КАФЕ ПАУЗА

Tag: дрво

  • Совети за одгледување собни растенија – Дрво на животот

    Совети за одгледување собни растенија – Дрво на животот

    Дрвото на животот е елегантна билка со преубави, меки листови. Тие можат да бидат еднобојни, но најчесто се пругасти (Dracena Derеmensis). Тоа е собно растение од фамилијата Agavaceae – Agave,  а повеќето видови потекнуваат од тропските предели на Африка.Совети за одгледување собни растенија - дрво на живототВо зависност од видот, тие можат да пораснат од 1 па до 3 метри. Расте на тој начин што новите ливчиња се формираат на врвот, а долните паѓаат и умираат. На тој начин стеблото постепено оголува и наликува на палма. Од друга страна пак, ова растение расте многу споро, но е долговечно (има примерок од ова растение во Тенерифе, кое е старо околу 1.000 години). Драцената е многу погодно собно растение: се задоволува со малку топлина и најдобро е да го поставите во светла просторија, подалеку од директен контакт со сончева светлина. Ходниците не се погодни места за оваа билка. Во секој случај, Дрвото на животот изгледа доста декоративно и го украсува секој простор.Совети за одгледување собни растенија - дрво на животот

    rnrn

      rn011

    • Драцената сака светли простории, но не и директен контакт со сончевата светлина. Ставете го на малку засенето место.  Оптимална температура му е 20-30 степени Целзиусови.
    • rn011

    • Во зимските месеци, слободно преместете го дома бидејќи е доста прилагодливо растение и централното греење не му пречи. Но, осигурете се температурата да не падне под 15-тиот степен бидејќи ладното многу му смета и може да умре. Така, во текот на зимата не треба да го прихранувате, а наводнувањето треба да го правите на тој начин што, земјата ќе биде секогаш влажна. Прскањето на листовите, пожелно е да го правите еднаш неделно, а во текот на летото многу почесто.
    • rn011

    • Најпогодна почва за Драцената е мешавина од компост за растенија и песок за кактуси во однос 1:1.
    • rn

    rnСовети за одгледување собни растенија - дрво на живототrn

      rn011

    • Размножувањето може да биде со семе или со резанка од растението. И двата начини се многу едноставни и успешни. Доколку имате семе, најдобро е да го посеете во текот на март, во обичен супстрат и да го оставите на топло место покрај сончев прозорец. Треба да го прекриете со најлон, како би се обезбедила потребната температура. Најпогодна температура за никнење на семето е 27-28 степени. Кога растението ќе почне да расте, намалете ја температурата до 24-тиот степен и пресадете го во лонче со димензии 7-9 см, заштитено од провев.
    • rn011

    • Драцената треба да ја пресадувате на 2 години или на помал временски период, во поголема саксија, во зависност од брзината на растот. При пресадувањето погодно би било, на дното на новата саксија да ставите камчиња или парчиња од тули за да се подобри дренажата.
    • rn011

    • Листови: доколку листовите на вашата Драцена почнат да паѓаат, а не се во целост развиени, тоа е прв знак за преголемо или премало наводнување, како и растење на ниска температура. Листовите може да ги бришете со пена од пиво. Таа му дава сјај на листот и штити од прашина. Во лето, ако директно го изложите на Сонце, листовите избледуваат.
    • rn

    rnСовети за одгледување собни растенија - дрво на живототДоколку сте љубители на одгледувањето собни растенија, погледнете што треба да знаете за филадендронот пред да одлучите да го чувате во вашиот дом.rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Шик продавница за вино

    Шик продавница за вино

    Швајцарската фирма за дизајн OOS го дизајнираше ентериерот на оваа продавница за вино која се наоѓа во Цирих, во сопственост на Albert Reichmuth. „La Galerie du Vin” освен тоа што е продавница, исто така е и место за дегустација на вино и место за одржување семинари на тема вино. Целата продавница е тематски распоредена според потеклото на шишињата вино кои ги има. Вистински рај за љубителите на виното. Самиот ентериер зборува за тоа колку виното е подигнато на едно високо ниво. Погледнете…Шик продавница за виноШик продавница за виноШик продавница за виноШик продавница за виноШик продавница за виноШик продавница за вино

