КАФЕ ПАУЗА

Tag: движење

  • Животот е…

    Животот е…

    „Животот е како возење велосипед. За да одржиш рамнотежа мора да продолжиш да се движиш.“ – Алберт Ајнштајн

    rn

    Животот е...
    Искористете ја сликата како десктоп позадина
    (2400×1600)
    rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Кој хороскопски знак има најубав од?

    Кој хороскопски знак има најубав од?

    Биковите имаат силен и одмерен од, додека Раковите се движат отмено и секогаш можете да ги препознаете по чекорот.rnrnkoj-horoskopski-znak-ima-najubav-odrn

    Овен

    rnОвните се родени борци, често имаат доминантен став во друштвото, а нивната одлучност е видлива и по начинот на кој одат. Со малку арогантно држење и подигната глава, Овните често не забележуваат што се случува околу нив додека одат бидејќи се занесени во своите мисли. Заради тоа лесно се судруваат со други или се залетуваат во ѕидови, иако ни тогаш „не се тие криви“.rn

    Бик

    rnПо својата природа Биковите се големи практичари, па тие секогаш го избираат најубавиот и најдобриот пат. Тие сакаат да одат, иако тоа не може лесно да се забележи од нивното долготрајно и по малку бавно чекорење. Сепак, нивниот од не е ни малку несигурен, туку силен и одмерен.rn

    Близнаци

    rnКако што се агилни и брзи, таков е и нивниот од. Секогаш брзаат, делуваат нервозно, и во секунда можат да го сменат правецот или насоката. Не знаат да одат право. Нив најважно им е да дојдат до целта, а не како ќе пристигнат до неа.rn

    Рак

    rnРакот се движи отмено, со многу стил, како да доаѓа од кралскиот двор. Со тоа промислено движење ја крие својата внатрешна нервоза.rn

    Лав

    rnВложува доста енергија да делува самоуверено и атрактивно, а со одењето исто така сака да остави трага зад себе. Ако помисли дека некој го гледа, ќе го забави чекорот и по малку ќе почне да се прчи. Она што е интересно е дека Лавовите се едни од најбавните пешачки патници во хороскопот, иако се способни да истрчаат најбрзо.rn

    Девица

    rnСталоженоста е фасада за припадниците на овој знак, а така најчесто оди секоја вистинска девица. Притоа изгледаат како да ги одмеруваат чекорите и одат без цел, иако тоа не е така. Девицата ќе брза единствено ако доцни.rn

    Вага

    rnВагата оди како на модна писта. Сака сите да се вртат по неа, ако не заради друго, барем заради начинот на кој оди. Лесно е да ја препознаете бидејќи и машките и женските припадници на овој знак делуваат како да не брзаат, набљудувајќи ги сите луѓе околу себе и застанувајќи пред секој излог.rn

    Скорпија

    rnСекогаш одат со подигната глава, но не обрнуваат премногу внимание на нивната околина. Не дека не ја доживуваат, туку не сакаат да му придаваат значење на некој кој тоа не го заслужува. Имаат долг чекор и за нив со сигурност може да се каже дека се прваци во брзото одење.rn

    Стрелец

    rnАко се во добра фаза, ќе потскокнуваат од среќа додека се движат по улица, но доколку ги совладале некои тешки мисли тие нема да го забават темпото туку само ќе ја наведнат главата и ќе си бидат во некој свој свет. Најчесто брзаат бидејќи имаат испланирано уште 10 работи кои мора да ги завршат.rn

    Јарец

    rnЈарецот не престанува да гледа околу себе. Иако припадниците на овој знак на прв поглед делуваат бавно, ако го набљудувате нивниот од ќе се изненадите. Тие одат бидејќи мораат за да стигнат од точката А до точката Б, а ретко се шетаат за да се опуштат. Нивните чекори се прецизни, а најмногу внимание посветуваат на забележување на сите луѓе кои се наоѓаат околу нив.rn

    Водолија

    rnИмаат многу брзи рефлекси, но несмасни се. Така, тие први ќе паднат од скалите, но ќе се сопнат и на рамен пат. Постојано одат, но секогаш со различна брзина, а чекорите им се најчесто кратки.rn

    Риби

    rnФантазерските Риби обожаваат да одат, тоа е нивниот најдобар начин на опуштање. Сепак, нешто во нивниот чекор ги издвојува од другите. Ако внимателно ги набљудувате, ќе забележите дека нивните стапала секогаш се многу близу. Тие ситни чекори создаваат впечаток на од на сирена, како да им се нозете меѓусебно поврзани.

