КАФЕ ПАУЗА

Tag: душа

  • Отсекогаш ве гледале како чудаци? Најверојатно имате стара душа…

    Отсекогаш ве гледале како чудаци? Најверојатно имате стара душа…

    Луѓето со стара душа не се вклопуваат во рамките на типичните социјалните норми, па затоа и на многумина им делуваат како чудаци. Тие на некој начин лежерно се движат низ животот и воопшто не се заинтересирани за ситниците што можат да им ја црпат енергијата без посебна причина. Тие не се опседнати со материјални нешта бидејќи знаат дека сè е минливо. Луѓето со стара душа научиле важни лекции од претходните животи, но и до ден-денес се надградуваат.rnrnrnrnТие воопшто нема да се потрудат да мачат со ситници на коишто за неколку недели нема да се сеќаваат. Тие се водени од својата интуиција, слушајќи го своето тело и добро проценувајќи ги луѓето околу нив. Најчесто се сами, само затоа што така се полнат со позитивна енергија. Ова е и причината зошто често се чувствуваат неприфатено од семејството и пријателите – тие се едноставно различни.rnrnДоволно е да кажат дека „претчувствуваат“ нешто и луѓето веднаш ги погледнуваат чудно. А ако им кажат на блиските дека имаат потреба да бидат сами со себе, тие веднаш помислуваат дека ги избегнуваат и дека не се грижат воопшто за нив. Но тоа не е вистина. Нив сè што им е потребно е само време да се регенерираат. Луѓето со стара душа најчесто можат да се најдат во мал круг луѓе, бидејќи толпите ги исцрпуваат. Тие попрво би молчеле отколку да зборуваат само колку да кажат нешто.rnrnДури и како деца, тие биле доживувани како чудни. Најверојатно биле трпеливи, сочувствителни, полни со разбирање и лесно простувале… Прашањата што излегувале од нивната уста уште во раните фази од животот ги зачудувале нивните родители и другите возрасни во близина. Старите души поседуваат сеќавања и способности кои ги имале во претходните животи, помагајќи им во овој. Затоа и понекогаш се многу успешни во нешто што никогаш дотогаш не го пробале.rnrnСтарите души, иако физички изгледаат како сосема обични луѓе, се многу драгоцени и секој кој ги има во своја близина треба да биде благодарен и да ги чува.rnrn5 знаци дека и вашето дете има стара душа.

  • 10 постапки со кои секојдневно ја труете вашата душа

    10 постапки со кои секојдневно ја труете вашата душа

    Денес сите ние сме склони кон навистина токсично однесување. Но проблемот е што ова однесување ѝ штети на вашата благосостојба многу повеќе отколку што мислите. Се разбира, секој од нас си има свои грешки, но кога станува збор за делувањето, би требало да се обидеме да ја промовираме позитивноста.rnrn10 постапки со кои секојдневно ја труете вашата душаrnrnВашето духовно јас е многу поранливо отколку што мислите, а доколку сакате да ја негувате вашата душа, морате да дадете сè од себе. Сепак, никогаш не е доцна да станете личноста којашто отсекогаш сте сакале. Не заборавајте дека вие сте способни за многу повеќе отколку што мислите. Погледнете ги вашите (несвесни) навики со кои лошо ѝ влијаете на вашата душа.rn

    1. Одбивате да ги следите вашите соништа

    rnСекој ден би требало да ги следите вашите соништа, а не да ги игнорирате. Бидејќи утрешниот ден е неизвесен, искористете го денешниот. Доколку не излезете надвор во светот, времето ќе помине побрзо отколку што мислите.rn

    2. Ги озборувате другите

    rnОзборувањето на другите може да произведе само негативна енергија. Потребно е да се однесувате со другите онака како што тие сакате да се однесуваат со вас. Зарем вие би сакале некој да ве озборува зад грб?rn

    3. Се преправате дека сте нешто што не сте

    rnВие не сте никоја друга личност и не треба да се преправате дека сте. Никој не е совршен и сите имаат свои мани. Да бидете свои е најневеројатното нешто што можете да го направите на овој свет.rn