  • Хотел од огледала на дрво

    Хотел од огледала на дрво

    Единствен од ваков тип, овој хотел на дрво се наоѓа во Шведска и работи околу една година. Тој е во форма на коцка и целиот е обложен со огледала, па така кога го гледате од доле може и да не го забележите бидејќи целосно се камуфлира во околината.Хотел од огледала на дрвоХотел од огледала на дрвоДизајниран е на тој начин што до него се пристапува со помош на мост од јажиња, има една соба со два кревета, мала бања и тераса. Внатрешноста е изградена од иверица и прозорци кои овозможуваат поглед од 360 степени на околината.Хотел од огледала на дрвоХотел од огледала на дрвоХотел од огледала на дрвоЗа да се спречи колизијата на птиците со огледалата, тие се изработени од специјални ламинати со инфрацрвен филм, кој само птиците можат да го видат. Хотел од огледала на дрвоХотел од огледала на дрвоКонцептот на овој хотел ги исполнува еко стандардите и нуди единствена шанса да се сретнете и да уживате во природата на Шведска која го одзема здивот.Хотел од огледала на дрвоХотел од огледала на дрвоЕдно ноќевање со вклучен појадок за двајца во хотелот изнесува 470 евра. Коцката од огледала има третман на една хотелска соба и е дел од цел таков комплекс. Разгледајте, можеби ќе преферирате птичје гнездо.Хотел од огледала на дрво

  • Цитрусни овошја

    Цитрусни овошја

    Автор: Марија СмокварскаrnrnОвошките како лимон, портокал, мандарина, грејпфрут се само дел од групата цитрусни овошја. Се смета дека потекнуваат од Југоисточна Азија, но денес се култивираат секаде каде што е застапена топлата клима. Овие растенија растат како големи грмушки или мали дрвја, високи 5-15 метри со боцкави стебла. Се карактеризираат со иста градба како и другите растенија, меѓутоа се значајни по нивната арома која делумно доаѓа од содржината на флавоноиди и терпеноиди кои се наоѓаат во кората од плодот. Нивниот сок содржи висока количина на лимонска киселина која го дава нивниот остар вкус.Цитрусни овошјаКако што знаеме, тие се најголем извор на Витамин Ц. Нивните плодови се јадат свежи, се користат за ублажување на болката при каснување од пчела и да не заборавиме, нашите мајки ни ги даваат за подобрување на имунитетот во зимските периоди. Еве неколку главни карактеристики на некои од претставниците на цитрусните овошја.rn.rn

    Лимон:Цитрусни овошја

    rn

      rn011

    • Неговото дрво расте до 6 метри.
    • rn011

    • Лимоновиот сок содржи најголема количина на детоксикативни материи од сите други овошја.
    • rn011

    • Содржи 40 милиграми на Витамин Ц што е за 2/3 повеќе од човечката дневна потреба.
    • rn011

    • Лимонот има 15 калории.
    • rn011

    • Во Малезија се верува дека лимоновиот сок е оружје против злите духови.
    • rn

    rn

    .rnПортокал:Цитрусни овошја

    rn

      rn011

    • Портокаловото дрво расте 8-15 метри.
    • rn011

    • Потекнува од Индо-Кина.
    • rn011

    • Портокаловата боја на ова овошје произлегува од нивното изложување на пониски температури. Во тропските области портокалите имаат зелена боја со неколку жолти дамки.
    • rn011

    • Портокалот има 59 калории.
    • rn011

    • Калциумот во портокалот е подобро впиен, отколку калциумот во млекото. На пример, чаша млеко има 291 милиграми калциум од кој во човечкото тело се впива само 31%, додека, сок од портокал има 350 милиграми од кои се впиваат 37%. Чудно, нели?
    • rn

    rn

    .rnМандарина:Цитрусни овошја

    rn

      rn011

    • Мандариновото дрво е високо 7.5 метри.
    • rn011

    • Мандарината го добила своето има бидејќи била експлоатирана од страна на високи државни функционери во Кина (мандарини).
    • rn011

