КАФЕ ПАУЗА

Tag: друштво

  • 10 знаци дека имате вистински пријатели

    10 знаци дека имате вистински пријатели

    Сите имаме пријатели и колеги со кои излегуваме за време на викенди или некогаш ќе се сретнеме на кафе муабет. Но, ако сме доволно среќни, имаме и тесен круг на вистински пријатели со кои можеме да споделиме речиси сè за себе и кои ни го исполнуваат животот. Без нив нашите животи би биле драстично поинакви.rnrn10 знаци дека имате вистински пријателиrn

    1. Се чувствувате сосема опуштени во нивно друштво

    rn10 знаци дека имате вистински пријателиrn

    2. Имате целосна доверба во нив и можете да им се доверите за што било

    rn10 знаци дека имате вистински пријателиrn

    3. Можете да комуницирате телепатски

    rn10 знаци дека имате вистински пријателиrn

    4. Речиси сè правите заедно и во ниеден важен животен момент не сте одделени

    rn10 знаци дека имате вистински пријателиrn

    5. Го делите кругот на личности на оние кои не ви се допаѓаат и оние кои ги сакате

    rn10 знаци дека имате вистински пријателиrn

    6. Тие се покрај вас без оглед на сè

    rn10 знаци дека имате вистински пријателиrn

    7. Би направиле навистина чудни, откачени и неприфатливи работи за вас, но и вие за нив

    rn10 знаци дека имате вистински пријателиrn

    8. Заедно ги имате најоткачените спомени

    rn10 знаци дека имате вистински пријателиrn

    9. Некогаш не можете да ги поднесете нивните навики, но не можете ни да живеете без нив

    rn10 знаци дека имате вистински пријателиrn

    10. Знаат да ви ги дадат најдобрите совети, дури и ако во моментот не ги сфаќате

    rn10 знаци дека имате вистински пријатели

  • 7 забавни здравици кои можете да ги кажете во машко друштво

    7 забавни здравици кои можете да ги кажете во машко друштво

    Здравиците се неопходен дел од пијанките во друштво. Тие се како мезе за ракија, како кикирики за пиво, како фстаци за вино. Да наздравиме во забавен и шеговит стил!rnrn7-zabavni-zdravici-koi-mozhete-da-gi-kazhete-vo-mashko-drushtvo-kafepauza.mkrnrn1. Нека нашите синови имаат богати татковци и убави мајки!rnrn2. За нашите жени и девојки! И никогаш да не се сретнат!rnrn3. За долг и среќен живот. За брза и лесна смрт. За добра и искрена девојка. За ладно пиво и за уште едно.rnrn4. За пријателите кои не се тука!rnrn5. На здравје за оние кои нѐ виделе во најдобро и во најлошо светло и притоа не прават разлика.rnrn6. Да бидеме во рајот половина час пред ѓаволот да дознае дека сме мртви.rnrn7. Да наздравиме за ноќите на кои нема да се сеќаваме поминати со пријателите кои никогаш нема да ги заборавиме.rn
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Што мажите најпрво забележуваат кај жените?

    Што мажите најпрво забележуваат кај жените?

    Старите уверувања дека машките кај девојките најпрво го забележуваат телото, па градите, па потоа нозете и задникот, не е точно. Кјара Атик, авторката на книгата „Modern Dating: A Field Guide“ разговарала со млади мажи и направила листа со работите кои тие најпрво ги забележуваат кај една девојка.Што мажите најпрво забележуваат кај жените?rn

    Лицето

    rnНавикнати сме на истражувањата дека мажите прво се загледуваат во женското тело, а потоа ја проучуваат девојката во целост, но според ова истражување, кое се одвивало анонимно, мажите покажуваат една друга вистина. Мажите најпрво гледаат во лицето и во очи најчесто им паѓаат некои детали како погледот или насмевката на девојката. Повеќето од нив додаваат дека не можат да знаат што на лицето на една девојка ги привлекува, бидејќи тоа зависи од личноста пред нив и енергијата со која таа зрачи.rn
    rn

    Убавината на телото

    rnКога станува збор за телото, повеќе од нив одговориле дека не сакаат совршено тело и дека секој сака одреден дел да е малку над просекот. Но, признаваат дека веднаш забележуваат дали станува збор за убаво и ускладено тело или дека девојката се запуштила. Дури откако ќе ја проценат девојката во целина, погледот им застанува на градите, нозете, рацете и задникот.rn
    rn

    Стилот на облекување

    rnКога станува збор за облеката веднаш го забележуваат стилот, бидејќи од него можат веднаш да сфатат за каков тип девојка станува збор, што таа сака и што ѝ е важно во животот. На машките не им е важно дали станува збор за скапа облека, но важно им е девојката да има свој личен стил.rn
    rn

    Гласно зборување

    rnНикој не сака личности кои се трудат да бидат најгласни во друштвото, а на момците тоа им делува наметливо и агресивно. Па така, може да се забележи дека ова е негативна особина која би ги одбила поголемиот број машки.rn
    rn

