КАФЕ ПАУЗА

Tag: дрво

  • Луксузна куќичка на дрво

    Луксузна куќичка на дрво

    Оваа модерна куќичка на дрво е дизајнирана од страна на „Blue Forest“ и многу лесно може да биде монтирана во вашиот двор како гостински објект, домашна канцеларија или соба како место за релаксација и уживање.Луксузна куќичка на дрвоКуќичката „Eco Perch“ е доволно просторна и во себе содржи целосна кујна, трпезарија, приватна спална соба, дневен простор со удобна софа и голем кревет, како и купатило. Дрвената структура на куќата е дополнета со големи прозорци и стаклени врати. Луксузна куќичка на дрво Луксузна куќичка на дрво Луксузна куќичка на дрво Луксузна куќичка на дрво Луксузна куќичка на дрво Луксузна куќичка на дрво Луксузна куќичка на дрво
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Совршено уреден стан од 22 метри квадратни

    Совршено уреден стан од 22 метри квадратни

    Иако многу луѓе својот дом од соништата го замислуваат како голема и пространа резиденција, во која има голем број соби и дизајниран мебел, има и онакви кои преферираат скромна, многу помала и едноставна верзија од овој сон.rnrnСовршено уреден стан од 22 метри квадратниrnrnТим Сегермен од Бруклин, го уредил ова мало станче во Менхетен изработувајќи го целиот мебел рачно. Во овој стан од 22 квадрата можете да видите многу генијални и специфични решенија. При изработката Тим употребувал полно дрво и успеал и покрај малата квадратура да не го задуши просторот, а домот делува топло и удобно.rnrnСовршено уреден стан од 22 метри квадратниСовршено уреден стан од 22 метри квадратниСовршено уреден стан од 22 метри квадратниСовршено уреден стан од 22 метри квадратниСовршено уреден стан од 22 метри квадратниСовршено уреден стан од 22 метри квадратниrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Совршено декорирани куќички од кал во најсиромашното село во светот

    Совршено декорирани куќички од кал во најсиромашното село во светот

    Во јужниот дел од африканската држава Буркина Фасо, се наоѓа мало село од околу 1.2 хектари, наречено Tiébélé. Тоа е дом на луѓето Касена, една од најстарите етнички групи, која се населила на територијата на Буркина Фасо уште во XV век. Tiébélé е познато по фантастичната традиционална архитектура и внимателно декорираните ѕидови од куќи.rnrnСовршено декорирани куќички од кал во најсиромашното село во светотСовршено декорирани куќички од кал во најсиромашното село во светотrnrnБуркина Фасо е сиромашна држава, дури и според западно-африканските стандарди. Можеби е и најсиромашната земја во светот. Но луѓето одовде се културно богати и декорирањето на фасадите од кал на куќите, е многу битен составен дел од нивното културно наследство. Декорирањето на ѕидовите претставува задача на заедницата и тоа секогаш го прават само жените. Процесот на изработка е всушност античка вештина, која датира од XVI век од нашата ера.rnrnСовршено декорирани куќички од кал во најсиромашното село во светотСовршено декорирани куќички од кал во најсиромашното село во светотrnrnЛуѓето Касена ги градат нивните куќи целосно од природни материјали: земја, дрво и слама. Земјата помешана со слама и кравји измет формира влажна смеса со совршена пластичност, со која може да се формираат речиси вертикални површини. Куќите во Tiébélé се градени имајќи ја предвид безбедноста на ум, без разлика дали станува збор за заштита од климатски непогоди или од потенцијални непријатели. Ѕидовите се дебели околу 30 см, а домовите се дизајнирани без прозорци, освен еден или два мали отвори, кои овозможуваат доволно продор на светлина. Влезните врати се само 60 см високи, а покривите се заштитени со дрвена конструкција. По дома, мештаните си пијат од локалното пиво (dolo).rnrnСовршено декорирани куќички од кал во најсиромашното село во светотСовршено декорирани куќички од кал во најсиромашното село во светотrnrnПо изградбата на куќите, жените прават фрески, служејќи се со обоена кал и бела креда. Мотивите и симболите се преземени од секојдневниот живот, од религијата и од верата. Насликаните ѕидови потоа внимателно се полираат со камења, при што секоја боја посебно се полира, за да не се помешаат меѓусебно. На крајот, целата површина е обложена со природна глазура, добиена со варење мешунки од „néré“, африканско багремово дрво. Дизајните воедно служат и за заштита на ѕидовите. Декорирањето обично се завршува пред стартувањето на дождовната сезона и ја штити фасадата од дождот. Додавањето кравји измет, набивањето слоеви кал и полирањето со néré, ги прави дизајните отпорни на влажните климатски услови, овозможувајќи ѝ на структурата подолго да трае.rnrnСовршено декорирани куќички од кал во најсиромашното село во светотСовршено декорирани куќички од кал во најсиромашното село во светотСовршено декорирани куќички од кал во најсиромашното село во светотСовршено декорирани куќички од кал во најсиромашното село во светотrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Кое дрво сте според датата на раѓање?

