Бидете толерантни кон оние што се изгубиле на патот. Незнаењето, бесот, љубомората и алчноста излегуваат од изгубената душа. Не го земајте она што не е ваше… Секој мудар збор може да предизвика позитивни промени во нашиот живот. Прочитајте ги овие мудрости и обидете се да пронајдете мир во вашата душа.rnrn
rnrn1. Разбудете се заедно со сонцето и помолете се. Молете се сами. Молете се често. Големиот Дух ќе ве слуша, а вие треба само да му зборувате.rnrn2. Бидете толерантни кон оние што се изгубиле на патот. Незнаењето, љубомората и алчноста излегуваат од изгубената душа. Молете се да пронајдат насока.rnrn3. Барајте се себе, низ себе. Не дозволувајте им на другите да раководат со вашиот пат. Тоа е ваш пат и само ваш – другите може да чекорат со вас, но не може да го одат наместо вас.rnrn4. Однесувајте се кон гостите со целосно внимание. Послужете ги со најдобрата храна, дајте им го најдобриот кревет, укажете им чест и почитување.rnrn5. Не земајте го она што не е ваше, без разлика дали е од некоја личност, од дивина или од нечија култура. Не сте го заработиле, ниту пак ви го дале. Не е ваше.rnrn6. Почитувајте сѐ што постои на Земјата, од луѓето, па сè до билките.rnrn7. Почитувајте ги туѓите мислења, желби и зборови. Никогаш не прекинувајте нечиј говор и не исмевајте. На сите дајте им право на лично изразување.rnrn8. Никогаш не зборувајте лошо за некој друг. Негативната енергија што ја испраќате со тоа во вселената ќе ви се врати дупло.rnrn9. Сите луѓе грешат. Сите грешки може да бидат опростени.rnrn10. Негативните мисли се причини за болести на телото, духот и умот. Вежбајте оптимизам.rnrn
rnrn11. Природата не е наша, таа е дел од нас. Таа е дел од нашето светско семејство.rnrn12. Децата се семе на иднината. Садете љубов во нивните срца и заливајте ги со мудрост и животни лекции. Додека растат, дајте им простор за растење.rnrn13. Избегнувајте ранување на туѓите срца. Отровот од таа болка кога-тогаш ќе ви се врати.rnrn14. Бидете искрени секогаш. Почитувањето е испит на волјата во овој универзум.rnrn15. Бидете урамнотежени. Вашето умно јас, духовно јас, телесно јас и емоционално јас – сите тие треба да бидат подеднакво силни, чисти и здрави. Вежбајте го телото за да го зајакнете умот. Збогатувајте се духовно за да ги излечите емотивните рани.rnrn16. Свесно одлучувајте за тоа кои ќе бидете и како ќе реагирате. Бидете одговорни за вашите дела.rnrn17. Почитувајте ја приватноста и личниот простор на другите. Не чепкајте нешто што е во туѓа сопственост, особено светите и религиски работи. Тоа е забрането.rnrn18. Најпрво бидете искрени кон себе. Не можете да бидете внимателни и да им помогнете на другите ако не сте прво внимателни кон себе и не си помагате себеси.rnrn19. Почитувајте ги туѓите верски убедувања. Своите уверувања не им ги наметнувајте на другите.rnrn20. Споделувајте ја вашата среќа. Учествувајте во давањето милостина.rnrn
Tag: душа
-

20 мудрости со чија помош ќе пронајдете мир
-

Како да ги препознаете најчистите души околу вас?