    Друштвото

    rnУште едно нешто по кое момците можат да оценат девојка е по друштвото, односно дали повеќе се дружи со машки или со девојки. Ако девојката е опкружена повеќе со машки пријатели, тоа е знак дека нејзиниот нов пријател може да не ѝ се допаѓа на романтичен начин, само затоа што со него е љубезна и отворена.rn
    rn

    Детали и аксесоари

    rnПокрај облеката, за мажите можат да бидат важни и деталите на вас. Па според истражувањето, едно момче кажува дека обожава девојки кои носат очила и дека тоа е првото нешто што би го забележал.rn
    rn

    Контактот со очи

    rnПоследно, но не и помалку важно од останатите работи, мажите го навеле контактот со очи. Според нивните одговори, жените со погледот можат да дадат до знаење дека се заинтересирани за дружење, а одреден контакт со очите, може да значи и дека се заинтересирани за нешто повеќе.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Филм: Од 21-на па нагоре (21 & Over)

    Филм: Од 21-на па нагоре (21 & Over)

    Лесно летно филмче за гледање во друштвоrnrnФилм: Од 21-на па нагоре (21 & Over)Режија: Џон Лукас, Скот МурrnrnУлоги: Мајлс Телер, Џастин Чон, Скајлар Естин, Сара РајтrnrnВреметраење: 93 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 1 март 2013rnrnЖанр: комедијаrnrnНаша оценка: 8/10rnrnВаша оценка: [ratings]rn

    rnКога „Од 21 година па нагоре“ го најавија како верзија на „Мамурлак“ (The Hangover) со студенти можеше да се очекува дека „Мамурлак“ ќе го измешаат со „Американска пита“ (American Pie) и дека тешко ќе го достигне успехот на своите претходници. Впрочем, „Од 21 година па нагоре“ и „Мамурлак“ имаат исти сценаристи, веројатно затоа очекувањата се покажаа како исправни. Но, тоа сепак не ја намалува вредноста на овој филм, затоа што елементите кои ги позајмува се добро вкомпонирани еден со друг и од него прават интересен и гледлив филм.Филм: Од 21-на па нагоре (21 & Over)И овде се работи за некој кој се опијанил толку многу што не знае каде се наоѓа. Џеф Ченг (Џастин Чон) мора да си легне рано вечерта на својот 21-ви роденден затоа што утредента има важно интервју за работа обезбедено од неговиот престрог татко. Но, истиот ден на неговата врата неочекувано се појавуваат Милер (Мајлс Телер) и Кејси (Скајлар Естин), неговите најдобри другари од средно училиште. Тие дошле затоа што Џеф Ченг полни 21 година, станува полнолетен според законите во САД, па сакаат да му подарат забава што ќе ја памети цел живот.Филм: Од 21-на па нагоре (21 & Over)По кратко противење Џеф Ченг прифаќа да се напие по едно пиво со нив, но работите излегуваат од контрола и тој се онесвестува од премногу алкохол. Милер и Кејси немаат друг избор освен да го однесат дома да се отрезни пред важното интервју кое го чека, но не знаат на која адреса живее. Се разбира, ваквата ситуација неминовно води до целовечерна потрага по домот на Џеф која се чини дека нема крај.Филм: Од 21-на па нагоре (21 & Over)Во филмот има и повеќе од доволно хумор за да отскокнува од повеќето комедии. „Од 21 година па нагоре“ е филм кој сигурно може да ве забавува, особено ако ги сакате оние што ги спомнавме дека се слични на него. Негов недостаток е тоа што делови од него може да ви изгледаат познато, нешто да биде предвидливо, а секако и шегите на еден од ликовите кои премногу се потпираат на стереотипи и понекогаш се невкусни.Филм: Од 21-на па нагоре (21 & Over)Сè на сè, ова е лесно летно филмче за опуштање и забава во летниот период. Ако имате намера да го соберете друштвото, да земете нешто за грицкање и освежување и да се смеете со некој филм, веќе сте наишле на добра комедија.Филм: Од 21-на па нагоре (21 & Over)
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Правила за реагирање во друштвено непријатни ситуации

    Правила за реагирање во друштвено непријатни ситуации

    Со сите ситуации во животот мора да се соочиме. Дури и со оние во кои ни доаѓа да пропаднеме во земја. Затоа треба да се знаат правилата за реагирање во незгодни ситуации – така полесно ќе ги „преживеете“.rn

    1. Исто облечени

    rnОдите на забава среќни со изборот на новиот летен аутфит од Зара и кога – одникаде се појавува некој/а што го носи токму истото.rnrnПравила за реагирање во друштвено непријатни ситуацииrnrnПравило за оваа ситуација: Се наоѓате на пола пат, правите Ком-па-ни-ја и кој губи си оди дома или се пресоблекува.rn

    2. Неизбежен муабет

    rnСе качувате во автобус и забележувате личност која ја знаете, ама немате „ни тронка“ заеднички муабет. Се фаќате за телефонот, демек нешто да проверите, планирате да се заиграте игрица, арно ама веќе сте забележани и осудени да се возите заедно до последната станица.rnrnПравила за реагирање во друштвено непријатни ситуацииrnrnПравило за оваа ситуација: Вториот што се качил во автобусот мора да измисли причина да се симне на следната станица, па да фати друг автобус од таму.rn

