КАФЕ ПАУЗА

Tag: движење

  • Топ 10 факти за слоновите

    Топ 10 факти за слоновите

    Прочитајте неколку факти за овој загрозен вид интелигентни животни…rnrn1. Дали сте знаеле дека денес живеат само три вида слонови? Тоа се саванскиот (африкански), шумскиот (африкански) и азискиот, кој е исто така познат и како индиски слон. Сите останати видови се изумрени. Некои заради климатските промени и вегетацијата, а некои како резултат на ловот. Во минатото постоеле околу 170 видови слонови.Топ 10 факти за слоновите2. Слоновите се најголемите копнени животни во светот. Најголемиот слон регистриран досега, бил застрелан во Ангола, во 1956 година. Тој бил мажјак, тежел 11 тони и бил висок 3,96 метри, што е за еден метар повеќе од просечната висина на машкиот африкански слон.Топ 10 факти за слоновите3. Бременоста кај слоновите трае 22 месеци, подолго одошто кај кое било друго животно на земјата. Новородените слончиња тежат околу 120 килограми. Просечниот животен век на овие животни е од 50 до 70 години. Најстариот слон живеел 82 години. За здравите и возрасни слонови нема природни предатори, иако лавовите можат да совладаат помлади и послаби поединци. Може да се каже дека единствениот непријател им е човекот.Топ 10 факти за слоновите4. Слоновите имаат и најголем мозок од сите копнени животински видови. Тој тежи над 5 килограми. На овие животни им се припишува широка палета чувства и интелигентни однесувања. Такви се: тагата, сочувството, самосвеста, уметничките способности, реагирање на музика, алтруизам, игра, можност за користење алатки конструирани од човекот…Топ 10 факти за слоновите5. Машките и женските слонови драстично се разликуваат. Женките целиот свој живот го поминуваат во тесна врска со семејството, живеат во групи составени од нивните мајки, ќерки и други женки-роднини… Предводени се од најстарата женка, односно матријарх. Возрасните мажјаци пак, главно живеат осамен живот.Топ 10 факти за слоновите6. Извиените коски кај возрасните мажјаци растат по околу 18 сантиметри годишно. Ги користат за да го расчистат патот пред нив, но и за да ископаат храна, вода, сол или корења. Со нив ја лупат и кората од дрвјата, со која се хранат. Ги користат и за да ја означат нивната територија, а повремено и како оружје.Топ 10 факти за слоновите7. Сурлата е најважниот дел кај слонот. Африканските слонови имаат две ноздри на сурлата, а азиските само една. Таа е толку чувствителна што може да подигне дури и најмала тревка, но, сепак, доволно силна за да ги искрши гранките од дрвјата кои им го попречуваат патот. Сурлата исто така, се користи и за пиење вода. Слоновите со едно вшмукување, можат да соберат 14 литри вода. Сурлата им служи и за бањање. Прво се мијат со вода, а после вшмукуваат кал и се прскаат со него. На ваков начин прават заштитен слој на кожата, кој ги штити од сонцето.Топ 10 факти за слоновите8. Африканските слонови живеат во 37 земји во Африка. Тие во неколку работи се разликуваат од азиските. Значително се поголеми и имаат вдлабнатина на грбот. Најзабележителни се нивните големи уши. Тие се долги 1,5 метри и широки 1,2 метри. Сите африкански слонови имаат коскени израстоци. За разлика од нив, кај азиските слонови тоа е карактеристика само за мажјаците. Африканските слонови се и помалку влакнести од нивните азиски роднини. Женките пак, од азискиот вид имаат слабо развиена сурла.Топ 10 факти за слоновите9. Слоновите се добри пливачи, но не можат да скокаат или да галопираат. Имаат два начина на движење, нормално одење и брзо одење, кое наликува на трчање.Топ 10 факти за слоновите10. Слоновите се тревопасни животни и знаат да потрошат околу 16 часа дневно за јадење растенија. Нивната исхрана е многу променлива, како сезонски, така и по региони. Се хранат со листови, кора и плодови од дрвјата и грмушките, но исто така пасат и трева и билки.Топ 10 факти за слоновите
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Моќта на музиката

    Моќта на музиката

    Дури и лошата музика може позитивно да ни влијае, покажуваат некои истражувања. Музиката може да нè релаксира после напорниот работен ден, но и да нè извади од најдлабоките емотивни кризи и да ни помогне да ги надминеме сериозните здравствени проблеми… Еве некои од нејзините позитивни ефекти:rn

