КАФЕ ПАУЗА

Tag: друштво

  • 12 факти кои ќе ги разберат само личностите родени во знакот Лав

    12 факти кои ќе ги разберат само личностите родени во знакот Лав

    Ах, тие Лавови! Супериорни во секоја смисла на зборот, заљубени во себе и секогаш полни со планови и амбиции. Не е чудо што многу луѓе не ги разбираат. Но, денес ќе ви помогнеме да успеете во тоа. Ова се 12 факти кои ќе ги разберат само личностите родени во хороскопскиот знак Лав.rnrn1-12-fakti-koi-kje-gi-razberat-samo-lichnostite-rodeni-vo-znakot-na-lav-www.kafepauza.mk_rnrn1. Може да се смирите само тогаш кога никој не ви вели да се смирите, бидејќи во спротивно станувате вистинско диво животно кое со своето рикање може да ги исплаши и најхрабрите.rnrn2. Кога некој ќе ви упати вистински и најдобриот можен комплимент, може слободно да очекува награда, но и вашата доживотна симпатија.rnrn3. Кога ќе отидете во некое кафуле и ќе забележите дека вашето друштво не е таму, веднаш заминувате, не поради тоа што немате со кого да седите, туку поради тоа што навистина не можете да разговарате со толку многу познати луѓе кои се наоѓаат таму.rnrn4. Луѓето со кои се гледате често немаат поим колку време ви е потребно да се смирите после некоја караница, бидејќи тие не сакаат да ги ризикуваат своите животи.rnrn5. Вие сте секогаш оние кои ја донесуваат главната одлука каде ќе излезете. Што да правите кога вашето друштво е толку неодлучно?rnrn2-12-fakti-koi-kje-gi-razberat-samo-lichnostite-rodeni-vo-znakot-na-lav-www.kafepauza.mk_rnrn6. Во состојба сте да направите сè за вашата друга половина, па дури и ако излегувањето на состанок подразбира закуп на цел ресторан во кој ќе уживате со своето омилено јадење и музиката на вашиот омилен бенд.rnrn7. Ако се прашувате вие, би требало да живеете во величествен дворец и да носите само дизајнирана облека. Иако, со оглед на вашиот став, вие не треба да бидете изненадени што луѓето имаат токму такво мислење за вас, бидејќи Лавовите се едноставно мегаломани.rnrn8. Сите ваши пријатели ги гледате како членови на вашето семејство, бидејќи вие не склопувате пријателство доколку не сте сигурни дека ќе траe вечно.rnrn9. Оној момент кога ќе стапите во нова врска, околу вас се создаваат 845 луѓе кои се потполно разочарани што не сте повеќе сингл. Па не залудно Лавот е крал на сите животни.rnrn10. Мегаломани сте и во она што го работите, бидејќи мора да бидете најдобри, па колку и мало и безначајно да биде тоа.rnrn11. Неверојатно сте друштвени, харизматични и едноставно плените секаде каде што ќе се појавите, а во ракавот секогаш имате смешни анегдоти со кои ги одушевувате вашите пријатели.rnrn12. Немате проблем да кажете кој ви е омилен во друштвото и никој не се лути поради тоа. Како ќе се лути, кога најверојатно вие сте неговата најомилена личност.

  • 8 причини кои дефинитивно ќе ве убедат да останете пријатели со бившиот партнер

    8 причини кои дефинитивно ќе ве убедат да останете пријатели со бившиот партнер

    Да се биде пријател со бившиот партнер не е секогаш најдобра идеја. Некогаш таа личност треба навистина да си замине од вашиот живот и никогаш повеќе да не се врати. Но, ако сте имале мирољубиво и пријателско раскинување и најголемата причина за тоа раскинување било тоа што повеќе си одговарате платонски, тогаш можеби можете да ја спасите вашата поврзаност.rnrn0-8-pricni-koi-definitivno-kje-ve-ubedat-da-ostanete-prijateli-so-bivshiot-partner-kafepauza.mk_rnrnИако да се биде пријател со бивш е тешко и многу ризично, сепак може да има многу придобивки. Ако вежбате трпеливост, љубезност и ако ги почитувате границите на пријателството, еве кои позитивни нешта можат да произлезат од вашето пријателство.rn

    1. Не морате да ги делите заедничките пријатели

    rnАко заедно си бившиот/ата сте биле дел од поголемо друштво, едно од најчестите прашања по раскинувањето е кој да престане да се дружи со нив. Но, ако останете во пријателски односи, и двајцата можете да продолжите да бидете дел од друштвото. Исто така, луѓето надвор од таа врска нема да бидат приморани да одлучуваат со кого да продолжат да се дружат.rnrn1-8-pricni-koi-definitivno-kje-ve-ubedat-da-ostanete-prijateli-so-bivshiot-partner-kafepauza.mkrn

