Полиците на Себастијан Еразуриз, наречени „Билбао“ по истоимениот шпански град, се единствени на пазарот и докажуваат дека инспирацијата може да се најде и во оние моменти кога најмалку очекувате. Себастијан ја создал оваа полица користејќи една поголема падната гранка од дрво што ја нашол на улица во Сантијаго и ја донел назад во својата работилница. Таму, ја оформил, ја превиткал и ја адаптирал, овозможувајќи ѝ да биде доволно рамна за да може да се закачи на ѕид и да послужи како една креативна и неконвенционална полица.rnrn
rnrnПриродната форма на дрвото преовладува во поголемиот дел на креациите на Себастијан, но секако артистот си зел малку слобода при нивното дизајнирање. Тој ги израмнил сите остри краеви и го лакирал дрвото со мат лак во црна боја. Формата на секој дизајн, сама по себе, е органска каде единствениот додаток претставува лакот за дрвото и изгледа како модерен и софистициран дел од мебелот кој го краси домот и ентериерот на секоја просторија. Погледнете…rnrn
Tag: дрво
-

Падната гранка од дрво е трансформирана во креативна и неконвенционална полица
-

Погледнете го изненадувањето на еден татко за својата ќерка кое милион луѓе ги остави без зборови!
Секое девојче посакува да има вистинска бајка во својата соба, па кандидатот за најдобар татко за 2016-тата година и корисник на социјалната мрежа Редит, под корисничкото име „radamshome“, решил да ѝ ја исполни оваа желба на својата малечка ќеркичка Лиз. Роб поминал преку 350 часа во текот на 18 месеци за да го изгради овој магичен проект кој го чинел 4.250 американски долари, а за да го направи дрвото структурно стабилно, тој започнал да зема и приватни часови за заварување.rnrn
rnrnБетонот на дрвото е толку силен што може да издржи дури тројца возрасни. Роб е артист во индустријата за видео игри и заработува со тоа што гради виртуелни светови, а неговиот најголем страв е моментот кога неговата Лиз ќе наполни 13 години и ќе посака да го извади дрвото од својата соба.rn„Јас сум професионален дизајнер на видео игри и така и заработувам. Иако знаев дека можам да ја создадам и остварам мојата естетска идеја, не бев спремен за физичкиот напор кој ме очекуваше. За собата нормално ме инспирираше Дизни“, вели Роб на „Имгур“, каде и ги објавил фотографиите од целокупниот финален производ.
rn
-

Торта за дрвосечачи со секира и кариран дизајн одвнатре
Елизабет Марек од Портланд работи во занаетчиска работилница за изработка на торти, a оваа торта ја направила поради нејзината љубов кон дрвосечачите и нивните карирани кошули. И да, се јаде и секирата.rnrn
rnТаа вели: „Вљубена сум во дрвосечачите. А има и смисла. Сакам дрва. Сакам мажи со бради. Сакам карирани дизајни. Оваа дрвосечачка торта е кулминација на сите мои фантазии.“
rn


rnrnОд видеото дознајте повеќе за оваа торта:rnrn -

Прекрасни фрагменти од дрво претворени во брилијантен и уникатен накит
Инспирирана од австралиската флора и фауна, Брита Бокман спојува фрагменти од дрво со обоена смола за да добие прекрасни додатоци кои можат да се носат. Секој брош, прстен и пар обетки се рачно направени и уникатни – Бокман работи без одреден шаблон – наместо тоа, таа има цел да ги нагласи природните карактеристики на секое парче преку материјалот од кое е направено. За да го направи ова, таа нежно му дава облик на накитот и потоа додава политура за дополнителен сјај. Конечниот резултат се прекрасни бои споени со парчиња дрво.rnrnБекмен започнала да прави накит откако дипломирала индустриски дизајн. Во 2013, таа се преселила од Германија во Мелбурн каде се придружила на групата дрводелци Вангарата и научила голем број фабрички техники. Нејзиниот накит е достапен преку нејзината онлајн продавница.rnrn
rnrn -

