КАФЕ ПАУЗА

Tag: движење

  • Париз во движење

    Париз во движење

    Mayeul Akpovi е фантастичен фотограф кој се занимава со time-lapse фотографија и креирање кратки филмчиња. Тој е роден во Република Бенин, Западна Африка, но моментално живее во Безансон, Франција. Восхитен од убавините кои ги нуди овој романтичен град, тој решил да сними прекрасни видеа, кои ја доловуваат убавината на раздвижениот Париз.rnrnПариз во движење rnrnВо неговото најново видео, употребил 3.500 фотографии од Париз кои сам ги фотографирал и потоа ги споил за да креира фантастично ремек-дело. Уверете се и сами во тоа:rnrn


    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како правилно се користи ескалатор?

    Како правилно се користи ескалатор?

    Погледнете ја оваа интересна и корисна илустрација за соодветна употреба на ескалаторите. Изработена е од страна на Helen Tseng, за онлајн списанието „Bold Italic“. Ќе се согласите дека ретки се оние кои се придржуваат до следните правила:rnrnКако правилно се користи ескалатор?rnrn

    1. Што да не правите кога се возите со ескалатор?

    rn

      rn011

    • Не стојте веднаш до вашиот пријател, го блокирате патот
    • rn011

    • Не земајте го со вас вашиот велосипед
    • rn011

    • Не блокирајте го патот со вашите кеси
    • rn011

    • Не валкајте ја оградата
    • rn011

    • Не спуштајте се надолу по неа
    • rn011

    • Не вршете нужда
    • rn011

    • Не стојте пред ескалаторот
    • rn

    rn

    2. Почитувајте ја културата на движење:

    rn

      rn011

    • Движете се на левата страна
    • rn011

    • Стојте на десната
    • rn011

    • Чувајте ги вашите кеси настрана од патот
    • rn011

    • Насмевнете се и дозволете ѝ на машината да ја врши работата
    • rn


    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Рок бар кој ве носи на патување околу светот

    Рок бар кој ве носи на патување околу светот

    Барот „The Passenger Bar“ е лоциран во Мадрид, Шпанија, а е инспириран од старомодните возови од 20-ти век, уреден со многу кожа, бакар и темно дрво. Но, она што го прави уникатен, е фактот дека овој бар-воз ги води неговите гости на прошетка околу светот, без да ги напушти неговите темели.rnrnРок бар кој ве носи на патување околу светотrnrnОвој кафе бар преку ден и рок бар навечер, им нуди илузија на движење на неговите посетители. Трите „прозорци“ покрај седиштата, се всушност видео екрани кои се програмирани да покажуваат синхронизирано движење кое се пренесува од еден кон друг прозорец, кои создаваат чувство дека гледате низ вистински прозорец додека се возите во воз. Па така, додека пиете кафе или коктел во ова интимно место, ќе уживате во убавиот урбан поглед или природна убавина низ која минувате „по патот“. rnrnРок бар кој ве носи на патување околу светотРок бар кој ве носи на патување околу светотrnrnВидеата ги креирал шпанскиот видео артист Франгер, а фотографиите од урбаните сцени и пејзажите се направени од вистински возови, кои возат ширум светот. Фантастична идеја нели?!rnrnРок бар кој ве носи на патување околу светотrnrnДизајнерите на овој бар од компанијата „Parolio“ биле инспирирани од долгиот и тесен простор, па така продолжиле со концептот за создавање бар кој наликува на воз. Доследни во врска со рок музиката која е присутна во вечерните часови, тие го декорирале ходникот со фотографии од најголемите ѕвезди од класичната рок музика, фотографирани во возови и железнички станици. Сопственици на овој бар се младите шпански актери Родриго Тарамона и Џими Кастро.rnrnРок бар кој ве носи на патување околу светот
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Колку брзо се движи Земјата?

    Колку брзо се движи Земјата?