    2. Никој не е негативец

    rnГолем дел од раскинувањата се претвораат во навреди, огорченост и презир и ве спречуваат да најдете некоја нова личност. Ако останете пријатели, поголеми се шансите подобро да го пребродите сингл периодот.rnrn2-8-pricni-koi-definitivno-kje-ve-ubedat-da-ostanete-prijateli-so-bivshiot-partner-kafepauza.mkrn

    3. Добивате пријател кој најмногу ве познава

    rnВашите пријатели можеби ве знаат добро, но не на истиот начин како што ве познава личноста со која сте излегувале. Вашиот бивш партнер најдобро може да ве прочита и тоа е ретка, но многу важна особина која треба да се поседува за да може едно пријателство да опстои. Тие ќе ви го кажат она што не сакате да го слушнете, иако знаете дека во тие моменти токму тоа ви треба.rnrn3-8-pricni-koi-definitivno-kje-ve-ubedat-da-ostanete-prijateli-so-bivshiot-partner-kafepauza.mkrn

    4. Нема за што да се карате

    rnВие веќе ги имавте сите караници, а нивното решение беше раскинувањето.rnrn4-8-pricni-koi-definitivno-kje-ve-ubedat-da-ostanete-prijateli-so-bivshiot-partner-kafepauza.mkrn

    5. Имате бескраен извор на шеги

    rnОна што е можеби најубаво нешто во продолжување на пријателството со бивш/а е тоа што можете да се смеете на мааните на другиот. Затоа постојат пријателите, се разбира сѐ додека и двајцата можете да ги издржите „ударите“ на другиот.rnrn5-8-pricni-koi-definitivno-kje-ve-ubedat-da-ostanete-prijateli-so-bivshiot-partner-kafepauza.mkrn

    6. Имате помал багаж за следната врска

    rnВашето љубовно минато може многу да му каже на новиот потенцијален партнер. Ако имате историја на лоши раскинувања, тогаш можеби вие сте проблемот, но ако сте имале раскинувања без никакви проблеми тогаш тие ги нагласуваат вашите позитивни квалитети со кои можете да придонесете во новата врска.rnrn6-8-pricni-koi-definitivno-kje-ve-ubedat-da-ostanete-prijateli-so-bivshiot-partner-kafepauza.mkrn

    7. Можете да сте среќни еден за друг

    rnМожеби ќе ви биде чудно ако навивате вашиот бивш партнер да пронајде нова љубов, но тоа е многу забавно. И плус, тоа е ефективен начин да им кажете на идните партнери дека немате проблеми со минатото и дека и тие не би требало да се грижат за тоа.rnrn7-8-pricni-koi-definitivno-kje-ve-ubedat-da-ostanete-prijateli-so-bivshiot-partner-kafepauza.mkrn

    8. Следното раскинување нема да биде толку страшно

    rnБарем сте научиле дека е во ред да се стави крај на нешто што не функционира. Распаднатата врска не мора да значи дека времето било залудно потрошено – можеби тоа било само потрнлив пат кон прекрасно пријателство.rnrn8-8-pricni-koi-definitivno-kje-ve-ubedat-da-ostanete-prijateli-so-bivshiot-partner-kafepauza.mk

  • Вие сте единствена дама во машко друштво? Еве зошто ова е супер!

    Вие сте единствена дама во машко друштво? Еве зошто ова е супер!

    Некои девојки се навикнати да бидат единствените дами во машко друштво. Можеби причината е во тоа што израснале со повеќе браќа или пак имале многу машки другари во детството. Можеби имаат поголема слобода од другите девојки, па останувале со момците дури и кога другите девојки морале да заминат. Тие едноставно се научени да бидат отворени и да се чувствуваат пријатно во машко друштво, бидејќи знаат дека во тоа има супер предности.rnrn1-vie-ste-edinstvena-dama-vo-mashko-drushtvo-eve-zoshto-ova-e-super-www.kafepauza.mk_rn

    1. Вие сте најзгодна од сите

    rnИ ова го прифаќате со насмевка. Можеби тие веќе не забележуваат дека вие сте девојка, па ве сметаат за потполно рамноправна со нив. Но, кога ќе забележат дека сте девојка, ќе почнат да ве зафркаваат дека вие сте најзгодна од сите нив.rn

    2. Се чувствувате заштитено

    rnВашите другари знаат дека вие како жена сте изложени на некои ранливи ситуации и теми, па затоа секогаш ви ја пружаат потребната заштита. Секогаш ве штитат од досадните момци кои флертуваат со вас, но исто така и секој пат има некој што ќе ве испрати до дома.rn

