш нашето импровизирање може да излезе како што треба, но некогаш не. Зборувањето на памет, колку да се учествува во темата на разговор нема да му даде квалитет и значење на разговорот. Не само што никој нема да нè слуша, туку може да создадеме одбивност и недостиг на авторитет во нечии очи.rnrnПред да кажете што било, земете здив, размислете добро бидејќи кажаниот збор не се повлекува. Размислете што точно сакате да кажете, со која цел, дали може да постигнете нешто и дали коментарот воопшто е потребен во дадената ситуација. Секогаш имате повеќе опции за да кажете нешто. Размислете што е најприфатливо во дадениот момент.rn

    Ислушајте го соговорникот пред да донесете заклучок

    rnСлушањето не значи само дозволување некому да заврши со зборување, туку и „позајмување“ на неговата/нејзината перспектива односно гледиште на работите. Значи дека треба да се ставите на нечие место и во нечија кожа и навистина да се потрудите да го разберете она што ви е кажано.rnrnБрзото и импулсивно донесување на заклучоци неретко ќе нè донесе до сосем погрешни претпоставки и неправилно оценување на личноста која ни зборува. Дајте му време и на вашиот мозок да го „процесира“ она што сте го слушнале.rn

    Ограничете се на она што е важно

    rnКвантитет е едно, а квалитет е нешто сосем друго. Секогаш кога ќе помислите да ја отворите устата за да кажете нешто, да напишете нешто на социјалните мрежи или да објавите нешто на вашиот блог, размислете колку вашиот коментар/текст е потребен и дали тоа е вистинското нешто што треба да го кажете/напишете во тој момент. Некогаш тишината е злато.rn

    Запознајте ги оние со кои комуницирате

    rnНајчесто многу кажуваме со нашите постапки, а за успешна и ефективна комуникација, обрнувањето внимание на секој аспект е многу важно. Запознајте ги вашите соговорници, луѓето со кои најчесто сте во интеракција. Дајте му важност на дружењето, заедничките излети, игри или оброци. Обрнете внимание на другите, на начинот на кој размислуваат и го доживуваат животот. Така и вие ќе си отворите нови перспективи и гледишта.rn

    Пишувајте

    rnПишувањето е начин на себеизразување, и пишаните дела траат подолго од вербално пренесените. Кога пишувате мора многу подобро да размислите за тоа како ќе се изразите и што сакате да кажете односно пренесете. Ќе ставите многу поголем акцент и на употребата на јазикот, и најважно од сè, ќе мора да се слушате самите себе.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 4 ефективни начини да го намалите масното ткиво во рацете

    4 ефективни начини да го намалите масното ткиво во рацете

    За да ја намалите својата тежина, потребен ви е посебен режим на исхрана и секако, треба редовно да вежбате. Но, најголем проблем на многумина се мастите во рацете, кои тешко се намалуваат, па некогаш слабеењето на овој дел од телото може да ви изгледа невозможно. Ова се 4 вежби кои ќе ви помогнат да ја постигнете вашата цел.rnrn4 ефективни начини да го намалите масното ткиво во рацетеrn

    Склекови

    rnДоколку не сте навикнати да кревате поголема тежина, тогаш на почеток ќе имате тешкотии во правењето склекови, но тоа е само додека се навикнете. На почеток правете помал број склекови и со редовни паузи, или правете т.н. женски склекови кои се полесни бидејќи тежината не паѓа на прстите од нозете туку на колената. Откако ќе свикнете на редовни вежби со склекови, нема да имате проблеми. Правете отворени склекови, со растојание помеѓу рацете поголемо од рамената или затворени склекови кога рацете ви се подоближени една до друга.rn

    Тегови

    rnЗа почеток кревајте полесни тегови, не почнувајте веднаш со поголема тежина. Најдете вежби на интернет кои се најефективни за постигнување на вашата цел. На пример, земете ги теговите во раце и застанете исправени, со рацете до вашето тело. Потоа, подигнете ги рацете странично, па пред вас достигнувајќи висина до рамената, па зад вас колку што можете и така наизменично. Запомнете дека при оваа вежба рацете мора да ви бидат прави и да не ги виткате лактите.rnrn4 ефективни начини да го намалите масното ткиво во рацетеrn

    Вртење

    rnОва се дел од оние вежби кои навидум изгледаат лесни, но штом ги пробате се уверувате дека се тешки, но и многу ефикасни. Застанете исправени и раширете ги рацете како да сакате некому да му дадете огромна прегратка. Рацете нека ви бидат прави, а дланките свртете ги кон таванот. Свртете ги рацете обратно колку што можете по хоризонтална оска, така да дланките повторно се најдат отворени нагоре. Потоа, вратете ги рацете во првобитната позиција и повторувајте ја вежбата. Не спуштајте ги рацете додека не направите цела серија вежби. За почеток не форсирајте се бидејќи со сигурност наредниот ден ќе имате болка во мускулите. Дозволете му на вашето тело да се привикне на рутината.rn

    Ножици

    rnВежбата се вика ножици, бидејќи движењата потсетуваат на работа со ножици. Застанете право и исправете ги рацете пред вас во висина на рамената. Замислете дека држите огромни ножици и дека треба да ги отворате и затворате. Раширете го растојанието меѓу рацете, потоа доближете ги на средина, така што рацете ќе се преклопат, потоа повторно раширете ги. Наизменично менувајте го преклопувањето на рацете, така што еднаш левата рака ќе дојде над десната, па потоа обратно. Вежбата повторете ја минимум 20 пати.rnrnДоколку ги правите овие вежби по 15 минути секој ден, за многу брзо време ќе ја забележите разликата во вашите раце.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Најдобриот начин за создавање нови навики