    4. Се обидувате да ги задоволите сите околу вас

    rnДругите луѓе секогаш ќе најдат нешто за коешто нема да бидат задоволни од вас. Немојте да го живеете животот за другите. Доколку не живеете за себе, само ќе си ја предизвикате сопствената пропаст.rn

    5. Се лажете себеси и другите

    rnНикогаш немојте да се лажете себеси или другите. Вашата душа ја заслужува вистината, исто како и луѓето коишто ви значат.rn

    6. Одбивате да се сакате себеси

    rnСекогаш треба да работите на љубовта кон себе. На крајот од денот, вие сте единствената личност што ја имате. Не потценувајте се.rn

    7. Им љубоморите на другите

    rnНикогаш нема да бидете исти како некој друг. Вие сте единствени на свој начин. Животот на другите не е секогаш толку добар колку што го замислувате.rn

    8. Ги чувате емоциите во себе

    rnМорате да се справувате со емоциите како што доаѓаат. Нивното складирање ќе ве забави и нема да можете да продолжите напред. Доколку не се ослободите од нив, никогаш нема да ги надминете.rn

    9. Постојано се навраќате на минатото

    rnВашето вистинско јас не живее во минатото, па зошто постојано се враќате таму? Никогаш нема да можете да го промените минатото, па најдобро е само да продолжите напред. Минатото само може да ве повреди.rn

    10. Глумите жртва

    rnНе мора да бидете жртва. Можете да ги надминете тешките времиња и лошите искуства. Кога го храните менталитетот на жртва, само ја подготвувате вашата пропаст.rnrnПрочитајте ги и советите за среќа од најсреќниот човек на планетата.

  • 8 знаци кои покажуваат дека не е изморено вашето тело, туку вашата душа

    8 знаци кои покажуваат дека не е изморено вашето тело, туку вашата душа

    Доколку поголемиот дел од времето се чувствувате слабо и исцрпено, важно е да знаете дека не сте сами. Еден од пет луѓе се чувствува уморно во секој момент и за жал, исцрпеноста станува нешто нормално. Ритамот на модерниот свет вклучува постојана работа, стрес, напнатост и недостаток од спиење и физичка активност. Сето ова има влијание и на вашата духовна состојба. Па, добро е да знаете кои се знаците кои покажуваат дека вашата душа е навистина изморена.rnrn8 знаци кои покажуваат дека не е изморено вашето тело, туку вашата душаrn

    1. Се чувствувате изморено и после спиење

    rnДоколку ви е тешко да станете наутро, дури и после 8 часа спиење, тоа може да биде првиот знак. Физички сте го одмориле телото, но тешко е да ја обновите душата со спиење. Како резултат, се појавува хроничен замор, а во текот на целиот ден имате тешкотии да ги завршите и наједноставните задачи.rn

    2. Мечтаење и бегање од реалноста

    rnДоколку чувствувате како да сакате да избегате од реалноста и да сонувате за друг живот, вашата душа ви кажува дека е изморена. Веројатно често размислувате за минатото и се плашите од иднината. Воглавно, не го сакате сегашниот миг и се обидувате да се оддалечите од него на кој било начин. Но ова бегање само ќе ви наштети, бидејќи сепак треба да им се вратите на секојдневните обврски. Незадоволството што го чувствувате само ќе се зголемува бидејќи вашите мечти не се совпаѓаат со реалниот живот.rn

    3. Рамнодушност и недостаток од амбиција

    rnКога ќе се земе предвид дека постојано се чувствувате уморно, можно е да искусите и недостаток од желба да правите што било. Можно е да се однесувате рамнодушно кон нештата што се случуваат околу вас, па дури и да изгубите интерес за работите што навистина сте ги сакале. Веројатно не гледате поента да правите што било, па станувате апатични. Оваа состојба создава дополнителна напнатост бидејќи треба да ги исполните должностите, дури и кога немате ни желба ни енергија.rn

    4. Нагли промени во расположението

    rnНезадоволството, заморот и рамнодушноста можат да имаат влијание врз вашите емоции. Колку често сте гневни, се навредувате од ситници или почнувате да плачете или да се смеете неочекувано и без причина? Доколку често ви се менува расположението, најверојатно тоа е знак на изморена душа. Животот станува само потежок со овие промени во емоциите. Исто така ова ве присилува да барате конфликти, наместо да постигнете мир и разбирање со другите.rn