Љубезни, грижливи, полни разбирање, стрпливи и личности што изобилуваат со љубов се само дел од зборовите кои ги изговараме кога се обидуваме да ги објасниме оние што ги сметаме за добри луѓе. Оваа категоризација се одредува најмногу по нивните несебични дела, што ретко кој успева да не ги забележи. И кога ќе размислите, сигурно нема да можете да се сетите дали некогаш сте ги виделе лути. Тие се секогаш тука да им помогнат на другите, бидејќи како што и самите вие би кажале, тие се најчистите души околу вас.rnrn
rnrnВо продолжение погледнете кои се нивните најистакнати особини, по кои лесно можете да ги препознаете. И време е да им го вратите долгот и да се погрижите дека никогаш нема да ги напуштите, бидејќи тие заслужуваат да бидат сакани.rnrn1. Тие никогаш нема да ви се налутат – Секогаш простуваат и брзо забораваат на грешките.rnrn2. Тие воведуваат светлина дури и во најтемните ситуации – Особено кога се чувствувате депресивно, овие личност брзо ќе најдат начин да ве расположат.rnrn3. Кога ќе постигнете успех, нивната среќа за вас им се забележува дури и на лицето – Тие ќе бидат првите што ќе отворат шампањ кога ќе добиете унапредување на работа.rnrn4. Вие никогаш нема да забележите нервоза на нивното лице – Тие се секогаш среќни и радосни, како сите коцки во животот да им се наредени.rnrn5. Имаат многу нежно срце, но сепак толку храбро – Затоа никогаш немојте да им го кршите срцето. Тие нема ни да се расправаат со вас, едноставно тивко ќе си отидат.rnrn6. Тие никогаш не дозволуваат проблемите да ги совладаат – Токму затоа и се едни од најдобрите пријатели што можете да ги имате покрај вас, особено за тешките денови.rnrn7. Како да се родени да им помагаат на другите – И безрезервно се грижат за оние што ги сакаат.rnrn8. Кога се тажни, можете да ги расположите и со само една прегратка – Одеднаш, веселата насмевка одново ќе се исцрта на нивното лице.rnrn9. Тие одлично ги кријат своите емоции – Најмногу затоа што не сакаат другите да бидат загрижени или вознемирени поради нив.rnrn10. Нивниот речник изобилува со позитивни зборови – Тие никогаш не би изустиле погрден збор што може да ве повреди или направи да се чувствувате лошо.rnrn11. Емпатијата и сочувството се дел од нивните карактерни црти – Тие се најдобрата утеха кога светот станува ладен и мрачен.rnrn12. Скоро и да немаат его што им се меша во секојдневниот живот – Повеќе се потпираат на својот здрав разум.rnrn13. Без разлика колку глупави шеги кажувате, тие ќе се насмеат – Дури и ако се навредливи.rnrn14. Изгледа како да немаат темна страна – Вие ретко ќе ги видите да зборуваат со повишен тон или да се караат без причина. Уште помалку ќе забележите манипулација од нивна страна.rnrn15. Тие секогаш емитуваат позитивни вибрации – Почнувајќи од нивното тело, па сè до говорот на телото. -

Неколку знаци што покажуваат дека имате претерано добра душа
Луѓето се многу комплицирани суштества. Животните, на пример, ако им се спие – спијат, ако им се јаде – јадат, ако сакаат да се размножуваат – се размножуваат. На животните не им е гајле колку е часот, каква е храната што ја јадат, што ќе прават за 30 години и дали партнерот ќе ги изневери.rnrn
rnrnНо, луѓето имаат разум и поради тоа многу се грижат за времето што поминува. Тоа ниво на свест нѐ прави свесни за нашето постоење во времето и просторот. Ние сме свесни за минатото, сегашноста и иднината. Токму затоа, секој од нас има своја приказна, карактерни особини, начин на однесување, доблести и мани, таленти, знаење и искуства.rnrnПомеѓу приказната од нашето минато и сликата за тоа какви би сакале да бидеме во иднина, се наоѓа нашето его. Добро е да се има здраво его. Тоа нѐ издвојува од останатите и ни помага да напредуваме во иднина. За да можеме да ја планираме иднината мора да бидеме свесни за тоа кои сме и што сакаме. Меѓутоа, постои нешто што ни го попречува напредокот, а произлегува од нашата несигурност. Тоа е грижата за туѓото мислење. Со цел да го скриеме фактот дека немаме самодоверба, ние сакаме да бидеме прифатени од сите луѓе кои нѐ опкружуваат. Ние бараме бегство од суштинскиот проблем што е производ на нашата слабост.rnrnДоколку сакате сите да имаат позитивно мислење за вас, постои голема веројатност дека постојано им помагате на луѓето, се однесувате примерно и секогаш ги ставате другите пред себе. Суровата реалност е дека на овој начин само си наштетувате. Се обидувате да ги спасите сите луѓе додека вам ви треба вистинската помош. Единствената личност која може да ви помогне е презафатена со тоа што им помага на останатите, а тоа сте вие самите.rnrnЦелта на нашиот ум е да ни овозможи да ја потрошиме енергијата на најефикасен начин. Доколку сте премногу добродушни, тоа значи дека не ја трошите вашата енергија продуктивно. Ако се пронајдете во следниве неколку примери, тоа е доказ дека имате претерано добра душа…rnrn
rnrn1. Чувствувате дека постојано се жртвувате за другите.rnrn2. Ги заборавате лошите работи што луѓето ви ги направиле и сѐ уште се дружите со нив, иако знаете дека не ве почитуваат.rnrn3. Секогаш ги ставате другите пред себе.rnrn4. Премногу често ги преминувате вашите граници за други луѓе.rnrn5. Сметате дека не заслужувате љубов и кога некој ќе направи нешто убаво за вас, вие возвраќате со двојно повеќе љубов.rnrn6. Не си го браните вашиот став.rnКако да не бидете толку добродушни?
