КАФЕ ПАУЗА

Tag: друштво

  • Астрологијата и карактерот на вашето бебе

    Астрологијата и карактерот на вашето бебе

    Понекогаш  не знаете што сака вашето бебе или зошто плаче. Тешко е да се разберат малите „човечиња“ бидејќи тие не знаат да зборуваат. Но, од нивниот хороскоп може да се научи нешто за нивните потреби и за карактерот.rnrnАстрологијата и карактерот на вашето бебеrn

    Овен

    rnОд ова бебе не очекувајте да седи мирно и да си игра со играчки, зашто тоа нема да се случи. Бидејќи ова малечко е родено во огнен знак, тоа секогаш ќе биде во движење, а веројатно е дека тешко ќе го научите да ги дели своите работи со друг. Бебињата родени во знакот на овен обожуваат да бидат во центарот на вниманието и скоро секогаш го остваруваат тоа што ќе го наумат, па родителите треба да бидат особено внимателни.rn

    Бик

    rnОва бебе има голема потреба од допир и нежност, па затоа треба да го галите и бакнувате што повеќе. Биковите сакаат удобност, па затоа на вашето малечко обезбедете му соба во која ќе има идеална температура, удобен кревет и интересни играчки. На овие бебиња треба сè да им биде стокмено. Не треба да се грижите ако вашето малечко не ги научило оние работи кои другите бебиња веќе ги знаат, бидејќи биковите новите работи ги прифаќаат полека и со свое темпо.rn

    Близнаци

    rnОвие бебиња уживаат во друштво, па веројатно ќе се обидат да комуницираат уште од првите денови. Љубопитни се и сакаат да истражуваат, па ако нема ништо интересно во моментот, веднаш им станува здодевно. Бебињата  близнаци треба да се вклучат во групни игри што е можно порано. Тие ќе уживаат во друштвото и многу бргу ќе станат омилени меѓу своите другари.rn

    Рак

    rnБебињата родени во знакот на рак се многу емотивни, па затоа немојте да се чудите ако се случува често да заплачат. Поради тоа треба да се трудите вашето бебе да се чувствува заштитено и да не дозволите негативни вибрации во негова близина. Домот и семејството се многу важни за малечките родени во знакот на рак. Понекогаш овие бебиња можат да бидат многу молчеливи, но тоа не треба да ве загрижува.rn

    Лав

    rnОва бебе е гласно колку и вистинскиот лав, па затоа заборавете на мирен сон. Тоа сака секогаш и во секој момент да му биде удобно и пријатно. Исто така сака да биде во центарот на вниманието, но му треба и публика. Со своите врсници брзо ќе се спријатели и ќе стане нивни „водач“.rn

    Девица

    rnБебињата родени во знакот на девица често можат да бидат нервозни и раздразливи, но како инаку очекувате да станат перфекционисти? Овие бебиња не поднесуваат отстапување од дневните навики. Можат да бидат пребирливи кога е храната во прашање, но освен тоа нема да имаат многу специјални барања. Овие бебиња со часови можат да играат сами и притоа немаат голема потреба за внимание од околината.rn

    Вага

    rnОва бебе ќе ужива во вниманието на другите и тоа без разлика каде се наоѓа, па затоа немојте да се изненадите ако во лекарската ординација се однесува како да е дома. Шармантна е, насмеана и неодолива. Бебињата во знакот на вага сакаат друштво и се вистински дипломати, па затоа често ќе бидат во улога на посредник во расправиите на своите другари. Удобноста е исто така важна за ова дете, а играњето и друштвото едноставно ги обожува.rn

    Скорпија

    rnБебињата родени во овој знак едноставно мора да бидат во центарот на вниманието. Ова дете е малку мистериозно, па поради тоа е тешко да се разбере што сака и зошто плаче. Децата од овој знак чуваат многу нешта во себе и тоа често пати е особено тешко да се извлече од нив. Од друга страна, бебињата скорпии знаат што сакаат и како да го добијат тоа, многу се паметни и моќни деца, па родителите треба да бидат особено внимателни.rn