    5. Се преправате дека ви е добро

    rnНемојте да мислите дека криењето на вашата болка ќе ви го реши проблемот. Доколку го правите ова, ги лажете другите, но и себеси за вашите вистински чувства, додека внатре се распаѓате. Давате сè од себе да се насмеете и трошите уште повеќе енергија обидувајќи се да создадете илузија на среќа, кога всушност вашата душа плаче. Нема засекогаш да имате сила да се преправате дека сè е во ред.rn

    6. Се чувствувате осамено

    rnДоколку го насочувате целиот гнев кон луѓето што ги сакате, во врските ќе се појави напнатост. Кога се преправате дека ви е добро, никој не ја знае вистинската состојба. Ова може да направи да се чувствувате сами со вашите проблеми. Почнувате да мислите дека никој не ве разбира, никој не ве прифаќа и дека никој не може да ви помогне. Па, се обидувате самите да се справите со сè, додека истовремено страдате од вашата состојба.rn

    7. Сакате да се сокриете од другите

    rnДоколку имате желба да се криете од саканите, ова дефинитивно е знак за изморена душа. Можеби сакате да се заштитите, па дури и да станете незабележливи, но бидејќи не можете да останете дома и да прекинете со секаква интеракција, чувствувате притисок од несаканата комуникација. Важно е да ги одржувате врските со саканите, дури и кога сакате да бидете сами.rn

    8. Негативно размислување

    rnДали забележувате мали пријатни нешта, се сеќавате на смешни настани и се обидувате да создадете среќни моменти? Доколку сте се навикнале да се фокусирате на лошите и негативните искуства, вашата душа можеби страда од исцрпеност. Вие воопшто не се полните со позитивна енергија. Баш напротив – ја трошите додека постојано ги преживувате или ги очекувате непријатните настани. Ова има големо влијание на вашето расположение и создава чувство на несреќа.rn

    Како да ја поправите вашата душа?

    rn

      rn 011

    • Консултирајте се со професионалец за вашето физичко и ментално здравје.
    • rn 011

    • Одбивајте ги токсичните врски. Опкружувањето има големо влијание врз вас. Доколку партнерот или партнерите ви влијаат лошо, вашата душа ќе страда.
    • rn 011

    • Побарајте помош од сакана личност и кажете ѝ што ве мачи. Таа ќе ви помогне да најдете решение.
    • rn 011

    • Променете ја ситуацијата и одете на патување. Одморот може да ви ги подобри расположението и здравјето.
    • rn 011

    • Обидете се да се фокусирате на позитивните сеќавања и обрнувајте внимание на добрите нешта што се случуваат во вашиот живот. Понекогаш сè што треба да направите е внимателно да набљудувате за да ги забележите добрината и позитивноста.
    • rn 011

    • Ценете го она што веќе го имате. Дури и малите нешта се важни.
    • rn

    rnПрочитајте ги и овие совети што ќе ви помогнат да го подобрите вашето ментално здравје.

  • 10 нешта што ја изморуваат вашата душа и како да се справите со тоа

    10 нешта што ја изморуваат вашата душа и како да се справите со тоа

    Дали ви се случува да се разбудите после 8 часа спиење, а сепак да се чувствувате изморено? Дали спиете немирно и постојано сте загрижени? Дали постојано чувствувате како да немате енергија? Доколку ви се познати овие нешта, најверојатно вашата душа е уморна.rnrn10 нешта што ја изморуваат вашата душа и како да се справите со тоаrnrnУморната душа води до живот кој не е изедначен со вашите цели. Не само што сте уморни, туку имате и чувство дека вашиот живот е безначаен, вашиот труд залуден и дека се движите во погрешна насока. Целата ваша енергија ја трошите обидувајќи да се справите со оваа состојба.rn

