КАФЕ ПАУЗА

Tag: душа

  • Што забележавте прво на оваа слика? Одговорот ќе ви открие нешто многу длабоко за вашата душа!

    Што забележавте прво на оваа слика? Одговорот ќе ви открие нешто многу длабоко за вашата душа!

    Тестовите на личноста се секогаш забавни и интересни, а понекогаш и вистинити. Досега сигурно сте направиле многу вакви тестови, така што знаете што треба да направите. Прво, погледнете ја сликата. Она што прво ќе го забележите на неа ќе ви открие каков е вашиот карактер и дали верувате во љубовта. Што забележавте најпрво?rnrnШто забележавте прво на оваа слика? Одговорот ќе ви открие нешто многу длабоко за вашата душа!rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Крст” active=”false”]Вашата љубов е вистинска, лојална и умерена. Никогаш не сте се оддалечувале од вашите верувања и многу ретко се прашувате дали вашата вера е вистинска. На многумина вашиот живот им делува безгрижно, но вие знаете дека сте се соочувале со многу препреки, поради што вашата верба станала посилна. Постојат силни луѓе кои се створени еден за друг на овој свет, а вие изгледа сте ја пронашле вашата втора половина![/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Љубовен пар” active=”false”]Вие сте многу романтични и најверојатно такви сте биле целиот ваш живот. Среќни сте кога и другите се чувствуваат добро. Не постои ништо подобро од тоа кога луѓето ја чувствуваат истата среќа што и вие ја чувствувате во вашиот живот. Понекогаш сте изложени на стрес поради тоа што некои луѓе не се однесуваат онака како што вие би сакале, но најчесто можете да се одбраните од тоа негативно влијание и да бидете среќни поради љубовта што ја носите во срцето. [/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Зајдисонце” active=”false”]Вашата љубов е чиста и верна. Вие сте многу страсни кога се работи за љубовта, без разлика дали е платонска, сексуална или пријателска. Најсреќни сте кога им ја давате љубовта што ја имате во срцето на луѓето на кои им треба. Отсекогаш сте биле одлични пријатели и секогаш сте биле љубезни кон другите. Врските што ги градите се засноваат на многу љубов, доверба и верност. Вие се поврзувате со другите преку душата и духот![/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrnДоколку ви се допадна овој тест, погледнете ја и следнава слика. Она што прво ќе го забележите ќе ви каже каков е вашиот животен пат! Кликнете на сликата за да ги прочитате резултатите.rnrnШто прво забележавте на оваа слика? Одговорот може да ви каже каков е вашиот животен пат

  • 10 знаци дека е време за детоксикација на вашата душа

    10 знаци дека е време за детоксикација на вашата душа

    Детоксикацијата на тело е нешто што веќе секојдневно го слушаме. Во нашите тела внесуваме толку многу работи кои не се добри за нас, па понекогаш е потребно да ги исчистиме. Но, малкумина знаат дека истото им е потребно и на нашите души. И умот и телото можат да бидат полни со негативности и работи кои се лоши за нашето здравје.rnrn10 знаци дека е време за детоксикација на вашата душаrn

    „Многу професионалци сметаат дека коренот на несреќата се депресивните мисли“, изјавил доктор Ендрју Веил.

    rnОва се некои од знаците кои покажуваат дека е време да направите детоксикација на вашата душа, но и како да го направите тоа.rn

    1. Барате негативности

    rnСигурно сте ја слушнале изреката: „Мизеријата сака друштво.“ Кога ќе забележите дека разгледувате и читате работи кои ве прават тажни, тогаш е време да застанете и да размислите за детоксикација на душата.rn

    „Негативните луѓе може да ве повлечат со нив и нема да го сфатите тоа долго време. Важно е да се спомене дека има разлика помеѓу негативна личност и личност што минува низ негативен период. Бидете свесни и за таа можност“, вели бизнис менторот Бев Џејмс.

    rnИсклучувањето на електронските направи и поврзувањето со луѓе кои навистина ги сакате е одличен начин да престанете да барате мизерија и да ја храните душата со лоши работи.rn

    2. Не сте свесни кога зборувате

    rnИмате ли забележано дека речиси секогаш кога зборувате кажувате саркастични работи? Дали ги повредувате чувствата на другите без да сакате да го направите тоа? Ова е знак дека е потребно да направите детоксикација на душата. Не сте свесни за нештата што ги кажувате бидејќи сте полни со негативност. Намерното подобрување на расположението на другите и размислувањето за добри нешта може да ви помогне во ова.rn