    3. Може да заборават на вас и да бидат она што навистина се

    rnПоголем дел од времето тие се однесуваат нормално и пристојно, но ако гледате натпревар со нив или присуствувате на некоја активност во која се тотално посветени, тогаш тие ќе заборават на вас и ќе бидат она што навистина се.rnrn2-vie-ste-edinstvena-dama-vo-mashko-drushtvo-eve-zoshto-ova-e-super-www.kafepauza.mk_rn

    4. Имате пристап во машкиот свет

    rnСлушате коментари кои другите девојки не можат да ги чујат, го набљудувате машкиот дух кој ги поврзува и сфаќате зошто тие сакаат машко друштво и сето она што го прават кога се собираат. Девојките кои не го знаат ова ви се љубоморни и се запрашуваат што всушност прават момците кога се сами. Вие пак добро знаете дека тие прават типични машки активности и дека им е потребно малку време кога ќе можат да заборават дека се нечии момци.rn

    5. Ве сметаат за една од нив

    rnИ ве третираат така. Не ве потценуваат затоа што сте жена и не ви попуштаат во некои натпревари. Ако се опијаните нема да помините ништо подобро од некој од нив, но исто така нема никогаш да ве остават да спиете на клупа во паркот.rn

    6. Кога ќе кажете нешто паметно тие ве сфаќаат сериозно

    rnТие немаат некои предрасуди во однос на уважувањето на женското мислење. Вие сте дел од таа екипа и секако дека вашето мислење е важно. Некои од нив можеби ќе научат да го ценат и уважуваат женското мислење во иднина.

  • Како да одберете костим за капење без многу мака?

    Како да одберете костим за капење без многу мака?

    Некогаш одењето на шопинг за костим за капење е бескрајно мачно. Бела кожа на која се познава секоја несовршеност, силни рефлектори во кабините за пресоблекување, многу модели, а вам ништо не ви се допаѓа. Проблемите може да се намалат доколку со себе понесете добро друштво, расположение и си помогнете следејќи ги овие неколку совети кои и те како може да ви бидат од корист.rnrn0-Kako-da-oberete-kostim-za-kapenje-bez-mnogu-maka-kafepauza.mkrnrnЕдно британско истражување кое се спровело пред две години во Нивеа покажува дека многу повеќе жени би се соблекле по костим за капење на плажа отколку да се соблечат прв пат пред партнерот. Повеќе од половина од жените одговориле дека кога ќе облечат костим за капење најмногу ги загрижува пределот кај стомакот додека петина од жените одговориле дека сè ги загрижува.rnrnСо годините доаѓа и самодовербата кај жените, па така тие сè помалку се заморуваат со својот изглед, а мајчинството се покажало како значенски фактор кој влијае жените да бидат задоволни од своето тело. На женската самодоверба најмногу влијае одобрувањето од друга девојка, па 81 проценти од жените признале дека им се подобрува расположението кога ќе добијат комплимент од некоја пријателка.rnrnЗатоа кога ќе одите на шопинг по нов костим за капење земете со вас пријателка, затоа што, така ова многу трауматично искуство ќе можете полесно да го поднесете.rnrnrn

    Што сакате да истакнете?

    rnТргнете од примарните работи, боја, модел и детали кои играат голема улога. Ако сакате да ги нагласите градите тогаш одберете горен дел кој ќе привлекува погледи, без разлика дали станува збор за ефектна комбинација на бои или некои дополнителни детали. А долниот дел нека биде едноставен без детали и украси, еднобоен, во некоја темна нијанса.rnrnrn

    Сè е во деталите

    rnДеталите како што се наборите може да создадат ефект на повитка фигура. Наборите на гаќичките не само што изгледаат добро и држат сè на свое место туку и ја прават фигурата повитка. Уште едно тајно оружје на наборите, најчесто кај долниот дел од костимот за капење, е тоа што тие често се придружени со врвки, кои може да се затегаат и олабавуваат по желба. Во создавањето изглед на витка фигура помага и ситниот принт особено на едноделните костими за капење.rnrnrn

    Обидете се со нов модел

    rnСигурно се чувствувате најкомфорно во црн дводелен костим за капење, но зошто да не експериментирате малку и ова лето да пробате нешто ново? Изборот е голем и сигурно ќе најдете нешто што ќе ви стои исто толку добро, ако не и подобро. Оваа година се многу модерни едноделните костими за капење со една прерамка, кои сите ги прифаќаат без разлика на обликот на телото. Тие го нагласуваат пределот кај вратот и рамената и привлекуваат многу погледи во пределот на клучната коска, а го одвлекуваат вниманието од проблематичните долни делови.rnrnrn