Каде се наоѓате вие на ова дрво? Едноставен психолошки тест!
Авторот на овој интересен тест е британскиот психолог Пип Вилсон. Тестот бил наменет за деца од школска возраст со цел да се согледа како тие се вклопуваат во училиштето во првите три години. Меѓутоа, подоцна овој тест се покажал како доста релевантен и за возрасните луѓе. Тестот му помага на човекот да ја зајакне неговата вистинска и посакувана емоционална состојба, па дури, во извесна мера, и неговата положба во општеството.rnrn
rnrnСекое од овие мали човечиња има различно расположение, но зазема и различна положба.rnrnЗа почеток, одредете кое од нив најмногу личи на вас. Потоа изберете човече на коешто најмногу сакате да личите.rnРезултати од тестот:
rnАко ја одбравте позицијата 1, 3, 6 или 7, таа ве карактеризира како мотивирана личност, која не се плаши од никакви пречки и бариери во животот.rnrnАко вашиот избор падна на броевите 2, 11, 12, 18 или 19, тоа значи дека сте комуникативна личност која секогаш ќе ја пружи потребната поддршка на своите пријатели.rnrnИзборот на човечето под реден број 4 ве дефинира како личност која има стабилна животна положба. Личност која сака да постигне многубројни успеси без надминување на потешкотиите.rnrnБрој 5 – Секогаш сте уморни, слаби и немате доволно животна сила во вас.rnrnАко изборот паднал на човечето со број 9 – Вие сте весела личност која сака забави.rnrn13 или 21 – Вие сте затворени, често сте изложени на внатрешни грижи и избегнувате комуникација со луѓето.rnrnБројот 8 – Значи дека сакате да се повлекувате во себе, размислувате само за себе и потонувате во сопствениот свет.rnrnАко го одбравте бројот 10 или бројот 15 – Имате нормална адаптација во животот, се наоѓате во оптимална состојба.rnrnБројот 14 – Паѓате во емотивен пропаст, најверојатно сте изложени на внатрешна емотивна криза.rnrnПозицијата број 20 обично ја избираат луѓе со голема самодоверба. Вие по природа сте лидер и сакате луѓето да го слушаат само вашето мислење.rnrnИзборот падна на човечето со број 16? Се чувствувате изморени од неопходното поддржување на некого, но можеби забележавте – вас на оваа слика ве гушка бројот 17 – во овој случај може да се прoценувате себеси како човек опкружен со внимание.
-

Отсега сукањето тесто ќе биде суперзабавно, а печивата и колачите уште повкусни
Полската дизајнерка и пекарка Зужа Козерска ја употребила модерната технологија за да го модернизира традиционалниот кујнски додаток – сукалото, користејќи ласерски гравер. На тој начин ги украсува сукалата со различни гравирани форми кои потоа оставаат отпечатоци на тестото.rnrn
rnrnСукалата ги изработува од буково дрво од околината на Варшава. Гравираните форми се најразлични, a муштериите и сами може да си порачаат дизајн по своја желба.rnrn -