    3. Прегратка, бацка или ракување?

    rnНа работа се знае како треба – се ракуваш за поздравување, кимнуваш со глава и се смешкаш. Во други ситуации е потешко. Треба да се процени дали ракувањето би било преформално, гушката преслободна, а бакнежот во образ пак е проблем за себе (еден, по еден на двете страни или трипати по нашки?) Ако вие тргнете по еден бакнеж помалку, го оставате другиот да виси во воздух, па од незгодно можеби ќе сакате да се поправите баш во моментот кога тој веќе се откажал. Ау, боли од незгодно!rnrnПравила за реагирање во друштвено непријатни ситуацииrnrnПравило за оваа ситуација: Секогаш поздравувајте се со десна рака, гушкајте се тапкајќи го грбот на другиот со левата и бацувајте образ само по еднаш и тоа од левата страна (ова правило може да биде прекршено насилно од вашите тетки).rn

    4. Прерано збогување

    rnСте се виделе со вашиот тазе партнер или партнерка, соработник или сте присуствувале на групна бизнис средба. На крајот стоите пред ресторанот, се збогувате, си посакувате добра ноќ или пријатен лет назад кон дома и тогаш сфаќате дека двајцата тргнувате во ист правец. Која е веројатноста да живее или престојува во истата насока како вас?rnrnПравила за реагирање во друштвено непријатни ситуацииrnrnПравило за оваа ситуација: Првите 10 метри се одлучувачки. Кој ќе стигне подалеку, тој има право да продолжи, а другиот го забавува темпото за да му даде 5-минутна предност на другиот.rn

    5. Долго „здраво“

    rnЗабележувате некој познат од далеку и му мавтате. Мавта и тој, но вие сте сè уште многу оддалечени. Па што да правите додека се доближите еден до друг? Да гледате смешкајќи се – ќе ви се здрви фацата. Да гледате настрана? Во земја?rnrnПравила за реагирање во друштвено непријатни ситуацииrnrnПравило за оваа ситуација: Рацете долу по првото мавтање и благо кимнување со главата на секои 10 метри.rn

    6. Твитер средба

    rnИзлегувате во град и забележувате некој кој ви изгледа благо познато. Гледа право во вас, знаете дека сте зборувале за глупостите од детството, сте дебатирале на сериозни теми и сте се смееле фаќајќи некому сеир. И покрај сè, ова е личност која никогаш не сте ја запознале. Тоа е некој што го знаете од Твитер.rnrnПравила за реагирање во друштвено непријатни ситуацииrnrnПравило за оваа ситуација: За да остане ситуацијата нормална, си вртите грб еден на друг и кажувате некоја мудрост во 140 карактери.rn

    7. Непосакувано барање за пријателство на Фејсбук

    rnНекој што едвај го познавате ве додава на Фејсбук. Имате две опции: да го додадете и да му дозволите пристап до сите ваши слики од последниве 5 години или да го одбиете и да се надевате дека тоа ќе помине без да се спомне следниот пат кога ќе се сретнете во живо.rnrnПравила за реагирање во друштвено непријатни ситуацииrnrnПравило за оваа ситуација:  За да додадете некого на Фејсбук, претходно треба да имате направено барем 3 битни муабети во живо. Од ова правило се отстапува во случајот кога се работи за луѓето кои ве одгледале од раѓање. Нив не ги додавате во никој случај!rn

    8. Повеќекратно „здраво“

    rnИзлегувате некаде во гужва и забележувате некој пријател. Си викате здраво. Потоа се сретнувате пак, тогаш му се насмевнувате. За несреќа го среќавате и трет пат. Тогаш подигате веѓа во знак на прифаќање на незгодниот момент. Арно ама, кога мислите дека незгодните средби завршиле, го среќавате и четврт пат. Веќе не знаете која би била соодветната реакција.rnrnПравила за реагирање во друштвено непријатни ситуацииrnrnПравило за оваа ситуација: Од третиот пат натака, дигнете рака и направете си „да пукне“ без да размените ни збор.rn

    9. Запознавате некого, но на другиот не му го знаете името

    rnСе случува да заборавиме име на некого што не сме го сретнале одамна, но која е веројатноста да го заборавите името на оној што само што сме го запознале? Да, и тоа се случува. Нема проблем. Затоа постојат зборчиња кои можат да ве извадат од оваа ситуација како „пријателче“, „брат“, „другарче“… (за женски е малку покомплицирано). Проблемот настанува кога друг ваш пријател ќе наиде, па по протокол вие треба да ги претставите двајцата еден на друг.rnrnПравила за реагирање во друштвено непријатни ситуацииrnrnПравило за оваа ситуација:  Од оваа ситуација нема бегање. Незгодна е „до даска“. Па, ако сакате да го избегнете срамот, подобро ич не излегувајте од дома. :)rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Во кино расоблечени во костими за капење со коктел в рака