rnАко им помагате на другите само затоа што сакате тие да ве сметаат за добра личност, вие правите добрини бидејќи очекувате нешто за возврат. Очекувате да бидете наградени од луѓето, универзумот, Господ или што било друго, затоа што сте биле добар човек. Но, работите не функционираат така.rnrnЛуѓето чија добрина е автентична знаат кому му треба нивната помош. Самиот чин на помагање е награда. Мора прво да си помогнете себеси за да стигнете до ова ниво на свесност. Кога ќе почнете да се почитувате себеси и да се сметате за личност која заслужува љубов, ќе почувствувате слобода да го правите она што го сакате, а не она што ќе ве претвори во добар човек.rnrnНа тој начин, ќе можете слободно да се претставувате себеси во вистинско светло и ќе станете свесни за вашата вредност. Нема да ви треба ничие одобрување или позитивно мислење. Доброто и злото се идеи создадени од егото. Но, вие можете да го надминете вашето его. Вие сте тоа што сте и нема потреба од понатамошно комплицирање на работите. Само бидете свои!
-

15 знаци дека имате душа на пејач
Музиката е храна за душата. Секој слуша музика, а голем број од луѓето знаат да пеат или да свират на некој инструмент. Но, нема секој душа на пејач. Не мора професионално да се занимавате со пеење или со свирење за да ја поседувате оваа карактеристика. Постојат 15 знаци кои укажуваат на тоа дека имате душа на пејач, без оглед каде живеете, која е вашата возраст и со што се занимавате.rnrn
rnКои се тие знаци?
rn1. Доколку уживате да пеете, без оглед на околината којашто ве опкружува. Многу често имате потреба да си потпевнете нешто, а се фрустрирате кога ја чувствувате таа потреба, а немате услови да ја исполните во дадена ситуација.rnrn2. Ви се допаѓа бојата на вашиот глас, повеќе отколку што им се допаѓа на другите.rnrn3. Доколку знаете да свирите на инструмент, уживате во одредени звуци кои ги произведувате.rnrn4. Сте помислиле да подарите некому песна. Не, тоа не значи буквално да му подарите албум или песна, туку да испеете некому песна, што не би ја пееле на ниту една друга личност.rnrn5. Имате душа на пејач доколку мислите дека пеењето е најдобриот талент што може да го поседува еден човек.rnrn6. Уживате кога некој друг пее или свири. Ги цените луѓето по тоа како пеат и многу често ве привлекуваат луѓе кои спонтано знаат да си запеат. Едноставно ви е пријатно кога гледате како некој друг ужива во своето пеење и како го прави тоа со сето срце. Без оглед дали е тоа на сцена или во градски автобус.rnrn7. Имате душа на пејач ако музиката може да ве однесе во некој друг свет и прави да заборавите на вашите грижи. Доколку музиката често завладува со вашите емоции и ве хипнотизира.rnrn8. Доколку слушањето музика не е само начин побрзо да поминете времето, туку во тоа гледате многу повеќе.rnrn9. Ако секој ден, одредено време поминувате свесно размислувајќи за музиката којашто ви се допаѓа. На пример, мислите на некој пејач, композитор или некоја песна.rnrn10. Имате душа на пејач ако многу сеќавања ви се поврзани со музика. Времето поминато со вашите пријатели, или одреден момент кога сте се вљубиле или некој настан на кој сте присуствувале.rnrn11. Ако музиката за вас претставува начин на изразување. Одредена песна или музика ви помага да ги искажете емоциите што ги чувствувате во даден момент.rnrn12. Доколку одредена песна ви е толку пријатна, поради што секој пат кога ќе ја слушнете ве обземаат емоции и ви навираат солзи во очите. Ви се мешаат чувствата на тага и среќа во исто време.rnrn13. Вие имате вистинска душа на пејач доколку обожувате да собирате музика и да правите разни компилации.rnrn14. Ако имате многу пријатели со кои можете да водите пријатни разговори за музика и тоа ви дава одредена сатисфакција.rnrn15. Кога вашето семејство и пријателите ви велат дека изгледате како да заборавате на сè околу себе кога слушате музика, пеете или свирите, а тоа вам ви годи да го слушнете.rn
Што доколку се пронајдовте во наведените знаци?