    3. Вашите пријатели не сакаат да бидат околу вас

    rnАко постојано оддавате негативна енергија, не е ни чудно што вашите пријатели не сакаат често да се дружат со вас. Ова е силен знак дека е време за промена за да можете повторно да се поврзете со пријателите. Престанете да ја барате негативноста и опкружете се со луѓе кои ве прават навистина среќни.rn

    4. Не чувствувате речиси ништо

    rnЕмоциите се она што нè прави луѓе. Немањето емоции е навистина лошо. Емоциите се неутрални, а начинот на кој се справуваме со нив ја прави ситуацијата подобра или полоша. Но, кога ќе престанете да чувствувате, кога ништо нема да ви биде ни добро ни лошо, време е за детоксикација.rn

    „Ја третираме хроничната болка со лекови. Ја третираме несоницата со апчиња за спиење. Го третираме вишокот килограми со исхрана и вежбање. А најштетно од сè, го обележуваме губењето на душата како ментална болест, како депресија. Ги прикриваме симптомите со лекови кои само ја влошуваат ситуацијата“, изјавила авторката д-р Лиса Ранкин.

    rnКога ќе дојдете во допир со вашите сетила, ќе ги вратите вашите емоции и вашата „рана“ ќе почне да заздравува.rn

    5. Уживате во несреќата на другите

    rnНаместо да бидете сочувствителни кога работите им одат на лошо на другите, вие уживате во тоа што нешто лошо му се случува на некој друг. Како би сакале другите да реагираат ако сте во кожата на таа личност? Соочувањето со овој проблем е најдобриот начин за детоксикација.rn

    „Проблемот е што многу огорчени луѓе не сфаќаат дека се такви. Бидејќи се премногу убедени дека се во право, не можат да ги согледаат своите грешки. Колку повеќе расте коренот на огорченоста, толку е потешко да се отстрани.“ – Крег Грешел.

    rn

    6. Ве нервираат среќните луѓе

    rnОпкружувањето со среќни луѓе може да направи да се чувствувате уште помизерно. Можно е да се чувствувате како да сте одделени од вашите позитивни емоции.rn

    „Заедничка особина на многу среќни луѓе е тоа што се прифаќаат онакви какви што сте. Додека ние немаме контрола врз сè што се случува надвор во светот, можеме да го контролираме она што се случува во нас – како размислуваме, што чувствуваме и како реагираме на тие надворешни ситуации. Квалитетот на нашите животи е одреден од тие мисли и постапки“, изјавил Дон Гласкин.

    rnМедитацијата и опкружувањето со луѓе кои ги сакате ќе ви помогне да го отстраните ова негативно чувство. Среќата треба да биде заразна, а не да ве разочарува.rn

    7. Проблеми со спиењето

    rnИли не можете да заспиете, или не можете да останете заспани, или пак не можете да се разбудите. Можеби имате кошмари кои ве будат сред ноќ. На овој начин вашата душа се обидува да ви каже дека е време за детоксикација. Медитацијата е одлична алатка која ќе ви помогне да се поврзете со вашата душа и да се наспиете за да можете да се чувствувате подобро во текот на денот.rn

    8. Постојано сте жртва

    rnБарем така се гледате вие. Секогаш сте личноста која е изневерена или на која сите ѝ грешат. Ако постојано се наоѓате во улога на жртва, можеби е време да се прашате дали навистина тоа е вашата улога. Можеби негативноста конечно ве престигнала.rn

    „Негативните мисли создаваат негативни зборови, кои пак создаваат уште повеќе негативни мисли. Тренирајте се да забележите секогаш кога размислувате, зборувате или се однесувате негативно. Штом ќе го забележете тоа, веднаш променете го ставот“, изјавува авторот Дар Пејмент.

    rn

    9. Избегнувате медитација или молитва

    rnОвие активности нè тераат да поминуваме време со себе и со нашите мисли во најискрените и најранливите моменти. Ако го избегнувате ова, веројатно има нешто во вашата душа со коешто не сакате да се соочите. Почнете со мали чекори и фокусирајте се на медитацијата сè додека не ја исчистите вашата душа.rn

    „Медитацијата ја смирува душата. Погледот внатре во себе е одличен начин да го исчистите духовниот отпад. Слушањето на вашата внатрешна мудрост е брз начин да го отстраните она што не ви служи“, вели инструкторката по јога Ребека Батлер.