    Во кино расоблечени во костими за капење со коктел в рака

    Hot Tub Cinema е уникатен начин на гледање филм во кино, за сите оние кои сакаат да ја соблечат својата облека пред да започне филмот и да седат само по костим за капење, опуштајќи се во топла бања. Како што е објаснето на веб-сајтот ова е „луксузен настан кој го прославува филмот на забавен и пријатен начин“. Во кино расоблечени во костим за капење со коктел в ракаНастанот се одржува низ Лондон и делови од Велика Британија, во текот на целата година, во затворен простор во текот на есента и зимата и на отворено напролет и налето. Заинтересираните посетители на киното можат да ги грабнат нивните костими за капење и да купат еден билет или да ја резервираат цела бања, за да ја делат со своето друштво. Во кино расоблечени во костим за капење со коктел в рака Во кино расоблечени во костим за капење со коктел в ракаКако што сонцето почнува да заоѓа и воздухот почнува да се исполнува со пареа од топлата бања, гледачите имаат можност да си пијат коктелче и да се социјализираат со пријателите, додека уживаат во несекојдневното окружување и неверојатната глетка. 8 луѓе во една бања можат да се опуштат во амбиентот и да уживаат во добриот филм. Во кино расоблечени во костим за капење со коктел в рака„Hot Tub Cinema“ бара од посетителите со себе да понесат практични работи, како костим за капење и апостолки, но воедно ги охрабруваат да носат и костими, смешни перики и чувство за авантура. Со план да започнат да се шират интернационално, прашање на време е кога ќе почнат вакви настани да се организираат и во САД. Звучи како забавен начин да се поминат летните ноќи нели? 🙂 Во кино расоблечени во костим за капење со коктел в рака Во кино расоблечени во костим за капење со коктел в рака Во кино расоблечени во костим за капење со коктел в рака Во кино расоблечени во костим за капење со коктел в рака Во кино расоблечени во костим за капење со коктел в рака (10) Во кино расоблечени во костим за капење со коктел в рака Во кино расоблечени во костим за капење со коктел в рака
    rnrnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Тест: дали размислувате како маж или како жена?

    Тест: дали размислувате како маж или како жена?

    Можеби сте привлечни како Мерлин Монро или елегантни како Џорд Клуни, но наспроти женствениот /мажествениот изглед, вашиот мозок можеби не ви е од истиот пол. Изненадени сте?rnrnЕкспертите тврдат дека нашето тело и мозок не мораат да бидат од истиот пол. Така, во мозокот на фетусот иницијално се наоѓаат женски хормони и дури подоцна во него доаѓаат и машките хормони. Некои фетуси се изложени под дејство на поголема количина машки хормони. Тоа е и научната основа на теоријата за различните полови на мозокот и телото.rnrnТест: дали размислувате како маж или како жена?rnrnМашкиот мозок размислува логично и праволиниски, додека женскиот мозок во поголема мера користи интуиција, ги поврзува различните и случајно избрани работи и лесно преминува од една кон друга тема. Машко–женскиот однос во мозокот е одреден од количината на тестостерон на која била изложена вашата мајка во текот на бременоста. Научниците велат дека организмот на жените кога се под стрес, произведува повеќе андроген, од кој подоцна настануваат машките хормони. Поради тоа, возможно е во организмот на жените да се наоѓа необично големо количество естроген (женски хормон), кој ги маскира машките хормони. Воедно, консумирањето поголеми количини од производи од соја, го подигаат нивното на естроген во вашето тело.rnrnКако овој тест може да ви помогне? Откривањето на половата ориентација на вашиот мозок, како и на луѓето кои ве опкружуваат, може да ви го промени животот. Тоа сознание влијае на сите сфери од животот, од спалната соба до канцеларијата. На пример, доколку работите исклучиво само со жени и никако не можете да најдете заеднички јазик со вашите колешки, тоа најверојатно значи дека вашиот мозок е помашки, во однос на нивните мозоци. Така, одредувањето на полот на вашиот орган за размислување и емоции, ќе ви помогне да ги промените клучните работи во вашето однесување, а доколку ги натерате вашиот партнер и пријателките да го решат овој тест, ќе ги откриете и мотивите на нивното однесување.rn

    1. Погледнете ја дланката на раката со којашто пишувате. Вашиот домал прст е:

    rnа) Подолг од показалецот (2 поени)rnrnб) Пократок од показалецот (1 поен)rnrnв) Речиси се иста големина (0 поени)rn

    2. Дали вашата мајка има работено стресна работа (или била изложена на некаков друг вид стрес) во текот на првото тримесечје од бременоста?

    rnа) Да (2 поени)rnrnб) Не (0 поени)rn

    3. Дали понекогаш ги мешате левата и десната страна?

    rnа) Да (0 поени)rnrnб) Не (2 поени)rn

    4. Добивте работна задача поради која ќе морате да се натпреварувате со вашите колеги. Вие сте…

    rnа) Исплашени и загрижени (0 поени)rnrnб) Возбудени и особено мотивирани (2 поени)rn

