КАФЕ ПАУЗА

Tag: дрво

  • Фасцинантни дрвени џинови скриени во Белгиската шума

    Фасцинантни дрвени џинови скриени во Белгиската шума

    Посетителите на ова место можат да забележат чудни суштества кои се кријат во шумската област која се наоѓа во западните предградија во Белгија. Оваа фасцинантна уметност е создадена од страна на Томас Дамбо со помош на локални доброволци.rnrnФасцинантни дрвени џинови во Белгиската шумаrnrnОд рециклирани материјали, тој создал 6 дрвени џинови, кои можат да се забележат во Белгиската шума како дел од популарната рута за пронаоѓање скулптурно богатство.rnrnСо овој необичен проект, Дамбо сака ги инспирира луѓето да гледаат на ѓубрето како на материјал за изработка на неверојатни нешта. Мораме да се сложиме дека неговите дела се навистина инспиративни.rnrnВи издвојуваме неколку фотографии од овие фасцинантни скулптури:rnrnФасцинантни дрвени џинови во Белгиската шумаrnrnФасцинантни дрвени џинови во Белгиската шумаrnrnФасцинантни дрвени џинови во Белгиската шумаrnrnФасцинантни дрвени џинови во Белгиската шумаrnrnФасцинантни дрвени џинови во Белгиската шумаrnrnФасцинантни дрвени џинови во Белгиската шумаrnrnФасцинантни дрвени џинови во Белгиската шумаrnrnФасцинантни дрвени џинови во Белгиската шумаrnrnФасцинантни дрвени џинови во Белгиската шумаrnrnФасцинантни дрвени џинови во Белгиската шумаrnrnФасцинантни дрвени џинови во Белгиската шумаrnrnФасцинантни дрвени џинови во Белгиската шумаrnrnФасцинантни дрвени џинови во Белгиската шумаrnrnВо продолжение погледнете го и видеово:rnrnhttps://youtu.be/tCl7bU76E3QrnrnПогледнете го и овој артист кој трансформира дрвја во фантастични скулптури кои изгледаат како духови на природата.

  • Артист трансформира дрвја во фантастични скулптури кои изгледаат како духови на природата

    Артист трансформира дрвја во фантастични скулптури кои изгледаат како духови на природата

    Доколку сте љубители на уметноста, природата и како тие се рефлектираат меѓусебно, навистина ќе уживате во овие фантастични скулптури. Овие неверојатни скулптури од остатоци од дрвја се направени од страна на дизајнер со намера да покаже дека убавината и уметноста можат да дојдат од природата на изненадувачки начин.rnrn(9) artist-transformira-drva-vo-fantastichni-skulpturi-koi-izgledaat-kako-duhovi-na-prirodatarnrnДебра, дизајнерот на овие неверојатни парчиња, вели дека секогаш го користи колку што е можно повеќе природниот облик и форма на дрвото, така што дрвото да може да ја раскаже својата приказна без да е принудено да биде нешто што не е.rnrnОва исто така е одличен начин да се рециклираат дрвата и да бидат искористени за нешто што ќе им донесе среќа на оние кои ги гледаат и им се восхитуваат. Доколку сите ние би ги користеле нашите таленти за намалувањето на отпадот на планетата, би успеале да имаме прилично уреден свет околу нас.rnrnУживајте во убавината на нејзините креации!rnrn(2) artist-transformira-drva-vo-fantastichni-skulpturi-koi-izgledaat-kako-duhovi-na-prirodatarnrn(8) artist-transformira-drva-vo-fantastichni-skulpturi-koi-izgledaat-kako-duhovi-na-prirodatarnrn(7) artist-transformira-drva-vo-fantastichni-skulpturi-koi-izgledaat-kako-duhovi-na-prirodatarnrn(5) artist-transformira-drva-vo-fantastichni-skulpturi-koi-izgledaat-kako-duhovi-na-prirodatarnrn(1) artist-transformira-drva-vo-fantastichni-skulpturi-koi-izgledaat-kako-duhovi-na-prirodatarnrn(3) artist-transformira-drva-vo-fantastichni-skulpturi-koi-izgledaat-kako-duhovi-na-prirodatarnrn(4) artist-transformira-drva-vo-fantastichni-skulpturi-koi-izgledaat-kako-duhovi-na-prirodatarnrnПогледнете го и овој уметник од Србија кој е експерт за слики со магичен реализам.