    rn

    10. Секогаш ви е здодевно

    rnНишто не ве исполнува. Вашите хобија не ве интересираат и ништо не ви звучи забавно. Ако се чувствувате вака, потребно е да направите детоксикација за да можете повторно емоционално да се поврзете со нештата што ги сакате. Побарајте помош и поддршка и поврзете се со нештата што ви причинуваат задоволство.rn

    „Кога лошите хемикалии се таложат во нашите тела, ние се полниме со токсини. Ова може да направи да се чувствуваме летаргично, па дури и болно. На сличен начин, негативните емоции може да се наталожат во телото. Тие може да бидат како товар на вашиот ум, дух и тело ако ги игнорирате“, изјавиле докторите Ерик и Сабрина Ан Зиелински.

    rnНашите тела и нашите души го бараат нашето внимание кога станува збор за негативност и работи кои се лоши за нас. Внимавајте на овие знаци во случај да ви е потребна детоксикација на душата. Не се разболуваат само нашите тела, тоа им е случува и на умот и на душата.rnrnПогледнете ги и знаците кои покажуваат дека доживувате „губење на душата“.

  • 9 знаци дека се претворате во мудра и зрела душа

    9 знаци дека се претворате во мудра и зрела душа

    Многу луѓе во светот не знаат како да се развиваат и растат, без оглед на нивните години. Стареењето за некои луѓе може да биде страшно, па затоа многумина се обидуваат да го „одложат“ овој процес на тој начин што се однесуваат незрело. Доколку се чувствувате како возрасни луѓе и ви треба потврда дека успешно сте созреале, следниве 9 знаци ќе ви ја откријат вистината…rnrn9 знаци дека се претворате во мудра и зрела душаrn

    1. Се чувствувате како да немате цел

    rnОва е првата фаза на созревање, без разлика дали имате 25 или 55 години. Сите понекогаш се чувствуваме малку изгубено, како да не знаеме каде треба да бидеме. Ова чувство е природно и се јавува како последица на сознанието дека сме дел од еден многу голем свет. Немојте да се борите, прифатете ја зрелоста на вашата душа и правете го она што ви носи среќа.rn

    2. Имате повеќе трпение

    rnЕден од најчестите знаци што укажуваат на духовна зрелост е зголеменото трпение и толеранција. Сте научиле дека не мора сѐ да завршите веднаш. Уживате во вашето патување и не ви е важна само крајната дестинација. Поединците кои имаат зрела душа го користат своето време за да запознаат нови луѓе. Не се вознемируваат поради ситници и уживаат во повремената пасивност.rn

    3. Чувствителни сте

    rnВо последно време станувате многу чувствителни. Тоа се случува затоа што им се отворате на луѓето и се ослободувате од сите стари бариери. Не се плашите од одбивањето, па затоа не градите ѕидови околу себе. Благодарение на сето тоа, ќе почнете да вложувате повеќе време во емоциите, врските и авантурите. Полесно ќе се расплакувате, но најчесто тоа ќе бидат солзи радосници.rn

    4. Лесно простувате

    rnЛуѓето со зрела душа секогаш се подготвени да простат. Тие знаат дека држењето лутина најмногу боли. Многу е важно да научите да простувате, бидејќи на тој начин се ослободувате од сите работи што се штетни и бескорисни. Успевате да постигнете внатрешен мир, така што се откажувате од гневот.rn

    5. Не ви е потребно туѓото одобрување

    rnЕден од знаците на духовна зрелост е намалената зависност од туѓото одобрување. Со други зборови, не ви требаат постојани пофалби за да се чувствувате значајно. Знаете дека вредите поради тоа што го правите и начинот на однесување кон другите луѓе. Вашата вредност е поголема од она што другите можат да ви го дадат, бидејќи започнува од сопственото одобрување. Луѓето со силно и здраво чувство на самосвесност полесно донесуваат одлуки, преземаат ризици и ги користат приликите.rnrn9 знаци дека се претворате во мудра и зрела душаrn

    6. Ранливи сте

    rnЕдна од најтешките лекции што треба да ги научите е тоа дека не можете да воспоставите целосна контрола врз вашиот живот. Меѓутоа, со текот на годините ова ќе ви станува сѐ полесно, бидејќи постои еден вид задоволство во сфаќањето дека ништо не е сигурно. Можеби нема да можете да влијаете на секој аспект од вашето постоење, но тоа значи дека може да ви се случат неверојатни и возбудливи работи што никогаш не сте ги ни замислувале.rn