  • Раздвижениот Њујорк погледнат низ очила

    Раздвижениот Њујорк погледнат низ очила

    Секој кој барем некогаш почувствувал како му се замаглува пред очите, ќе сака да погледне низ чистите стакла на очилата за да го види Њујорк во движење. Ова е исклучително паметен и интересен проект зад кој стојат фотографката Џејми Бек и визуелниот графички артист Кевин Бург, дуото кое го знаеме по забавните кинемаграфии кои ни овозможуваат да видиме дел од дејството во инаку статичните фотографии.rnrnВо анимираната фотосерија наречена Seeing New York, буквално можеме да видиме секвенци од живиот и раздвижен Њујорк низ очилата на фотографката. Фокусот на она што го гледаме е врамен во очилата, додека сè што светка и мрда одоколу е замаглено и како да се наоѓа во далечината. За анимираниот ефект е заслужна техниката на Кевин кој отсекува дел од времето и умешно прави да изгледа како да трае бесконечно.rnrnРаздвижениот Њујорк погледнат низ очилата на артистотРаздвижениот Њујорк погледнат низ очилата на артистотРаздвижениот Њујорк погледнат низ очилата на артистотРаздвижениот Њујорк погледнат низ очилата на артистотРаздвижениот Њујорк погледнат низ очилата на артистот
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како да ослабете во зимскиот период?

    Како да ослабете во зимскиот период?

    За разлика од другите годишни времиња, зимата не ни дозволува многу да се движиме, а полошо е тоа што во овој период има многу празници и слави, па затоа и повеќе јадеме. Ова значи дека ги зголемуваме шансите да качиме некој килограм, па затоа треба да преземеме нешто.rnrnКако да ослабете во зимскиот период?rn

    1. Зголемен апетит

    rnНајважна и најчеста причина зад секој зголемен килограм е непланираниот и несвесно зголемен апетит. Новогодишната, божиќната, како и трпезата на многу слави е полна со секакви специјалитети, па тешко може да ѝ се одолее. Покрај тоа, храната повлекува пиење на многу течности, најмалку вода, а најмногу газирани и алкохолни пијалаци. Иако сè изгледа примамливо, треба да се биде умерен да се создаде свест дека толкава количина храна и пијалаци можат да му наштетат на нашето здравје. Ако веќе сте претерале, следните неколку дена внимателно одбирајте што ќе јадете и пиете.rn

    2. Недостаток на движење

    rnОва е глобален проблем на целата човечка популација, а многу придонесува за зголемување на килограмите. Ладното време, снегот, дождот и ветерот оневозможуваат да се шетаме слободно како во друго годишно време. Сепак оваа причина и не е толку оправдана. Доколку не сте вежбале претходно, зимата е совршен период да почнете да се мотивирате да живеете поздраво и да се чувствувате подобро и поубаво. За оние кои веќе вежбаат, а се склони кон дебелеење, треба малку да го зголемат тренингот, со што ќе се заштитат од можните последици.rn

    3. Затворени простории

    rnПоминување на многу време во затворен простор, особено во простории во кои ретко се ветрее и се пуши, може да придонесе во загрозувањето на функциите на дишните патишта и органи. Во просториите каде што има активни пушачи на цигари, автоматски станувате пасивен пушач, додека во просториите каде што воздухот е сув поради силното греење, можеме да дехидрираме. Затоа искористете го секој слободен момент од зимскиот период да отидете некаде на чист воздух, телото ќе ви биде благодарно.rn

    Совети:

    rn

      rn011

    • Јадете квалитетна храна за време на зимскиот период. Јадете чисто месо (пилешко и мисиркино) и риба, консумирајте овошје и зеленчук, и пијте многу вода, чаеви и свежо цедени сокови.
    • rn011

