КАФЕ ПАУЗА

Tag: едукација

  • 10 факти што најверојатно не сте ги знаеле

    10 факти што најверојатно не сте ги знаеле

    Образованието е нешто што не престанува бидејќи е практично невозможно да дојдете до точка кога знаете сè што вреди да се знае. Желбата за едукација, но и за откривање интересни историски факти е водечката идеја на една заедница на Редит. Нејзиното име е „Денес научив“ (Today I learned) и собира љубопитни луѓе кои сакаат да научат нешто ново секој ден. Во продолжение ќе прочитате 10 интересни факти што ги има таму.rn

    rn

    rnrn rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    View this post on Instagram

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn rn

    A post shared by Daniel Cotrim (@odanielcotrim)

    rnrn

    rnrnrn1. Проноја е спротивно на параноја. Додека параноичните луѓе мислат дека сè е против нив, оние што се проноидни веруваат дека другите луѓе се договараат зад нивниот грб како да им помогнат.rnrn2. Познатата слика „Крик“ на Едвард Мунк е насликана на картон.rnrn3. За време на преговорите помеѓу лидерите на САД и Советскиот сојуз во текот на 80-тите години, тогашните претседатели, Роналд Реган и Михаил Горбачов, се договориле да ја паузираат Студената војна во случај на инвазија на вонземјани.rnrn4. Истражувачите од „Харвард“ откриле дека луѓето кои немаат пријатели имаат ист ризик од предвремена смрт како и пушачите.rnrn5. Алберт Геринг, брат на познатиот нацист Херман Геринг, бил голем противник на политиката на Хитлеровата партија. Тој постојано им помагал на неистомислениците и на Евреите прогонувани од страна на режимот, а понекогаш го фалсификувал потписот на својот брат за да им дозволи безбедно да ја напуштат земјата.rnrn6. Џонатан Свифт, авторот на „Гуливеровите патувања“, страдал од тешка форма на депресија и секоја година на својот роденден го проколнувал своето доаѓање на овој свет така што бил облечен во црно.rnrn7. Една од причините зошто корсетите излегле од мода на почетокот на 20-тиот век бил фактот што за време на Првата светска војна, американските власти побарале од своите граѓани да се воздржат од купување за да остане повеќе метал за воената индустрија.rnrn8. Во едно истражување од 2012 година, лекарите ширум светот ја избрале анестезијата како најважно медицинско откритие, пред антибиотиците и рендгенот.rnrn9. Мравките спијат околу 250 пати на ден по една минута, што значи дека спијат нешто повеќе од 4 часа вкупно. На овој начин, 80% од мравките на една колонија се будни во секое време.rnrn10. Мислењето дека кафето и чајот може да ве дехидрираат е погрешно. Вистина е дека овие пијалаци се слаби диуретици, т.е. го стимулираат уринирањето, но оваа загуба на течности од вашиот организам е надоместена со дополнителната течност што ја внесувате кога пиете кафе или чај.rnrnПрочитајте ги и овие 10 факти што звучат неверојатно.

  • 5 профили на ТикТок што едуцираат, поврзуваат и го менуваат светот на подобро

    5 профили на ТикТок што едуцираат, поврзуваат и го менуваат светот на подобро

    Оваа година социјалните мрежи станаа попопуларни од кога и да е, а причина за тоа е пандемијата што нè натера да останеме во нашите домови повеќе месеци. Меѓутоа, ако на една социјална мрежа треба да ѝ се даде предност во популарноста во однос на другите, тогаш тоа е дефинитивно ТикТок. Иако многумина ја гледаат оваа релативно нова социјална мрежа како место само за деца кои танцуваат и смеат, ТикТок се покажа како виртуелно место каде што се случуваат исклучително важни работи. Образование, ширење позитивни пораки, активизам, желба и борба за промени се само некои од работите што ќе ги најдете таму. Овие пет профили ќе ви докажат дека ТикТок може да биде место каде што се рушат предрасудите и се учат нови работи.rn

    @thistrippyhippie

    rn

    @thistrippyhippietourette’s on a 3 hour car journey, no idea how my family puts up with it😂🐔#tourettes #foryou #tourettesyndrome #foryoupage #ticsrnrn♬ Elevator Music – Daniel Perryrnrn

    rnrnrnДваесетгодишната Еви преку својот канал ТикТок шири свест за лицата со Туретов синдром, од кој страда и таа. Со публика од 9,3 милиони луѓе, на кои таа секојдневно им покажува дека животот со тикови и напади честопати е погрешно сфатен, Еви споделува едукативни и смешни видеа. Но, без оглед на содржината, секое од овие видеа е инструмент со кој таа се бори против дискриминацијата.rn