rn
rnrnТоа значи дека имате вистинска душа на пејач. Луѓето со ваква душа можеби не пеат баш најдобро, но се воодушевени од музиката. Доколку се занимавате професионално со музика, тоа секако како и со сите други професии, може да има и добри и лоши страни. Но, доколку сте вистински вљубеник во музиката, тогаш од неа можете да ги извлечете позитивните работи коишто таа ги носи со себе. rnrnЛуѓето со таква душа се премногу привлечни за околината, а и многу често се чувствуваат посреќни од останатите. Музиката секогаш буди позитивни емоции кај овие луѓе и тие често зрачат со топлина во своето семејство, друштво и на работа. Доколку во ваша близина имате човек со душа на пејач, знајте дека можете слободно да му верувате, никогаш нема да ве остави во тешките моменти, никогаш не бара, туку секогаш се нуди да даде и да помогне. Такви се луѓето со душа на пејачи. -

8 места во светот коишто можат да ја подобрат вашата физичка и ментална добросостојба
Потрагата по лек за болката или физичкото, психичкото и духовното страдање е проблем кој покажува повеќе од едно решение. Затоа, начините по кои го бараме нашето просветлување ќе продолжат да се разликуваат. Фолклорот и науката се тука да нѐ потсетат дека одредени локации на Земјата се познати по своите „способности“ да ги лечат и обновуваат телото, умот и душата. Во тој контекст, прочитајте за 8-те места во светот кои се познати по тоа што можат да ја подобрат вашата здравствена состојба.rn
1. Лурд, Франција
rn
rnrnЛурд долго време е една од најпопуларните дестинации за туристите и религиозните следбеници. Се истакнува за оние кои веруваат дека чудата се возможни дури и кога тешките периоди изгледаат неминовни. Духовното лечење доаѓа од базените со вода во бањата Бернадет, каде многу случаи сведочат за успешни лекувања на луѓето од разни духовни тегоби.rn2. Мачу Пикчу, Перу
rn
rnrnМногу локални шамани и експерти за добросостојба ја препорачуваат посетата на Мачу Пикчу за да ги олеснат симптомите од разни болести. Фолклорот вели дека кога перцептивна личност ќе го стави челото на каменот Интихуатана, тој ќе ја пренесе неговата или нејзината визија во духовниот свет.rn3. Сина лагуна, Исланд
rn
rnrnЕдно од 25-те светски чуда, Сината лагуна е едно од највпечатливите места во Северна Европа, поради своите здравствени придобивки. Се вели дека со своите минерали кои потекнуваат од Земјината кора, лечи од разни кожни болести и состојби како егзема и псоријаза.rn4. Портата на пеколот, Нов Зеланд
rn
rnrnПриродната спа, која е позната по лекување кожни болести, најпрво била откриена од Роторуа Маори пред повеќе од 7.000 години. Светото место, сега отворено за јавноста, вклучува природни елементи како што се водопадите Какахи – најголемиот водопад со топла вода на Јужната хемисфера. Легендата вели дека воините доаѓале тука и се бањале во водите за да ги излечат раните од битките.rn5. Мртво море, Израел
rn
rnrnМртвото море е познато по својата лековитост за разни видови нарушувања на физичкото здравје кои се чести во денешното општество, од болки во коските и артритис до псоријаза и срцеви заболувања. Науката зад процесот е високото количество сол – 33% и магнезиум, калциум, калиум и други минерали.rn6. Банахав, Филипини
rn
rnrnБанахав е активен вулкан кој се наоѓа на филипинскиот остров Лазун и е познат по лекувањето различни видови ментални и духовни нарушувања кои се практикуваат уште од библиските времиња. Верата во ова место е силна и стои како тестамент за сите посетители кои поминуваат покрај карпите, премините и тунелите за да добијат седумгодишна прошка за сите свои гревови. Постои и мало, замаглено водно езерце на кое може да се пристигне само со скала и се вели дека има неверојатни исцелителни моќи за сите оние кои ќе се искапат во него 7 пати.rn7. Улуру, Австралија
rn