    Добро е да се знае

    rnМонокините се идеален костим за капење за оние кои имаат детска линија на телото. Поради секси изразот на страна визуелно ви додаваат повеќе облини отколку што навистина имате. Дводелните костими за капење со нашиени набори и реси ќе ви дадат волумен, па затоа се идеални за оние кои немаат облини.rnАко сте ниски и сакате да создадете изглед на подолги нозе, одберете костим со темен долен дел и повисок отвор кај бедрата. Ако сакате да го покриете делот кај стомакот и помалку да го нагласите пределот кај бедрата тогаш одберете гаќички кои од страните можат да се затегаат и олабавуваат за да можете да го избегнете создавањето на ефектот „мафинов врв“.rnrnАко имате поголеми гради дајте им предност на оние костими кои во горниот дел имаат појаки корпи за да ви дадат дополнителна потпора. И секако, избегнувајте ги моделите со тенки прерамки кои би ви се врежувале во телото.

  • Двор со базен кој е совршен за собиранки со другарите

    Двор со базен кој е совршен за собиранки со другарите

    Овој прекрасен двор се наоѓа во градот Тепозтлан во Мексико. Дизајниран е од страна на градежна компанија која има за цел да изгради повеќе вакви простори и да ги уреди на начин што ќе бидат совршени за собиранки со другарите. Освен што изгледа луксузно, сè друго делува многу едноставно. На широката тревна површина има еден базен и еден покриен дел на кој се поставени висечки лежалки. Ова навистина е простор кој ве повикува да го соберете друштвото и да безделничите таму.rnrnrnrn

    rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 14 работи кои треба да ги знаете ако сте во врска со девојка која има многу пријателки

    14 работи кои треба да ги знаете ако сте во врска со девојка која има многу пријателки

    Женското пријателството е една од најсветите врски кои може да ги оформи жената во својот живот. Во добро и во лошо, за забавно и за досадно, пријателките се оние кои се секогаш тука за неа со добра шега, паметен совет или прегратка. Токму поради ова, кога таа ќе влезе во врска, не е ништо чудно ако, меѓу другото, тие се упатени во секој детаљ од неа.rn

    1-14-raboti-koi-treba-da-gi-znaete-ako-ste-vo-vrska-so-devojka-koja-ima-mnogu-prijatelki-kafepauza.mk_

    rnПа машки, доколку сте во врска со девојка која има повеќе најдобри пријателки, бидете убаво подготвени за следниве 14 работи.rn

    1. Ќе поминувате многу време со нив

    rnЗа вашата девојка пријателките се сѐ, па таа ќе биде со нив голем дел од нејзиниот ден бидејќи на барем една од нив нешто ќе ѝ се случува. Тоа што дури и тогаш таа ве сака покрај неа е само знак дека сака да бидете дел од нејзиниот живот.rn

    2. Нејзината најдобра пријателка е на прво место

    rnМожеби сте договорени да излезете некаде со вашата девојка, но доколку баш во тој момент нејзината најдобра пријателка има потреба од неа, бидете подготвени дека тоа нема да се случи. Тие биле и ќе останат тука една за друга секогаш, а тоа е нешто кое ќе треба да научите да го цените со тек на време.rn

    3. Нивното пријателство не е закана за вашата врска

    rnИако ќе се случува да ве остави за да истрча кај некоја од пријателките која е во криза, тоа воопшто не значи дека таа не ве сака. Вашата наспроти нивната врска не е и не треба да биде никаков натпревар.rn

    4. Таа има повеќе групи пријателки

    rnПријателки од детството, пријателки од факултет, пријателки од работа… Таа има повеќе групи пријателки и ќе сака да поминува време со сите нив. А кога сте во врска, тоа значи дека на голем дел од тие нивни собиранки ќе одите и вие, па убаво е да се спријателите со барем по некој од секоја група. Така, ќе ви биде совршено удобно со која било група и да излезете.rn

    5. Ќе бидете осудувани според тоа како се однесувате со нејзините најдобри пријателки

    rnБидејќи тоа се луѓето за кои таа би направила сѐ, а и тие за неа, многу е важно, како нејзино момче, да имате убав однос со нив. Тоа не повлекува само да бидете фини едни со други, туку и навистина да се спријателите. На крајот на краиштата, ако останете заедно, сите ќе бидете важен дел од нејзиниот живот, па за неа е од витално значење добро да се согласувате.rn