    @nikkililly

    rn

    @nikkilillylooking for a cotton candy emoji right about now lol @yungblud #yungblud #cottoncandy #transition #fashion #y2k #inspo #makeup #outfitchangernrn♬ cotton candy – YUNGBLUDrnrn

    rnrnrnНики Лили има дури четири милиони следбеници со кои секој ден ја споделува својата животна приказна со артериовенски малформации. Преку упатства за шминкање и видеа за производи за убавина, Ники сака да му покаже на светот дека е иста како и сите други, и покрај тоа што изгледа малку поразлично.rn

    @lucyedwardsblind

    rn

    @lucyedwardsblindHow does a blind girl pour boiling water? #learnontiktok @tiktok_uk #howdoesablindgirl #edutok #boilingpoint #britishtearnrn♬ original sound – British blind girl 👁🦮👩‍🦯rnrn

    rnrnrnЛуси Едвардс е првата слепа радиопрезентерка на Бибиси што ја искористи платформата ТикТок за да ја подигне свеста за секојдневниот живот на слепите лица и да ги запознае луѓето со сите предизвици со кои се соочуваат. Исто така, Луси ги покажува начините на кои ги извршува секојдневните задачи, како што се пеглање, подготвување и нарачување храна, со што го воведува остатокот од светот во светот на слепите лица.rn

    @yazdemand

    rn

    @yazdemandPlease share this to as many transgender people you can!rnrn♬ original sound – Yaz🍩rnrn

    rnrnrnЈаз е трансродова жена, која преку видеа на ТикТок се обидува да им покаже на луѓето со какви предрасуди се занимаваат трансродовите луѓе. Бидејќи Јаз е и црнка, ја допираат и осудите, навредите и насилството што не се однесуваат само на нејзината трансродност, туку и на бојата на кожата. Преку своите видеа, таа се обидува да им го олесни животот на сите трансродови луѓе и да ги охрабри да бидат тоа што се.rn

    @jessicaoutofthecloset

    rn

    @jessicaoutoftheclosetKnow anyone in a Boston Marriage? 👩‍❤️‍👩 #learnontiktok #tiktoklearn #vintagelesbian #queerhistory #lgbtqrnrn♬ Angel’s Theme – Lionel Newman (conductor), Harry Sukman (conductor)rnrn

    rnrnrnЏесика е глува винтиџ модна блогерка и инфлуенсерка која отворено зборува за сопствената хомосексуалност и ги користи своите платформи за да ги образова луѓето за ЛГБТК+ заедницата, за нивната историја и за нивните права. Покрај тоа, Џесика руши митови за животот со попреченост и секогаш го става акцентот на позитивното.rnrnПогледнете што беше најпопуларно на ТикТок во 2020 година.

  • 5 причини зошто патувањето е најдобрата форма на учење

    5 причини зошто патувањето е најдобрата форма на учење

    Патувањето е одличен начин да созреете, да го искусите животот на нов начин и да научите кои работи се вредни. Тоа ви помага да стекнете знаење и вештини кои не се наоѓаат во училниците. Погледнете ги 5-те причини кои ќе ве натераат да инвестирате во искуства и да патувате почесто.rnrn5-prichini-zoshto-patuvanjeto-e-najdobrata-forma-na-uchenje-kafepauza.mkrn

    1. Искусување други култури

    rnСо патувањето можете да научите за многу разни култури, разни кујни, социјални очекувања, животни избори… Ќе можете подобро да ги разберете разликите и сличности помеѓу вашата култура и другите.rn

    2. Учење нови јазици

    rnСо комуникацијата и интеракцијата со други култури, можете да научите и нови јазици. Откако ќе ги научите основите преку книги, видеа или апликации обидете се навистина да го усовршите јазикот.rn

    3. Независност

    rnПатувањето ќе ве натера да бидете активни. Исто така ќе ја тестира вашата трпеливост и волја. Ќе научите да импровизирате и да се справувате со стресни ситуации.rn

    4. Ќе научите за себе

    rnКога ќе патувате ќе се соочите со многу пречки. Справувањето со овие ситуации ќе ви помогне да научите многу за себе. Ако не сте сигурни што сакате да правите со животот, патувањето ќе ви помогне да одлучите.rn

    5. Откривање на историјата

    rnМожете да читате за историјата колку што сакате, но за навистина да ја разберете морате да ги видите местата кои се допрени од неа. Нема ништо подобро од средба со локални жители и посетување музеи и знаменитости.rnrnПогледнете ги и 10-те најевтини дестинации во Европа за викенд патување.