rnrnУлуру се смета за едно најважните знаменитости за домородната култура, каде лидерите на Абориџините се качувале на карпата Ајерс за да ги кажат своите молитви за здравјето и обновувањето на Земјата и нејзините жители. На посетителите им е забрането да се искачат на карпата, од почит кон луѓето кои ја слават земјата врз која таа се формирала. Во контраст, секој што ќе земе парче од карпата може да навлече духовно проклетство кое ќе трае сѐ додека го има каменот со себе.rn8. Убуд, Индонезија
rn
rnrnУбуд е позната мистична дестинација на Земјата која е богата со приказни за духовно просветлување и исцелување. Славата ја должи на западната култура, односно на филмот „Јади, моли се и сакај“ (Eat Prey Love), кој што ги прикажува бројните здравствени придобивки на мирното место. Медитацијата и јогата се најпознатите традиционални активности во Индонезија, па затоа се вели дека местото е одлично за емоционалното будење и враќањето на енергијата во умот и телото. Локалното население често се моли во бројните храмови кои се наоѓаат на најразлични места низ Убуд. -

Душата го напушта телото кога сонуваме: Теорија на древните Индијанци која ќе ве замисли
Старите Индијанци верувале дека нашите духовни водачи или ангели чувари комуницираат со нас преку сонот, користејќи различна симболика за да се обидат да ни кажат нешто важно за животот. Тие верувале дека секој човек има 3 души, првата е его душата која е отелотворена во воздухот, другата е тело душата која дава енергија на телото и животна сила во будната состојба, а третата е слободната душа која го напушта телото во текот на сонот или е во состојба на транс.rnrn
rnrnДодека третата патува, првите две го одржуваат телото живо. За Индијанците сонувањето било многу важно, било длабоко вткаено во нивната традиција и духовна пракса. Децата од најмладите денови учеле да ги памтат своите соништа за подоцна да можат да ги проучуваат и од нив да извадат патокази за своите животи.rnrnСпоред нивната теорија, третиот, слободен дел од нашата душа во текот на спиењето излегува од телото и истражува други димензии. Верувале дека душата во текот на своето патување комуницира со душите од другите луѓе, но и со животните. Голем дел од нивната филозофија била заснована на сфаќањето дека животот сам по себе е eден голем сон, а соништата служат да се потсетиме колку овој свет е минлив и непостојан. -

7 нешта кои луѓето со добра душа ги прават секојдневно
Сте забележале дека токму добрите луѓе се и оние кои се најзадоволни со својот живот? Тоа се случува бидејќи добрината има моќ да го зголеми нашето здравје. Никогаш не заборавајте дека токму малите добри дела можат да ги направат најголемите разлики. Погледнете ги следниве 7 нешта со кои добрите луѓе се издвојуваат од останатите.rnrn
rn1. Тие се однесуваат добро кон себе
rnТие знаат дека спонтаноста и дарежливоста со себе носат позитивна енергија. Токму затоа и најпрво се грижат за своите потреби, а потоа, кога и самите се среќни, се насочуваат кон другите. Како резултат, сите околу нив го ценат нивното присуство.rn
2. Тие се благодарни дури и за најмалите нешта
rnТие се вистински и длабоко благодарни за целиот живот и сè што тој носи со себе, заедно со сите предизвици и лекции. Тие секоја ситуација ја гледаат целосно, со позитивните и негативните страни, но сепак решаваат да се фокусираат на добрите нешта.rn
3. Тие навистина слушаат
rnДури и кога имаат што да кажат, тие најпрво ги ислушуваат другите, со цел соговорниците да се почувствуваат почитувано и разбрано. Токму затоа и лесно се поврзуваат со луѓето, слушаат со интерес и немаат потреба да го цензурираат разговорот.rn
4. Тие имаат висока самодоверба
rnНивната самодоверба им дозволува да ја покажат својата добра природа без притоа да чекаат нешто за возврат. Токму оваа карактеристика останатите луѓе ја сметаат за многу привлечна, па затоа и нивниот круг на блиски пријатели постојано се зголемува.rn