    10 нешта што ја изморуваат вашата душа

    rnПостојат многу фактори што можат да го предизвикаат ова. Некои од најважните се следниве:rnrn1. Се движите по погрешен пат кој е спротивен на вашето вистинско јас.rnrn2. Кажувате „Да“ дури и кога сакате да кажете „Не“.rnrn3. Она што го правите не ги исполнува вашите цели.rnrn4. Започнувате безначајни кавги и озборувате.rnrn5. Опкружени сте со токсични луѓе.rnrn6. Негативните мисли постојано ве надвладуваат.rnrn7. Заглавени сте во минатото.rnrn8. Постои забуна помеѓу вашите мисли и одлуки.rnrn9. Консумирате многу храна, алкохол или наркотици.rnrn10. Не се грижите за себе и не се сакате.rnrnСите овие нешта можат да ја заморат вашата душа. Ова пак може да води до многу посериозни проблеми, како депресија и намалување на интуицијата и емпатијата. Може да води и до зависност или разни психолошки проблеми.rnrnПрвиот чекор што треба да го преземете е да го најдете коренот на проблемот. Кога ќе бидете сигурни за причините, би требало да бидете подготвени да се соочите со нив.rn

    Спасете ја вашата душа

    rnАко сакате да го промените сето ова, постојат неколку мерки што можете да ги преземете.rnrn1. Практикувајте секојдневна медитација.rnrn2. Читајте книги за духовноста. Тие ќе ве инспирираат да ја пронајдете вашата вистинска природа.rnrn3. Слушајте добра духовна музика.rnrn4. Научете да користите кристали.rnrn5. Заштитете се и привлечете позитивна енергија со законот за привлекување.rnrn6. Вежбајте заземјување.rnrn7. Поставете цврста, позитивна и инспиративна цел и движете се кон неа.rnrn8. Обидете се да ги избегнувате токсичните луѓе.rnrn9. Практикувајте спорт на отворено, како трчање или пливање. На овој начин ќе се поврзете со природата.rnrn10. Сакајте се себеси. Дури и ако верувате дека не сте совршени, вие сте посебни и заслужувате многу повеќе. Покрај тоа, единственото нешто на коешто можете да работите е вашето подобрување.rnrnСепак, ако овие симптоми се премногу интензивни, најдобро е да посетите лекар или психолог. Обидете се да излезете од оваа состојба на умот и излечете ја вашата душа. Штом ќе одлучите да почнете, позитивните резултати ќе се појават многу брзо.rnrnПогледнете и како да дознаете дали имате стара душа.

  • Што се крие во темната страна од душата на земјените хороскопски знаци – Бик, Девица и Јарец?

    Што се крие во темната страна од душата на земјените хороскопски знаци – Бик, Девица и Јарец?

    Исто како и темната страна на Месечината, така сите луѓе имаат скриена страна на својата душа. Онаа што не ја покажуваат на другите, што толку добро ја скриле што ни самите не ја препознаваат. Карл Густав Јунг, познатиот психолог, најмногу ја истражувал оваа скриена страна, нарекувајќи ја сенка во своите трудови.rnrnrnrnСенката е мрачна страна на душата, според Карл Јунг, затоа што се состои од примитивни, негативни, социјално или религиски обезвредени човечки емоции и пориви како себичност, алчност, завист, желба за моќ или бес. Бидејќи луѓето едноставно не ги прифаќаат овие нешта на свесно ниво, тие ги потиснуваат, притискајќи ги во сенката.rnrnПрипадниците на земјените знакови, Бикот, Девицата и Јарецот, во својот личен развој учат како да воспостават однос со земјените нешта, како да ги чуваат, да ги разубавуваат, подобро да ги организираат и да ги направат трајно вредни за својот живот. Тие се поврзани со сите свои сетила и со телото, многу се реалистични, внимателни и амбициозни, со извонредна смисла за природа и убавина. Сепак, нивната сенка буди чувство на несигурност и промени што не можат да ги контролираат.rnrnВо сенката најчесто им се кријат посесивноста и алчноста. Ако се плашат да го изгубат тоа што им дава чувство на стабилност, како парите и имотот, тие можат да станат себични, површни и алчни. Стравот од неуспех може да ги натера да станат и зависници од работата. Ова дури ги прави и лоши колеги, затоа што тие се претвораат во критични, ситничави перфекционисти што премногу бараат од другите и им завидуваат на оние што имаат успех и богатство.rnrnЗемјените знаци најчесто се несвесни за тоа дека делуваат во секоја ситуација онака како што нив најмногу им одговара, и многу често ги запоставуваат своите интимни и социјални односи поради парите и амбицијата. Загриженоста за сопственото здравје може да ги одведе и во хипохондрија, а сомнителноста и строгоста ќе ги турне нивните блиски, особено кога кон другите се неубедливи, а кон себе попустливи.rnrnДознајте и кои се доблестите на земјените знаци.