Психолошка вежба: Каква тајна крие вашето држење на телото?
Нашето држење на телото ни говори многу за нашите внатрешни процеси. Со цел да се приближите до вашиот внатрешен свет, вие можете да ја направите оваа вежба чија задача е визуелизација на она дрво кое мислите дека најдобро би ве претставило.rnrn
rnrnЗатворете ги очите и опуштете се, а потоа обидете се да замислите пред вас дрво. Првото дрво кое ќе ви се појави во мислите е токму она на кое вие најверојатно наликувате. Во него можете да ги видите вашите животни шаблони, како и да најдете поврзаност помеѓу изгледот и квалитетот на дрвото со вашите моментални животни ситуации.rnrnДодека го анализирате дрвото во вашите мисли, обидете се да откриете и дали сте вкоренети. Доколку имате корен, колку е тој плиток или длабок? Дали сте доволно вкоренети за да се издигнете високо кон небото или пак, недостатокот на длабочина ве спречува во оваа цел? Исто така обрнете внимание и на крошната, дали таа е бујна или не. Крошната го претставува вашето его. Од флексибилноста и цврстината на дрвото можете да откриете колку и вие ги поседувате овие карактеристики како и да го препознаете вашиот начин на решавање проблеми – со отпор или со прилагодување.rnrnВо животното стебло можете да ја забележите и вашата психолошка флексибилност. Тенкото стебло, кое лесно се витка значи дека поседувате способност за прилагодување, додека пак, моќното и дебело стебло покажува тврдост и ригидност. Тоа ќе му пркоси на ветрот и колку е тој посилен, толку поголем отпор ќе прави стеблото. Но, како и со сите други вакви ситуации, тоа некаде ќе попушти и ќе пукне. Стеблото кое може да се витка, без разлика на колку силен ветер е изложено, нема да прави толку голем отпор. Ако треба ќе се спушти и до земјата, но нема да пукне. Оваа флексибилност го штити од сериозни повреди.rnrnВо оваа вежба нема правилен или погрешен одговор. Секое дрво си има свој начин на опстанок и ќе го задржи своето место онолку долго колку што ќе може да се прилагоди на условите од околината. -

Неверојатни дрвени скулптури од секојдневни предмети
Резбите од дрво се уметност која многу луѓе ја немаат усовршено, но меѓу тие кои ја имаат, Ливио Де Марки е еден од најдобрите. Неговата работа се состои од дрвена облека која изгледа толку вистински што би посакале да ја облечете. Дрвени автомобили кои не само што се движат по пат, туку и на вода.rnrn
rnrnГолемината не е никаков проблем за Ливио. Тој знае да работи на мали предмети како и на огромни. А како доказ за тоа е дрвената куќа која изгледа како да е направена од книги.rnrnПогледнете ја дрвената уметност на Ливио Де Марки.rnrn -