    1. Го репарира оштетениот мозок

    rnМузиката има моќ да помогне во справувањето со последиците од мозочен удар. Таа може делумно да ги подобри и другите повреди и оштетувања на мозокот, кои доведуваат до намалување на видот или на говорот. Во некои случаи музиката може дури и да ги врати овие изгубени сетила кај пациентите. Лицата со оштетувања на левата мозочна хемисфера, кои тешко говорат, зборовите можат да ги изустат пеејќи ги и тоа без потешкотии и без претходно вежбање. После тоа, повторно со моќта на музиката и со малку повеќе напор, прашање е на време, кога овие пациенти ќе почнат да изговараат едноставни, но цели реченици. Ова некои го коментираат како шлаканица за неврологијата.rnrnМоќта на музикатаrnrnОбјаснување: Терапијата со музика, односно феноменот пеење, кај пациентите кои не можат или едвај зборуваат, се должи на тоа што функциите за говорот се лоцирани во левата страна од мозокот, а музиката ја чувствуваме, примаме и обработуваме преку десната. Во случај, мозочен удар да ни го оштети или одземе говорот, музиката го тренира десниот дел од мозокот да ја преземе оваа функција. Во кратки црти, таа го масира мозокот и го активира лачењето на допаминот, кој едноставно ја подобрува неговата работа. Музиката го зголемува и хормонот на среќата, серотонинот.rn

    2. Се справува со зависностите

    rnМузиката е пожелна во фазата на детоксикација на организмот, кој се одвикнува од болестите на зависност. Свирењето на некој музички инструмент и слушањето музика, на пациентите можат да им помогнат полесно да им се спротивстават на негативните импулси и емоции и да ја зголемат нивната самоконтрола. На зависниците од дрога им овозможува да се справат со апстиненцијата, а редовното слушање на нивните омилени песни може да им ја намали телесната болка. Кај љубителите на музиката се намалуваат срцевите отчукувања, крвниот притисок, тензијата во мускулите… Пожелно е да се слуша по 12 минути на почетокот на денот и пред спиење.rnrnМоќта на музикатаrnrnОбјаснување: Музиката директно влијае на невротрансмитерите, задолжени за пренос на информациите во нашата глава. Така делуваат и лековите, но за разлика од музиката, тие го прават нашиот мозок мрзлив, му наредуваат да престане да ги произведува неопходните супстанци и ја преземаат таа улога. Ова ја нарушува функцијата на мозокот, кој по престанокот на земањето лекови, тешко се осамостојува.rn

    3. Го зголемува имунитетот

    rnИзненадување за грипосаните читатели. Добро е да знаете дека дејството на супите и чајчињата може да се зголеми со слушање музика. Таа го зајакнува нашиот имунолошки систем. Им ја подобрува состојбата и на хронично болните лица, а одлична е дури и за обична настинка. Кревкиот организам, нападнат од вируси и бактерии, подобро ќе се бори со нив, ако слушате музика. Се препорачува џез, софт-рок или блуграс.rnrnМоќта на музикатаrnrnОбјаснување: За почеток, музиката го намалува стресот, преку редуцирање на нивото на кортизол во мозокот. Тоа е супстанца која предизвикува чувство на стрес, кој пак го напаѓа имунитетот. Правците како џез, софт-рок и блуграс, се особено ефикасни во намалување на оваа непријатна појава. Тие имаат слични музички квалитети и затоа идентично делуваат на здравјето. Создаваат повеќе антитела, кои се борат со болеста.rn

    4. Спречува напади

    rnМузиката на Моцарт ги редуцира нападите. Резултатите се видливи по 5 минути изложеност на композициите на овој гениј, отсвирени на пијано, а во некои случаи дури и за покусо време. Моцарт позитивно влијае и кај пациентите во кома. Експериментирањето со други форми на музика, покажало минимални резултати.rnrnМоќта на музикатаrnrnОбјаснување: На науката сè уште не ù е познато зошто на нашиот мозок највеќе му одговараат звуците на пијаното. Јасно е дека ја стимулираат кората на големиот мозок, но зошто баш Моцарт, нема објаснување.rn

    5. Ја враќа загубената меморија

    rnАко го заборавивте првиот бакнеж, пуштете ја вашата омилена музика, опуштете се и спомените ќе надојдат. Се надеваме само дека нема да ги активираат вашите лоши сеќавања. Музиката поволно влијае и врз  пациентите со Алцхајмерова болест, им помага да се сетат на делови од минатото.rnrnМоќта на музикатаrnrnОбјаснување: Слушањето музика ангажира многу области во мозокот, особено во десната хемисфера. Она што го може музиката, не го може ниту најдлабокиот разговор со психијатрите. Со нашите омилени звуци, се активира и областа во мозокот наречена хипокампус. Тој е задолжен за долготрајната меморија.rn