    Кое дрво сте според датата на раѓање?

    Откријте кое е вашето дрво според датата на раѓање и прочитајте што открива тоа за вашата личност.rnrnКое дрво сте според датата на раѓање?rn

    Јаболкница – Љубов (23.12 – 01.01 и 25.06 – 04.07)

    rnОние чие дрво на раѓање е јаболкницата се најчесто витки според градбата, атрактивни се и шармантни. Имаат пријатна аура, сакаат да флертуваат и по природа се авантуристи. Сакаат да љубат и да бидат љубени. Како партнери се нежни, верни и дарежливи. Имаат талент за наука и важат за безгрижни филозофи полни со имагинација.rn

    Јасен – Амбиција (25.05 – 03.06 и 22.11 – 01.12)

    rnРодените во знакот на јасенот се необично атрактивни, весели, импулсивни и амбициозни. Имаат многу барања и не се грижат за туѓите критики. Интелигентни се и талентирани, дури и малку повеќе егоистични. Сакаат да си играат со судбината, но и покрај тоа се личности од доверба. Во љубовта се верни и разумни, иако понекогаш се водат според чувствата. Односот со партнерот го сфаќаат сериозно.rn

    Бука – Креативност (22.12)

    rnПрипадниците на ова дрво имаат добар вкус, се грижат за својот изглед и знаат како да ги организираат животот и кариерата. По природа се материјалисти, но затоа се и одлични економисти и лидери кои не преземаат непотребни ризици. Важат за добри и разумни партнери кои се интересираат за разни спортови и диети.rn

    Бреза – Инспирација (24.06)

    rnСе работи за весели, атрактивни, елегантни и пријателски настроени личности. Скромни се и не сакаат ништо што е претерано. Сакаат да живеат мирно и постојано да се во контакт со природата, а не поднесуваат вулгарности. Страста не им е силна страна, прилично се вообразени, не се многу амбициозни, но умеат да создадат мирна и пријатна атмосфера.rn

    Смрека – Доверба (09.02 – 18.02 и 14.08 – 23.08)

    rnЛичностите родени во знакот на смреката се многу убави и лесно прилагодливи. Го сакаат луксузот и воопшто не се срамежливи. Важат за одлучни, нетрпеливи и самоуверени личности кои секогаш сакаат да ги импресионираат другите. Многу се талентирани и знаат да ја чекаат вистинската љубов. Способни се да донесат брзи одлуки.rn

    Костен – Искреност (15.05 – 24.05 и 12.11 – 21.11)

    rnИако припадниците на ова дрво се невообичаено убави личности, тие сепак не се обидуваат да ги импресионираат другите со својата убавина. Имаат добро развиено чувство за правда. Весели се и сè ги интересира. Поради недостаток на самодоверба, овие личности се многу чувствителни кога се дел од некое поголемо друштво. Понекогаш реагираат супериорно, се чувствуваат како да не се разбрани од другите и имаат потешкотии при пронаоѓање на партнер.rn

