КАФЕ ПАУЗА

Tag: еднаквост

  • Најубавиот студентски дом на светот

    Најубавиот студентски дом на светот

    Студентскиот дом „Tietgen“ се наоѓа во Копенхаген и има капацитет за сместување на 361 студент. Тој се одликува со авангардна архитектура, за која досега има добиено и многу признанија.rnrnНајубавиот студентски дом на светотrnrnАрхитектите се одлучиле за кружен облик на оваа градба, бидејќи сметале дека кругот е симбол на еднаквост и заедништво, двата главни принципа по кои сите се водат во овој студентски дом. Да постојат вакви студентски домови во Македонија, учењето би било многу позабавно.rnrnНајубавиот студентски дом на светотНајубавиот студентски дом на светотНајубавиот студентски дом на светотНајубавиот студентски дом на светотНајубавиот студентски дом на светотНајубавиот студентски дом на светотНајубавиот студентски дом на светотНајубавиот студентски дом на светотНајубавиот студентски дом на светот

  • Како ги уриваме стереотипите за половата нееднаквост?

    Како ги уриваме стереотипите за половата нееднаквост?

    Мажите се силни, опседнати се со спорт и се добри возачи. Жените се внимателни, зборлести, добри домаќинки… Точно или не баш? Модерни времиња, нови трендови и разлики кои пропаѓаат. Но дали може нашето општество да се носи со промените? Дали може жените да заборават на осетливоста, а мажите да престанат да му се покоруваат на синдромот на балкански алфа мажјак?rnrnКако ги уриваме стереотипите за половата нееднаквост? rnrnОва се дел од луѓето кои ги рушат половите стереотипи:rn

      rn011

    • Жени кои не носат шминка во својата торба каде и да одат.
    • rn011

    • Мажи кои мијат садови и бришат прашина.
    • rn011

    • Жени кои одбрале да бидат возачи на камиони.
    • rn011

    • Жени кои знаат да сменат гума на автомобилот.
    • rn011

    • Мажи кои знаат да ја вклучат машината за перење.
    • rn011

    • Мажи кои одат на пазарење.
    • rn011

    • Жени кои активно се вклучуваат во „машки“ муабети и дебатираат за спорт и политика.
    • rn011

    • Мажи кои пијат розови коктели и милкшејкови.
    • rn011

    • Жени кои одат во теретана и вежбаат со тегови.
    • rn011

    • Мажи кои гледаат романтични филмови.
    • rn011

    • Мажи кои знаат да пуштат солза.
    • rn011

    • Мажи кои готват и чуваат деца.
    • rn

    rnКако ги уриваме стереотипите за половата нееднаквост?rn

      rn011

    • Мажи кои се релаксираат во пенеста купка.
    • rn011

    • Жени кои пијат пиво и гледаат фудбал.
    • rn011

    • Жени кои уплаќаат во спортска кладилница.
    • rn011

    • Мажи кои не се срамат да признаат дека се плашат од нешто.
    • rn011

    • Жени кои излегуваат без фризура, без шминка и тотално „кежуал“ облечени.
    • rn011

    • Мажи кои знаат барем неколку кореографии на познати песни.
    • rn011

    • Жени кои пијат ракија.
    • rn011

    • Жени кои ќе му се спротивстават на тој кој ги задева и соодветно ќе се одбранат сами.
    • rn011

    • Жени – екстремни спортисти.
    • rn011

    • Мажи кои мразат фудбал.
    • rn011

    • Жени кои имаат кариера, семејство и социјален живот.
    • rn

    rnВо кој момент од нашата еволуција и развиток, горенаведените карактеристики почнаа да наликуваат на мажи со геј ориентација или жени со повеќе машки хормони?rnrnСите ние сакаме нашите ќерки во иднина да израснат во силни индивидуи без да бидат зависни од мажот, со сопствени финансиски средства и свои одлуки каде ќе ги потрошат парите. Сакаме идните генерации на мажи, да бидат чувствителни џентлмени, со почит и разбирање. Зошто тогаш не преземаме ништо? Погледнете околу себе и инспирирајте се од луѓето кои веќе ги прават тие промени.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Астрологијата и мислењето на мажите за половата еднаквост