    • Мандарината има 47 калории.
    • rn011

    • Во древната кинеска медицина, се користи исушена кора од мандарина за подобрување на работата на дигестивниот систем.
    • rn011

    • Мандарината покрај Витаминот Ц, содржи и калиум, магнезиум и Витамините Б1, Б2 и Б3.
    • rn

    rn

    .rnЗелен лимон:Цитрусни овошја

    rn

      rn011

    • Неговото дрво расте до 5 метри.
    • rn011

    • Зелените лимони, најчесто се култивирани во земјите со тропска клима и се многу покисели од обичните лимони.
    • rn011

    • Кората на зелениот лимон е значаен дел од мексиканската, виетнамската и тајландската кујна.
    • rn011

    • Маслото од ова овошје се користи во парфимеријата и во процесите со ароматерапија.
    • rn011

    • Содржи 47 калории.
    • rn

    rn

    .rnЦитрон:

    rn

      rn011

    • Дрвото на цитронот расте до 15 метри.
    • rn011

    • Во фамилијата на цитрони спаѓаат неколку подвидови како на пример:
    • rn

    rn

    Цитрусни овошја
    Бел цитрон
    rnrn
    Цитрусни овошја
    Црвен цитрон
    rnrn
    Цитрусни овошја
    Помело
    rnrn
    Цитрусни овошја
    Минеола
    rn

      rn011

    • Цитронот содржи 30 калории.
    • rn011

    • Мармаладот од цитрон има одличен вкус и се смета за специјалитет.
    • rn

    rnЦитрусни овошја.rn

    Клементина:Цитрусни овошја

    rn

      rn011

    • Ова овошје се нарекува и мандарина без семка.
    • rn011

    • Неговото добивање се должи на отецот Клемент Родиер од Ангола.
    • rn011

    • Клементината е хибрид од портокал и мандарина.
    • rn

  • Топ 10 најчудни растенија во светот

    Топ 10 најчудни растенија во светот

    Автор: Марија СмокварскаrnrnНекои танцуваат, други се кријат од срам, трети се огромни, четврти воскреснуваат… ова се најчудните растенија во светот.rn. rn

    1. Welwitschia mirabilis – најотпорно растение во светот

    rnТоп 10 најчудни растенија во светотТоп 10 најчудни растенија во светотОва растение се смета за уникат во природата. Ги населува пустинските пространства на Намибија. Не е многу убаво за гледање, но со своите карактеристики е единствено. Целото растение се состои од 2 листа кои со својот раст образуваат многу чудни форми, како во филмовите со вонземјани. Стеблото може да порасне до 2 метри во висина и 8 метри во широчина. Животниот век му е од 400-1500 години, а тоа што го прави единствено е тоа што може да преживее до 5 години без дожд. Локалните жители му дале едно симпатично име: Оnyanga, што во превод значи пустински кромид бидејќи го користат и во исхраната.rn.rn

    2. Dionaea muscipula – стапица за инсекти

    rnТоп 10 најчудни растенија во светотТоп 10 најчудни растенија во светотDionaea muscipula е едно од најпознатите месојадни растенија поради својата стапица за инсекти. Можеби ова растение е славно, меѓутоа е и многу опасно, барем за оние малечки инсекти со крилца. Растението има 2 големи шарени листови кои во внатрешната страна се обложени со ултрасензитивни влакнеца кои детектираат присуство на сè од мравкa до пајак. Неговата стапица се затвара за помалку од секунда.rn.rn

    3. Rafflesia arnoldii – растение со најголем цвет во светот

    rnТоп 10 најчудни растенија во светотТоп 10 најчудни растенија во светотЕве едно егзотично и доста ретко растение кое без разлика на тоа колку е убаво, нема да сакате да го посадите никаде блиску до вашиот дом. Тоа ќе го создаде најголемиот цвет на светот кој тежи 7-10 кг. Но, иако на изглед е многу раскошно и живописно, неговиот цвет ја создава една од најодвратните миризби на светот  – онаа на скапан труп. Дури во Индонезија, местото од каде потекнува, е наречено Corpse Plant (растение-леш). Rafflesia arnoldi цвета само последните 3 дена до една недела и за неговиот опстанок потребни се идеални услови. Дури и по опрашувањето, само 10-20% од расадот успева да преживее. Со малку среќа (или за несреќа J), после 9 месеци ќе почне да цвета.rn.rn