    5. Дали вас ве нервираат луѓето кои многу зборуваат?

    rnа) Да (2 поени)rnrnб) Понекогаш (1 поен)rnrnв) Не (0 поени)rn

    6. Дали ви претставува проблем да чуете што луѓето зборуваат во просторија во која има бука и гужва?

    rnа) Да (2 поени)rnrnб) Понекогаш (1 поен)rnrnв) Не (0 поени)rn

    7. Си пеете караоке, а луѓето кои ве слушаат…

    rnа) прават гримаси (2 поени)rnrnб) ви се смеат (1 поен)rnrnв) импресионирани се од вашите вокални способности (0 поени)rn

    8. Заедно со пријателките учествувате во некој натпревар. Колку ви е вам важно да ги победите, на скала од 1 до 10?

    rnа) 1-3 (0 поени)rnrnб) 4-6 (1 поен)rnrnв) 7-10 (2 поени)rn

    9. Во кои од наведените активности најмногу уживавте додека бевте дете?

    rnа) Качување по дрво (2 поени)rnrnб) Возење велосипед и ролери (2 поени)rnrnв) Собирање предмети и нивно сортирање по категории (2 поени)rnrnг) Расклопување на работи за да дознаете како функционираат (2 поени)rnrnд) Сите физички активности за кои е потребна енергија (2 поени)rn

    10. Најчесто одбирате пријатели…

    rnа) на кои им се восхитувате и од коишто можете да учите (2 поени)rnrnб) кои ви се допаѓаат, ама тоа не мора да значи и дека ги цените (0 поени)rnrnв) кои се комбинација од двете категории (1 поен)rn

    11. Кога одите во шопинг вие…

    rnа) морате сѐ да разгледате пред да ја донесете конечната одлука што да купите (0 поени)rnrnб) имате одредени работи на ум и само нив ги купувате (2 поени)rnrnв) се однесувате и на едниот и на другиот начин, зависно од ситуацијата (1 поен)rn

    12. Доколку некој ве прекине додека работите, дали можете набрзо повторно да се концентрирате?

    rnа) Да (0 поени)rnrnб) Не (2 поени)rn

    13. Вашиот ракопис е…

    rnа) совршено уреден (0 поени)rnrnб) прилично уреден (1 поен)rnrnв) па… речиси нечитлив (2 поени)rn

    14. Љубовта и работата брзо ви досадуваат – точно или неточно?

    rnа) Точно (2 поени)rnrnб) Понекогаш точно (1 поен)rnrnв) Неточно (0 поени)rn

    15. Разгледајте ги книгите на полиците во вашиот дом. Дали на нив се наоѓаат…

    rnа) воглавно историски романи, биографии и слично (2 поени)rnrnб) воглавно фикција (0 поени)rnrnв) по нешто од сите жанрови (1 поен)rn

    16. На одмор сте. Кои од следниве тврдења се однесуваат на вас:

    rnа) Можете да го сфатите локалното население благодарение на вашата моќна интуиција, разбирање на говорот на телото и слично, иако не го разбирате јазикот којшто го зборуваат луѓето. (0 поени)rnrnб) Штом се сместите во вашиот апартман/хотел, веднаш почнувате да се распакувате и да ги складирате стварите по орманите. (2 поени)rnrnв) Доколку не ви се допаѓа сместувањето, одма го напуштате и тргнувате во потрага по подобро. (0 поени)rnrnг) Се чувствувате изгубено ако немате мапа за местото на коешто сте дошле. (2 поени)rn

    Резултати – вашиот мозок е:

    rn

    До 12 поени: изразено женски

    rnРабота: Вашата мајка во текот на бременоста била изложена на мала количина тестостерон. Тоа значи дека нивото на кортизол (стрес-хормонот) во вашиот организам рапидно расте во ситуациите кои бараат натпреварување и брзо решавање на проблемите. Од друга страна, таквите ситуации кај личностите кои имаат машки мозок, предизвикуваат прилив од допамин (хормонот на задоволството). Поради тоа, секогаш кога имате стресен период на работа, надвор од работното време се трудите да правите активности кои ве релаксираат.rnrnСоцијален живот: Дали сте знаеле дека личностите кои имаат женски мозок, слушаат од два до десет пати подобро од мажите? Центарот за јазик се наоѓа во двете половини од вашиот мозок, што ви овозможува да зборувате со повеќе личности истовремено. Поради тоа, вие сте вистински „лепак“ во друштвото.rnrnЉубов: Доколку вашиот партнер е типичен маж (изгледа и се однесува мажествено) тогаш имајте на ум дека нему повеќе му се потребни мир и тишина отколку зборување, за да може да се опушти после стресниот ден. Поради тоа, тој не може секогаш да го следи вашиот неповрзан процес на размислување и вие треба да се потрудите со него да бидете поконцизни и да не скокате од една кон друга тема на разговор.rn