    Стрелец

    rnОва безгрижно и среќно дете ќе прооди многу бргу. Независни се и со слободен дух, а сакаат и да истражуваат. Малите стрелци обожуваат отворен простор, па честопати ќе тропаат на вратата сè додека не ги однесете надвор. Овие бебиња не се плашливи и сакаат да ја истражат секоја нова работа што ќе ја видат, па затоа бидете внимателни, бидејќи вашето малечко може лесно да се изгуби. Бебињата стрелци се дружељубиви и уживаат да патуваат.rn

    Јарец

    rnОва е многу дисциплинирано, методично и организирано дете, а дали е навистина дете? Па и да и не. Јарците не се склони кон авантуризам, па однесувањето на бебето родено во овој знак може да биде скоро досадно. Кога е во прашање учењето не треба да се грижите, бидејќи бебето јарец има свое темпо со кое ги открива и запознава работите. Овие малечки се секогаш концентрирани и вредни без разлика што прават.rn

    Водолија

    rnБебињата во знакот на водолија можат да изгледаат осамено, но тие сакаат сами да го поминуваат времето. Дури и кога плачат, овие бебиња најчесто не сакаат поддршка. Можат да бидат вистински бунтовници, што за нивните родители нема да биде баш лесно. Со овие деца би требало доста да се работи на нивна социјализација.rn

    Риби

    rnКога овие бебиња плачат, може да изгледа дека плачат без причина, но тоа е дел од личноста на овие срамежливи деца и нивната особина своите емоции да ги држат во себе. Многу се грижливи и чувствителни на сè што се случува околу нив, па затоа не викајте и не карајте се пред нив. Овие бебиња се вистински сонувачи, па често можат да одлетаат со мислите далеку од реалноста.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Флексибилна перница која ви прави друштво за спиење

    Флексибилна перница која ви прави друштво за спиење

    Сите сме навикнати да спиеме со перница, бидејќи така ни е најудобно и покрај тоа што многу доктори советуваат да не се користи. На некои од нас, покрај удобната перница, ни е потребно и друштво за спиење, затоа што не сакаме да спиеме сами. Флексибилна перница која ви прави друштво за спиењеЗа да го реши проблемот со осаменоста, мичигенскиот дизајнер Миа Чинели создала примамлива перница, различна од сите досега, по својот облик и креативната идеја.Флексибилна перница која ви прави друштво за спиењеПерницата „The Loop“ има облик на широка цевка, која е прилагодлива според вашите потреби за гушкање. Па, доколку немате друштво додека сонувате, оваа перничка ќе направи да се почувствувате како да го делите креветот со некој друг, а истовремено ќе ви обезбеди и голема удобност.Флексибилна перница која ви прави друштво за спиењеОваа перница ќе внесе малку забава во вашата спална соба, а можете да ù најдете и други креативни примени. Сè зависи од тоа колку широка имагинација поседувате.rnФлексибилна перница која ви прави друштво за спиењеФлексибилна перница која ви прави друштво за спиењеФлексибилна перница која ви прави друштво за спиењеФлексибилна перница која ви прави друштво за спиењеФлексибилна перница која ви прави друштво за спиењеФлексибилна перница која ви прави друштво за спиење
    rnrnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Кафе-позадина за вашиот десктоп #38

    Кафе-позадина за вашиот десктоп #38

    Кафето најдобро оди во друштво. Со љубениот, со пријателите, со колегите… Тоа нè поврзува и ни го прави времето поинтересно. Можеби најмногу сакате да го пиете сами, но одвреме-навреме не заборавајте да поканите некого на кафе. Позабавно е така!rnrn

    Кафе-позадина за вашиот десктоп #38
    Кликнете на сликата за да ја видите во оригиналната големина (1920×1200) и преземете ја за да ја поставите на вашиот десктоп.
    rn

    ———————————————————————————————————————————————————————rnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Кафе-позадина за вашиот десктоп #37

    Кафе-позадина за вашиот десктоп #37

    Кафе… уживање во мала шолја. Горчлив вкус со моќно дејство, понекогаш разблажен со млеко или шеќер. Нè буди, ни дава енергија и ни претставува занимација, сами или во друштво. Љубителите на кафето ќе ја сакаат оваа позадина на нивниот десктоп.rn

    Кафе-позадина за вашиот десктоп #37
    Кликнете на сликата за да ја видите во оригиналната големина (1600×1200) и преземете ја за да ја поставите на вашиот десктоп.
    rn

    ———————————————————————————————————————————————————————rnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Кафето во нашите животи