5. Тие навистина се грижат
rnДобрите луѓе обрнуваат внимание како на вашата среќа, така и на вашата добросостојба. И покрај тоа што ги почитуваат личните граници, тие го поддржуваат тоа што води кон општо добро. Затоа и искрено сакаат да знаат каков ви бил денот, дали сте добри и што ви се случува во животот.rn
6. Тие често и искрено се смеат
rnДобрите луѓе го гледаат и хуморот и иронијата во дадени ситуации, но без подлоста која другите луѓе најчесто ја покажуваат. Животот е забавен! И овие неверојатни луѓе точно знаат што да кажат или направат за да ви помогнат да се насмеете и расположите.rn
7. Тие имаат голема почит кон другите
rnТие ги обожаваат различните ставови и никогаш не очекуваат другите да го делат нивното мислење. Токму затоа и сфаќаат зошто гледате така на нештата, дури и кога не се согласуваат со вас. Ова е само уште еден начин на кој се грижат за луѓето околу нив.
-

21 знак дека доживувате „губење на душата“
Во нашето општество се појавува еден таинствен феномен кој е познат како „губење на душата“. Го доживуваат луѓе од сите старости, полови, раси и потекла.rnrnГубењето на душата е појава која на домородците им е позната илјадници години и тие ја сфаќаат како резултат на внатрешната фрагментација предизвикана од незнаењето, трауматичните искуства, односно од интензивниот шок на телото и психата.rnrnКога доживуваме губење на душата, дел од нашата душа – или животната есенција, се крие или се исклучува, спречувајќи нè да го изразуваме и доживуваме нашиот потенцијал и целесообразност на човечкото битие.rnrn
rnrnЧестопати, цели аспекти на нашата психа се целосно блокирани. Иако, на многумина „губењето на душата“ може да им звучи непријатно познато, тоа искуство е обично привремено и со правилна духовна работа, изгубените елементи на нашето сепство можат да се реинтегрираат во нашите животи.rnШто претставува губењето на душата?
rnВо филозофијата на шаманизмот, основното разбирање за губењето на душата е објаснето на следниов начин: делови од нашата душа патуваат во други сфери или алтернативни реалности, а понекогаш можат да бидат и опседнати со духови. Од шаманистичка перспектива – ако тие делови од нашата душа не се вратат назад, тогаш нема да можеме да ги пронајдеме внатрешната исполнетост и целосност. Пред настанокот на психологијата, ова објаснување било единствениот начин на кој првобитните култури можеле да си ја објаснат ваквата невообичаена појава, за да го пронајдат нејзиниот лек – што било возможно.rnrnГубењето на душата е всушност правило, а не исклучок. Како поединци, освен ако не станеме разбудени души, ја губиме душевната енергија секогаш кога се идентификуваме со нашето его; секогаш кога бараме чувство на исполнетост преку зависност, стимулација, догматски уверувања, условени односи и работохоличарство.rnrnОсвен нашата неспособност да се чувствуваме целосно, кога доживуваме губење на душата почнуваме да доживуваме и чувство на слабост, умор, депресија, тегоба и празнина. Ние само знаеме дека нешто недостасува во нашиот живот – но многумина од нас не знаеме што е тоа.rnrnРазбирањето на губењето на душата како губење или делење од највиталните делови од себството, во психологијата се нарекува „дисоцијација“ – корен на многу ментални болести.rnrn
rnПсихолошка позадина на губењето на душата
