КАФЕ ПАУЗА

Tag: еднонасочна

  • Како да престанете да зборувате само за себе?

    Како да престанете да зборувате само за себе?

    Дали навистина знаете како да ги слушате другите луѓе додека зборуваат или размислувате на следната работа која вие сакате да ја кажете? Кога имаме некое ново или возбудливо случување во нашите животи, сакаме нашите пријатели постојано да имаат желба да нè слушаат што имаме да им кажеме ново. Тоа не значи дека одеднаш престанал да нè интересира животот на нашите пријатели, туку едноставно не можеме да престанеме да зборуваме за себеси. Земете предвид дека кога не престанувате да зборувате за една иста работа, вашите пријатели најверојатно не сакаат да ги чујат ни половина од деталите кои ги споделувате со нив, бидејќи се измориле слушајќи и никогаш не стигнале на ред да ви кажат што има ново во нивните животи.rnrnКако да престанете да зборувате само за себе?rn

    1. Вежбајте како да слушате

    rnСлушањето е потешко отколку што мислите дека е, дури и кога станува збор за времетраење од само половина час. Најчесто, нашата верзија на поимот слушање подразбира процесирање на зборовите на нашиот соговорник и размислување што да му реплицираме на тоа. Навистина е реткост, кога можеме само да седиме и да слушаме, без да чувствуваме обврзаност или намера да вратиме на секоја реченица на соговорникот, со некој наш коментар.rnrnАко никогаш не сте искусиле ситуација во која некој само седел до вас и ве слушал што му зборувате, без да очекува двонасочна комуникација, можете само да фантазирате колку таквиот разговор има смирувачки ефект. Започнете го процесот на учење како да ги слушате другите додека зборуваат, така што ќе прашате некој ваш пријател каков му бил денот, како поминал на работа, како му е семејството, па дури и миленичето и слушнете го неговиот одговор, без да размислувате што да кажете за вашиот ден. Покажете искрен интерес за она што пријателот го споделува со вас. Ако ви постави прашање, избегнувајте долги одговори и веднаш вратете го фокусот на неговиот муабет, пред да е прекасно да се навратите на него и после 15 минути да сфатите дека сте „заглавиле“ раскажувајќи некоја ваша приказна.rn

    2. Поставувајте прашања кои имаат долг одговор

    rnАко ги знаете интересите и хобијата на вашиот соговорник, поставете некое прашање од нивната област. Вовлечете ги во разговор, така што ќе поставувате промислени прашања во низа. Со ваквиот тип разговори, вашиот соговорник ќе се почувствува почитувано и благодарно што се интересирате за неговиот живот, а вие ќе имате можност да научите нешто ново за него или за неговата област на експертиза.rn

    3. Крајот на вашиот одговор нека завршува со ново прашање

    rnЗа да постои рамноправна застапеност на двајцата учесници во разговорот, обидете се во вашите одговори да вметнете и кусо прашање, кое ќе ги инволвира и нив во разговорот. Ако зборувате на тема која на обајцата ви е позната и сакате да зборувате за тоа, можете да кажете нешто како на пример: „Да, ми се допаѓа целиот музички албум! Која ти е омилена песна?“ Дадете му на вашиот соговорник време да ви одговори без вие веднаш да „скокнете“ во неговиот одговор, кажувајќи му ги насловите на сите 12 песни по ред. Бидете сигурни дека сте го слушнале туѓото размислување, пред да го изнесете вашето.rnrnКако да престанете да зборувате само за себе?rn

    4. Почесто помислувајте на другите луѓе

    rnОва е тешка задача. Навикнати сме да мислиме на она што треба да го сториме подоцна, каде треба да бидеме утре или како да ги завршиме сите обврски до крајот на денот, поради што понекогаш забораваме да помислиме на другите. Почнете да си создавате навика  да помислите дали вашиот другар ужива на неговото патување во Америка или како испаднала  манџата која ја приготвила мајка ви за денешниот ручек. На тој начин, кога мајка ви ќе дојде дома или кога ќе се слушнете со пријателот преку Скајп, ќе можете да започнете разговор за нешто што таа/тој го направил/а, пред да почнете да кукате за вашиот глупав ден на работа, строгиот шеф или чудните колеги. Обидете се да ги започнувате вашите мисли со нешто друго освен со „јас“ или „мене“. Кога еднаш ќе успеете да си створите навика да помислувате на животите на други луѓе, ќе станете и поспособни да ја држите вашата уста затворена додека некој друг зборува и да слушнете што вашето семејство или пријателите имаат да ви кажат.rn

    5. Запомнете ја целта на разговорот

    rnСекој разговор почнува со некаква цел која некој од соговорниците се труди да ја постигне. Но, во секојдневието честопати, ако не и редовно, се случува во еден разговор соговорниците петнаесетина пати да „прерипаат“ од една на друга тема, така што кога ќе се разделат, забораваат за што воопшто разговарале и ќе констатираат дека не ги добиле одговорите кои сакале да ги чујат, ниту ги споделиле новостите од својот живот.rnrnМаксимално трудете се да се задржувате на темата на која разговарате. Секако, тоа не значи дека треба 3 часа да зборувате само за една иста работа, но темите треба да ги завршувате со некаква поента и да заокружите една целина, пред да преминете на некоја нова тема. Никој не сака да слуша 20-минутно дрдорење напразно и споделување информации, кои се неважни и досадни. Затоа, обидете се да го задржите фокусот на започнатата тема на разговор и бидете фер соговорник.rn

    Зошто треба да се потрудите да слушате повеќе, кога никој не ве слуша вас?

    rnЗборувањето за вашиот живот е природна човекова тенденција. Но, учејќи како да ја зауздите таа склоност и повеќе да ги слушате другите луѓе додека зборуваат, оставате простор за поквалитетна двонасочна комуникација, а воедно ќе станете човек, со кој секој ќе ужива да поразговара. Плус, ако вие сте покултурни и им оставате простор на луѓето да зборуваат подолго за нивниот живот, поверојатно е дека со тек на време, ќе сфатат дека и тие треба да ви го овозможат вам истото.rnrnИ на крајот, ако сиве овие совети не ви беа доволни, прочитајте ги 12-те златни правила за пријатен разговор.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.