    4. Desmodium gyrans – танцувачко растение

    rnТоп 10 најчудни растенија во светотДенес, ова растение е познато и како Танцувачка трева или Растение-семафор (наречено така по начинот на играње на листовите слично како сигналите од семафорот). Инаку е многу обично растение, лесно се чува, си игра среќно на сончево време и бара наводнување. Баш како секое нормално растение :). rn

    rn

    .rn5. Euphorbia obesa – растение-бејзбол

    rnТоп 10 најчудни растенија во светотТоп 10 најчудни растенија во светотОва растение е ендемит кој живее во регионот Great Karoo во Јужна Америка. Целото растение е во форма на бејзбол топче од каде го добило и името. Заштитено е со закон со цел да се зачува што е можно повеќе од останатата дива популација. Во последно време, сè почесто се одгледува во ботаничките градини и расадниците, со што се осигурува дека растенијата кои ќе стигнат до рацете на колекционерите не се растенија од дивината.rn.rn

    6. Romanesco Broccoli – растение-карфиол

    rnТоп 10 најчудни растенија во светотТоп 10 најчудни растенија во светотОва растение е откриено во 16-от век во Италија и е во блиско сродство со карфиолот. Поради некоја причина, растението расте спирално движејќи се логаритмички кон центарот. Неговиот раст е сличен на фрактал, кој претставува геометриско тело со доста сложен дизајн, изведен од едноставни математички правила.rn.rn

    7. Baobab – дрво во форма на шише

    rnТоп 10 најчудни растенија во светотТоп 10 најчудни растенија во светотBaobab е заедничко име на родот Adansoniа кој опфаќа 8 видови дрвја. Жител е на Мадагаскар, континентална Африка и Австралија. Наречено е дрво-шише, не само поради неговиот изглед, туку и заради способноста да складира околу 300 литри вода. Не е чудо што живеат повеќе од 500 години.rn.rn

    8. Dracaena cinnabari – змејско крваво дрво

    rnТоп 10 најчудни растенија во светотТоп 10 најчудни растенија во светотОвој вид е најверојатно еден од најпознатите и најкарактеристичните видови на островот Сокотра во Индискиот Океан. Неговиот изглед е во форма на превртен чадор и има густа крошна. Ова е зимзелен вид кој лачи темно црвена смола што потсетува на крв по што го добил и своето име.rn.rn

    9. Mimosa púdica – срамежливата мимоза

    rn

    Топ 10 најчудни растенија во светотMimosa pudica (pudica – срамежлив) е едно од најсензитивните растенија во светот. Тоа срамежливо мало цвеќенце при секаков допир или потрес си ги затвора ливчињата и по неколку минути пак ги отвора. Епа кој би рекол дека и растенијата имаат чувства? 🙂

    rnrn

    rn

    .rn 10. Selaginella lepidophylla – воскреснувачко растение

    rnТоп 10 најчудни растенија во светотТоп 10 најчудни растенија во светотОва растение е пустински вид кој е способен да преживее речиси целосно сушење. За време на суша, неговото стебло се завива во цврста топка и по изложување на вода повторно се отвора. Живее во пустината Chihuahuan во Северна Америка.

  • Живите мостови во Индија

    Живите мостови во Индија

    Во североисточна Индија, јужните падини од ридовите Каси и Јаинтија се богати со необични дрвја од видот „Ficus Elastica“, или познати како индиските дрвја од гума. Чудното кај овие дрвја е тоа што поголемиот дел од своите корени ги вадат надвор од земјата.rnЖивите мостови во ИндијаАнтичкото племе Мегхалаја ги има забележано овие квалитети на дрвото, па неговите корени ги искористиле за градење мостови преку многубројните реки и потоци низ целата околина. Интересно е тоа што жителите им оставиле на мостовите сами да израснат, притоа тие помагале само коренот да го фати вистинскиот правец кон другата страна од реката.rnЖивите мостови во ИндијаНекои од овие мостови се стари повеќе од 500 години, а за еден мост да биде функционален потребни се најмалку 10 до 15 години заплетување на корените. Најдолгиот мост кој е направен е долг 30 метри и може да издржи 50 луѓе. Овие мостови и денеска секојдневно ги користат жителите на околните села.rnЖивите мостови во ИндијаЖивите мостови во ИндијаЖивите мостови во ИндијаЖивите мостови во Индија
    rnrnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Неверојатни хотели низ светот