    13-21 поени: машко-женски

    rnРабота: На работното место, жените најчесто ги извршуваат своите задачи и се социјализираат врз основа на своите убедувања и интуиција, додека мажите честопати се агресивни и натпреварувачки расположени. Како „комбинирана“ личност, вие успевате да воспоставите рамнотежа помеѓу тие особини, што претставува ваша предност. Поради тоа вие имате потенцијал да бидете одличен организатор.rnrnСоцијален живот: Доколку вашите пријатели ги одбирате врз основа на тоа какви квалитети и вештини поседуваат, а не врз основа на тоа дали вам лично ви се допаѓаат, кај вас доминира машкиот дел од мозокот. Од друга страна, доколку вашите пријатели се во главно луѓе кои многу зборуваат, а не покажуваат некои особени вештини, тоа значи дека вашиот мозок во однос на друштвените односи е повеќе женски.rnrnЉубов: Погледнете на кои од прашањата од тестот одговоривте со два бода или со ниту еден бод, за да идентификувате кои делови од вашиот мозок се помашки, а кои поженски. Потоа, споредете ги со резултатите на вашиот партнер и откријте каде не се согласувате. Женскиот мозок е добар во одгатнувањето на говорот на телото и донесувањето одлуки засновани на интуиција, додека машкиот мозок функционира на обратен, попрактичен начин.rn

    22 и повеќе поени: многу машки

    rnРабота: Не паничете и не грижете се. Сосема е возможно да бидете најженствената дама во светот, но да имате „мачо“ мозок. Вашата најголема моќ е желбата за преземање ризици и во најголемиот број од случаите, жените кои имаат машки мозок успеваат да се искачат до врвот на кариерата. Сепак, треба да бидете внимателни бидејќи концентрацијата ви е слаба страна. Личностите со машки мозок не можат да бидат посветени на една задача подолго од 5 минути.rnrnСоцијален живот: Големи се шансите во друштво да не се однесувате како типично женско. Додека вашите другарки се подготвени долго и детално да зборуваат на некоја тема, вам повеќе ве интересираат фактите. Женскиот мозок е програмиран да дистрибуира детали, а машкиот мозок е способен да ги решава проблемите.rnrnЉубов: Центарот за секс во машкиот мозок е два до три пати поголем од женскиот. Затоа, доколку вашиот партнер има поженски мозок од вашиот, потрудете се да бидете потактични со него и да имате поголемо разбирање за неговите емоции.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 7 грешки при изборот на куче

    7 грешки при изборот на куче

    Ако сте решиле вашата љубов кон кучињата да ја реализирате така што ќе купите или пак ќе вдомите куче–скитник, веројатно моментално ги поминувате среќните моменти исполнети со игра со вашиот нов пријател. Сепак, за сѐ да тече како што треба, обидете се да ги избегнете овие седум грешки, кои честопати се прават при изборот на куче.7 грешки при изборот на кучеrn

    Видете го кучето пред да го купите

    rnНемојте да го купите кучето пред да го видите лично. Ако сте решиле да го чувате во следните години, тогаш морате да знаете дали лае по цел ден, дали напаѓа други кучиња или луѓе и слични работи кои би биле клучни при вашиот избор. Секојдневната пракса вие само да ја изберете расата и возраста, а некој друг да ви донесе куче дома е ризична, исто како и купувањето на кучето преку интернет.rn

    Какво куче ви треба?

    rnКучињата кои секогаш сакаат да си играат се многу интересни за потенцијалните сопственици, но ако вие не сте премногу активна личност, брзо ќе ви помине меракот и ќе сакате да се вратите на други активности, за разлика од вашиот нов пријател кој ќе остане исфрустриран. Многумина кои водат физички активен живот, мислат дека им одговара некоја поенергична раса кучиња, но тоа ќе важи само ако вашите и активностите на кучето се поклопуваат. Ако играте фудбал или кошарка со пријателите, тука не можете да го вклучите и кучето. После спортувањето ќе се вратите дома уморни, а вашето куче нетрпеливо ќе ве чека да си играте уште три часа со него пред да се туширате. Доколку пак, сте тип кој не спортува многу, мрзливо куче може да ви го направи денот уште поздодевен.7 грешки при изборот на кучеrn

    На кучето не му одговара вашиот дом

    rnНа големите кучиња им требаат големи домови. Не смеете ниту да помислите да чувате шарпланинец во стан од 50 квадрати. Ако пак, планирате наскоро да се преселите од мал стан во куќа со голем двор, најдобро е да почекате со купување куче кое било одгледано да трча по планини и да чува овци.rn

    Кучињата се митарат

    rnБез исклучок, сите кучиња го менуваат влакното, а тоа е уште еден проблем за кој може да зажалите при изборот на кучето. Некои кучиња испуштаат малку влакна, но од влакната кои им испаѓаат на некои други раси, може да се сплете и џемпер, па може да имате непријатни ситуации со хаосот настанат од нивното расфрлање насекаде по вашиот дом. При изборот на кучето мора превид да го имате времето кое сакате да го посветите на чистење по него и околу него.7 грешки при изборот на кучеrn