    • Избегнувајте мрсно месо, пресолена и преслатка храна, алкохол и газирани пијалаци.
    • rn011

    • Наоѓајте секакви начини да вежбате и да се движите.
    • rn011

    • Одете почесто на планина и во село на чист воздух.
    • rn011

    • Клучот е во дисциплината, па бидете пофокусирани.
    • rn


    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Мајсторски направени илузии кои ќе си поиграат со вашиот ум

    Мајсторски направени илузии кои ќе си поиграат со вашиот ум

    Овие илузии се мајсторски направени. Благодарение на фолијата која се поставува и мрда над сликите, предметите кои се појавуваат делуваат како да се движат.rnrn(1) majstorski napraveni iluzii koi kje si poigraat so vashiot um - www.kafepauza.mkrnrnОвие илузии се дело на Brusspup, кој и претходно ја има воодушевувано публиката со своите дела. Неговиот Јутјуб-канал има 1,5 милиони претплатници, а неговите видеа се погледнати над 250 милиони пати.rnrnБлагодарение на фолијата на која има паралелно поставени црни и транспарентни линии, сликата која е фиксна делува како анимирана. Црните линии на фолијата, визуелно перфектно ја пресекуваат фиксната слика и така се создава „движењето“.rnrnrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Што се случува со нас кога сме заљубени?

    Што се случува со нас кога сме заљубени?

    Дали некогаш се имате толку лудо заљубено да не забележувате ништо околу вас, да губите концентрација, па дури и да се однесувате изгубено? Научниците ни објаснуваат зошто така се однесуваме кога ќе се вљубиме.rnrnШто се случува со нас кога сме заљубени?rnrn1. Сигурно сте чуле за изреката „љубовта нè прави глупи“. Сепак, не се работи за тоа дека го губиме умот, туку дека поради заљубеноста не сме фокусирани на другите работи кои ги правиме во животот.rn
    rn

    „Кога сме заљубени, тешко ни е да се концентрираме на другите обврски, бидејќи поголемиот дел од времето размислуваме за личноста која се појавила во нашиот живот“ – објаснува докторот Хенк Ван Стенберг од холандскиот Универзитет Леиден.

    rn2. Љубовта нè прави попозитивни и посреќни. Научниците ова ги имаат докажано со помош на снимки направени со магнетна резонанса на кои се покажало дека кога сме заљубени се активираат делови од мозокот исто како кај зависниците кои земаат кокаин и се чувствуваат супер.rn
    rn

    „Заљубеноста создава чувство на еуфорија, како да сме на врвот на светот и не постојат непремостливи препреки“ – објаснува професорката по неврологија Луси Браун од њујоршкиот медицински Универзитет Алберт Ајнштајн.

    rnrn3. Уште едно откритие е тоа дека заљубеноста нè прави отпорни на болка. Истражувањето на Универзитетот Стенфорд покажало дека поради тоа убаво чувство, во мозокот се вклучуваат делови кои инаку ги стимулираат лековите против болка. Дури и држењето за рака со саканата личност може да ја ублажи болката.rnrn4. Дури ни големите мачо фраери не можат да ги избегнат последиците од заљубеноста, а една од нив е побавното движење. Истражувањето покажало дека мажите го забавуваат својот чекор за да го прилагодат својот ритам на партнерката.rnrn5. Едно од најромантичните сознанија – на заљубените парови срцата почнуваат да им чукаат во ист ритам.rnrn6. Ви се менува тонот на гласот при разговарање. Најчесто жените го повишуваат својот глас за да бидат поженствени и попривлечни за својот партнер.rnrn7. Со сигурност сте чуле дека љубовта нè прави слепи. Кога некој љубовно ќе нè маѓепса тоа има толку моќен интензитет, што луѓето со атрактивен изглед повеќе не ги гледаме така.rnrn8. Љубовта нè прави похрабри. Истражувањата покажале дека на крилјата на љубовта сме спремни да се впуштиме и во опасни и ризични ситуации, бидејќи тоа го сметаме за романтично однесување.rnrn9. Заљубеноста може да се види во човечките очи, бидејќи е докажано дека зениците ни се шират кога љубиме.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Неверојатни трикови на мажоретки кои ќе ве остават без зборови