    Кафето во нашите животи

    Кога ќе помислите на кафе, веројатно веднаш ви доаѓа асоцијација за многу работи во главата. Дружба, смеење, забава, расонување, состанок… Без разлика дали го сакате или го мразите, не може да се негира фактот дека кафето е составен дел од секојдневието на секого.Кафето во нашите животиКафе-барови има на секој чекор, нови видови кафиња, машини и други кафе-продукти излегуваат секој ден, а реченицата „Ај да одиме на кафе“ е типично да се слушне дури и од човек кој не го консумира овој напиток. Па, зошто кафето е толку застапено во нашите животи? Што е толку зависно во врска со него? Веројатно, првата причина лежи во самото негово дејство.rnrnКофеинот е супстанца која предизвикува зависност. Тој е причината поради која не можете да заспиете доколку консумирате кафе доцна навечер, но и за вашата силна главоболка кога ќе го испуштите утринското. Но, она што создава дополнителна зависност, веројатно и многу поголема, е неговиот социјален аспект. rnrnКафето оди одлично во друштво со пријателите, овозможува со некого да се запознаете подобро, да надокнадите за пропуштеното, да озборувате… Кафе-баровите претежно ги одликува опуштена атмосфера со свеж мирис и удобни столчиња, заради што тие се прв логичен избор при договарање средби.Кафето во нашите животиВо време кога сите сме презафатени со многу обврски, немаме време или пари за да излегуваме често во град или пак пријателите со кои одамна не сме се виделе, живеат на другата страна од градот, пиењето кафе во некој кафе-бар кој се наоѓа на пола пат, излегува како сосема очекувана опција. Еве што може да се прави на кафе:
    rn

      rn011

    • да се видите со пријателите
    • rn011

    • да решите нечиј проблем, да споделите мака или само да озборувате
    • rn011

    • да појдете со колега кој сакате подобро да го запознаете
    • rn011

    • да се запознаете со симпатијата кој ви е сè уште незгодно да го поканите на вистински состанок
    • rn011

    • да гледате во згодни момци/девојки кои исто така се „на кафе“
    • rn011

    • да решавате задачи по математика или да спремате испит од друга област
    • rn011

    • да разменувате идеи и да кроите планови
    • rn011

    • да се видите со братучед/ка, кој/а ви е врсник, но вообичаено го/ја среќавате само на свадби
    • rn011

    • да викнете некој дома или да му „се трупнете“ на некого ненајавено – со кафе ова се простува 🙂
    • rn011

    • да уживате сами со шолјата кафе и весник или лаптоп
    • rn

    rnКафето во нашите животиПовеќето кафе-барови сега имаат безжичен интернет пристап, па ова ги прави згодна дестинација за состанок со колеги и соработници од работа, како и со колеги од факултет. Не е воопшто чудно што првата идеја за средба која на многумина им паѓа на памет е за „на кафе“. Изборот за местото е голем, може да се работи и да се ужива во исто време, плус имате можност да пробате некој нов кафе-напиток.rnrnrnНа нашето прашање: Како најмногу сакате да го пиете вашето попладневно кафе?, несомнено најмногу одговори добивме од оние кои сакаат да посетуваат кафе-барови со пријателите или подетално:rn

      rn011

    • Со пријателите во кафе-бар: 144 гласа
    • rn011

    • Сам/а, сервирано во огромна шолја: 48
    • rn011

    • Дома, со најблиските: 49
    • rn

    rnОстанатите одговори имаа помалку гласови, а само 8 од 302 гласачи не пијат кафе.rnrnrnГолемата понуда на разни кафе-машини е уште една погодност за љубителите на кафе. Тие удобноста за состанување со блиските ви ја овозможуваат директно во вашиот дом. Да не забораваме дека домашната подготовка ви отвора многу можности за експериментирање со разни вкусови.rnrnЗаклучокот би бил дека без разлика дали пиете кафе, каде го пиете и дали воопшто го консумирате кога одите „на кафе“, социјалната улога на кафето односно пиењето кафе во друштво, предизвикува исто толку зависност колку и самото кафе.rnrnСе сложувате? Колку кафето е значајно во вашиот живот?rnrn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • 10 научни трикови со кои можете да се правите важни

