КАФЕ ПАУЗА

Tag: дрво

  • Пирографија – фасцинантна уметност со оган

    Пирографија – фасцинантна уметност со оган

    Пирографијата е уметност со горење на природни површини. Таа потекнува од старите египетски и африкански племиња, кои биле фасцинирани од мистериозната моќ на огнот и неговата убавина. Наместо четка и бои за сликање се користат вжештени предмети, а платното се заменува со дрво, хартија и кожа.rnrnМеѓу уметниците кои го практикуваат овој уникатен правец е и Џули Бендер. Нејзината уметност ја создава на дрвени површени и е насочена кон природата и кон животните.Пирографија-фасцинантна уметност со оган
    rn

    „Со позајмување на античкиот занает, се обидувам да доловам делови од природниот свет и на еден нов начин да ја изразам мојата длабока благодарност кон него. Понесена сум од прекрасната синтеза на мазната дрвена површина и од топлината која ја внесувам во неа, што резултира со создавање богата сепија. Како што сликам со топлината, чувствувам одредена паралела помеѓу дивината и духот на природата, кои се отелотворуваат во моите дела“, вели Бендер.

    rnПирографија-фасцинантна уметност со оганПирографија-фасцинантна уметност со оганНацртаниот мотив е траен. Нема промени, сè додека предметите на кои се наоѓа се во добра форма. Со оваа ретка уметничка техника, најдобро се црта врз парчиња дрво од даб, бука, топола, орев или костен. Тие претходно добро се обработуваат. Треба да се внимава и да не бидат премногу темни.rnrnВо продолжение погледнете уште еден дел од преубавите дела на Бендер, која себеси се смета за пуританец.Пирографија-фасцинантна уметност со оганПирографија-фасцинантна уметност со оганПирографија-фасцинантна уметност со оганПирографија-фасцинантна уметност со оганПирографија-фасцинантна уметност со оганПирографија-фасцинантна уметност со оганПирографија-фасцинантна уметност со оганПирографија-фасцинантна уметност со оганПирографија-фасцинантна уметност со оганПирографија-фасцинантна уметност со оганПирографија-фасцинантна уметност со оганПирографија-фасцинантна уметност со оган
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Прекрасна планинска викендичка

    Прекрасна планинска викендичка

    Оваа неодолива дрвена викендичка е направена во 2007 година и се наоѓа во Масачусетс, САД. Овој навидум скромен простор од само 70 метри квадратни е максимално искористен, па иако од него е направена само една огромна соба, во неа се сместени голема кујна, дневен и трпезариски простор, како и два посебни дела за спиење.Прекрасна планинска викендичкаВнатрешниот и надворешниот дизајн на куќата тотално се вклопуваат со амбиентот во околината. Мебелот, ѕидовите и подот се во кафени и крем тонови, па така создаваат една релаксирачка атмосфера, која е надополнета со прекрасните пејзажи кои можат да се видат низ големите прозорци. Прекрасна планинска викендичкаПрекрасна планинска викендичкаПрекрасна планинска викендичкаПрекрасна планинска викендичкаПрекрасна планинска викендичкаПрекрасна планинска викендичкаПрекрасна планинска викендичкаrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Фамилијарна куќа во Калифорнија

    Фамилијарна куќа во Калифорнија

    Архитектонската компанија „Shimizu and Coggeshall Architects“ од  Лос Анџелес ја има редизајнирано оваа куќа во Санта Моника, која првично е направена во 1920 година. Проектот бил завршен во 2010 година, а куќата сега е распослана на 258 квадратни метри. Спалната и детската соба се направени едноставно и двете зрачат со позитивна енергија. Низ целата куќа доминираат дрвените елементи, како што впрочем е направена и фасадата на куќата.Фамилијарна куќа во КалифорнијаФамилијарна куќа во КалифорнијаФамилијарна куќа во КалифорнијаФамилијарна куќа во КалифорнијаФамилијарна куќа во КалифорнијаФамилијарна куќа во КалифорнијаФамилијарна куќа во КалифорнијаФамилијарна куќа во КалифорнијаФамилијарна куќа во КалифорнијаФамилијарна куќа во КалифорнијаФамилијарна куќа во КалифорнијаФамилијарна куќа во Калифорнијаrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Рајска куќа на совршена локација