    Јавор – Верност (25.01 – 03.02 и 26.07 – 04.08)

    rnЛичностите чие дрво на раѓање е јаворот се силни и мускулести. Лесно се прилагодуваат и земаат сè што ќе им пружи животот. Оптимисти се и знаат да бидат задоволни. Алчни се за пари и разни признанија. Не поднесуваат да бидат осамени. Во љубовта важат за страсни и верни, но истовремено и избувливи и безгрижни љубовници.rn

    Бреза – Великодушност (12.01 – 24.01 и 15.07 – 25.07)

    rnОние кои се родени во знакот на ова дрво важат за пријатни личности кои имаат вкус за облека. Нивните барања се скромни, но сакаат да донесуваат одлуки за другите. Тешко ги простуваат туѓите грешки. Сакаат да водат, но не и да ги почитуваат правилата. Великодушни се, практични и имаат смисла за хумор. Во љубовта се верни и искрени.rn

    Смоква – Сензибилност (14.06 – 23.06 и 12.12 – 21.12)

    rnСе работи за личности кои се многу силни и независни, а работите ги извршуваат самоволно. Не дозволуваат контрадикторности и аргументи. Ги сакаат животот, семејството, децата и животните. Дружељубиви се и имаат смисла за хумор. Талентирани се и интелигентни, но сакаат да се излежуваат и да безделничат.rn

    Елка – Мистериозност (02.01 – 11.01 и 05.07 – 14.07)

    rnРодените во знакот на елката имаат несекојдневен вкус, достоинствени се и софистицирани. Сакаат сè што е убаво. Лесно го менуваат расположението, тврдоглави се и егоистични. Но, и покрај тоа се грижат за најблиските. Имаат големи амбиции и многу таленти. Опкружени се со многу пријатели, а во љубовта важат за личности кои тешко можете да ги задоволите.rn

    Лешник – Невообичаеност (22.03 – 31.03 и 24.09 – 03.10)

    rnПрипадниците на лешникот се шармантни личности кои немаат многу барања и се полни со разбирање. Знаат како да остават впечаток и затоа се многу популарни. Во љубовта се комплицирани, но искрени и толерантни. Имаат голема моќ за прецизно расудување.rn

    Габер – Добар вкус (04.06 – 13.06 и 02.12 – 11.12)

    rnОвие личности имаат неверојатна убавина, се грижат за својот изглед и кондиција, имаат добар вкус и не се егоистични. Живеат колку што е можно поудобно и водат одговорен и дисциплиниран живот. Од партнерот бараат љубезност и афирмација. Задоволни се со сопствените чувства, на многумина не им веруваат, не се сигурни во своите одлуки, но многу се совесни.rn

    Лимета – Сомнеж (11.03 – 20.03 и 13.09 – 22.09)

    rnОние чие дрво на раѓање е лиметата со мака го примаат тоа што им го пружа животот. Не поднесуваат стрес, борби и работа. Попустливи се спрема другите и знаат да се жртвуваат за пријателите. Иако поседуваат многу таленти, не се доволно амбициозни за да ги реализираат. Имаат склоност кон жалење и љубомора, но сепак се верни партнери.rn

    Јавор – Независен ум (11.04 – 20.04 и 14.10 – 23.10)

    rnЛичностите родени во знакот на јаворот се необични луѓе, полни со имагинација и оригиналност. Срамежливи се, но амбициозни, горди и сигурни во себе. Постојано се во потрага по нови искуства. Понекогаш се многу нервозни и комплицирани. Имаат добра меморија и лесно учат. Сакаат да ги импресионираат другите и имаат комплициран љубовен живот.rn

    Даб – Храброст (21.03)

    rnПо природа, овие личности се многу стабилни, храбри и силни. Независни се од другите и разумни. Не сакаат промени и стојат цврсто на земјата. Секогаш први ги преземаат работите.rn