    Какво е вашето секојдневие?

    rnАко најголемиот дел од денот не го поминувате дома, можеби би требало да го оставите купувањето куче за некои други времиња. Тоа е одговорност која не можете туку така да им ја оставите на другите членови на семејството, додека вие денот го минувате на работа или се забавувате со пријателите, додека на вашето куче му е неопходно друштво во текот на денот.rn

    Мислите дека не мора да го дресирате

    rnПогрешно е да мислите дека може да чувате недресирано куче без кога-тогаш да имате проблеми со него. Прекрасно е да приберете кај вас напуштено кученце, но имајте предвид дека таквите честопати биле гладни и малтретирани од страна на луѓето и ќе им треба време за да се навикнат на новите околности. Најдобро би било да земете веќе дресирано куче, или пак ако прибирате куче-скитник, да го однесете кај тренер.7 грешки при изборот на кучеrn

    Кучето нема засекогаш да биде мало и слатко

    rnАко ве привлекува идејата да имате мало слатко кученце со кое сите ќе сакаат да си играат, а ќе биде само ваше и тоа е главната причина поради која решивте да го купите, тогаш сте на прагот да направите грешка. Малото самојатче е неодоливо, но за неколку месеци тоа се претвора во вистински џин кој бара храна колку едно дете, па кога ќе бирате какво куче ќе чувате, мора да го имате предвид и овој факт.7 грешки при изборот на куче
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Кои се придобивките од чување домашно милениче?

    Кои се придобивките од чување домашно милениче?

    Да се чува домашно милениче не е мала обврска. Ако имате недостиг од пари, треба да имате на ум дека храната, ветеринарските прегледи, креветчињата и играчките, ќе ви донесат дополнителни трошоци од вообичаените. Животните, помалку или повеќе, имаат потреба од секојдневно внимание: јадење, пиење вода, шетање, трчање, галење, играње, водење сметка за хигиена… Тие знаат да бидат и немирни, на пример да ви го уништат мебелот или да ви ги изгризaт чевлите. Но, деструктивното однесување најчесто се појавува кај оние животни, кои имаат поголеми потреби од оние кои им ги овозможува нивниот сопственик. Тоа значи дека ако имате немирно милениче, треба да одвоите време за добар тренинг.rnrnКои се придобивките од чување домашно милениче?rnrnКај љубителите на животни, грижењето за милениче има одличен смирувачки ефект врз нив и може да им го подобри менталното и физичкото здравје и социјалниот живот. Ако никогаш не сте ги сакале животните, нема да ги почувствувате ни љубовта ни нивниот смирувачки ефект. А доколку отсекогаш сте ги обожавале, а сѐ уште не сте чувале, прочитајте зошто уште денес треба да појдете во некој пет шоп.rn

    1. Миленичето претставува одлично друштво

    rnЕкспертите од оваа област велат дека вообичаените домашни животинки како маче, куче, зајче, па дури и риба, имаат терапевтско дејство врз луѓето. Тие можат да го намалат чувството на осаменост, да го редуцираат стресот, да охрабрат физичка активност кај нивниот сопственик, да го развеселат и да му пружат неизмерна љубов и внимание. Секако, одгледувањето милениче претставува и секојдневна обврска, која не треба да се сфати несериозно. За да ги почувствувате терапевтските придобивки од конекцијата помеѓу вас и вашето милениче, треба да одберете животно, чии потреби ќе бидат во согласност со вашиот животен стил.rnrnКои се придобивките од чување домашно милениче?rn

    2. Миленичето ви помага да запознаете нови луѓе

    rnСигурно сте забележале дека на луѓето помалку им е незгодно да ги погледнат или да им се обратат на оние туѓинци кои шетаат низ паркот со куче до нив, отколку на оние кои пешачат сами. Има нешто во животните, кое им помага на луѓето полесно да го скршат мразот и да започнат конверзација. Чувањето милениче ја поттикнува социјалната интеракција, која пак го подобрува вашето емоционално здравје. Многу сопственици на животни сакаат да раскажуваат разни ситуации кои ги доживеале со нивното милениче и притоа несвесно да почнат да зборуваат и за себеси, па затоа животното може да послужи и како повод за започнување тема на разговор со случаен минувач, пријател или роднина.rn

    3. Милениците имаат терапевтски ефект

    rnДомашните животни имаат смирувачки ефект врз луѓето и ја намалуваат нервозата. Играњето со милениче може да го покачи нивото на невротрансмитерите серотонин и допамин, кои ја поттикнуваат релаксацијата. Љубовта и нежноста која ќе ја почувствувате од вашето милениче, инстантно го подобрува вашето расположение. Дури и пливањето на една рипка во аквариум, делува терапевтски врз човекот. Според едно истражување спроведено во Медицинскиот универзитет во Небраска, САД, милениците имаат смирувачки ефект и врз постари лица кои имаат проблеми со меморијата и честопати демонстрираат агресија и вознемиреност.rnrnКои се придобивките од чување домашно милениче?rn