    Најдобриот начин за создавање нови навики

    Дали ви се случува да решите да вежбате, да почнете со редовно учење, да станувате порано или да започнете со нешто сосема ново и вашата решителност во остварувањето на овие планови да трае само неколку дена? Доколку имате проблем со создавањето нови навики, погледнете ја оваа техника наречена „не крши го синџирот“. Станува збор за едноставна, ефективна и интересна техника која ќе ве натера брзо и лесно да се придржувате до вашата листа на нови активности.Најдобриот начин за создавање нови навикиОдберете една или повеќе навики до кои би сакале да се придржувате секојдневно – Започнете со нешто поедноставно, нешто што нема да ви одзема многу време.rnrnНајдете календар – Се препорачува да биде поголем и да го поставите на некое централно место во домот за постојано да ве потсетува на тоа што треба да го направите.rnrnУпотреба на моќното „X“ – После секое завршување на активноста која сакате да ви премине во навика, прецртајте го денот на календарот со „X“ додека пак, за оние деновите кои ќе ги прескокнете – напишете кратко објаснување зошто не сте биле во можност да се придржувате до вашиот план.rnrnИстражувањата покажале дека ефективноста на оваа техника произлегува од нашата потсвесна желба за успех. Некое време по започнувањето, ќе забележите дека ќе правите буквално сè за да не го „скршите долгиот синџир“. Колку подолго се придржувате, толку повеќе ќе сакате да ги одржувате новите навики.rnrnДоследноста е клучот. Со секојдневното повторување на навиките тие стануваат постабилни, но доколку прескокнувате денови и пробувате постојано да го надокнадувате изгубеното ќе тргнете во сосема спротивна насока… Не заборавајте дека е подобро секој ден да правите по еден чекор во вистинската насока, отколку на секој трет ден по 3 неуспешни чекори одеднаш.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Ефективен почеток на денот – разбудете се на врвот на светот

    Ефективен почеток на денот – разбудете се на врвот на светот

    Автор: Ели РадескаrnrnКоја е првата мисла со која се будите? Некои луѓе се будат со помислата: „Проклетство, веќе е 6 часот!“, а други: „Колку прекрасен ден е на повидок!“ Каков ментален статус ќе заземете наутро, таков ќе ви биде и остатокот од денот.rnrnЗа денот да ви биде ефективен и продуктивен, искористете го утрото и направете го моќно! Разбудете се со чувство дека сте на врвот на светот.Ефективен почеток на денот – разбудете се на врвот на светотМоќни утрински прашања – Секогаш си поставуваме прашања, дури и тогаш кога не сме свесни за тоа. Додека појадуваме, или го пиеме утринското кафе, безброј мисли ни се вртат низ глава.rnrnНаучете да ги контролирате. Ако ги контролирате овие мисли и прашања, вие имате целосна контрола над вашата психа. Стопирајте ги негативните мисли, земете контрола, мислете позитивно.rn

      rn011

    • Прашања кои треба да си ги поставите секое утро:
    • rn011

    • Што можам да очекувам од денешниов ден?
    • rn011

    • Како да си го направам денов совршен?
    • rn011

    • Која е најдобрата работа која би можела да ми се случи денес?
    • rn011

    • Што е совршено во мојот живот?
    • rn011

    • Во што сум добар/ра?
    • rn011

    • Дали денес ќе примам некаква заслуга?
    • rn

    rnСо поставувањето на овие прашања ги насочувате мислите кон оние работи кои сакате да ви се случат. За некои прашања не мора да имате реална основа, вашиот мозок по автоматизам ќе се стреми кон одговорите.rnrnНе заборавајте го основното прашање: За што треба да бидам благодарен/на? Сите ние имаме толку работи за кои треба да бидеме благодарни.rnrnТриесетдневен тест – Во текот на наредните 30 дена поставувајте си ги горенаведените прашања. Може да земете ливче и да запишувате. Наместо да се фокусирате на она што ви се случило претходниот ден, или на она што сте го сонувале, фокусирајте се на денешниот ден.rnrnСменете ја вашата утринска рутина – но не менувајте ги работите кои ви се допаѓаат и ве прават среќни.rnrnНе вклучувајте го веднаш компјутерот или телевизорот – тоа не е здраво будење. Мозокот наутро буквално „впива“ информации бидејќи е свеж и одморен. Зошто тоа да не го искористите правилно?rnrnМедитирајте – не е лесно да го „одвоите“ телото од умот. Потребни се тренинг и вежби. Но секогаш можете да најдете методи за релаксација. Разбудете се порано од предвиденото, опуштете се подготвувајќи се за обврските кои следуваат. Зошто да не се разбудите половина час порано, па наместо брз туш да уживате во пенеста купка? Не заборавајте дека на вашето тело и вашиот ум, секогаш треба да им угодувате и да ги „разгалувате“.rnrnСлушајте музика – сите знаеме дека моќта на музиката е огромна. Наутро слушајте нешто што ќе ве „подигне“, инспирира и мотивира.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.