  • Комуникација со душата: 7 начини на кои вашето вистинско јас се обидува да ве води

    Комуникација со душата: 7 начини на кои вашето вистинско јас се обидува да ве води

    Шаманите, медицинските лица и мистиците со векови знаат дека душата не го зборува човечкиот јазик. Наместо тоа, нашата душа комуницира со нас преку симболи, метафори, поезија, чувства и магија. Човечкиот јазик е премногу ограничен за да се покаже целото знаење и мудрост на душата.rnrnКомуникација со душата: 7 начини на кои вашето вистинско јас се обидува да ве водиrnrnМногумина не знаат како бидат во хармонија со нивното вистинско јас. Поради социјалните услови, често се потпираме само на умот и на неговата интерпретација на реалноста. Често луѓето ги испуштаат и најголемите знаци што им ги праќа душата. Покрај тоа тие не ѝ веруваат, ја игнорираат или се сомневаат во која било форма на комуникација што ја добиваат.rnrnКомуникацијата со душата не е само за просветлените луѓе. Таа е право на сите мажи жени и деца. Ако сакате да научите да комуницирате со вашата душа, мора да обрнете внимание на знаците. Постојат многу знаци, но следниве 7 се најочигледни.rn

    1. Знаци во соништата

    rnПсихолозите веруваат дека соништата се алатка со која потсвесниот ум се обидува да најде смисла во реалноста. Но во древните култури, како оние во Грција и Египет, соништата биле пораки од духовите, боговите или од другиот свет. Многу култури ги користеле соништата за откривање многу работи. Денес повеќето исцелители се согласуваат дека соништата пренесуваат важни пораки и вистини за нашите животи и судбини.rnrnОбрнете внимание на соништата и сликите, симболите и сценаријата во нив. Што се истакнува? Можете да водите дневник за соништата и да ги запишувате вашите моментални импресии.rn

    2. Луцидни соништа

    rnСпонтаните луцидни соништа претставуваат свесност дека сонувате. Свесноста во сонот е одлична можност да ја истражите вашата потсвест. Можете да научите како да бидете свесни во текот на спиењето, но доколку ова ви се случува спонтано гледајте го како дар. Ова е можност да поставите прашања и да најдете одговори кои не би ги сретнале додека сте будни.rn

    3. Повторувачки зборови и броеви

    rnКолку пати на часовникот сте забележале 11:11, 12:12, 13:13 и слично? Многу скептици сметаат дека кога мислиме на нешто, го гледаме постојано, но можеби ова искуство е позначајно. Без разлика кое е значењето што им го придавате на повторувачките зборови и броеви, нивната функција е да ве разбудат. Па секогаш кога ќе забележите повторување, запрашајте се која е сокриената порака.rn

    4. Знаци и водичи од животните

    rnПовеќето од нас секојдневно се сретнуваат со животни. Кога ќе обрнете внимание на овие животни ќе сфатите дека секое има различен начин на учење, разна порака и енергија. Важно е дека придаденото значење е навистина лично, па немојте да барате дефиниција. Следете го вашиот инстинкт.rnrnЕден начин да го откриете вашето значење е да забележите кои животни ги сретнувате секој ден. Обидете се да сфатите што сакаат да ви кажат. Како се однесуваат или движат? Ова е моќен вид на комуникација со душата.rn

    5. Синхроницитет или случајности

    rnДали некогаш ви се случиле серија настани кои изгледале посебно или необично? Можете овие настани да ги наречете среќни случајности, кога всушност станува збор за синхроницитет. Синхроницитетот се моменти со силна случајност каде што се поврзуваат нашиот внатрешен и надворешен свет. Често синхроницитетот е знак дека сте на вистинскиот пат бидејќи нештата се одвиваат како што треба без да вложите многу труд.rn

