Кога ќе го одговарате прашањето кое следува, бидете многу концентрирани бидејќи одговорот ја одразува вашата личност. Размислувајте внимателно.rnrn
rnrnИмало едно многу, многу високо кокосово дрво и 4 животни: лав, шимпанзо, жирафа и верверичка. Тие решиле да се натпреваруваат за да видат кој може најбрзо да земе банана од врвот на дрвото.rnrnШто мислите, кој ќе победи?rnrnПишете ни во коментар пред да ѕирнете. Без мамење. :)rnrn
rnrn[toggle_box]rnrn[toggle_item title=”Решение:” active=”false”]rnrnАко одговоривте ЛАВ, вие размислувате длабоко, но не сте во право.rnАко одговоривте ЖИРАФА, вие размислувате логички, но не сте во право.rnАко одговоривте ВЕРВЕРИЧКА, вие сте оптимист, но не сте во право.rnАко одговоривте ШИМПАНЗО, вие не размислувате воопшто.rnrnБидејќи бананите не растат на кокосови дрвја. Па, следниот пат, кога некој ќе ви рече да се концентрирате на прашањето, обидете се да размислувате повнимателно. :)rnrn[/toggle_item]rn[/toggle_box]
Tag: дрво
-

Банана тест: Дефинирајте ја вашата личност за 1 минута
-

Чудо на природата: Ова прекрасно дрво старо 144 години ќе ви го одземе здивот
Доколку ги погледнете сликите, на прв поглед би помислиле дека станува збор за сцена од анимиран филм или дека се компјутерски обработени, но нема подобар Фотошоп од природата. Оваа вистерија се наоѓа во Јапонија и е стара цели 144 години. Дрвото е толку прекрасно што ќе ви го одземе здивот, а ако вака изгледа на слики може само да замислиме како изгледа во живо.rnrn
rnrnМожеби не е најголемото дрво во светот, но се протега на неверојатни 1.990 метри квадратни во цветниот парк Ашикага во Јапонија, и постои уште од 1870 година. Иако наизглед како дрво, всушност вистериите спаѓаат во вид лози, а бидејќи лозите на вистеријата може да бидат доста тешки, ова растение се потпира на метални шипки кои го штитат од уништување. Ова им дозволува на посетителите да одат под лозите на дрвото и да уживаат во волшебната глетка на розови и виолетови нијанси.rnrn
rnrnrnrnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Уникатен мебел со интересна текстура од дрво и алуминиум
Овие неколку интересни парчиња мебел се дело на израелската дизајнерка Хила Шамија. Таа зема парчиња дрво кои не се доволно совршени за да влезат во вообичаениот процес на производство на мебел и ги спојува со алуминиум. Металот навлегува во сите пукнатини на дрвото горејќи ја неговата површина таму каде што се среќаваат, а резултатот се овие уникатни маси и клупи.rnrn
rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Уметност на дрво инспирирана од јапонските кимона
Одри Кавасаки, една од најталентираните артистки, вчудовидува со новата серија наречена „Hirari Hirari“ која во превод од јапонски значи звукот или движењето на лист од цвет или цвет кој полека паѓа. Таа повторно го користи својот добро познат потпис од масло, графити и мастило на дрвени панели и создава прекрасни и енигматични цртежи од млади девојки.rnrnНејзината најнова работа е инспирирана од кимоната кои ѝ биле подарок од нејзината мајка. Со помош на боите и мотивите кои се наоѓаат во традиционалните јапонски додатоци за домот и изгледот, таа создава модерна и традиционална уметност која е истовремено и невина и сензуална. Погледнете.rnrn
rnrnrnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Прекрасни уникатни маси низ кои течат реки и езера
Автор: Сања ПетровскаrnrnИмагинацијата и креативноста кај некои луѓе едноставно немаат граници. Понесени од многуте идеи кои им се вртат низ глава, уметниците успеваат да создадат неверојатни работи кои постојано нѐ изненадуваат и воодушевуваат.rnrn
rnrnГрег Класен се занимава со изработка на единствени парчиња мебел познати под името „Речна колекција“. Неговите изработки претставуваат уникатни дрвени маси низ кои поминува рачно исечено парче стакло кое создава речен или езерски ефект. Парчето стакло милиметарски точно се поклопува со дрвената конструкција, а за целата изработка од почеток до крај е задолжен самиот тој. Посебно значење во неговата работа има соработката со локалната пилана од каде го добива дрвото во сурова форма, така добивајќи можност да ги искористи неговите природни шари и облици. Работата на Класен всушност е резултат на спојот од дизајнирање на мебел и уметност.rnrn
rnrnСекој кој сака да поседува една од овие единствени маси, тие може да се нарачаат директно од неговиот веб-сајт. Достапни се во сите големини и облици така што би можеле совршено да ги вклопите во вашиот ентериер.rnrnrnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Прекрасна музика која доаѓа од стеблото на едно дрво
Артистот Бартоломиус Тробек забележал дека линиите во стеблото на дрвото неверојатно многу наликуваат на оние на винилските плочи. Токму затоа, во неговото најново уметничко дело „Years“, тој создал прекрасна, но истовремено и морничава песна на музичка плоча направена од стебло од дрво.rnrnrnrnКако функционира овој грамофон? Артистот со помош на камера од плејстејшн ги пренесува податоците од прстените во стеблото до неговиот компјутер. Потоа компјутерот со помош на програмата наречена „Ableton Live“ ги претвора прстените во музика, со избор на инструмент – пијано. И покрај тоа што самото дрво не е музикално, процесот кој е вклучен во овој проект на некој начин функционира како превод, тој нешто физичко претвора во звук. Неверојатно, се согласувате?rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Поглед кон расцветано црешово дрво кој испраќа важна порака
Во Онахама, Јапонија, многу училишта останаа празни по големиот земјотрес во март, 2011. Средното училиште „Iwaki Sogo“ е едно од напуштените училишта, но сепак прозорецот во една од училниците нуди прекрасна глетка, која испраќа многу важна порака.rnrn
rnrnУчилницата е потполно пуста, и единствена убава слика е погледот надвор кон расцветаното црешово дрво.rnrn
rnrnНо дали тоа навистина е црешово дрво?rnrn
rnrnДоколку го погледнете одблизу, „црешовото дрво“ изгледа како слика од вашите најстрашни кошмари. Но, вистината е всушност многу поубава и не толку страшна како што ви се чини од блиску.rnrnОва е дел од проектот Okurie, во кој учениците цртаат разни слики или оставаат еден вид нивен отпечаток во знак на почит кон местото каде го стекнале основното знаење за животот.rnrn
rnrn
rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Тест: Изберете дрво и дознајте што тоа открива за вашиот карактер
Погледнете ги дрвцата подолу. Изберете го она што најмногу ви се допаѓа. Не мислете долго, само изберете и дознајте што овој избор открива за вас како личност.rnrn[column col=”1/3″]
[/column]rn[column col=”1/3″]
[/column]rn[column col=”1/3″]
[/column]rn[column col=”1/3″]
[/column]rn[column col=”1/3″]
[/column]rn[column col=”1/3″]
[/column]rn[column col=”1/3″]
[/column]rn[column col=”1/3″]
[/column]rn[column col=”1/3″]
[/column]rnrn -