    Земјата се врти околу себе (на екваторот) со брзина од околу 1.700 километри на час. Секако оваа брзина е релативна. На пример, ротирањето на Земјата околу себе е најбрзо на екваторот и како што се движите кон половите така постепено и се намалува нејзината брзина.Колку брзо се движи Земјата?Исто така, како патници на Земјата сите ние се движиме околу Сонцето со брзина од околу 107.200 километри на час. Причината поради која ние не ги чувствуваме овие движења е иста како и причината поради која не го чувствуваме движењето на авионот додека летаме со константна брзина. Брзината на еден објект може да се измери само ако се споредува со друг кој има друга брзина, и ние не можеме да почувствуваме какво било движење кога е со константна брзина. Но, тоа не е сè…rnrnМожеби не сте знаеле до сега, но целиот наш сончев систем се движи околу центарот на нашата галаксија со неверојатни 901.300 километри на час. Млечниот пат исто така се движи со големи брзини во однос на другите галаксии околу него. Што се однесува до нас, можеби и целиот универзум се движи, но тоа е веќе навлегување во равенка со премногу непознати.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Револуционерен куфер кој сам се движи зад вас

    Револуционерен куфер кој сам се движи зад вас

    Отсега кога ќе патувате, нема да се тегавите со вашиот тежок куфер, бидејќи тој самиот ќе иде по вас. Станува збор за изум на младиот Родриго Грасија Гонзалез од Шпанија кој направил механички куфер кој нема потреба да го влечете за рачка.Револуционерен куфер кој сам се движи зад васНа видеото прикачено на Јутјуб може да се види на кој начин ќе функционира овој прототип на куфер, кој ќе се вика „Hop“. Тој ќе го користи блутут сигналот од вашиот смартфон, прецизно движејќи се зад вас. Единствена мана засега му е тоа што е спор, па доколку потрчате да фатите такси или автобус, постои сомнеж дека нема да ве стигне.rn


    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Кога фотографиите почнаа да комуницираат…

    Кога фотографиите почнаа да комуницираат…

    Минатата година првпат се запознавме со терминот кинемаграфии (cinemagraph), кој беше употребен за да се објаснат подвижните фотографии, креирани од страна на фотографката Џејми Бек и веб-дизајнерот Кевин Бург, кој се занимава и со подвижна графика и видео обработка. Сега, талентираното њујоршко дуо, повторно се враќа на сцената со нови, чудесни и уште поинтересни анимирани фотографии во GIF формат. Кога фотографиите почнаа да се движат...Кога фотографиите почнаа да се движат...Спојувањето на содржината од обичната фотографија со желбата таа да почне повеќе да комуницира со набљудувачот го произведе кинемаграфскиот процес. Артистите прво прават традиционална фотографија и потоа го комбинираат живиот момент во сликата, вметнувајќи ја во неа изолираната анимација, која е создадена од повеќе слики (фрејмови).rnВизуелниот графички артист Кевин Бург започнал да експериментира со форматот .gif во овој контекст, во 2009 година, но немал реализација сѐ додека не оформил партнерство со фотографката Џејми Бек, со која работеле на њујоршката модна недела, а таму се родиле кинемаграфиите.Кога фотографиите почнаа да се движат...Кога фотографиите почнаа да се движат...За крај, повторно ќе ја цитираме фотомоделката Коко Роча, која беше дел од првата кинемаграфска фотосесија на Кевин и Џејми: „Тие се повеќе од фотографии, но не се баш ни видеа“. Уживајте. 🙂 Кога фотографиите почнаа да се движат...Кога фотографиите почнаа да се движат...Кога фотографиите почнаа да се движат...Кога фотографиите почнаа да се движат...Кога фотографиите почнаа да се движат...Кога фотографиите почнаа да се движат...Кога фотографиите почнаа да се движат...
    rnrnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Армија од среќни мачки