    6. Ќе имате многу слободно време за со своите пријатели

    rnДури и кога е во врска, таа ќе поминува многу време со своите пријателки. Некогаш ќе сака да одите со неа, но многу почесто ќе сака тие сами да излезат и да се забавуваат што значи многу слободно време за вас и дружење со вашите пријатели. Па ако сте тип на човек кој го сака тоа во врска, оваа девојка е девојката за вас.rn

    7. Нејзините пријателки ќе доаѓаат со вас кога ќе излегувате

    rnИако не секогаш, сепак нејзините пријателки често ќе бидат дел од вашите излегувања. Особено ако пред или по договорот со вас, таа е договорена да се види со нив. Затоа, бидете подготвени дека не секогаш ќе ја имате само за себе.rn

    8. Ќе одите заедно на многу случувања

    rnВенчавки, родендени, групни активности… Ова се само дел од многуте случувања на кои вие ќе ја придружувате и ќе бидете опколени со нејзини пријателки. А колку повеќе ги има, толку почесто ова ќе се случува. Ова е уште една причина зошто е убаво побрзо да се спријателите со нејзините пријателки со цел убаво да си поминете.rn

    9. Би требало да се спријателите со момчињата на нејзините пријателки

    rnСакале или не, често ќе излегувате со нејзините пријателки и нивните момчиња. Па кога тие ќе почнат меѓу себе да зборат и озборуваат, убаво е ако успеете да најдете заедничка тема со момчињата на другите девојки. Така ќе ви биде покомотно и поприродно секој нареден пат, па на крај и ќе се спријателите.rn

    10. Долго време ќе поминувате во разговори

    rnНејзиниот ден е секогаш исполнет и постојано на некоја од нејзините пријателки ѝ се случува нешто, па неминовно е дури и кога не сте се виделе долго време, првиот час и половина да ви поминува во разговор. Таа ќе има желба да го сподели секој момент од нејзиниот ден со вас бидејќи вие сте сега важен дел од нејзиниот живот и ѝ значи вашето мислење.rn

    11. Препорачливо е однапред да правите планови со неа

    rnФактот дека има многу пријателки значи дека голем дел од нејзиниот ден е веќе ден-два однапред испланиран. Па ако сакате да одите некаде само вие двајца, препорачливо е тоа да го испланирате малку порано. Така таа веќе ќе има договорено со вас, а и вие нема да мора да се разочарате поради тоа Не можам, имам планови со пријателките.rn

    12. Многу луѓе ќе влијаат на нејзиното мислење и изборите кои ги прави

    rnОва не значи дека таа нема свое мислење, туку дека едноставно ќе сака да го чуе мислењето на сите оние кои ѝ значат. Па покрај вашето и мислењето на нејзиното семејство, на неа ќе влијае и она што ќе ѝ го кажат многуте пријателки кои ги има или барем оние најдобрите. Не очекувајте дека секогаш ќе се сложи со вас или дека ќе го примени вашиот совет. На крајот на денот, тоа е сосема во ред.rn

    13. Доколку дојде до свадба, тешко ќе дојдете до збор

    rnСвадбата е ден кога на секоја девојка ѝ се исполнува сонот да биде принцеза, дури и кога станува збор само за 24 часа. Вашата девојка ја планирала и сонувала својата свадба од малечка и веројатно со своите пријателки веќе имаат детален план за секоја ситница. Бидејќи како машко веројатно не ни имате желба да се мешате многу во свадбените планирања, убаво ќе биде ако се помирите со тоа и со сите нејзини нервози и бидете покрај неа да ја утешите кога некој дел од планот нема да излезе баш како што го замислувала.rn

    14. Таа е неверојатно разумна, внимателна и лојална личност

    rnИмајќи многу пријателки, неминовно е таа да биде личност на која тие можат да се потпрат. Таа е разумна, внимателна и лојална кон своите пријателки и ќе биде и кон вас, а ќе очекува и вие да бидете такви кон неа. Таа ве обожава и ќе ви го подари целото срце, но за возврат ќе го бара и вашето.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Зошто чаша вино е подобра опција од вежбањето?

    Зошто чаша вино е подобра опција од вежбањето?