    Неверојатни хотели низ светот

    За Нова година, за следното летување или за претстојното зимување, направете план да посетите некој од овие хотели во светот. Кој и да го изберете, ќе имате незаборавно и неповторливо искуство.rn
    rn

    Dog Bark Park Inn

    rnДоколку случајно се најдете во Котонвуд, Ајдахо, ќе имате можност барем една ноќ да поминете во хотелот „Dog Bark Park Inn“, кој е во форма на огромно куче.rnНеверојатни хотели низ светотСобите се декорирани со елементи кои потсетуваат на кучиња. Во продавничката во хотелот можете да купите секакви производи за кучиња, а тоалетот кој се наоѓа надвор од објектот е во форма на хидрант. Со капацитет за преноќување на само 4 луѓе одеднаш, овој хотел е одличен за една фамилија и за обожавателите на животните.rnНеверојатни хотели низ светотrn

    Null Stern Hotel

    rn„Null Stern“ хотелот се наоѓа во напуштено нуклеарно скривалиште во Швајцарија. „Null Stern“ во превод значи „со нула ѕвезди“, а тоа е така бидејќи гостите не добиваат ништо повеќе од кревет и топла вода. Дури можеби и ќе ја делите собата со уште 6 непознати луѓе.rnНеверојатни хотели низ светотПозитивното е тоа што едно ноќевање ќе ве чини околу 10 американски долари. Сепак, креаторите го презентираат како социјален експеримент што ќе им даде шанса на посетителите да се запознаат малку повеќе едни со други.rnНеверојатни хотели низ светотrn

    Karostas Cietums

    rnДоколку некогаш сакате да поминете ноќ во поранешен затвор на СССР, овој хотел е совршеното место за вас. Тој се наоѓа во Летонија, а неговите соби се буквално келии.rnНеверојатни хотели низ светотДоколку сакате и имате доволно пари, можете да платите за да доживеете вистинско затворско искуство, бидејќи „чуварите“ можат да се однесуваат со вас како да сте вистински затвореник. Хотелот има и музеј и организира редовни тури за посетителите.Неверојатни хотели низ светотrn

    Library Hotel

    rnДоколку сте љубител на книги тогаш овој хотел во Њујорк е перфектен за вас. Секој спрат и секоја соба е организирана по азбучен ред и по категорија.rnНеверојатни хотели низ светотВо сите 60 соби има безброј книги од соодветната категорија,од математика до еротски романи, па така секој гостин може да најде книга по својот вкус.rnНеверојатни хотели низ светотrn

    Jumbo Hostel

    rnОвој хотел се наоѓа во боинг 747 и е приспособен да собере 85 гости. Тој се наоѓа на 10 минути оддалеченост од аеродромот во Стокхолм, а од неговото кафуле и од направената дрвена палуба ќе имате прекрасен поглед кон пистата на аеродромот и полетувањата и слетувањата на авионите.rnНеверојатни хотели низ светотНеверојатни хотели низ светотrn

    Propeller Island City Lodge

    rnУправата на овој германски хотел тврди дека треба да преспиете во парче уметност, бидејќи секоја соба е различно дизајнирана.rnНеверојатни хотели низ светотЕдна соба е потполно портокалова, во друга мебелот е превртен обратно, во трета ќе бидете опколени само со огледала. Дури ако се чувствувате доволно морбидно, можете да спиете и во ковчег како вампир.rnНеверојатни хотели низ светотrn