    Армија од среќни мачки

    Автор: Александра Чакаровскаrnrn„Армија од среќни мачки“ или „Глобална потрага по среќа“ е инсталација дизајнирана од германскиот уметник Борис Петровски. Составена од 520 „maneki neko“ јапонски мачки, инсталацијата ги предизвикала посетителите на оваа исклучително креативна и несекојдневна изложба. Фигурите „maneki neko“ се познати во земјите од Азија, каде се верува дека им носат среќа и благосостојба на оние што ги поседуваат. Најмногу ги купуваат туристите, како препознатлив сувенир од некоја азиска земја. Секоја мачка во својата десна рака држи паричка или некој друг предмет, а со левата мавта.Армија од среќни мачкиАрмија од среќни мачкиОвие 520 среќни пластични мачки се наредени во 40 редови и 13 колони, формирајќи еден вид матрикс екран, каде секоја мачка претставува еден пиксел на екранот. Со помош на посебна машина, на мачките им се контролира движењето на рацете. Интересно е тоа што самите посетители се охрабрени да земат учество. Тие можат да внесат текст (својата желба) долг до 40 карактери, кој потоа го прикажуваат мачките дигајќи ја едната рака. Буквите се со различна боја, и од тоа зависи кога и која мачка ќе ја подигне својата рака.Армија од среќни мачкиАрмија од среќни мачкиАрмија од среќни мачкиrn


    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Бескрајна забава со најдобрите Kinect игри за Xbox

    Бескрајна забава со најдобрите Kinect игри за Xbox

    Kinect игрите за Xbox целосно го променија начинот на кој претходно се играше. Со помош на најновите сензори, не ви се потребни џоистици – вие контролирате сè. На пример, ако одлучите да играте игри од областа на атлетиката, сè што се бара од вас е да станете од каучот, да направите малку место пред телевизорот и да започнете да трчате.Бескрајна забава со најдобрите Kinect игри за Xboxrn

    Забава за сите возрасти

    rnОд најмлади до најстари, секој може да ја најде својата игра за Kinect. Во зависност од играта, можат и повеќе луѓе да играат одеднаш. Но, не секогаш мора да бидете во иста просторија со вашите пријатели… Можете да играте и онлајн, каде што имате можност за комуницирање со видео во текот на играњето.rnrn

    rn

    rn

    Спортови

    rnИмате голема желба за спортување, но времето не е на ваша страна? Тоа повеќе не е проблем… Со првата сезона од спортови можете да куглате, да играте одбојка, пинг понг, фудбал, атлетика или да боксувате без воопшто да ја напуштите вашата дневна. Доколку ова не ви е доволно, втората сезона е тука со голф, скијање, американски фудбал, бејзбол и пикадо.rn

    rn

    rn

    Авантури и трки со коли

    rnИмате голем натпреварувачки дух? Соберете ги најблиските пријатели и организирајте необични натпревари кои ќе се паметат долго. Играта Авантура ви овозможува неколку различни предизвици за кои ви е потребна голема кондиција за да ги завршите до крај. А за трката со коли – па, веќе сè е кажано со името, но не заборавајте дека и во овој случај седењето е забрането…rnrn

    rn

    rn

    Танцување

    rnИгрите „Dance Central“ и „Dance Evolution“ се едни од најдобрите кога станува збор за танцување. Од вас се бара чекор по чекор да научите цела кореографија и потоа да „настапувате“ за да собирате поени. Овие игри се одлична забава и секако ќе ви помогнат многу при одржување на вашата кондиција.rnrn

    rn

    rn

    Зумба, фитнес и аеробик

    rnСакате да почнете да вежбате, но сè уште не можете да се одлучите каде… Овој вид игри за Kinect ви ги овозможуваат најдобрите вежби во вашиот дом. Сензорот го следи секое ваше движење и ве поправа доколку грешите, па можете слободно да го сметате и за ваш личен инструктор.rnrnЗумбата има незаборавни кореографии кои брзо и лесно се учат, а игрите за фитнес и аеробик ви овозможуваат сами да изберете дали сакате вежби за слабеење, за кондиција или пак само да затегнете одредени делови од телото.rnrn