    Поелегантен пијалак од виното не постои, совршено е за секоја пригода и за секое расположение, а меѓу поважните факти е дека има позитивно влијание врз нашето здравје. Среќни, тажни, нервозни или гневни, чаша вино прави сите наши маки да изгледаат малку поедноставно. Во убаво друштво и со добра музика, па дури и кога сакаме само да се испружиме на каучот, виното на лесен начин нè опушта и смирува. Па додека некои вишокот енергија, емоции и сѐ останато го празнат на вежбање во теретана, за оние кои ја немаат таа желба, а се чувствуваат лошо поради тоа, еве неколку причини зошто виното е сепак подобро од вежбањето.rnrn(1)-zoshto-chasha-vino-e-podobra-opcija-od-vezhbanjeto-kafepauza.mkrn

    Слабее

    rnЦрвеното вино содржи ресвератрол, тип природен фенол, кој кога ќе се најде во организмот го формира соединението пицеатанол. Многу истражувања покажале дека токму пицеатанолот влијае така што спречува создавање на нови и развивање на веќе оформени масни клетки во нашето тело. Вежбањето го прави истото, но на овој начин нема потење и замор.rn

    Расположува

    rnВиното е најдобриот лек за сите типови чувства, особено за оние не толку убавите. Без разлика за што станува збор и дали сте тажни, лути или нервозни, виното дефинитивно наоѓа начин да допре до вас и да ве расположи за многу кратко време. Иако и со вежбање ќе ја исчистите негативната енергија, оваа верзија звучи многу поедноставно и позабавно нели?rn

    Води кон секс

    rnСекому е познато дека виното влијае на сексуалноста кај луѓето, односно на нивните нагони да имаат секс. Па кога имањето секс и пиењето вино ќе се искомбинираат заедно, добивате прекрасна мешавина на уживање и трошење калории. А сексот е секогаш подобра опција во однос на сѐ останато.rn

    Спречува болести

    rnЗа разлика од теретаната која е полна со бактерии, прашина и нечистотии, виното е само по себе дезинфекција за организмот. Тоа е полно со антиоксиданси кои помагаат во борбата против настинките. Според истражување направено во 2010 година, оние луѓе кои пијат повеќе од 14 чаши вино неделно имаат 40% помалку шанси да се разболат од оние кои не го прават тоа.rn

    Зближува

    rnДали е тоа во кафуле или во домашна атмосфера, виното ги зближува луѓето на начин на кој вежбањето нема никогаш да успее во тоа. Бидејќи влијае на расположението и опушта, виното прави да бидеме поотворени и порасположени за комуникација и запознавање нови луѓе или зближување со оние кои веќе ги знаеме.rn

    Ги зајакнува забите

    rnАко вежбањето во теретана ја зголемува веројатноста да се повредите себеси и своите заби, виното го прави токму спротивното. Додека уживате во своето или во нечие пријатно друштво со чаша црвено вино, вашите заби се зајакнуваат бидејќи тоа влијае на нивното зацврстување, со што се намалува веројатноста за нивно трошење и слични заболувања.rn

    Го продолжува векот на живеење

    rnМногу истражувања покажале дека луѓето кои пијат вино живеат подолго од оние кои пијат (или воопшто не пијат) друг вид алкохол. За разлика од ова, присилното вежбање за кое немаме никаква волја, може само да предизвика стрес кај нас кој ќе влијае на кратење на нашиот век на живеење. Меѓу другото, полифенолите кои се составен дел од виното го одржуваат телото помладо подол период.rnrnВежбањето и пиењето вино се две сосема различни работи со свои предности и недостатоци. Но целта и кај двете може да биде таа да имаме здраво и младо тело и тоа што подолго. Иако оваа цел може да се оствари и со двете методи, кога би биле најискрени, која е многу позабавна и попривлечна?rn

  • 10 места на кои никако не смеете да ја однесете девојката на прв состанок

    10 места на кои никако не смеете да ја однесете девојката на прв состанок

    Направете си и себеси а и неа услуга со тоа што нема да го уништите вашиот прв состанок на некој од овие начини.rnrn10 места на кои никако не смеете да ја однесете девојката на прв состанокrn

    1. Кај вас дома

    rnДа гледаме филм? Ха ха. НЕ!rnrn10 места на кои никако не смеете да ја однесете девојката на прв состанокrn

    2. Спортски настан

    rnОсвен ако не е луда по спорт, спортските настани дефинитивно не се соодветни за прв состанок. Ни на крај памет да не ви падне да ја однесете во обложувалница да гледате фудбал заедно бидејќи дебело сте уплатиле, а шансите ви се големи.rnrn10 места на кои никако не смеете да ја однесете девојката на прв состанокrn

    3. Во гласен клуб

    rnБи требало да разговарате и да се запознавате, а не да не можете меѓусебно да се чуете.rnrn10 места на кои никако не смеете да ја однесете девојката на прв состанокrn

    4. На кое било место кое не можете да си го дозволите

    rnНе целете премногу високо. Не мора првиот состанок да биде на многу луксузно и скапо место. Поентата е да се чувствувате природно а не да ја минете вечерта препотувајќи се во исчекување на сметката.rnrn10 места на кои никако не смеете да ја однесете девојката на прв состанокrn