    Маслиново дрво – Мудрост (23.09)

    rnРодените во знакот на ова дрво ги сакаат сонцето и топлината и убавите чувства. Разумни се и урамнотежени. Избегнуваат насилство и агресивност. Важат за толерантни, весели и мирни личности. Имаат развиено чувство за праведност, чувствителни се и не се љубоморни. Сакаат да читаат и да бидат опкружени со софистицирани луѓе.rn

    Бор – Исклучителност (19.02 – 28.02 и 24.08 – 02.09)

    rnИздржливоста е главна карактеристика на личностите родени во знакот на борот. Сакаат да бидат опкружени со пријатни луѓе, но и самите знаат како да си го направат животот попријатен. Активни се, практични и спонтани. Лесно се вљубуваат, но нивната страст брзо согорува. Се разочаруваат ако не го најдат тоа што го сметаат за идеално и лесно се откажуваат.rn

    Топола – Несигурност (04.02 – 08.02, 29.02, 01.05 – 14.05 и 05.08 – 13.08)

    rnПрипадниците на ова дрво не се многу сигурни во себе и разумни се само кога е тоа потребно. Имаат добра волја и секогаш се во пријатно опкружување. Претенциозни се, често се осамени, имаат талент за уметност и важат за добри организатори. Се интересираат за филозофијата, сигурни се во секоја ситуација, а врските ги сфаќаат сериозно.rn

    Мушмула – Чувствителност (01.04 – 10.04 и 04.10 – 13.10)

    rnОва се шармантни и весели личности, полни со егоизам. Сакаат да привлекуваат внимание. Го сакаат животот и постојано се во движење. Истовремено се и зависни и независни. Имаат добар вкус, надарени се за уметност и многу се чувствителни. Дружељубиви се, но не простуваат лесно.rn

    Орев – Страст (21.04 – 30.04 и 24.10 – 11.11)

    rnРодените во знакот на оревот се по малку чудни личности полни со спротивности, независни и егоистични. Агресивни се и од нив може да се очекуваат различни реакции, но имаат широки погледи кон работите. Спонтани се и амбициозни. Не се флексибилни. Во љубовта важат за тешки и необични партнери кои не се секогаш сакани, но на кои другите често им се восхитуваат. Љубоморни се, полни со страст и не прават компромиси.rn

    Жална врба – Меланхолија (01.03 – 10.03 и 03.09 – 12.09)

    rnЛичностите чие дрво на раѓање е жалната врба се убави, но меланхолични. Сакаат сè што е убаво и вкусно и сакаат да патуваат. Тие се сонувачи, полни со енергија, каприциозни и искрени. Може да се влијае на нив, но не е лесно да се живее со нив. Имаат добро развиена интуиција, но често страдаат во љубовта и затоа бараат партнер покрај кој ќе можат да останат засекогаш.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Зошто ова дрво дише?

    Зошто ова дрво дише?

    Ова чудно дрво снимено во Британска Колумбија, Канада, сигурно за момент ќе ве остави збунети. На интересната снимка ќе видите дрво, кое длабоко зема и испушта здив, како да е некое огромно гневно чудовиште. :)rn

    rnСепак, причината за оваа неверојатна појава е силниот ветер, кој го ниша нестабилното дно. Во секој случај, глетката е навистина ретка и исклучително интересна.Зошто ова дрво дише?
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Школски автобус претворен во движечки дом

    Школски автобус претворен во движечки дом

    Овој стар автобус кој порано го користело некое американско училиште, добил една сосема нова намена. Тој сега претставува несекојдневен дом на некој креативен авантурист.Школски автобус претворен во движечки домПрекрасниот дрвен ентериер му дава едно навистина комфорно и пријатно чувство на овој мал движечки дом.  Во него има целосно функционална кујна, камин за греење, кауч за спиење, работно биро и полици кои ги држат работите за да не паднат при патување.Школски автобус претворен во движечки домШколски автобус претворен во движечки домОвие стари автобуси се познати по тоа што трошат многу гориво, па од тој поглед може не е економичен начин за патување. Но, од друга страна се заштедуваат пари, бидејќи секаде можете да преспиете без да платите и да уживате на уникатен начин.Школски автобус претворен во движечки домШколски автобус претворен во движечки домШколски автобус претворен во движечки домШколски автобус претворен во движечки дом
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Свештеничката куќа на дрво