    4. Животните му даваат смисла на вашиот живот

    rnДоколку живеете сами или поголемиот дел од денот се чувствувате осамено и празно, чувањето милениче може да ви донесе задоволство во животот и да го покрене вашиот морал и оптимизам. Дури и кога ќе се чувствувате тажно и депресивно, потребите на вашето животинче ќе ве тераат да станете од креветот за да му дадете да јаде, да го прошетате низ паркот или да го искапете. Тие обврски ќе ве одржуваат активни, ќе ви дадат енергија и ќе му дадат континуитет на вашиот живот.rnrnКои се придобивките од чување домашно милениче?rn

    5. Миленичето ви помага да бидете физички активни

    rnМногу животни, особено кучињата имаат потреба од секојдневно пешачење и трчање. Па доколку чувате животно кое сака да шета надвор и вие ќе имате причина плус да излезете на воздух и да потрошите некоја калорија, без разлика дали ве мрзи, немате време или немате желба. Бркањето на мачката низ дворот, обидот да го вратите хрчакот или папагалот во кафез, се исто така здрави начини на забава, кои физички ќе ве активираат. Животните ве поттикнуваат да се однесувате палаво, да се смеете и да се активирате, што од своја страна ќе ви го зајакне имунитетот и ќе ви го зголеми степенот на енергија, особено доколку вашата работа е постојано врзана за работното биро.rnrnКои се придобивките од чување домашно милениче?rn

    6. Миленичето создава семејна атмосфера

    rnЧувањето домашно милениче, без разлика дали е тоа куче, мачка, зајче, папагал или морско прасе, му дава топлина и љубов на вашиот дом. Всушност, повеќето луѓе се чувствуваат добредојдени кај некој на гости, кога на вратата ќе ги пречека семејното куче, маче… Ако некој ден останете сами во вашиот дом, миленичето ќе ви прави друштво, ќе ве забавува и ќе ви влее чувство на сигурност и безбедност.rnrnКои се придобивките од чување домашно милениче?rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 7 идеи за планирање новогодишна забава во последен момент

    7 идеи за планирање новогодишна забава во последен момент

    Автор: Моника ТрајковскаrnrnПолагам до 30-ти, работам и на 31-ви, можам да се одморам само 2 дена и после почнувам пак со учење/работа… ова се одговорите кои се слушаат периодов на прашањето: „Каде за Нова година?“ Но, сепак, немањето време за организирање не значи дека морате да ја поминете новата година сами дома гледајќи филмови. Еве неколку идеи како на брзина да испланирате добра забава со вашите пријатели.7 идеи за планирање новогодишна забава во последен моментrn

    1. Тема

    rnСмислете тема на забавата – бидејќи е во последен момент мора да биде нешто едноставно за да можат пријателите да имаат време да се подготват. На пример, сите мора да бидат облечени во бело-црвена комбинација, бал под маски како во 40-тите (доколку немате маска можете лесно да ја нацртате на лицето со помош на сенки и моливчиња за очи),  казино-вечер  или пак пижама-парти.rn.rn

    2. Музика и танцување

    rnНајдете музика што ќе одговара на темата која сте ја избрале. Без добра музика и танцување не може да има добра забава. Ако имате пријатели кои свират на гитара, замолете ги да одржат мал концерт на почетокот на вечерта. Погрижете се и за осветлувањето, доколку имате сијалички за кои немало место на елката, распоредете ги низ просторијата.7 идеи за планирање новогодишна забава во последен моментrn

    3. Декорации

    rnБалони, украси, светилки, свирчиња, капи, конфети и како најважно – жижици… сè што останало од минатите новогодишни прослави и роденденски забави може повторно да се искористи. Исто така, на чашите можете да нацртате или залепите броеви од 1 до 10. На тој начин вашите пријатели полесно ќе ја препознаваат својата чаша, но истовремено и ќе се зголеми очекувањето за одбројувањето до новата година.rn.rn

    4. Колачиња

    rnБидејќи нема доволно време за готвење, можете да направите различни видови колачиња украсени со шлаг. Дел од нив нека содржат интересни пораки кои ќе „предвидуваат“ настани во текот на наредната година.7 идеи за планирање новогодишна забава во последен моментrn

    5. Друштво

    rnПишете им порака на најблиските пријатели – покана во која накратко ќе ја опишете својата забава. Секако, пишете им и што да донесат со себе, на пример дополнителни декорации, колачиња, музика, фотоапарат… сè што нема да успеете вие да најдете или направите до вечерта.rn.rn

    6. Коктели

    rnИзненадете ги пријателите со шарени коктели. Потребни ви се овошни сирупи во неколку бои и безбоен пијалак по ваш избор. Од овошните сирупи можете да направите и коцки лед. Останатото оставете го на имагинацијата.7 идеи за планирање новогодишна забава во последен моментrn

    7. Фотограф

    rnЕден од пријателите нека добие задача да фотографира цела вечер. Нека прави рандом фотографии од целиот настан. Веруваме дека наредниот ден токму тие ќе бидат главна тема на разговорите.rnrnСреќна Нова година!rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.