    5. Заедно со вашето друштво

    rnЦела вечер ќе се чувствува како тринаесетто прасе. Значи не, без други луѓе на вашиот прв состанок.rnrn10 места на кои никако не смеете да ја однесете девојката на прв состанокrn

    6. На семејни средби

    rnВо никој случај.rnrn10 места на кои никако не смеете да ја однесете девојката на прв состанокrn

    7. Места кои сте ги посетувале со бившата

    rnКое било место каде може да налетате на неа или кое ви носи спомени. Нова женска, нови места, нови спомени.rnrn10 места на кои никако не смеете да ја однесете девојката на прв состанокrn

    8. Во кино

    rnМногу е клише, а и немате можност да разговарате. Чувајте ја оваа идеја за понатаму.rnrn10 места на кои никако не смеете да ја однесете девојката на прв состанокrn

    9. На домашна журка или роденден

    rnНе можете да ја носите како ваша придружничка ако никој не ја познава. На сите ќе им биде непријатно.rnrn10 места на кои никако не смеете да ја однесете девојката на прв состанокrn

    10. На шопинг

    rnМолам?! Многу работи се погрешни во оваа идеја.rnrn10 места на кои никако не смеете да ја однесете девојката на прв состанок

  • 10 неверојатни работи кои ќе ви се случат кога ќе научите да уживате во сопственото друштво

    10 неверојатни работи кои ќе ви се случат кога ќе научите да уживате во сопственото друштво

    Да уживаш во сопственото друштво воопшто не значи да си осамен. Не значи ни дека сте чудни или недружељубиви ниту, пак, дека не ги сакате луѓето. Тоа што ви е убаво дури и кога сте сами е многу позитивна работа. Многу луѓе не знаат како да бидат сами, па научени се постојано да бидат опкружени со луѓе. Но, од суштинско значење е да знаете како да уживате во сопственото друштво, сè со цел да се запознаете самите себе подобро, да сфатите што сакате, да си разјасните некои размислувања или да пронајдете нови интереси. Многу работи можат да произлезат од посветувањето време сами на себе, а голем процент од нив се позитивни.rnrn10-neverojatni-raboti-koi-kje-vi-se-sluchat-koga-kje-nauchite-da-uzhivate-vo-sopstvenoto-drushtvo-kafepauza.mkrn

    1. Добивате можност да си ги наполните батериите

    rnМожеби не сте размислиле за ова од оваа перспектива, но сигурно сте забележале дека откако сте со други луѓе, особено подолго време, сте доста изморени и некако истрошени. Тоа е затоа што психички трошите енергија на концентрирање на тоа што зборуваат, како изгледаат, што мислат, како се чувствуваат. Тоа се работи со кои мозокот во тој период се заморува, а кои, доколку си дадете време и простор да бидете сами, не би постоеле, па мозокот ќе има шанса и прилика да се одмори.rn

    2. Почесто ќе се осврнувате кон себе

    rnВремето одвоено за самите себе е време во кое не размислувате за никој друг и за ничии други проблеми. Тоа е период кога сте сами и можете целосно да си се посветите себеси, на вашите чувства и на вашите постапки. А тоа значи да се запознаете подобро како личност.rn

    3. Ќе стапите во допир со вашите чувства

    rnМногу луѓе бегаат од реалноста и од себе од различни причини, па се затрупуваат себеси со куп луѓе од кои нема да можат да дојдат самите на ред. Овие луѓе им даваат простор да ги скријат чувствата и да го тргнат настрана тоа што ги мачи. Но кога сте сами нема бегање. Приморани сте да се соочите со себеси и со тоа што го чувствувате, малку по малку да го разберете и на крајот да го прифатите.rn

    4. Ќе започнете да правите работи во кои навистина уживате

    rnКога ќе се спознаете себеси како личност и ќе се прифатите како такви, тогаш многу е полесно да откриете што сакате, што ве мотивира и во што навистина уживате. А со тоа ќе најдете и време да го правите она што го сакате и ве исполнува.rn

    5. Ќе станете попродуктивни

    rnДруштвото на други луѓе е сигурно забавно и убаво. Но тоа сериозно ѝ штети на вашата продуктивност. Колку и да се лажете себеси дека може да работите, учите или дадете повеќе во друштвото на други луѓе, верувајте дека тоа е невозможно. Но кога сте сами, вашата концентрација е целосно на тоа што вие сакате да го правите во моментот, па не само што работата ќе биде побрзо завршена, туку и ќе имате вишок слободно време потоа.rn

    6. Повеќе ќе уживате во врските

    rnОткако ќе научите да уживате самите со себе, ќе увидите дека ќе уживате уште повеќе во друштвото на други луѓе. Да се познавате и сакате себеси значи дека имате голема самодоверба и самопочит, што ви пружа прилика да ги цените и останатите луѓе и вашата врска со нив.rn