    Рајска куќа на совршена локација

    На островот Форментера во Шпанија можете да наидете на многу интересни и релаксирачки куќички, но оваа некако е направена со посебен шмек. Форментера е остров кој до 15 век не бил населен и за разлика од најблискиот соседски остров, бучната Ибица, овој нуди навистина мирен и пријатен одмор.Рајска куќа на совршена локацијаОвој стил на архитектура можете да го видите по целиот остров. Куќите се градат едноставно, само од дрво и ѕидови од гипс. Низ целата куќа доминираат елементи изработени од дрво, а кровот на некои места е направен само од трска. Тоа е така бидејќи на овој остров речиси и да не врне.Рајска куќа на совршена локацијаРајска куќа на совршена локацијаВо куќата има едноставна трпезарија, интересна кујна, прекрасна спална и неодолив двор. Можеби естетски средениот двор е токму тој кој најмногу плени. Целиот е покриен со дрвен патос како бродска палуба, а малиот базен и меките лежалки со многу перници само ја надополнуваат совршената слика. Прекрасно рајско место, во кое може да се ужива додека се лежи под сенките од палмите и се пие освежителен коктел.Рајска куќа на совршена локацијаРајска куќа на совршена локацијаРајска куќа на совршена локацијаРајска куќа на совршена локацијаРајска куќа на совршена локацијаРајска куќа на совршена локацијаРајска куќа на совршена локацијаРајска куќа на совршена локацијаrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Дрво со шарено стебло

    Дрво со шарено стебло

    Можеби овие дрвја ви изгледаат како да се обоени со темперни бои, но нивната боја е во суштина, дело на природата. Ова специјално дрво е наречено „Eucalyptus deglupta“, а попознато е по името „Rainbow Eucalyptus“ (Еукалиптус-виножито). Колоритните пругасти „чкртаници“ на неговото стебло, се лупат секоја година, при што се покажува светло зелената боја на внатрешноста од дрвото. Овој слој од дрвото потоа потемнува и повторно се создаваат бои како сина, виолетова, портокалова, жолта, црвена и костенлива. Дрво со шарено стеблоДрво со шарено стеблоДрво со шарено стебло„Eucalyptus deglupta“ е единственото дрво од видот еукалиптус, кое природно го има на северната хемисфера. Тоа расте природно на островот Нова Британија, во Нова Гвинеја, крај морето Серам, на островите Сулавеси и Минданао. Денес, дрвото се одгледува на многу места во светот, најмногу поради струготините кои се користат за производство на хартија или за изработка на декоративни предмети.Дрво со шарено стеблоДрво со шарено стеблоДрво со шарено стеблоДрво со шарено стеблоДрво со шарено стеблоДрво со шарено стеблоДрво со шарено стеблоrnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Уметност на врвот од моливот

    Уметност на врвот од моливот

    Повеќето уметници кои се занимаваат со цртање, го користат моливот за со нив да ја создадат својата уметност. Далтон Гети има малку поинаков пристап. Тој создава минијатурни маестрални дела директно на врвот од моливот.rnrn

    Уметност на врвот од моливот
    Скулптура на Еливс Присли со превез на очите, изработена од еден молив
    rnrnДалтон работи како столар, а своите мали дела од графит ги изработува веќе 25 години. Тој  имал склоност да се занимава со ваков тип уметност уште како мал. Кога одел на училиште, имал обичај да им ги гравира имињата на неговите другари во дрвото на моливите и да им ги подарува. Потоа почнал да резба скулптури на поголеми парчиња дрво, за на крајот да му стане предизвик да ги прави своите дела што е можно помали. Експериментирал со разни материјали, се обидел со креда, но еден ден се сетил да работи директно на графитот во моливот.rnrn
    Уметност на врвот од моливот
    Мала пила изрезбана од графитот и од дрвото на моливот
    rnrn
    Уметност на врвот од моливот
    Користејќи ја гумата како подлога, Далтон создал мал крст од графитот во внатрешноста на моливот.
    rnrn
    Уметност на врвот од моливот
    Далтон го издлабил центарот на дрвото, а потоа ја изрезбал централната површина од графит за да го создаде ова поврзано висечко срце.
    rnrnДалтон користи 3 основни алати во неговата работа: жилет, игла за шиење и скулпторско ноже. Тој дури одбива да користи лупа, а со помош на иглата прави дупчиња и исцртува линии вртејќи го парчето графит полека во раката. Интересно е што тој нема продадено ниедно парче од својата колекција, туку сите ги дава како подароци, иако преку неговиот сајт може да се нарачаат разгледници и големи постери од нив.rnrnУметност на врвот од моливотrnrnДалтон вообичаено поминува неколку месеци работејќи на една фигура. Но, една творба му одзела дури две и пол години. Ова е воедно и најдолгото време што тој го посветил работејќи на едно парче, а причината е поврзувањето во синџир-ефект. За ова свое дело тој изјавува:rnrn