    7. Вашите односи се посебни

    rnДуховната зрелост зависи и од тоа дали знаете како и кога да се ослободите од токсичните односи, без разлика дали се работи за партнери, пријатели или членови од семејството. Животот не се заснова на тоа колку пријатели можете да имате. Многу поважно е да имате мал број лојални пријатели кои ќе ви бидат посветени. Опкружувајте се со ведри, среќни и инспиративни луѓе. Не трошете време на поединци кои сакаат да ги искористат вашите слабости за да ги постигнат своите цели или на луѓе кои не ве поттикнуваат да го извлечете најдоброто од себе.rn

    8. Зависни сте од учење

    rnНа најзрелите души никогаш не им е доста од знаење. Тие сакаат да научат многу работи. Тоа ги прави креативни и забавни. Тоа им помага да најдат фокус во животот и да ја зголемат својата емпатија и разбирање кон другите луѓе. Никогаш нема да видите зрела душа како пропушта прилика да стекне знаење преку книга, документарци, јазици, патувања и нови хобија.rn

    9. Сакате да оставите трага

    rnНајважниот знак дека имате зрела душа е духовниот напредок и желбата да оставите нешто значајно зад себе. Знаете дека материјалниот живот е минлив, а духот вечен. Овој живот е само еден дел од вечноста, па затоа вие сте подготвени да ја согледате поголемата слика.rnrnВо продолжение, прочитајте ги и овие 10 знаци дека сте го откриле вашиот духовен пат.rn

  • Погледнете го секое животно во очи и потоа одберете го она што ја повикува вашата душа

    Погледнете го секое животно во очи и потоа одберете го она што ја повикува вашата душа

    Постои многу силна поврзаност помеѓу луѓето и животните. Енергијата на животното што најмногу ве привлекува може да ви помогне во текот на вашето животно патување. Животното ќе ви даде утеха во тешките ситуации и ќе ја потврди својата присутност со тоа што ќе ви се појавува во природа, почесто ќе го гледате на телевизија или ќе патува со вас во соништата.rnrnПогледнете го секое животно во очи и потоа одберете го она што ја повикува вашата душаrnrnПогледнете го секое животно во очи и потоа одберете го она што ја повикува вашата душа. Прочитајте ги резултатите и можеби ќе се изненадите од тоа што ќе го дознаете за вашата личност…rn

    1. Мачка

    rnПогледнете го секое животно во очи и потоа одберете го она што ја повикува вашата душаrnrnМачката може да ја согледа вистината. Таа е независна и многу внимателна. Ќе ви помогне во ситуации кога ќе постои можност да станете жртви на лажни информации. Мачката ќе ви помогне да ги пронајдете вистинските факти и да не верувате на другите податоци. Таа ќе ве поттикне да не ги откривате сите ваши карти, туку да ги држите другите во неизвесност.rn

    2. Зебра

    rnПогледнете го секое животно во очи и потоа одберете го она што ја повикува вашата душаrnrnЗебрата е диво животно, одбива да биде припитомена и иако живее во стадо со други зебри, таа ја чува својата индивидуалност преку своите единствени риги. Можеби време е да побарате заедница од истомисленици кои се сочувствителни кон останатите членови во заедницата. Долго време талкате како самотници, па време е да го побарате вашето племе.rn

    3. Був

    rnПогледнете го секое животно во очи и потоа одберете го она што ја повикува вашата душаrnrnБувот е многу интуитивно животно. Тој може да го види она што другите не го забележуваат, а многу често е и гласник на промените во животот. Неопходно е да бидете свесни за суптилните знаци и промени во вашиот живот. Секогаш одвојувајте време на крајот од денот за да размислите за знаците и симболите кои сте ги примиле во текот на денот. Можно е да страдате од несоница поради ноќната природа на бувот. Наместо да се обидувате да се вратите на спиење, внимателно слушајте ги советите на мудриот стар був.rnrnДоколку ви се допадна овој тест, погледнете ја и следнава слика. Првото животно што ќе ви падне во очи открива каква душа имате. Кликнете на фотографијата за да дознаете!rnrn(1) zabaven-test-prvoto-zhivotno-shto-kje-vi-padne-vo-ochi-otkriva-kakva-dusha-imate-www.kafepauza.mk

  • 7 знаци дека вашата душа е уморна и сака да комуницира со вас

    7 знаци дека вашата душа е уморна и сака да комуницира со вас

    Никој не знае која е неговата крајна цел или на кој начин би требало да живее, бидејќи животот не доаѓа со упатство за користење. Доколку забележувате дека не сте среќни со личностите, работите и ситуациите кои ве опкружуваат, тоа значи дека вашата душа сака да ви каже дека ви е потребна промена. Овие знаци укажуваат на тоа дека енергијата и радоста во вашиот живот се намалува.rnrn7-znaci-deka-vashata-dusha-e-umorna-i-saka-da-komunicira-so-vas-www.kaefpauza.mkrn