rnВо оној момент кога ќе ја спознаеме нашата душа (или свест) како сила на енергијата, сѐ што создава редукција на таа енергија ќе резултира со безволие и депресија. Да се направи дисбаланс во внатрешната психа значи да се дозволи делови од карактерот да станат независни и така да излезат од контролата на свесноста.rnrnПсихологот Карл Јунг го сфаќал овој процес како врска со нашето „психичко либидо“. Јунг сметал дека нашите психолошки особини се составени од различни „комплекси“ (или делови од нашиот поим за себеси), а главниот комплекс, кој е одговорен за контрола врз нас, е нашето „его“, кое претставува ментална слика која ја имаме за себе и за она што мислиме дека сме. Нашата свесна енергија може да биде ослабена поради тоа што еден од тие комплекси ја губи контролата врз егото и станува автономен, при што ја впива целата енергија од нашето психичко либидо и создава психолошка нерамнотежа која ја разнишува нашата природна целост.rnrnШто го предизвикува ваквото еманципирање на некој наш комплекс, кој станува тиранин што ја узурпира нашата свест? Одговорот е често таков што како „виновници“ за ваквиот феномен се наведуваат идентификувањето со нешто штетно и преживувањето на некој вид траума.rnrn
rnПример кој може да ни помогне подобро да разбереме
rnЗамислете едно мало дете кое е злоставувано и малтретирано. За да го поднесе ваквото страшно искуство, детето бега на тој начин што се дистанцира и живее во некој свој свет. Во процесот на самозаштита, детето создава различни алтер-ега или целосно различни личности внатре во себе, како еден вид одбранбен механизам.rnrnВо психологијата ова се смета за „нарушување на повеќекратна личност“ (познато и како растројство на дисоцијативен идентитет). Лесно е да се разбере зошто племенските култури тоа го сметале за губење на душата. Меѓутоа, во суштина, психолошката дисоцијација (одвоеност) е природен начин на заштита на нашиот психички организам против силните трауми преку блокирање на тие ситуации.rnrnСепак, на крајот на краиштата, наша одговорност е да го штитиме нашиот организам, нашата душа. Меѓутоа, губењето на душата или психолошката дисоцијација не е ограничена на тие екстремни случаи и може да се најде во различни животни ситуации.rnrnЗависноста, нарушувањата во исхраната, растројствата во идентитетот, посттрауматскиот стрес, депресијата, нарцисоидното однесување, ниската самодоверба и проблемите со неприлагодувањето се сѐ почести предизвикувачи на губењето на душата во нашето површно, брзо, материјално, модерно општество кое е лишено од секое чувство на светост.rnrnМладата жена која сонува да стане уметник, но мора да ги оствари очекувањата на своите родители и да стане доктор, ќе изгуби дел од својата душа, игнорирајќи еден есенцијален дел од своето битие. Претпоставете дека младата жена ќе продолжи напред и ќе го следи својот сон да стане уметник, но длабоко во себе и понатаму ќе зависи од одобрението на своите родители. Тогаш таа или ќе ги обвинува родителите или ќе избегнува да преземе одговорност за реализирањето на својот сон, или пак ќе развие ниска самодоверба бидејќи не е прифатена од страна на своите родители. Оваа приказна може да ви се чини позната. За среќа, постојат многу начини како одново да ја најдете целоста и да го поттикнете развојот на автентичноста, самоистражувањето, љубовта кон себеси и себетрансформирањето.rnrn
rnЗнаци на губење на душата
rnПостојат многу физички, психолошки и духовни симптоми поврзани со губењето на душата. Кога го доживуваме овој феномен, резултатите ќе се гледаат во губењето на душевната енергија или самата виталност на нашиот живот. Ова губење на енергија ни го оневозможува живеењето на здрав, исполнет и креативен живот. Понекогаш губењето на душата може да трае цел живот што резултира во развој на самодеструктивна личност која често колоквијално ја нарекуваме „изгубена душа“. За да ги обновиме изгубените делови од себеси и одново да воспоставиме рамнотежа, да имаме цел и да бидеме фокусирани, мораме да ги идентификуваме симптомите на изгубените души во себе.rnrnСледуваат некои од најчестите симптоми:rn
- rn011
- Некои сеќавања и делови од вашиот живот се блокирани.
- Поминувате низ периоди на депресија.
- Се чувствувате како некои делови во вас да недостасуваат или се скршени.
- Чувствувате општа парализираност во животот.
- Ве преплавуваат чувства на страв и анксиозност.