Направете сами: пролетно дрво од украсна хартија
Автор: Ана ПетровиќrnrnДоколку сакате да внесете пролетен амбиент во вашиот дом, ова е едноставен предлог како да го направите тоа. Освен за декорација на домот, ова шарено дрвце може да послужи како креативен свадбен или роденденски подарок за вашите најблиски.rnrn
rnПотребни материјали:
rn
- rn011
- Украсна хартија со различни дезени
- Гранчиња од дрво
- Жица
- Лепило
- Ножици
- Картон
- Вазна каде што ќе ги поставите гранчињата
- Весници
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn
rnИнтересно е тоа што веројатно поголемиот дел од материјалите веќе ви се наоѓаат при рака. Колку едноставен начин да ја внесете пролетта во вашиот дом!rn
Како да го направите тоа?
rn1. За почеток, земете ја вашата колекција од украсни хартии, кои ви останале неупотребени. Доколку немате ваков тип хартија во својот дом, можете да си набавите неколку од вашата најблиска продавница.rnrn
rnrn2. На парчето картон нацртајте форми на листови, кои подоцна ќе ги исечете. Обидете се да ги направите листовите симетрични, за да може полесно да ги споите со украсната хартија.rnrn
rnrn3. Земете дел од жицата и исечете ленти во должина 12-20 см. Направете неколку различни должини за дрвото да изгледа побујно.rnrn
rnrn4. Со помош на веќе исечените листови од картон, направете идентични форми на листови од украсната хартија.rnrn
rnrn5. Распоредете весници по вашата работна маса, за да го избегнете нередот. Земете го листот од картон и на него нанесете малку лепило, врз кое ќе ја поставите жицата. Врз жицата, поставете го листот од украсната хартија и притиснете за да се залепат убаво, а потоа оставете го неколку минути на весниците, за да се исуши.rnrn6. Направете го истото со сите листови.rnrn7. Сега забавниот дел – почнете да ги обвиткувате гранчињата со помош на жицата. Можете да ги поставите да изгледаат природно (како сликата погоре)…rnrn
rnrnили нежно да ги извиткате за да изгледаат позабавно.rnrn
rnrnИ готови сте! Креативна идеја која ќе го разубави вашиот простор и ќе послужи како одлична декорација во некоја од собите.rnrn
rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Како да претворите парче дрво во кутија полна со пари?
За жал, вакво нешто не е возможно, барем не на начин како што помисливте. Сепак, скулпторот Рендал Розентал изработува неверојатни уметнички дела од дрво, кои создаваат илузија како да се вистински. Таков е и овој проект кој го нарекол „Cold Hard Cash“ кој изгледа како картонска кутија полна со пари, а всушност се работи за импресивна дрвена скулптура во која се инкорпорирани купчиња пари, потоа внимателно бојадисани до степен на неверојатна совршеност.rnrnПогледнете го процесот на изработката низ слики.rnrn
rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.





