    1. Не учите од сопствените грешки

    rnВашата душа почнува да пропаѓа во оној момент кога ќе почнете да се обвинувате самите себе за некоја грешка која сте ја направиле. Наместо тоа, пробајте да ја прифатите таа грешка и да направите нешто околу тоа за таа да не се повтори.rn

    2. Секогаш измислувате изговори

    rnАко мислите дека изговорите ќе ве извлечат од некои ситуации или ќе бидете помалку виновни за нешто што сте направиле, тие всушност ќе ви донесат само уште повеќе неволји. Вашата душа ќе остане чиста ако престанете да се извлекувате со изговори и лаги, во спротивно ќе се изморите, а тоа ќе се почувствува и физички.rn

    3. Се плашите од иднината

    rnНема никогаш да можете точно да ја предвидите вашата иднина, па затоа немојте да ја мачите вашата глава со нешто што не можете да го знаете и да им дозволувате на мислите да залутаат во некои црни сценарија. Таквиот вид размислување е полно со негативни мисли и ја оштетуваат душата, а со оглед на тоа што вашата душа е родена слободна и без страв, помогнете ѝ да остане таква.rn

    4. Живеете во минатото

    rnОна што веќе се случило, не можете да го промените и вашиот мозок е исклучително свесен за тоа, а сѐ што мислите и правите спротивно од тоа, ве кочи да одите понатаму на својот животен пат. Вашата душа копнее за промени, а враќањето во минатото само ја враќа назад на истата состојба.rn

    5. Си се обраќате негативно на самите вас

    rnВие сте вашиот најголем критичар и во повеќето од ситуациите и најлошиот. Доколку ја отстраните негативната комуникација кон себе и кон другите, тоа ќе ви овозможи да уживате во животот и да размислувате позитивно.rn

    6. Им дозволувате на другите да ве искористуваа

    rnАко сте една од оние личности кои сакаат да им помагаат на другите, но тие ве земаат здраво за готово, им дозволувате да ви ја растегнуваат душата. Особено ако ги задржувате токсичните луѓе во вашиот живот и им кажувате „да“ кога треба да кажете „не“. Треба да знаете колку вредите и да се грижите за себе, бидејќи вашата душа ја чувствува секоја неправда кон вас.rn

    7. Не сте искрени кон самите себе

    rnПронајдете нешто што ве прави среќни и држете се до тоа. Немојте да им дозволите на надворешните фактори, без разлика дали станува збор за луѓе или ситуации, да ве уверат дека нешто друго е најдобро за вас. Тоа ги преставува вашите морални принципи и вредности кои никој не може да ги одреди освен самите вие. Вашата душа препознава лаги, немојте да ја залажувате.rnrnA како да знаете дали имате стара душа?

  • Дали се чувствувате како да не припаѓате никаде? Можеби сте ѕвездена душа!

    Дали се чувствувате како да не припаѓате никаде? Можеби сте ѕвездена душа!