    10 научни трикови со кои можете да се правите важни

    Знаете како некои луѓе секогаш имаат добар виц на лагер, токму кога е потребно развеселување на собраното друштво? Епа, бидете подготвени вие да се покажете следниот пат.rnrn10 научни трикови со кои можете да се правите важниrnrnПрво вежбајте сами, а потоа самоуверено заблескајте како вистинска ѕвезда во друштвото, која знае како да ги расположи другите. Овие 10 трикови, се лесни, научни и, што е најважно, изводливи. Пробајте се! :)rnrn

  • 7 типови пријатели кои треба да ги имате во вашето друштво

    7 типови пријатели кои треба да ги имате во вашето друштво

    Пријателството нема цена и секому му е потребно. Вистинскиот пријател секогаш е тука за вас, без разлика на околностите и знае да ви се најде и во добро и во лошо. Иако пријателството е природна работа и несвесно го одбираме кругот на пријатели, сепак важно е од нив да добивате соодветно на тоа што го вложувате. Ова се неколкуте категории пријатели кои би требало да ги имате во вашето друштво.rnrn7 типови на пријатели кои треба да ги имате во вашето друштвоrn

    1. Слушател

    rnИма периоди кога навистина ви треба некој да ве ислуша, па затоа ќе ви биде потребен човек пред кој ќе можете да го испуштите вентилот и да кажете сè што ви лежи на душа. Ваквиот тип пријател секогаш ќе ве дослуша до крај без разлика на сè. Знаејќи дека можете да се потпрете на некого за ваквите работи, се чувствувате безбедно и го зајакнувате пријателството.rn

    2. Комедијант

    rnОвој тип човек воопшто не треба да се објаснува. И во времињата кога сте весели, но и кога сте тажни или депресивни, смеењето секогаш е најдобриот лек. Ваквиот тип пријател во вашето друштво секогаш ќе го подига расположението и со него секогаш ќе градите незаборавни спомени.rn

    3. Поттикнувач

    rnПоттикнувачот е човек кој секогаш ќе ви ја покажува светлината, дури и во оние најтемните денови. И во најлошата ситуација, тие секогаш знаат да ви истакнат една добра работа која таа ја носи, а вам не би ви паднала на ум.rnrn7 типови на пријатели кои треба да ги имате во вашето друштвоrn

    4. Потсетувач

    rnОвој тип пријател секогаш знае да се наврати на некоја добра случка од минатото и да го развие муабетот, притоа потсетувајќи ги сите на убави моменти. Во комбинација со комедијантот, тие знаат да направат вистинско шоу за оние луди моменти од минатото.rn

    5. Реалист

    rnСекогаш е добро во друштвото да се има еден ваков човек, кој е стабилен и спуштен на земја. Тој знае како да изреагира во секоја ситуација и да не ви даде лажна надеж. Ова не значи дека тој човек е песимист, меѓутоа вистината секому му е добредојдена.rn

    6. Емотивец

    rnПонекогаш на сите ни доаѓа чувство дека во секој момент ќе експлодираме. Во ваквите времиња, потребен ни е пријател кој ќе ни укаже дека е во ред да бидеме лути и бесни, па дури и да заплачеме. Овој тип пријател, секогаш знае да го најде начинот да ги изнуди вашите вистински чувства.rnrn7 типови на пријатели кои треба да ги имате во вашето друштвоrn

    7. Одговорен пријател

    rnОвој човек е многу важен и фундаментален за вистинското пријателство. Овој тип луѓе секогаш знаат како да нè предизвикаат да го дадеме најдоброто од себе. Тие умеат да ги постават најтешките прашања и да нè направат подобри личности.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 4 друштвени игри што ги научивме од ТВ сериите

    4 друштвени игри што ги научивме од ТВ сериите

    Понекогаш ни е потребно нешто да ни го одвлече вниманието од работата или воопшто, од секојдневните обврски во животот. ТВ сериите се добар извор на идеи од каде можете да најдете многу примери за убивање време, решавање несогласувања, пијанење или дебатирање со пријателите за секојдневни работи.rnrnЕве 4 забавни игри кои може да ви го окупираат денот, да ве „разбудат“ од секојдневните шаблони и да ве насмеат, а сме ги „собрале“ од популарните ТВ серии.rn.rn

      rn011

    • rn

      „Паричка во конзерва“ од „Градот на пумите“ (Cougar Town)