    6. Ја зголемува моќта за просторно расудување

    rnИ тука Моцарт се покажал како најуспешен. Неговите композиции отсвирени на пијано, може да ја подигнат моќта на расудување во просек за 9 IQ поени. Што значи дека кај некои луѓе звуците на пијаното можат да го зголемат нивото на интелегенција и многу повеќе.rnrnМоќта на музикатаrnrnОбјаснување: Постојат многу теории за ова. Некои од нив, тврдат дека музиката на Моцарт се фокусира повеќе на слушателот. Други пак, се базираат на тврдењето дека композициите отсвирени на пијано, ја зголемуваат активноста во критичните региони во мозокот.rn

    7. Лечи Паркинсонова болест?

    rnТука најверојатно веднаш се прашувате дали позитивното влијание на музиката врз мозокот може да ги подобри и телесните функции? Истражувањата велат дека може. Ако имате Паркинсонова болест, ритамот на  музиката може да ви помогне и физички да закрепнете. Експертите, како пример ја земаат Rande Gedaliah, на која во 2003 година ѝ била дијагностицирана Паркинсонова болест. Симптомите карактеристични за заболувањето, проблемите со рамнотежата и мускулните грчеви нагло ѝ се влошувале. Но, еден ден додека слушала музика, таа забележала дека со леснотија ги движи екстремитетите, односно дека ритамот на музиката го диктира нивното темпо. Со ова заболување веќе подолго време се справува и познатиот актер, Мајкл Џ. Фокс.rnrnМоќта на музикатаrnrnОбјаснување: Дали сте забележале дека кога сте затворени во соба и слушате музика, стапалото ви игра самото од себе? Тоа е така, затоа што делови од мозокот, кои се справуваат со ритамот и движењето, се до толку автоматизирани, што не е потребно свесно да ги контролираме потезите. Со музиката, и пациентите со брадикинезија (забавено движење) полесно функционираат. Кога нивниот мозок ги прима звуците, веднаш испраќа лажни сигнали до нозете и ги поттикнува да се движат. Позитивно влијание врз болните има и свирењето на некој инструмент.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Интерактивна репродукција на „Ѕвездена ноќ“ од Ван Гог

    Интерактивна репродукција на „Ѕвездена ноќ“ од Ван Гог

    Грчкиот уметник и електроинженер Петрос Врелис, изработил интерактивна анимација на „Ѕвездена ноќ“, едно од најпознатите дела на Винсент ван Гог. Оваа некласична репродукција е проследена и со пријатна музика. Функционира на екран на допир, преку кој љубителите на современата уметност кои ќе дојдат во контакт со интерактивната слика, можат да го контролираат движењето, а со него и музичките тонови. Кога ќе престанат да манипулираат со сликата, таа се враќа во нејзината првобитна состојба.Интерактивна репродукција на „Ѕвездена ноќ“ од Ван ГогЗа да го создаде звукот и тој да се менува пропорционално со движењето на сликата, уметникот користел миди интерфејс. Анимацијата вклучува околу 80.000 честички, нацртани како „OpenGL“ минимапи, за чие движење бил изработен посебен „флуиден“ алгоритам. Преку следното видео, уживајте во овој уникатен спој на класичното и на современото. Пуштете го на цел екран.rn

    rn

    „Ѕвездена ноќ“ го претставува погледот од прозорецот од собата во душевната болница каде се лекувал Ван Гог. Ова ремек дело на холандскиот пост-импресионист, се наоѓа во Музејот на модерна уметност во Њујорк, САД. Во едно од писмата адресирани до неговиот брат Тео, Ван Гог напишал дека е незадоволен со изгледот на сликата.