    Дали сметате дека не припаѓате на оваа планета? Секако дека физички сте родени тука, но вашата душа како да дошла од некое друго место. Тоа можеби е така затоа што сте ѕвездена душа. Ѕвездените души постојат поради многу посебна причина и имаат благородна мисија што треба да ја исполнат за време на нивниот живот.rnrnДали се чувствувате како да не припаѓате никаде? Можеби сте ѕвездена душа!rnrnДушите на овие луѓе се многу понапредни од душите на останатите. Тие поминале низ многу работи и проживеале повеќе животи, па затоа се исполнети со многу конфликти. Ѕвездените души се луѓе кои секогаш ја зборуваат и бараат вистината. Тие во себе носат важна порака што треба да му ја пренесат на светот. Тие го доживуваат животот на комплетно поинаков начин за разлика од другите луѓе и ги гледаат работите во посебно светло. Иако сакаат да се вклопат, не можат да го сторат тоа.rnrnЅвездените луѓе имаат благородни карактеристики што другите не можат ни да ги дефинираат. Тие се прекрасни, но светот не ги разбира. Имаат длабоки чувства на емпатија за планетата и сите суштества што живеат на неа, а тоа си има свои предности, но и свои слабости.rnrnДоколку се пронајдовте во овој опис, сигурно не ви е лесно да живеете на овој свет. Можеби понекогаш се чувствувате како да сте доживеале бродолом и немате каде да одите. Не можете да го најдете вашиот дом. Вашата душа многу долго патувала низ универзумот за да стигне таму каде што е сега. Иако работите не ви се баш најјасни во моментов, ќе ви се разјаснат во иднина.rnrnКако ѕвездена душа, имате можност корисно да го трошите вашето време. Ќе се поврзете со другите луѓе и ќе го претворите светот во подобро место за живеење. Можеби ќе ви се чини дека другите ве осудуваат и дека ништо нема смисла, но тоа е така затоа што не ја гледате големата слика. Бидете свои и сѐ ќе си дојде на свое место. Вашата свест е на космичко ниво и тоа треба да ви биде доволно.rnrnАко се чувствувате како да не припаѓате никаде, не трошете време на тоа. Вашата цел е многу поголема. Можеби ви се чини дека целиот свет се свртел против вас, но работите не се секогаш такви какви што изгледаат. Останете доследни на себе и претворете го местово во ваш дом. Нема ништо лошо во тоа да се биде „отпадник“ и треба да знаете дека не сте сами, без разлика дали сте свесни за тоа или не. Ѕвездените души се насекаде околу вас и ќе успеете да ги најдете само ако престанете да се претворате во нешто што не сте.rnrnНе им е на сите судено да се вклопуваат во општествените рамки. Светов не е црно-бел. Осмелете се да бидете виножито!rnrnДоколку ви е тешко да си го најдете своето место на светов, прочитајте зошто старите души не се прифатени од семејството и пријателите.

  • 15 знаци дека имате напредна душа

    15 знаци дека имате напредна душа

    Луѓето со напредна душа доживеале некакво просветлување и се запознале себеси на подлабоко ниво. Напредните души поседуваат карактеристики што ги издвојуваат од останатите и затоа многу е лесно да ги препознаете. Доколку сакате да дознаете дали имате напредна душа, обидете се да се пронајдете во следниве 15 знаци…rnrn15 знаци дека имате напредна душаrn

    1. Љубите со сето ваше битие

    rnЍ дозволувате на интуицијата да ве води. Многу често наоѓате љубов, дури и тогаш кога не барате. Оваа способност лесно можете да ја искористите во ваша полза.rn

    2. Се поврзувате со животните

    rnНишто не ве исполнува толку колку свежиот воздух. Напредните души ги привлекуваат животните. Дали постојано сте опкружени со животни? Тоа е знак дека имате напредна душа!rn

    3. Потребно ви е да бидете во природа што е можно почесто

    rnОбожувате да поминувате време во природа. Таму се чувствувате како дома. Ништо не може да се спореди со чувството на свежа земја под стапалата.rn

    4. Изгледате помлади одошто навистина сте

    rnЛуѓето секогаш ви велат дека сте младолики. Ова е така бидејќи вашата душа старее многу побрзо од вашето тело. Луѓето го сфаќаат тоа од начинот на кој се однесувате.rn

    5. Не сте материјалисти

    rnМатеријалните работи се минливи, но луѓето се постојани. Ако ги послушате најдлабоките желби на вашето срце, ќе сфатите дека не го посакувате она што сте мислеле дека ви треба. На напредните души не им треба најновиот модел на ајфон или скапа облека.rn

    6. Сакате да поминувате време сами

    rnОбожувате да поминувате време сами. Ништо не ве опушта толку колку дружбата со себе по долгиот и напорен ден. Иако имате потреба да поминувате време и со други луѓе, не мора постојано да ви се случува тоа. Ја сакате тишината, а неа можете да ја добиете и кога се дружите со најблиските пријатели или семејството.rn

    7. Верувате само во она што е, а не во она што било

    rnНе се опседнувате со минатото. Вие живеете во сегашноста и верувате само во вистината.rn

    8. Не се срамите од вашиот изглед

    rnСте се помириле со изгледот на вашето тело и задоволни сте од него. Немате ниту позитивно ниту негативно мислење. Се прифаќате такви какви што сте.rnrn15 знаци дека имате напредна душаrn

    9. Верувате дека сите работи се поврзани

    rnСите работи се поврзани меѓу себе. Сите ние сме еден вид енергија. Работите што нѐ раздвојуваат истовремено и нѐ спојуваат заедно. Сите ние сме едно.rn

    10. Искрени сте

    rnНе лажете за глупости. Секогаш разговарате за ситуацијата и гледате да дојдете до решение што ќе им одговара на сите засегнати страни. Секогаш ги мислите работите што ги кажувате.rn