    Свештеничката куќа на дрво

    Свештеничката куќа на дрво е изградена од страна на свештеникот Хорас Бурџес. Таа се наоѓа во Кросвил, Тенеси, а достигнува висина од 30,5 метри. После 11 години интензивно градење, без спремање на никаков градежен план, оваа уникатна црква претставува неверојатна куќа на дрво изградена само од штици и шајки.Свештеничката куќа на дрвоЦелата конструкција потсетува на некоја магична куќа од бајките. Низ неа има направено голем број соби и ходници, кои меѓусебно се поврзани една со друга. Навистина импресивно. Свештеничката куќа на дрвоСвештеничката куќа на дрвоСвештеничката куќа на дрвоСвештеничката куќа на дрвоСвештеничката куќа на дрвоСвештеничката куќа на дрвоСвештеничката куќа на дрво
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Келтски хороскоп

    Келтски хороскоп

    Келтската религија е заснована на верување во природни и натприродни сили, кои во форма на духови населувале одредено дрво. Тие верувале дека поради тоа дрвото има сила и моќ од Сонцето, и се сметало за суверено суштество. Еве што ни кажува келтскиот хороскоп кој е значително поинаков од оној западниот на кој сме навикнале.rnrnКелтски хороскопrn

    Бреза (24 декември – 20 јануари)

    rnБрезата се смета за „дама на шумата“. Таа симболизира повторно раѓање, почеток и обновување, бидејќи брезата е дрво кое на пролет прво ги добива своите лисја. Исто така Келтите ова дрво го поврзувале со чистота и невиност. Луѓето родени во овој знак се амбициозни, одлучни, флексибилни, секогаш се јасно ориентирани кон целта и се добри лидери. Имаат потреба да успеат во животот и веруваат дека работливоста и упорноста се исплатува. Брезите се лојални, но понекогаш можат да бидат цинични. Тие се работливи, сериозни и со малку чудна смисла за хумор. Тие знаат понекогаш да бидат песимисти. Честопати се сами, а врските или бракот им се случуваат подоцна во животот, бидејќи им е тешко да пронајдат некој кој ќе се вклопи во нивниот строг шаблон и рутина. На брезите секогаш им е потребна јасна цел за да не бидат депресивни и песимистични.rnrn Боја: белаrn Планета: Сонцеrn Животно: златен орелrn

    Оскоруша (21 јануари – 17 февруари)

    rnКелтите оскорушата ја нарекувале „дрво кое шепоти“. Тие верувале дека ова дрво ќе им ги каже тајните на оној кој сака да слуша. Една ирска легенда вели дека првата жена на светот е создадена од оскоруша. Луѓето родени во знакот на оскоруша се идеалисти кои имаат визионерски идеи и високи хумани и духовни принципи. Тие се самостојни, оригинални, неконвенционални, мразат конформизам и имаат склоност кон уметност. Способни се да бидат водачи, но бидејќи користат необични методи, а имаат и уште понеобични идеи, тешко можат да најдат следбеници. Оскорушите се љубезни и топли личности кои умеат да ги слушаат другите луѓе. Тие имаат чудна смисла за хумор, па често се смеат на сериозни нешта. По природа тие не се романтични, а во брак стапуваат во подоцнежните години.rnrnБоја: црвена и сиваrn Планета: Уранrn Животно: зелен змејrn