    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 22 начини да бидете поактивни

    22 начини да бидете поактивни

    Модерниот начин на живеење е далеку од активен. Иако сите некаде брзаме и сме презафатени, сепак поминуваме огромен дел од денот во седечка положба, најчесто пред монитор. После тоа компјутерскиот екран го заменуваме, со оној поголемиот за да се одмориме гледајќи некој од омилените ТВ канали или некое добро филмче. Токму поради оваа лежерност, често знае да нè боли грб, да се укочуваме и ред други. Ова се 22 предлога кои можат да ви помогнат малку да се раздвижите и да си го подобрите целокупното здравје. Одберете неколку кои најмногу ви одговараат и применете ги.rnrn22 начини да бидете поактивниrnrn1. Запишете се на часови по танцување.rnrn2. Искосете ја тревата во дворот или средете ја градината.rnrn3. Ослободете се од непотребните работи во плакарите и низ дома.rnrn4. Земете си куче за чување.rnrn5. Забавувајте се со децата, се разбира доколку ги имате.rnrn6. Редовно шетајте по музеи, паркови, продавници и слични места.rnrn7. Не викајте молер за бојадисување на куќата, направете го тоа сами.rnrn8. Направете тим со вашите другари и секоја недела во истиот термин спортувајте нешто по желба.rnrn9. Волонтирајте во некоја организација, старечки дом или сиропиталиште.rnrn10. Променете го распоредот во дневната или детската соба.rnrn11. Секое попладне шетајте по половина час.rnrn12. Доколку живеете во зграда, повеќе употребувајте ги скалите, отколку лифтот.rnrn13. Не нарачувајте храна преку достава ниту на работа ниту дома. Наместо тоа, појдете и купете си нешто сами.rnrn14. За некого и пеглањето може да биде опција.rnrn15. Еднаш неделно шетајте во природа. Појдете на кампување, искачете некој врв или едноставно прошетајте по убавините низ земјата.rnrn16. Згответе нешто. Ем така јадењето е повкусно, ем ќе бидете активни, ем ќе изненадите некого по дома.rnrn17. Помагајте им на пријателите околу домашните обврски. Појдете да им помогнете да се иселат, да го бојадисаат својот дом, да изградат нешто или при некоја слична активност.rnrn18. Доколку сте во можност, на работа одете со велосипед.rnrn19. Еднаш или два пати неделно појдете на базен.rnrn20. Секое утро растегнувајте се после будењето.rnrn21. Одберете некое хоби, кое ќе ве натера да ги движите рацете. Тоа може да биде сликање, чување пчели, обработка на дрво и слично.rnrn22. Чистете по дома.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Емоции овековечени во фотографии

    Емоции овековечени во фотографии

    Најверојатно никогаш нема да ни биде доста од овој тренд во уметноста – фотографии изработени во GIF формат кои нè одведуваат кон едно повисоко скалило на артистичко доживување. Во нив фиксниот момент уловен со фотоапаратот, преминува во подвижен и реално го прикажува случувањето, односно приказната во фотографијата.Овековечени моменти во фотографија24-годишната Ана Паис, родена во Венецуела, ја креирала оваа серија подвижни фотографии т.н. „Eternal Moments“ (Вечни моменти). Таа е графички дизајнер која работи хонорарно, а овие фотографии ги има изработено врз основа на музичкото видео „Keep on Dancing“, кое е во режија на Андре Тентугал.Овековечени моменти во фотографијаПридушените бои, во комбинација со суптилното пренесување на емоцијата која е бистро прикажана во фотографиите, трепкањето на очите, капките вода кои течат по лицето и чадот од цигари кој излегува од устата, создаваат еден спиритуален ефект.Овековечени моменти во фотографијаОвековечени моменти во фотографијаОвековечени моменти во фотографијаОвековечени моменти во фотографијаОвековечени моменти во фотографијаОвековечени моменти во фотографија

    rnrn

    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Движење во статични фотографии

    Движење во статични фотографии

    Подвижните фотографии и понатаму не престануваат да ни бидат интересни. Ако техниката на нивната изработка, подразбираше вистинско движење во дел од нив, така правејќи ги нешто помеѓу фотографии и видеа, овој пат имаме нешто поразлично.Движење во статични фотографииРеј Демски е фотограф кој сака да ги фаќа неверојатните моменти на спортистите и танчерите. Но, она што тој го сака во нив е акцијата и авантурата. Избрал интересен начин да го пренесе тоа. Движење во статични фотографииТој се занимава со т.н. фотографирање во низа (Sequence Photography), што претставува техника на фотографирање серија од слики, во кои субјектот се фаќа во последователни движења. Ваквото фотографирање е одличен начин за доловување акција и движење во статичните фотографии. Поврзаните фото-секвенци покажуваат поинаква перспектива на движењето од она што може да се фати на една статична слика.Движење во статични фотографииДвижење во статични фотографииДвижење во статични фотографииДвижење во статични фотографииДвижење во статични фотографииДвижење во статични фотографииДвижење во статични фотографииДвижење во статични фотографииДвижење во статични фотографииДвижење во статични фотографииrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.