  • 4 ситуации кога е сосема во ред да бидете себични

    4 ситуации кога е сосема во ред да бидете себични

    Себичноста е лоша особина, но таа понекогаш може да ви ги подобри односите со другите, доколку се употребува на правилен начин. „Морате да бидете посебични“, тврди Бенџамин Фишел, писател и ко-креатор на блогот „Project Monkey Mind“, наменет за оние кои сакаат послободен и поисполнет живот. Иако себичноста е една од најлошите човечки особини, сепак таа е важна во одредени моменти кога ви е потребно време само за вас. Себичноста ви помага да се сконцентрирате, затоа што вниманието повеќе не ви е поделено меѓу личната корист и грижата за другите.rnrn(1) Кога е добро да бидете себични: 4 работи кои треба да ги правите за себеrn

    „Колку повеќе инвестирате во себе, толку повеќе сте во состојба да се развивате, да растете и да им помогнете на другите“, истакнува Фишел.

    rnИако ова тврдење се чини спротивно од здравиот разум, себичноста може да ви помогне да ги подобрите и односите со другите. Со поставување цврсти граници, ќе ги научите луѓето дека сте во состојба да речете „не“, па според тоа тие ќе ги прилагодат очекувањата и нема да бидат разочарани или повредени. Можеби сега ви се наметнува прашањето: Кога треба да бидеме посебични?rnrnСпоред Фишел постојат неколку моменти кога треба да ја истакнеме оваа особина:rn

      rn011

    • Кога се обидувате да помогнете некому, а тоа ви го свртува вниманието од сопствените цели;
    • rn011

    • Кога се воздржувате да реализирате некој бизнис, некоја работа или да си го организирате животот онака како што посакувате, затоа што сте загрижени дека тоа може да повреди некого;
    • rn011

    • Кога во вашиот живот има луѓе кои ве исцрпуваат емоционално, ве спречуваат да го остварите својот потенцијал и да бидете најдобрата верзија од себе;
    • rn

    rnНо, мора да бидете себични на правилен начин, внимавајќи да не ги повредите останатите. Фишел набројува четири начини како времето кое го имате да го посветите на личен развој и задоволство.rn

    1. Посветете повеќе време на својата едукација

    rnОбразованието и личниот развој се најдобрите нешта кои можете да ги направите за себеси. Можеби имате обврски кон другите или тие очекуваат нешто од вас, но некогаш е подобро своите време и пари да ги вложите во книги и курсеви, како и на друго неформално или формално образование, кое ќе ви помогне да напредувате на приватен и на професионален план.rn

    2. Почесто велете „не“

    rnПовеќето од нас не сакаат да ги повредат луѓето околу себе или да ги комплицираат работите во односите со своето семејство, пријателите, колегите, па затоа ретко или воопшто не велат „не“. Потрудете се да кажувате „не“ без страв и чувство на вина. Секоја можност да кажете „не“ кога тоа искрено сакате да го кажете е всушност вежба за зајакнување на самодовербата и грижата за себе.rnrn(2) Кога е добро да бидете себични: 4 работи кои треба да ги правите за себеrn

    3. Трошете помалку време на повици и пораки до пријателите

    rnСпоред студиите, една личност во просек секој ден троши околу 4,7 часа користејќи го телефонот. Поголемиот дел од тоа време е залудно потрошено. Несреќата се наоѓа во тоа што таа навика веќе на големо е прифатена од сите и е дел од секојдневието, па доколку се одлучите малку да одморите од смартфоните и социјалните мрежи, луѓето можат да го сфатат тоа како ваша изолација, а други да се почувствуваат навредени. Но, доколку правилно го користите телефонот и ја редуцирате неговата употреба, тогаш повеќе време ќе ви остане да им се посветите на работите кои вистински ве прават среќни и ве исполнуваат, како и да се дружите со пријателите „лице в лице“.rn

    4. Понекогаш дозволете си да бидете малку мрзеливи

    rnБрзото темпо на животот, на кое денес се жалат поголемиот дел од луѓето, всушност ни ја всадува мислата дека секој момент мораме да бидеме продуктивни. Но, нашите тело и ум имаат потреба и од пауза за да ги наполнат своите „батерии“. Потсетете се дека не мора секогаш „нешто да постигнете“, понекогаш без грижа на совест дозволете си да останете в кревет, читајќи некоја убава книга, да погледнете некој добар филм или едноставно да дремнете. Прошетајте во природа без да размислувате на идните планови и активности.