    Јасен (18 февруари – 17 март)

    rnКелтите гранките од јасен ги ределе во круг за да се заштитат од змии, а семето од јасен го користеле за предвидување на љубовта. Луѓето родени во знакот на јасен обично имаат двојна личност. Тие од една страна имаат уметничка и ранлива душа, а од друга страна се многу прагматични. И покрај тоа што изгледаат кревко, тие многу лесно закрепнуваат од секој пораз. На луѓето родени во знакот јасен лесно може да се влијае, бидејќи немаат доволно самодоверба. Го сакаат театарот и филмот, а освен со уметност можат да се занимаваат и со медицина. Личностите од овој знак се спонтани, интуитивни, интелигентни и комуникативни. Тие се добри пријатели, идеални партнери и грижливи родители.rnrnБоја: зеленаrn Планета: Нептунrn Животно: галеб, морско коњчеrn

    Бор (18 март – 14 април)

    rnКелтите верувале дека борот ги поврзува машките и женските принципи и помага во создавањето рамнотежа. Според ирската легенда првиот маж бил создаден од ова дрво. Луѓето родени во знакот бор се снажни, сакаат авантури и подготвени се својот пат сами да го обележат. Сакаат своите битки сами да ги водат, но имаат и храброст за тоа. Духот им е немирен и неуморен, а натпреварувањето им е нормална секојдневна појава. За овие луѓе не постојат граници и тие постојано истражуваат нови пространства. Ентузијасти се, но можат да бидат и себични и непромислени. Тие имаат саркастична смисла за хумор и секогаш отворено кажуваат што мислат. Луѓето родени во знакот бор се страсни и се секогаш отворени за љубов.rnrn Боја: тегетrn Планета: Марсrn Животно: лисица, мечкаrn

    Врба (15 април – 12 мај)

    rnВрбата симболизира женственост. Келтите верувале дека бремените жени треба да стават ткаенина под врбово дрво и во неа да фатат овенати лисја за да имаат лесно породување. Луѓето родени во знакот врба имаат силна волја, извонредно помнење, практични се и брзо реагираат. Тие често го менуваат расположението, па поради тоа е тешко да ги разбереш и запознаеш. Мајките имаат силно влијание на овие личности низ целиот живот, но кога еднаш ќе се одлучат за врска тие се многу верни и посветени. Нивната смисла за хумор не е секогаш лесно да се разбере. Луѓето од овој знак се многу мудри, а тоа ги прави добри пријатели кои умеат да дадат добри совети, па поради тоа се ценети во друштво.rnrnБоја: сите светли нијансиrn Планета: Месечинаrn Животно: зајакrn

    Глог (13 мај – 09 јуни)

    rnСе верува дека на сопственикот на ова дрво тоа му носи богатство и напредок. Личностите родени во знакот глог се харизматични, креативни и преполни со идеи. Многу се талентирани, па поради тоа лесно се прилагодуваат на секоја ситуација. Освен тоа тие лесно влијаат на другите, спонтани се и добро комуницираат со луѓето, а имаат и многу самодоверба поради што лесно се наметнуваат како водачи. Како пријатели се искрени. Имаат остра смисла за хумор. Ги привлекува новинарството и книжевноста.rnrnБоја: пурпурнаrn Планета: Вулканrn Животно: пчелаrn

    Даб (10 јуни – 7 јули)

    rnДабот е свето келтско дрво кое ја симболизира вистината. Според келтската митологија дабот е првото дрво на земјата. Желадите од дабот ги користеле за заштита од удар од гром. Личностите од овој знак се морални, храбри, одлучни и одговорни. Лесно ги привлекуваат другите луѓе. Кога имаат проблем остануваат смирени и се концентрираат да пронајдат решение. Тие се оптимисти по природа. Во секоја ситуација ја кажуваат вистината, сакаат да филозофираат и понекогаш финансиски да ризикуваат. Како пријатели се великодушни и имаат истенчено чувство за фер игра. За саканата личност честопати поставуваат прилично високи стандарди.rnrn Боја: црна и темно кафенаrn Планета: Јупитерrn Животно: бел коњ, видраrn