    Неверојатни трикови на мажоретки кои ќе ве остават без зборови

    Ова видео е едно од оние неверојатни нешта кои мора да ги видите со сопствените очи за да се осигурате дека е вистина. Начинот на кој овие мажоретки се движат е едноставно незамислив. Погледнете го видеово и подгответе се да останете без зборови…Неверојатни трикови на мажоретки кои ќе ве остават без зборовиrn


    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Книга: „Рингишпил“ – Јелена Бачиќ Алимпиќ

    Книга: „Рингишпил“ – Јелена Бачиќ Алимпиќ

    „Нејзините движења се поелегантни и посуптилни од секоја нота. А нејзиното тело е синоним за страст и убавина. Елеганцијата, лирското изразување, емоциите и грациозноста се соединуваат во едно име: Ана Балит“.rnrnКнига: „Рингишпил“ – Јелена Бачиќ АлимпиќВи претставувам книга која ќе ве трогне, буквално ќе ве помести од место, ќе ве натера да се соживеете со животот на една од најголемите балерини на сите времиња, примабалерината Ана Балит. Доколку веќе сте ја прочитале, сигурно и вие, исто како јас, пробувате да ги складирате сите спомени од оваа книга за ни еден момент од животот на грандиозната Ана да не ви се излизне од сеќавањата. Доколку, пак, не сте ја прочитале, сигурно сте чуле еден куп позитивни препораки. Ве предупредувам, ако сте во потрага по негативна критика за оваа книга, со мојава рецензија нема да го задоволам вашето барање. Напротив, можам само да ве убедам што поскоро да посвоите еден примерок за вашата домашна библиотека.rnrnМајката на Ана Балит станува свесна дека нејзиното малечко девојче не е родено за да игра во калта на селскиот имот, туку за да ги освојува светските балетски сцени. Ленка го препознава талентот со кој Ана е дарувана, како и нејзиното интересирање за класичната музика. Бидејќи таткото на Ана, Стеван, никогаш не би дозволил таа да си замине од салашот, пред да зазори новиот ден во далечната 1938, Ана Балит водена од храбрата рака на нејзината мајка, тајно го напушта родното место и ита кон иднината.rnrnНа моменти Ленка чувствува грижа на совест бидејќи ќерка си ја одвоила од нејзиниот татко и од шарениот рингишпил на баба ѝ Дара, дека нејзиното безгрижно детство го претворила во амбициозни часови во балетското студио на поранешната примабалерина Клара, во Белград. Но со тек на време, Ана потврдува дека вербата која Ленка ја имала во ќерка си не била залудна. Таа заминува да живее во Москва и работи во познатиот „Бољшој театар“ каде секојдневно мами воздишки кај својата публика и ги освојува срцата на сите вистински љубители на уметноста.Книга: „Рингишпил“ – Јелена Бачиќ АлимпиќАна Балит за брзо станува прочуено име и почитувана примабалерина. Како воопшто да не ја допира земјата, таа со своите елегантни движења ја раскажува својата животна приказна, ги пренесува своите чувства и емоции, ги изразува болката, тагата, загубата, но пред сè големата и никогаш непреболена љубов кон Сергеј Павлович.rnrnЦелата приказна е раскажана низ спомени и слики на старата и болна Ана Балит, која во болничката соба со бели ѕидови, своите бадемести очи ги насочила кон таванот и спокојно пред да го напушти овој свет сака да си спомне за нејзиниот животен пат. Приказната на некој начин е интимна исповед за животот на балерината. Животот воопшто не ја штедел, па затоа на нејзиното убаво лице се испишани загубата и чувството на непребол. Иако успешна и богата, во животот на Ана постојано се редат несреќи и загуби. Лежејќи во студената болничка соба која мириса на смрт, Ана сè уште не може да си прости за ужасната и кобна одлука од нејзината младост…rnrnОваа книга ја читав со солзи во очите и со постојано чувство дека ми лазат морници по телото. Не ви препорачувам само да ја прочитате, туку и да ја купите, да ја имате во својот дом и да ја почитате повеќе од еднаш. Како што ми прелетуваа страниците под прсти, јас станував дел од животот на Ана Балит, ја гледав како се вози на рингишпилот, како расте во прекрасна млада жена со густа коса и јадри бадемести очи, како ја доживува својата прва љубов, како ја освојува публиката и игра како да ќе нема утре, како се враќа во Белград… го слушав нејзиниот елегантен од по калдрмата обложена со есенско лисје и со опоен мирис на слатко од дуњи. Топло ви препорачувам да станете дел од оваа приказна и да го научите главното што авторката сака да ни го пренесе, дека животот е како голем разигран рингишпил, кој без разлика колку и да се врти, секогаш ќе се врати на појдовната точка…rnrnОваа книга е потпишана од српска авторка, и не дека сакам да звучам строго или осудувачки, но време беше некој да ми го промени мислењето за српскиот јазик и култура, кој низ годините сè повеќе го поврзував со плитки и глупави турбо фолк стихови од кои ти доаѓа да сакаш да си наштетиш себеси. Ова го прочитав на корицата од книгата, но сега можам и да го потврдам, да, Ана Балит го заслужува местото покрај Ана Каренина.rn
    rn