    „Меѓусебно поврзаните синџири побараа вложување на најголем напор, но многу сум задоволен со ова дело бидејќи е толку сложено што луѓето мислат дека мора да се два молива.“

    rnrnУметност на врвот од моливотУметност на врвот од моливотrnrnЗа олку пипава работа, неизбежно е да се запрашаме како Далтон го контролира трпението, но и како се носи со предвреме завршените проекти, прекинати од напукнување и кршење. Во врска со ова, тој вели:rnrn

    „Полудував кога заради мала несмасност, врвот од моливот ќе се скршеше. Некогаш многу се вознемирував, особено кога делото е при крај и баш тогаш ќе направев грешка. Потоа решив да го сменам начинот на кој гледам на мојата работа – кога започнувам со нова работа, мојот став е: ова и онака ќе се скрши некогаш, па да видиме до каде можеме да стигнеме. Овој став ми помогна да кршам помалку моливи, и иако ова сè уште се случува, не е толку често.“

    rn

    Уметност на врвот од моливот
    Стол на врвот на моливот
    rnrn
    Уметност на врвот од моливот
    Мало поштенско сандаче
    rnrn
    Уметност на врвот од моливот
    Малечко копче
    rnrn
    Уметност на врвот од моливот
    Чизма со многу детали
    rnrn
    Уметност на врвот од моливот
    Мал чекан
    rnrn
    Уметност на врвот од моливот
    Шраф со многу детали
    rnrn
    Уметност на врвот од моливот
    Пехар в рака
    rnrnДалтон има и кутија со 100 скулптури кои ги има скршено во процесот на работа. Оваа колекција тој ја нарекува гробница.rnrn

    „Имам повеќе скршени дела, па решив да ги поставам на стиропор. Луѓето може да мислат дека е чудно што ги чувам, но тие се сè уште интересни. Сум работел на нив со месеци, па иако можеби се мртви, во еден момент им имам дадено живот.“

    rn

    Уметност на врвот од моливот
    Колекцијата „гробница“
    rnrn
    Уметност на врвот од моливот
    Азбука

  • 10 кул дрвени гаџети

    10 кул дрвени гаџети

    Погледнете околу себе… Колку гаџети имате и колку од нив ги користите речиси истовремено?! Веќе повеќето од нас поседуваат некаков паметен мобилен телефон, ајпод, па и таблет. Но, ваквите гаџети се претежно изработени од ладни материјали, кои ни овозможуваат да ја „почувствуваме“ технологијата.rnrnЗа поголемо уживање во колекционирањето на вашите омилени технолошки парчиња, искористете нешто од оваа селекција на 10 додатоци изработени од дрво, кои создаваат чувство на топлина и дефинитивно се одликуваат со уникатност и стил.rn.rn

    1. Држач за мобилен телефон CaseCrown

    rn10 кул дрвени гаџетиЕдноставен, елегантен држач, кој ќе му овозможи на вашиот телефон да се одмори…rn.rn

    2. Слушалки од шперплоча

    rn10 кул дрвени гаџетиОвој редок гаџет е изработен од деветслојна лакирана шперплоча и претставува пример за спој помеѓу формата и технологијата.rn.rn

    3. Дрвен УСБ драјв

    rn10 кул дрвени гаџетиОва флеш стикче е изработено од Кокоболо, тропско дрво кое расте во Централна Америка, а има капацитет од 8ГБ.rn.rn

    4. Вазна од расцепено дрво

    rn10 кул дрвени гаџетиПрекрасна вазна од ламинирано бамбусово дрво изработена од јапонската заедница за дизајн Теори. Одлично би се изгледала поставена на вашето работно биро каде што ви стои компјутерот.rn.rn

    5. Дрвени часовници

    rn

    10 кул дрвени гаџетиОва се класични дрвени часовници, кои добиваат поприродно чувство поради видливоста на структурата на самото дрво.rn.

    rnrn

    6. Дрвени звучници за мп3 плеери

    rn10 кул дрвени гаџетиОвие прекрасни звучничиња зафаќаат помалку од 16мм3 и поврзувајќи ги со вашиот мп3 плеер, ќе произведуваат стерео звук каде и да одите.rn.rn

    7. Дрвен док со звучник за ајпод

    rn10 кул дрвени гаџетиОвој елегантен и стилски док е одличен елемент кој ќе и даде топлина на просторијата во домот каде што ќе го сместите, а воедно ќе ви овозможи гласно да ја слушате музиката од вашиот омилен музички плеер.rn.rn

    8. Дрвена футрола за лаптоп

    rn10 кул дрвени гаџетиОваа извонредно стилска футрола, обложена со кожа, ќе го заштити вашиот 15-инчен Епл Мекбук или Епл Мекбук про.rn.rn

    9. Дрвено радио

    rn10 кул дрвени гаџетиОва е мало радио со изненадувачки добар звук. Изработено е од чиста јава ебоновина, махагони и бор од одржливо управувана шума во Индонезија.rn.rn