    rn


    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Паркур во Македонија

    Паркур во Македонија

    Автор: Драган СтојковиќrnrnrnПаркур (француски: parkour) е вештина на движењето чија цел е да се стигне од точка А до точка Б што е можно побрзо и покреативно поминувајќи ги сите препреки што стојат на патот. Оваа вештина може да се тренира и во рурални и во урбани средини, а луѓето кои се бават со паркурот се нарекуваат трасери.rnrnПаркур во МакедонијаrnrnНаспроти тенденциите на масовните медиуми, низ филмовите, музичките спотови и рекламите да го прикажат паркурот на сензационален начин, трасерите остануваат истрајни – паркурот не е само акробатика и слободно искачување. Паркурот не е сцени од  холивудските филмови во кои гледаме егзибиционистичко бегање од полицијата. Паркурот претставува замисла, филозофија, истрајност, во центарот и на периферијата на градот, на дожд, снег, ветар или на врелината на асфалтот, сега, но и во времето кое доаѓа.rnrnНешто урбано и релативно ново во нашава Македонија… :)rnrn

  • Mравките во едно поинакво светло

    Mравките во едно поинакво светло

    Талентираниот руски уметник Андреј Павлов изработил чудесни макро фотографии, во кои верувале или не, мравките се вистински. Тој ни прикажува едно поинакво секојдневие на работливите инсекти. Ако се водиме по неговите фотографии, слободното време на мравките, по многу наликува на нашето. Тие навистина знаат што е добра забава. 🙂 Фотосеријата е наречена „Приказни за мравките“.Mравките во едно поинакво светлоMравките во едно поинакво светлоПавлов претходно не бил особено заинтересиран за макрофотографирањето, сè до пред 7 години, кога го повредил ‘рбетот и не можел да се движи. Тогаш „паднал“ на шармот на мравките. Почнал да чита книги за нив и за нивното однесување. Бил фасциниран од тоа како постарите мравки во заедницата се грижат за послабите, најмалите и повредените. Заклучил дека овие инсекти се навистина за почит и почнал да ги набљудува и да ги фотографира. Ова преминало во негово омилено хоби.Mравките во едно поинакво светлоЗа да ги привлече мравките, тој користи најразлични работи, од светкави парички, па сè до неговите прсти. Научил дека тие имаат специфичен пат на движење. Сè што треба да направи е да ги најде, да ги нареди неговите реквизити по нивната патека, да ја намести опремата и да ги фотографира. Му требале околу три години, за како што вели, да оствари контакт со овие мали суштества.rn
    rnrn

    „Докажано е дека мравките многу брзо учат.  Доволно е да го привлечете вниманието на само еден член на заедницата и да го натерате да направи трик. Другите, после некое време ќе започнат да го следат неговото однесување“, објаснува Павлов.

    rnMравките во едно поинакво светлоMравките во едно поинакво светлоКреативниот Русин, во фотографирањето на вредните инсекти ужива секоја година од мај до октомври. Во овој период заминува во неговата селска барака и интензивно се дружи со црвените шумски мравки.rnrnМногумина, неговите фотографии ги нарекуваат лажни и фотошопирани. Ќе се согласите дека не можеме да ги обвиниме за ваквото размислување, бидејќи навистина е тешко е да се поверува дека некој може да истренира мравки, да позираат пред камера. 🙂 Како и да е, фотографиите се фантастични.Mравките во едно поинакво светлоMравките во едно поинакво светлоMравките во едно поинакво светлоMравките во едно поинакво светлоMравките во едно поинакво светлоMравките во едно поинакво светлоMравките во едно поинакво светлоMравките во едно поинакво светлоMравките во едно поинакво светлоMравките во едно поинакво светлоMравките во едно поинакво светлоMравките во едно поинакво светлоMравките во едно поинакво светлоMравките во едно поинакво светлоMравките во едно поинакво светлоMравките во едно поинакво светлоrnrnМожеби ќе ве интересира да ги видите и обоените мравки во жолта, зелена, сина и црвена боја?rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.