  • Истражувањата потврдија: Стриповите ја развиваат љубовта кон книгите

    Истражувањата потврдија: Стриповите ја развиваат љубовта кон книгите

    Иако многумина сметаат дека стриповите не се соодветен избор за едукација на децата, сепак научниците тврдат дека тие се исто толку корисни како и книгите. Комбинацијата на забавните цртежи и кратките текстови, како и самата приказна која се обработува може да бидат вистинскиот пат кон развивање љубов за книгите и желба за учење.rnrnСтриповите ја развиваат љубовта кон книгатаrnrnПсихолозите се едногласни во ставот дека родителите треба активно да работат на развивање навики за читање кај своите деца. Според последните истражувања на Универзитетот во Илионоис, стриповите не само што се добри за развивање љубов кон книгите, туку играат и клучна улога во поставувањето на основите за понатамошното образование на децата.rn

    „Возрасните сметаат дека децата во стриповите ги гледаат само цртежите. Тоа е навистина така во некои случаи, но тие истото го прават и со илустрираните книги. Младите кои сакаат да стигнат до некое сознание мораат и текстот да го прочитаат и прегледаат со внимание. Кога ќе сфатите дека сликите и зборовите заедно ја прават приказната поквалитетна, ќе ви стане многу јасно дека стриповите се исто толку корисни како и енциклопедиите“, вели проф. д-р Керол Тил.

  • Заглавени во моментот: Како да се одглавиме и да тргнеме напред?

    Заглавени во моментот: Како да се одглавиме и да тргнеме напред?

    Автор: Калин БабушкуrnrnСекојдневно слушам како се жалиме дека економијата не ни била добра, примањата не ни се добри, патиштата не ни се добри, дека на работа не ни е добро, дека колегите не нè сакаат, дека менаџерите нè тормозат итн., итн.rnrnzaglaveni-vo-momentot-kako-da-se-odglavime-i-da-trgneme-napred-kafepauza.mkrnrnСакале ние да признаеме или не, заглавени сме во моментот. Да биде уште пострашно, не сакаме да се одглавиме. Доаѓаат странци и само прашуваат: Добро, зошто е ова вака? А ние само се правдаме дека е поради ова или поради она…, но никако да кажеме дека зависи од секој од нас индивидуално. Од секој од нас зависи дали ќе одиме напред или ќе си останеме тука и ќе обвинуваме некој друг за оваа ситуација (која и да е таа) и ќе си продолжиме да се жалиме за сè и сешто.rnrnЕве неколку идеи како да излеземе од оваа ситуација:rnrnЕдукација – ДЕНЕС ЕДУКАЦИЈАТА Е ПОПРИСТАПНА ОД КОГА БИЛО ДОСЕГА ВО ВАШИОТ ЖИВОТ. Само треба да сакате да се едуцирате затоа што сѐ што треба е на интернет и да напишете што ве интересира и ќе дознаете многу работи. Со едукација ќе добиете нови видици, нови знаења, нови предизвици.rnrnСамосвесност – Прво да си признаете дека сте заглавени во моментот и дека никако не можете да се одглавите. Тоа ќе го сознаете откако ќе увидите дека само кукате, а ништо не правите да се промени сето тоа. Едноставно нели, само треба да сте свесни?rnrnЗаборавете на минатото – Најголема пречка ни предизвикува минатото и „убавиот“ живот којшто тогаш сме го имале. Е, па минатото е минато и затоа треба да го заборавиме.rnrnПреземете ризик – Никој од нас не сака да презема ризик, па затоа и сме во овој момент. Излезете од сигурната зона. Почнете со мали ризици и пополека зголемувајте ги. Размислете што ве радува или што ве прави среќни и направете го тоа.rnrnИнвестирајте во себе – Најчеста причина што сме заглавени е тоа што многу малку инвестираме во себе. Почнете да живеете друг живот. Друг начин на хранење. Друг стил на облекување. Друг начин на размислување. Друг начин на гледање на работите…rnrnСпоредување – Обично знаеме да се споредуваме со другите, па ако веќе го правите тоа, правете го со некои кои, според вас, се успешни и сакате да бидете како нив. Но, немојте тоа да ви биде императив во животот, па ако не успеете, повторно да се разочарате.rnrnЛидер без титула – Има еден интересен концепт на „бидете најдобри во она што го правите…“ Бидете лидер сами на себе, а не за другите… со тоа што ќе бидете лидер сами за себе, ќе видите дека тоа ќе влијае и на другите (тоа е несомнено).rnrnНовитети – Секој ден правете нешто ново. Добро, немојте веднаш да започнете и секој ден, но барем еднаш на две недели. Сменете ја рутата по која одите дома или на работа или каде било. Воведете какви било новитети во вашиот живот, во вашата работа. Сменете ги рутините и работите што ги правите рутински.rnrnКако што може да видите има мал милион работи коишто може да ги направите и пополека да се одглавите од моментот во кој сте заглавени. Ако вие се одглавите од овој момент, не сте ни свесни колку сè луѓе ќе повлечете со вас… тргнете само од тие што се околу вас во моментов додека го читате ова!rnrn[message_box title=”” color=”yellow”]Петар Лазаров и Калин Бабушку, основачи на Македонија Експорт, се автори на прирачникот Tip of the week кој изобилува со совети за личен и професионален развој. Повеќе информации ќе најдете на нивната страница на Фејсбук. [/message_box]rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Зошто е корисно читањето класици?