    Астрологијата и мислењето на мажите за половата еднаквост

    Од сите 12 хороскопски знаци, најголема слобода ќе ви дадат воздушните знаци (Близнаци, Вага, Водолија), Јарецот пак е отворено против правата на жените, а за Раковите идеална жена преставува жената-домаќинка. Прочитајте што мислат за женските права, сите машки претставници на хороскопските знаци.rnrnАстрологијата и мислењето на мажите за половата еднаквостrnrnЗа типичниот Овен, еманципацијата е тешка измислица на исфрустрираните жени. Од припадниците на понежниот пол, тој очекува да бидат женствени, да се грижат за домот и да изгледаат убаво. Ако таа ги исполни овие негови барања и плус сака да гради и кариера, тој нема да ја спречи во тоа, но нема ни да ѝ помогне.rnrnАко сте се врзале за Бик, тогаш работите ви се очигледни уште од самиот почеток. Штом вашата рамноправност почнува да ја загрозува неговата удобност, односите помеѓу вас ќе почнат да се заоструваат. Така, ако кога ќе дојде дома нема топол дочек на врата со бакнеж, нема домашно приготвена вечера, ниту испеглана кошула, проблемите се на повидок. Тој ќе ве заштитува и пази, ќе ви отвора врата, но немојте да се надевате дека ќе ги мие садовите.rnrnРакот за идеална жена ја смета само својата мајка, па ќе се мурти ако почнете да си ги барате своите права. Најекстремните машки припадници на овој знак, не го оправдуваат носењето пантолони, пушењето, пиењето алкохол и слично. За ракот, домот и семејството претставуваат светост, па секоја жена која не е сопруга и мајка, за него претставува тотално промашување.rnrnВо клубот на џентлемени, кои преку ноќ се претвораат во машки шовинистички свињи, се вбројува и Лавот, но тој сепак не е толку „тврд орев“ како што изгледа. Единствено нешто што треба да правите, е да го почитувате „златното“ правило: секојпат кога ќе реши да ви помогне околу готвењето и перењето, не го фалете пред неговите пријатели, бидејќи тие го сметаат за најголемиот мачо во друштвото. Секогаш кога ќе реши да сработи нешто, ќе морате постојано да му се восхитувате и да му се заблагодарувате, како божем со тоа да ви прави вам услуга.rnrnЈарецот е отворено против женските права – мажите со престилка ги смета за предавници на својот пол, а со жена која не е доволно вредна, воопшто нема да се впушти во сериозна љубовна врска. Од Рибите никој не би очекувал да има толку конзервативни ставови, но бидејќи сепак припаѓа на посилниот пол, тоа го користи како последен адут во своја одбрана, кога се наоѓа во нестабилен однос со жените. Сепак тој не е непоправлив, но не треба да му дозволите да се занесе со романтични приказни и да се заседне во фотелјата, па да заборави дека требал да ја подмачка вратата која чкрипи.rnrnДевицата и Скорпијата навидум го почитуваат феминизмот и половата еднаквост, но не им верувајте бидејќи во реалниот живот кај нив преовладуваат старите навики (мажот си е маж). Тие со задоволство ќе се грижат за семејството и финансиите, ќе поправаат по дома и гордо ќе лепат плочки во бањата, но сѐ уште со километри се далеку од готвењето и пеглањето. Стрелецот сѐ уште се колеба помеѓу новите струења и сигурноста на старата повластена положба на мажите, но и кога изигрува глава на домот, тој тоа не го мисли сериозно.rnrnШлагот на тортата доаѓа на крајот, па доколку зборуваме за мажи кои се типични Водолии, Близнаци или Ваги, тие со отворено срце ја прифаќаат еднаквоста помеѓу половите. Во душа се за рамноправност на сите луѓе и со задоволство ќе го поднесат својот дел од товарот. Тие се мажи кои умеат да бидат одлични пријатели со жените и не патат од комплексот „јас сум Тарзан, а ти си Џејн“. Со шармантниот близнак слатко ќе се смеете водејќи интересен разговор, без вулгарно да ви се додворува. Вагата ќе ви подари цвет и ќе ви ја зготви највкусната вечера на светот, а водолијата со часови ќе си игра со децата, а вам ќе ви пристапи со доверба и почитување.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Најдобрите и најлошите места на светот да се биде жена