Најубавите новогодишни елки ширум светот
Новогодишните елки имаат долга и богата традиција, но како што минува времето, луѓето наоѓаат сè понови и покреативни начини да го претстават значењето на божиќното дрво. Во модерно време ни се чини дека забораваме што всушност означува елката и луѓето просто се натпреваруваат кој ќе ја накити подобро, побогато, пооригинално.rnrnНо, што ако светски најпознатите градови и места влезат во трката за најубава елка? Тогаш станува збор за голема конкуренција. Ова се дел до најубавите елки ширум светот кои ќе направат да ја гледате вашата елка дома со сосем поинакви очи.rnrn
rn1. Рио де Жанеиро, Бразил
rnОваа новогодишна елка во вториот по големина град во Бразил плови над каналот Родриго џе Фреитас. На сликата се прикажани огнометите од неговото прво претставување на јавноста, но да бидеме искрени и без огнометите изгледа величествено. Секоја година оваа елка симболизира различни нешта, а оваа година беа одбрани сонцето, месечината и ѕвездите како симболи за светлината во животот на луѓето.rnrn
rn2. Рокфелер центарот во Њујорк
rnУште од 1933, секоја година на Рокфелер во Њујорк се поставуваат величествени новогодишни елки. Околу 45.000 светилки го осветлуваат ова дрво на официјалната церемонија на неговото поставување секоја година, придружено со концерт во живо.rnrn
rn3. Плоштадот Трафалгар во Лондон
rnСекоја година плоштадот Трафалгар во Лондон добива божиќно дрво како подарок од Норвешка. Ова е знак на благодарност за помошта на Англија за време на Втората светска војна. Повеќето од подарените дрва се стари преку 60 години, што значи дека растеле за време на Втората светска војна.rnrn
rn4. Галери Лафајет, Париз, Франција
rnВо луксузната стоковна куќа во Париз, секоја година се поставува масивна елка која личи како огромно чудовиште кое го запоседнало местото. Оваа година за декорацијата на елката се погрижил американскиот уметник Пол Мекарти, кој бил критикуван бидејќи дрвото изгледало како секс-играчка. Елката подоцна била уништена од вандали.rnrn
rn5. Бранденбуршка порта, Берлин, Германија
rnПостои голема иронија во поставувањето на ова прекрасно новогодишно дрво пред познатата Бранденбуршка порта во Берлин. Иако божиќното дрво е симбол на добрината кон луѓето, Бранденбуршката порта во Берлин некогаш била користена за разни церемонии на нацистите.rnrn
rn6. Божиќната елка од лего коцки во Лондон, Англија
rnОваа интересна елка е поставена на познатата железничка станица Свети Панкрас во Лондон. Кога ќе помислите да се пожалите што ќе мора да ги спакувате сите украси од вашата елка на крајот на сезоната, само помислете како им е на оние кои ја склопувале, а треба и да ја расклопат оваа елка.rnrn
rn7. Плоштадот Св. Петар во Ватикан
rnБожиќ е свет празник, а тоа секако мора да се почувствува во Ватикан. Со таа цел, плоштадот Св. Петар го краси масивно осветлено божиќно дрво, подарок од германската држава Баварија.rnrn
rn8. Монте Ингино, Губио, Италија
rnПланината Ингино над градот Губио ја осветлува не едно, туку повеќе дрва кои заедно даваат форма на голема новогодишна елка. Импресивно, нели? Но, тоа не е сè. Командата за осветлување на оваа елка ја дава папата и тоа со помош на таблет. Што да се прави кога технологијата напреднала толку.rnrn
rn9. Божиќното дрво во Вашингтон, САД
rnЗамислете само како му е на претседателот на САД. Покрај сите стресни обврски, треба да се грижи и за големото новогодишно дрво во Вашингтон. Уште од времето на Френклин Рузвелт, претседателот на САД е главен во церемонијата на официјалното претставување на дрвото секоја година.rnrn
rn10. Кор Делејн, Ајдахо, САД
rnОва дрво покрај реката Кор Делејн не е центар на внимание само за време на новогодишните и божиќните празници, туку преку целата година. Станува збор за огромно дрво кое се декорира за време на празниците.rnrn
rn11. Федеративниот плоштад, Мелбурн, Австралија
rnБожиќ во Австралија е малку поразличен… или многу. Температурата во ова време од годината може да достигне дури до 40˚C, па проценете сами. Но, ова не е пречка за прекрасното божиќно дрво да се издигне на плоштадот, збунувајќи ги децата кои гледаат симбол на снежен Божиќ кога надвор сè се топи од жештината.rnrn
rn12. Пуерта де Сол, Мадрид, Шпанија
rnИако можеби не ви изгледа така, божиќното дрво во Мадрид не е вистинско дрво туку скулптура направена од метал и стакло.rnrn
rn13. Плоштадот Сиам, Бангкок, Тајланд
rnИако луѓето од Тајланд не доживуваат снежен Божиќ, имаат огромно божиќно дрво на влезот на познатиот трговски центар Central World.rnrn
rn14. Плоштадот Комерцио, Лисабон, Португалија
rnОваа елка е најголемата во Европа. Нејзината висина може да варира зависно од дозволената граница, а цврсто се потпира на метал. Импресивно, нели?rnrn
rn15. Божиќното дрво во Мурано, Италија
rnУште од 1291, Мурано е познат како центар за изработување на најфиното стакло. Правењето новогодишна елка од она по што овој дел од Италија е најпознат е одлична идеја.rnrn
rn16. Emirates PalaceHotel, Абу Даби
rnЛуксузниот хотел со 7 ѕвезди на Емиратите е достоен за ваква елка. Ако некој се обиде да украде макар дел од украсите на оваа елка ќе се соочи со затворска казна. Дрвото е декорирано со скапоцени украси вредни над 11 милиони долари.rnrn
rn17. Божиќниот пазар во Дортмунд, Германија
rnОваа елка е всушност направена од 1.700 мали борчиња кои се издигнуваат околу 45 метри во висина.rnrn
rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.






















































