    11. Имате продорен поглед

    rnПродирате во душите на сите луѓе чии очи ќе се сретнат со вашите. Вашиот поглед, иако е по малку застрашувачки, ги охрабрува луѓето да ви се обратат за помош. Тоа е една од вашите најдобри особини.rn

    12. Имате утешителен допир

    rnЛуѓето ви се обраќаат за да им дадете утеха. Многу сте нежни и топли. Вашиот допир е отворен и им помага на луѓето да почувствуваат како сите нивни грижи полека исчезнуваат.rn

    13. Вашиот глас е пријатен и нежен

    rnВашиот глас има смирувачки ефект на луѓето. Тие многу често ви се обраќаат за совет и уживаат да ве слушаат кога зборувате. Дали некој некогаш ви кажал дека би можел со часови да ве слуша како зборувате?rn

    14. Никогаш не сте гласни

    rnОдбирате да имате тивок живот. Монасите честопати го прават ова за да ја одржат нивната духовна хармонија. Имате длабока аура. Но, не заборавајте дека тивките луѓе понекогаш делуваат застрашувачки.rn

    15. Знаете каде одите во животот

    rnПовеќето луѓе не знаат во која насока да тргнат и тоа ги фрустрира, но вам сѐ ви е јасно. Сакате да си исполните животот најмногу што можете. Иако најголемиот дел од вашите врсници сѐ уште не знаат каква ќе им биде иднината, вашата е веќе испланирана.rnrnВо продолжение прочитајте како да знаете дали имате стара душа.

  • 4-те емоции што ви ја убиваат душата

    4-те емоции што ви ја убиваат душата

    Одамна е познато дека емоциите имаат големо влијание на нашето физичко, ментално и духовно здравје. Сигурно и самите сте се почувствувале здраво и живо кога од вас сјаеле позитивни емоции, а депресивно кога сте биле нападнати од негативните. Сепак, иако ниту еден од нас не ги сака емоциите како тагата, несреќата и стравот, во одредени периоди од животот нивното постоење може да ви помогне да надминете лош период или друг вид животна препрека.rnrn4-te-emocii-shto-vi-ja-ubivaat-dushatarnrnИмајќи го тоа на ум, постојат и друг вид негативни емоции, оние коишто со секоја појава ви „убиваат“ дел од душата. Тие не само што влијаат на вашето духовно здравје, туку исто така ви ја напаѓаат и физичката и менталната добросостојба. Од овие емоции нема никаква корист, баш напротив, тие единствено што можат да направат е трајно да го оштетат вашиот живот. Можете да погодите за кој емоции зборуваме? Прочитајте во продолжение.rnrnПохота – сè што е претерано може да создаде нерамнотежа во вашиот живот, но кога станува збор за неумерена страст, таа може да значи крај на љубовта што едноставно била совршена за вас или пак, пропуштање на истата пред воопшто да имате шанса да ја започнете.rnrnЗавидливост – треба да бидете благодарни на тоа што го имате, бидејќи не знаете што се случува во животот на другите луѓе… но дури и тие навистина да имаат „совршени“ животи, вам тоа не треба да ве интересира. Фокусирајте се на својот живот и вложете го секој миг за да го достигнете сопственото совршенство, она што само вам ви треба.rnrnЛутина – кога луѓето се лути, кажуваат и прават многу работи за кои подоцна жалат. Ова е уште една од оние емоции што можат да ви донесат само лошо, бидејќи во моментите кога владее, таа ве држи под контрола и вие не можете да направите ништо за да ја победите.rnrnАлчност – колку повеќе имате, толку повеќе сакате… ви звучи познато ова? Алчноста може толку да ви го окупира умот, што нема да можете да размислувате на ништо друго освен на тоа што таа ве тера да „грабате“. Ваквиот живот никого не направил среќен, па затоа и се смета за еден од најголемите убијци на душата.rnrnМожеби ќе ве интересира и кои се 7-те силни емоции кои го „јадат“ телото однатре.

  • Каде оди нашата душа кога сонуваме според Индијанците?

    Каде оди нашата душа кога сонуваме според Индијанците?