    Најдобрите и најлошите места на светот да се биде жена

    Автор: Моника ТрајковскаrnrnДолго време жените се бореле за своите права на еднаквост во светот на мажите. Во последните 6 години, околу 85% од државите ги подобриле условите за жените, според Светскиот Економски Форум, но од економска и политичка гледна точка има уште долг пат пред нив. Еве неколку места каде што е одлично да се биде жена, но и неколку места каде што на жените сè уште им е многу тешко да бидат тоа што се.rn
    rn

    1. Најдобро место да се биде жена – Исланд

    rnИсланд има најголема рамноправност помеѓу двата пола, земајќи ги предвид индикаторите во политиката, едукацијата, вработеноста и здравството. Најлошото место да се биде жена е во Јемен, а најопасно е во Авганистан.Најдобрите и најлошите места на светот да се биде женаrn

    2. Најдобро место да се биде „глава“ на државата – Шри Ланка

    rnЖените владеат со Шри Ланка скоро 23 години. За разлика од нив, во Шпанија и Шведска никогаш немало жена на поважна функција во владата.Најдобрите и најлошите места на светот да се биде женаrn

    3. Најдобро место да се биде жена во областа на уметноста и филмот – Шведска

    rnШведскиот совет за уметност поднел иницијатива за подобрување на рамноправноста помеѓу половите во уметноста. Исто така, Шведскиот филмски институт овозможува подеднакво распределување на мажите и жените во филмската индустрија. Во Велика Британија пак, само 6% од филмските режисери и 12% од сценаристите се жени.Најдобрите и најлошите места на светот да се биде женаrn

    4. Најдобро место да се биде мајка – Норвешка

    rnНорвешка е најдоброто место на светот да се биде мајка, со многу мали шанси за смртност при пораѓај (1:7.600). Најлошо место за ова е да се биде во Авганистан, каде што жената има барем 200 пати повеќе шанси да умре при пораѓај отколку од бомба, куршум или друг вид напад.Најдобрите и најлошите места на светот да се биде женаrn

    5. Најдобро место за економистки – Бахами

    rnБахамите го држат првото место на глобално ниво за економска партиципација на жените. Тие ја затвориле половата „дупка на нерамноправност“ за околу 91% во последниве шест години, за разлика од најниско рангираната држава, Јемен која има зголемување на рамноправноста помеѓу половите во економијата за само 32%.Најдобрите и најлошите места на светот да се биде женаrn

    6. Најдобро место да се биде новинарка – Карибите

    rnКарибите се регион со највисока застапеност на ТВ, радио и печатени вести за кои известуваат жени (45%). Најлошата област е во Африка, со само 30% од настаните кои се водени од жени. Во Велика Британија има најмал процент на жени уредници на весници, само 9%.Најдобрите и најлошите места на светот да се биде женаrn

    7. Најдобро место да се живее долго – Јапонија

    rnЖените во Јапонија живеат просечно околу 87 години, победувајќи ги мажите за 7 години. Најкраткото просечно време на живот за жени е во Лесото – 48 години, кое е само 2 години пократко од она на мажите.Најдобрите и најлошите места на светот да се биде женаrn

    8. Најдобро место за студирање – Катар

    rnВо Катар на секој еден маж, се запишуваат шест жени на студирање. Додека пак во државата Чад, има три пати повеќе мажи од жени кои студираат.Најдобрите и најлошите места на светот да се биде женаrn

    9. Најдобро место да се заработи пари – Луксембург

    rnЛуксембург заедно со Норвешка го делат првото место за можност за заработка. И жените и мажите заработуваат просечно околу 40.000 долари годишно. За жените најлошо е да работат во Саудиска Арабија каде што просечното заработување на годишно ниво е околу 7.157 долари, додека пак мажите за иста работа заработуваат просечно околу 36.727 долари.Најдобрите и најлошите места на светот да се биде женаrn

    10. Најдобро место да се биде спортистка – Америка

    rnПет од десетте најплатени жени спортистки биле од Америка. Најлошата држава е Саудиска Арабија која никогаш не пратила жена на Олимписките игри и има забрана за девојчињата да тренираат каков било спорт во училиште.Најдобрите и најлошите места на светот да се биде жена
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.