    „Налик на сјаен, блескотен рингишпил со божилачни бои, облеан од сонцето, се менуваа годишните времиња на нејзиниот живот, боите се разлеваа како налудничави трепети на четката по сликарското платно, а живите слики, зборовите, погледите и настаните се прелеваа во една слика, слика на весел рингишпил во подножјето на ридот, во еден салаш, под гранките на стариот костен. Музиката го исполнуваше просторот околу него, чудесна, прекрасна, истовремено нежна и очајна. Наместо коњчето со украсните реси, патиките, филџаните за чај и аутата, очите на Ана грчевито ги впиваа сите лица од нејзината приказна…“


    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Таа се движи на мистериозни начини

    Таа се движи на мистериозни начини

    Замислете да погледнете во моделката на фотографијата и наеднаш таа да ја сврти главата на другата страна. Тоа е можно во кинемаграфиите на Мајк Левис, кои претставуваат статични фотографии со подвижни елементи.Таа се движи на мистериозни начиниВо овие подвижни фотографии ненадејно се придвижува одреден дел од сликата, како косата на моделката која се вее на имагинарниот ветар, работ на здолништето или некој аксесоар, а во некои таа си заминува од рамките на фотографијата, за потоа повторно да се врати во првобитната положба. Таа се движи на мистериозни начиниТаа се движи на мистериозни начиниСтајлингот во овие фотографии е стегнат и изразито црн, дело на стилистката Џоана Плиско. Ваквиот изглед е спој на романтична готика и античка хералдистичка острина, кој одлично ѝ прилега на моделката. Со благо подигната коса и усни во темна нијанса кои го заокружуваат нејзиниот целосен изглед, таа во овие кинемаграфии навистина се движи на мистериозни начини.Таа се движи на мистериозни начиниТаа се движи на мистериозни начиниТаа се движи на мистериозни начиниТаа се движи на мистериозни начиниТаа се движи на мистериозни начиниТаа се движи на мистериозни начини
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Совршени боди арт илузии

    Совршени боди арт илузии

    Човечкото тело најверојатно е најкомплицираното место за сликање, платно кое дише, чувствува и се движи. Но, за 25-годишната германска уметница Gesine Marwedel не претставува никаков проблем да ја оживее својата уметност користејќи го секој дел од телото на моделите. Само со својата вештина и магијата на боите, оваа девојка толку умешно слика животни и пејзажи што тешко е да се поверува дека се насликани на нечие тело.rnrnСамата нагласува дека боди артот е една од првите и најоригиналните форми на уметност којашто првично била користена во традиционалните обичаи и церемонии. Денес е сè повеќе признаена како уникатен начин да се трансформира телото во жива уметност во движење.rnrnСовршени боди арт илузииСовршени боди арт илузииСовршени боди арт илузииСовршени боди арт илузииСовршени боди арт илузииСовршени боди арт илузииСовршени боди арт илузииСовршени боди арт илузииСовршени боди арт илузииСовршени боди арт илузии
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.