    Зошто е корисно читањето класици?

    Денес, повеќето луѓе читаат бестселери, а класиците се некако подзаборавени, иако се дел од непроценливото интелектуално наследство на човештвото. Факт е дека читањето класици со себе носи многу придобивки и предности. Збогатување на вокабуларот, подобрената мозочна активност, безвременските теми, се само некои од нив.rnrnЗошто е корисно читањето класици?rn

    1. Збогатување на вокабуларот

    rnКога читате класици се среќавате со многу зборови што повеќе не се во употреба. Имањето побогат вокабулар е како да сте еден чекор пред останатите. Големиот арсенал зборови ја зголемува елоквентноста. Ќе бидете попрецизни во комуникацијата и ќе создадете впечаток на интелигентна личност, што пак многу ќе ви помогне во работните и друштвените ситуации.rn

    2. Подобро пишување

    rnЧитањето класици е најлесен начин за подобрување на пишувањето. Додека читате, потсвесно ја апсорбирате граматиката и стилот на авторот. Зошто да не се учи од најдобрите? Големите автори едноставно ви го обземаат умот, па така, по читањето, вашите мисли почнуваат да наликуваат на оние искажани од авторот во неговото дело. Ова влијание се пренесува врз пишувањето, и помага во формирањето на јасни и ритмични реченици.rn

    3. Подобро зборување

    rnПреку класиците, подобро размислувате, а со тоа станувате не само подобри во пишувањето, туку и во говорењето. Читањето на вакви дела ќе ви помогне да се изразувате со стил и прецизност. Ќе го усовршите јазикот на кој ги читате,  а со тоа ќе станете поубедливи, ќе звучите попаметно и ќе ја чувствувате предноста пред помалку вештите од вас.rnrnЗошто е корисно читањето класици?rn

    4. Добивање свежи идеи

    rnЗарем не е иронично што најдобрите идеи ги добиваме од автори кои се мртви со векови? Едни од најгенијалните идеи потекнуваат токму од класиците. Повеќето луѓе кои ги познавате најчесто читаат популарни блогови и бестселери, со што доаѓа до повторување на едни исти идеи, кои водат кон досада и монотонија. За тоа да не биде така, нека класиците бидат ваша инспирација. Така ќе ја зголемите креативноста и ќе се здобиете со нови, свежи идеи.rn

    5. Стекнување почит кон минатото

    rnАјнштајн еднаш рекол: „Оној кој чита само весници и книги од современи автори, мене ми делува како кратковида личност, која одбива да носи очила. Комплетно е зависен од предрасудите и трендовите на неговото време, затоа што никогаш ниту гледа, ниту слуша нешто друго. Сопствените размислувања на една личност, без да бидат стимулирани од размислувањата и искуствата на други луѓе, во најдобар случај се ниски и монотони. Во еден век, се раѓаат само неколку просветлени луѓе со луциден ум, стил и добар вкус. Она што е зачувано од нивната работа е бесценето за човештвото. Ништо не е повеќе потребно од тоа за надминување на снобизмот на модернистите.“rn