    Чинар (8 јули – 4 август)

    rnОва дрво Келтите го саделе близу до куќата за да ги штити од демони и зло. Личностите од овој знак се способни, практични и имаат смисла за логика, но повеќе сакаат да асистираат отколку да бидат водачи. Во врските се посесивни и заштитнички настроени и со задоволство му даваат поддршка на партнерот. Тие се перфекционисти и имаат големо влијание врз работите, но сето тоа го прават „зад сцената“. Многу се чувствителни и самокритични, а од врската бараат многу. Честопати се венчаат за нивната љубов од средношколските денови.rnrn Боја: темно сиваrn Планета: Земјаrn Животно: мачкаrn

    Топола (5 август – 1 септември)

    rnТополата Келтите ја сметале за дрво на мудроста и доколку некој исечел топола, бил казнуван со смрт. Според ирското верување во тополата се крие самовила која ја сака поезијата. Луѓето родени во овој знак имаат остар интелект, паметни се, имаат добра перцепција и смила за пишување. Тие одлично ги планираат и организираат работите до најситни детали. Личностите во знакот топола се наклонети кон уметноста. Понекогаш можат да бидат параноични, а им недостасува и самопочит. Честопати се резервирани и студени, а во врските се искрени и грижливи.rnrn Боја: кафенаrn Планета: Меркурrn Животно: вранаrn

    Винова лоза (2 септември – 29 септември)

    rnВо студената клима во која живееле Келтите било потребно многу труд за да успее виновата лоза , па поради тоа таа станала симбол на сензуалност и чувствителност. Личностите родени во овој знак се авторитативни и високо целат во секое животно поле. Навидум изгледаат како студени луѓе, но во суштина се нежни души, кои се многу романтични, самокритични и ранливи. Тие се едноставни личности на кои им е потребна емоционална сигурност. Вообичаено не се амбициозни, но имаат силен нагон за преживување.rnrn Боја: шаренилоrn Планета: Венераrn Животно: гуштер, бел лебедrn

    Бршлен (30 септември – 27 октомври)

    rnКелтите верувале дека девојките треба да носат бршлен за да им донесе среќа и заштита од неплодност. Личностите родени во знакот бршлен се многу издржливи. Имаат многу таленти кои често ги доведуваат до слава и општествени признанија. Тие се луѓе со жив карактер и оригинален единствен стил. Неуморни се и весели, сакаат друштво и лесно наоѓаат пријатели, бидејќи не сакаат никого да навредат. Овие личности имаат силна волја и оптимизам, чувствителни се, романтични и вечно вљубени во некого.rnrn Боја: светло синаrn Планета: Перзефинаrn Животно: гуска, пеперуткаrn

    Трска (28 октомври – 24 ноември)

    rnКелтите трската ја сметале за дрво поради густиот корен. Тие верувале дека трската воведува ред после хаосот. Овие личности имаат силна фантазија и јасен поглед на комплексните работи. Добри пријатели се и покрај тоа што можат да бидат особено љубоморни. Како партнери се лојални. Луѓето од овој знак се горделиви, независни и не се плашат од ништо. Тие сакаат предизвици и веруваат во судбина. Поради својот дух и храброст се придржуваат до моралните вредности, бидејќи во спротивно можат да се претворат во многу опасни луѓе.rnrn Боја: зеленаrn Планета: Плутонrn Животно: бувrn

    Бозел (25 ноември – 23 декември)

    rnКај Келтите бозелот е симбол на раѓањето и смртта. Тие верувале дека ако некој со себе носи гранче бозел нема да може да гледа визии и духови. Исто така тие верувале дека палењето дрво од бозел е предзнак на смрт. Луѓето родени во знакот бозел се љубопитни и со немирен дух, па поради тоа често патуваат. Имаат среќа во животот и профитираат уште во младоста. Овие личности имаат екстравагантен вкус, не ја сакаат рутината и тешко може некој да ги убеди во нешто. Нивната вистинска сила лежи во тоа што секогаш точно знаат кога се во право. Во врските се отворени , но никогаш не се заљубуваат докрај.rnrn Боја: црвенаrn Планета: Сатурнrn Животно: црн коњ, дабарrn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • 12 факти за моливите