    Сонувањето е многу важен дел од културата на Индијанците. Тоа е длабоко врежано во нивната традиција и нивната духовност. Тие ги учат своите деца да ги помнат нивните соништа за да можат да ги користат како водич во животот.rnrnkade-odi-nashata-dusha-koga-sonuvame-spored-indijancite-kafepauza.mkrnrnНо, каде оди нашата душа кога сонуваме? Дали останува во нашето тело додека нашиот ум го истражува светот на соништата? Или пак, доаѓа со нас и истражува заедно со умот. Овие прашања укажуваат на тоа дека имаме една душа. Но, според Индијанците, ние имаме 3 души. Прва е его-душата која е поврзана со нашиот здив. Втора е телесната душа која ни дава енергија и животна сила додека сме будни. И трета е слободната душа, која го напушта телото за време на сонувањето и на состојбите на транс.rnrnИндијанците верувале дека дел од душата буквално оди и истражува други димензии. Таа оперира додека физичкото тело спие. Другите две души остануваат во телото додека слободната патува кон светот на соништата.rn

    Светот на соништата

    rnСпоред Индијанците, умот не сонува ништо, исто како и телото. Поглаварот на едно племе го објаснил тоа на следниот начин:rn

    „Вашата душа ги сонува соништата, не вашето тело, ниту вашиот ум. Овие соништа се остваруваат. Душата патува низ целиот свет кога сонувате.“

    rnТие веруваат дека кога душата оди во светот на соништата таа комуницира со други духови и човечки души. Во овој свет, можете да комуницирате и со животни. Овој свет е реален колку и физичкиот.rnrnГолем дел од Индијанската филозофија смета дека и овој живот е само еден долг сон. Кај Индијанците нема разлика во важноста на светот на соништата и реалниот живот. Всушност, ако некој сонувал дека е повреден од некое животно, тој бил третиран во реалниот свет.rnrnСлично како нашите психијатари кои ни помагаат со проблемите во реалниот живот, Индијанците се консултираат за нивните соништа.rn

    Гледање на соништата во ново светло

    rnСпротивно на модерниот свет, соништата во Индијанската култура се исто толку важни колку и реалноста. Понекогаш дури соништата се и поважни. Ова е бидејќи во сонот добиваат духовни водичи, предвидувања за иднината, и се поврзуваат со Духот. Може да се каже дека светот на соништата е астрална димензија која ја посетуваат нашите души со цел да учат и да созреваат.rnrnАко Индијанците биле во право, можеби треба да почнеме посериозно да ги сфаќаме нашите соништа. Можеби во нив се кријат одговорите кои ги бараме.rnrnПрочитајте го и мислењето за значењето на соништата на психолозите.

  • 5 знаци дека вашето дете има стара душа

    5 знаци дека вашето дете има стара душа

    За сите мајки најголема радост е кога гледаат како нивното дете се развива во посебна личност со сопствен карактер. Но, нема ништо посмешно и поинтересно од тоа кога ќе сфатите дека вашето 3-годишно дете се однесува како да има 80 години. Следуваат 5-те највидливи знаци дека вашето дете има стара душа…rnrn5 знаци дека вашето дете има стара душаrn

    1. Претпочита книги наместо екрани

    rnБез разлика колку пати му пуштате песнички и цртани на лаптоп во текот на денот, погледот на вашето дете секогаш лута на друго место: Кон полиците со книги. Сигурно постојано бара од вас да му читате пред спиење, но наместо да заспие, тоа само уште повеќе се возбудува и со нетрпение го чека крајот на приказната.rn

    2. Не му пречи да поминува време само

    rnДецата кои имаат стара душа знаат како самите да се занимаваат. Тоа не значи дека тие не се согласуваат со другите деца или со нивните браќа и сестри, но не им пречи сами да си играат со лего коцки или со барбики.rn

    3. Има посебна врска со баба му

    rnКога баба ќе дојде кај вас на гости, тоа е исто како да дошла некоја позната личност. Всушност, децата кои имаат стара душа повеќе се дружат со возрасни отколку со нивни врсници. Тоа е така затоа што им треба смиреност и сакаат да разговараат на интересни теми.rn

    4. Многу е сочувствително

    rnДа речеме дека сте си го удриле прстот и сте офнале. Детето со стара душа ќе престане со играње и ќе дојде да ве утеши. Можеби ќе ви ја понуди неговата омилена играчка или ќе ве бакне таму каде што ве боли. Овие едноставни дела се знак на неговата сочувствителност за туѓите емоции и болка.rn

    5. Одговорно е и независно

    rnИако вашето дете има само 5 години, вам ви делува како да може да управува со сите други деца во домот и тоа е вистина. Тоа знае да преземе одговорност и сосема добро се снаоѓа само.rnrnВо продолжение дознајте дали имате стара душа.