    7. Ќе се чувствувате понезависни

    rnЌе одвојувате подолго време за самите себе, па вербата во вашата способност да бидете сами и да ви е убаво за тоа време ќе предизвика да се чувствувате доста независни. Да знаете дека може да сте сосема сами, а сепак да си поминете убаво е неверојатно. Нема повеќе да ви се потребни другите луѓе, туку навистина ќе бидете со нив бидејќи така сакате.rn

    8. Ќе си дадете пауза од постојаното обидување да ги направите другите среќни

    rnВо природата на луѓето е да сакаат да добијат одобрение од останатите луѓе во нивната околина, да се тие задоволни и весели во нивно друштво. Луѓето некако си го земаат ова за обврска и се обидуваат кога се со други луѓе, да ги направат среќни. Ова знае да биде многу заморно понекогаш. Кога сте сами, единствената личност за која треба да се погрижите сте токму вие.rn

    9. Нема да има за што да се извинувате

    rnДоколку со други луѓе треба да пазиме што збориме и правиме за да не мора подоцна да се извинуваме, кон самите себе можеме да бидеме целосно искрени и отворени. Ако повредиме нечии чувства, тоа ќе бидат нашите. А сами на себе нема потреба да си се извинуваме бидејќи се што си мислиме и кажуваме може да се одрази само позитивно на нашето идно однесување и кон себе и кон другите.rn

    10. Ќе престанете да барате одобрение од останатите

    rnНормално е да се обидуваме да се вклопиме во средината и да добиеме нечие „Во ред“ за тоа што сме го кажале или направиле. А ако не го добиеме што тогаш? Во периодот од денот кој ќе си го посветиме на себе ја имаме слободата да бидеме тоа што сме. Самите да си дадеме одобрение за нашите постапки или да се искараме ако сме направиле нешто грешно. Не мора да се прилагодуваме на никого, ниту да задоволуваме нечии хирови. Ќе научиме да си веруваме себеси, на своите инстинкти и да носиме одлуки базирани на нашата сопствена проценка.rnrnЧовек не може сам. Секому се потребни пријатели кои ќе бидат тука за него, семејство кое ќе го сака без разлика на сè, личност со која ќе ги споделува најтажните и најсреќните моменти, па дури и оние секојдневни работи. Но како може да сме способни да бидеме со други, да ги почитуваме и сакаме, ако првично не можеме да бидеме самите со себе? Да си сам и да знаеш да уживаш во тоа и да си осамен се две сосема различни работи: првото значи да си дадеш шанса да созрееш како личност, да се запознаеш и засакаш себеси, а второто значи да не го направиш тоа.

  • Како да направите некој да се чувствува многу паметно?

    Како да направите некој да се чувствува многу паметно?

    Психологот Гречен Рубин вели дека ги дава овие совети не за да манипулирате со другите, туку за да направите тие да се чувствуваат убаво поради придонесот што го даваат на темата на којашто разговарате. Ова се нејзините седум совети со кои другите ќе се чувствуваат попаметно, а со тоа и поубаво во ваше друштво.rnrnКако да направите некој да се чувствува како многу паметен/а?rnrnПобарајте совет. Сите сакаме да делиме совети и уште повеќе сакаме некој да дојде и самиот да го побара советот.rnrnПрименете го нивниот совет. Ако го гледате филмот кој ви го препорачале или отидете во кафулето за кое некој ви кажал дека е супер, ќе направите некој да се чувствува одлично.rnrnПовикајте се на некој коментар на соговорникот. „Како што ти веќе убаво кажа…“ е реченица што секој сака да ја чуе како потврда на тоа дека зборува нешто паметно.rnrnПобарајте од нив да ја довршат мислата ако биле прекинати. „Рече дека има две причини за тоа, ама ми зборуваше само за едната. Која е другата?“rnrnИзговарајте го името на соговорникот, но промислено! Ако го кажувате пречесто неговото/нејзиното име ќе изгледа дека целта ви e да го/ја изманипулирате. Во таков случај соговорникот ќе помисли дека сметате дека е наивен.rnrnПравете забелешки во врска со нивните квалитети. „Сигурно многу си се потрудил за да го постигнеш тоа.“ Или: „Вчера звучеше многу убедливо.“rnrnЗапишувајте ги нивните совети. Рубин вели дека таа често фаќа белешки за сè и сешто, а кога запишува некој совет или нешто слично, тогаш добива одличен фидбек од соговорниците кои очигледно се чувствуваат поважно поради тоа.