- Поминувате низ долги периоди на несоница.
- Се чувствувате изгубени или нецелосни.
- Се чувствувате како „друга личност“ после некоја шокантна или трауматична случка.
- Се чувствувате неспособни да решите некои проблеми во вашиот живот.
- Се чувствувате разочарани од животот.
- Се чувствувате како да постојат повеќе „личности“ во вас.
- Се обидувате да побегнете од проблемите, свртувајќи се кон алкохолот, телевизијата или претераната зафатеност.
- Се чувствувате недостојни за љубов.
- Ја доживувате темната страна на душата.
- Сакате да си ја најдете својата цел и смисла во животот.
- Се чувствувате како вашиот секојдневен живот да е бесмислен.
- Избегнувате да се чувствувате ранливи и ги држите другите подалеку од вас.
- Посакувате целосност и чувство на припадност.
- Понекогаш се чувствувате како да немате контрола над себе.
- Постојано чувствувате психичка и физичка премореност без за тоа да постои медицинска причина.
- Копнеете по автентичност и целосно прифаќање на себеси.
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn
rnЗа да ги пронајдете изгубените фрагменти од вашата душа и да го обезбедите нивното враќање во вашиот живот, најпрвин треба да научите да го живеете животот во рамнотежа и да се сакате и почитувате себеси.rnrnДа научите да ги реинтегрирате изгубените елементи од вашата душа преку вежбање инволуција, значи да живеете живот кој е промислен, со фокусирано срце и совршен баланс на психата и телото.
-

Тест: Чорапите кои најмногу би сакале да ги носите откриваат длабоки тајни за вашата душа
Бидејќи знаеме дека овие тестови можат да бидат забавни и поучни, решивме со вас да го споделиме и овој за различните видови чорапи кои сите ние ги носиме. Вие можете многу да научите за себе врз основа на вашиот избор. Сè што треба да направите е да ги разгледате чорапите и да го одберете оној дизајн кој најмногу ви се допаѓа. Резултатите се неверојатно точни. Погледнете…rnrn[column col=”1/2″]
[/column]rn[column col=”1/2″]
[/column]rn[column col=”1/2″]
[/column]rn[column col=”1/2″]
[/column]rn[column col=”1/2″]
[/column]rn[column col=”1/2″]
[/column]rn[column col=”1/2″]
[/column]rn[column col=”1/2″]
[/column]rnrn -

4 знаци дека имате целосно разбудена душа
Доколку го преземете ризикот да ја разбудите вашата душа, вие ќе искусите многу повеќе среќа, вистина, убавина и мудрост. Но, за да стигнете до тој степен, мора да поминете низ многу работа на себе. Па, до каде сте со будењето на вашата душа?rnrn
rn1. Не верувате на сите оние нешта кои ги кажуваат медиумите
rnНаместо тоа, вие самите го истражувате светот и преку вашите очи ги спознавате нештата кои се случуваат околу вас. Исто така одбивате да паднете под влијание на моменталните „трендови“ и го живеете вашиот живот автентично. Вам не ви е потребно никој да ви каже како да размислувате, бидејќи сте сосема способни да го правите тоа самите.rn
2. Знаете дека очајно е потребна промена во светот
rnГо гледате светот и сфаќате дека луѓето гладуваат, шумите се уништуваат, племињата се истребуваат и дека има повеќе болка одошто љубов. Вие не можете да престанете да чувствувате потреба да помогнете. Токму затоа и имате потешкотии при разбирањето на светот во своето лошо светло, но очајувањето нема да смени ништо и вие многу добро го знаете тоа.rn
3. Имате отворен ум
rnНо, сепак не го држите толку отворен за вашиот мозок да испадне. Вие се движите низ животот со двете нозе цврсто приземјени, додека истовремено сте и повеќе од подготвени да искусите нови култури и идеи. На животот гледате како на авантура, никогаш не знаејќи што се крие зад следниот агол.rn
4. Не му верувате слепо на авторитетот
rnВие сте доволно зрели да знаете кога авторитетите се во право, но истовремено и постојано го преиспитувате нивното однесување со цел да анализирате дали тие прават доволно. Здравата демократија секогаш доаѓа со здрава доза скептицизам и вие сте потполно свесни за тоа.