  • Дрва што генерираат електрична енергија

    Дрва што генерираат електрична енергија

    Сите си ги замислуваме ветерниците како огромни високи направи инсталирани негде далеку. Но, основачот на NewWind, Жером Мишо Ларивиер сакал да го промени тоа мислење. Додека седел на еден плоштад, тој забележал дека листовите на дрвјата се мрдаат иако тој не чувствувал никаков ветер. Ова го инспирирало да создаде биомиметичка ветерница во форма на дрво којашто ќе ја собира енергијата која инаку би се изгубила во воздухот.rnrnДрва што генерираат електрична енергијаrnrnЖером бил толку убеден во неговата идеја што го напуштил работното место во филмската индустрија и ги поминал следните три и пол години работејќи со тим инженери за да го создаде неговото дело Arbre a Vent. Дизајнирани да изгледаат убаво и да работат ефикасно но тивко, листовите на дрвото кои се наречени аеролистови се всушност мали турбини со микропроцесор чија цел е да соберат што е можно повеќе енергија. Иако изгледа како да се хаотично наредени, листовите се распоредени на тој начин што собираат енергија од сите насоки.rnrnДрва што генерираат електрична енергијаrnrnСекое дрво е високо од 8 до 10 метри и има 63 аеролистови. Дури и кога ветрот е навистина бавен, и без разлика од каде и да дува, листовите можат да соберат доволно енергија и да ја претворат во електрична. Некои ветрови се навистина бавни и обичните ветерници воопшто не ги регистрираат.rnrnДрва што генерираат електрична енергијаrnrnЖером се надева дека еден ден неговиот изум ќе биде поставен во дворовите на многу куќи и урбани градини. Секое дрво има капацитет од 4,1 kW и може да осветли пат со должина до 450 метри. Исто така може да произведе и до 80% од електричната енергија што ја користи едно семејство, ако не го вбројувате греењето. Во дрвото има и центрифугална кочница што го штити дрвото на силни ветрови. Дрвата можат да се користат над 12 години.rnrnrnrnБез сомнение е важно одржливото собирање енергија во градовите каде што живеат голем број луѓе. Но, моментално едно дрво чини околу 30.000 евра, па од компанијата се обидуваат да направат поевтини продукти користејќи ги помалите растенија за инспирација.

  • Уметник користи моторна пила и создава неверојатни скулптури

    Уметник користи моторна пила и создава неверојатни скулптури

    Јурген Линг Ребетез е уметник од Германија, а воедно и добитник на многу награди. Неговата специјализација е резбарење дрво.rnrnУметник користи моторна пила и создава неверојатни скулптуриrnrnЈурген ја започнал својата кариера како сликар во неговите рани 20-ти. Не многу подоцна тој го открил дрвото и сите неверојатни нешта што може да ги создаде со него.rnrnУметник користи моторна пила и создава неверојатни скулптуриrnrnОткако се преселил во Швајцарија во 1996-та година, уметникот почнал да користи моторна пила за изработка на навистина неверојатни скулптури.rnrnУметник користи моторна пила и создава неверојатни скулптуриrnrnДрвените скулптури на Јурген наликуваат на 3Д слики „нацртани“ со моторна пила, со многубројни детали. Прецизноста на изработките ве тера да помислите дека ќе оживат во секој момент.rnrnУметник користи моторна пила и создава неверојатни скулптуриrnrnВо продолжение погледнете некои од неговите најдобри дела.rnrnУметник користи моторна пила и создава неверојатни скулптуриrnrnУметник користи моторна пила и создава неверојатни скулптуриrnrnПродолжува на следната страница…rnrn