    10. Звучник – дрвено јаболко

    rn

    10 кул дрвени гаџетиОва дрвено јаболко е од iDear и може да се користи како звучник за вашиот телефон или мп3 плеер.rn———————————————————————————————————————————————————————

    rnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Дрвото на животот во Бахреин

    Дрвото на животот во Бахреин

    Доколку некој од вас престојувал во Бахреин, тогаш со сигурност го посетил и дрвото на животот. Овој редок природен феномен е едно осамено дрво, кое живее и опстојува далеку од каква било вегетација и без извор на вода. Ова мистично дрво расте на највисоката точка во Бахреин веќе 400 години. Токму неговото долго опстојување го прави „жива“ легенда.Дрвото на животот во БахреинЛокалните жители од срце веруваат дека на ова место некогаш се наоѓала Рајската градина. Дрвото се наоѓа на два километри оддалечено од планината (ридот) на чадот, која е со надморска височина од 134 метри. Дрвото е сосема осамено на средина од пустината, а не престанало да живее и покрај лошите услови и климатските промени. Дрвото на животот во БахреинДрвото на животот во БахреинВисоко е околу 10 метри, а неговиот извор на наводнување и понатаму останува мистерија. Ботаничарите тврдат дека неговите корени одат многу длабоко во земјата и се протегаат на голема површина за да дојдат до некој извор оддалечен неколку километри од локацијата на дрвото.Дрвото на животот во БахреинДрвото на животот во БахреинДрвото на животот во БахреинДрвото на животот во БахреинДрвото на животот во БахреинДрвото на животот во Бахреинrnrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rnrn

  • Романтична куќичка на дрво со џакузи

    Романтична куќичка на дрво со џакузи

    Дали како деца сте копнееле да имате ваша лична куќичка на дрво, која би претставувала ваше скривалиште и интимен простор во кој никој нема да ве вознемирува? Во денешно време да се дојде до една таква е многу лесно, доколку тоа сè уште го сакате и имате доволно пари. Француската компанија „Canopée Construction“ е специјализирана токму за изградба на куќички на дрво. Оваа што можете да ја погледнете на сликите е изградена изминатава зима, а се наоѓа на 50 километри северно од градот Тулуз, Франција.rnРомантична куќичка на дрво со џакузиКуќичката „Cabane & Spa“ е издигната 3,6 метри од земјата. На неа има огромна палуба со џакузи, тераса со панорамски поглед кон селската идила во нејзината околија, спална и бања со туш кабина. Истата може да биде изнајмена за цена од 145 евра (понеделник до четврток) до 165 евра (петок до недела) по ноќевање за двајца, а во цената е вклучен и појадок. Величествената куќичка е одлично место за романтично бегство со вашиот партнер.Романтична куќичка на дрво со џакузиРомантична куќичка на дрво со џакузиРомантична куќичка на дрво со џакузиРомантична куќичка на дрво со џакузиРомантична куќичка на дрво со џакузиРомантична куќичка на дрво со џакузиРомантична куќичка на дрво со џакузиРомантична куќичка на дрво со џакузиРомантична куќичка на дрво со џакузиРомантична куќичка на дрво со џакузиРомантична куќичка на дрво со џакузи
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Хеликоптер изработен во соработка со Мерцедес

    Хеликоптер изработен во соработка со Мерцедес

    Компанијата „Еурокоптер“ е виновникот кој стои зад ова импресивно дело, хеликоптерот EC145 кој е направен во соработка со автомобилскиот производител „Мерцедес“. Прекрасниот модел е придвижуван од дупли турбински мотор, а во неговата луксузна кабина можат да се раскомотат 8 луѓе.rnХеликоптер изработен во соработка со МерцедесХеликоптер изработен во соработка со МерцедесКабината која е направена од дизајнерите на „Мерцедес“ е одлично средена со бели кожни столчиња за добра комоција на патниците, а големата остава, дозволува да се понесе поголем багаж со себе. Дрвените детали се забележуваат на неколку места, а таванот и подот се целосно направени од дрво. Мерцедес е вклучен и во пилотската кабина, каде што е вграден софистициран електронски систем. Хеликоптерот е достапен за продажба, па доколку сакате да си го подновите вашиот возен парк, ќе треба да издвоите 5,5 милиони американски долари.Хеликоптер изработен во соработка со МерцедесХеликоптер изработен во соработка со МерцедесХеликоптер изработен во соработка со МерцедесХеликоптер изработен во соработка со МерцедесХеликоптер изработен во соработка со МерцедесХеликоптер изработен во соработка со Мерцедес

    rn——————————————————————————————————————————————————————-rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.