      rn

    • rn

    rn rnrn4 друштвени игри што ги научивме од ТВ сериитеПравила: Во серијата се воведоа многу нови игри, но ниедна не е подобра од Паричка во конзерва. Едноставно, земате празна конзерва од кафе, ја поставувате на оддалеченост од 3 до 6 метри и фрлате парички накај неа. Секогаш кога ќе погодите, треба да испеете „Penny can!“ (Паричка во конзерва!) со висок тон. Ако ја сфатите играта сериозно, можете да организирате сопствен натпревар во фрлање парички во конзерва, како што направи Боби Коб.rnrnВаријанти: Играта можете да ја играте и така што секогаш кога некој ќе погоди паричка во конзервата, ќе пивнува по една голтка вино, а секогаш кога ќе промаши по две. Друга популарна варијанта е „Вистина или паричка во конзерва“ во која при секој промашен обид треба да одговорите на некое лично прашање.rn.rn

      rn011

    • rn

      „Камен, хартија, ножици, гуштер, Спок“ од „Теоријата за Биг Бенг“ (The Big Bang Theory)

      rn

    • rn

    rn4 друштвени игри што ги научивме од ТВ сериитеПравила: За да решава несогласувања, Шелдон Купер користи преработена верзија со пет оружја (Rock, Paper, Scissors, Lizard, Spock), наместо стандардната Камен, хартија, ножици со 3. Во играта ги додава Спок, Вулканецот од Ѕвездени патеки и гуштерот. Еве ги објаснувањата за тоа кое што победува:4 друштвени игри што ги научивме од ТВ сериитеrn

      rn011

    • Каменот ги смачкува ножиците
    • rn011

    • Каменот го смачкува гуштерот
    • rn011

    • Хартијата го покрива каменот
    • rn011

    • Хартијата го побива Спок
    • rn011

    • Ножиците ја сечат хартијата
    • rn011

    • Ножиците му ја сечат главата на гуштерот
    • rn011

    • Гуштерот ја јаде хартијата
    • rn011

    • Гуштерот го труе Спок
    • rn011

    • Спок ги смачкува ножиците
    • rn011

    • Спок го смачкува каменот
    • rn

    rnВаријанти: Основните принципи на математиката дозволуваат ова да функционира со секој непарен број на оружја, при што секое може да победи точно половина од другите. Ако мислите дека сте паметни како Шелдон Купер, пробајте да ги запаметите сите можни исходи од специјалната верзија со 101 оружје.rn.rn

      rn011

    • rn

      Играта со пиење за Робин Шебатски од „Како ја запознав мајка ви“ (How I Met Your Mother)

      rn

    • rn

    rn4 друштвени игри што ги научивме од ТВ сериитеПравила: Робин беше среќна кога дозна дека студентите на Тед го гледаат нејзиното утринско шоу, но исто толку се разочара кога дозна дека тоа било поврзано со една игра со пиење. Имено, секогаш кога таа ќе кажела „Но, ммм…“ (But, umm), сите групно пиеле по една чашка. Таа несвесно го користи овој израз прекумерно додека е во етерот, но кога дозна за играта, намерно постојано го повторуваше за да ги задева студентите кои не можеа да го фатат новото темпо.rnrnВаријанти: Изразот „But, umm” може да се замени со кој било друг израз или фраза кој го употребува некој од нашите новинари или ТВ водители. Дури, не мора да биде ни израз. Замислете колку често би требале да ја подигнете чашката ако играта ја базирате на одредени потези кои се дел од имиџот на некои наши новинари.rn.rn

      rn011

    • rn

      „Жешка или не?“ (Hot or Not?) од „Канцеларија“ (The Office)

      rn

    • rn

    rn4 друштвени игри што ги научивме од ТВ сериитеПравила: Во една епска дебата помеѓу колегите од Дандер и Мифлин, вработените дискутираа за актерката Хилари Свонк, односно дали е таа жешка или не. На двете страни се презентираа доказите за тврдењата и основното правило беше дека оние кои се со повеќе докази победуваат.rnrnВаријанти: Личноста не мора да биде Хилари Свонк, ниту мора да биде светски позната. Пробајте да ја играте во друштво кое има поделени мислења за некои од нашите ѕвезди и истакнати личности, но не сфаќајте ја играта пресериозно, не сакате да настане тепачка поради поделени чувства за политичка припадност.