  • Одберете дрво и дознајте ги најсилните 2 карактеристики на вашата личност

    Одберете дрво и дознајте ги најсилните 2 карактеристики на вашата личност

    Што е доминантно во вашата личност? Како успевате да се справите со секојдневните проблеми, како на приватен план, така и на професионален? Што е тоа што ве турка низ животот и од што постојано црпите неизмерна енергија? Одберете дрво и откријте ги вашите 2 најсилни карактеристики!rnrnodberete-drvo-i-doznajte-gi-najsilnite-2-karakteristiki-na-vashata-lichnost-www.kafepauza.mkrn

    Дрво број 1 – Одговорност и смиреност

    rnАко го одбравте првото дрво, тогаш вие сте одговорна личност што најчесто ги завршува своите обврски со доза хумор. Токму оваа карактеристика ви помага лесно да се справите со сите предизвици со коишто ќе се соочите. Но, бидејќи смиреноста ви е истовремено и силна и слаба страна, вие често имате тенденција да се помирите со ситуацијата наместо да се борите за правда.rn

    Дрво број 2 – Соработка и сочувство

    rnВие по природа сте многу лесни за соработка, бидејќи можете да се сложите со скоро сите видови луѓе. Вие исто така имате и трпелив карактер што ви помага да ги ислушате луѓето кои бараат некаков совет или помош од вас. Оваа способност ви помага да се претворите во личноста што треба да бидете за најдобро да ја завршите работата што се бара од вас. Но, имајте на ум дека понекогаш овие „трансформации“ можат да предизвикаат да се изгубите себеси на долг рок, па обидете се да го задржите контактот со вистинската верзија од вас.rn

    Дрво број 3 – Великодушност и интелект

    rnВие сте великодушна личност што секогаш се обидува да им помага на другите. Богатиот интелект што го поседувате ви помага брзо да стигнете до решението на секој проблем и тоа со многу малку размислување и упорност. Но поради вашиот силен интелект, вие понекогаш можете да предвиди што следува во блиската иднина па поради тоа и сите чекори ги преземате премногу внимателно, без трошка ризик. Не заборавајте дека понекогаш токму ризикот може да доведе до најголемата награда во вашиот живот.rn

    Дрво број 4 – Чувствителност и креативност

    rnВие сте личност што сјае дури и во топла, бидејќи креативноста ви излегува од секој дел од телото. Таа ви помага да ги надминете сите потешкотии на лесен начин, брзо движејќи се низ патот со дупки, додека пак чувствителноста ви овозможува поголем увид во емоциите на другите – правејќи ги вашите односи со најблиските многу полесни за одржување. Од друга страна пак, чувствителноста е тука и да ве натера да сфатите колку е важна вашата креативност, како и да ве поттурне кога ќе заглавите со некоја блокада.rn

    Дрво број 5 – Работливост и ефикасност

    rnВие сте едни од најработливите луѓе што постојат, па ова ви помага лесно да ги совладувате сите пречки на патот. Бидејќи имате постојана и некршлива решителност, вие сте единствената личност што ги има на ум дури и најмалите ситници што водат кон успех. Високата ефикасност ви овозможува да ги постигнете сите цели во кариерата, но внимавајте да не ви го замагли умот и да ве одвои од приватниот живот, како и од љубовта.rn

    Дрво број 6 – Имагинација и точност

    rnВие сте динамична личност, особено кога станува збор за вашата работа. Вие сте оној вид личност што не го одбира полесниот пат до успехот. Баш напротив, вие попрво би оделе по подолгиот и потешкиот, или пак, по оној по кој никој досега не одел само за да имате шанса самите да го изградите. Овие патишта ве носат до нечуени, но прекрасни локации што малкумина имале можност да ги видат со сопствени очи. Сепак внимавајте да не се изгубите по овие патишта така што ќе побарате помош кога таа навистина ќе ви биде потребна.rnrnИзберете и едно од овие дрвја, кликнете на него и откријте на кој начин умеете да сакате…rnrn

  • Кое дрво најмногу ви се допаѓа? Одговорот го открива вашиот најголем квалитет!

    Кое дрво најмногу ви се допаѓа? Одговорот го открива вашиот најголем квалитет!