  • Презервативи со интересни амбалажи

    Презервативи со интересни амбалажи

    Овие презервативи имаат навистина многу интересни амбалажи. Смешните амбалажи имаат за цел да ги едуцираат и потсетат луѓето зошто е важно да купуваат и користат презервативи, но и да ја зголемат продажбата и профитот на производителите. Во продолжение ќе погледнете дизајни на презервативи од неколку производители кои навистина внимавале на нивниот продукт.Презервативи со интересни амбалажи Презервативи со интересни амбалажи Презервативи со интересни амбалажи Презервативи со интересни амбалажи Презервативи со интересни амбалажи Презервативи со интересни амбалажи Презервативи со интересни амбалажи Презервативи со интересни амбалажи Презервативи со интересни амбалажи
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Настанокот на светот во 90 секунди

    Настанокот на светот во 90 секунди

    Сè започнало пред многу, многу години… Во ова видео е прикажан настанокот на планетата Земја, како се развивале континентите, како се создал првиот организам, првите живи суштества и слично.rnНастанокот на светот во 90 секудниКратко едукативно видео, кое е навистина интересно и содржајно.rn


    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Што не треба да прават децата на интернет?

    Што не треба да прават децата на интернет?

    Денешните деца, сè помалку скокаат на ластик и си играат со топка во парковите. Тоа е сосем нормално, бидејќи живеат со глобализацијата, па не е воопшто чудно што ги интересираат новите технологии, сакаат да бидат во тек со сите нови модели на мобилни телефони и се љубопитни да знаат што прават нивните другарчиња на интернет.

    rn

    Меѓутоа поминувањето премногу часови пред компјутер е дефинитивно нездрава навика, поради која некои родители решаваат да ги казнат своите деца. Недавање дозвола за вклучување на компјутерот, исклучување на интернет-конекцијата, забрана за играње компјутерски игри, се некои од најчестите методи со кои обично се служат родителите за да ги казнат своите деца за прекумерното „киснење пред компјутер“.Што не треба да прават децата на интернет?Фондацијата Метаморфозис“ има изработено многу интересен проект, кој ни покажува како да ги научиме помладите да се однесуваат одговорно додека се поврзани на интернет и како да се заштитат од евентуалните опасности кои тој ги носи. Проектот има интересен пристап во едукација на најмладите, преку забавни онлајн игри и кратки филмови базирани на реални ситуации. Со нив, децата можат да се свестат за некои грешки кои ги прават додека сурфаат, а родителите можат да бидат сигурни дека тие се на безбедна веб-локација.

    rnПрекумерното сурфање, четување и играње компјутерски игри, навистина може да предизвика зависност. Но, постојат и далеку посериозни проблеми од овие. Сте слушнале за терминот „сабјернасилство“? Да, и тоа постои.rnrnВо рамките на проектот „Приватност на интернет на лесен начин“ се направени 10 игри за деца, меѓу кои и 2 квиза од типот на „Милионер“, кои се наменети и за тинејџери и се многу интересни. Не само младите, со овие игри пожелно е да се истестираат и повозрасните, за да проверат до кој степен имаат познавања за опасностите на интернет.rn

    rnФилмовите, како и игрите, опфаќаат разновидни теми, како чување на личните податоци на интернет, паметно користење на веб-камерите, етичко однесување со врсниците на интернет исто како во реалниот живот, финансиски злоупотреби на интернет итн.rn

    rnВажно е дека секоја игра и секој филм завршуваат со моќна порака која не ги оттргнува децата од компјутерот, туку им ја подига свеста за негово користење „со памет“. Еве неколку препораки кои произлегуваат од нив:rn

      rn011

    • Постои живот и надвор од видеоигрите. Не заборавајте да го живеете!
    • rn011

    • Во ред е да купувате преку интернет. Но, децата тоа треба да го прават заедно со своите родители.
    • rn011

    • Луѓето во виртуелниот свет не се секогаш тие коишто се претставуваат. Внимавајте со кого зборувате онлајн!
    • rn011

    • Не дозволувајте да ве наведат на несоодветно однесување пред веб-камерата!
    • rn011

    • Лозинките се лични, не треба да се споделуваат со други.
    • rn011

    • Можете да имате 1.000 пријатели на интернет. Важно е со колку од нив се дружите надвор од чет-прозорчето.
    • rn011

    • Почитувајте ја приватноста на другите!
    • rn011

    • Плагијатите лесно се откриваат. На интернет треба да се истражува, не да се препишува.
    • rn011

    • Ако крадете преку интернет со туѓ идентитет, повторно може да бидете фатени.
    • rn011

    • На интернет има многу информации. Не се сите точни.
    • rn

    rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.