    6. Интуиција

    rnИнтуицијата е чувство што ви кажува дали да направите нешто. Секој знае што е интуиција, но на повеќето им е тешко да ја слушаат. Таа е различна од внатрешниот глас на стравот бидејќи е суптилна, смирена и центрирана. Важно е да ја направите оваа разлика. Многу луѓе мислат дека се водени од интуицијата, кога всушност ги слушаат нивните стравови. Интуицијата можете да ја гледате како гласот на вашата душа. Секогаш кога ќе ве привлекува нешто или некој, бидете сигурни дека вашата душа се обидува да ве води.rn

    7. Визии за време на медитација

    rnМедитацијата е друг начин да ја контактирате вашата душа. Долгите медитации се одличен начин да го искусите мистичното. Едно од овие мистични искуства вклучува визии или појавување спонтани имиња додека медитирате. Тие често можат да бидат знак од вашата душа. Многу луѓе слушнале и непознати песни или мелодии додека медитирале. Но како да знаете дали станува збор за визија? Обично сликите што ги гледате или зборовите што ги слушате ќе имаат одредена тема која ќе ви изгледа непозната. Исто така ќе се повторуваат и ќе чувствувате дека се навистина важни. Најдобро е да чувате и дневник за медитација во кој ќе ги запишувате овие слики, зборови или песни.rnrnПогледнете ги и знаците кои покажуваат дека вашата душа е уморна.

  • Одберете еден ангел и добијте порака за вашата душа

    Одберете еден ангел и добијте порака за вашата душа

    Ангелите нè уверуваат дека постои позитивна страна на сè што ни се случува, и дека можеме да направиме многу нешта со цел да создадеме мирна состојба во нашиот живот. Нивните пораки ни даваат увид во тоа што можеме да го направиме за да го подобриме сопствениот живот, но и состојбата на целиот свет. Погледнете ги следниве 4 ангели и одберете го оној што чувствувате дека ѝ зборува на вашата душа.rnrnrn

    1. Сакајте се

    rnЉубовта кон себе е темелот на вашиот живот. Кога се сакате, вие исто така и се прифаќате и си простувате за тоа што сте згрешиле. Истата енергија ја ширите и кон другите. Вистината е дека можете да го дадете само тоа што веќе го имате. Кога безусловно се сакате, тоа природно го давате на другите, создавајќи поздрав однос.rnrnЦелата љубов доаѓа однатре, исто како и омразата. Ако се мразите себеси, дури и во најмал облик, вие ќе ја испратите оваа енергија и кон целиот свет, притоа привлекувајќи ја истата наназад кон себе. Љубовта кон себе ја испраќа љубовната енергија кон целиот свет и на тој начин истата ја привлекува назад. Ако се сакате себеси, го сакате целиот свет!rn

    2. Правете го она што ви предизвикува радост

    rnРадоста е силна енергија, особено кога доаѓа паралелно со љубовта. Кога правите нешта што ви носат радост, вие ја пренесувате таа енергија и на другите.rnrnОд друга страна пак, кога ги минувате деновите во стрес, беда или несреќа, таа енергија почнува да ви влијае на целиот живот. Ова води кон исцрпување. Ако сакате нешто да смените, нешто конечно да ви тргне во добрата насока, тогаш почнете да ги правите оние нешта што ви цртаат насмевка на лицето.rn

    3. Престанете да се споредувате

    rnКога ги споредуваме нашите животи со другите, ние ја намалуваме нашата вибрација. Споредувањето почнува да ни предизвикува лажно чувство дека се чувствуваме подобро или полошо – ситуации од кои во ниту еден случај нема никаква корист.rnrnЕдинствената личност на која треба да се сосредоточите сте самите вие, бидејќи само вие и можете да се промените. Дозволете им на другите да ве инспирираат и да веруваат во вашиот потенцијал.rn