    Како што стеблата се менуваат низ годишните времиња, така и ние се менуваме со тек на годините. Дали сте доволно храбри да дознаете нешто ново за себе? Обидете се да го направите овој психолошки тест. rnrnrnrnСѐ што е потребно е да го изберете дрвото кое најмногу ви се допаѓа и во продолжение да прочитате што открива вашиот избор за вашиот карактер. Подготвени сте?rn

    Го избравте дрвото број 1

    rnrnrnВие сте вредни и амбициозни. Секогаш се обидувате да станете подобра верзија од себе. Имате големи цели и соништа во животот.rn

    Го избравте дрвото број 2

    rnrnrnВие сте добар говорник. Одговорни сте. Сакате да помагате и да се грижите за другите луѓе.rn

    Го избравте дрвото број 3

    rnrnrnВие сте паметни и остроумни. Поседувате натпросечна креативност заради која светот го набљудувате многу поразлично од останатите луѓе.rn

    Го избравте дрвото број 4

    rnrnrnВие сте интелигентни и разумни. Надарени сте со бројни вештини. За да станете успешни, морате да пронајдете начин да го развиете вашиот полн потенцијал!rn

    Го избравте дрвото број 5

    rnrnrnВие поседувате голема самопочит. Независни сте, силни и верувате во себе. Вие сте авантурист кој не се плаши да се соочи со препреки.rn

    Го избравте дрвото број 6

    rnrnrnВие сте родени за љубов. Вие сте приврзани и социјалните. Добредојдени сте во секое друштво.rn

    Го избравте дрвото број 7

    rnrnrnВие имате отворен ум и потребно ви е малку за среќа. Вие сте дарежливи, толерантни и внимателни слушатели.rn

    Го избравте дрвото број 8

    rnrnrnВие сте изразено шармантни, исполнети со енергија и шарм. Во состојба сте да ги усреќувате другите околу себе.rn

    Го избравте дрвото број 9

    rnrnrnВие сте многу оптимистична личност. Природно сте среќни и постојано се обидувате да научите нешто ново. Ги имате сите услови за да успеете во животот.rnrnВи предлагаме да изберете уште едно дрво и откријте на кој начин умеете да сакате.

  • Изберете дрво и откријте на кој начин умеете да сакате

    Изберете дрво и откријте на кој начин умеете да сакате

    Секој од нас има свој карактер и особини, кои најдобро се покажуваат во односот кон саканата личност. За да разбереме што правиме исправно, а што напротив, им штети на односите, понекогаш е потребно подобро да се запознаеме себеси.rnrnЗа денес го подготвивме овој тест кој се состои од едно прашање и кое ќе открие како вашата личност се открива во љубовта. Изберете го дрвото кое најмногу ви се допаѓа на прв поглед, а под фотографијата погледнете го одговорот кој ја дефинира вашата личност.rnrn1-Izberete drvo i otkrijte na koj nachin umeete da sakate-www.kafepauza.mk_rn

    Дрво број 1

    rnВие сте доста емотивна и експресивна личност, која може лесно да пламне, но исто така и да се смири. Во односите се обидувате да заинтригирате и да привлечете внимание. Во вашиот однос не оди сѐ како подмачкано, па затоа понекогаш се расправате со вашиот партнер. Но, тие пречки само ја зајакнуваат вашата врска и лесно доаѓате до компромис.rn

    Дрво број 2

    rnВие сте личност која тежнее кон ред и совршенство. Имате строги правила според кои се раководите низ животот. Вие не сакате да се расправате, но подготвени сте да возвратите. Во односите со саканата личност тежнеете кон лидерство, но ако не го постигнете тоа, тогаш станувате рамноправен партнер. Вашиот партнер секогаш може да се потпре на вас во тешките моменти.rn

    Дрво број 3

    rnВие сте нежна и мека личност која сака романтика. Многу се концентрирате на себеси, но понекогаш можете да го сослушате и мислењето на другите. Се обидувате да пронаоѓате компромиси. Во односите барате силен партнер. Полни сте со љубов и енергија, кои ги гасат сите негативни емоции и ви носат мир на вас и на оние кои ве опкружуваат.rn