    12 факти за моливите

    Автор: Бојана МандевскаrnrnМоливот е прибор за пишување, односно тоа е долгнавесто стапче графит обложено со дрво. Најчесто бојата на дрвото на моливот е жолта. Некои со растењето и заминувањето од училишните клупи ги оставија зад себе и заборавија дека во најраните години се натпреварувале чие моливче е поубаво и пошарено. Ова се неколку интересни факти поврзани со нив.12 факти за моливите 1. Со типичен молив може да се повлече линија долга 35 милји или да се напишат 45.000 зборови. rnrn2. Просечен молив може да биде наострен 17 пати.rnrn3. Од едно 14-годишно дрво „Pinus caribaea“ може да се произведат 2.500 моливи. rnrn4. Повеќе од 14 милијарди моливи се произведуваат во светот секоја година. Тоа е доволно за да се заокружи целиот свет 62 пати.rnrn5. Две милијарди моливи се произведуваат во САД секоја година.rnrn6. Моливите всушност не содржат олово, сивата материја е направена од глина и графит.12 факти за моливите7. Познатите писатели Ернест Хемингвеј и Џон Стајнбек користеле моливи при пишувањето на нивните книги. rnrn8. Моливите немале гумички на нив до пред 100 години, бидејќи наставниците мислеле дека тоа ќе ги охрабри децата да прават грешки. rnrn9. Најголемиот молив во светот е изработен во Њујорк. Неговата должина е 76 метри и чини 20.000 американски долари. Денес се наоѓа во музејот во Сент Луис. rnrn10. Еден од најстарите сочувани моливи е пронајден на покривот на една стара германска куќа и датира од 17 век. Тој молив сега е дел од приватната збирка на „Faber-Castell rnrn11. Најмалиот молив во светот е долг 17,5 милиметри, 5 милиметри тенок и содржи 3 милиметри дебел графит. Направен е од страна на „Faber-Castell“ во ограничена серија од 50 парчиња кои се дадени како Божиќни подароци на селектирана група клиенти.12 факти за моливите12.Graf von Faber-Castell Perfect Pencil“ (лимитирано издание) е најскапиот молив на светот. Моливот е направен од бело злато и дијаманти.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Интересни дрвја со несекојдневен облик

    Интересни дрвја со несекојдневен облик

    Автор: Боро МирческиrnrnПриродата дефинитивно може да направи неверојатни чуда. Таков е и случајот со овие дрвја кои природно, сами по себе или со умешноста и со мала помош од човековиот фактор, израснале во неверојатни светски атракции чии фотографии ги преплавуваат страниците од весниците и интернет порталите.Интересни дрвја со несекојдневен обликИнтересни дрвја со несекојдневен обликЗамислете дека сте тргнале на прошетка низ најблиската шума. Шетате неколку часови, уморот ве совладува и наеднаш пред вас се појавува вистинска фотелја направена од дрво. Сигурен сум дека никој нема да ја одмине, а да не седне на оваа природна фотелја и неколку минути да поужива во прекрасната глетка, земајќи здив од долгата прошетка.Интересни дрвја со несекојдневен обликИнтересни дрвја со несекојдневен обликИнтересни дрвја со несекојдневен обликУште поинтересна е ситуацијата кога додека се шетате низ шумата здогледувате некој чуден секси задник. Веднаш ќе помислите дека од долгата прошетка премногу сте се измориле и видот почнал да ви се мати! Не, тоа не е девојка, тоа е сепак само едно дрво, каде природата замешала прсти. А не заборавајте дека дрвото во дворот од вашиот дом може да послужи и за неколку намени, било да е тоа летна кујна или пак надворешен тоалет.Интересни дрвја со несекојдневен обликИнтересни дрвја со несекојдневен обликИнтересни дрвја со несекојдневен обликИнтересни дрвја со несекојдневен обликИнтересни дрвја со несекојдневен обликИнтересни дрвја со несекојдневен обликИнтересни дрвја со несекојдневен обликrnrnДрвјата можат да бидат уште почудни, дури и волшебни, а погледнете ги и најчудните растенија во светот.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.