    4. Побарајте мир

    rnСветскиот мир почнува со барање мир со себе. Што сте помирни, толку помирен можете да го направите и светот со својата енергија. За вистински мир и добросостојба, прочитајте ги и претходните три пораки, бидејќи ако ги применувате сите овие совети, не постои нешто што нема да можете да го промените во светот.rnrnНо, прво почнете со себе. Медитација, креативна експресија, јога, телесни вежби, правилна исхрана, енергетско исцелување, есенцијални масла, чистење чакри, балансирање… сите овие алатки можат да ви помогнат да привлечете мирна енергија во вашиот живот и истата да ја вратите назад кон светот.rnrnХемијата на човековата душа: Прочитајте ги и овие топли и моќни цитати од Харуки Мураками!

  • Астрологија за душата: Ова е време за конечна одлука

    Астрологија за душата: Ова е време за конечна одлука

    Во овој период многумина можеби ќе почувствуваат некаков притисок да донесат одлука, патоказ за својот живот. Астрологот Кајпача, кој се занимава со астрологија за душата од аспект на целиот Зодијак, вели дека нашата слобода лежи во способноста да избираме и да одлучуваме. Неговите прогнози се поопшти од вообичаениот хороскоп. Според него, во моментов е поволен период секој хороскопски знак да ги согледа своите опции, особено затоа што Уран поминува низ знакот Бик, откако претходно седум години ги поминал во знакот на Овенот.rnrnАстрологија за душата: Ова е време за конечна одлукаrn

    Дали треба да останеме исти или да се промениме?

    rnВлијанието на Марс и Уран ќе се чувствува кај сите знаци до септември, особено во барањето одговор на прашањето дали треба нешто да промениме кај себе. Но, астрологот Кајпача потенцира дека промените секогаш се добредојдени. Во месецот на Бикот треба да научиме дека љубовта кон себе е безусловна и да се прифатиме самите онакви какви што сме.rnrnСо влегувањето на Марс во знакот Водолија, многумина ќе одлучат да ги прошират перспективите и да се подобрат во она што се, но и во своите навики, аспекти, растење и зрелост.rn

    Време е за одлука!

    rnПланетата Јупитер со своето влијание низ знакот Скорпија ќе донесе период на подобрување на интимните врски, но и засилено внимание поради емотивната ранливост. Слободата на човекот лежи во неговата способност да бира, а до крајот на оваа година секој хороскопски знак ќе биде ставен пред некаков избор, поради што ќе треба да одлучува што е најдобро за него.rnrnАстрологија за душата: Ова е време за конечна одлукаrn

    Постапувајте најдобро што можете, водете се од љубовта

    rnПланетите Уран и Марс носат отворање и будење, но и подобар пристап кон себе, своите врски и работата. Периодот кој следува често ќе ве става пред избори, а вие ќе треба да одлучувате. Исто така, со помош на овие избори, ќе откриете што сакате да бидете и што правите правилно во животот, а што не.rnrnАстрологот Кајпача советува секој да го направи најдоброто што го умее, а да се води од љубовта и нежноста, бидејќи можен е период на изладени емоции и неумесни постапки кај некои луѓе.rn

    Повторно раѓање

    rnВо следниот период Сонцето влегува во знакот Близнаци, а тоа значи дека сите треба да се посветат на комуникацијата, разговорите, но и длабокото и широкото разбирање на самите себе. Сепак внимавајте, бидејќи комуникацијата некогаш може да биде напорна за вас или за соговорникот.

  • Дали вашата душа е уморна?

    Дали вашата душа е уморна?

    Сите имаме моменти во животот кога се чувствуваме несигурно и тажно и имаме голем недостиг на желба и инспирација. Исто така, понекогаш ни е потребен одмор од сè, и физички и ментален. Но, ако чувството не престанува, тогаш можеби самата душа праќа сигнал дека е уморна.rnrnДали вашата душа е уморна?rnrnВо вакви ситуации нема да помогне долгото спиење и избегнувањето на физичките активности во одреден период. Секојдневно ќе се будите со чувство дека воопшто немате енергија. Тоа е знак дека животот кој го живеете не е во согласност со вашата цел.rnrnЛуѓето обично го препознаваат душевниот умор според симптомите, но се верува дека постои и поврзаност меѓу него и електрицитетот кој се создава по триење на дланките околу 30 секунди. Кога ќе почувствувате дека се создава топлина и енергија, почнете да ги одделувате дланките. Доколку не постои енергија која ја чувствувате при одделувањето или пак исчезнува во моментот кога дланките се оддалечуваат една од друга, тоа е јасен знак дека вашата сила веќе е истрошена.rnrnДали вашата душа е уморна?rnrnДушата може да стане уморна поради следниве причини:rn