    Дрво број 4

    rnВие сте разумна и упорна личност. Го игнорирате туѓото мислење и не сте склони да верувате на авторитетите. Во односите со спротивниот пол, се обидувате да направите некој план за иднината и постепено го спроведувате. Вам ви одговара добра, силна личност која ќе ве поддржи и ќе ви помогне во кои било предизвици.rn

    Дрво број 5

    rnОвој облик на дрво го избираат јаките и одлучни личности, но кои се, во длабочината на својата душа, многу романтични и нежни. Сигурни сте во себе, упорни, издржливи и разумни. Во односите со спротивниот пол најчесто вие ја преземате иницијативата на себе. Во семејството, личностите како што сте вие, се лојални и креативни. Вие никогаш нема да дозволите монотонијата да ги изгаси емоциите во вашата заедница.

  • Поучна приказна: Судбината на едно дрво

    Поучна приказна: Судбината на едно дрво

    Еден дрвосечач и неговите помошници отишле во шумата да бараат градежен материјал. Тие таму виделе едно дрво чиешто стебло било толку големо што пет мажи не можеле да го обиколат држејќи се за раце и толку високо што ги допирало облаците.rnrnПоучна приказна: Судбината на едно дрвоrnrnГледајќи ја ситуацијата, главниот дрвосечач рекол да не губат време на тоа дрво, бидејќи би им било потребно многу време за да го пресечат. Од друга страна пак, од него не би можело да се направи чамец бидејќи би потонал од тежината, а ако одлучат да го користат за кров на некоја куќа, тогаш ѕидовите би требало да бидат премногу дебели. Така групата дрвосечачи продолжила понатаму, па додека оделе едниот од помошниците рекол: „Толку големо стебло, а не служи за ништо“. На тоа главниот одговорил: „Грешиш. Тоа дрво на сопствен начин ја следело својата судбина. Кога би било како другите, ние би го исекле. Но бидејќи имало храброст да биде поразлично, уште долго ќе остане живо и силно.rnrnПоука: Бидете она што сте и следете го својот животен пат. Имајте храброст да бидете поинакви од другите и ќе успеете да добиете многу работи во животот.

  • Направете сами: Фотографија пренесена на дрвена површина

    Направете сами: Фотографија пренесена на дрвена површина

    Дали ви е здодеано од фотографиите во обични рамки кои стојат на вашите полици? Ако вашиот одговор е потврден, тогаш одвојте малку од своето време и изразете ја вашата креативна страна. Фотографијата пренесена на дрвена површина изгледа необично, дава подобар ефект, а сигурно и ќе ги изненади сите околу вас.rnrnНаправете сами: Фотографија пренесена на дрвена површинаrn

    За нејзина изработка, потребно ви е:

    rn

      rn011

    • Фотографија по ваш избор
    • rn011

    • Дрвена површина
    • rn011

    • Шмиргла
    • rn011

    • Гел за дрво
    • rn011

    • Масло за дрво
    • rn

    rnЗа да ја создадете оваа необична креација, погледнете кои чекори треба да ги преземете.rnrnrn

    Чекор 1: Изберете дрво

    rnПред да ја изберете фотографијата, треба да знаете на какво дрво сакате истата да ја пренесете, па да можете да ја прилагодите нејзината големина и форма. Некои практикуваат ова да го направат врз нивната гитара, мебелот или други дрвени предмети, но доколку сакате нешто поедноставно, тогаш изберете некое обично, чисто парче дрво. Можеби ќе треба малку да го обликувате, но сепак, имајте ја предвид големината на хартијата на која ќе печатите.rnrnНаправете сами: Фотографија пренесена на дрвена површинаrn

    Чекор 2: Подгответе ја фотографијата

    rnТреба да пронајдете некоја фотографија што ви се допаѓа. Доколку ѝ треба некоја обработка (на пример ротирање, сечење или слично), можете да користите различни апликации. Препорачливо е да ѝ додадете на фотографијата потопли бои, така што ќе изгледа подобро кога ќе ја поставите на дрвото. Трудете се да ги избегнувате светлите и фотографиите кои содржат повеќе боја, затоа што кога ќе се пренесат на дрвото не изгледаат толку добро.rnrnНаправете сами: Фотографија пренесена на дрвена површинаrn