    Hang Nga

    rnОвој виетнамски хотел е направен да личи како огромно чудно дрво. Сепак дрвото е вештачко, но е опколено со многу природа и растенија, па така остава впечаток како да е вистинско. Во внатрешноста доминира дрвената подлога и деталите кои отсликуваат едно дрво, па така ќе наидете на скулптури од мравки, пајаци, пајакови мрежи, по некоја птица и слично.rnНеверојатни хотели низ светот
    rnrnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Поткровје од соништата

    Поткровје од соништата

    Има ли некој кој не би сакал да живее тука? Поткровје во центарот на Шпанија, Мадрид каде обземаат белата боја, едноставноста, чистите линии и уметноста. Ова е домот на шпанскиот дизајнер David Delfin и неговиот партнер, фотографот Gorka Postigo.Поткровје од соништатаПоткровје од соништатаПоткровје од соништатаПоткровје од соништатаПодот, ѕидовите и таванот се обоени во бела боја што му дава на просторот отвореност и динамика во уметничкото творење. Целиот апартман е украсен со импресивни уметнички дела од Diane Arbus, Wolfgang Tillmans, Maison Martin Margiela, Charlotte Perriand, Louise Bourgeois, Juergen Teller, Tom of Finland, William Eggleston, Jean Prouve и Pierre Paulin и со неверојатна, прецизно избрана покуќнина.rnПоткровје од соништатаПоткровје од соништатаНиз целиот апартман има декоративни елементи кои во себе кријат своја симболика.rnrnНа горниот дел од поткровјето се е отворено и пространо. Само еден креденец ја дели спалната соба од бањата. Поткровје од соништатаПоткровје од соништатаПоткровје од соништатаЦелиот простор е спој на сексуалност, искреност и уметност, какви што всушност се и неговите сопственици.rnПоткровје од соништатаПоткровје од соништатаПоткровје од соништатаПоткровје од соништата
    rnrnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Хотел сместен во Боинг 727

    Хотел сместен во Боинг 727

    Хотелот „Costa Verde“ нуди загарантирано уживање за своите посетители, бидејќи се наоѓа покрај одлична песочна плажа, опколен со прекрасен животински и растителен свет.rnrnХотел сместен во Боинг 747Хотел сместен во Боинг 747rnrnДвата огромни балкони сместени на крилата на авионот и целата негова внатрешност се целосно направени од дрво, што овозможува комплетно вклопување со околината, за идеален мир и релаксација.rnrnХотел сместен во Боинг 747Хотел сместен во Боинг 747rnrnАвионот е од моделот Боинг 727, произведен во 1965 година и долго време бил дел од флотите на „South African Airways“, а подоцна и од „Colombia’s Avianca Airlines“. Кога тој бил повлечен од употреба, група инвеститори од Костарика, го купиле и го донеле во Сан Хозе, каде што бил поделен на 5 дела за полесно да се транспортира на денешната локација.rnrnХотел сместен во Боинг 747Хотел сместен во Боинг 747Хотел сместен во Боинг 747rnrnСепак, секое уникатно уживање чини многу, па така преноќување во овој хотел вон сезона би ве чинело 300 евра, а во сезона 350 евра.rnrnХотел сместен во Боинг 747Хотел сместен во Боинг 747Хотел сместен во Боинг 747

  • Канцеларија од палети

    Канцеларија од палети

    Палетите во секоја индустриска населба се најнепосакуваните нешта и буквално се фрлаат на улица. Многу архитекти и дизајнери се обидувале да им најдат некоја примена во нивните дела, но никој не успеал да го достигне ова. Во Амстердам, Холандија фирмата MOST Architecture за потребите на агенцијата BrandBase, создале уникатен и потполно употреблив канцелариски простор со нивна помош.rnКанцеларија од палетиКанцеларија од палетиСите работни и конференциски маси, подот, па дури и скалите се изработени од палети во комбинација со стакло, метал и дополнителни штици.rnКанцеларија од палетиИнтересната замисла, со уште подобра реализација, претставува одличен работен простор во кој вработените со полн елан и мотивираност можат да ги вршат своите задачи.rnКанцеларија од палетиКанцеларија од палетиКанцеларија од палетиКанцеларија од палетиКанцеларија од палети