      rn 011

    • Не сте искрени кон себе
    • rn 011

    • Велите „да“ дури и кога мислите на „не“
    • rn 011

    • Правите нешто што не е во согласност со вашата цел
    • rn 011

    • Учествувате во озборувања и кавги
    • rn 011

    • Се дружите со негативни луѓе
    • rn 011

    • Зборувате лошо за себе
    • rn 011

    • Заглавени сте во минатото
    • rn 011

    • Опкружени сте со хаос
    • rn 011

    • Имате чувство на помала вредност
    • rn 011

    • Не се сакате доволно
    • rn

    rnСите овие причини се рефлектираат на душата и предизвикуваат оддалечување од вистинските животни цели.rn

    Вашата душа знае кога е време за промени

    rnКога душата е уморна, се појавуваат симптоми како што се депресија, недостаток на мотивација, губење на интуицијата и опсесивно однесување. Тоа е прв знак дека мора да се направат промени, но пред сè, потребно е да се открие вистинскиот извор на проблемите.rnrnЗатоа е потребно да најдете начин кој ви одговара и за кој верувате дека ќе ви помогне да го вратите балансот на вашиот дух. Медитирајте, направете нешто што ве прави среќни, размислувајте позитивно, практикувајте љубов кон себе, но можете и да ја прочистите аурата и да ја обновите енергијата со помош на кристалотерапија.rnrnУморната душа може значајно да го намали квалитетот на животот, но добрата вест е што кога ќе се посветиме на нејзиното закрепнување, таа многу брзо ќе се регенерира и ќе ни се врати помоќна од претходно.rnrnПогледнете ги и овие 7 знаци дека вашата душа е уморна и сака да комуницира со вас…

  • Љубовно писмо до мојата душа

    Љубовно писмо до мојата душа

    Те сакам. Те сакам уште од денот кога дојде на оваа Земја. Ги сакам коските кои пеат во твоето тело, крвта која пее во твоите вени.rnrnЉубовно писмо до мојата душаrnrnГи сакам твоите сенки и твојата светлина. Го сакам начинот на кој заедно танцуваат на тајната песна која ја слушаш само ти.rnrnТолку многу ги сакам твоите предности, ги сакам и твоите недостатоци бидејќи ѝ даваат контраст на твојата душа.rnrnДлабочината и ширината на твоето срце е земја во која секогаш е пролет. Дури и кога е како најстудената зима, цвеќињата продолжуваат да ја покажуваат нивната грациозност.rnrnОтворените порти на твоите емоции ги примаат сите кои лутаат кон нивниот праг, а твоите љубов и добрина се пламен кој гори и кој дава нов живот.rnrnТе сакам за твојата сила, за твојата ранливост. Те сакам бидејќи и додека ги пишуваш овие зборови рониш солзи кои те чистат, кои те отвораат ден по ден без да се срамиш за тоа чистење, а сепак те делат на две секој ден.rnrnГо сакам тоа што гледаш работи кои другите не ги гледаат. Го сакам тоа што понекогаш си слепа за омразата и мизеријата, тоа што одбираш да веруваш во доброто и во оние кои залутале во твојот домен.rnrnГо сакам тоа што се знаеш од некој претходен период, некој живот во друго време. Го сакам тоа што ги чуваш овие сеќавања и ти се скапоцени како и оние од денес.rnrnГо сакам тоа што се движиш како трска на есенски ветар и го сакам тоа што не ѝ дозволуваш на сезоната да те скрши, иако се обидува.rnrnДрага душо, те сакам.rnrnПрочитајте ги и љубовните писма на Фрида Кало кои ќе ви предизвикаат вистинска бура од емоции.