    Чекор 3: Испечатете ја вашата фотографија

    rnОткако веќе ја избравте фотографијата и соодветно ја уредивте, потоа треба да ја испечатите, а за подобри резултати можете да користите ласерски печатач.rnrnНаправете сами: Фотографија пренесена на дрвена површинаrn

    Чекор 4: Подгответе го дрвото

    rnИсчистете го дрвото со шмиргла со цел да ги отстраните сите нечистотии, маснотии или нерамнини. Потоа нанесете гел и распоредете го рамномерно.rnrnНаправете сами: Фотографија пренесена на дрвена површинаrnrnПреминете на наредната страница за да ги видите преостанатите чекори и видеото со детално објаснување за ова постапка.rn

  • Поучна приказна: Дрвото кое постојано дава

    Поучна приказна: Дрвото кое постојано дава

    Еднаш многу одамна на некое место постоело големо дрво каде што секојдневно доаѓало едно мало момче за да си игра. Тоа се качувало на врвот, ги јадело плодовите, се одморало под сенката… Така го засакало дрвото и сакало да си игра со него. Но, откако пораснало, веќе немало навика да си игра со него.rnrnПоучна приказна: Дрвото кое постојано даваrnrnЕден ден, тоа отишло до него со тажен израз на неговото лице. „Дојди, играј си со мене“, му рекло дрвото на момчето. „Јас не сум повеќе дете и не си играм околу дрвјата“, одговорило момчето. „Сакам играчки, потребни ми се пари за да си ги купам.“ На ова дрвото рекло: „Извини, јас немам пари… но можеш да ги собереш моите плодови, да ги продадеш и ќе имаш пари.“ Момчето многу се возбудило, ги собрало плодовите и среќно си заминало. Дрвото било тажно затоа што момчето не се вратило повторно. rnrnЕден ден, момчето кое веќе станало маж, се вратило. Дрвото било премногу возбудено од тоа и го повикало да си играат. На ова, мажот одговорил: „Немам време да си играм. Морам да работам за моето семејството. Нам ни треба куќа за засолниште. Можеш ли да ми помогнеш?“ На ова дрвото одговорило: „Извини, јас немам куќа, но можеш да ги исечеш моите гранки и да си направиш.“ По ова, мажот ги исекол сите гранки на дрвото и среќно си заминал. На дрвото му било мило што го гледа среќен, но потоа мажот повторно не го посетувал, при што дрвото пак останало само и несреќно.rnrnЕден топол летен ден, мажот се вратил и дрвото повторно било воодушевено. „Дојди и играј си со мене,“ рекло дрвото. „Јас сум тажен и остарен. Сакам да отпатувам некаде за да се релаксирам. Може ли да ми дадеш брод?“ На ова дрвото рекло: „Користи го моето стебло за да си изградиш брод. Може да пловиш далеку и да бидеш среќен.“ Мажот го исекол стеблото, направил брод, заминал и не се вратил подолго време. rnrnКонечно, тој се вратил по неколку години. „Извини, момче мое, но немам ништо повеќе за тебе. Немам плодови“, рекло дрвото. „Немам заби за да гризам“, одговорил мажот. „Немам гранки за да се качуваш“, повторно рекло дрвото. На ова, мажот кажал: „Сега сум премногу стар за тоа.“ Со тага, дрвото рекло: „Навистина не можам да ти дадам ништо, единствено ми останаа моите корени кои умираат“. Мажот на ова рекол дека е уморен од сите овие години и дека сѐ што сака е само да се одмори. „Супер! Моите стари корени се најдоброто место за да се одмориш. Дојди, седни до мене и одморај се“, рекло дрвото среќно и задоволно.rnrnПоука: Дрвото во приказната ги прикажува вашите родители. Кога сте млади, сакате да си играте со нив. Кога ќе пораснете, ги оставате и ги посетувате само кога ви треба помош. Родителите се жртвуваат за вас. Никогаш не заборавајте ги жртвите кои тие ги имаат направено. Дајте им ја потребната љубов и грижа пред да биде доцна!